|
Дали Марија имала деца после Исус? |
Внеси реплика | страница <1 45678 12> |
Автор | |||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Може ли еден по еден да ги изложите аргументите дека Богородица после Христовото раѓање продолжила со реализиран брачен живот. Нашата подлога е што ние Православните и Римокатолиците ја имаме линијата од Христос до денес и во своето толкување се користиме како со Библијата така и со преданието. Ако Библијата не пишува за нешто изричито на кои аргументи ќе се повикаат оние кои не го признаваат преданието. Црквата како јадро Значи на педесетница се оформи Црквата, заедницата на верниците. Почетното јадро беа Апостолите и Богородица. На тој ден се приклучиле околу 3000 луѓе. Секој кој влегува во Црквата влегува во нејзиниот Дух на верување, даруван и стартуван на Педесетница. Оној кој не сака да го дели Духот на верата и мислењето кое произлегува од Духот на Соборот на Црквата, Соборот на верниците тој или е отфрлен затоа што не ги почитува претходно дадените правила на Црквата, но најчесто самиот не сака да биде дел од Црквата. Така што тоа јадро мора да останало и да го доживеало своето постоење од тогаш до денес. 18 А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам Црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат. Тоа јадро никогаш не изчезнало туку се проширило, се стеснувало но не прекинало никогаш. Секогаш било чувано од Бог. Како што Бог испраќал пророци во Стариот Завет исто како што ги исполнил со Свет Дух и Апостолите, Бог не престанал да работи со луѓето. Светиот дух продолжи да ни ги открива тајните на Богоспознанието. Оние кои биле во почетокот во разговори внатре во Црквата ги пренесле работите на наредните и за Богородица дали живеела девствен живот или не како и за другите работи. Континуитетот на почетното јадро, континуитетот на предавањето и збогатувањето на знаењата ги имаат Православната Црква и Римокатолицита. Затоа ставовите на Црквата од 2 и 3 век се многу поверодостојни од ставовите на новите христијански толкувања кои не ни сакаат да прифатат предание бидејќи не ни можат да го имаат, ниту пак кажаното од преданијата им оди во полза. Во ситуација кога Христијанската наука се шири толку масовно со до денес зачувани 10000 копии на Новиот Завет и со околу 25000 манускрипти тогаш неверојатно е да не се верува на општоприфатените ставови на тогашната Црква од век или два после Апостолите, а да се верува на аргументите на новите верувања кои изричито отфрлаат преданија, а од друга страна тврдат нешто кое го нема во Библијата. Па врз основа на што ќе ги извлечете аргументите. Нашиот став е добиен од преданието, од што го оформувате вашиот став. Преданија не прифаќате, што значи никакви историски докази не сакате да прифатите, а Библијата не дава категоричен став. Од каде вадите аргументи спротивни на она кое логиката го кажува: „Не може личноста избрана за најголемата чест во човештвото да има живот посветен на било што друго освен на Бог. Од почетокот до крајот на нејзиниот живот Богородица го живее својот живот посветен на Бога. Исклучено е тоа да важи за сите Негови ученици, а да не важи за Нејзе со најнезаменлива и најпочесна улога од сите“. |
|||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ако ти е читан Стариот Завет тогаш добро ќе знаеш дека евреите и општо народите во старите времиња го нагласуваат првенецот заради благословот кој првенецот го добива. Исус е нагласен како Првенец во смисла на носител на благословот Божји. И Фараонот имал син Првенец кој настадал на пасхалниот ден, но не бил само првенец, туку и единец. Не може од овој стих ако било запишано Првенец да се тврди дека не останал Единец. И генерално зошто не и верувате на Црквата? Зошто мислите дека некој има потреба да ве лажи? Зошто Црква би подигнувала некаква чест кон Богородица ака Таа навистина не била чесна и добар пример за христијаните? Која е ползата на Црквата да создава „непотребни лаги“ и самата да предизвикува сомневања? Дали имате еден добар и силен аргумент за да имате мотив за лажењето? |
|||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Богородица прости ми мене недостојниот...
што сум се осмелил да го бранам твојат девствен и побожен живот... |
|||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Sard, go pochituvam sentimentot na site vernici i ako ova sto go pishuvash tebe te zadovoluva, togash jas nemam nishto protiv faktot deka ti si zadovolen.
Jas lichno vo nitu eden tvoj tekst ne gledam nikakov nepobiten dokaz osven demagogija bazirana na nekakvi veruvanja i dogovor megju osnivachite na crkvata koi togash reshile rabotite da gi postavat kako sto gi postavile. Znam deka seto onoa sto ne im se dopagjalo go otfrlile i se dogovorile nivnata vistina da prerasne vo dogma. Ja samo velam deka faktot sto respektiram nechii veruvanja ne znachi deka se slozhuvam so niv. Go zadrzhuvam pravoto da se slozhime deka nema sekogash da se slozhuvame, bez da si kazhuvame nekakvi pogrdni iminja ili nepristojni repliki. Ke si imame i natamu kulturen sozhivot koj samo ke se zbogatuva so nash*te razliki. I jas i ti sme isti Bozhji deca, no so razlichna interpretacija za minatoto i za momentalnata realnost. Koga ke mu se pridruzhime na svojot Kreator ke ja doznaeme nashata zabluda. Do togash nema potreba da ne se sakame i vakvi kakvi sto sme. |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Messenger - Sard e vo pravo za ova... Nema konkretni dokazi deka imalo drugi deca na Marija. Iako Jakov se smeta za brat Isusov, ne e jasno dali e krvna vrska ili e poimot brat upotreben kako naziv na chovek shto e del od zaednicata.
Ne zaboravajte deka Isus i na Krstot, pokazhuvajki kon Jovan, i veli na svojata Majka deka dobila sin, shto ako imala i drugi deca ne bi bilo voopshto znachajno. |
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Здраво на сите!
Иако одамна се решив да не шкртам по форумов, сепак не можев да одолеам на оваа тема
Прво би сакал да ја пофалам Lolita, која иако ја карав малку на ЛП бидејќи моите лични пораки до неа ги постира на форумов, сепак ме импресионира на оваа тема, која со своето скормно знаење успешно го брани библискиот став за девственоста на Марија и исто така добро ги разобличува небиблиските догми за вечната девственост на Марија.
Sard, решив моите коментари на оваа тема да ги започнам со реплика кон тебе, се разбира само на она што е он-топик на темава.
Како што гледам, на оваа тема се наведени дваесетина библиски цитати кои дирекно и јасно докажуваат дека Марија имала и други синови и ќерки после Исус. Само во постот на Messenger на првата страна имаш десетина стихови кои според мене се доволни да ја затворат дискусијата на оваа тема.
А до сега не видов ниту еден единствен библиски стих од ваша страна кој тврди дека Марија си останала девица до крајот на својот живот.
Во твојот пост видов само еден библиски стих...
Но сеуште не успеав да одгатнам каде тоа овој стих вели дека Марија немала други деца после Исус.
Јас сметам дека доколку еден човек е без предрасуди и недогматизиран од некоја ткн. црква, само еден стих е доволен да докаже дека Марија си имала и други деца после Исус. Од многуте би го издвоил следниов:
"Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не ли се вика Марија, а Неговите браќа: Јаков, Јосиф, Симон и Јуда? И Неговите сестри не се ли сите со нас?" (Матеј 13:55)
Во изворниот старогрчки јазик на кој е напишан Новиот Завет, во горниот стих за зборот "браќа" се користи зборот "αδελφός" (adelphos), кој пак води корени од грчкиот збор "δελφυς" (delphus) што значи "утроба", а во контекстов "од иста утроба". Од тука недвосмислено следи дека Јаков, Јосиф, Симон и Јуда биле браќа на Исус од истата утроба на Марија.
Друг интересен стих е следниов:
"И (Јосиф) не се доближи (сексуален однос) до неа (Марија), додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус." (Матеј 1:25)
Две работи се интересни тука.
Прво, стихот јасно вели "додека". Доколку Јосиф и Марија никогаш немале односи, тогаш или немаше да го има ова "додека", или пак на негово место ќе стоеше зборот "никогаш". Но не е така, стихот јасно вели дека Јосиф и Марија немале односи ДОДЕКА таа не Го родила Исус, а потоа се разбира си имале (доказ за тоа се браќата и сестрите на Исус )
Друга работа, што веќе беше дискутирана, е тоа дека Исус тука е наречен Првороден. Доколку Јосиф и Марија немале други деца Тој ќе беше наречен ЕДИНСТВЕН, но бидејќи имале, затоа е наречен Првороден.
Леле леле какво извртување на тезите. Сега испадна дека ние христијаните со нашите 10-20 библиски цитати тврдиме нешто што го нема во Библијата, а вие православните со единствениот библиски цитат ("ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам Црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат"... хммм па тука Марија не се ни спомнува? ) тврдите нешто што го има во Библијата.
Друго, тие 25.000 манускрипти се делови или цели книги од Новиот Завет, а не од преданијата. Не знам зошто го изнесуваш овој аргумент, кога тој е против догмата дека Марија немала деца после Исус, бидејќи во Новиот Завет го пишува спротивното.
Библијата.
Ставот на православните е од преданието.
Ставот на христијаните е од Библијата.
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ако добро ти е тебе читан Стариот Завет сарде ќе знаеш дека никаде во Стариот Завет не пишува дека првородениот син на фараонот бил и единец
Пази какви работи пишуваш во име на Библијата, јас сум тука и будно те следам
Прво, не мешај Црква со православие, едно со друго немаат врска. Црквата е Христовото тело и се води по учењето на Христос запишано во Библијата, а другото е профитабилна човечка организација.
1. Затоа што нејзините тврдења се спротивни на Божјиот Збор - Библијата.
2. Заради пари.
3. Марија е чесна, блажена и добар пример за христијаните, но тоа не ни дава право да ја обожаваме, да ја подигнуваме над херувимите, да и се молиме, и да не и ги признаваме другите синови и ќерки покрај Исус.
4. Ползата и е златото, парите, имотите, титулите, чествувањата итн.
5. Си ја слушал онаа песна од Врчак, како идеше... "Се за па-па-пари, се, се за пари"
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
zidarski, 4 страни ви се наведени со библиски доказе дека Марија имала и дфруги деца. Не знам уште какви докази ви се потребни. Да не сакате и ДНК од Марија и децата нејзини да ви приложиме
којзнае и така дали ќе поверувате.
ПРВО, Јаков е спомнат меѓу браќата на Исус...
13:55 Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не се ли вика Марија и браќата Негови - Јаков и Јосија, Симон и Јуда? ВТОРО, повторно е спомнат како брат Господов во посланието на Павле до Галатјаните...
Галатјани: 1:19 А некој друг од апостолите не видов, освен Јаков, братот Господов.
ТРЕТО, веќе објаснив погоре дека тука терминот за браќа - adelphos, употребен во горниот стих, подразбира браќа од иста утроба. ЧЕТВРТО, на едно место пишува и вака..
Јован: 7:5 Зашто ни Неговите браќа не веруваа во Него.
Ако браќа тука се однесува на некои што се дел од заедницата, тогаш како е можно тие да не верувале во Исус? Точно е тоа дека Исус на едно место ги нарекува браќа оние кои веруваат и кои ја исполнуваат Божјата воља, но тоа не е и случај тука, бидејќи тука јасно пишува дека овие браќа не верувале во Исус. Значи ова мора да биле родените-крвни браќа на Исус, синови на Марија.
Јован: 7:5 Зашто ни Неговите браќа не веруваа во Него. ... 50 зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.”
Христос ги нарекувал браќа оние кои верувале во Него и кои ја исполнувале вољата на Бог. Исус на едно место вели дека Кој не е со Него, тој е против Него. Исус не сакал да ја предаде својата мајка на некои кои се условно кажано против него, туку мудро одлучил да ја предаде на омилениот Свој ученик - Јован.
Исусовите крвни браќа не верувале во Него. Некои од нив (сигурно Јаков) подоцна. Затоа Исус решава својата мајка да ја довери на Својот духовен брат, а нејзин духовен син - Јован.
Изменето од EvAngelos - 25.Јануари.2008 во 17:44 |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
efendija
Сениор Регистриран: 18.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2175 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Sega se cudam po koja verzija da ujdisam!!!!! |
|||||
"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Bockaj, bockaj... pa posle ke me barash da brisham i baniram, ajde, ajde... Upotrebi go svojot um i srce i pojdi po patot koj tie ke ti go pokazhat. Ne odi slepo po tugji patishta. Aaaa zaboraviv, ti veke imash pojdeno po nekoj pat, samo sega taka provocirash, bajagi ke se konvertirash, pa se mislish sto da odberesh... he, he, he efendijo, efendijo... ako, ako... |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
незнам што ми е по долно во оваа тема? дали мешањето во сексуалноста на ДЕВА МАРИЈА од страна на некои членови, или пак плукањето кон православната црква од некои верници,
просто да ти се згади |
|||||
efendija
Сениор Регистриран: 18.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2175 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Gledas connected sto se raboti!-Pak ce ti recam samo vo islamot Merjema(Marija) e ceneta kako sto treba!Allah da ja nagradi ovaa golema zena,golema majka koja e daleku od toa sto i se pripisuva!
|
|||||
"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
|
|||||
Pustinski-Lav
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 31.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Gledas connected sto se raboti!-Pak ce ti recam samo vo islamot Merjema(Marija) e ceneta kako sto treba!Allah da ja nagradi ovaa golema zena,golema majka koja e daleku od toa sto i se pripisuva!
I Amin brate.. Navistina Merjema(Marija) bese edna od izbranite od Allah z.s. |
|||||
NEMOZETE DA GO NAUCITE NA DRUGI SO NISTO; MOZE SAMO DA MU POMOGNETE SOZNANIETO DA GO SPOZNAE VO SEBE
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ajde sega tebe ti e redot efendija da napishesh neshto za toa kako Deva Marija e prikazhana vo k*ranot. No te molam da ne pastirash kilometarski tekstovi. Sintetiziraj malu. Bash me interesira sto se veli kaj vas. |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Внеси реплика | страница <1 45678 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |