IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Како се чита Библијата?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Како се чита Библијата?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 11>
Автор
Порака
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 05:58
Originally posted by zidarski zidarski напиша:


Ova e edno od najdobrite objasnuvanja na pekolot koi sum gi prochital. Blagodaram za prekrasniot tekst.
Koga ja spomnuvam ezoterichnata priroda, povekje se odnesuva na tainstvata, otkolku na nekakov misticizam... no - se soglasuvam so toa deka i neuk mozhe da ja razbere i prifati. "Posveteni i neposveteni" e vekje druga diskusija, no generalno go prifakjam tvojot stav po ova prashanje.

Јас пак му благодарам на Бога и на мојот учител, денес Владика во Македонската Православна Црква кој уште во далечната 1997 година ми ја објасни суштината за Небесниот и адскиот свет.


Изменето од sard - 14.Јануари.2008 во 05:59
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 06:58
... би сакал како што ветив да дополнам како да се пристапи во читањето на Библијата...

Спротивностите

Во Библијата навидум се наидува на спротивности во самиот текст.

а) Навидум спротивност во некоја поука

На пример:

1 Солунјани: 5:16 Радувајте се секогаш!
Филипјани: 4:4
Радувајте се секогаш во Господа! Пак велам: радувајте се!

наспроти

Лука: 6:21 Блажени сте вие, кои гладувате сега, зашто ќе се наситите! Блажени сте вие, кои плачете сега, зашто ќе се смеете!
6:25 Горко вам, кои сте сити сега, зашто ќе гладувате. Горко вам, кои се смеете сега, зашто ќе жалите и ќе плачете.
Јаков: 5:1 Послушајте сега, вие богати: плачете и ридајте над неволјите, што идат на вас.

Кога се работи за ваква спротивност тогаш двете се спојуваат. Иако навидум спротивставени тие се двете страни на медалот. Тоа значи верникот и да се радува и да плаче т.е. да балансира помеѓу нив. Ако очајува да се радува бидејќи не постои сила која може да не одвои од радоста да се биде со Господ Христос. И на таков начин победувајќи го очајот ќе ги надмине и несреќите во животот. Ако живее добар и комотен живот да плаче поради тоа што иако со Христос сепак не сме со Него во целосна полнотија. Па така своеволно плачејќи и страдајќи да се зачува од страданијата кои би му ги довел самиот живот. Всушност анализирајќи ги сите делови кои пишуваат за овие две состојби и пристапи кон верата може да се разработи целиот концепт за радоста и тагата во верата.

б) Навидум спротивност на некој факт

Матеј
45 А од шестиот час беше темнина по целата земја до деветтиот час.
46 Околу деветтиот час Исус извика со силен глас и рече: „Или! Или! Лама Савахтани!? - тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој! Зошто си Ме оставил?”

со

Марко
25 А беше
третиот час, кога Го распнаа.
15:33 А во шестиот час, настана темнина по сета земја, до деветтиот час.

Јован
23:44 А беше веќе околу шестиот час, кога настана темнина по целата земја до деветтиот час,

Кај сите се повторува дека шестиот час дошло до затемнување кое траело до деветиот час. Деветиот час Господ Христос го напуштил телото. Зошто тогаш 25 А беше
третиот час, кога Го распнаа.
 
Одговорот: Третиот час е моментот кога на Христос е поставен крстот уште пред доаѓањето на Голгота. Значи тоа е моментот на распнувањето но не и на поставувањето на Голгота или напуштањето на телото.

Потоа пример разлика во имињата на апостолите.

Кај имињата на апостолите разликата е во тоа што некои или повеќето Апостоли добивале друго христијанско име различно од роденото. Така што ако на едно место е кажано Кифа, а на друго место Петар се мисли на истиот Апостол.
 
Разлика во наброените градови во Стариот Завет. Поради сврзните знаци „и“ може на две места да има еден град повеќе. Тоа е затоа што одредени градови се споени. Пример Будим е исто што и Пешта исто што и Будим и Пешта исто и Будимпешта. Па така ако се спојат градовите кои имаат двојно име ќе излезе истиот број на градови.

Дури и кога не знаеме објаснување, објаснувањето постои само што уште не ни е откриено од Бога.

Пример

6 Потоа рече Бог: "Нека има свод среде водата и тој да разделува вода од вода!"
7 И создаде Бог свод; и ја одвои водата од под сводот од водата над сводот. Така и стана.

Долго време ова ми беше нејасно, каква е таа вода над сводот се додека на едно место не го прочитав одговорот. Веројатно критичарите на Библијата би ја напаѓале нејзината грешност, меѓутоа одговорите се тешки додека не ги знаеме ако ни се разјаснат станува многу едноставно. Па што мислите која била таа вода над сводот?

А кога читателот треба да се сомнева во Библијата или во било која книга која го учи за Бог, за Небото, за човекот, за светот.

Фактичките разлики може да се напаѓаат и да се бранат. Дури и кога некој ќе измисли напад или одбрана тие не докажуваат ништо бидејќи никој не може да ги докаже. Емпириските докази малку вредат. Но исправноста или погрешноста на Библијата треба да се брани или напаѓа зависно од системот на верување кој произлегува од нејзе. Така оној кој ја напаѓа Библијата треба да ги напаѓа концептот на Бог, концептот на историјата, концептот за човекот, концептот на спасението кои произлегуваат од нејзиното толкување. Доколку тие концепти се неодржливи тогаш зборуваме за грешно верување. Но ако нивниот систем е цврст и стабилен, има смисла и се потврдува тогаш тоа зборува за ВИСТИНСКА ВЕРА ВО БОГ. Додека фактичките неразбирања на одреден фактографски податок не докажуваат никаква погрешност, бидејќи делумното неразбирање се до нивното целосно објавување на крајот на времето е очекувано и се подразбира за Светата Книга.

Токму затоа да ги споредуваме концептите на верување. Веруваме дека системот на верување на другите вероисповеди имаат погрешен концепт произлезен од нивните извори во случајот на исламот од Qur'an от наспроти комплетната складност на христијанскиот систем на верување.


Изменето од sard - 14.Јануари.2008 во 12:21
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 07:22
Неприкривање

Библијата не врши прикривање и дотерување на настаните од личностите за кои зборува. Тоа што отворено зборува за гревовите кои се случувале тоа значи дека ја разобличува човечката природа таква каква што е. Но кога зборува за гревовите на луѓето не навлегува во деталите на гревот, но како книга која ја разобличува нашата вистина не избегнува гревот и луѓето да ги нарече со вистинскиот збор, независно дали се работи за споредни ликови или за почитувани пророци. И оние кои од Бог биле признати како праведници истовремено грешеле пред Него. За Бог тоа било причина да ги „казни“, но не и да ги отфрли особено ако соодветно се каат за своите гревови. Ако светот е темно грешен и грд, дали Книгата на вистината тоа треба да го крие.
Ако тврди дека човекот е грешен и дека нема никој под небесниот свод кој не му згрешил тешко на Бога и кога таквата грешност би ја немало, тогаш самата би се негирала. Библијата не е книга за дете кое допрва ја открива природата на човекот. Навистина е соблазнителна за деца, затоа таа им се пренесува од постарите, а самите ќе ја читаат кога ќе созреат и кога веќе ќе им биде јасна природата на човекот. Така било и со мене. При првите самостојни читања како дете ме собназнувала со својата отвореност. Ми отворала како за дете непознат свет на гревот. При младешка возраст имав два неуспешни обиди да ја прочитам. Едноставно не одеше, текстот воопшто не ми влегуваше в глава. Прв пат ја прочитав на 24 години и тогаш како и секогаш подоцна кога сум ја читал нејзината содржина воопшто не ми била соблазнителна туку реална, недотерана, таква каква што е реалноста за природата на луѓето некогаш и сега.
Меѓута Библијата не е темна книга која зборува само за гревовноста на светот. Таа наспроти мракот на светот (пред се пренесено во Стариот Завет) истовремено ја пренесува светлината на Господ и убавината во животот со Него (пред се во Новиот Завет).



Изменето од sard - 14.Јануари.2008 во 12:52
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
Lolita Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Ноември.2007
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 135
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lolita Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 10:56
Originally posted by sard sard напиша:

Бог како љубов е „неспособен“ да казнува. А казната за која цело време се зборува на сите тие места во Библијата доаѓаат кога како последица на гревот против Божјата светост Светиот Дух се повлекува и таквиот незаштитен човек наскоро „природно“ ќе доживее несреќа.
 
Bog nesposoben da kaznuva? изненадување
Dali potopot bil prirodna nesrekja ili Bozhja kazna?
Dali Gospod isturi sulfuren ogan vrz Sodom i Gomor ili i toa bilo prirodna nesrekja?
Zarem nema Gospod da go kazni satanata i negovite privrzanici koga kje gi frli vo ognenoto ezero?
Bog nesposoben da kaznuva? Aj ne me smej molim te среќа
Your sweetest nightmare
Кон врв
Lolita Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Ноември.2007
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 135
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lolita Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 11:07
Originally posted by sard sard напиша:

Марко
25 А беше третиот час, кога Го распнаа.
15:33 А во шестиот час, настана темнина по сета земја, до деветтиот час.
 
sard, ako Isus go raspnale vo 3-ot cas, odgovori mi sto bara toj kaj Pilat vo 6-ot cas?
 
Јован
13 Штом Пилат ги чу тие зборови, Го изведе Исуса надвор и седна на судскиот стол, на местото што се вика Плочник, а на еврејски Гавата. 14 А беше ден на подготовката за Пасха, околу шестиот час, и им рече на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!”
 
hm? трепкање
Your sweetest nightmare
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 11:56
Цитирај
Bog nesposoben da kaznuva? изненадување
Dali potopot bil prirodna nesrekja ili Bozhja kazna?
Dali Gospod isturi sulfuren ogan vrz Sodom i Gomor ili i toa bilo prirodna nesrekja?

Да и двете несреќи се случиле со тоа што Бог се отстранил несреќите да се случат. Не знам зошто ти е толку чудно. Кога човек живее во грев доаѓа до енергетска празнина, темница, тоа ја повлекува несреќата да се случи, најчесто и има колерација со грешниот начин на живеење. Наспроти тоа со исправниот начин на живеење тој се вклопува во универзалните процеси воспоставени од Бога, затоа и не доживува несреќи и се што прави се умножува. „Бог не не казнува“ - тоа е теолошкиот став на Православната Црква уште од почетокот на христијанството.


Цитирај Zarem nema Gospod da go kazni satanata i negovite privrzanici koga kje gi frli vo ognenoto ezero?

Огненото езеро е просторот без „разладувањето“ со Божјата благодатна енергија. Бог ќе ја повлече енергијата од нив. Сигурно не веруваш дека ангелите се со крилја или дека кога Христос се вознесол нагоре дека навистина имал потреба да оди нагоре. Така и кажаното со огненото езеро не значи дека навистина постои такво езеро туку е приказ за состојбата на измачување на душите надвор од Бог.

Цитирај Bog nesposoben da kaznuva? Aj ne me smej molim te среќа
Ако добро погледнеш неспособен го напишав со наводници „неспособен“. Бог е способен, но не сака, бидејќи е љубов. Тогаш кога им се случуваат несреќи на луѓето како Бог кој знае што е најдобро тоа го прави не со испраќање на несреќа туку со допуштање несреќата да се случи заради нивно добро или заради добро и подобрување на другите луѓе.


Изменето од sard - 14.Јануари.2008 во 12:02
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 12:14
Цитирај
 
sard, ako Isus go raspnale vo 3-ot cas, odgovori mi sto bara toj kaj Pilat vo 6-ot cas?
 
Јован
13 Штом Пилат ги чу тие зборови, Го изведе Исуса надвор и седна на судскиот стол, на местото што се вика Плочник, а на еврејски Гавата. 14 А беше ден на подготовката за Пасха, околу шестиот час, и им рече на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!”
 
hm? трепкање

Господ Христос е кај Пилат повеќе време. Во три часот како што пишува Марко

1 Тогаш Пилат го фати Исуса и Го бичува.
2 И војниците, кога сплетоа венец од трње, Му го кладоа на главата и Му облекоа багреница,

За Марко ова е веќе распнувањето.

а околу шестиот час

14 Тогаш беше петок пред Пасха, околу шестиот час. И им рече Пилат на Јудејците: “Еве Го вашиот Цар!”


Изменето од sard - 14.Јануари.2008 во 12:14
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
Lolita Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Ноември.2007
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 135
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lolita Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 12:26
Originally posted by sard sard напиша:

Цитирај
Bog nesposoben da kaznuva? изненадување
Dali potopot bil prirodna nesrekja ili Bozhja kazna?
Dali Gospod isturi sulfuren ogan vrz Sodom i Gomor ili i toa bilo prirodna nesrekja?

Да и двете несреќи се случиле со тоа што Бог се отстранил несреќите да се случат. Не знам зошто ти е толку чудно.
 
Epa cudno mi e, zatoa sto ti velis deka Bog gi stava racete vo dzep, se povlekuva i ostava nesrekjite sami od sebe prirodno da se slucat, a vo Biblijata pisuva deka Bog pustil potop, deka Bog pustil ogan.
 
17 Еве, Јас ќе пуштам потоп - води на земјата - за да загине секое суштество под небото, сè во што има животен дух: сè на земјата треба да загине.
 

24 Господ истури сулфурен оган од небото на Содом и Гомор,

25 и ги уништи оние градови, и сета таа рамница, сите градски жители и сите растенија на земјата.

 


Изменето од Lolita - 14.Јануари.2008 во 12:26
Your sweetest nightmare
Кон врв
Lolita Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Ноември.2007
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 135
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lolita Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 12:34
Originally posted by sard sard напиша:


Господ Христос е кај Пилат повеќе време.
 
Znam deka Isus e kaj Pilat poveke vreme, no jas te prasuvam kade bil Isus vo petokot vo 6-ot cas?
 
Na krstot?
 
Марко
25 А беше третиот час, кога Го распнаа. (znaci od 3-ot cas pa natamu si bil na krstot)
 
Ili kaj Pilat?
 
Јован
14 А беше ден на подготовката за Пасха, околу шестиот час, и им рече на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!”
 
Kako e mozno vo 3-ot cas da go raspnale, a vo 6-ot da e kaj Pilat? Da ne se simnal od krstot pa otisol kaj Pilat? среќа
Your sweetest nightmare
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 12:46
Originally posted by Lolita Lolita напиша:

Originally posted by sard sard напиша:

Цитирај
Bog nesposoben da kaznuva? изненадување
Dali potopot bil prirodna nesrekja ili Bozhja kazna?
Dali Gospod isturi sulfuren ogan vrz Sodom i Gomor ili i toa bilo prirodna nesrekja?

Да и двете несреќи се случиле со тоа што Бог се отстранил несреќите да се случат. Не знам зошто ти е толку чудно.
 
Epa cudno mi e, zatoa sto ti velis deka Bog gi stava racete vo dzep, se povlekuva i ostava nesrekjite sami od sebe prirodno da se slucat, a vo Biblijata pisuva deka Bog pustil potop, deka Bog pustil ogan.
 
17 Еве, Јас ќе пуштам потоп - води на земјата - за да загине секое суштество под небото, сè во што има животен дух: сè на земјата треба да загине.
 

24 Господ истури сулфурен оган од небото на Содом и Гомор,

25 и ги уништи оние градови, и сета таа рамница, сите градски жители и сите растенија на земјата.


Независно од употребата на зборовите Бог подоцна преку апостолите се изјаснил дека несреќите се случуваат како последица на нашите гревови, а не со Божја наредба да се случат.

При говорот дека Тој ќе пушти потоп или ќе истури сулфурен оган сеуште зборовите не се грешни бидејќи може да се каже дека казните доаѓаат од Бога бидејќи се последица на Божјите закони во природата, причинска праведна последица на погазувањето на Божјата светост.

Така што Бог ги казнува, но со нивното допуштање да се случат кое долго време го задржувал.

Повторувам дека не давам свој измислен став, пренесувам учење на Православната теологија.

Бог подоцна со Новиот Завет ја открил својата природа. Господ е светлина, во Бога нема темнина, нема казна, казната ја предизвикува отфрлањето на Бога, празнината без неговата светлина повикува несреќа. Бог од љубов може и наспроти грешноста да ја испраќа и пополнува празнината на ништавилото се додека има можност за поправање без Себе си да се отстрани. Ако нема повеќе таква можност се отстранува Себе си од нив и „ги казнува“ да доживеат несреќа која однапред знае каква е.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
BidiFit Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 454
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BidiFit Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 13:23
Читајте библија пред спиење. позитивно делува.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 13:29
Цитирај
Господ Христос е кај Пилат повеќе време.
 
Znam deka Isus e kaj Pilat poveke vreme, no jas te prasuvam kade bil Isus vo petokot vo 6-ot cas?
 
Na krstot?
 
Марко
25 А беше третиот час, кога Го распнаа. (znaci od 3-ot cas pa natamu si bil na krstot)
 
Ili kaj Pilat?
 
Јован
14 А беше ден на подготовката за Пасха, околу шестиот час, и им рече на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!”
 
Kako e mozno vo 3-ot cas da go raspnale, a vo 6-ot da e kaj Pilat? Da ne se simnal od krstot pa otisol kaj Pilat? среќа

Јас мислам дека бев јасен, почетокот на страдањата Марко ги нарекува распнување уште пред Господ да биде поставен на крстот. Целината на сите страдања е распнување. Почетокот на измачувањата е во три часот. Почетокот на крусификација е во три часот, самиот акт на поставување на крстот е подоцна.


Изменето од sard - 14.Јануари.2008 во 13:30
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
vd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 13.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1539
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 18:57
Originally posted by sard sard напиша:


Ако сметаш дека тоа треба да се земе за клучен фактор, многу повеќе луѓе (од различни вери и раси вклучувајќи и родени како муслимани) го критикувале Qur'an-от. Впрочем исламското учење е најкритикуваната религија на денешницата. Само малку побарај на интернет и ќе најдеш многу такви критики. Еве една за пример:

http://citizenwarrior2.blogspot.com/2007/07/warning-to-west.html


sard, тоа што луѓето го критикуваат Исламот е вистина, некои од нив остануваат со тие критики, а некои други го критикуваат, го запознаваат вистински Исламот, гледаат дека критиките се неосновани, сите критики паѓаат во вода, ги разгледуваат критиките за Библијата и Христијанството, ги анализираат и тие критики, гледаат дека критиките за Библијата и Христијанството се основани (како критиката на
George Bernard Shaw) и . . . го напуштаат Христијанството, ја напуштаат Библијата и преминуваат во Ислам, го прифаќаат Исламот со двете раце среќа
Значи, тоа е разликата. Тебе, наместо да пребаруваш вакви анти исламски веб страници по интернет и од нив да учиш Ислам, обрати се кај ДАИЈА во Студентски Клуб и запрашај и поразговарај за Исламот со некого кој навистина го познава Исламот. Значи, не се обраќај на погрешно место да учиш за Ислам, лекови не се купуваат во месара, побарај професионалец муслиман и со него поразговарај.


Originally posted by sard sard напиша:


Ова со верзиите користи го за оние кои не ја читаат Библијата. Бидејќи оној кој ја читал знае дека Библијата е иста во различните преводи. Во некои преводи во нејзе се внесени и апокрифните книги, а во некои не.


Ова со Верзиите го знаеме сите ние, дека Верзии на Библијата постојат, значи постојат повеќе верзии на Библии, не е една. Некои го признаваат тоа, некои не го признаваат, некои го знаат и признаваат за себеси . . си имаат своја верзија на БИблијата која ја користат . . . но тоа го сокриваат од другите и не го кажуваат во јавноста.
Значи, ова со верзиите е факт кој постои, и една од причините за луѓето да ја отфрлат Библијата и да го прифатат к*ранот.
Би сакал да разговараме, можеби ќе отидеш во Студентски Клуб, ќе разговараш со некого тамо, можеби ќе се сретнеме некогаш и во живо ќе ги поразговараме овие работи. На форумов сум критикуван за анти-христијанство, за напаѓање на Христијанството, омаловажување . . . и за придонес некои членови христијани да го напуштаат форумот поради мене! Поради ова, нема да продолжам да дискутирам со тебе, ова е накратко, подолго во живо.

Со почит, vd.


Кон врв
vd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 13.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1539
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 19:01
И да, не ми одговори, дали во темава даваш совети како да ја читам Католичката Верзија на Библијата?

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.