![]() |
|
Како се чита Библијата? |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 45678 11> |
Автор | |||
Lolita ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Ноември.2007 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 135 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Epa cudno mi e, zatoa sto ti velis deka Bog gi stava racete vo dzep, se povlekuva i ostava nesrekjite sami od sebe prirodno da se slucat, a vo Biblijata pisuva deka Bog pustil potop, deka Bog pustil ogan.
17 Еве, Јас ќе пуштам потоп - води на земјата - за да загине секое суштество под небото, сè во што има животен дух: сè на земјата треба да загине.
24 Господ истури сулфурен оган од небото на Содом и Гомор, 25 и ги уништи оние градови, и сета таа рамница, сите градски жители и сите растенија на земјата. Изменето од Lolita - 14.Јануари.2008 во 12:26 |
|||
Your sweetest nightmare
|
|||
![]() |
|||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Господ Христос е кај Пилат повеќе време. Во три часот како што пишува Марко 1 Тогаш Пилат го фати Исуса и Го бичува. а околу шестиот час 14 Тогаш беше петок пред Пасха, околу шестиот час. И им рече Пилат на Јудејците: “Еве Го вашиот Цар!” Изменето од sard - 14.Јануари.2008 во 12:14 |
|||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||
![]() |
|||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Да и двете несреќи се случиле со тоа што Бог се отстранил несреќите да се случат. Не знам зошто ти е толку чудно. Кога човек живее во грев доаѓа до енергетска празнина, темница, тоа ја повлекува несреќата да се случи, најчесто и има колерација со грешниот начин на живеење. Наспроти тоа со исправниот начин на живеење тој се вклопува во универзалните процеси воспоставени од Бога, затоа и не доживува несреќи и се што прави се умножува. „Бог не не казнува“ - тоа е теолошкиот став на Православната Црква уште од почетокот на христијанството.
Огненото езеро е просторот без „разладувањето“ со Божјата благодатна енергија. Бог ќе ја повлече енергијата од нив. Сигурно не веруваш дека ангелите се со крилја или дека кога Христос се вознесол нагоре дека навистина имал потреба да оди нагоре. Така и кажаното со огненото езеро не значи дека навистина постои такво езеро туку е приказ за состојбата на измачување на душите надвор од Бог.
Изменето од sard - 14.Јануари.2008 во 12:02 |
|||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||
![]() |
|||
Lolita ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Ноември.2007 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 135 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
sard, ako Isus go raspnale vo 3-ot cas, odgovori mi sto bara toj kaj Pilat vo 6-ot cas?
Јован
13 Штом Пилат ги чу тие зборови, Го изведе Исуса надвор и седна на судскиот стол, на местото што се вика Плочник, а на еврејски Гавата. 14 А беше ден на подготовката за Пасха, околу шестиот час, и им рече на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!”
|
|||
Your sweetest nightmare
|
|||
![]() |
|||
Lolita ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Ноември.2007 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 135 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Bog nesposoben da kaznuva?
![]() Dali potopot bil prirodna nesrekja ili Bozhja kazna?
Dali Gospod isturi sulfuren ogan vrz Sodom i Gomor ili i toa bilo prirodna nesrekja?
Zarem nema Gospod da go kazni satanata i negovite privrzanici koga kje gi frli vo ognenoto ezero?
Bog nesposoben da kaznuva? Aj ne me smej molim te
![]() |
|||
Your sweetest nightmare
|
|||
![]() |
|||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Неприкривање
Библијата не врши прикривање и дотерување на настаните од личностите за кои зборува. Тоа што отворено зборува за гревовите кои се случувале тоа значи дека ја разобличува човечката природа таква каква што е. Но кога зборува за гревовите на луѓето не навлегува во деталите на гревот, но како книга која ја разобличува нашата вистина не избегнува гревот и луѓето да ги нарече со вистинскиот збор, независно дали се работи за споредни ликови или за почитувани пророци. И оние кои од Бог биле признати како праведници истовремено грешеле пред Него. За Бог тоа било причина да ги „казни“, но не и да ги отфрли особено ако соодветно се каат за своите гревови. Ако светот е темно грешен и грд, дали Книгата на вистината тоа треба да го крие. Ако тврди дека човекот е грешен и дека нема никој под небесниот свод кој не му згрешил тешко на Бога и кога таквата грешност би ја немало, тогаш самата би се негирала. Библијата не е книга за дете кое допрва ја открива природата на човекот. Навистина е соблазнителна за деца, затоа таа им се пренесува од постарите, а самите ќе ја читаат кога ќе созреат и кога веќе ќе им биде јасна природата на човекот. Така било и со мене. При првите самостојни читања како дете ме собназнувала со својата отвореност. Ми отворала како за дете непознат свет на гревот. При младешка возраст имав два неуспешни обиди да ја прочитам. Едноставно не одеше, текстот воопшто не ми влегуваше в глава. Прв пат ја прочитав на 24 години и тогаш како и секогаш подоцна кога сум ја читал нејзината содржина воопшто не ми била соблазнителна туку реална, недотерана, таква каква што е реалноста за природата на луѓето некогаш и сега. Меѓута Библијата не е темна книга која зборува само за гревовноста на светот. Таа наспроти мракот на светот (пред се пренесено во Стариот Завет) истовремено ја пренесува светлината на Господ и убавината во животот со Него (пред се во Новиот Завет). Изменето од sard - 14.Јануари.2008 во 12:52 |
|||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||
![]() |
|||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
... би сакал како што ветив да дополнам како да се пристапи во читањето на Библијата...
Спротивностите Во Библијата навидум се наидува на спротивности во самиот текст. а) Навидум спротивност во некоја поука На пример: 1 Солунјани: 5:16 Радувајте се секогаш! Филипјани: 4:4 Радувајте се секогаш во Господа! Пак велам: радувајте се! наспроти Лука: 6:21 Блажени сте вие, кои гладувате сега, зашто ќе се наситите! Блажени сте вие, кои плачете сега, зашто ќе се смеете! 6:25 Горко вам, кои сте сити сега, зашто ќе гладувате. Горко вам, кои се смеете сега, зашто ќе жалите и ќе плачете. Јаков: 5:1 Послушајте сега, вие богати: плачете и ридајте над неволјите, што идат на вас. Кога се работи за ваква спротивност тогаш двете се спојуваат. Иако навидум спротивставени тие се двете страни на медалот. Тоа значи верникот и да се радува и да плаче т.е. да балансира помеѓу нив. Ако очајува да се радува бидејќи не постои сила која може да не одвои од радоста да се биде со Господ Христос. И на таков начин победувајќи го очајот ќе ги надмине и несреќите во животот. Ако живее добар и комотен живот да плаче поради тоа што иако со Христос сепак не сме со Него во целосна полнотија. Па така своеволно плачејќи и страдајќи да се зачува од страданијата кои би му ги довел самиот живот. Всушност анализирајќи ги сите делови кои пишуваат за овие две состојби и пристапи кон верата може да се разработи целиот концепт за радоста и тагата во верата. б) Навидум спротивност на некој факт Матеј 45 А од шестиот час беше темнина по целата земја до деветтиот час. 46 Околу деветтиот час Исус извика со силен глас и рече: „Или! Или! Лама Савахтани!? - тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој! Зошто си Ме оставил?” со Марко 25 А беше третиот час, кога Го распнаа. 15:33 А во шестиот час, настана темнина по сета земја, до деветтиот час. Јован 23:44 А беше веќе околу шестиот час, кога настана темнина по целата земја до деветтиот час, Кај сите се повторува дека шестиот час дошло до затемнување кое траело до деветиот час. Деветиот час Господ Христос го напуштил телото. Зошто тогаш 25 А беше третиот час, кога Го распнаа. Одговорот: Третиот час е моментот кога на Христос е поставен крстот уште пред доаѓањето на Голгота. Значи тоа е моментот на распнувањето но не и на поставувањето на Голгота или напуштањето на телото. Потоа пример разлика во имињата на апостолите. Кај имињата на апостолите разликата е во тоа што некои или повеќето Апостоли добивале друго христијанско име различно од роденото. Така што ако на едно место е кажано Кифа, а на друго место Петар се мисли на истиот Апостол. Разлика во наброените градови во Стариот Завет. Поради сврзните знаци „и“ може на две места да има еден град повеќе. Тоа е затоа што одредени градови се споени. Пример Будим е исто што и Пешта исто што и Будим и Пешта исто и Будимпешта. Па така ако се спојат градовите кои имаат двојно име ќе излезе истиот број на градови. Дури и кога не знаеме објаснување, објаснувањето постои само што уште не ни е откриено од Бога. Пример 6 Потоа рече Бог: "Нека има свод среде водата и тој да разделува вода од вода!" 7 И создаде Бог свод; и ја одвои водата од под сводот од водата над сводот. Така и стана. Долго време ова ми беше нејасно, каква е таа вода над сводот се додека на едно место не го прочитав одговорот. Веројатно критичарите на Библијата би ја напаѓале нејзината грешност, меѓутоа одговорите се тешки додека не ги знаеме ако ни се разјаснат станува многу едноставно. Па што мислите која била таа вода над сводот? А кога читателот треба да се сомнева во Библијата или во било која книга која го учи за Бог, за Небото, за човекот, за светот. Фактичките разлики може да се напаѓаат и да се бранат. Дури и кога некој ќе измисли напад или одбрана тие не докажуваат ништо бидејќи никој не може да ги докаже. Емпириските докази малку вредат. Но исправноста или погрешноста на Библијата треба да се брани или напаѓа зависно од системот на верување кој произлегува од нејзе. Така оној кој ја напаѓа Библијата треба да ги напаѓа концептот на Бог, концептот на историјата, концептот за човекот, концептот на спасението кои произлегуваат од нејзиното толкување. Доколку тие концепти се неодржливи тогаш зборуваме за грешно верување. Но ако нивниот систем е цврст и стабилен, има смисла и се потврдува тогаш тоа зборува за ВИСТИНСКА ВЕРА ВО БОГ. Додека фактичките неразбирања на одреден фактографски податок не докажуваат никаква погрешност, бидејќи делумното неразбирање се до нивното целосно објавување на крајот на времето е очекувано и се подразбира за Светата Книга. Токму затоа да ги споредуваме концептите на верување. Веруваме дека системот на верување на другите вероисповеди имаат погрешен концепт произлезен од нивните извори во случајот на исламот од Qur'an от наспроти комплетната складност на христијанскиот систем на верување. Изменето од sard - 14.Јануари.2008 во 12:21 |
|||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||
![]() |
|||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Јас пак му благодарам на Бога и на мојот учител, денес Владика во Македонската Православна Црква кој уште во далечната 1997 година ми ја објасни суштината за Небесниот и адскиот свет. Изменето од sard - 14.Јануари.2008 во 05:59 |
|||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||
![]() |
|||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ova e edno od najdobrite objasnuvanja na pekolot koi sum gi prochital. Blagodaram za prekrasniot tekst. Koga ja spomnuvam ezoterichnata priroda, povekje se odnesuva na tainstvata, otkolku na nekakov misticizam... no - se soglasuvam so toa deka i neuk mozhe da ja razbere i prifati. "Posveteni i neposveteni" e vekje druga diskusija, no generalno go prifakjam tvojot stav po ova prashanje. |
|||
![]() |
|||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ова со верзиите користи го за оние кои не ја читаат Библијата. Бидејќи оној кој ја читал знае дека Библијата е иста во различните преводи. Во некои преводи во нејзе се внесени и апокрифните книги, а во некои не. Библијата е канонизирана на Првиот Вселенски Собор. Уште при канонизирањето на Библијата учесниците на Соборот утврдиле книги кои имаат историски, географски и хронолошки грешки иако имаат и точни податоци. Тие се однесуваат на времето од Стариот Завет и се апокрифни уште пред Христовата проповед. Тоа се верзии на старозаветни настани кои биле отфрлени како не сосема точни од самите еврејски свештеници. Тие книги се прифатени како книги со извесна поучност, но не со стандард како другите книги на Библијата, така што кога се читаат треба да се има на ум нивната апокрифност. Ги има во македонскиот превод на Библијата бидејќи во нив има податоци за Македонија, Македонците и Александар Македонски (Книга Макавеи). Некој ги вметнува во печатеното издание и нив, некој не, а некој некои од нив. Зошто барате разлики кои уште од почетокот не се прифатени од Црквата и не влегуваат во стандардната Библија. Значи повикувате на грешка која никогаш не се случила. Настрана од тие 11 апокрифни книги не постојат разлики. Еве линкови па споредувај Една од постарите најдени целосни оригинали. http://www.intratext.com/X/LAT0001.htm Библија на српски портал http://www.hbk.hr/biblija/popis.php Неколку преводи на Библијата на македонски портал. http://www.mkbible.net/biblija/index.php |
|||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||
![]() |
|||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ако сметаш дека тоа треба да се земе за клучен фактор, многу повеќе луѓе (од различни вери и раси вклучувајќи и родени како муслимани) го критикувале Qur'an-от. Впрочем исламското учење е најкритикуваната религија на денешницата. Само малку побарај на интернет и ќе најдеш многу такви критики. Еве една за пример: http://citizenwarrior2.blogspot.com/2007/07/warning-to-west.html Изменето од sard - 14.Јануари.2008 во 04:03 |
|||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||
![]() |
|||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
15 бидејќи како мал уште ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса. 16 Целото Писмо е од Бога двахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата,Не можев да го најдам се надевам некој друг ќе помогне да го најде стихот каде Апостолот бара „секој ден да се чита и да се поучува од писмото“ |
|||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||
![]() |
|||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Морам да се сложам дека се добро е кажано освен што Бог не ги поништува одредбите од Стариот Завет само ја открива нивната обична смисла во онаа Божјата каква што Бог го чекал вистинското време да им ја открие. Стариот Завет сфатен човечки токму бил за да го посрами човекот во неговите напори за да постигне праведност, но во правилата на Стариот Завет се сокриени вистинските намери на Бог за Тој самиот да го извлече човекот откако на човекот не му успеало според неговото човечко сфаќање на одредбите од Законот. Затоа и Господ рекол: 17 Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам. 18 Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата нема да се измени, додека не се исполни се. 19 И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно. |
|||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||
![]() |
|||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Божјата правда ќе си дојде природно. И во тој случај до некаде може да се каже дека Бог ги казнил, бидејќи воспоставените закони се произлезени од Божјата природа. Светот кој Господ го создал во себе ја носи природата на Творецот со извитоперувањето после влезот на гревот. Затоа гревот го казнуваат внатрешните закони на светот кои пак исходат од Божјата природа. Казната се случува спонтано. Но ако се прашуваш за казната после смртта и во тој случај казната се случува спонтано. Пеколот не е простор со жештина и маки. Пеколот е состојба каде Бог ја повлекол својата енергија која ја храни душата. Така грешната и непокајана душа поради сопствената енергија гори во себе и доживува јад без смирувањето кое го има од Бога. Небото и пеколот ги вкусуваме уште овде бидејќи тие делумног го проткајуваат овој свет во кој го живееме. Така и овде праведниот го доживува во себе Небесното Царство и го чувстува Бог во себе и околу себе и обратно тешкиот и непокајан грешник го живее јадот, немирот и огнот на пеколот на душата уште овде, затоа што Бог во голема мера се повлекол од него иако сеуште жив. Но тоа повлекување и оставање на непокајаниот грешник сеуште е мало во споредба со целосното оставање на душата без Божјите енергии после смртта. Така казната е праведна, душата страда бидејќи е без Бога заради тоа што самата одлучила да не го прими во себе во текот на животот. Не ли се вака добива разбирлива смисла. Не ли се вака праведно и складно уредено? Во било кој друг начин на верување има многу противречности и нескладности кои не даваат одговор на оправданите приговори на нивната исправност.
Трите лица на Едниот Бог се проткајуваат меѓу себе. Ако некаде појавно надворешно е едно од трите лица на Бог, тука е Бог во целина. Ако Богочовекот Христос им се обраќа на луѓето од Него и во Него се и другите 2 лица на Бог Света Троица затоа: Јован 14 8 Филип му рече: “Господи, покажи ни Го Отецот, и доста ни е!” 9 Му одговори Исус: “Толку време сум со вас, и не си ли Ме познал, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, и како ти велиш: ‘Покажи ни Го Отецот?’ |
|||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 45678 11> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |