|
Како се чита Библијата? |
Внеси реплика | страница <1 34567 11> |
Автор | ||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да бидеш верник не значи само да веруваш во нешто туку и да го почитуваш тоа во што веруваш и да го славиш во секој миг од твоето постоење. Колку такви верници познав, биди искрен. Мојот бог е вредноста - ја почитувам, ја признавам и ја славам во секој миг од моето живеење. Доблеста е апсолутна вредност на земјата. За во другите светови - не знам, бидејќи сеуште не сум ги посетил. |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Majstorche, ne rekov nevernik, rekov nereligiozen (vo smisla - ne pripagja na niedna od postoechkite religii). Ne go mislev voopshto vo navredliva smisla!!!
VD, se izvinuvam za pogreshniot naziv, kje go ispravam toa vo idnina. Prashanjeto beshe kon Pustinski Lav, za citatot koj go imashe napishano... mnogu interesen tekst. |
||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Реков дека асоцира, не дека си на такво мислење. Не се навредувам толку лесно.
Ви ја оставам темата, не е за мене. Реков дека ги почитувам сите религии, а тие што сметаат дека нивната е над другите нека си ги „кршат копјата“ овде. Но тоа само ја продлабочува омразата меѓу припадниците на различните религии и не води никаде. Кога сите би прифатиле во религиите, независно која е, и дали ја слави, да гледаат вруток на етички вредности и вековни мудрости, светот би бил премногу розов. Следејќи ги вашите постови доаѓам до заклучок дека се согласувате како има еден бог, но не се согласувате околу неговото име. Мислите дека нему му е важно како ќе го именувате!? Не сакам да разубедувам никого во неговото постоење - непостоење, но ако навистина постои, нему ќе му е важно дали правилно го славите и дали ја почитувате и спроведувате неговата волја. А омразата сигурно не е негова волја ниту цел. Па нели тој и самиот му рекол на Мојсие; Не е важно кој сум, јас сум тој што сум. Ова го сваќам на следниов начин - Јас постојам во тебе, во твојот ум, во твоето срце. Додека постојам таму и моето име не е важно. Иметго служи за обраќање (дикување) а јас сум секогаш покрај тебе и во тебе, па нема потреба да ме повикуваш. Поздрав Изменето од majstorce62 - 13.Јануари.2008 во 07:11 |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Da, majstorche - za ova si apsolutno vo pravo.
Koga se pridruzhiv na ovoj forum, se nadevav deka kje mozhe da se razvie intelektualna diskusija za religiite i za smislata na svetite knigi itn... no - osven 5-6 lugje koi se tuka so taa cel, ostanatite samo buckaat kon raspravii i kon navredi... i od dvete "strani"... Poslednive nekolku dena, se razvija dve sosema razumni, intelegentni, mnogu obrazovni diskusii, no povtorno vlegoa razno razni lica koi samo odvlekoa vnimanie od temite i povtorno pochnaa so napadi edni na drugi. Zatoa i jas sum se povekje na misla da im go ostavam forumov nim, neka uzhivaat vo dokazhuvanjeto koj e pogolem i pobiten... |
||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Купи си спреј ИГНОРЕ, делува многу ефикасно. Ќе ги попрскаш еднаш - двапати и џенм ќе фатат. |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се согласувам за симболизмот, ако мислиме на истото, но не се согласувам со езотеризмот на Библијата и воопшто на христијанството. Христијанството нема мистика, се е отворено. Нема затворен круг на познавачи. Библијата неуките може да ја разберат исто или повеќе од учените. Нема ништо сокриено и зачувано за одреден круг на луѓе. Во секоја мистика се крие лага. Позади мистицизмот нема ништо, тоа е лага позади која стои празнина. Обично давањето на делови од Библијата на некој кој не ја читал му изгледа мистично и сокриено, но ако самиот ја прочита станува светла, иако не и сосема јасна поради непрочистеноста на сопствениот дух кој треба да ја прими. Изменето од sard - 14.Јануари.2008 во 05:53 |
||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако да пробаме. Ако сме Божји колку ќе бараме толку ќе ни се отвори, ако не сме, барале не барале исто ни се фаќа. |
||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Божјата правда ќе си дојде природно. И во тој случај до некаде може да се каже дека Бог ги казнил, бидејќи воспоставените закони се произлезени од Божјата природа. Светот кој Господ го создал во себе ја носи природата на Творецот со извитоперувањето после влезот на гревот. Затоа гревот го казнуваат внатрешните закони на светот кои пак исходат од Божјата природа. Казната се случува спонтано. Но ако се прашуваш за казната после смртта и во тој случај казната се случува спонтано. Пеколот не е простор со жештина и маки. Пеколот е состојба каде Бог ја повлекол својата енергија која ја храни душата. Така грешната и непокајана душа поради сопствената енергија гори во себе и доживува јад без смирувањето кое го има од Бога. Небото и пеколот ги вкусуваме уште овде бидејќи тие делумног го проткајуваат овој свет во кој го живееме. Така и овде праведниот го доживува во себе Небесното Царство и го чувстува Бог во себе и околу себе и обратно тешкиот и непокајан грешник го живее јадот, немирот и огнот на пеколот на душата уште овде, затоа што Бог во голема мера се повлекол од него иако сеуште жив. Но тоа повлекување и оставање на непокајаниот грешник сеуште е мало во споредба со целосното оставање на душата без Божјите енергии после смртта. Така казната е праведна, душата страда бидејќи е без Бога заради тоа што самата одлучила да не го прими во себе во текот на животот. Не ли се вака добива разбирлива смисла. Не ли се вака праведно и складно уредено? Во било кој друг начин на верување има многу противречности и нескладности кои не даваат одговор на оправданите приговори на нивната исправност.
Трите лица на Едниот Бог се проткајуваат меѓу себе. Ако некаде појавно надворешно е едно од трите лица на Бог, тука е Бог во целина. Ако Богочовекот Христос им се обраќа на луѓето од Него и во Него се и другите 2 лица на Бог Света Троица затоа: Јован 14 8 Филип му рече: “Господи, покажи ни Го Отецот, и доста ни е!” 9 Му одговори Исус: “Толку време сум со вас, и не си ли Ме познал, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, и како ти велиш: ‘Покажи ни Го Отецот?’ |
||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Морам да се сложам дека се добро е кажано освен што Бог не ги поништува одредбите од Стариот Завет само ја открива нивната обична смисла во онаа Божјата каква што Бог го чекал вистинското време да им ја открие. Стариот Завет сфатен човечки токму бил за да го посрами човекот во неговите напори за да постигне праведност, но во правилата на Стариот Завет се сокриени вистинските намери на Бог за Тој самиот да го извлече човекот откако на човекот не му успеало според неговото човечко сфаќање на одредбите од Законот. Затоа и Господ рекол: 17 Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам. 18 Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата нема да се измени, додека не се исполни се. 19 И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно. |
||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
15 бидејќи како мал уште ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса. 16 Целото Писмо е од Бога двахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата,Не можев да го најдам се надевам некој друг ќе помогне да го најде стихот каде Апостолот бара „секој ден да се чита и да се поучува од писмото“ |
||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако сметаш дека тоа треба да се земе за клучен фактор, многу повеќе луѓе (од различни вери и раси вклучувајќи и родени како муслимани) го критикувале Qur'an-от. Впрочем исламското учење е најкритикуваната религија на денешницата. Само малку побарај на интернет и ќе најдеш многу такви критики. Еве една за пример: http://citizenwarrior2.blogspot.com/2007/07/warning-to-west.html Изменето од sard - 14.Јануари.2008 во 04:03 |
||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ова со верзиите користи го за оние кои не ја читаат Библијата. Бидејќи оној кој ја читал знае дека Библијата е иста во различните преводи. Во некои преводи во нејзе се внесени и апокрифните книги, а во некои не. Библијата е канонизирана на Првиот Вселенски Собор. Уште при канонизирањето на Библијата учесниците на Соборот утврдиле книги кои имаат историски, географски и хронолошки грешки иако имаат и точни податоци. Тие се однесуваат на времето од Стариот Завет и се апокрифни уште пред Христовата проповед. Тоа се верзии на старозаветни настани кои биле отфрлени како не сосема точни од самите еврејски свештеници. Тие книги се прифатени како книги со извесна поучност, но не со стандард како другите книги на Библијата, така што кога се читаат треба да се има на ум нивната апокрифност. Ги има во македонскиот превод на Библијата бидејќи во нив има податоци за Македонија, Македонците и Александар Македонски (Книга Макавеи). Некој ги вметнува во печатеното издание и нив, некој не, а некој некои од нив. Зошто барате разлики кои уште од почетокот не се прифатени од Црквата и не влегуваат во стандардната Библија. Значи повикувате на грешка која никогаш не се случила. Настрана од тие 11 апокрифни книги не постојат разлики. Еве линкови па споредувај Една од постарите најдени целосни оригинали. http://www.intratext.com/X/LAT0001.htm Библија на српски портал http://www.hbk.hr/biblija/popis.php Неколку преводи на Библијата на македонски портал. http://www.mkbible.net/biblija/index.php |
||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ova e edno od najdobrite objasnuvanja na pekolot koi sum gi prochital. Blagodaram za prekrasniot tekst. Koga ja spomnuvam ezoterichnata priroda, povekje se odnesuva na tainstvata, otkolku na nekakov misticizam... no - se soglasuvam so toa deka i neuk mozhe da ja razbere i prifati. "Posveteni i neposveteni" e vekje druga diskusija, no generalno go prifakjam tvojot stav po ova prashanje. |
||
Внеси реплика | страница <1 34567 11> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |