IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Како се чита Библијата?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Како се чита Библијата?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 11>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2008 во 21:50
Originally posted by str8up str8up напиша:


како се чита библијата???...хмм...3 пати на ден пред јадење по 30 страници, на осум саати...кловнсмешенсекој посебно си ја доживува, а незнам кој ја чита како наредба...сигурно никој!!!глупчо


Да бидеш верник не значи само да веруваш во нешто туку и да го почитуваш тоа во што веруваш и да го славиш во секој миг од твоето постоење. Колку такви верници познав, биди искрен.

Мојот бог е вредноста - ја почитувам, ја признавам и ја славам во секој миг од моето живеење. Доблеста е апсолутна вредност на земјата. За во другите светови - не знам, бидејќи сеуште не сум ги посетил.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2008 во 01:33
Majstorche, ne rekov nevernik, rekov nereligiozen (vo smisla - ne pripagja na niedna od postoechkite religii). Ne go mislev voopshto vo navredliva smisla!!!
VD, se izvinuvam za pogreshniot naziv, kje go ispravam toa vo idnina. Prashanjeto beshe kon Pustinski Lav, za citatot koj go imashe napishano... mnogu interesen tekst.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2008 во 07:09
Реков дека асоцира, не дека си на такво мислење. Не се навредувам толку лесно.
Ви ја оставам темата, не е за мене. Реков дека ги почитувам сите религии, а тие што сметаат дека нивната е над другите нека си ги „кршат копјата“ овде. Но тоа само ја продлабочува омразата меѓу припадниците на различните религии и не води никаде. Кога сите би прифатиле во религиите, независно која е, и дали ја слави, да гледаат вруток на етички вредности и вековни мудрости, светот би бил премногу розов.
Следејќи ги вашите постови доаѓам до заклучок дека се согласувате како има еден бог, но не се согласувате околу неговото име.
Мислите дека нему му е важно како ќе го именувате!? Не сакам да разубедувам никого во неговото постоење - непостоење, но ако навистина постои, нему ќе му е важно дали правилно го славите и дали ја почитувате и спроведувате неговата волја. А омразата сигурно не е негова волја ниту цел. Па нели тој и самиот му рекол на Мојсие; Не е важно кој сум, јас сум тој што сум.
Ова го сваќам на следниов начин - Јас постојам во тебе, во твојот ум, во твоето срце. Додека постојам таму и моето име не е важно. Иметго служи за обраќање (дикување) а јас сум секогаш покрај тебе и во тебе, па нема потреба да ме повикуваш.
Поздрав


Изменето од majstorce62 - 13.Јануари.2008 во 07:11
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2008 во 08:09
Da, majstorche - za ova si apsolutno vo pravo.
Koga se pridruzhiv na ovoj forum, se nadevav deka kje mozhe da se razvie intelektualna diskusija za religiite i za smislata na svetite knigi itn... no - osven 5-6 lugje koi se tuka so taa cel, ostanatite samo buckaat kon raspravii i kon navredi... i od dvete "strani"...
Poslednive nekolku dena, se razvija dve sosema razumni, intelegentni, mnogu obrazovni diskusii, no povtorno vlegoa razno razni lica koi samo odvlekoa vnimanie od temite i povtorno pochnaa so napadi edni na drugi.
Zatoa i jas sum se povekje na misla da im go ostavam forumov nim, neka uzhivaat vo dokazhuvanjeto koj e pogolem i pobiten...
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2008 во 13:04
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Da, majstorche - za ova si apsolutno vo pravo.
Koga se pridruzhiv na ovoj forum, se nadevav deka kje mozhe da se razvie intelektualna diskusija za religiite i za smislata na svetite knigi itn... no - osven 5-6 lugje koi se tuka so taa cel, ostanatite samo buckaat kon raspravii i kon navredi... i od dvete "strani"...
Poslednive nekolku dena, se razvija dve sosema razumni, intelegentni, mnogu obrazovni diskusii, no povtorno vlegoa razno razni lica koi samo odvlekoa vnimanie od temite i povtorno pochnaa so napadi edni na drugi.
Zatoa i jas sum se povekje na misla da im go ostavam forumov nim, neka uzhivaat vo dokazhuvanjeto koj e pogolem i pobiten...


Купи си спреј ИГНОРЕ, делува многу ефикасно. Ќе ги попрскаш еднаш - двапати и џенм ќе фатат.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 02:51
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Ako nekoj mozhe da odgovori, ve molam pishete.
Bidi mi pozdraven VD.


Се согласувам за симболизмот, ако мислиме на истото, но не се согласувам со езотеризмот на Библијата и воопшто на христијанството. Христијанството нема мистика, се е отворено. Нема затворен круг на познавачи. Библијата неуките може да ја разберат исто или повеќе од учените. Нема ништо сокриено и зачувано за одреден круг на луѓе. Во секоја мистика се крие лага. Позади мистицизмот нема ништо, тоа е лага позади која стои празнина. Обично давањето на делови од Библијата на некој кој не ја читал му изгледа мистично и сокриено, но ако самиот ја прочита станува светла, иако не и сосема јасна поради непрочистеноста на сопствениот дух кој треба да ја прими.


Изменето од sard - 14.Јануари.2008 во 05:53
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 02:53

Јован 18 Глава

20 Исус му одговори: “Јас му зборував на светот јавно; Јас секогаш поучував по зборниците и во храмот, каде што секојпат се собираат Јудејците, и тајно ништо не сум зборувал.

21 Зошто Ме прашуваш Мене? Прашај ги оние, кои слушале, што сум зборувал; тие знаат што сум говорел.”
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 02:56
Originally posted by DAIJA DAIJA напиша:

Nemoj taka teski prasanja!збунетост
намигнување
голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка

Ако да пробаме.
Ако сме Божји колку ќе бараме толку ќе ни се отвори,
ако не сме,
барале не барале исто ни се фаќа.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 03:16
Цитирај Низ целата Библија сигурно има над илјада случаеви каде се зборува за казнувањето од Бога на оние кои не ја исполнуваат Неговата волја. И во Новиот Завет казната, казнувањето е многу чест збор.
(od sard)

Од таму се доаѓа до многу важната објава дека Господ по својата природа не ги казнува луѓето. Бог како љубов е „неспособен“ да казнува. А казната за која цело време се зборува на сите тие места во Библијата доаѓаат кога како последица на гревот против Божјата светост Светиот Дух се повлекува и таквиот незаштитен човек наскоро „природно“ ќе доживее несреќа. Понекогаш Бог го чува Духот и покрај гревовите на луѓето, а го повлекува и дозволува да се случи несреќа заради негово добро или пошироко доброто на другите. Тоа е теолошко православно-христијанско толкување.
(od sard)

Ne bi rekol deka e taka!-A sto so onie koi cel zivot gresele i Bog"prirodno" kako sto velis ne gi kaznal,ili ne go povlekol Duhot od niv?Zarem tie ce bidat postedeni od Bozjata pravda?


Божјата правда ќе си дојде природно. И во тој случај до некаде може да се каже дека Бог ги казнил, бидејќи воспоставените закони се произлезени од Божјата природа. Светот кој Господ го создал во себе ја носи природата на Творецот со извитоперувањето после влезот на гревот. Затоа гревот го казнуваат внатрешните закони на светот кои пак исходат од Божјата природа. Казната се случува спонтано.
Но ако се прашуваш за казната после смртта и во тој случај казната се случува спонтано.
Пеколот не е простор со жештина и маки. Пеколот е состојба каде Бог ја повлекол својата енергија која ја храни душата. Така грешната и непокајана душа поради сопствената енергија гори во себе и доживува јад без смирувањето кое го има од Бога. Небото и пеколот ги вкусуваме уште овде бидејќи тие делумног го проткајуваат овој свет во кој го живееме. Така и овде праведниот го доживува во себе Небесното Царство и го чувстува Бог во себе и околу себе и обратно тешкиот и непокајан грешник го живее јадот, немирот и огнот на пеколот на душата уште овде, затоа што Бог во голема мера се повлекол од него иако сеуште жив. Но тоа повлекување и оставање на непокајаниот грешник сеуште е мало во споредба со целосното оставање на душата без Божјите енергии после смртта.
Така казната е праведна, душата страда бидејќи е без Бога заради тоа што самата одлучила да не го прими во себе во текот на животот.
Не ли се вака добива разбирлива смисла. Не ли се вака праведно и складно уредено? Во било кој друг начин на верување има многу противречности и нескладности кои не даваат одговор на оправданите приговори на нивната исправност.

Цитирај    I vtoro:Zarem ovde i samiot ne ukazuvas na dvajca bogovi,nekako kako tesko da se snaodjas so "svetoto trojstvo",mnogu ednostavno pojasnuvanje davas.Понекогаш Бог го чува Духот и покрај гревовите на луѓето, а го повлекува и дозволува да се случи несреќа заради негово добро или пошироко доброто на другите.
Koj e sega ovde Duhot?-nekoj drug Bog ili Bog se oddelil od samiot sebe....ili...?

Molam za odgovor.


Трите лица на Едниот Бог се проткајуваат меѓу себе. Ако некаде појавно надворешно е едно од трите лица на Бог, тука е Бог во целина. Ако Богочовекот Христос им се обраќа на луѓето од Него и во Него се и другите 2 лица на Бог Света Троица затоа:

Јован 14
8 Филип му рече: “Господи, покажи ни Го Отецот, и доста ни е!”  
9 Му одговори Исус: “Толку време сум со вас, и не си ли Ме познал, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, и како ти велиш: ‘Покажи ни Го Отецот?’
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 03:24
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Interesen osvrt sard, mnogu dobar obid da se dolovi sevkupnosta i kompleksnosta na Biblijata.

Jas pravam razlika megju Stariot i Noviot Zavet i ne se grizham sto prviot im go ostavam na Evreite, dodeka vtoriov go zadrzhuvam vo drushtvo so ostanatite ceneti pisanija.

Ova go velam zatoa sto Isus e neshto posebno megju site onie koi odele po zemjata. Vo Noviot Zavet toj se narekuva Bozhji sin i sin na chovek, no za mene toj pretstavuva nektar, bozhenstveno vino koe opojuva so bozhenstvena ljubov, blagost i mudrost. I kako ne e taka, koga samo onoj sto ne e od ovoj svet mozhe donese eterichnost sto e od drugata strana na materijalnosta vo koja sme zarobeni kako vo zhelezni prangii. Isus doagja i gi krshi prangite, gi kine i gi deli, kako sto deli se ostanato koe dovagja vo dopir so nego.

Toj go deli duri i vremeto - do nego vazhi staroto so Stariot Zavet, a po nego vazhi novoto, Noviot Zavet, noviot Testament kako dokaz na Bozhjata milost. Kako edinsteven fenomen, Isus deli se onoa sto ke dojde vo kontakt so nego, negoviot dopir seche kako Bozhja svetlina i se pagja ili na ovaa ili na onaa strana - ili go sakate ili ne go sakate, ili se slozhuvate so nego ili ne, ili poagjate po nego ili ste protiv nego. Isus ne ostava nikogo ramnodushen i istovremeno ne obvrzuva nikogo na nishto.

Toj samo ja nudi chashata so vinoto i vashe e dali ke se napiete od nea i ke go pochustvuvate bozhestveniot vkus i miris koj opojuva samo ako vie mu go dozvolite toa.

Морам да се сложам дека се добро е кажано освен што Бог не ги поништува одредбите од Стариот Завет само ја открива нивната обична смисла во онаа Божјата каква што Бог го чекал вистинското време да им ја открие. Стариот Завет сфатен човечки токму бил за да го посрами човекот во неговите напори за да постигне праведност, но во правилата на Стариот Завет се сокриени вистинските намери на Бог за Тој самиот да го извлече човекот откако на човекот не му успеало според неговото човечко сфаќање на одредбите од Законот. Затоа и Господ рекол:

17 Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам.

18 Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата нема да се измени, додека не се исполни се.

19 И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 03:35
Originally posted by str8up str8up напиша:

како се чита библијата???...хмм...3 пати на ден пред јадење по 30 страници, на осум саати...кловнсмешен
секој посебно си ја доживува, а незнам кој ја чита како наредба...сигурно никој!!!глупчо

15 бидејќи како мал уште ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса.

16 Целото Писмо е од Бога двахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата,

Не можев да го најдам се надевам некој друг ќе помогне да го најде стихот каде Апостолот бара „секој ден да се чита и да се поучува од писмото“
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 03:46
Originally posted by vd vd напиша:

George Bernard Shaw рекол:

 "The Bible is the most dangerous book on earth. Keep it under lock and key. Your child must not have access to it"

"Библијата е најопасна книга на земјава. Чувајте ја заклучена. Вашето дете несмее да има пристап до неа"




Ако сметаш дека тоа треба да се земе за клучен фактор, многу повеќе луѓе (од различни вери и раси вклучувајќи и родени како муслимани) го критикувале Qur'an-от. Впрочем исламското учење е најкритикуваната религија на денешницата. Само малку побарај на интернет и ќе најдеш многу такви критики. Еве една за пример:

http://citizenwarrior2.blogspot.com/2007/07/warning-to-west.html


Изменето од sard - 14.Јануари.2008 во 04:03
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 05:37
Originally posted by vd vd напиша:

sard, за која верзија на Библијата зборуваш? дали кажуваш како треба да се чита Протестантската Верзија на Библијата . . . Католичката Везија на Библијата, Православната Верзија на Библијата . . . или зборуваш за некој друга Верзија на Библијата?

Ова со верзиите користи го за оние кои не ја читаат Библијата. Бидејќи оној кој ја читал знае дека Библијата е иста во различните преводи. Во некои преводи во нејзе се внесени и апокрифните книги, а во некои не.

Библијата е канонизирана на Првиот Вселенски Собор. Уште при канонизирањето на Библијата учесниците на Соборот утврдиле книги кои имаат историски, географски и хронолошки грешки иако имаат и точни податоци. Тие се однесуваат на времето од Стариот Завет и се апокрифни уште пред Христовата проповед. Тоа се верзии на старозаветни настани кои биле отфрлени како не сосема точни од самите еврејски свештеници. Тие книги се прифатени како книги со извесна поучност, но не со стандард како другите книги на Библијата, така што кога се читаат треба да се има на ум нивната апокрифност. Ги има во македонскиот превод на Библијата бидејќи во нив има податоци за Македонија, Македонците и Александар Македонски (Книга Макавеи). Некој ги вметнува во печатеното издание и нив, некој не, а некој некои од нив.

Зошто барате разлики кои уште од почетокот не се прифатени од Црквата и не влегуваат во стандардната Библија. Значи повикувате на грешка која никогаш не се случила.

Настрана од тие 11 апокрифни книги не постојат разлики.

Еве линкови па споредувај

Една од постарите најдени целосни оригинали.
http://www.intratext.com/X/LAT0001.htm

Библија на српски портал
http://www.hbk.hr/biblija/popis.php

Неколку преводи на Библијата на македонски портал.
http://www.mkbible.net/biblija/index.php
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 05:52
Originally posted by sard sard напиша:


Божјата правда ќе си дојде природно. И во тој случај до некаде може да се каже дека Бог ги казнил, бидејќи воспоставените закони се произлезени од Божјата природа. Светот кој Господ го создал во себе ја носи природата на Творецот со извитоперувањето после влезот на гревот. Затоа гревот го казнуваат внатрешните закони на светот кои пак исходат од Божјата природа. Казната се случува спонтано.Но ако се прашуваш за казната после смртта и во тој случај казната се случува спонтано.Пеколот не е простор со жештина и маки. Пеколот е состојба каде Бог ја повлекол својата енергија која ја храни душата. Така грешната и непокајана душа поради сопствената енергија гори во себе и доживува јад без смирувањето кое го има од Бога. Небото и пеколот ги вкусуваме уште овде бидејќи тие делумног го проткајуваат овој свет во кој го живееме. Така и овде праведниот го доживува во себе Небесното Царство и го чувстува Бог во себе и околу себе и обратно тешкиот и непокајан грешник го живее јадот, немирот и огнот на пеколот на душата уште овде, затоа што Бог во голема мера се повлекол од него иако сеуште жив. Но тоа повлекување и оставање на непокајаниот грешник сеуште е мало во споредба со целосното оставање на душата без Божјите енергии после смртта.Така казната е праведна, душата страда бидејќи е без Бога заради тоа што самата одлучила да не го прими во себе во текот на животот. Не ли се вака добива разбирлива смисла. Не ли се вака праведно и складно уредено? Во било кој друг начин на верување има многу противречности и нескладности кои не даваат одговор на оправданите приговори на нивната исправност.


Ova e edno od najdobrite objasnuvanja na pekolot koi sum gi prochital. Blagodaram za prekrasniot tekst.
Koga ja spomnuvam ezoterichnata priroda, povekje se odnesuva na tainstvata, otkolku na nekakov misticizam... no - se soglasuvam so toa deka i neuk mozhe da ja razbere i prifati. "Posveteni i neposveteni" e vekje druga diskusija, no generalno go prifakjam tvojot stav po ova prashanje.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.