IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Како се чита Библијата?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Како се чита Библијата?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 11>
Автор
Порака
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Како се чита Библијата?
    Испратена: 10.Јануари.2008 во 05:33
Објава и поврзување

Библијата не е збирка на конкретни наредби од Бога до човекот, туку постепено објавување на Божјата волја низ човековата библиска историја. Некои ставови на одредено место се навистина поконкретно дадени, но други се извлекуваат со спојување и поврзување од разни места кои формираат сознание за Божјата волја. Затоа за да се разбере Божјата волја не е доволно да се прочита еден дел од неа. Секој дел треба да биде поврзан со еден или повеќе други делови од изразената волја на Бога во целата Библија за тој став да биде сфатен во неговото значење, добивајќи многузначност, до полнозначност. Светот и животот кој Господ го устроил е една целина, се е поврзано и ништо не е само едно нешто, туку секое едно има безброј свои гледања кои еднонасочниот човеков ум независно колку и да црпи никогаш нема да ги доведе до полназначноста која самата појава си ја има. Секој миг е поврзување на целиот простор и сето време. Затоа Библијата никогаш нема да биде исцрпена, како што не може да биде исцрпено сознанието од еден единствен миг поради неговата неодвоивост од се што постои. Книгата која треба да даде одговор за Господ и светот, мора и така да биде напишана бидејќи таков е и создадениот свет и животот и постоењето во него. Затоа и откривањето на Господовата вистина за Себе и за се видливо и невидливо е остварено на таков начин, преку самиот живот запишан во неа. Бидејќи Божјиот пристап не е во Библијата да се дадени самостојни конкретни наредби, туку спознанието на Божјата волја треба да се црпи поврзувајќи ги работите кои Бог ги кажал со текот на времето и нивно извлекување во став кој ќе важи за КОНКРЕТНИОТ момент за КОНКРЕТНИОТ случај. Тоа не значи дека во друг момент и во друг случај од истото ќе излезе нешто кое ќе биде спротивно на она претходното. Спојувањето на ставовите заедно формира ЕДЕН став  кој бидејќи составен од повеќе делови ќе дава едно решение во променлива форма соодветно за да одговори на различноста на формата во одделните случаеви. Во различните случаеви различните делови ќе добиваат различно место на важност.
Најчесто подоцнежните Божји објави во Библијата се оние кои добиваат поголема важност што всушност Бог сакал да каже од почетокот, но и тие ја добиваат својата полна смисла ако се види патеката до нивното откривање.

Таков е и односот меѓу Стариот и Новиот Завет. Всушност тоа е истиот завет само станува јасно претходното ветување на Авраам што всушност вистински Бог му ветил на Авраам. Одеднаш се разјаснува ветената земја на Авраам не е просторот на денешен Израел туку ветен е Небесниот Израел. Ветеното владеење на Авраамовото потомство е ветување за владеењето и царувањето на сите кои се Авраамови т.е. оние кои во животот и верноста стануваат налик на верноста на Авраам.

Ако се чита Стариот Завет на многу места Бог за себе го употребил зборот Јахве или Јехова. Од таму би излегло дека Јеховините сведоци навистина се во право кога велат дека Бог има име и дека треба да се именува со именката Јехова. Меѓутоа од едно место тоа добива сосема друго значење. Ако некој го прочитал делот на комуникацијата на пророкот Мојсеј со Бога на Синај кај капината која гори и не согорува. На прашањето на пророк Мојсеј како да им каже на другите Кој е Тој кој го испраќа, Бог одговара „Јас сум Оној кој сум“ или тоа на староеврејски се изговара ЈЕХОВА. Со таквото именување очигледно Бог сакал да избегне било каква именка бидејќи секој збор за Негово именување е погрешен. И зборовите Семоќен, Сезнаен, вклучувајќи го и зборот Бог сите се погрешни. Бог не може да се именува и зборовите „Јас сум Оној кој сум“ меѓу другото значат избегнување на именување. Подоцна и Самиот Господ употребува други зборови за себе, но на почетокот при првото објавување, значи на вистинското место при почетокот на Библиската епопеја изразен е теолошкиот став, а другите именувања се именувања неопходни за комуникација.

И еден посебно важен пример за објава на природата Божја:
Низ целата Библија сигурно има над илјада случаеви каде се зборува за казнувањето од Бога на оние кои не ја исполнуваат Неговата волја. И во Новиот Завет казната, казнувањето е многу чест збор.
Сепак само неколку места пример кажаното од Апостол Павле  во Посланието до Римјаните глава 7 и 8 за казнувањето под Законот и за слободата од казна во Духот, за казнувањето кое не доаѓа од Бога туку од гревовите
потоа
1 Јованово:  Во љубовта нема страв, туку совршената љубов го изгонува стравот; зашто стравот вовлекува казна; а кој се бои, не дошол до совршенство во љубовта.
или
Ефесјаните: И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови

Од таму се доаѓа до многу важната објава дека Господ по својата природа не ги казнува луѓето. Бог како љубов е „неспособен“ да казнува. А казната за која цело време се зборува на сите тие места во Библијата доаѓаат кога како последица на гревот против Божјата светост Светиот Дух се повлекува и таквиот незаштитен човек наскоро „природно“ ќе доживее несреќа. Понекогаш Бог го чува Духот и покрај гревовите на луѓето, а го повлекува и дозволува да се случи несреќа заради негово добро или пошироко доброто на другите. Тоа е теолошко православно-христијанско толкување.

Вообичаено е противниците на христијанското вероучение да ја напаѓаат Библијата земајќи го за став она кое е запишано на едно место во Библијата пропуштајќи намерно или ненамерно да ги погледнат другите места кои ќе го дадат комплетниот став за одредено прашање. Од таму многу често верниците од Православна Верисповед се советуваат да ги читаат толкувањата и образложенијата пред се на Светите Отци или другите теолози на Православната Црква каде за секој одделен одговор на некое прашање е извршено поврзување, сумирање и образложение на толкувањето.

Затоа пред да се почне да се разговара за ставовите на Библијата неопходно е целата да биде внимателно прочитана (и добро запомнета) и тоа би препорачал Стариот Завет најмалку 2 пати и Новиот Завет најмалку 5 пати.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 06:02
Неоткриени тајни

Основите на Божјата објава е завршена со Христовото Евангелие со Христовата благовест. За секој кој сака да ја знае вистината за Бога и вистината за устројството на светот таа е дадена во Библијата,  протолкувана од Христовата Црква. Но не се е протолкувано. Протолкувани се само основите. Има многу тајни и многу сознанија кои Бог благоволил да ги открива во иднина.
Пример за создавањето на светот има посветено неколку глави во Битие, но тајната на создавањето на светот не можеме да речеме дека некој христијанин ја протолкувал, дека му е откриена, дека ја знае. И нормално е дека знаењето за создавањето за светот е преголема тајна за да биде сега откриена. Самиот Апостол Павле вели дека нешто гледаме и нешто знаеме, но тоа е како низ магла, додека кога ќе дојде Господ Христос, ќе знаеме како што е.

Исто така скоро цело време додека се чита Новиот Завет се има чувство дека во позадина има нешто повеќе. Покрај површната едноставност текстот содржи и уште нешто во позадина. Тие подлабоките тајни не зависат од напорите на читателот туку едноставму му се откриваат само на чистиот ум, а чист ум во читањето може да има и неук човек, а истата внатрешна тајна да остане сокриена од високо интелегентен човек.

Затоа секој кој читајќи се збунува наидувајќи на чудни делови не може да се сомнева во Библијата поради неразбирањето на тие делови, бидејќи таква и треба да е Книгата која ги крие тајните за светот и уште позначајно за Створителот на светот.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 06:38
Начелност

Библијата е начелна. Кога во Библијата се чита дека тој му рече на тој тоа и тоа кажано во една реченица не значи дека тие само таа реченица ја размениле. Можно е да разговарале со саати, но суштината на целиот разговор е сумиран и начелно кажан во таа реченица. Искушувањето на Христос од сатаната во пустината не траело со поставувањето и одговорот на три реченици туку траело со денови.

Необјаснување

Библијата многу често не објаснува. На многу места дава настан и остава читателот да ја разбере суштината на настанот, без да даде образложението и став. Тоа многумина ги збунува. За одреден настан очекуваат став, критика, мислење, а таму е даден настан добар или лош без критика. Пример лукавството на Јаков во однос на Исав Бог го прифаќа и не го осудува, но не објаснува зошто. Истото за Каин и Авел. Благословот на првосвештеникот Мелхиседек врз Авраам. Кој е  сега одеднаш тој првосвештеник Мелхиседек? Или за кражбата и  измамата на идолите од Рахила на нејзинит татко. Смрта на Оз кога сака само да го поткрепи ковчегот на заветот.

Меѓутоа сепак и без објаснувањето оној кој сака да разбере оставени се факти за да може да се разбере внатрешноста на тој настан. Јаков навидум со лукавство го зема првенството и благословот од својот брат Исав, но Исав самиот бил груб и незагрижен, тој за еден ручек веќе му го ветил истото на Јакова. Лукавството на Јаков не поминува сосема без казна. Каин го носел приносот пред Бога формално, затоа Бог не погледнал на неговиот принос туку го прифатил истиот од Авел. Рахила не е осудена за кражбата, но таа едвај раѓа две деца додека слугинката на нејзиниот маж Јаков му раѓа 10 деца. Првосвештеникот Мелхиседек очигледно е личност со значење испратена од Бога намерно сокриена, за подоцна да биде протолкувана од Апостол Павле... и тн.
Така секој збунувачки настан има свое толкување со други факти.

И двете начелноста и необјаснувањето треба да се знаат за да се избегне неразбирањето и да се добие вистинската внатрешна слика за настаните опишани во Библијата.

Затоа и Еремија: 5:21 чуј го ова, народе безумен и неразумен, кој имаш очи, а не гледаш, имаш уши, а не слушаш
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 15:03
Sard, ova e verojatno najdobroto i najkoncizno objasnuvanje na Biblijata shto dosega sum go prochital!
So pochit,
Zidarski
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 15:57
Nemoj taka teski prasanja!збунетост
намигнување
голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка


Изменето од DAIJA - 10.Јануари.2008 во 16:31
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 16:47
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Sard, ova e verojatno najdobroto i najkoncizno objasnuvanje na Biblijata shto dosega sum go prochital!
So pochit,
Zidarski

Благодарам зидарски,
имам уште неколку принципи кои би сакал да ги напишам за тоа да се обрне како е пишувана и како треба да се чита Библијата. Посебно би сакал да зборнам на специфичниот и невообичаен начин на кој Христос говорел.
Верувам дека наскоро ќе го дополнам напишаното.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 16:56
Toa bi bilo odlichno. Malkumina (vkluchuvajki gi i hristijanite) razbiraat deka ne e sodrzhinata samo vo zborot kako takov, tuku vo nachinot na koj e kazhan, vo slovoredot, vo simbolikata koja go vrzuva.
Odamna se zanimavam so ezoterikata i so simbolikata na svetite tekstovi. Bi bilo interesno da se razvie diskusija na ovaa tema.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 16:57
Секоја чест сард,
Библија не е Душанов законик, па
“Ко удари попа ил калуџера
да добије 100 штапа...“
Ептен убава темаголемо%20гушкање
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
efendija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај efendija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 17:40
Низ целата Библија сигурно има над илјада случаеви каде се зборува за казнувањето од Бога на оние кои не ја исполнуваат Неговата волја. И во Новиот Завет казната, казнувањето е многу чест збор.
(od sard)

Од таму се доаѓа до многу важната објава дека Господ по својата природа не ги казнува луѓето. Бог како љубов е „неспособен“ да казнува. А казната за која цело време се зборува на сите тие места во Библијата доаѓаат кога како последица на гревот против Божјата светост Светиот Дух се повлекува и таквиот незаштитен човек наскоро „природно“ ќе доживее несреќа. Понекогаш Бог го чува Духот и покрај гревовите на луѓето, а го повлекува и дозволува да се случи несреќа заради негово добро или пошироко доброто на другите. Тоа е теолошко православно-христијанско толкување.
(od sard)

Ne bi rekol deka e taka!-A sto so onie koi cel zivot gresele i Bog"prirodno" kako sto velis ne gi kaznal,ili ne go povlekol Duhot od niv?Zarem tie ce bidat postedeni od Bozjata pravda?

   I vtoro:Zarem ovde i samiot ne ukazuvas na dvajca bogovi,nekako kako tesko da se snaodjas so "svetoto trojstvo",mnogu ednostavno pojasnuvanje davas.Понекогаш Бог го чува Духот и покрај гревовите на луѓето, а го повлекува и дозволува да се случи несреќа заради негово добро или пошироко доброто на другите.
Koj e sega ovde Duhot?-nekoj drug Bog ili Bog se oddelil od samiot sebe....ili...?

Molam za odgovor.
"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 17:45
намигнување
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
efendija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај efendija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 17:49
"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 17:59
Beshe mnogu pati pishano na ovaa tema - Svetiot Duh e Bozhjeto prisustvo vo nas i na zemjata. Ne go gledame, ne mozheme da go dopreme, samo mozheme da go pochuvstvuvame.
Zatoa - efendija - ne gledam nikakov konflikt, nitu pak neshto nejasno vo toa shto Sard go napishal.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 18:54
Interesen osvrt sard, mnogu dobar obid da se dolovi sevkupnosta i kompleksnosta na Biblijata.

Jas pravam razlika megju Stariot i Noviot Zavet i ne se grizham sto prviot im go ostavam na Evreite, dodeka vtoriov go zadrzhuvam vo drushtvo so ostanatite ceneti pisanija.

Ova go velam zatoa sto Isus e neshto posebno megju site onie koi odele po zemjata. Vo Noviot Zavet toj se narekuva Bozhji sin i sin na chovek, no za mene toj pretstavuva nektar, bozhenstveno vino koe opojuva so bozhenstvena ljubov, blagost i mudrost. I kako ne e taka, koga samo onoj sto ne e od ovoj svet mozhe donese eterichnost sto e od drugata strana na materijalnosta vo koja sme zarobeni kako vo zhelezni prangii. Isus doagja i gi krshi prangite, gi kine i gi deli, kako sto deli se ostanato koe dovagja vo dopir so nego.

Toj go deli duri i vremeto - do nego vazhi staroto so Stariot Zavet, a po nego vazhi novoto, Noviot Zavet, noviot Testament kako dokaz na Bozhjata milost. Kako edinsteven fenomen, Isus deli se onoa sto ke dojde vo kontakt so nego, negoviot dopir seche kako Bozhja svetlina i se pagja ili na ovaa ili na onaa strana - ili go sakate ili ne go sakate, ili se slozhuvate so nego ili ne, ili poagjate po nego ili ste protiv nego. Isus ne ostava nikogo ramnodushen i istovremeno ne obvrzuva nikogo na nishto.

Toj samo ja nudi chashata so vinoto i vashe e dali ke se napiete od nea i ke go pochustvuvate bozhestveniot vkus i miris koj opojuva samo ako vie mu go dozvolite toa.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
str8up Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Producer

Регистриран: 18.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1492
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај str8up Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 22:27
како се чита библијата???...хмм...3 пати на ден пред јадење по 30 страници, на осум саати...кловнсмешен
секој посебно си ја доживува, а незнам кој ја чита како наредба...сигурно никој!!!глупчо


Изменето од connected - 10.Јануари.2008 во 22:48
igram ruski rulet od k*rtasak!
Peni Saktivniot
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,145 секунди.