IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ФРАГМЕНТИ ОД ЕДНА УБАВА КНИГА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ФРАГМЕНТИ ОД ЕДНА УБАВА КНИГА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
Автор
Порака
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 13:35
Иако оваа пустина сум ја преминал повеќепати во повеќе насоки, не би имал доверба во себеси да го најдам патот низ неа, и затоа сум среќен што Зејд е со мене.

Оваа земја е негова татковина: тој му припаѓа на племето Шамар кое живее на јужните и на источните рабови на Големиот Нуфуд, и кога обилните зимски дождови ненадејно ќе ги претворат песочните дини во бујни ливади, тие ги пасат своите камили во неа неколку месеци од годината. Расположенијата на пустината се во Зејдовата крв и неговото срце чука со нив.

Зејд е веројатно најзгодниот маж кој било кога сум го познавал: со широко чело и стројно тело, со среден раст, убаво граден, полн со жилава сила. Преку тесното лице со боја на жито со остро обликувани коски на лицето и со остри и во исто време сензуални усни стои онаа достоинственост полна со очекувања, толку карактеристична за пустинскиот Арапдостоинство и смиреност споени во интимна хармонија. Тој е среќна комбинација од чистата бедуинска раса и на градскиот живот на Неџд, со зачувана бедуинска сигурност на инстинктот, без бедуинската емоционална непостојаност, со здобиената практична мудрост на граѓаните без подлегнување на нивните искривоколчености. Тој, како и јас, ужива во авантурата, но без да трча по неа. Уште од најраната младост неговиот живот бил исполнет со доживувања и возбудувања: како момче-коњаник во нередовните корпуси камили регрутирани од страна на турската влада за нејзината кампања на Синајскиот Полуостров за време на Големата Војна; како бранител на својата татковина Шамар против Ибн Сауд, како кријумчар на оружје во Персискиот Залив; како горешт љубовник на многу жени во многуте делови од арапскиот свет (секако, со сите законски женет во ова или во она време, а потоа исто така законски разведен); трговец на коњи Египет; платеник во Ирак; и, конечно, во текот на речиси пет години, мој придружник во Арабија.

И сега, на крајот од летото 1932 година, ние јаваме заедно, како што тоа го правевме често во минатото, извивајќи се по нашиот самотен пат меѓу песочните дини, запирајќи на некој од ретките бунари, а одморајќи се ноќе под ѕвездите; непрекинатото чкрипење на топлиот песок под нозете на животните; понекогаш, за време на маршот, песната на Зејдовиот зарипнат глас во ритамот на одот на камилите; ноќното кампување, варењето на кафето и оризот и по некоја разуздана игра; свежото дувкање не ветерот преку нашите тела додека лежиме ноќе на песокот; изгревот на сонцето над песочните дини, кое избива црвено, ненадејно како огномет; а понекогаш, како денес, чудо на животот кое се буди во растението што е случајно полеано со вода.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 13:37
Кога влегов во друштвото на д-р Риза Теуфик-беј, емировиот главен со­вет­ник, во шаторот затекнав само еден слуга, црнец, богато облечен во бро­кат, со златна кама 

на појасот. Риза Теуфик-беј беше Турчин, по­ра­не­шен универзитетски професор, а во текот на три години, пред Ке­мал Ататурк, бил Министер за образование во турската влада. Емирот Аб­ду­лах, ми рече тој, ќе се врати за неколку минути; токму сега заседаваше со некои бедуински поглавари во врска со последната  инвазија од Неџд во јужна Трансјорданија. Оние вехабии од Неџд, ми објасни д-р Риза, играат во исламот улога слична на улогата на пуританските реформатори во христијанскиот свет, со оглед на тоа дека остро му се противат на секакво обожување на светците и на многуте мистични празноверија кои се вовлекле во исламот во текот на вековите; тие се исто така и непомирливи непријатели на шерифското семејство, чијшто главатар бил таткото на емирот, Кралот Хусеин од Хиџаз. Според мислењето на Риза Теуфик-беј, религиските погледи на вехабиите не можат лекомислено да се отфрлат; тие, всушност, повеќе му се приближиле на духот на к*ранот отколку на гледиштата кои преовладуваат во масите на повеќето други муслимански земји, па затоа со време би можеле да имаат поволно влијание врз културниот развиток на исламот. Меѓутоа, крајниот фанатизам на овие луѓе донекаде им отежнал на другите муслимани целосно да го оценат движењето на вехабиите, а овој недостаток, истакна тој, би можел добро да му дојде нанекого“, за кого можното обединување на арапските народи е страшна веројатност.

Малку подоцна влезе емиротчовек стар околу четириесет години, со среден раст, со куса руса брадачекорејќи меко во малите, црни влечки од лакирана кожа, облечен во лежерна облека од шушкава бела свила со речиси проѕирна бела волнена абај преку неа. Тој рече:

Ехлен ве сехлен“ – и тоа беше првпат да го слушнам овој елегантен арапски поздрав.

Постоеше нешто привлечно и речиси восхитувачко во личноста на емирот Абдулах, човек со голема смисла за хумор, со топлина во изразот и со подготвеност за духовитост. Не беше тешко да се види зошто во тоа време беше толку популарен кај својот народ. Иако мнозина Арапи не беа задоволни од неговата улога во бунтот против Турците кој го водеше династијата Шариф, а поттикнат од Британците, и тоа го сметаа за предавство на муслиманите, тој сепак добил определен углед со своето заземање за арапската кауза против ционизмот; допрва требаше да дојде денот кога искривоколченостите и пресвртите во неговата политика ќе го направат неговото име омразено во целиот арапски свет.

Сркајќи кафе од малите филџани кои ни ги понуди црниот слуга, разговаравмесо повремена помош на д-р Риза, кој течно зборуваше францускуза административните тешкотии во оваа нова земја,  Трансојрданија, каде што секој е свикнат да носи оружје и да им се покорува само на законите на своето сопствено племе. „Но“, рече емирот, „Арапите имаат доволно здрав разум; дури и бедуините сега почнуваат да сфаќаат дека мораат да ги напуштат своите стари беззакони патишта ако сакаат да бидат слободни од странската доминацијата.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 14:07

Иако и самиот имам еврејско потекло, од почетокот остро му се противев на ционизмот. Покрај моите лични симпатии кон Арапите, сметав дека е неморално доселениците, со помош на странските големи сили, да доаѓаат отстрана со очигледна намера да постигнат мнозинство во земјата и така да го исфрлат народот кому таа земја му припаѓала од памтивек. Според тоа, бев наклонет да застанам на страната на Арапите кога и да доаѓаше до расправа за еврејско-арапското прашањекое, секако, се случуваше мошне често. Овој мој став беше несфатлив практично за сите Евреи со кои доаѓав во контакт во текот на оние месеци. Тие не можеа да разберат што гледав во Арапите кои, според нивно мислење, се само маса на заостанат народ на кој тие гледаа со чувство не многу поинакво од она кое го имаат европските доселеници во Централна Африка. Не беа ни најмалку заинтересирани за тоа што мислат Арапите; речиси никој од нив не се потрудил да го научи арапскиот јазик; секој, без какво било испитување, го прифаќал принципот дека Палестина е законско наследство на Евреите.

Сè уште се сеќавам на кусата дискусија која поради ова ја имав со д-р Шаим Вајцман (Цхаим Њеизман), неспорниот водач на ционистичкото движење. Тој беше дошол на една од своите периодични посети на Палестина (мислам дека негово постојано живеалиште беше Лондон), а го сретнав во куќата на еден пријател, Евреин. Моравте да бидете импресиониран од неговата неизмерна енергијаенергија која дури се манифестираше во неговите телесни движења, во долгите, еластични чекори со кои одмерено чекореше горе-долу низ собатакако и со силата на умот која се открива во широкото чело и во остриот поглед на неговите очи.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2008 во 11:24

Зборуваше за финансиските тешкотии кои го мачат сонот за еврејската национална татковина и за недоволниот одговор за овој сон меѓу луѓето во странство; имав вознемирувачки впечаток дека дури и тој, како и многуте други ционисти, е наклонет моралната одговорност за сето што се случува во Палестина да му ја префрли нанадворешниот свет“. Тоа ме натера да ја прекинам понизната тишина во која сите пруисутни го слушаа и да прашам:

А што со Арапите?“

Мора да сум постапил нетактично, внесувајќи толку нехармонична нота во разговорот, бидејќи д-р Вајцман полека се сврте кон мене, ја спушти чашата што ја држеше во раката и го повтори моето прашање:

Што со Арапите...?“

Па како инаку межете да се надевате од Палестина да направите своја татковина наспроти жестокото противење на Арапите кои, сепак, се мнозинство во оваа земја?“

Ционистичкиот водач ги спушти рамениците и одговори суво: „Очекуваме дека тие нема да бидат во мнозинство по неколку години.“

Можеби е така. Вие се занимавате со тие прашања со години и мора да ја познавате ситуацијата подобро од мене. Но, сосема независно од политичките тешкотии кои арапската опозиција може или не може да ги постави на вашиот патзарем никогаш не ве вознемирува моралниот аспект на тоа прашање? Зар не мислите дека е нечесно од ваша страна да го прогоните народот кој отсекогаш живеел во оваа земја?“

Но тоа е наша земја“, одговори д-р Вајцман, кревајќи ги веѓите. „Ние само го земаме назад она од што неправедно сме биле лишени.“

Но, вие сте биле надвор од Палестина речиси две илјади години! Пред тоа сте владееле со оваа земја, и тоа одвај со целата земја, помалку од петстотини години. Зар не мислите дека и Арапите, со истото оправдување, би можеле да ја побараат Шпанија за себебидејќи, најпосле, тие владееле во Шпанија речиси седумстотини години и сосема ја загубиле пред само петстотини години?“

Д-р Вајцман стана видливо нетрпелив: „Бесмислица. Арапите само ја покориле Шпанија; таа никогаш не била нивна вистинска татковина, и најпосле и било правично да бидат протерани од Шпанија“.

Простете“, возвратив јас, „но изгледа дека тука постои еден историски пропуст. Впрочем, Евреите исто така дошле во Палестина како освојувачи. Долго време пред нив имало многу други семитски и несемитски племиња населени овдеАморејците, Едомитите, Филистејците, Моабитите, Хетитите. Тие продолжиле да живеат тука откако Римјаните ги протерале нашите предци. Тие и денес живеат тука. Арапите, кои се населиле во Сирија и Палестина по нивното освојување во седмиот век, секогаш биле само мало малцинство во населението; остатокот на она што денес го нарекуваме палестински и сирискиАраписе, всушност, само арабизираните автохтони жители на земјата. Некои од нив станале муслимани со текот на вековите, другите останале христијани. Муслиманите, секако, стапувале во брак со своите истоверници од Арабија. Но зар можете да негирате дека делови од народот на Палестина, кој зборува арапски, без оглед дали се муслимани или христијани, се директни потомци на изворните жители, изворни во смисла дека живееле во оваа земја пред доаѓањето на Евреите во неа?“



Изменето од DAIJA - 11.Јануари.2008 во 11:26
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2008 во 11:31

Д-р Вајцман учтиво се насмеа на мојот испад и го сврте разговорот на друга тема.

Не бев задоволен од исходот на своето посредување.

Секако, не очекував било кој од присутнитенајмалку самиот д-р Вајцман да се определи за моето уверување дека ционистичката идеја е мошне ранлива од морален аспект; но се надевав дека мојата одбрана на арапската кауза барем ќе предизвика некој вид непријатност кај ционистичкиот водачнепријатност која би можела да доведе до малку повеќе самокритика и на тој начин, можеби, до поголема подготвеност да се признае постоењето на можното морално право во спротивставувањето на Арапите... Ништо од тоа не се случи. Наместо тоа, се најдов пред безличен ѕид на искокорени очи: остро осудување на мојата непромисленост, дека сум се осмелил да се посомневам во неспорното право на Евреите на земјата на нивните предци...

Како е можно, се прашував, луѓе надарени со таква креативна интелигенција како што се Евреите да мислат за ционистичко-арапскиот конфликт само од еврејски аспект? Зар не сфаќаат дека проблемот на Евреите во Палестина може на крајот да биде решен само преку пријателска соработка со Арапите? Зарем беа толку безнадежно слепи кон болната иднина што нивната политика мора да ја донесе? – кон борбите, горчливоста и омразата во кои еврејскиот остров, дури и ако привремено биде и успешен, ќе остане засекогаш изложен среде арапското море?

И колку е чудно, си помислив, дека нацијата, што има претрпено толку многу неправди во текот на својата долга и несреќна дијаспора, е сега подготвена, во тесноградиот стремеж кон својата сопствена цел, да й нанесе тешка неправда на друга нацијаи тоа на нацијата која е недолжна за сите минати еврејски страдања. Таквата појава, знаев, не й беше непозната на историјата; но тоа, сепак, предизвика во мене тага гледајќи дека се случува пред мои очи.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2008 во 11:35
ОДЕВ ПО ПАТОТ за Галилеја.

Во попладнето Есдрелонската рамнина лежеше десно под мене, прошарана со светлини и со сенки. Поминав низ Назарет и пред ноќта стигнав во некое арапско село кое беше во сенка на дрвјата црн пипер и на чемпресите. Пред вратата на првата куќа седеа неколку мажи и жени. Застанав, прашав дали е тоа Ал-Рајна и по потврдниот одговор токму посакав да тргнам кога една жена ме повика:

Господине, зар нема да се освежиш?“ – и, небаре погодува дека сум жеден, ми подаде стомна со студена вода. Кога се напив до мила волја, еден од мажитеочигледно нејзин мажме праша:

Сакаш ли да каснеш леб со нас и да преноќиш кај нас?“

Не ме прашаа кој сум, каде одам или што правам, а преноќив кај нив како нивен гостин.

Да  се биде гостин кај некој Арап –  дури и школските деца слушаат за тоа во Европа. Да бидеш гостин на некој Арап значи да влезеш на неколку часа, на некое време, искрено и целосно, во животот на луѓето кои сакаат да ти бидат браќа и сестри. Не е тоа само благородната традиција која им овозможува на Арапите да бидат гостољубиви на толку срдечен начин; тоа е нивната внатрешна слобода. Тие се толку слободни од недовербата кон себеси што можат лесно да им ги отворат своите животи на друг човек. Не им е потребна никаква лажна сигурност на ѕидовите кои на Запад секој ги гради меѓу себеси и својот сосед.

Вечеравме заедно, мажи и жени, седејќи со прекрстени нозе на сламената простирка околу огромниот сад наполнет со каша од грубо мелено жито со млеко. Моите домаќини откинуваа мали парчиња од големите, како хартија тенки лепињи со кои вешто ја грабаа кашата дури и не допирајќи ја со своите прсти. Мене ми дадоа лажица; но јас ја одбив и се обидов, но без успех, и на очигледно задоволство на моите пријатели, да го изведам нивниот едноставен, а сепак отмен начин на јадење.

Кога легнавме да спиеме – околу дванаесетина во една единствена соба – гледав над себе во дрвените греди на кои висеа низи од сув црн пипер и црн патлиџан, во многубројните длабнатини на ѕидовите исполнети со бронзени и земјени потребни работи за в кујна, во телата на заспаните луѓе и жени, и се прашував дали и во својот дом некогаш би се чувствувал повеќе дома.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2008 во 11:36
Se nadevam deka ste vooduseveni od nacinot na pisuvanje, kako i od temite koi gi obrabotuva.
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2008 во 11:37
СО РАЦЕТЕ ВКРСТЕНИ под вратот гледам во оваа арапска ноќ која се надвива над мене, црна и ѕвездена.

Еден метеор лета во огромен лак, а потоа ете го и другиот, и уште еден: лакови од светлина што ја прободуваат темнината. Дали се тоа само парчиња од некаква космичка несреќа, кои сега бесцелно летаат низ огромноста на вселената? Ах, не! Ако го прашате Зејд, тој ќе ви рече дека тоа се огнените копја со кои ангелите ги бркаат ѓаволите кои во определени ноќи кришум се искачуваат кон небото за да ги откријат Божјите тајни... Дали е тоа можеби самиот Иблис[1], Кралот на сите ѓаволи, кој тукушто го прифатил моќното исфрлување на пламенот таму на исток...?

Легендите врзани за ова небо и неговите ѕвезди ми се поблиски отколку домот на моето детство...

Како би можело да биде поинаку? Отако сум дојден во Арабија, живеев како Арап, облекував единствено арапска облека, зборував само на арапски јазик, сништата ги сонував на арапски; арапските обичаи и сликовитото изразување неусетно ги обликуваа моите мисли, не бев спречуван од душевните воздржаности кои обично го оневозможуваат ту­ѓи­нецотколку и да е добро упатен во однесувањето и во јазикот на зе­м­ја­тада го најде вистинскиот пристап кон чувствата на нејзиниот на­род и неговиот свет да го прими како свој сопствен свет.

Не­надејно морам да се смеам гласно со смеа на среќа и слободатолку глас­но што Зејд со чудење гледа во мене, а мојата камила ја свртува гла­ва­та кон мене со лесно, по малку горделиво движење; дури сега гледам кол­ку единствен и прав, наспроти својата далечина, беше мојот патмојот пат од светот што не го поседував вистински, во светот кој е вистински мој.

Зар не е моето доаѓање во оваа земја, всушност, доаѓање дома? Доаѓање дома на срцето кое го открило својот стар дом преку нишката од илјадници години и сега го препознава ова небо, своето небо со болна радост? Бидејќи, ова арапско небо – толку многу потемно, повисоко, посвечено и побогато со ѕвезди отколку кое и да е друго небо – се надвиваше врз долгата нишка на моите предци, тие талкачи овчари-воини, кога, пред илјадници години, тргнале опседнати од алчноста по земја и плен, кон плодната земја Халдеја и кон непознатата иднина; тоа мало бедуинско племе Евреи, предците на оној човек што ќе биде роден во Ур, во Калдеја.



[1] ИблисЛуцифер (Заб. на прев.).

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2008 во 11:39
Тој човек, Аврам (Ибрахим) всушност не припаѓал во Ур.

Тој бил само припадник на едно од многуте арапски племиња кои во ова или во она време го наоѓале својот пат од гладните пустини на Полуостровот кон северните земји од соништата, за кои се зборувало дека во нив тече мед и млеконаселените земји на Плодната Полумесечина, Сирија и на Месопотамија. Понекогаш таквите племиња успевале да ги победат жителите кои ги наоѓале таму и да им се наметнат како нивни господари, постепено мешајќи се со покорениот народ и развивајќи се, заедно со него, како нова нацијакако Асирците и Вавилонците кои ги изградиле своите кралства врз урнатините на поранешната сумерска цивилизација, или Халдејците кои дошле на власт во Вавилон, или Аморитите, кои подоцна биле познати како Ханаанци во Палестина и како Феникојците на ридовите на Сирија. Во некои други времиња придојдените номади биле премногу слаби за да ги победат оние што стигнале порано и кои биле апсорбирани, или жителите ги потиснувале номадите назад во пустината, присилувајќи ги да бараат други пасишта и можеби други земји што ќе ги покорат. Аврамовото (Ибрахимовото) племечие ориганално име според Битието било Аб-Рамшто на древен арапски значиОној со Голема Желба“ – очигледно било едно од послабите племиња. Библиската приказна за нивното престојување во Ур, на работ од пустината, се однесува на времето кога согледале дека не можат да освојуваат нови домови во земјата на Реките Близначки и токму тогаш посакале да тргнат кон северозапад долж Еуфрат кон Харан, а оттаму во Сирија.

Оној со Голема Желба“, тој мој ран предок кого Бог го навел да оди кон непознати краишта и така да се открие себеси, добро би можел да разбере зошто сум тукабидејќи и тој морал да талка низ многу земји пред да може да го изгради својот живот во нешто што можеш да го зграпчиш со своите раце, и мора да бил гостин на многу непознати срца пред да му биде дозволено да пушти корен. На неговото искуство кое предизвикува почит, мојата ситна збунетост не би му претставувала загатка. Тој би знаелкако што тоа сега јас знамдека смислата на моите талкања лежи во скриената желба да се сретнам себеси, среќавајќи го светот чијшто пристап кон најсокриените прашања на животот, кон самата стварност, беше поинаков од сето она на што се имав свикнато во своето детство и во младоста.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
Studentski Klub Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 272
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Studentski Klub Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2008 во 22:36

Ова се цитати од к*ранот[1] и Суннетот[2] кои муслиманот го упатуваат на особини без кои неговата вера не може да опстане и кои ја сочинуваат неговата среќа на овој и на оној свет.

Тие цитати ги имам пропратено со опширни објаснува­ња кои ја третираат денешната девијантна и декадентна со­стојба на муслиманите[3] гледано на кризата во која се наоѓа нивната етика. Се задоволив со ајетите[4] кои ги наве­дов и хадисите[5] кои ги цитирав и затоа не се занимавав со наведу­вање на цитати од други извори, како што се изреките на имамите[6], мудростите на научниците, совети од побожните и од етичарите, и покрај тоа што нашата културна градина обилува од нив. Сакав судија да ни биде шеријатот[7] и од него да ги извлечам педагошките моменти поради тоа што тие се Божји правци по кои муслиманот мора да се придр­жува, а ако ги избегнува се смета како прекршител на Алла­ховото право.

 

Не е исто кога се препорачува некоја постапка како општа вредност и кога се пропишува истата постапка како верски императив како и другите задожителни ибадети[8] во оваа вера.

*          *          *

Во текот на нашето образование се среќававме со фило­зофијата на моралот и со мислите на филозофите, правила­та и смерниците на човековиот морал

Нè воодушевуваа длабоките мисли на тие филозофи, нè фасцинираше чувството за реалност и стремежот кон возви­шените принципи. Сепак, со ова не сакаме да ги избришеме заслугите на ниту еден човек кој го пропагирал доброто на народите и се трудел да го осветли патот пред нив.

Меѓутоа, намерата ни е на авторите и спасителите да им предочиме на успешните педагошки методи и на прекра­сните примери на човечност и етика што ги има востанове­но носителот на последната мисија. Го извлекол човештвото од заблуда и талкање - на светлина. Авторите во исламот[9] ќе пронајдат ризници со бесценети вредности со кои не може да се мери наследството на грчката и римската филозофија.

Прашале некој муслимански научник: „Дали го имаш читано Аристотеловитот ,Душевен одгој‘?“ Тој одгово­рил: „Не, го имам читано душевниот одгој на Мухаммед, нека е Аллаховиот мир над него, синот на Абдуллах!”

Ние го имаме читано душевниот одгој што го напишал Аристотел и филозофи слични нему. Го имаме читано и душевниот одгој на Мухаммед, синот на Абдуллах, па дојдо­вме до заклучок дека древните филозофи се труделе и се мачеле да направат некои морални норми од кои некои биле комплетни, а некои не. Меѓутоа, тие нивни обиди нао­ѓаат свое совршенство и примена во биографијата на еден човек, етиката на еден народ и светостите на една возвише­на вера.

Тоа е душевниот одгој на Мухаммед, нека е Аллаховиот мир над него.

Благодарни сме Му на Возвишениот Аллах за фактот де­ка субината нè поттикнала да проучуваме некои негови се­гменти и да ги изложиме во еден нов облик.

*          *          *

Оваа книга претставува продолжение од книгата „Веру­вањето на муслиманот“.

Започнавме со вовед за етиката во исламот, која ја повр­зав со другите исламски учења и обреди. Во тој вовед гово­рев и за природата на душата, делувањето на околината итн.

Потоа се осврнавме на особеностите што ги пропагира исламот. Не водевме сметка за посебниот редослед при на­ведувањето на тие доблести.

Гледавме дека е поважно во оваа книга да ги наведеме изворите на текстовите што ги наведуваме, за разлика од она што читателот можел да се сретне во нашите претходни книги.

Се повикуваме на хадисите што му се припишани на Бо­жјиот Пратеник Мухаммед, с.а.в.с.,[10] доколку припаѓаат во сахих (веродостојни) сами по себе или благодарение на дру­гите преданија, потоа на хасен (добри) по себе или од други преданија, како што говорат стручните лица за терминоло­гијата на хадисите

Ова е методата што ја следевме кај сите хадиси без разли­ка дали е спомнат нивниот извор или не.

Примери од Пратениковата биографија во оваа книга преземени се од моите дела „Тејсирул-вусул“ и „Ет-Терги­бу вет-терхиб“. Ако хадисот е наведен во повеќе хадиски збирки[11], се ограничивме на спомнување на само еден извор.

Во текот на пишувањето на ова дело се трудев светлите примери од исламската традиција на читателот да му ги прикажам на еден прифатлив и интересен начин.

Остана онаа друга, тешката страна, која подеднакво ја сносат и читателот и авторот, а тоа е љубовта кон доброто и следењето на неговите исправни патишта.

Мухаммед ЕЛ-ГАЗАЛИ




[1] к*ран - Божјата Реч, светата Книга на муслиманите, последната Божја објава објавена на последниот Божји Пратеник Мухаммед. Во превод значи: „Тоа што се чита“ (Забе­ле­шка на јазичкиот редактор).

[2] Суннет – (со голема буква) традицијата на Божјиот Пратеник Мухаммед, неговите збо­рови и дела собрани како еден основен дел од исламкиот верозакон и пример за живее­ње на исламот. Во нашите простори зборот сунет се користи наместо зборот обрежува­ње, што секако претставува грешка која треба секој од нас да ја поправи (Заб. на ред.).

[3] Муслиман – покорен на Бога, припадник на исламот (Заб. на ред.).

[4] Ајет – цитат или стих од к*ранот. Значи знамение или доказ (Заб. на ред.).

[5] Хадис – сето она што го рекол, сторил или одобрил Божјиот Пратеник Мухаммед, а кое што е забележано и пренесено од некој од неговите современици кој тоа го чул и видел (Заб. на ред.).

[6] Имам – верско свештено лице, предводник во заедничката молитвата, а предводник и во било која друга институција или ситуација. Овде се мисли на четворицата најпознати и најучени имами чиишто правни правци се застапени во светот: Ебу Ханифе, Малик, Шафи и Ахмед ибн Хамбел, нека е Аллах задоволен од сите нив (Заб. на ред.).

[7] Шеријат – исламски верозакон кој се темели врз к*ранот и Суннетот (Заб. на ред.).

[8] Ибадет – обожување, робување, тотална покорност и посветеност на Создателот. Во овој случај се мисли на терминот Богоугодни дела, дела од голема побожност со кои Бог е задоволен (Заб. на ред.).

[9] Ислам – име на единствената вера признаена кај Бог. Ислам значи покорност, послу­шност, мирољубивост, смиреност и мир (Заб. на ред.).

[10] С.а.в.с.  – кратенка од „салаллаху алејхи ве селем“ што значи „нека се Божјиот мир и спас врз него“, а се додава веднаш по спомнувањето на името на Последниот Божји Пратеник Мухаммед (Заб. на ред.).

[11] Хадиските збирки се дела во кои се напишани веродостојните хадиси на Мухаммед, нека е Божјиот мир над него, и од каде се црпи изворното учење на исламот како и начи­нот на доследното живеење на Божјата вера (Заб. на ред.).

Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
Кон врв
Studentski Klub Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 272
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Studentski Klub Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2008 во 22:38

Темелите на исламот и принципите на етиката

Пратеникот на исламот ја прецизира примарната основа на сопствената мисија и јасните облици на неговиот повик:

„Пратен сум за да ги употполнам моралните вредно­сти.“

(Малик)

Се чини дека мисијата која го изгазила својот пат во историјата на животот, чијшто носител вложил огромен труд како би го раширил нејзиното светло и собрал луѓе околу него - има за цел само кристализирање на нивната вредност, осветлување на хоризонтот на совршеноста пред нивните очи за да се движат кон тоа светло потполно уве­ре­ни.

Ибадетите што се пропишани во исламот и кои се смета­ат како столбови во иманот[1] (верувањето) никако не смеат да се сфатат како неми ритуали кои го врзуваат човекот за непознатиот и невидлив свет обврзувајки го на извршување на нејасни работи и бесмислени движења. Не! Не! Обврски­те и нивното извршување исламот што ги бара од секој свој припадник воглавно се редовни вежби што го навикнуваат човекот на исправно постапување во кое тој треба да се при­држува без разлика на ситуацијата во која се наоѓа.

Тие се слични на спортските вежби што човекот досле­дно ги извршува за да може со помош на тие редовни тре­нинзи да ја одржува добрата кондиција и здравиот живот.

Светиот к*ран и благородниот Суннет на јасен начин укажуваат на овие вистини.

Кога укажал на задожителниот намаз[2], Аллах, џ.ш.,[3] ја укажал и причината зошто е пропишан тој намаз:

„И извршувај намаз, намазот, навистина, одвраќа од разврат и од сè што е грдо!“

(Ел-Анкебут, 45)

Тоа значи, оддалечување од недоличностите и чистење од лошите говор и дела ја претставуваат суштината на нама­зот. Во хадисот[4] кој Пратеникот, с.а.в.с., го пренесува од сво­јот Господар се вели:

„Јас навистина го примам намазот од оној кој со него & се покорува на Мојата големина; кој не се охоли пред Моите созданија; кој што не е упорен во непокорноста кон Мене; кој денот го поминува во зикр[5]; кој е милостив кон сиро­мавиот, патникот, вдовицата и човекот во несреќа.“

(Ел-Безар)

Пропишаниот зеќат[6] не е данок што се зема од џебови­те. Напротив! Тој како прво е всадување на чувството на со­милост и благост, зацврстување на врската за познанства и хармонија помеѓу различните класи.

к*ранот укажува на причината за издвојувањето на зе­ќатот:

„Земај од добрата нивни зеќат, со него да ги очи­стиш и благословени да ги направиш.“

(Ет-Теубе, 103)

што значи чистење на душата од негативни елменти и воздигнување на друштвото на едно најблагородно ниво претставува една од најзначајните причини.

Поради сето тоа Пратеникот, с.а.в.с., укажува на широ­ката смисла на зборот садака[7] што треба да ја издвојува му­слиманот:

„Да му се насмевнеш на својот брат е садака; препо­ра­чување на добро и одвраќање од зло е садака; упа­тување на човекот од непознато место е садака; отстранувањето на отпад, трње, и коски од патот се вбројува во садака; прелевање од твојата кофа во кофата од твојот брат се вбројува во садака, и кога гледаш за човекот што има слаб вид - тоа за тебе е садака.“

(Бухари)

Овие учења кои потекнуваат од пустинските предели во кои со столетија беснееле борби и завади, укажуваат на це­лите што ги има зацртано исламот, кои ги соединиле Ара­пите.

Исто така, во исламот има пропишано пост. Исламот на овој ибадет не гледа како на некое привремено воздржување од одредени јадења и пиења. Уште повеќе, тоа се гледа како прв чекор кон перманентна апстиненција од забранети за­доволства и недопуштени страсти.

Потврдувајќи ја оваа смисла, Пратеникот, с.а.в.с., рекол:

„Кој нема да се чува себе си од невистинит говор и лоши дела, нека знае дека на Аллах не Му е потребно неговото воздржување од јадење и пиење.“

(Бухари)

Исто така рекол:

„Постот не е само воздржување од јадење и пиење; треба да се биде воздржан од бесмислен и бесрамен говор. Ако не­кој те опцуе или ти вика, кажи му: ,Јас постам! Јас по­стам!‘“

 (Ибн-Хузејме)

к*ранот укажува на причината на постот:

„О верници! Ви се пропишува пост, како што е про­пишан на оние пред вас, за да ги одбегнувате грево­вите.“

(Ел-Бекаре, 183)

На човекот може да му се причини дека патувањето на светите места на кој што е обврзан секој способен муслиман и кои што претставуваат исламска должност за некои сле­дбеници на оваа вера, патување ускратено од сите етички примеси и дека е тоа по пат на церемонија од другите вери, чија причина не се знае. Тоа е погрешно. Говорејќи за овој обред, Возвишениот Аллах вели:

„Хаџџот[8] е во одредени месеци, па за оној кој ќе се обврзе дека во нив хаџџ ќе изврши нема однос со же­ната и нема грди зборови, и нема расправии во дено­вите на хаџџот. А за доброто што ќе го направи, Аллах знае. И од она што ви е потребно за на пат снабдете се. А најдобро снабдување е богобојазно­ста. И од Мене плашете се, о вие кои сте со разум обдарени!“

(Ел-Бекаре, 197)

Со ова општо прикажување на некои специфични иба­дети во исламот, кои ги претставуваат неговите основни те­мели, сакаме да укажеме на видовите врски кои што ја врзу­ваат верата со етиката.

Се работи за ибадети кои се различни по својата сушти­на и изглед. Меѓутоа, тие се среќаваат во конечната цел која ја оцртува Пратеникот, с.а.в.с., со зборовите:

„Пратен сум за да ги употполнам моралните вредно­сти.“

Намазот, постот, зеќатот, хаџџот и ним сличните ибаде­ти од исламското учење право го трасираат патот до совр­шените особини и чистите манири. Благодарение на нив животот го добива своето вистинско значење и важност.

Заради овие благородни особини, кои се поврзани со таквиот живот или прават услови за него, овие ибадети за­вземаат важечко место во Аллаховата вера. Затоа што, ако човекот нема корист од нив, не го исчисти срцето, не го изо­стри умот и не ја хармонизира својата врска со луѓето и со Аллах, тогаш тој навистина заталкал.

Аллах, џ.ш., вели:

„Oној кој пред Господарот свој како неверник ќе излезе го чека џехеннем,[9] во него нема ниту да умре ниту да живее; а оние кои пред Него ќе излезат како верници, и кои правеле добри дела, сите нив ги чека­ат високи степени, еденски градини низ кои реки ќе течат, во нив вечно ќе останат. Тоа ќе биде награ­дата за оние од гревовите што се исчистиле.“

(Та Ха, 73-76)



[1] Иман – верба, верување, вера. Верувањето на муслиманите се базира врз шест имански столбови: Верувањето во Аллах (Бог), во мелеците (ангелите), во Книгите (Божјите книги, објави или откровенија), во Пратениците, во Судниот Ден, како и во судбината и Божјето одредение (Заб. на ред.).

[2] Намаз – облигативна, дневна и редовна молитва која се извршува во пет одредени временски периоди во текот на денот. Се состои од рекати. Еден рекат е основен дел од молитвата и се состои од едно стоење - наречено кијам, едно поклонување - руку и две спуштања ничкум - наречено сеџда (Заб. на ред.).

[3] Џ.ш. – кратенка од „Џелле шануху“ што значи „нека е возвишено Неговото Битие“, а се додава веднаш по спомнувањето на името Божје – Аллах, што на арапски јазик значи Бог, а се однесува на истиот Оној Создател во Кого веруваат Евреите и христијаните (Заб. на ред.).

[4] Овде се мисли на хадис кудси, односно на зборовите на Возвишениот Аллах кои не се наоѓаат во Благородниот к*ран, а кои ни ги пренел Неговиот Пратеник (Заб. на ред.).

[5] Зикр – присетување и спомнување на Бога со срце, ум и збор. Спомнување и изгова­рање на неговите убави имиња и совршени својства (Заб. на ред.).

[6] Зеќат - определен, фиксиран дел во износ од 2,5% од вредноста на богатсвото и од секаков имот обврзан со зеќат на еден муслиман, а кој се дава за сиромашните во му­слиманската заедница. Плаќањето на зеќат е задолжително бидејќи тој е еден од сто­лбовите на исламот. Зеќатот е главно економско средство за воспоставување социјална правда и го води муслиманското општество кон напредок и сигурност (Заб. на ред.).

[7] Садака – милостиња (Заб. на ред.).

[8] Хаџџ - Аџилак во светите градови Мека и Медина (Заб. на ред.).

[9] Џехеннем – пекол (Заб. на ред.).

Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
Кон врв
Studentski Klub Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 272
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Studentski Klub Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2008 во 22:41

Слабиот карактер е знак на слабо верување

Иманот е сила која што одвраќа од нискост и упатува на благородни принципи. Од таму, кога Аллах ги повикува Своите робови на добро или ги опоменува за некое зло, тоа го нарекува логички биланс на иманот кој им е сместен во срцата. Многу често во к*ранот наидуваме на ајети што по­чнуваат со: „О вие кои верувате“, а потоа следува она што им се наредува: „плашете се од Аллах и бидете со оние што се искрени“ (Ет-Теубе, 119).

Носителот на пораката објаснува дека цврстиот иман ра­ѓа цврста етика. Секоја девијација во моралот произлегува од слабоста или потполното отсуство на моралот. Тоа е зави­сно од опасностите и фаталноста од тие пороци.

Човекот на кого му е намуртено лицето и неврамнотеже­но однесувањето, кој невнмателно прави грди работи не обрнувајќи внимание на никого, најдобро е опишан со Пра­тениковите, с.а.в.с., зборови:

„Срамежливоста и иманот се тесно поврзани. Кога ќе го снема едното го снемува и другото.“

(Ел-Хаким и Ет-Таберани)

Човекот кој ги вознемирува и злоставува своите соседи заслужува најстрога осуда. За него Пратеникот, с.а.в.с., вели:

„,Се колнам во Аллах, не верува! Се колнам во Аллах, не верува! Се колнам во Аллах, не верува!‘ ,Кој, Божји Пратенику?‘ -Го прашале асхабите.[1] ,Оној од чие вознемирување соседите не се сигурни.‘ -Одговорил Пратеникот, с.а.в.с.

(Бухари)

Забележуваме дека Пратеникот, с.а.в.с., кога ги подучу­вал своите следбеници да избегнуваат бесмислен говор, др­дорења и мизерија, рекол:

„Кој верува во Аллах и во Судниот Ден нека говори добро или нека молчи!

(Бухари)

Пратеникот, с.а.в.с., неуморно работел на всадување и на зацврстување на овие вредности кај своите следбеници сè додека тие не ги дадат своите плодови. Најдобра потпирка во тоа му е искрената и потполна увереност во она во што по­викува.

*          *          *

Некои побожни луѓе сосема неозбилно се поставуваат кон извршувањето на задожителните ибадети. Пред луѓето се прават доследни практичари, додека во стварност чинат грешки што не се прифатливи за возвишената етика и за вистинската вера.

Пратеникот строго им се заканува на таквите недосле­дници и ги опоменува муслиманите на опасноста од нив.

Зошто да се глуми доследност во ибадетите, кога тоа го може и оној кој не ја сфатил нивната суштина ниту се возди­гнал на тоа ниво.

Дури и дете може да ги имитира старите како го извр­шуваат намазот и како ги изговараат потребните зборови...

Глумецот може многу успешно да одглуми скрушеност при извршувањето на најзначајните обреди.

Меѓутоа, ни едното ни другото не претставуваат ни на­јмал дел од вистинското уверение и возвишените стремежи.

Пресуден момент во процената на доброто и моралните вредности припаѓа на непогрешното мерило, а тоа се висо­ките морални принципи.

Тоа најдобро ќе го објасниме со пример од животот на Божјиот Пратеник, с.а.в.с. Еднаш некој човек го прашал:

„,Божји Пратенику, таа и таа жена многу клања, пости, и дарежлива е, но често ги вознемирува соседите. ,Таа е во огнот.‘ -Одговорил Пратеникот, с.а.в.с. ,Божји Прате­нику, -продолжиле асхабите - ,има една жена која малку клања и пости, меѓутоа, таа им дава парчиња младо си­рење и не ги вознемирува соседите. ,Таа е во џеннет[2] одговорил Пратеникот, с.а.в.с.

(Ахмед)

Овој одговор ни укажува на високата вредност на мора­лните прнципи. Покрај тоа, од хадисите гледаме и дека са­даката е колективен ибадет и од повеќестрана корист. Од таа причина кај тој ибадет не постои подразбирлива смале­на мерка како што е случајот кај намазот или постот, кои се лични ибадети.

Пратеникот на исламот не се ограничил на одговор на појавеното прашање Како би ја објаснил врската помеѓу ахлакот[3] и вистинскиот иман. Тој моралот дирекно го вр­зува со исправниот ибадет и го гледа како клуч на успехот на овој свет и спас за ахиретот[4].

Важноста на моралот е навистина голема. Кога се збору­ва за него, мора да се направи една исправна синтеза и да се изврши континуирано советување за да можат тие вредно­сти да се всадат во срцето и во мислите. Резултат на тие напори е сознанието дека иманот, чесноста и ахлакот се кау­зално и нераскинливо поврзани елементи.

Во една прилика Божјиот Пратеник, с.а.в.с., ги прашал асхабите:

„,Знаете ли кој е банкрот?‘ ,Тоа е оној кој што ќе остане без пари и без имот.‘одговориле асхабите. ,Банкрот од мојот уммет[5] е оној кој што на Судниот Ден ќе се поја­ви со неговиот намаз, зеќат, и пост, но ќе се испостави дека тој човек пцуел некого, клеветел друг, оштетил трет, пролил крв на четврт, удрил некој петти. Од пр­виот до последниот ќе земаат од неговите добри дела. Ако не остане од добрите дела пред да ги наплатат тие своите долгови, на него ќе бидат префрлени нивните гре­вови и тој ќе биде фрлен во огнот.‘“

(Муслим)

Тоа е човекот што банкротирал. Истиот потсетува на тр­говец кој во својата продавница има роба од илјада, а должи на друг две илјади. Како може таков сиромав да се смета за богат?

Побожен човек кои извршува некои ибадети, но не пре­станува со правење недозволени работи, мизерни постапки и што лесно се одлучува на насилие, како може да се смета за богобојазен?

Забележано е дека Пратеникот, с.а.в.с., за ваквите случаи навел еден жив пример:

„Убавото однесување го топи гревот како што водата го стопува мразот, а лошото однесување ги поништува де­лата како што оцетот го расипува медот.

(Ел-Бејхеки)

Кога ќе се намножат лошотиите, почнуваат да подјаду­ваат сè околу себе и опасно да се шират, човекот ќе биде оттргнат од верата као што ја оттргнува облеката од себе. Неговото тврдење дека е верник станува најобично набе­­ду­вање. Дали вреди верата без ахлак? Дали има врска помеѓу лошотиите и припадноста кон Аллах?

Укажувајќи на јасните врски кои го поврзуваат иманот со исправниот ахлак, благородниот Пратеник рекол:

„Три својства го чинат човекот мунафик[6], па макар и да пости, да клања, да има појдено на хаџџ и умра[7] и да твр­ди дека е муслиман: кога говори - лаже, кога ветува - не испо­лнува, и кога нешто ќе му се повери - тој изневеру­ва.

(Муслим)

Во едно друго предание се вели:

„Мунафикот има три знаци: кога говори - лаже, кога ве­тува - не исполнува, кога ќе преземе некоја обврска изне­верува. Залудно му е на таквиот човек и тоа што клања и пости и мисли дека е муслиман.

Пратеникот, с.а.в.с., исто така рекол:

„Кој во себе ги има овие четири особини тој е вистински мунфик. Кој има дел од тоа, тој во себе носи дел од муна­фикот сè додека од него не се ослободи: кога нешто ќе му се повери - изневерува, кога говори - лаже, кога на нешто се обврзе - го прекршува, и кога се препира претерува во тоа.

(Бухари)




[1] Асхаби – првата генерација муслимани кои директно го виделе Мухаммед, нека е Бо­жјиот мир над него, го придружувале, учеле од него, најисправно и најдоследно го сле­деле во неговите постапки (Заб. на ред.).

[2] Џеннет – рај (Заб. на ред.).

[3] Ахлак – убаво однесување, морал, исламски бонтон (Заб. на ред.).

[4] Ахирет – Идниот свет, животот по смртта и животот во рајот или пеколот (Заб. на ред.).

[5] Уммет - поголема заедница на муслиманите, сите муслимани без разлика на местопо­ложбата, живеалиштето и националната припадност претставуваат еден народ кој се нарекува уммет (Заб. на ред.).

 

[6] Мунафик – дволичен, лицемер, оној што исполува во делата едно, а во срцето крие нешто сосема друго (Заб. на ред.).

[7] Умра – попратен обред на аџилакот кој не мора да се изврши во времето одредено за аџилак и кое што не е обврзувачко дело, туку доброволно, а за кое следи огромна награ­да од Бога (Заб. на ред.).

Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
Кон врв
temimi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Saudi Arabia
Статус: Офлајн
Поени: 325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај temimi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2008 во 23:13
Aaaaaaaaaaa, a ova deka e izlezeno, pa aj sega, moze...
Ok, moja greska prethodno, no pocekaj da se prodade pa postirajte ja podocna.намигнување
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
Кон врв
temimi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Saudi Arabia
Статус: Офлајн
Поени: 325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај temimi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2008 во 23:15

Што е ислам?

 

               Им реков, еднаш, на своите ученици: „Кога би ви дошол некој туѓинец, па би ви кажал дека располага само со време од еден час и сака за тоа време да дознае што е исламот, како би сте му го објасниле тоа за еден час?“ Одговорија: „Тоа е невозможно! Неопходно е да го проучува монотеизмот, исправното читање на к*ранот (теџвид), толкувањето и коментарот на к*ранот (тефсир), преданијата за говорот и делувањето на Пратеникот (хадисите), исламското право (фикх), основите на исламското право (усули-фикх) и да се задлабочи во проблемите и прашањата од кои Не може да се излезе за пет години!“ Јас на тоа им реков: „Субханалах[1], зарем не дошол еден бедуин да престојува кај Пратеникот еден ден или дел од денот, да го запознае за тоа време исламот, за после тоа да го пренесе на својот народ, станувајќи негов упатувач и учител, мисионер и доставувач на исламот? А освен тоа, зарем Божјиот пратеник, нека е Божјиот мир над него, во хадисот за Џибрил,[2] целата вера не ја објаснил во три реченици, говорејќи во нив за исламот, иманот (верувањето) и ихсанот (доброчинството)? Па зошто да не го објасниме исламот денес за еден час...?“



[1] Субханалах - На арапски јазик значи: славен нека е Бог (заб. на прев.).

[2] Џибрил – Архангелот Гаврил (заб. на прев.).

Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.