IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ФРАГМЕНТИ ОД ЕДНА УБАВА КНИГА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ФРАГМЕНТИ ОД ЕДНА УБАВА КНИГА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
Автор
Порака
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 11:38

Некаков таинствен предмет со свиреж профучи над мојата глава... Ја кренав раката добив силен и несфатлив удар... Од што? Времето и мислата се испретурија еден преку друг и станаа нејасни... Низ поројниот дожд и бревтањето на коњот можев да го слушнам, во секунди кои беа како часови, немилосрдниот звук на вшмукување на мочуриштето... Крајот мора да е блиску. Ги олабавив своите стопала од узенгиите, подготвен да скокнам од седлото и самиот да ја опитам својата среќа – можеби би можел да се спасам ако легнам рамно на почвата, кога, ненадејно, неверојатно, коњските копита повторно удрија по тврдата почва, еднаш два пати... и, со воздишка на олеснување, ги повлеков уздите и го смирив растрепереното животно. Бевме спасени...

Дури сега се сетив на својот придружник и, сиот во страв, викнав: „ИбрахимеНикаков одговор. Срцето ми смрзнува.

Ибрахиме...!“ Но околу мене беше само темната ноќ и поројниот дожд. Дали бил во состојба да се спаси себеси? Со зарипнат глас повторно викнав: „Ибрахиме!“

Тогаш, речиси неверојатно, се слушна слаб звук од голема далечина: „Овде... овде сум!“

Сега му беше ред на мојот разум да се смири: Како сме се оддалечиле толку?

Ибрахиме!“

Овде... овде!“

И следејќи го гласот, водејќи го својот коњ за уздите и испитувајќи секоја педа од почвата со своите стапала, одев полека, мошне внимателно кон оддалечениот глас; таму беше Ибрахим, мирно седеше на своето седло.

Што ти се случи, Ибрахиме? И ти ли заталка во мочуриштето?“

Во мочуриштето...? Нејас едноставно стоев мирно кога вие ненадејно, не знам зошто, одгалопиравте.“

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 11:39

Некаков таинствен предмет со свиреж профучи над мојата глава... Ја кренав раката добив силен и несфатлив удар... Од што? Времето и мислата се испретурија еден преку друг и станаа нејасни... Низ поројниот дожд и бревтањето на коњот можев да го слушнам, во секунди кои беа како часови, немилосрдниот звук на вшмукување на мочуриштето... Крајот мора да е блиску. Ги олабавив своите стопала од узенгиите, подготвен да скокнам од седлото и самиот да ја опитам својата среќа – можеби би можел да се спасам ако легнам рамно на почвата, кога, ненадејно, неверојатно, коњските копита повторно удрија по тврдата почва, еднаш два пати... и, со воздишка на олеснување, ги повлеков уздите и го смирив растрепереното животно. Бевме спасени...

Дури сега се сетив на својот придружник и, сиот во страв, викнав: „ИбрахимеНикаков одговор. Срцето ми смрзнува.

Ибрахиме...!“ Но околу мене беше само темната ноќ и поројниот дожд. Дали бил во состојба да се спаси себеси? Со зарипнат глас повторно викнав: „Ибрахиме!“

Тогаш, речиси неверојатно, се слушна слаб звук од голема далечина: „Овде... овде сум!“

Сега му беше ред на мојот разум да се смири: Како сме се оддалечиле толку?

Ибрахиме!“

Овде... овде!“

И следејќи го гласот, водејќи го својот коњ за уздите и испитувајќи секоја педа од почвата со своите стапала, одев полека, мошне внимателно кон оддалечениот глас; таму беше Ибрахим, мирно седеше на своето седло.

Што ти се случи, Ибрахиме? И ти ли заталка во мочуриштето?“

Во мочуриштето...? Нејас едноставно стоев мирно кога вие ненадејно, не знам зошто, одгалопиравте.“

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 11:46

Одгалопирав... Загатката беше решена. Борбата со мочуриштето беше дел од мојата фантазија. Мојот коњ мора едноставно да нагазил на калливиот дел од патот, а јас, мислејќи дека сме влегле во мочуриштето, сум го шибнал и сум го натерал во бесен галоп и, измамен од мракот, неговото движење напред погрешно сум го сфатил како очајничка борба со мочуриштето и слепо трчав низ ноќта, несвесен дека има многу глуждовити дрвја распрскани по рамнината... Овие дрвја, а не мочуриштето, беа непосредната, вистинска опасност: малата гранка која ја удри мојата рака можеше исто така да биде и поголема гранка, која можеше да ми го скрши черепот и така моето патување да го донесе до решителен крај, во некој неозначен гроб во Јужен Иран...

Бев бесен самиот на себе, двојно бесен, бидејќи сега бевме изгубиле секаква ориентација и веќе не можевме да й влеземе во трага на патеката. Сега веќе никогаш нема да го најдеме каравансарајот...

Но, повторно немав право.

Ибрахим се симна од коњот за да го разгледа теренот и можеби на тој начин да ја пронајде патеката, и додека тој така лазеше на сите четири, неговата глава ненадејно удри во ѕидтемниот ѕид на каравансарајот Кхан-и-Кхет!

Да не беше моето замислено препнување во мочуриштето, ние ќе продолжевме, ќе го промашевме каравансарајот и навистина ќе се загубевме во мочуриштето кое започнува, како што наречиси дознавме, одвај двесте метри пред нас...

Каравансарајот беше еден од многуте пропаднати остатоци од епохата на шахот Абас Великиотмоќни ѕидни блокови со подрумски ходници, со расклатени порти и со урнати огништа. Овде-онде можевте да забележите траги од стари резби на гредите над вратите и испукани порцелански плочки; неколкуте вселиви соби беа запуштени, со стара слама и со коњски лепешки по подот. Кога Ибрахим и јас влеговме во главниот трем, го сретнавме надзорникот на каравансарајот како седи покрај отворениот оган на голиот под. Покрај него беше еден босоног ситен човек обвиткан во парталава наметка. Кога ние се појавивме, и двајцата скокнаа на нозе, а малиот непознат свечено се поклони со живо, речиси театрално движење, со десната рака над срцето. Неговата наметка беше покриена со безбројни повеќебојни латици; беше извалкан, сосема неуреден, но неговите очи блескаа, а лицето му беше ведро.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 11:57

Надзорникот излезе од собата за да се погрижи за нашите коњи. Ја слеков мојата натопена наметка, додека Ибрахим веднаш се зафати околу подготвувањето чај на отворен оган. Со љубезност на голем господин кој не губи ништо од своето достоинство ако е љубезен кон пониските од себе чудното мало човече љубезно ја прифати чашата чај што му ја понуди Ибрахим.

Без каква било непристојна љубопитност, тој се сврте кон мене, небаре започнува разговор во салон: „Вие сте Англичанец, џанаб-и-али?“

Не, јас сум Австриец, Намсави.“

Дали би било непристојно ако ве прашам дали работата ве донесува во овие краишта?“

Јас сум писател во весник“, одговорив јас. „Патувам низ вашата земја за да им ја опишам на нашите луѓе. Тие сакаат да дознаат како живеат и што мислат другите.“

Тој потврди со главата со насмевка на одобрување на лицето и потона во тишината. По некое време извлече мало глинено наргиле[1] и бамбусов стап од наборите на својата наметка, го прицврсти стапот на глинениот сад, потоа меѓу своите дланки протри нешто што е слично на тутун и го стави тоа внимателно, небаре е повредно од злато, во вдлабнатината на лулето, покривајќи го со живо масло. Со очигледен напор го повлече чадот низ  бамбусовиот стап, жестоко кашлајќи и чистејќи го грлото. Водата во наргилето клокотеше, а остриот мирис почна да ја исполнува собата. Дури тогаш го препознав: тоа беше индиски хемп, хашиш, а потоа го сфатив и чуното однесување на овој човек; тој беше хашаши, наркоман. Неговите очи не беа засенчени како очите на пушачите на опиум; тие блескаа со некој вид на изделена, безлична сила, зјапајќи во далечината која е бескрајна, оддалечена од реалниот свет околу нив.

Гледав во тишината. Кога конечно го допуши своето луле, ме праша:

Нема ли да пробате и вие?“



[1] Nargile – cevka za pu{ewe tutun, vo koja ~adot se filtrira niz voda; vo nekoi zemji e nare~eno „huka“.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 12:05

Одбив со благодарност; сум пробувал опиум еднаш или двапати (без какво било особено задоволство), но ова со хашишот ми се чинеше премногу напорно и невкусно дури и за да пробам. Хашаши се смееше безгласно, неговите шашливи очи се лизгаа преку мене со пријателска иронија:

Знам што мислите, почитуван пријателе. Вие мислете дека хашишот е ѓаволска работа и се плашите од него. Бесмислица! Хашишот е божји дар. Мошне добарособено за духот. Видете, хазрет,[1] дозволете да ви го објаснам тоа. Опиумот е лошво тоа нема никакво сомнениебидејќи тој во човекот буди копнежи по недостижни работи, во неговите соништа  внесува лакомост како кај животните. Хашишот, меѓутоа, ја смирува  секоја лакомост и нè прави рамнодушни кон сите работи од овој свет. Тоа е тоа: нè прави задоволни. Би можеле да ставите куп злато пред хашашијатане само додека тој пуши, туку кога и да еа тој не би го пружил по тоа дури ни својот мал прст. Опиумот ги прави луѓето слаби и страшливи, а хашишот го убива секој страв и прави човекот да биде храбар како лав. Ако побарате од хашашијата да се нурне во ледена река среде зима, тој едноставно би се нурнал во неа и би се смеел... Тој спознал дека да се биде без лакомост значи да се биде без страви дека, ако човекот го надминал стравот, тој исто така ја надминал и опасноста, знаејќи дека што и да му се случи, тоа е негов удел во сето она што се случува...“

Тој повторно се насмеа, тресејќи се со онаа куса, треперлива, безгласна смеа која се наоѓа меѓу потсмевањето и добронамерноста; потоа престана да се смее и само се клештеше зад својот облак од чад, со своите блескави очи насочени кон неподвижната далечина.



[1] Hazret – lit. „dr`ење“; термин за обраќање, грубо еквивалентен наВаше Височество“.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 12:34
Во согласност со традицијата во нашето семејство, преку приватните учители дома примив совршена основа од еврејските религиски науки. Ова не беше како резултат на некаква јасна религиозност на моите родители. Тие й припаѓале на генерацијата која, додека со празни зборови го изразувале припаѓањето во ова или во она религиско верување кое ги  обликувало животите на нивните предци, никогаш не направиле ни најмал обид да го усогласат својот практичен живот, или дури својата етика и мислите, со тие учења. Во такво општество и самата идеја за религијата била сведена на една од двете работи: здодевниот ритуал на оние кои со навикаи само со навикасе врзувале за своето религиско наследство, и циничната рамнодушност на ониелибералнитекои ја сметале религијата за застарено празноверие со кое пенекогаш можеме, формално, да се  согласиме, но од кое тајно се срамиме, како од нешто интелектуално  неодбранливо. Судејќи според сè, моите родители й припаѓаа на првата категорија, но понекогаш имав нејасно насетување дека татко ми барем се стремел кон второто. Сепак, за разлика од својот татко и од тестот, тој инсистираше јас да поминувам долги часови над светите списи. На тој начин во тринаесеттата година, не само што со леснотија можев да читам на хебрејски туку и го зборував течно и покрај тоа сум добив пристојно познавање на арамејскиот јазик (на кој веројатно треба да му се заблагодарам за леснотијата со која подоцна го совладав арапскиот). Во оригинал го проучував Стариот Завет. Мишна и Гемарт.е. текстот и коментарот на Талмудотми станаа блиски. Можев со многу самодоверба да расправам за разликите меѓу вавилонскиот и ерусалимскиот Талмуд, се продлабочував во заплетканотисте на библиските егзегези, наречени Таргум, токму како да сум предодреден за рабинска кариера
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 12:51

Наспроти сето ова расцутување на религиската мудрост, или можеби токму поради тоа, кај мене речиси се разви чувство на презир кон многуте поставки на еврејското верување. Секако, јас не ги негирав учењата за моралната праведност толку силно нагласена во еврејските списи, ниту возвишената свест за Богот на еврејските пратеници, но мене ми изгледаше дека Бог, според Стариот Завет и според Талмудот, е претерано загрижен за ритуалите со кои Неговите верници треба да Го обожуваат. Исто така ми дојде мислата дека овој Бог е чудно преокупиран  со судбината на еден одделен народ, Евреите. Самата градба на Стариот Завет, како историја на Аврамовите (Ибрахимовите) потомци, се стреми да го претстави Богане како оној што го создава и го одржува целото човештво, туку повеќе како племенско божество кој сето создавање го приспособува кон потребите наодбраниот народ“; наградувајќи го со победи ако е праведен, а казнувајќи го со рацете на неверниците кога ќе  скршне од пропишаниот пат. Гледан во светлината на овие основни недостатоци, дури и етичкиот жар на подоцнежните пратеници, како Исаија и Еремија, изгледал лишен од универзалната порака.

Иако ефектот на моите поранешни студии беше спротивен од намератаоддалечувајќи ме од религијата на моите предци повеќе отколку да ме приближат кон неачесто мислам дека тие во подоцнежните години ми помогнаа да ја сфатам основната суштина на религијата, каква и да била  нивната форма. Меѓутоа, во тоа време, моето разочарување со јудаизмот не ме водеше во потрага кон спиритуалните вистини во други насоки. Под влијание на агностичката средина, се свртев, како и мнозина од момчињата на моја возраст, кон прозаичното отфрлање на институционалните религии; бидејќи мојата религија никогаш не ми значеше повеќе отколку серијата рестриктивни прописи, не се чувствував лошо поради тоа што се оддалечив од неа. Теолошките и философските идеи сè уште вистински не ме засегаа; она на што се радував не се разликуваше многу од очекувањата на мнозина други: акција, авантура, возбудувања.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 13:04

ЗА ВРЕМЕ од околу две години по крајот на Првата светска војна студирав, по малку на површен начин, историја на уметноста и философија  на Виенскиот универзитет. Моето срце не беше во тие студии. Не ме привлекуваше мирната академска кариера. Чувствував копнеж да се фатам во бескомпромисна борба со животот, да влезам во него без ниедна од оние внимателно замислени, вештачки заштити кои околу себе сакаат да ги изградат луѓето со духот свртени кон сигурноста; сакав самиот да најдам приод кон духовниот поредок на нештата кој, тоа го знаев, мора да постои, но којшто сè уште не можев да го разберам.

Не е лесно со малку зборови да го објаснам она што тие денови го подразбирав поддуховен поредок“; секако не ми паѓало на ум за проблемот да размислувам во конвенционални религиски поими или, од тие причини, воопшто за какви било поими. Мојата неодреденост, да бидам праведен кон себеси, не беше мој сопствен производ. Тоа беше неснаоѓање на целата генерација.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 13:24
...Почетните децении од дваесеттиот век беа во знакот на духовен вакуум. Сите етички вредности на кои Европа со векови беше свикната, станаа безоблични под страшниот удар на она што се случи меѓу 1914 и 1918, а никаква нова група вредности сè уште не беше на повидок. Чувството на горчливост и несигурност беше во воздухотпретчувството за општествените и интелектуалните пресврти што предизвика сомнежи дали некогаш може да постои каква било постојаност во човековите мисли и настојувања. Сè изгледаше дека небаре се разлева во безобличност, а духовниот немир на младината никаде не можеше да најде потпирка. Во отсуството на какви било сигурни морални стандарди, никој нам, на младите луѓе, не можеше да ни даде задоволувачки одговори на многуте прашања што нè збунуваа. Науката велешезнаењето е сè“, но забораваше дека знаењето, без етичка цел, може да води само кон хаос. Општествените реформатори, револуционерите, социјалиститесите оние кои, без сомнение, сакаа да изградат подобар и посреќен светмислеа само во рамките на надворешните, општествени и економски   околности. За да го премостат тој недостаток, тие ја изградија својатаматеријалистичка концепција на историјатана ниво на некој нов вид антиметафизичка метафизика. Традиционално религиозните луѓе, од друга страна, не знаеја ништо подобро отколку на својот Бог да му припишуваат својства извадени од нивните сопствени навики во размислувањето, кое веќе одамна станало круто и бесмислено; а кога ние, младите луѓе, видовме дека овие божемни божествени особини често беа во остра спротивност со она што се случуваше во светот околу нас, самите  себеси си рековме: „Двигателните сили на судбината се очигледно различни од својствата кои му се припишуваат на Бога, затоаБог не постои“.
 

Само на неколкумина од нас ни падна на ум дека причината за целата оваа бркотница можеби би можела да лежи во самоволноста на чуварите на верата кои себеси се сметале за доблесни и кои си го земаат правото да годефинираатБог и, облекувајќи го со својата сопствена облека, Го разделувале од човекот и од неговата судбина.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 13:26

Во одделна личност оваа етичка лабилност можела да води или кон целосен морален хаос и цинизам или, кон алтернативно, кон потрага по креативниот, личен приод кон она што би можело да претставува добар живот.

Ова инстинктивно сфаќање можело, индиректно, да биде причина за мојот избор на историјата на уметноста како главен предмет на универзитетот. Насетував дека вистинската функција на уметноста е и тоа да создава визија на кохерентен, унифицирачки модел што мора да биде во основата на фрагментарните слики на настаните кои ни ги открива нашата свест и кои, ми изгледаше, само на несоодветен начин можат да бидат изразени со концептуални мисли. Како и да е, предавањата на кои присуствував не ме задоволуваа. Моите професоринекои од нив, како Стржитовски и Дворжак, истакнати во своите подрачја на студиитеизгледаа повеќе преокупирани со изнаоѓање на естетските закони кои управуваат со уметничкото создавање отколку со откривањето на неговите најдлабоки духовни импулси: со други зборови, според мене, нивниот пристап кон уметноста беше премногу тесно ограничен на прашањето на формите во кои таа се манифестира.

Заклучоците на психоанализата, која ја запознав во оние денови на младешката збунетост, ме оставија, иако поради некои други причини, незадоволен. Без сомнение, психоанализата во тоа време беше интелектуална револуција од прв ред и бевме сосема сигурни дека широкото  отворање на оваа досега заборавена врата на сознанието треба да има длабоко влијание врза можеби и сосема да го изменичовековото мислење за себеси и за неговото општество. Откривањето на улогата што ја играат несвесните поттици во формирањето на човечката личност отворија, без никакво сомнение, патишта за подлабоко саморазбирање отколку што ни нудеа псохолошките теории од поранешните времиња. Бев подготвен да го признаам сето ова. Всушност, стимулот на идеите на Фројд беше исто толку опивачки за мојот млад дух колку и силното вино, и бројни беа вечерите поминати во виенските кафеани во возбудливи расправи меѓу некои од раните пионери на психоанализата како што се Алфред Адлер, Херман Стекл и Ото Грос. Но, додека вистински не ја оспорував валидноста на нејзините аналитички принципи, бев вознемирен од интелектуалната ароганција на новата наука, која се обидуваше сите тајни на човековото Јас да ги сведе до серија од неврогенетски реакции. Философскитезаклучоцидо кои дошле нејзините основачи и следбеници некако ми изгледаа премногу измазнети, самосвесни и премногу поедноставени за да можат да бидат дури и блиску до конечните вистини; и тие навистина не укажаа на некој нов пат кон добриот живот.

 

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 13:28
Иако таквите проблеми често го преокупираа мојот дух, тие, всушност, не ми пречеа. Никогаш не сум бил премногу наклонет кон метафизичките размислувања или кон свесното трагање по апстрактнитевистини“. Моето интересирање повеќе се движеше во насока на нештата кои се гледаат и се чувствуваат: луѓето, активностите, односите.

Токму тогаш почнав да ги откривам односите со жените.

Во општиот процес на распаѓањето на утврдените општествени обичаи што настапи по Светската војна, многуте ограничувања меѓу машкиот и женскиот пол попуштија. Мислам дека она што се случи не беше толку бунт против претераната строгост на деветнаесеттиот век, колку пасивно бегање од состојбата на работите во што определените морални стандарди беа сметани за вечни и несомнени во условите во кои сè беше оспорувано: нишањето на нишалото од вчерашното утешно верување во континуитетот на човековиот подем до горчливото разочарување на Шпенглер, до моралниот релативизам на Ниче и до духовниот нихилизам поттикнат од психоанализата. Гледајќи назад на оние рани повоени години

чувствувам дека младите луѓе и жените кои со толку многу ентузијазам зборуваа и пишуваа заслободата на телото“, беа многу далеку од зовриениот дух на Пан што толку често го повикуваа: нивните воодушевувања беа премногу самосвесни за да бидат обилни, а премногу толерантни за да бидат револуционерни. Нивните сексуални односи имале, по правило, некаков случаен карактеропределена обмислена благост која често водела до промискуитет.

Дури и да се чувствував врзан за остатоците на конвенционалната моралност, ќе беше извонредно тешко да не бидам повлечен во трендот кој стана толку распространет. Како стоеја работите јас, како и толку други од мојата генерација, повеќе му се восхитував на она што се сметаше забунт против празните конвенции“. Флертуавањата полека преминуваа во поблиски односи, а некои од нив во страсти. Меѓутоа, не мислам дека бев слободоумен, бидејќи во сите мои младешки љубови, колку и да беа  површни и краткотрајни, постојано постоеше проблесокот на надежта, нејасна но постојана, за да може таа страшна изолираност, која толку очигледно ги разделуваше луѓето, да биде разбиена со спојувањето на еден маж и една жена.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 13:30

Стигнавме“, чукајќи на вратата со тупаницата.

Вратата се отвори со чкрипање, еден старец со беззабо мрморење ни посака добредојде, „ехлен, ехлен ве сехлени низ кусиот ходник со две свртувања вдесно влеговме во дворот на куќата која однадвор одвај личеше на колиба облепена со кал.

 

Дворот беше широк и светол, поплочен како огромна шаховска плоча со бели и црни мраморни плочки. Во нискиот, осмоаголен базен во средината во весела игра прскаше фонтана. Лимоновите стебла и грмушките со олеандер засадени во отворите во мраморниот под ги даваа своите процутени и со плодови натежнати гранки насекаде по дворот и долж ѕидовите на куќата, кои од врвот до дното беа прекриени со најфино изработени рејлефи од алабастер, покажувајќи заплеткани геометриски форми и листовидни арабески, прекинати само со прозорците со широки тантелени рамки во мермер. На едната страна на дворот ѕидовите беа вдлабнати така што, на височина од еден метар над земјата, е формирана длабока вдлабнатина во ѕидот со големина на широка соба, до која се пристапува преку широките мраморни скали. Долж трите ѕида на оваа вдлабнатинанаречена ливанпоставени се ниски дивани прекриени со брокат, а на подот се наоѓаше скапоцен килим. Ѕидовите на вдлабнатината беа обложени со огромни огледала до височина од околу пет метри, така што целиот двор со своите дрвја, со својот црно-бел под, со своите релјефи од алабастер, со мраморните отвори на прозорците и со изрезбаните врати кои водат во внатрешноста на куќата, како и со шаренилото на гостите кои седеа на диваните или шетаа околу фонтанатасето ова беше удвоено во огледалата од ливанот. А кога ќе погледнете во нив, откривате дека спротивниот ѕид на дворот е покриен со слични огледала по целата своја широчина, така што целата глетка се рефлектира двапати, четирипати, стотинапати и се претвораше во магична, бескрајна лента од мрамор, алабастер, фонтани, безбројно мнозинство луѓе, шума од лимонови стебла, грмушки олеандербескрајна земја на сништата што блескаше под вечерното небо сè уште црвеникаво од зраците на Сонцето што заоѓа...

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 13:32

Таква куќаедноставна и неукрасена од уличната страна, богата и прекрасна однатреза мене беше нешто сосема ново; но со време разбрав дека тоа е типичен начин на живеење на богатите не само во Сирија и во Ирак, туку исто така и во Иран. Ни Арапите ниту Персијците на почетокот не водеа сметка за фасадите; куќата беше наменета да се живее во неа и нејзината функција беше ограничена на нејзината внатрешност. Ова беше нешто сосема поинакво од изнудениотфункционализампо кој толку многу се стреми во модерната западна архитектура. Западните луѓе, заплеткани во некој вид превртен романтизам, несигурни во своите сопствени чувства, и ден-денес градат проблеми; Арапите и Персијците градатили барем до вчера граделекуќи.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 13:34

Домаќинот ме седна на својата десна страна на диванот, а еден босоног слуга ми подаде кафе на малиот послужавник од месинг. Чадот од наргилите што шумолеа се мешаше со воздухот намирисан со мирис на роза и пловеше во облачиња кон засенетите свеќи што се палеа, една по друга, долж ѕидовите и меѓу темното зеленило на дрвјата.

Друштвотосите мажибеше мошне разновидно: луѓе во кафтани од ригеста, шушкава дамаска свила или кинеска сурова свила со боја на слонова коска, во широки џубиња од пастелно обоена фина волна, со злато извезени бели турбани преку црвените тарбуши; луѓе во европска облека но очигледно удобна со вкрстени нозе на диванот. Ноколу бедуински главатари од степата со својата придружба беа тука; со црни и горделиво живи очи, со мали црни бради околу слабите, мургави лица. Нивната нова облека шушкаше при секое движење, а сите носеа сабји со сребрени корици. Тие беа негрижливи и сосема релаксирани; вистински аристократисамо што нивната релаксираност, за разлика од онаа кај европските аристократи, не беше мек сјај одгледуван со генерации на предадена грижа и добро живеење, туку како топол оган кој произлегува од сигурноста на нивните сфаќања. Добар воздух, сува и чиста атмосфераистиот воздух што еднаш навистина сум го почувствувал на работ од  пустината; ве прегрнува во својата невиност, но не се наметнува. Тие беа како далечни пријатели, како минувачки посетители на ова место; нивниот слободен живот, животот без цел, ги очекуваше на друго место.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.