|
АКО ИСУС НЕ ВОСКРЕСНА,КАКО ЌЕ СУДИ? |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
efendija
Сениор Регистриран: 18.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2175 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Toa tie isto kako i stvaranjeto na Adem a.s.,no za nego ne velete deka e Bog!Vo k*r,anot jasno stoi: "PRIMEROT NA ISA E KAKO PRIMEROT NA ADEM..." |
|
"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
|
|
postariot brat
Сениор Регистриран: 20.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 491 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Da ama Isus za razlika od Adam ostanal poslusen do kraj, so toa sto jadel od drvoto na zivotot-vistinskata ljubov otkako veke preku svoite predci -Adam probal od spoznanieto.So sto preku uspesnata zadaca zasluzil da stane eden od Niv-Bog
Inaku i Adam bil sozdaden spored Bozjiot obraz(izgled). |
|
Od iskona, do denes, a i vo vecnosta sekogas so nas e postariot brat Hristos, zosto se smiluva na nas i ni dade sansa da poveruvame, i da se nareceme ceda bozji.
|
|
postariot brat
Сениор Регистриран: 20.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 491 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Prosto kazano Adam bil sozdaden so site epiteti na Bog samo sto nemal sopstvena mokj za rasuduvanje , posle padot se zdobil so mokj da rasuduva ama go izgubil vecniot zivot, za Isus da pokaze kako treba da se zivee i saka bez da se sudi, so sto povtorno se zdobil so epitetot nalik na biga ili Bog, koj ne sudi nikomu ami sekogo go povikuva da poveruva vo ljubovta iskrena i iscistena od telesni strasti, i so toa da si zivee vecno vo sovrsenstvoto - vo Boga, ili da veruva vo sto saka i po smrtta da mu se sudi spored toa vo sto veruval
-ako veruval vo Satana koj e najlosiot macitel togas i nemu takov ke mu bide rajot - sef ke mu bide Satana pa zamisli kako e da mu sluzis na najgolemiot sadista, (mozda i ne e loso ako si mazohist) -ako ne veruvas vo nisto togas po smrtta i ke se pretvoris vo nisto. -ako veruvas vo reinkarnacija togas mozes da zavrsis kako iljadagodisno drvo sto mozebi i ne e taka loso vo sporedba so predhodnite. -Ako veruvas vo Bog kamen i sl. togas i samiot bi postanal takov. -ako veruvas vo Allah i gi sledis negovite baranja motiviran od bogatstvata koi se nudat vo rajot opisan vo k*ranot togas mozebi i toa ke te snajde samo se plasam dan slucajno ne moze da se izdrzi so tolku zeni naednas i postojano(i mnogu arno ne e na arno) -vo Hristijanskiot raj pak se vika deka sepak covekot ke ima nekakvi odgovornosti, vprocem kako sto i Adam si imal vo rajskata gradina. |
|
Od iskona, do denes, a i vo vecnosta sekogas so nas e postariot brat Hristos, zosto se smiluva na nas i ni dade sansa da poveruvame, i da se nareceme ceda bozji.
|
|
efendija
Сениор Регистриран: 18.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2175 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ocigledno e deka pisuvas so ogromni preskoci,i sakas da analiziras nesto za koe navistina ne sto nesi merodaven,tuku vece zaklucuvam i pojma nemas.Mnogu dobro te citav i te svativ.Poentata bese deka i Isus e sozdaden kako Adam.Pa ti pocna da mi analiziras deka Adam posle padot(na zemjata)dobil moc da rasuduva i analizira no go izgubil vecniot zivot,dodeka Isus pokazal kako se zivee i saka,bez da se sudi...bla bla bla ,za da mi stavis do znaenje deka Adam gi izgubil epitetite na Bog,posto nemal moc za rasuduvanje,dodeka Isus e nesto drugo,toj e Bogot.... Prijatele poentata mi bese vo nesto drugo! Eve vaka:ce ti citiram nekoi pasusi od Stariot i Noviot Zavet,a od tebe baram da mi gi prokomentiras(posto jas sekogas ti odgovarav na tvoite prasanja) STARIOT ZAVET: POCUJ,IZRAILE:GOSPOD,NASIOT BOG,E EDINSTVEN GOSPOD."(Povotoreni zakoni,6:4) "...ZA DA ZNAETE I DA MI VERUVATE,DA RAZBERETE DEKA SUM TOA JAS:PRED MENE NEMASE BOG,I PO MENE NEMA DA IMA.JAS SUM GOSPOD I NEMA SPASITEL OSVEN MENE."(Isaija,43:10-11) "JAS SUM PRVIOT,JAS SUM I POSLEDNIOT;OSVEN MENE NEMA BOG;ZASTO KOJ E KAKO MENE?" (Isaija,44:6) "NEMA DRUG BOG OSVEN MENE,-BOG PRAVEDEN I KOJ SPASUVA,NEMA OSVEN MENE.KON MENE OBRNETE SE I CE BIDETE SPASENI,...ZASTO JAS SUM BOG I NEMA DRUG KAKO MENE...PRED MENE CE SE PREKLONI SEKOE KOLENO."(Isaija,45:21-23) ZA KOJ BOG SE GOVORI OVDE VO STARIOT ZAVET? NOVIOT ZAVET: "I ETE,EDEN COVEK,KOGA PRISTAPI DO NEGO,MU RECE:,UCITELE DOBAR,KAKVO DOBRO TREBA DA NAPRAVAM ZA DA IMAM ZIVOT VECEN?,A ON MU ODGOVORI:,ZOSTO ME NAREKUVAS DOBAR?NIKOJ NE E DOBAR OSVEN EDINIOT BOG.," (Matej,19:16-17) "A ZIVOTOT VECEN E TOA,DA TE POZNAAT TEBE EDINIOT VISTINSKI BOG,I ISPRATENIOT OD TEBE ISUSA HRISTA." (Jovan,17:3) "NA GOSPODA,TVOJOT BOG,DA MU SE POKLONUVAS I SAMO NEMU DA MU SLUZIS!" (Matej,4:10) "CUJ IZRAILE!GOSPOD,BOG NAS,E EDEN GOSPOD." (Marko,12:29) "ZASTO EDEN E BOG,I EDEN E POSREDNIKOT POMEDJU BOGA I LUDJETO-COVEKOT HRISTOS ISUS." (1Timotej,2:5) ZA KOJ BOG STANUVA ZBOR OVDE VO NOVIOT ZAVET? Изменето од efendija - 25.Декември.2007 во 20:05 |
|
"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
|
|
efendija
Сениор Регистриран: 18.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2175 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
-ako veruvas vo Allah i gi sledis negovite baranja motiviran od bogatstvata koi se nudat vo rajot opisan vo k*ranot togas mozebi i toa ke te snajde samo se plasam dan slucajno ne moze da se izdrzi so tolku zeni naednas i postojano(i mnogu arno ne e na arno).
Eve ti sega odgovor i na ova prasanje. ЏЕННЕТ И ЏЕХЕННЕМ (Извадок од ДИЈАЛОГ СО ПРИЈАТЕЛОТ НЕВЕРНИК) Овој пат пријателот беше потполно сигурен во себе. Започна говорејќи полека: Како ќе не казни Бог, а Тој е Сеопшт- Доброчинител- Милозлив, за грев со ограничено траење со вечна казна (...тие вечно ќе останат во џехеннемот)? Кои сме ние и што претставуваме во однос на Божјата големина, за да ни се свети со таква освета. Човекот е само атом во вселената и во однос на Божјата големина значи нешто ситно и безвредно, т.е. не значи ништо. Исправајќи ги претпоставките на пријателот, почнуваме : Прво-не сме ние атом ниту прашка во вселената. Таква е само нашата положба кај Бога. Напротив таа е важна и значајна. Зарем не е Тој оној што не вдахнал со дел од Својот дух? Нели ни се поклонија анѓелите (мелеците)? Нели ни ги вети наследствата на небата и земјата и кажа: „Навистина ги одликувавме синовите Адемови и им дадовме да патуваат по морето и по копното. Ги опскрбивме со најубаво и високо ги одликувавме при многу Наши суштества” (Ел-Исра, 70). Во нас значи има боженствен дух. Во однос на вселената, ние не сме трошка ни атом. Ние така изгледаме кога се гледаат нашите тела во нејзинот простор. Но, зарем ние не ја опфаќаме целата вселена со нашиот ум, појмувајќи ги законите, кои владеат во него. Благодарејќи на ова астронаутот се спушта на Месечината, потврдувајќи ја точноста на нашето знаење. Зарем ова не докажува дека ние, гледајќ на нашиот дух, сме поголеми од вселената и дека го поседуваме? Затоа поетот имал право кога кажа.: „И мислиш дека си мало тело, а во тебе е содржан најголемиот свет”. Човекот е, како што велат суфиите, сеопфатна книга, а вселената се нејзините страници. Човекот значи е голем и важен : тој во себе носи Божји дух. И неговото работење мора да биде пресметано. Што се однесува до приговорот во врска со казнувањето со вечна казна за нешто што е од ограничено траење (гревот) го цениме тоа за уште една грешка во резонирањето на нашиот доктор. Аллах им вели за вечните казненици, кога побарале да бидат вратени на овој свет, па да работат поинаку: “...а кога би биле вратени, сигурно повторно би се вратиле на она што им било забрането. Тие навистина се лажговци...” (Ел-Енам, 28), т.е. нивното грешење не е ограничено со време. Тоа е постојано својство кое би се повторувало, како што се гледа од ајетот; а кога би биле вратени, тие сигурно повторно би се вратиле на она што им било забрането. Тие навистина се лажговци. Нивмиот грев не е значи некаков моментен пад или ситуација во која се нашле. За нив Аллах џ.ш. вели на едно друго место во к*р’анот: „Тој ден кога Аллах ќе ги проживее сите тие на Него ќе му се колнат и ќе сметаат дека со тоа нешто постигнале и здобилее Тие навистина се лажговци” (Ел-Муџаделе, 18). Од наведениот ајет се назира еден друг вид на одлучност и предизвик од страна на казнетите, кој оди до таму да тие се соочуват со Аллах џ.ш. со своите лаги и лажни заклетви и тоа на денот на пресметувањата, на денот кога ќе бидат кренати сите завеси. Тоа е знак на крајно насилство. Не сме овде веќе со грев со ограничено траење, туку пред грев чие траење е вечно и пред душа која во себе носи вечно зло. Оттука и вечната казна за нив. За тоа јасно зборува и ајетот од к*р’анот: „И тие нема да излезат од џехеннем” (Ел-Бекаре,168). А Ибн Ареби вели:„Милоста за овие е што ќе се навикнат на огинот. И таа во пеколот ќе им биде погодна средина”. Без сомнеж постои сродност помеѓу злобните души и огинот. Некои од нив се всушност факели од завист, љубомора, омраза, страст, сите својства на огинот. Ниту еден миг не се, а да не распламнат војна и разгорат огин, зошто огинот е нивно скривалиште и нивна природа. И на таквите души одредиште ќе им биде џехеннемот, кој е праведен за нив. Тоа е поставување на работите на вистинско место. Кога по некаков случај на таквите души џеннетот би им бил засолниште, тие не би го почувствувале(не би им одговарал). Зарем тие не одбиле спокој на земјата? Треба џеннетот и џехеннемот да се разберат во најширока смисла. Огинот во пеколот не е согорителен. Спалувањето на него не е како на овој свет. Бог вели деке неверниците се казнети со џехеннемскиот огин и во него ќе се колнат едни со други. Во неа постои стебло кое дава плод. Тоа стебло се вика Зеккум. Со корења до дното на џехеннемот. Постои и џехеннемска вода која ќе биде пијалок на казнетите. Тој огин во кој се наоѓа стебло и во кој има вода, секако е нешто поразличен од овосветскиот. „Кога еден народ ќе влезе во огинот ќе ја проколнува сестрата. И конечно кога во џехеннемот ќе се испособерат сите, последната ќе и каже на првата:- „Наш Создателу, овие не одведоа во заблуда, па дај им двојна казна!-Бог на тоа ќе каже-Секој ќе има двојна казна, но вие тоа не го знаете” (Ел-Е’араф, 38). И тие во џеххенемот, а тоа е ватра, ќе зборуваат. (“...чиво е гориво луѓето и камењата?”)(Ел-Бекаре,24). Огинот за кој досега стана збор спаѓа во гајбот на нештата. Она што е кажано за него е само симболично. Не смее ова да се разбере така како ние да ги одрекуваме телесноста и сетилноста, а ја признаваме душевната казна. Телесната казна постои и не е дозволено во неа да се сомнева. Ние веруваме во нејзиното постоење. Ние само тврдиме дека дека поединечностите на тоа страдање и нејзиниот начин и сите детални описи , сепак ни се потполно непознати и неспознајни. По она како к*р’анските показанија ни се претставуваат можеме да заклучиме дека тоа не е вообичаениот огин за кој знаеме, какви што ќе бидат и телата што ги знаеме, секако поинаку од овие наши овоземски тела... Тоа истото се однесува и на џеннетот. Не е тоа пазар на зеленчук, хурми, шипки, грозје...Сите тие к*р’ански описи на џеннетот се всушност симболи и носење на пример и приближување на разбирањето: „Примерот на џеннетот кој е ветен мутекијам, е во кој се реките, чива вода е со непроменета питкост и реки од млеко, чив вкус не се менува” (Мухаммед, 15). „Пример на џеннет” т.е. ние донесуваме пример со кој сакаме да ти го приближиме разбирањето на џеннетот, а неговата сушност и поединечностите не ни се откриени во детали. „Па ниедна душа не знае што им е сокриено, што ќе ги развесели нив како награда за она што го сториле”.(Ес-Сеџде, 17). „..на џеннетот, чија широчина ги опфаќа небото и земјата..”(Али Имран, 133). Значи, не е можно џеннетот да биде само бавча . „..и изобилието од овошје, кое никогаш не исчезнува и кое не се забранува” (Ел-Вакиату, 19). Тоа овошје е поинакво од нашето, кое исчезнува и се забранува.. и вино: „Од него нема да ве боли главата, ниту телото ќе ви слабее” (Ел-Вакиату, 32). Тоа вино е поинакво од нам познатото, кое удира во глава и ја зашеметува главата. За џеннетлиите к*р’анот вели: „Ние од нивните гради ја извлековме омразата” (Ел_Е’араф, 43). Овде душите се прочистени на начин кој ни е непознат. Џеннетот е, исто така, гајб, значи нам непознато нешто. Кога го констатираме ова тогаш со тоа не одрекуваме ниту едно телесно уживање. Ние веруваме дека џехеннемот е телесно и душевно страдање, но она што сакаме овде особено да го подвлечеме е тоа дека поединостите на овој благодет и страдање, како и самиот начин како ќе биде тоа ни се непознати. Џеннетот не е ниту пазар на секакво овоштие и зеленчук, а не е ни џехеннемот печка за пржење на месо. Казнувањето на Ахиретот не е покажување на сила од страна на Бога џ.ш. над Неговите робови, туку е чистење, претставување, исправање и милост: „Нема Аллах да ве казни, ако вие Му бидете благодарни и ако верувате” (Ен-Ниса, 147). Основата е значи неказнувањето. Аллах џ.ш. нема да го казни вистинскиот верник. Тој ќе го казнува оној кој е суров и кој Го порекнува и за чие упатување не можеле да помогнат сите средства и начини на упатување, запознавање и вразумување: „И сигурно Ние ќе им дадеме да ја сетат полесната казна пред најголемата, за да се повратат” (Ес-Сеџде, 21). Божјето одредение е тоа овие да ја сетат полесната казна на овој свет за да се пробудат по долго спиење, да се протресат по долго затапување и дремкање („за да се повратат”). Ако не помогнат овие средства и ако оној кој го одрекува Бога и понатаму продолжи да го одрекува, тогаш не останува ништо друго освен негово соочување со вистинската казна за да ја спознае .. а запознавањето на Вистината е всушност, милост. Кога Бог би ги оставил во нивното слепило, во нивното незнаење и би ги запоставил, во самата Негова одлука би имало насилство, а Бог е чист од тоа. Изложување на огин на оние кои го заслужиле тоа е навистина внимание кон нив. Бидејќи сите Божји дела се милост. Тој кон оние кои го заслужиле џехеннемот е милозлив на тој начин што им го дал, на тој начин ги поучил. А кон оној што го спознал и верувал милозлив е воведувајќи го во ветениот му џеннет, кој му припаѓа како чест и признание од страна на неговиот Создател и Господар. „Ќе го казнам со Мојата казна оној кого сакам, но мојата милост опфаќа се” (Ел-Е’арат, 156). Тој значи направил Неговата милост да опфаќа се, па и казната Негова. Да го прашаме сега пријателот дали Бог би бил, по неговото мислење, поправеден ако ги изедначил насилниците со оние на кои насилството им било сторено, убијците со нивните жртви, па сите еднакво ги наградил на оној свет? Дали би било праведно, по мислењето на докторот, да се израмни црното со белото? На оние кои ја исклучуваат Божјата казна им го упатуваме следното прашање: Зарем Бог навистина не не казнува уште на овој свет? Што се староста, болеста, ракот, ако не се казни, но на еден одреден поинаков начин. Кој е творецот на микробитее? Зарен не е тоа опомена и предупредување дека сме пред Бог кој може да ни прати казна. Д-р Мустафа Махмуд |
|
"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
|
|
vd
Сениор Регистриран: 13.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1539 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Човеку, да не одам понатака, уште од првите коментари на темава увидов и ти кажав дека незнаш што пишуваш и каква тема отвараш. Замолив темата да биде избришана поради тоа што нема врска со никакво Исусово судење, според Исламот Алах е единствен кој ќе суди. postariot brat незнам дали свесно или несвесно греши и не го познава учењето на Исламот, односно к*ранот. Напишав некои реченици за ова, DAIJA даде повеќе во врска со ова. Нека грешкава не продолжува и нека темата биде избришана. Го цитирам postariot brat затоа што приметувам дека тој не само што го меша учењето на Исламот, туку ги меша и учењата Христијански. Вели дека ние потврдуваме дека Исус не умрел туку Бог го зел при себе. На што потврдуваме? На Христијанските учења кои велат дека Исус умрел? Што сакаше да кажеш со ова? Едноставно господинов не знае што пишува. connected, избриши ја темава, ако не сакаш, те молам приложи свои аргументи зошто би требало ваква тема да постои! |
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ako ne, barem neka ja zatvori, da ne se brukaat normalnite hristijani....
|
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |