IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ЗОШТО ДА ПРИФАТИМЕ  ИСЛАМ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЗОШТО ДА ПРИФАТИМЕ ИСЛАМ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 11>
Автор
Порака
Sahih Bukhari Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Декември.2007
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 389
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sahih Bukhari Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2007 во 09:43
Muslimanite od rekanskiot kraj se gordi na darot da bidat Muslimani, prashaj eden koj saka da ti rece deka zali shto se rodil vo rekanskiot kraj, i deka zali shto e Musliman????

Nema takov, pa ako bi imalo nikoj ne go brani da si konvertira vo Hristijanstvo, neli?

Toa e edna bolna idea gradena so vekovi, imeto torbeshi koj im go dade? oni sami?
Vie vie risjani im go dadovte epitetot Torbeshi, demek si ja prodale verata za torba leb ili shto ti ja znam...
a vie bevte dosledni i si ja zacuvavte verata....

Turcija vladeela vo mak. 500 godini, kolku manastiri, crkvi datiraat od toa vreme, pa ako sakale turcite nemalo da ostavat nepoturcen makedonec, Magdalena imash li ti poima kolkav vremenski pariod e 500 godini???

Albancite za samo 15 god, shto sve napraija vo makedonija, a ne turcite koi vladeele vo Mak,ej vladeeleeeee, oni nemozele da gi poturcat pomalku od 1 miljon Makedonci vo togasno vreme... ti se molam, ne sakale, a znam deka imalo i navistina loshi vladari od strana na turcite za toa vreme, koi ravele nezakonski raboti, no vo globala se pridrzuvale na mototo PRISILA VO VERA NEMA.

Sekoj si ja primil verata po svoja volja, a ne deka bil primoran, i mislam deka ova e tema za koja nebi trebalo da govorime, samo onaka ti napomenav da imash vo predvid i drugi vidici, ne samo toa shto ti go servirale nekoi makedoncinja...
OUR DIGNITY IS IN ISLAM!!!
Кон врв
Sahih Bukhari Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Декември.2007
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 389
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sahih Bukhari Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2007 во 09:48
i t napmenav deka nemoj da mu objasnuvash rekla kazala, a ti kako da ti rekov toa pravigo, pa ushte i pogovorki mi davash...

A usta ne otvarash za linkovite koi ti gi prativ, gledaj magdalena te molam, pa komentiraj i za niv, a ne sekoj eden makedonec samo toa go znae na izust deka rekanskite sela se poturceni i tolku....

koj gi poturcuva lugevo vo germany?????

turcite li dijdoa i ovde, gledaj kolku amerikanci primaat islam....

Te molam poglednigi linkovite koi ti gi dadov, te molam, primi sovet da mozesh da sporeduvash i so drugi mislenja, drugi gledni tocki....
OUR DIGNITY IS IN ISLAM!!!
Кон врв
efendija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај efendija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2007 во 14:31
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Гладот батка гладот, и најумните риби гладот ги води кон јадицата.


 



Epa spored tvoevo sega sto go napisa mila moja,ispadja deka vreme e site makedonci hristijani da go prifatat Islamot.SO OGLED NA SOSTOJBATA KOJA JA IMAME VO DRZAVAVA.
"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
Кон врв
Aisha Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Декември.2007
Локација: Palestine
Статус: Офлајн
Поени: 1119
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aisha Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2007 во 16:15
Ako nekoj go prima islamot zaradi materijalni pricini, togas negoviot islam Allah najdobro znae kakov ke bide....
No deka za toa naterani bile e toa e veke naucna fantastika.
Turcite vladeele vo Makedonija 5 Veka, ako bi go pinuduvale naselenieto da primi islam, pa izracunaj kolku muslimani bi imalo tuka. Vo islamot nema prisila, nikoj nemoze da ti prisili na nesto. Zosto Hilari Klinton vo svojata posledna kniga veli deka islamot e religija koja denes najbrzo se siri. Sto e so Jusuf ISlam, a Muhammed Ali ( e koj li nego go prisilil )
Islamot e religija koja gi osloboduva covekoviot um, mu dava duhovna smirenost, toa sto deneska im e potrebno na lugeto...
Muslimanite na forumov pisuvaa za ubavninite na islamot....
Sekoj koj e razumen neka razmisli za argumentite i neka vidi.
PROUD TO BE A MUSLIM!!!!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2007 во 11:21

Маргарет Маркус

 

Маргарет Маркус е со германско-еврејско потекло. По подолго студирање, таа го прифаќа исламот во Бруклин, Њујорк, и го менува името во Мерјем Џемиле. Таа вели:

„Правилата и законите во исламот се природни, нивниот извор е Господ. Задоволството и среќата во исламот се природни и се резултат на емоционалното задоволство од извршувањето на задачите и обврските на искрен начин кон Бога, со намера да се достигне спасението.

Само во исламот најдов задоволителни одговори за апсолутните вредности, кои постојано ги барав.

Само во исламот ја најдов вистината, доброто и убавото, што ги прават животот и смртта позначајни.“[1]



[1] „Мечот беше тој што ја прошири исламската вера или пак нејзината вистинитост“, Дрита Исламе, Тирана, јуни 1996, бр. 11 (94)

За поопширно може да се прочита книгата: „Преписката меѓу Мерјем Џемиле и ел Мевдуд“, Скопје, 1992.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2007 во 11:21

Сер Роланд Џорџ Алансон

 

Англиски државник, новинар и автор на книги.

„Можно е некои од моите пријатели да помислат дека сум под влијание на муслиманите за да го прифатам исламот! Меѓутоа тоа не е причината, бидејќи моите сегашни уверувања се само заклучок на многуте години размислување. Разговорите за верата со образованите муслимани ги започнав пред само неколку недели. Треба да кажам јавно дека сум многу среќен и задоволен што најпосле најдов одговори на многу мои прашања, при што сите теории и заклучоци се во целосна согласност со исламот.

Конвертирањето во исламот, според к*ранот, треба да е последица на човековата слободна волја да избере, а никако на присилување или на индиректни форми на измама.

Сум познавал многу вредни протестанти кои би ги посетувале католичките места со единствена намера да ги конвертираат нив во протестанти …

Мене ми е многу жал, кога ќе помислам дека и христијанските мисионери се труделе и користеле секакви методи против муслиманите… По моето прифаќање на исламот, добив писмо од неколку луѓе во кое се велеше дека ако не продолжам со верувањето во Христос (како Господ), нема да бидам спасен во задгробниот живот. Но, доколку би се сомневал во пратеничката мисија која Господ му ја доверил на Исус, многу би се вознемирил … Му се заблагодарувам на Алах што не страдам од такво лошо…

Има илјадници мажи и жени кои се муслимани во душите, но од страв од коментарите на противниците, со намера да избегнат секакво вознемирување од јавното мнение, тие се воздржуваат и немаат смелост да ги прифатат фактите.

Јас го направив овој чекор, иако знам дека моите блиски отсега па натаму ќе ме сметаат за човек што ја има изгубено душата… Јас се сметам себеси, со ставот што го имам, за многу подобар христијанин отколку што сум бил порано. Можам да се надевам дека и другите ќе го следат мојот пример.

Искрено верувам дека мојот чекор е добар и дека ќе му донесе среќа на секој човек што ќе го почитува тоа, и дека еден таков чекор не е ни малку непријателски кон  вистинското христијанство.“[1]



[1] Лорд Хедли ел Фарук, Дрита Исламе, Тирана, февруари 1995, бр. 63, стр.4.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2007 во 11:22

Ибрахим Халил Ахмед

 

Црковен проповедник од Александрија. Има добиено многу дипломи од Теолошкиот факултет во Египет и од универзитетот Бостон во САД. Во 1954 година беше секретар на германско-швајцарска делегација. Неговата мисија беше да ги преобрати муслиманите во христијани и да работи против исламот. Меѓутоа, длабокото студирање го натера да го прифати исламот, кое го прогласи и јавно во 1959 година. Има напишано повеќе книги, од кои „Мухамед (Божјиот мир да е над него) во Тевратот и Евангелието“, „Историјата на Бени Израелците“, „Ориенталистите и мисионерите во арапскиот и исламскиот свет“ итн. Тој вели:

„Овој Божји пратеник е поврзан со постојаното чудо за коешто претскажал и месијата Иса (Божјиот мир да е над него), во неговата изрека во врска со тоа: ,…и ќе ве известам за нештата кои ќе дојдат‘. Тоа чудо е к*ранот, бескрајното чудо на Пратеникот.

к*ранот им претходел на современите науки во сите области, како во медицината, астрономијата, географијата, геологијата, правото, психологијата, историјата итн.

Во денешнината науката успева да го открие тоа што е спомнато во к*ранот, дури и пред повеќе од 14 века.

Со целосно убедување ви велам дека кога би бил егзистенцијалист…кој не верува во небесното пророштво и кога би дошле група луѓе да ми зборуваат за тоа со кое к*ранот им претходи на различните науки во сите области, би верувал во Севишниот и Возвишениот Господ, Создателот на небесата и на земјата и никого не би му придружил Нему.

О христијану, во оваа стравотна изгубеност, на Божјиот пратеник му се објави Светиот к*ран за да те извести за Севишниот Алах.

Муслиманот треба да се гордее со неговиот благороден к*ран, затоа што тој е како водата, којашто претставува живот и го оживува секого кој сака да ја победи жедта со него.“[1]

 



[1] Д-р Имадудун Халил, оп. цит., стр. 49.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2007 во 11:23

А. Али Давид

 

Потекнува од брахманистичко семејство (приврзаници на браманизмот). Го прифаќа христијанството преку христијанските мисионери кои биле дојдени во Индија заедно со колонијалистите. Се посветува многу на читањето и кога му се дава можноста да го прочита Светиот к*ран, ја разбира вистината, го напушта христијанството и го прифаќа исламот. За себе раскажува:

„Зедов една копија од преводот на к*ранот на англиски јазик. За време на читањето, сфатив дека к*ранот е света книга за муслиманите. Почнав да читам и да медитирам во врска со содржината на к*ранските поглавја. Тој го присвои целото мое внимание. Се восхитив кога, на првите страници од благородниот к*ран, најдов уверливи одговори на моето прашање за намерата на создавањето. Ова прашање континуирано ме вознемируваше. Ги прочитав ајетите (цитатите) 30-39 од второто поглавје, ел Бекаре. Овие ајети јасно му ја објаснуваат вистината на секој објективен проучувач.

Студирањето на благородниот к*ран има разрешено многу мои ментални дилеми и ми објасни многу противречности сретнати во поранешните небесни книги.“[1]



[1] Ибид, стр. 59.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2007 во 11:23

В. Б. Бекард

 

Англиски автор и писател. Учествувал во Првата светска војна и бил фатен како воен заробеник. Едно време работел во Уганда. Во 1922 година го прифаќа исламот. Ги има напишано книгите „Авантурите на Касим“, „Новиот свет“, итн.

„Имам издвоено копија од значењето на к*ранот, преведен од Савари на француски јазик, една од најскапоцените работи што ги поседувам. При неговото читање доживеав огромно задоволство и бев многу радосен, толку многу што кога завршив со читањето, ми се пристори како зраците на Бескрајната Вистина да ме осветлиле со нивната благословена светлина.“[1]

 



[1] Ибид, стр. 57.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2007 во 11:25

Д. Потер

 

Родена е во Мичиген, Америка, завршила новинарство на универзитетот во Мичиген. По убедувањето дека нема друга вера која им одговара на потребите и на двата пола, и на мажите и на жените, го прифаќа исламот.

„Кога завршив со читањето на к*ранот, ме зафати едно чувство коешто ме натера да разберам дека тој е единствениот кој ги содржи потребните одговори за создавањето и за многу други прашања. Тој ги претставува случувањата по многу логичен редослед, додека истите ги наоѓаме опишани на многу противречен начин во другите верски списи.

к*ранот зборува на величествен начин и со ригорозни методи за случувањата, така што нивната вистинитост и тоа дека тој е Божји збор не може да се порекне.

Божествената содржина на благородниот к*ран е генератор за возвишувањето и за упатството на човекот во спознанието на суштествата, спознание кое е адекватно за секое време.

Како е можно Мухамед, кој бил неписмен и кој пораснал во една неука средина, да достигне да ги спознае чудата на универзумот, опишани во благородниот к*ран. Современата наука и ден-денес продолжува со напорите да ги открие и да ги студира овие чуда. Оттука, нема сомневање дека к*ранот е зборот на величествениот Алах.“[1]



[1] Ибид, стр. 55.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2007 во 11:25

Ф. Монтаг (F. Montague)

 

Француски научен работник, има напишано десетици студии и книги за исламот. Во летото 1977 година, јавно го објавува негото прифаќање на исламот.

„Не се сомневам во ниеден момент во пратеништвото на Мухамед (Божјиот мир да е над него). Верувам дека тој е печатот на сите пратеници и пророци на Алах, кои беа испратени за целото човештво. Неговото објавение е дојдено како заклучок на поранешните објави, Тората и Евангелието.

Најдобриот аргумент за тоа е самиот к*ран. Јас ги одбивам мислите и изјавите на Паскал, непријател на исламот и муслиманите, освен една негова изјава дека к*ранот не е дело на Мухамед (Божјиот мир да е над него), како што ни Евангелието не е дело на Матеј. Примерот на арапското мислење и на муслиманите е како примерот на човекот кој се труди да избега од неговата крв.“[1]



[1] Д-р Имамудин Халил, оп.цит., стр. 88.



даија, овие постови ги пастираш на повеќе теми

те замолувам за да не спамираш, доволно е само да дадеш линк во иднина за истите овие постови кои веќе постојат на овој подфорум

модераторот



Изменето од connected - 25.Декември.2007 во 12:23
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2007 во 11:26

Хатем Хоури

 

Либански новинар од Бејрут, сопственик на една новинска агенција.

„Главната причина која ме натера да ја прифатам исламската вера се исламските високи вредности, кои те упатуваат на Божјиот пат, на патот на напрегањата за слобода и правдина. Порано бев христијанин, но кога разбрав дека христијанството служи како изговор за новите крстоносни војни, за колонијализација и за искористување на народите, каква што е и целта на ционистите, го прифатив исламот и тоа го изјавив усно и писмено.“

Во неговата писмена декларација, тој напиша:

„Верник сум на исламската вера и на пораката на Божјиот пратеник, Мухамед (Божјиот мир да е над него), печатот на сите пратеници. Декларирам дека го прифаќам исламот. Сведочам дека нема друг бог освен Алах и дека Мухамед е Неговиот пратеник и дека вистинската вера кај Господ е исламот.“[1]

 



[1] Меџид Увејс, Илјадници Французи прифатија Ислам, Дитуриа исламе, Приштина, 1992, бр. 35. стр. 32

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2007 во 11:28

Р. Мери Хоув (R. Mary Howe)

 

Англиска новинарка. Пораснала во религиозно христијанско семејство. Подоцна ги изгубила своите верски убедувања. Почнала да бара вера која ќе и ги понуди потребните одговори. Во 1977 година го декларира нејзиното прифаќање на исламот и го промени името во Мерјем. Сега работи во кувајтскиот весник Араб Тајмс, на англиски јазик. Таа вели:

„Потребните одговори за душата и за телото ги пронајдов во исламот. Научив дека имаме исти обврски кон телото како и кон душата. Телесните потреби, од исламска гледна точка, се природни инстинкти, кои вреди да се исполнат и тие не се сметаат за штетни и гнасни. Дури и нивното исполнување е неопходност за човекот, за тој да биде силен и продуктивен. Меѓутоа, исламот има поставено правила врз здрави основи за исполнување на овие инстинкти, кои ја задоволуваат страста на човекот, придржувајќи им се на наредбите на Алах. На пример, венчавањето во исламот е единствениот легитимен начин за исполнување на сексуалните инстинкти. Намазот (клањањето), постот и обожавањето се други средства за исполнување и хранење на човековата душа. На овој начин се достигнува и рамнотежата неопходна за чесен живот. Јас станав муслиманка само по моето целосно убедување за исламската вера. Би сакала уште да додадам дека во извршувањето на учењата на исламската вера човекот ја открива неговата човекова природа и неговата вистинска личност, тој успева да се запознае себеси. Навистина, исламската вера е единствената вера која ми понуди уверливи одговори на прашањата кои постојано ме вознемируваа.“[1]



[1] Д-р Имамудин Халил, оп.цит., стр. 250.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2007 во 11:30

Јусуф Ислам (Кет Стивенс)

 

Светски познат поп пејач од Англија. Во 1973 година го прифаќа исламот.

„Во тоа време ми се чинеше дека имав постигнато сè во мојот живот, успех, популарност, богатство, девојки… сè … Меѓутоа, бев како мајмунот кој скока од гранка на гранка и воопшто не бев убеден во ништо. Сè додека не почнав со читањето на к*ранот, коешто беше во својство на потврдување на сè. Внатре во себе ја гледав вистината, во тој миг чувствував како се соочувам со мојата вистинска личност.

Благородниот к*ран зборува многу и за венчавањето, за односите меѓу мажот и жената и за многу други прашања.“[1]

„Би било неисправно да се суди исламот преку однесувањето на некои лоши муслимани, кои отсекогаш биле сомнителни. Тоа е исто како да судиш за една кола дека е лоша поради тоа што нејзиниот возач бил под дејство на алкохол и се удрил во некое дрво. Исламот го води целото човештво во неговиот секојдневен живот, како од духовен аспект, така и од неговата психичка и физичка димензија. Ние треба да судиме за изворите на овој упат во к*ранот и за примерот на Пратеникот. Само така ќе можеме да го забележиме идеалот на исламот.“[2]



[1] Д-р Имамудин Халил, оп. цит., стр. 68.

[2] Дрита исламе, петта година, Тирана, јуни 1996, бр. 11 (94), стр. 4.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,564 секунди.