IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 36>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2007 во 13:02

1204.- Умре еврејскиот филозоф, лекар, математичар и астроном Мојсие Мајмонид, следбеник на Аристотел, најголемиот еврејски филозоф на средниот век. Напишал повеќе астрономски, математички и медицински дела со теории пред времето во кое живеел.

1466.- Во Фиренца умре Донато ди Николо ди Бето Барди - Донатело, италијански скулптор, еден од најпознатите ренесансни уметници кој ги надмина средновековните модели на скулптурското однесување. Познати се неговите дела „Давид“ (прв европски бронзен акт по антиката), релјефи во базиликата „Свети Антон“ во Падова и други дела. Роден е во Фиренца, во 1386 година.

1553.- Роден е францускиот крал Анри Четврти, прв монарх од династијата Бурбон, претходно крал на Навара и водач на хугенотите во верската војна со римокатолиците. Во текот на владеењето од 1589 до смртта во 1610 година на Франција и го врати внатрешниот мир за верска толеранција, ги зацврсти економијата и политиката, како и ја зајакна кралската власт. Убиен е од католички верски фанатик. Анри Четврти традиционално го сметаат за најголем владетел во историјата на Франција - „Добриот Андри“.

1570.- Данска ја призна независноста на Шведска.

1642.- Холандскиот морепловец Абел Тасман ја откри земјата на која и го даде името холандска провинција Нов Зеланд, но поради страв од домородците Маори не стапна на неа. Заслуга за откривањето на Нов Зеланд има и англискиот морепловец Џејмс Кук, кој во 1769 година застанува и се задржува на еден од новозеландските острови.

1780.- Роден е рускиот дипломат Карл Роберт Васиљевич Неселрод, министер за надворешни работи на Русија од 1822 до 1856 година. Одговорен е за влезот на Русија  во Кримската војна против Османлиското царство во 1853 година, на која потоа и се придружија Франција, Велика Британија и Сардинија (Пиемонт). По рускиот пораз во 1856 година поднесе оставка.

1784.- Умре англискиот писател и лексикограф Семјуел Џонсон, чиј „Речник за англиски јазик“ од 1755 година, повеќе од еден век, важеше за најавторитетен на англиското говорно подрачје. Останати дела: „Ирена“, „Животите на поетите“.

1797.- Во Дизелдорф е роден Хајнрих Хајне, германски поет, чија поезија претставува врвен дострел на германскиот романтизам. Неговата светска слава се темели врз ирската „Книга на песни“ и врз подоцнежните збирки „Нови песни“ и „Ромецеро“. Умре на 17 февруари 1856 година.

1808.- Мадрид капитулираше пред францускиот цар Наполеон Први.

1816. - Роден е Ворнер фон Сименс, германски пронаоѓач и индустријалец, еден од пионерите на електротехниката. Го усоврши телеграфот со стрелки, ја изгради првата подолга телефонска линија во Европа (1849), ја пронајде динамо-машината и друго. Умре во 1892 година.

1862.- Во битката кај Фредериксбург во Американската граѓанска војна, генералот на јужнаците Роберт Ли со 80.000 војници го победи генералот на северците Амброуз Бернсајд, кој имаше под команда двократно повеќе војници - 15.000. Во текот на тешките борби долж реката Масапонакс, Бернсајд изгуби околу 14.000 војници.

1869. - Роден е Анри Матис, француски сликар и вајар. Почна како фовист, но со време стана попрефинет и сликаше со отмен колорит, за да заврши на крајот со чиста демокративност. Силно влијаеше врз модерното европско сликарство, чиј е еден од главните претставници. Умре на 3 ноември 1954 година.

1881. - Во Загреб умре Аугуст Шеноа, хрватски писател, автор на реалистички раскази и фељтони, романтичарски песни и историски романи. Шеноа беше влијателен театарски критичар. Заслужен е за создавањето на современата хрватска проза. Најпознато негово дело е романот "Селанска буна", како и романите "Златарево злато", "Диогенеш", "Клетва", "Чувај се од сењската рака", "Питачот Лука" и комедијата "Љубица". Роден е во Загреб, на 14 ноември 1838 година.

1937.- Јапонски трупи го окупираа кинескиот град Нанкинг. Во текот на наредните шест недели страдаа околу 20.000 Кинези, повеќето цивили. Кинеската историографија тој период го опишува како „силување врз Нанкинг“.

1939.- Во првата поголема поморска битка во Втората светска војна британските крстосувачи „Ексетер“, „Ајакс“ и „Ахил“ кај заливот Ла Плата во Атланскиот Океан тешко го оштетија герамнскиот воен брод „Адмирал Граф фон Шпе“, кој во текот на гусарското крстарење во јужниот Атлантик и Индискиот Океан претходно потопил девет трговски бродови.

1944.- Јапонски авион полн со експлозив, со кој управувал пилот-самоубиец (камиказа) удри во американскиот крстосувач „Нешвил“ и усмрти 133 членови на екипажот.

1981.- Претседателот на Полска Војчех Јарузелски воведе вонредна состојба во земјата. Забранета беше натамошната активност на таканаречениот независен синдикат „Солидарност“. Со воениот пуч на Јарузелски тогаш беше спречена можноста за воена интервенција од надвор.

1982.- Во земјотрес во Северен Јемен, во провинцијата Дамар, стотина километри југоисточно од главниот град, загинаа околу 3.000 луѓе.

1983. - Во Бук*решт умре Никита Станеску, еден од великаните на романската литература. Првата збирка песни "Смислата на љубовта", ја објави во 1960 година. Во богатото поетско творештво во повеќе од две децении објави околу 30 книги поезија и спаѓа меѓу најплодните европски поети. Неговите дела се преведени на многу странски јазици. Трипати едноподруго ја доби наградата на Сојузот на писателите на Романија, а добитник е и на Хардеровата награда за литература во 1976 година и на "Златниот венец" на струшките вечери на поезијата во 1981 година. Роден е во Плоешти, во 1922 година.

1988.- Во Конго е потпишан протоколот за Ангола, Куба и Јужна Африка, со посредство на Советскиот Сојуз и САД со кој и беше обезбеден патот кон независноста на Намибија (Југозападна Африка) и крај на граѓанската војна во Ангола која почна во 1975 година.

1990.- Претседателот на Африканскиот национален конгрес Оливер Тамбо дојде во Јужна Африка, првпат после 30 години бегство.

1991.- Поранешните советски републики Казахстан, Киргизија, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан се приклучија кон Заедницата на независни држави.

1992.- На границата меѓу Република Македонија и Албанија беа отворени три нови гранични премини.

1944.- Претседателот на Намибија Сам Нујома и неговата владејачка партија се прогласени за победници на првите избори по стекнувањето независност.

1995.- Европскиот парламент ја прими Турција во Европската царинска унија, и покрај големите забелешки кон Анкара заради кршење на човековите права.

1995.- Генералното собрание на ОН во Њујорк, со мнозинство гласови гласаше во полза за итно запирање на нуклеарните проби кои се изведуваат во Франција и Кина, единствени земји што изведуваат контроверзни проби.

1955.- Романски патнички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Верона, во северна Италија. Во несреќата загинаа сите 49 луѓе во авионот.

2001.- Петмина исламски терористи-самоубијци упаднаа во зградата на Конгресот во Њу Делхи и во вооружена борба со припадниците на обезбедувањето, загинаа 14 луѓе, вклучувајќи и терористи. Индија обвини две милитантни исламиски групи од Пакистан за вмешаност во терористичкиот напад.  

2003.- Американски трупи во САД кај Тикрит го уапсија ирачкиот претседател Садам Хусеин. Садам се криеше откако во јуни таа година американските сили го скршија отпорот на Ирачаните.

2003.- Претседателот на САД Џорџ Буш го потпиша законот со кој се воведени санцкии против Сирија поради нејзини наводни врски со терористите.  

2006.- Белгиската национална телевизија во ударниот вечерен термин подготви симулација за отцепување на Фландрија. Дури 89 отсто од гледачите уживале па дури и поверувале дека Белигија престанала да постои по наводната одлука на фламанското собрание. Веста сериозно ја сфатиле дури и некои меѓународни дипломатски кругови.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2007 во 11:39

37.- Роден е римскиот цар Нерон Клаудиј Цезар Август Германик, еден од најконтроверзните владетели во историјата на Римското царство. На престолот во 54 година го донесе неговата мајка Јулија Агрипин Помладата, кој претходно го отру царот Клаудиј, на кого му беше четврта жена. 

1675.- Умре холандскиот сликар Јан Вермер, кој се вбројува меѓу најголемите уметници во историјата на сликарството иако изработил само околу 40 слики. Најчесто работел фигури во енертиер, а неговите композиции се одликуваат со хармоничност, духовност и поетичност, математичка точност, блескав колорит и светлина. Дела: „Жена со писмо“, „Девојката со ѓерданот“, „Во атеље“, „Млекарка“, „Час по музика“, „Девојката со турбанот“, „Поглед на Делфт“, „Уличката во Делфт“.

1711.- Во Копенхаген изби епидемија на куга, усмртувајќи илјади животи.

1806.- Францускиот цар Наполен Први влезе со трупите во Варшава.

1832. - Роден е Александар Густаф Ајфел, француски инженер и градител на познатата Ајфелова кула во Париз која е висока 320 метри. Позната е и неговата конструкција на Статуата на слободата на влезот во њујоршкото пристаниште. Умре во 1923 година.

1840.- Ковчегот со посмртните останки на францускиот цар Наполен Први беше положен во „Домот на инвалидите“ во Париз, 19 години по неговата смрт на островот Света Елена.

1852.- Роден е францускиот физичар Антоан Анри Бекерел, пронаоѓач на радиоактивниот зрак (Бекерелови зраци), добитник на Нобеловата награда за физика во 1903 година. Во негова чест мерната единица за радиоактивност е наречна бекерел.

1859.- Роден е полскиот лекар и филолог Лазар Лудвиг Заменхоф, творец на меѓународниот јазик есперанто. Првиот учебник на тој јазик го објавил во 1887 година, под псевдонимот д-р Есперанто (оној кој се надева). Есперанто не стана меѓународен јазик во пошироката употреба како што се надевал неговиот творец, но е најважниот и најраширениот од сите вештачки јазици.

1874.- Владетелот на Сандвичките Острови (сегашните Хаваи) Дејвид Калаку стана првиот крал кој на покана на претседателот Симпсон Грант ги поседи САД.

1890.- Убиен е индијанскиот полгавар „Бикот што седи“, водач на племето Сијукс, врз основа на наредбата на повереникот на владата на САД во резерватот во Јужна Дакота. Го предводеше сојузот на племињата, познат како „Дакота“. Се бореше против бруталната политика на САД која систематски се спроведувала врз Индијанците. Тој беше најзаслужен за победата на неговите сонародници во битката кај Литл Биг Хорн во 1876 година кога беше уништен дел од Седмата коњаничка дивизија под команда на Џорџ Кастер.

1897.- Умре францускиот писател Алфонс Доде. Пишувал романи, драми и новели. Дела: „Сафо“, „Нума Руместан“, „Бесмртник“.

1938.- Загина рускиот пилот Валериј Павлович Чкалов испробувајќи го новиот тип на ловечки авион. Тој се прослави со многу потфати, вклучувајќи го и прелетувањето преку Северниот пол. Во 1937 година го изведе летот преку најсеверната точка на земјата без спуштање, прелетувајќи со авионот „Ан-25“ за 64 часа и 25 минути 12.000 километри од Москва до американскиот град Ванкувер кај Портланд, а со тоа постави светски рекорд. Во чест на тој сензационален лет, во Ванкувер му е подигнат споменик и посветен музеј.

1945.- Во селото Нестрам, Костурско, грчките власти изведоа пред суд 61 Македонец, бидејќи своите деца ги учеа да пишуваат и да читаат на свој мајчин македонски јазик.

1945. - Симфонискиот оркестар на денешната Македонска филхармонија го оддржа својот прв симфониски концерт.

1946. - Во Скопје започнаа првите предавања на Филозофскиот факултет. Основањето на Филозофскиот факултет претставува значаен настан за целокупната културна преродба на македонскиот народ, израз на стремежите на македонскиот народ, што побрзо да ја надмине заостанатоста наследена од минатото и да зачекори кон посветла иднина. Наставата на филозофскиот факултет беше тесно сврзана со науката и затоа тој беше и остана силен двигател на научната мисла во општествените науки сврзани со македонскиот национален дух и неговата историја.

1961. - Судот во Ерусалим го осуди на смрт нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, одговорен за смртта на повеќе стотици илјади невини цивили во Втората светска војна.

1961.- Генералното собрание на Обединетите нации го отфрли советскиот предлог за прием на Кина во светската организација.

1964.- Собранието на Канада го прифати новото национално знаме - црвено бело во водорамни полиња при што на централното бело поле се наоѓа црвен јаворов лист. Знамето беше општоприфатено како симбол на Канада.

1966. - Во Бурбанк, Калифорнија, умре Волт Дизни, познат северноамерикански цртач и филмски продуцент, творец на модерниот цртан филм. Роден е во Чикаго, на 5 декември 1901 година.

1970.- На Венера се спушти советскиот вселенски брод „Венера 7“ од кој сигналите стигнуваа само неколку минути кои дадоа одговори на многу прашања.

1978.- Претседателот на САД Џими Картер соопшти дека неговата земја од 1 јануари 1979 година ќе воспостави дипломатски односи со Кина, а односите со Тајван ќе ги прекине.

1989.- Собранието на Панама го именува за претседател на владата генералот Антонио Норијег, поранешен штитеник на САД, и прогласи дека Панама „е во воена состојба“ со САД.

1991.- Пред египетското пристаниште Сафага фериботот „Салем Експрес“ удирајќи во корален гребен потона, усмртувајќи 474 патници.

1991.- Во Скопје, во Гранд хотел „Скопје“, за првпат се одржа манифестацијата за избор на најубава Ромка во Република Македонија. Титулата најубава ја понесе Лиза Јашарова.

1994.- По едномесечна политичка криза, Џон Брутон стана нов премиер на Република Ирска.

1997.- Во Скопје умре Тома Киров, еден од основоположниците на македонскиот театар. Роден е во 1926 година.

1997.- Умре Илија Црвенов, оперски пејач, првенец на Операта при Македонскиот народен театар и еден од доајените на македонската оперска уметност. Роден е во 1937 година.

1999.- Шефот на УНМИК Бернар Кушнер ја формираше преодната влада на Косово за што во Приштина потпиша документот со албанските политички претставници. Документот е напишан на англиски и на албански јазик и е донесен без консултација со претставниците на Србија. Извршниот одбор на Српскиот национален совет на Косово и Метохија заклучи дека со создавањето на преодната влада УНМИК го продлабочил јазот меѓу Србите и Албанците.

1999.- Во Собранието на Република Македонија е извршена свечена инаугурација на новиот (втор по ред по осамостојувањето, по Киро Глигоров) претседател на Република Македонија Борис Трајковски.

2000.- Украинскиот претседател Леонид Кучма нареди да се затвори нуклеарната електрана во Чернобил во која 14 години претходно се случи најголемиот инцидент во историјата на нуклеарните централи.

2004.- На југот на Франција свечено е отворен највисокиот друмски мост во светот „Мијо“, чиј нависок столб има 340 метри. Мостот, долг два километри, е заеднички француско-британски потфат.

2006.- Јапонија за првпат после поразот во Втората ветска војна доби Министерство за одбрана. До оваа одлука јапонската влада во својот состав имаше само Агенција за одбрана, формирана во очи на Корејската војна во 12954 година. Непосредно по капитулацијата во 1945 година, на Јапонија и е строго забрането да поседува вооружени сили.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2007 во 14:00

- Национален празник на Република Етиопија

1485.- Родена е шпанската принцеза Катарина Арагонска, прва од шестте жени на англискиот крал Хенри Осми. Разводот во 1533 година, извршен без дозвола од папата, предизвика реформи во англиската црква и прекин со Ватикан. Хенри Осми се разведувал повеќе пати бидејќи немал машки деца заради наследство на престолот.

1678.- Умре англискиот економист Вилијам Пети, творец на теоријата на работните вредности, кој според Карл Маркс ги постави темелите на политичката економија како наука. Дела: „Нешто за парите“, „Политичка анатомија на Ирска“, „Политичка аритметика“.

1770. - Во Бон е роден, Лудвиг Ван Бетовен, германски композитор, еден од најголемите композитори на сите времиња. Универзалноста на неговата генијалност се гледа во поетското и длабоко доживувано отсликување на природата, во непосредното изразување на лирските и љубовните чувства, во вербата на посреќната иднина и создавањето на општочовечкото богатство. Компонира девет симфонии, сонати и друго. Умре во Виена, на 26 март 1827 година.

1773.- Незадоволна од високите увозни царини и британската колонијална власт, група американски колонисти, во бостонското морско пристаниште ги исфрли сандаците полни со чај од еден британски брод. Тој случај, подоцна наречен „бостонска чајанка“, ја навести американската војна за независност започната во 1775 година.

1775.- Родена е англиската писателка Џејн Остин. Таа во романите реалистички го слика секојдневниот живот на англиската провинција. Заплетите на нејзините романи, проткаени со хумор и блага иронија се едноставни и произлегуваат од прихологијата на ликовите на обичните човечки односи, а дијалогот е многу вешто воден. Дела: „Гордост и предрасуди“, „Менсфилдски парк“, „Ема“ и други.

1859.- Умре германскиот писател Вилхелм Грим, собирач и обработувач на народни бајки  кои како и повеќето други дела ги објавувал заедно со неговиот постар брат Јакоб. Тој ја проучувал и митологијата.

1869. - Во Ресен е роден д-р Христо Татарчев, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација во Солун, во 1893 година. Беше претседател на Организацијата од неговото основање, па се до 1901 година. Умре на 5 јануари 1952 година, во Торино, Италија.

1899.- Роден е англискиот писател, глумец и пејач Ноел Кауард, многу популарен меѓу Првата и Втората светска војна во Велка Британија и САД. Пишувал и режирал драми, комедии и музички ревии, а за повеќето негови комедии се снимени и филмови. Дела: „Збор и музика“, „Приватен живот“ и други.

1912. - Во селото Војница, Велешко, е роден Коле Неделковски, истакнат македонски поет и револуционер. Во 1940 година ја објави првата стихозбирка "М'лскавици", а во 1941 година и втората збирка "Пеш во светот". Загина во борба против бугарската фашистичка полиција во Софија, на 2 септември 1941 година.

1917.- Роден е англискиот писател и визионер Артур Кларк. Во неговите научно-фантастични романи и приказни главни теми се истражувањето на вселената, морските длабочини, како и времето. Го интересирале и последиците на можните човечки контакти со вонземската цивилизација. Дела: „2001: Одисеја во вселената“, „“001: Конечна одисеја“, „Крај на детството“, „Град и ѕвезди“, збираката приказни „Од другата страна на небото“, „Приказни за десет света“, „Средба со Медуза“, „Сончев ветер“.

1920.- Силен земјотрес ја погоди Кина, при што ја опустоши провинцијата Шанси. Под урнатините на зградите загинаа околу 180.000 луѓе.

1921.- Умре Камиј Сен - Санс, француски композитор, главен претставник на класичниот правец во француската музика од 19. век. Најзначајно дело му е операта „Самсон и Далида“. Роден е на 3 октомври 1835 година.

1942.- Врховната команда на Германија во Втората светска војна издаде директива за борба против партизанските единици која е спротивна на одредбите на Женевската конвенција. Со директивата беше наредено германските војници да не се повикуваат на одговорност поради брутално однесување.

1944.- Германците во Втората светска војна во Ардените, со силна артилериска подготовка и со спуштање на 1.500 падобранци, ја започнаа контраофанзивата на Западниот фронт, изненадувајќи ги американските сили. Во борбите кои завршија со пораз на Германија, сојузниците изгубија 77.000 војници, а Германците 130.000.

1945. - Во Костур, Егејска Македонија, започна судскиот процес против 106 Македонци од гратчето Хрупишта, Костурско, обвинети за соработка со окупаторот и покрај тоа што повеќето од нив беа борци на ЕЛАС. Некои од нив беа осудени на казна доживотен затвор, а други на временски казни.

1949.- Во Бугарија е извршена смртна казна врз Трајче Костов кој беше долгогодишен истакнат лидер на Комунистичката партија на Бугарија. Тој во монтиран политички процес во Софија беше осуден заради „титоизам“.

1949.- Водачот во борбата за независност Ахмед Сукарно беше избран за претседател на Индонезија, по стекнувањето на независност од Холандија.

1960.- Во сударот на американските патнички авиони „DC-8“ и „Супер констелејшн“ врз Њујорк, загинаа сите 128 патници од давата авиона и осум луѓе на земјата.

1965. - Умре Вилијам Сомерсет Мом, англиски писател. Напиша голем број приказни, романи и драми. Во поголемиот број од делата го критикува англиското граѓанско општество, а ги проучуваше и обичаите на другите, особено на егзотичните земји. Роден е на 25 јануари 1874 година.

1966.- Советот за безбедност на Обединетите нации на предлог на Велика Британија едногласно ги изгласа економските санкции против режимот на белото малцинство во Родезија.

1969.- Долниот дом на британскиот парламент ја укина смртната казна.

1969. - Во Скопје умре Васил Хаџиманов, македонски етномузиколог и педагог. Меѓу најзначајните негови дела се вбројуваат "Зборникот на македонски народни песни", "Соборски народни песни", "Македонски борбени народни песни" и "Моми тиквешанки". Роден е во Кавадарци, на 14 јануари 1906 година.

1993.- Со размена на официјални документи, во Скопје, шест земји членки на ЕУ - Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Холандија и Данска - воспоставија целосни дипломатски односи со Република Македонија.

1995.- Со одлука на Извршниот комитет на Европската конфедерација на синдикатите (ЕКС), Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) стана член на Форумот на ЕКС.

1996.- Јужнокорејскиот апелационен суд ја преиначи смртната пресуда на бившиот претседател на Јужна Кореја Чун Ду Хван во казна доживотен затвор.

1999.- Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол призна дека погрешил заради прикривање на донациите на Христијанско-демократската унија, владејачката германска паритија која тој ја предводеше, но го отфрли тврдењето дека станува збор за подмитување.

2004.- Новиот претседател на САД Џорџ Буш го именуваше пензионираниот генерал Колин Пауел за државен секретар, кој стана прв Афроамериканец на функцијата шеф на дипломатијата.

2002.- Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана и генералниот секретар на НАТО Џорд Робинсон го официјализираа стратешкото партнерство на двте организации за управувањето со кризи, со што беше овозможено ЕУ да создаде сопствени сили за брза интервенција и сама воено да интервернира во странство.

2003.- Швајцарското собрание ја сувои резолуцијата со која масакарот врз Ерменците кој се случи во Турција во текот на Првата светска војна е означен како геноцид.

2004.- Во Тајван, во престолнината Тајпеј се монтирани најбрзите лифтови во светот (1.014 метри во минута). Монтирани се на највисоката градба во светот дотогаш (508 метри).

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2007 во 11:19

1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас Бекет, кој во 1170 година беше погубен поради противењето на политиката на англискиот крал Хенри Втори. Претходно беше близок пријател на кралот и негов канцелар до изборот за надбискуп во 1162 година. Противејќи се на ограничувањата на црковната власт, посебно на судството, во 1164 година емигрираше во Франција. По враќањето, одбил да положи заклетва пред кралот „Кларендонски правила“ за односите меѓу црквата и државата и со одлука на Хенри Втори беше погубен во Кентерберската катедрала. Беше прогласен за светец во 1173 година и неговиот гроб во катедралата станал едно од попривлечните места за верниците во седновековна Европа.

1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански писател и хуманист. Пишуваше песни, романи и новели. Најпознато дело му е "Декамерон", збирка од сто новели. Во ова дело на најдобар начин е регистриран ренесансниот дух, кој ја отфрли средновековната строгост, алегоричноста и опседнатоста со вонземски живот. Од "Декамерон" земале методи Молиер, Шекспир, Марин Држиќ и други. Познати се неговите дела "Дантеовиот живот" и "Физаметас".

1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и драмски писател од епохата на класицизмот. Негови познати дела се „Андромаха“, „Британикус“, „Федра“, „Парничари“ и други. Умре на 21 април 1699 година.

1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи австрискиот цар Јосиф Втори, ги изедначи сите вероисповести во Монархијата. Тогаш беше овозможено вработување и на неверниците во државната служба, што дотогаш беше привилегија исклучиво на римокатолиците.

1804.- Роден е англискиот државник и писател Бенџамин Дизраели, основач и водач на конзервативците. Бил двапати премиер, првпат во 1869, и вторпат од 1874 до 1880 година. Бил еден од главните протагонисти на експанзиската политика на Велика Британија во втората половина на 19. век. Почнал освојувачка војна против Бурите во 1877 година, војувал против Авганистан и го ставил под британски протекторат, а во 1878 година го освоил и Кипар. Бил противник на Русија и Франција, а ги поддржувал Австроунгарија и Турција.

1817.- Гувернерот Лаклан Меквори формално го прифати називот „Австралија“ за британска колонија.

1842.- Роден е рускиот револуционер, од прелемнито потекло, Петар Алексеевич Кропоткин, анархистички теоретичар и противник на марксизмот. Дела: „Взаемна поммош“, „Големата Француска револуција“, „Записи на револуционерите“.

1879.- Во Горки, Грузија, е роден Јосиф Висарионович Џугашвили - Сталин, советски државник и политичар, долгогодишен раководител на КПСС и на СССР, еден од водачите на антихитлеровската коалиција за време на Втората светска војна и врховен командант на оружените сили на СССР, маршал и генералисимус. Роден е во Москва, на 5 март 1953 година.

1892.- Родена е англиската писателка Ребека Вест. Нејзиното право име е Сесилија Изабела Ферфилд. По престојот во Кралството Југославија во 1937 и во 1941 година го напиша опсежното патеписно-историско дело „Црното јагне и сивиот сокол“. Останати дела: романите „Војниковото враќање“, „Судија“, „Харијет Хјум“, студиите за велепредавство „Значењето на предавството“, „Воз со барут“.

1900.- Американскиот лекар Волтер Рид со експеримент врз еден доброволец успеа да докаже дека жолтата треска ја пренесуваат еден вид комарци. Неговото откритие доведе до отстранување на оваа болест.

1917.- Роден е германскиот писател Хајнрих Теодор Бел, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1972 година, мајстор за кратки приказни доловувајќи ја атмосферата на ликовите и ситуациите во неколку реченици. Дела: „И не кажувај ни збор“, „Куќа без чувар“, „Мислењето на еден кловн“, „Групна слика со дамата“, „Возот беше точен“, „на крајот од службениот пат“.

1918.- Роден е австрискиот политичар к*рт Валдхајм. Од 1972 до 1981 година беше генерален секретар на ОН. Како офицер во германската војска во текот на Втората светска војна се наоѓал на територијата на Југославија и на Грција, за што постојат сериозни индиции дека тогаш сторил воени злосторства. Од 1985 до 1992 година беше претседател на Австрија.

1937.- Родена е американската филмска глумица Џејн Фонда, ќерка на филмската ѕвезда Хенри Фонда. Беше општествено ангажирана, посебно против учеството на САД во Виетнамската војна, но и на други полиња, против расизмот и борец за правата на жената.

1937.- Во Холивуд е одржана премиерата на филмот „Снежана и седумте џуџиња“ на Волт Дизни, првиот целовечерен цртан филм во филмската историја.

1940.- Умре американскиот писател Френсис Скот Ки Фиџерланд, претставник на „изгубената генерација“ и „времето на џезот“ по Првата светска војна. Дела: романите „Големиот Гетсби“, „Блага е ноќта“, збирка песни, есеи и белешки „Прскање“, збирката приказни „Приказни од времето на џезот“.

1945.- Умре американскиот генерал Џорџ Смит Патон, од последици во сообраќајна несреќа во Германија. Во Втората светска војна се истакна како енергичен и вешт командант на оклопните единици. Дела: „Војната како што јас ја гледав“.

1945.- Грчката жандармерија го уапси секретарот на реонскиот комитет на КПГ, Таки Белчев и офицерот на ЕЛАС, Понто Влахов од селото Пилкади, Костурско. Идниот ден во селото Калевишта, Костурско на ѕверски начин беа убиени.

1953.- Поранешниот ирански претседател на владата Мухамед Мосадик, кој беше сменет со воениот удар во август 1953 година, беше осуден на три години затвор поради наводниот обид за бунт против шахот Резе Пахвали. Во 1944 година ја водеше борбата против странските петролејски компании, но во август 1953 година беше соборен од местото претседател на владата.

1958.- Гернералот Шарл де Гол е избран за прв претседател на Петатта република. Со новиот устав тој се здоби со овластувања какви што до тогаш немал ниеден претседател на Франција.

1967.- Во Кејптаун, во Јужноафриканската Република, умре Луис Ваткански, првиот човек на кого му беше трансплатнирано срце. Неговото срце работеше во неговите гради 18 дена по пресадувањето.

1968.- Соединетите Американски Држави го лансираа кон Месечината космичкиот брод "Аполо - 8" со човечки екипаж (Френк Бормен, Џемс Ловел и Вилијам Андерс). Бродот десет пати ја обиколи Месечината и на 27 декември 1968 година, успешно се спушти на Земјата.

1972.- Источна и Западна Германија постигнаа договор за добрососедски односи и воспоставија дипоматски врски, формално завршувајќи го непријателството кое траеше повеќе од две децении.

1988.- Авион на американската компанија „Пан Ам“ на линијата Лондон - Њујорк експлодира врз шкотското место Локерби. Во несреќата загинаа 259 луѓе во авионот „боинг 747“ и 11 лица на земја. Либија подоцна беше обвинета дека е одговорна за овој терористички напад.

1989.- Претседателот на Романија Николае Чаушеску прогласи вонредна состојба во жупанијата Тимиш, во која два дена претходно избија масовни демонстрации против неговиот режим. Немирите набрзо се проширија и во Бук*решт, а по неколкудневните демонстрации и судири, поради тоа што војската застана на страната на побунетите, неговиот режим е симнат. По судењето, за многу кратко време заедно со Елена, неговата сопруга, беа стрелани во дворот на касарната во Трговишта.

1990.- Во 7 часот и 58 минути силен земјотрес ја зафати цела Македонија, а особено беше почувствуван во Гевгелиско со причинета голема материјална штета.

1993.- Јапонија ја призна Република Македонија.

1993.- Претседателот на Русија Борис Елцин го распушти Министерството за безбедност, наследник на моќната тајна полиција КГБ, кажувајќи дека тоа го сторил затоа што Министерството пропуштило благовремено да го предупреди на опасниот развој на случувањата и затоа што тие сили кои со децении ги застрашувале граѓаните не е можно да се реформираат.

1994.- Русија успешно ја тестира новата интерконтинентална ракета на полигонот во Плесец, во северниот регион Архангел. Ракетата "Топол - М", претставува прва ракета целосно направена во Русија, која ќе ги замени седумте поранешни видови на ракети што беа произведени во Украина.

1994.- Група селани во Перу, открија 30 добро сочувани мумии од периодот пред Инките, во една пештера, во југоисточниот дел на земјата. Археолозите веруваат дека, откриените мумии се стари 800 години.

1994.- Република Македонија и Ватикан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.

1995.- Во Бадрашин, град 28 километри јужно од Каиро, загинаа 75 луѓе кога патнички воз удри во друг воз во густа магла.

1999.- Во Скопје умре Војкан Јовановиќ, првенец на Оепрата на Македонскиот народен театар. Роден е во Ниш, во 1964 година.

2001.- Американски авиони усмртија 65 луѓе при бомбардирање на конвојот со возила на авганитански племенски водачи кои патувале за Кабул за да учествуваат на прогласувањето на новата влада.

2004.- Во нападот на бомбашите-самоубијци врз американската база во ирачкиот град Мосули загинаа 24 лица, од кои 20 американски војници, а беа ранети 66 лица, од кои 42 американски војници и 10 американски цивили.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 11:35

69.- Приврзаниците на Тито Флавија Веспазијан, кој во Египет се прогласи за цар, во Рим го убија царот Аула Вителиј.

1639.- Роден е францускиот писател Жан Расин, истакнат претставник на класицизмот кој во своите дела до совршенство ја доведе француската трагедија. Пишуваше со многу мелодичен стил. Дела: трагедиите „Андромаха“, „Федра“, „Британикус“, „Берениса“, „Митридат“, „Аталија“, комедијата „Парничари“ и други.

1666.- Умре италијанскиот сликар Гверчино, припадник на болоњската сликарска школа, водечки мајстор на барокот. Најмногу сликал цркви и палати, а особено е познат по композицијата „Аурора“ во римската палата Касино Лудовизи, која е еден од најубавите примери на илузионерскот сликарство.

1790.- Руските трупи под командата на Александар Суворов ги разбија Турците и го зазедоа градот Исмаил, важно пристаниште на Дунав.

1858.- Во Лучи е роден Ѓакомо Пучини, по Верди најголем италијански оперски композитор. Се здоби со светска слава со оперите „Тоска“, „Мадам Батерфлај“, „Макон Леско“ и „Боеми“. Умре во Брисел, на 29 септември 1924 година.

1880.- Во Лондон умре Мери Ан Еванс, позната под псевдонимот Џорџ Елиот, англиска писателка. Автор е на многу познати романи за англиското село, меѓу кои се „Воденицата на Флоси“, „Сајлес Марнер“, „Адамс Бид“, „Ромола“ и други. Родена е на 22 ноември 1819 година.

1894.- Францускиот артилериски капетан Алфред Драјфус беше осуден на доживотна робија, врз основа на монтираното обвинение дека на Германија и продавал воени тајни. Беше испратен во еден од најлошите затвори во светот, на Ѓаволските острови во Француска Гвинеја. Во негова одбрана застана најславниот писател во тоа тоа време Емил Зола кој во отвореното писмо до претседателот на Републиката храбро и одлучно ги образложил сите факти и изразил уверување дека Драјфус е невин. Во 1906 година Драјфус беше рехабилитиран, вратен во војската и унапреден во чин мајор.

1902. - Во Крушево е роден Васил Иљоски, академик, еден од најпознатите драмски писатели меѓу двете светски војни, книжевен научник, есеист и истакнат педагошки работник, автор на драмски дела кои се изведувани меѓу двете светски војни на македонски јазик. Меѓу неговите најзначајни дела се: "Бегалка", "Ленче Кумановче", "Чорбаџи Теодос", "Чест", "Кузман Капидан", "Син и татко", "Окрвавен камен", "Свадба" и други. Од особено значење се и неговите трудови од областа на фолклорот, филологијата и литературата. Умре во Скопје, на 1 ноември1995 година.

1908. - Во Велес е роден Кочо Рацин, македонски поет и револуционер, еден од основоположниците на современата македонска литература. Во 1939 година во Загреб ја отпечати познатата стихозбирка "Бели мугри", која претставува вреден израз на стремежите на македонскиот народ и дефинитивно утврдување на македонскиот јазик и афирмацијата на македонската национална култура. Загина во несреќен случај во месноста Лопушник, во близина на партизанската печатница, Кичевско, на 13 јуни 1943 година.

1917.- Во Брест-Литовск во Првата светска војна почнаа мировните преговори меѓу Германија и новата руска влада воспоставени со Октомвриската револуција.

1940.- Во сообраќајна несреќа загина американскиот писател Натаниел Вест. Дела: романите „Госпоѓиците со осамени срца“, „Добар милион“, „Ден на скакулците“.

1942.- Американски бомбардери го нападнаа главниот град на Бурма (денешен Мјанмар) - Рангун (денешен Јангон), кој во Втората светска војна беше окупиран од Јапонија.

1943. - Се одржа прв конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ). Одлуките на овој конгрес имаа за цел да ја засилат борбата против окупаторот, да се ангажира младината во создавањето на народната власт, да работи на културното-просветното поле и друго.

1944.- Умре американскиот филмски глумец Хри Ленгдон, глумец со детски лик, еден од највпечатливите ликови во американската бурлеска во времето на немиот филм. Филмови: „Насилник“, „Долги пантолони“, „Тројца се веќе премногу“.

1956.- Последните британски и француски војници кои учествуваа во Суетската војна (нападот врз Египет) го напуштија египетското пристаниште, градот Порт Саид.

1958.- На двегодишнината од Суетската војна, Франција и Египет потпишаа трговски договор.

1968.- Северна Кореја ослободи 82 членови на екипажот на американскиот шпионски брод „Пуебло“, кој беше 11 месеци заробен од севернокорејската морнарица.

1969.- Умре американскиот филмски режисер од австриско потекло Џозеф фон Штернберг визуелен перфексионист, мајстор на светло и контраст. Филмови: „Подземје“, „Синиот анѓел“, „Мароко“, „Една американска трагедија“, „Шангај експрес“, „Црвена кралица“, „Шангасјко подземје“, „Макао“.

1979.- Умре американскиот филмски продуцент Дерил Френсис Занук, кој во 1933 година ја основа филмската компанија „Tventi sencceri foks“. Беше продуцент на низа значајни филмови: „Се за Ева“, „Вива Запата!“, „Најдолгиот ден“, „Корени на небото“, „Младиот господин Линколн“.

1988.- Јужна Африка потпиша договор со Обединетите нации, со кој и даде независност на Намибија, последната колонија на Африканскиот континент, поранешна германска колонија (Југозападна Африка) од Првата светска војна која беше под управа на Британија.

1989.- Умре ирскиот писател Семјуел Бекет, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1969 година. Дела: „Марфи“, „Крај на играта“, „Последна лента“, „Игри без зборови“, „Среќни денови“, „Игра“, „Не јас“.

1992.- Во Триполи беше соопштено дега загинаа сите 158 Либијци и странци при падот на либијскиот авион „боинг 727“. Авионот леташе на домашна линија.

1993.- Алина Фернандес Ревуелта, ќерка на кубанскиот претседател Фидел Кастро, ја напушти Куба и доби политички азил во САД.

1993.- Јужноафриканскиот „бел“ парламент ја оконча ерата на апартхејдот, со што беше овозможено одржувањето на првите серасни избори во историјата на Јужна Африка.

1994.- Италијанскиот премиер Силвио Берлускони поради обвинение за корупција поднесе оставка.

1995.- Македонија и Европската унија воспоставија дипломатски односи.

1996.- Герилците на перуанското левичарско движење „Тупак Амаро“ со „безжичен гест“ како што го нарекоа, во јапонската амбасада во Лима ослобидија 225, а задржаа 140 заложници.

2001.- Водачот на племето Паштуни во Авганистан Хамид Карзаи на церемонијата во Кабул положи заклетва како претседател на привремената влада.

2005.- Меѓународниот суд за правда во Хаг пресуди дека Уганда е единствената виновна за петгодишната воена инвазија врз ДР Конго (1998-2003) и дека треба да плати отштета од 10 милијарди долари. Во Конгоанската војна, во која настрадаа околу три милиони цивили, учествуваа дури девет странски војски и бунтовнички движења.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2007 во 16:37

1777.- Роден е рускиот цар Александар Први Павлович Романов. Тој е познат по спроведувањето на серија пролиберални реформи од самиот почеток кога седнал на престолот во 1801 па речиси до неговата смрт во 1825 година. Во 1807 година склучил сојуз со францускиот цар Наполеон Први против кого претходно војувал во сојуз со Австрија, Прусија и Англија. Од Шведска ја презел Финска, која во 1809 година беше приклучена на Русија како големо кнежество под руската круна. Кон Русија ја припоил Полска освен деловите кои им припаѓале на Прусија и Австрија, а по победата во војната со Османлиското царство и Бесарабија. Сојузништвото беше раскинато со Наполеоновиот поход на Русија во 1812 година, кога француската армија го претрпе пресудниот пораз, а Александар Први триумфално влезе во Париз. Во вториот период од владеењето ги напуштил пролибералните тендецнии и станал вистински мистик.

1790.- Роден е францускииот ориенталист Жан Франсоа Шамполион, основач на египтологијата. Дешифрирал 1822 египетски хиероглифи од плочата пронајдена во 1799 година во египетското место Решид и утврдил дека хиероглифите не се само симболичко туку и фонетско писмо.

1804.- Роден е францускиот писател Шарл Огистен Сент Бев, најистакнат претставник на француската книжевна критика. Почнал со романтичарски песни и со романот „Наслада“, а потоа потполно се посветил исклучиво на книжевната критика и историја. Останати дела: песните „Животот, поезијата и мислите на Жозеф Делорм“, критиките „Книжевни портрети“, „Пор-Ројал“, „Разговори во понеделник“.

1810.- Роден е германскиот египтолог Карл Ричард Лепсијус, кој се смета за основач на модерната археологија. Неговите „Египетски хронологии“ претставуваат темел во научното изучување на раната египетска историја.

1832.- Франција го зазела Антверпен, принудувајќи ја Холандија да ја признае независноста на Белгија.

1834.- Умре англискиот економист и демограф Томас Роберт Малтус.

1861.- Османлиското царство беше принудено да го прифати обединувањето на Влашка и Молдавија. Тогаш е формирана Романија.

1872.- Умре францускиот писател Теофил Готје. Дела: „Госпоѓицата де Мопен“, „Капетан Фракус“, „Историја на романтизмот“.

1906.- На врвот Петлец, кај селото Русиново, Беровско, во борба против османлиската војска загина Дамјан Груев Јованов - Даме, учител, еден од основачите на ВМРО во Солун, во 1893 година, истакнат организатор и раководител на националноослободителното движење на македонскиот народ на крајот на 19. и почетокот на 20. век. Потекнува од ѕидарско-печалбарско семејство. Се школуваше во родното место - селото Смилево, Демирхисарско, а потоа во Солунската машка гимназија. Од 1891 до 1893 година беше учител во селото Смилево и во Прилеп. Од летото 1894 година почна да ги формира првите револуционерни комитети на македонската револуционерна организација во повеќе градови и села во Македонија. Беше учител во Штип и инспектор во Солунско, а потоа и гимназиски наставник во Битола и раководител на Битолскиот револуционерен округ. Во август 1900 година беше уапсен и затворен во битолскиот затвор, а од мај 1902 година беше заточен во Подрум Кале, во Мала Азија. Беше претседател на Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМОРО од 2 до 7 мај 1903 година, на кој беше избран за член на Главниот штаб на востаниците на престојното Илинденско востание, во кое активно учествуваше. По неуспехот на востанието ја продолжи својата револуцинерна дејност. Во 1904 година претседаваше на Прилепскиот подвижен конгрес, а извесно време беше и претседател на Окружниот комитет на Скопскиот револуционерен округ и на Рилскиот конгрес, во октомври 1905 година. Роден е на 19 јануари 1871 година.

1918.- Роден е германскиот државник Хелмут Шмит, еден од лидерите на Социјалдемократската партија, кој по повлекувањето на Вили Брант, од 1974 до 1982 година беше канцелар на Западна Германија. Претходно во владата на Брант од 1969 до 1972 година беше министер за одбрана, а од 1974 министер за стопанство и за финансии.

1920.- Франција и Велика Британија ја одобрија конвенцијата со која се одредени границите на Сирија и Палестина.

1924.- Во Милано, од агентите на бугарскиот двор - врховистите, е убиен Петар Чаулев, македонски револуционер, еден од потписниците на Мајскиот манифест на ЦК на ВМРО во 1924 година, во кој е прокламирана борбата за ослободување и обединување на сите делови на Македонија во независна политичка единица во рамките на една балканска федерација. Својата револуционерна дејност ја започна уште пред Илинденското востание и беше учесник во истото, како војвода во Крушевско и во Охридско. Роден е во Охрид, во 1882 година.   

1925.- Роден е францускиот политичар Пјер Ежен Берегову, шеф на француската влада од април 1992 до март 1993 година кога поднесе оставка по изборниот пораз на социјалистите на парламентарните избори. Неколку седмици подоцна се убил, поради силниот медиумски притисок за земениот поволен станбен кредит. 

1933.- Роден е јапонскиот цар (микадо) Акихито, кој на престол стапи во 1990, по смртта на својот татко, царот Хирохито.

1944.- Во Скопје излезе првиот број на весникот "Бирлик" на турски јазик, како орган на НОФ на Македонија.

1948.- Во Токио е извршена смртна казна врз седумина јапонски официјални личности, вклучувајќи го и поранешниот претседател на влада Хедеки Тоџа кого Меѓународниот воен суд го осуди на смрт заради „злосторства против човештвото“ во Втората светска војна.

1953.- Стрелан е бившиот шеф на злогласната советска политичка полиција НКВД и потпретседател на советската влада Лаврентиј Павлович Бериј, кој беше уапсен во средината на 1953 година по смртта на Советскиот Сојуз. Запаметен е по патолошките склоности, вклучувајќи и грабнување девојки и млади жени.

1963.- На грчкиот патнички брод „Лаконија“, зафатен со пожар по експлозија во северниот Атлантик, загинаа 128 лица, а 908 беа спасени пред да потони бродот на 29 декември.

1964.- На Цејлон (сегашна При Ланка) во цикон загинаа најмалку 2.000 луѓе.

1872.- Умре рускиот конструктор на авиони Андреј Николајевич Тупољев, кој раководел со изработка на повеќе од 100 типа на авиони, вклучувајќи ги и бомбардерите и џиновскиот  АNТ-20 „Максим Горки“. По Втората светска војна конструирал патнички авиони, меѓу кои и „TU-144“, првиот суперсоничен авион во светот.

1972.- Во земјотрес кој го погоди главниот град на Никарагва, Манагва загинаа 7.000 луѓе.

1982.- Во Париз умре Луј Арагон, француски писател, еден од најистакнатите поети на француското движење на отпорот и еден од основачите на надреализмот. Од неговото перо излегоа збирките песни „Огинот на радоста“, „Ура Урал“, „Очите на сеќавањето“, романите „Базелските ѕвона“, „Комунистички човек“ и „За социјалистичкиот реализам“. Роден е во 1897 година.

1989.- САД ги зајакнаа окупаторските сили во Панама со уште 2.000 војници, со што во гушењето на неочекувано големиот отпор на приврзаниците на некогашниот штитеник на Вашингтон, панамскиот лидер генерал Мануел Антонио Норијего, учествуваа 26.000 војници. Подоцна се откри дека тие сториле бројни злодела врз панамските цивили.

1990.- Повеќето од Словенците на референдум се изјаснија за отцепување од Југославија.

1991.- Во Скопје е регистрирано здружението Млади европски федералисти на Македонија, со седиште во Скопје. За претседател е избран Нано Ружин.

1993.- Официјално е отворена Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија. За амбасадор, е наименуван Тони Милсон.

1994.- Република Македонија и Република Австрија воспотавија дипоматски односи.

1994.- Во Скопје е формирана Асоцијацијата на туристичките агенции на Македонија.

1995.- Во индискиот град Дабали, северно од Њу Делхи, во пожар во банкетната сала за време на школска свеченост загинаа најмалку 538 луѓе, повеќето деца од четири и пол до 14 години.

1997.- Умре јапонскиот глумец Тошрио Мифуне, кој со светска слава се стекнал во толкувањето на самурај, посебно во филмовите на режисерот Акира к*росава. Филмови: „Седум самураи“, „Легендата за Мусашија“, „Крвавиот престол“, „Скриената тврдина“, „Јоџимбо“, „Адмирал Јамамото“, „Пекол на Пацификот“, „Црвеното сонце“, „Битката за Мидвер“, „Шогун“.

1998.- Врхвониот суд на Белгија пресуди дека бившиот генерален секретар на НАТО Вили Клас е виновен за „пасивна корупција“ во скандалот „Аугуста-Дасо“, односно подмитување при договарања на воените испораки.

2002.- Италијанското кралско семејство Савоја, кое беше протерано поради поддршката на Мусолини во Втората светска војна, допатува во кратка посета на Италија, првпат по 56 години од протерувањето.

2004.- Умре поранешниот индиски премиер Нарасима Рао, автор на индиските економски реформи 1991-1996 година.

2005.- По 138 години во Словачка е укината војната обврска.



Изменето од Boogie - 23.Декември.2007 во 16:38
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2007 во 11:57

1167.- Роден е англискиот крал Џон, помладиот син на Хенри Втори, познат како Џон Без Земја. Во текот на владеењето од 1199, кога престолот го наследи од братот Ричард Први, ја обнови војната со францускиот крал Филип Втори Август од кого презеде неколку поголеми имоти на континентот, вклучувајќи ја и Нормандија, во 1205 година.

1491.- Роден е Игнасио де Лојоло, основач на езуитскиот ред (Societas Iesu) во 1534 година. Како шпански офицер бил ранет во борба, по што во Барселона и на париската Сорбона започнал студии по теологија. За „генерал“ (старешина) на езуитскиот ред бил избран во 1541 година и на таа функција останал до крајот на својот живот. Го изработил Уставот на езуитскиот ред и прирачникот под наслово „Духовни вежби за владеењето врз самиот себе“.  Го изградил монашкиот ред како и целиот духовен систем кој имал голема улога во историјата, а во интелектуалните католички кругови го има и денес.

1534.- Умре португалскиот морепловец Васко де Гама, кој во 1498 година го пронајде поморскиот пат до Индија пловејќи околу Африка. Со тоа беше запознаено африканското копно, а Индискиот Океан беше ставен на мапа.  Тоа придонесе за развој на трговијата на Западна Европа со Азија и зајакнување на моќта на Протугалија. При второто негово пловење до Индија, во 1502 година беше воспоставена португалската колонија на власт, а при третото умре во Индија.

1798.- Роден е Адам Мицкиевич, полски поет, драмски писател и револуционер, основач и водач на полскиот романтизам. Негови најзначајни дела се збирките песни „Балади и романси“, „Кримски сонети“, еповите „Кондрад Веленрод“, „Пан Тадеуш“ и драмата „Задушници“. Умре во Истанбул, на 26 ноември 1855 година.

1863.- Во Лондон умре Вилијам Текери, англиски писател, еден од најзначајните сатиричари на 19. век. Негово најзначајно дело е „Панаѓур на суетата“. Роден е во Калкута, Индија, на 18 јули 1811 година.

1818.- Роден е англискиот физичар Џејмс Пресот Џул, познат по законот за топлина. Во негова чест едницита за мерење на јачината на енергијата и нејзината топлина е наречена „џул“ (со ознаката Ј). Термодинамичкиот процес за претворање на топлинската енергија во механичка, врз основа на која работат турбомлазните авиони, е наречен „Џулов циклус“.

1863.- Во Мадрид е роден Фердинандез Арбоз, шпански диригент и виолинист. Како диригент гостуваше во Италија, во Франција, во Белгија, во Швајцарија, во СССР и во САД. Умре во Сан Себастијан, на 2 јуни 1939 година.

1863.- Умре англискиот писател Вилијам Мејкпис Текери, остар критичар на општеството, посебно на обожувачите на парите и на функциите. Дела: романите „Хенри Езмонд“, „Њукамови“, „Вирџинијанци“, сатирата „Книга за снобовите“, книжевната критика „Англиски хумористи на XVIII век“.

1865.- Во местото Пуласка во американската држава Тенеси основана е белата расистичка организација Кју-Клукс-Клан.

1914.- Велика Британија во Првата светска војна првпат во историјата доживеа напад од воздух кога германски авион исфрли една бомба врз Довер.

1922.- Родена е американската филмска глумица Луси Џонсон, позната како Ава Гарднер, која оствари низа улоги на таинствени и интелектуални жени. Филмови: „Пролетен театар“, „Снегови на Килиманџаро“, „Сонцето повторно се раѓа“, „Осамената ѕвезда“, „Ноќта на игуаните“, „Педесет и пет дена во Пекинг“, „Судија за бесење“.

1942.- Убиен е францускиот адмирал Жан Луј Гзавио Франсоа Дарлан, командант на северноафриканските сили на марионетскиот режим на Анри Петен. Спротивно на Петеновите наредби, во текот на навлегувањето на англоамериканските групи во северна Африка во Втората светска војна им го олесни напредувањето наредувајќи прекин на огнот. „Слободните Французи“ и натаму го сметаа за предавник и еден од приврзаниците на генералот Шарл де Гол во Алжир изврши атентат врз него. 

1942.- На германски експериментален полигон во местото Пинемунде во Втората светска војна беше успрешно тестирана новата ракета земја-земја наречена „FZG 76“, која подоцна стана позната како ракета „Fau 1“.

1951.- Либија е прогалсена за независна држава под кралот Идриз Први од владетелското семејство Сенуси.

1982.- Умре францускиот писател Луј Арагон, најпрво дадаист, а потоа надреалист, кој по конгресот на револуционерните писатели во Харков во 1930 година се определил за соцреализмот. На Комунистичката партија на Франција и пристапил во 1927 година, учествувал во граѓанската војна во Шпанија и во француското Движење на отпорот во Втората светска војна. Дела: „Огин на радоста“, „Ура Урал“, „Елзините очи“, „Елза“, „Селанецот од Париз“, „Базелски ѕвона“, „Света недела“, „Комунисти“, „Советска книжевност“, „Расправа за стилот“.

1991.- Михаил Горбачов на Борис Елцин му ја предаде командата врз советското нуклеарно оружје.

1992.- Претседателот на САД Џорџ Буш ги амнестира поранешниот министер за одбрана Каспар Вајбергер и уште пет функционери вмешани во скандалот „Ирангејт“.

1993.- Република Македонија и Република Албанија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.

1994.- Исламски терористи при киднапирање на француски патнички авион во Алжир убија двајца, а земаа 239 луѓе како заложници.

1995.- На парламентарните избори во Турција најмногу гласови освои исламската Партија на просперитетот. Тоа беше прва изборна победа на исламистите во 72-годишната историја на секуларна Турција.

1997.- Исламски терористи во Алжир во два масакра убија 59 цивили.

1999.- Поранешниот командант на армијата на Слоновиот Брег Робер Геи соопшти дека од власт е тргнат избраниот претседател Анри Конан Беди.

2002.- Украински патнички авон кој превезувал украински воздухопловни стручњаци се урна во Иран. Во несреќата загинаа сите 46 патници и членови на екипажот.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2007 во 11:44

1620.- Стотина населеници, исклучени од верски нетолерантната Англија, пристигнаа со бродот „Мејфлауер“ во Америка и ја основаа населбата Плимут. Тоа беше почеток на поинтензивното населување на северноамериканскиот континент.

1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј. „Елегија напишана на селските гробишта“ се смета за една од најубавите песни напишана на англиски јазик.

1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни, еден од најголемите европски портретисти на 18. век. Сликал историски композиции.

1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и математичар Чарлс Бебиџ, „татко“ на модерниот компјутер.

1805. - По победата кај Аустерлиц, Наполеон и го наметна на поразената Австрија понижувачкиот Пожунски мир, со кој и ги одзеде Венеција, Тирол и далматинското крајбрежје. За да го отстрани австриското влијание врз германските држави, францускиот император ја создаде Рајнската конференција, држава сателит на Франција.

1825.- Во Санкт Петербург на денот на полагањето заклетва на новиот цар Николај Први некои од пуковите се побунија и побараа донесување устав, но буната позната како Декабристичко востание, беше веднаш задушена.

1833.- Роден е францускиот сликар Морис Утрило, самоук, на кого најнужните упатства му ги дала неговата мајка, сликарката Сузан Валадон.

1890.- Умре германскиот археолог Хајнрих Слиман, кој во 1868 година ја откри Троја, користејќи се со податоците од Хомеровите дела „Илијада“ и „Одисеја“. Ги открил и Микена, Орхомен и Итака, потрошувајќи го своето севкупно милионско богатство на археолошките ископувања.

1891.- Роден е американскиот писател Хенри Милер. Покрај со пишување, се бавел и со сликарство. Дела: „Црна пролет“, „Недела после војната“, „Книги за мојот живот“. 

1893.- Во селото Шаошан, во провинцијата Хунан, е роден Мао Це Тунг, кинески револуционер, еден од осоновачите и долгогодишен водач на Комунистичката партија на Кина. Со прогласувањето на Народна Република Кина во 1949 година, тој е избран за претседател на нејзината влада. Умре на 9 септември 1976 година.

1898.- Пјер и Марија Кири први го открија радиоактивниот хемиски елемент и го нарекле радиум, според кој и појавата на радиоактивност го добила неговото име.

1908.- Американецот Џек Џонсон, од африканско потекло, со победа врз Канаѓанецот Томи Барнс стана првиот светски првак црнец во бокс.

1941.- Соочен со напредувањето на јапонските сили во Втората светска војна кон Манила, американскиот генерал Даглас Макартур ја прогласи филипинската престолнина за „Отворен град“. Покрај тоа, во Манила во 1941, 1942 и во 1945 година се водеа тешки борби помеѓу американските и јапонски единици, при што беа урнати многу делови од градовите.

1942. - Во околината на Кардица, Грција, е извршена смртната пресуда на шестемина македонски првоборци и комунисти: Ристо Андриовски, Живко Кенков, Наум Москов, Стасо Скивински, Наум Журков и Кољо Шекров. На овие револуционери им беше судено во Атина, на 12 декември 1942 година.

1943.- Британската морнација во Втората светска војна го потопи „Шарнхорст“, последниот голем германски воен брод.

1943. - Во селото Мрежичко, Мариовско, Првата македонско-косовска НОУ бригада го нападна бугарскиот граничен подотсек и граничната караула "Турски рид". Притоа загинаа 24, беа ранети 14, а заробени осум бугарски војници.

1945. - Во Солун е одржан пленум на Бирото на КПГ за Македонија и Тракија. На пленумот, кој траеше два дена, генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис во својот говор, меѓу другото истакна дека туѓите сили треба да се повлечат од Грција, за да остане народот сам и суверено да ги реши своите проблеми. Во продолжение на говорот Захаријадис ја призна македонската организација НОФ, како демократска и антифашистичка и изрази готовност за соработка со неа.

1971.- Изразувајќи ја огорченоста спрема американската авантура во Виетнам, 16 американски ветерани од војната во Виетнам, ја окупираа Статуата на слободата во њујоршкото пристаниште.

1972. - Умре Хари Труман, триесет и третиот претседател на САД, кој за време на своите два манадата (1945 до 1953 година) беше главен креатор на американската повоена политика. Во историјата ќе се забележи како човек кој го одобри атомското бомбардирање на јапонските градови Хирошима и Нагасаки.

1975.- Со летот на линијата Москва - Алма Ата, авионот „Tu 144“ стана првиот суперсоничен авион во светот, во редовен сообраќај.

1983.- Умре шпанскиот сликар, вајар и керамичар Хуан Миро. Бунејќи се против класичното обликување на светот и животот, ја изговорил прочуената реченица: „Треба да се убие сликарството“. Студирал во Барселона, а од 1919 година живеел во Париз.

1989.- Ден по стрелањето на Николај и Елена Чаушеску, Романскиот фронт на националниот спас ја избра новата влада на чело со Јон Илиеску.

1991.- Сојузниот парламент на СССР на својата последна седница го објави своето распуштање. По напуштањето на претседателската функција, Михаил Горбачов го потпиша Указот со кој "атомското копче", му го предаде на Борис Елцин.

1994.- Со нападот на командосите врз киднапираниот француски патнички авоин на аеродромот во Марсеј беа ослободени 239 патници и членови на екипажот кои алжирските исламски терористи ги држеа како заложници по киднапирањето на авионот на 24 декември во Алжир. Командосите ги убија сите четворица терористи.

1996.- Во селото Малкоец, Кичевско, умре Сајко Митревски, најстариот (дотогаш) Македонец (110 години). Роден е во селото Малкоец, на 16 февруари 1886 година.

1998.- На Владата на Камбоџа и се предадоа водачите на маоистичкото движење „Црвени Кмери“, Кије Сампан и Нун Чеа. Тие беа меѓу најзначајните архитектите на режимот кој во Камбоџа уби меѓу еден и два милиони луѓе.

2001.- Врховниот совет на Руската Федерација и Белорусија во Москва донесоа одлука од 2005 година руската рубја да биде заедничка валута и на двете земји.

2003.- Во земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала кој го погоди југоисточен Иран загинаа 26.271 лице, повеќе илјади беа повредени, а како исчезнати се водат 525 лица. Епицентарот на земјотресот беше во близина на туристичкото место Бама, во кое беа урнати околу 70 насто од зградите.

2003.- Умре американскиот сликар и вајар Воли Хедрик, кој преку своите дела во кои преовладувале политички теми, го изразувал противањето на војните во Кореја и во Виетнам.  

2004.- Повеќе од 227.000 лица загинаа во цунами брановите, што ја опустошија јужна и југоисточна Азија. Брановите цунами беа предизвикани од катастрофалниот земјотрес со интензитет од 9 степени според Рихтеровата скала, што го зафати тој дел на светот.

2005.- Умре американскиот глумец Винченте Скјавели, кој сними 98 филма, меѓу кои: „Лет над кукавичкото гнездо“, „Дух“, „Амадеус“, Блејд Ранер“, „Народот против Лари Флинт“.

2006.- Во експлозија на нафтовод во предградието на Лагос загинаа повеќе од 850 луѓе, додека околу 60 беа пренесени во болница со тешки изгореници од различен степен. Нигерија е најголем производител на нафта во Африка, но криминални групи често ги оштетуваат нафтоводите заради ограбување, при што неретко доаѓа до несреќи. При експлозијата изгореа повеќе од 60 куќи кои се наоѓале во близина, како и 52 возила.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2007 во 11:05

1571.- Во Вајл дер Штат, Германија, е роден Јоханес Кеплер, германски астроном, математичар и физичар. Познат е по формулирањето на законите за движењето на планетите, што претставуваат основа на современата планетарна астрономија. Со своите проучувања ја докажа вредноста на хелиоцентричниот систем. Умре во Регенсбург, Баварија, на 15 ноември 1630 година.

1585. - Во Париз умре Пјер Ронсар, француски писател од времето на ренесансата, водач на поетската школа "Плејада", љубител и добар познавач на грчката и на латинската книжевност. Француската поезија ја обнови со богатството на инспирации и со разновидност на поетските облици. Роден е на 11 септември 1524 година.

1822. - Во Дол е роден Луј Пастер, француски хемичар и биолог, кој во првите истражувања дојде до заклучок дека топлината ги уништува штетните бактерии и со тоа ја постави основата на постапката за стерилизација при хируршките зафати, што во негова чест е наречена - пастеризација. Утврди дека ферментацијата е биолошки процес и ги проби дотогашните теории за спонтаната регенерација на микроорганизмите. Пастер го задолжи човештвото со откритието на вакцината против беснило, до која дојде по низа експерименти во 1895 година.

1831.- Англискиот пронаоѓач Чарлс Дарвин испловил со бродот „Бигл“ од Плимунта, започнувајќи ја петгодишната експедиција со која успеал да собере огромен материјал врз основа на кој го напишал епохалното дело „Настанување на видовите“. На бреговите на Јужна Америка и на островите во Тихиот Океан ги проучувал геолошките формации, билките и животните. Заклучил дека живите организими постојано се менуваат и ја заснова научната теорија за еволуција на живите суштества, наречена според него - дарвинизам. Со своето дело „Настанување на видовите“ што претставува револуционерна биологија предизвикал жестоки напади од страна на црковните кругови.

1901. - Во Берлин е родена Марлен Дитрих, славна актерка, една од најголемите филмски звезди во светот на 20. век. Светската слава постигна во американските црно-бели продукции, преминувајќи од Германија во САД, заедно со познатиот режисер Ерих фон Шрохајм, кому му ја должи својата најзапамтена креација во антологискиот филм "Синиот анџел". Умре во Париз, на 6 мај 1992 година.

1927.- Со одлука на Сталин, советскиот револуционер и поранешен раководител на Црвената армија и прв шеф на советската дипломатија Лав Троцки беше исклучен од Комунистичката партија. Две години подицна беше протеран од Советскиот Сојуз. По налог на Сталин, во Мексико во 1940 година беше убиен.

1938. - Во Скопје на македонски јазик првпат е изведена драмата "Парите се отепувачка" од македонскиот драмски писател Ристо Крле.

1944.- Советската Црвена армија во Втората светска војна го заврши опколувањето на Будимпешта, која цврсто беше под германските окупаторски трупи.

1945. - Стапи во сила Договорот за основање Меѓународен монетарен фонд (ММФ), усвоен на Монетарната и финансиската конференција на Обединетите нации, во јули 1944 година, во Бертон Вудс, со учество на претставници од 44 земји, а со задача да ја унапредува меѓународната трговија, да воспоставува и да одржува валутна стабилност во светот.

1948.- Унгарските власти го уапсија римокатоличкиот кардинал Јозеф Миндсенти, жесток антикомунист.За време на немирите во Будимпешта во 1956 година излезе од затвор и доби аизл во амбасадата на САД во главниот град на Унгарија, каде се наоѓа до 1971 година кога му беше одобрено да отпатува за Рим.

1949. - Холандската кралица Јулијана потпиша Документ со кој и е даден суверенитет на Индонезија, по повеќе од три века холандска колонијална управа.

1956.- Флота на Обединетите нации почна со чистење на Суетскиот канал по Суетската војна, односно војниот поход на Велика Британија, Франција и Израел врз Египет, спречена со интервенцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации.

1969.- Либија, Судан И Обединетата Арапска Република (унија на Египет и Сирија) постигнаа договор да создадат воен политички економски сојуз.

1972.- Умре канадскиот државник Лестер Боулс Пирсон, шеф на дипломатијата од 1948 до 1957 година и премиер на Канада од 1963 до 1968 година. Пирсон беше и добитник на Нобеловата награда за мир во 1957 година. Се залагал за мирно решавање на корејскиот проблем и дал голем придонес за зачувување на мирот во Суетската криза.

1972.- Австралија ја откажа воената помош за Јужен Виетнам, завршувајќи го учеството во Виетнамската војна на страната на САД.

1972.- Белгија како прва НАТО-земја воспостави дипломатски односи со Источна Германија.  

1975.- Повеќе од 400 рудари загинаа во експлозија во рудникот за јаглен во Часнали во индискта држава Бихар.

1979. - Во Авганистан е извршен државен удар со директно воено мешање на СССР. Првпат Советскиот Сојуз, изврши интервенција во земја која е членка на Варшавскиот пакт.

1985.- Во истовремениот напад на палестинските исламски терористи врз патници пред шалтерот на израелската авиокомпанија „Ел А1“ на аеродромите во Рим и во Виена беа убеини 16 лица, повеќето од нив Американци, што подоцна беше поводот за американско бомбардирање на Либија.

1989.- Египет и Ситијра по 12 години ги обновија целосно дипоматските односи.

1992.- Магазинот "Тајм" го именува Бил Клинтон за "човек на годината".

1992.- Американски ловци соборија ирачки воен авион врз јужен Ирак наводно заради намерата на два ирачки воени авиони да извршат напад врз американските авиони „F-16“.

1993.- Најмалку 26 лица загинаа, а 16 исчезнаа, како последица од тајфунот "Нел", што ги погоди јужните Филипини.

1994.- Исламски терористи во Алжир убија четворица римокатолички свештеници.

1995.- Израелски војници го напуштија Рамала повлекувајќи се од сите шест града на Западниот Брег кои беа под управа на Палестинците врз основа на договроот меѓу Израел и ПЛО.

1998.- Ирак соопшти дека не ги признава зоните на забранет прелет кои Запад ги воспостави по Заливската војна во 1991 година во сверниот и јужниот дел на земјата.

2002.- Во нападот на двајца бомбаши-самоубијци врз зградата на чеченската влада во Грозни загинаа најмалку 83 лица.

2002.- На претседателските и собраниските избори во Кенија победи опозицијата, убедливо поразувајќи ја по 40 години владејачката Кенијска африканска национална унија. Шеф на државата стана Мваи Кибаки, кандидат на Националната коалиција која го освои апсолутното мнозинство.

2003.- Калисто Танци, основач и поранешен раководител на „Пармалата“, гигантска италијанска прехранбена компанија, е уапсен во Милано под сомнение дека го исценирал банкротството и дека е одговорен за фалсификување на сметководствените книги во кои е откриена „дупка“ од седум милијарди евра.

2005.- Во Каиро е одржан основачкиот собир на собранието на Арапската лига. Секоја од 22 членки на Лигата именува по четворица пратеници.

2006.- Умре Џералд Форд, поранешен претседател на САД. Прекарот „случаен“ го доби бидејќи на местото шеф на Белата куќа неочекувано го замени Ричард Никсон, кој се повлече по аферата „Вотергејт“. Беше единствен претседател на САД кој никогаш на изборите не бил биран на таа функција. На изборите во 1976 година Форд го порази демократот Џими Картер.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2007 во 13:12

1836.- Шпанија ја призна независноста на Мексико, која го окупира меѓу 1519 и 1522 година. Под шпанската круна официјално со статусот на вицекралство Мексико конечно потпадана во 1525 година. Востанието против колонијалните управувачи изби во 1810 година. Нестабилноста во Максико ја искористија САД, одземајќи го Тексас во 1822, а во крвавата војна од 1846 до 1848 година и Ново Мексико и Калифорнија.

1856. - Роден е Вудров Вилсон, дваесет и осмиот претседател на САД. Беше претседател од 1913 до 1924 година.

1879.- Во несреќата на патнички воз на линијата Единбург - Данди во Шкотска, кој се излизга во река бидејќи под него попушти мостот, загинаа 90 луѓе.

1882.- Роден е англискиот астроном и математичар Артур Стенли Едингтон, директор на Опсерваторијата во Кембриџ и претседател на Меѓународната астрономска унија од 1938 па се до крајот на животот во 1944 година. Се бавел со структурата на внатрешноста на ѕвездите и нивната атмосфера, со меѓуѕвездената материја, како и со движењето и распоредот на ѕвездите во нашата галаксија.

1895. - Во Париз, во просториите на "Гранд кафе", браќата Луј и Огист Лимиер, организираа прва филмска проекција. Тоа беа првите "подвижни слики" во историјата, кратки филмови. Оваа филмска претстава предизвика воодушевување кај публиката и се смета за датум на раѓањето на кинетомаграфијата. Само десет години подоцна, битолските браќа Манаки, Јанаки и Милтон, го снимија првиот филмски кадар на Балканот.

1908. - Од земјотрес во Месина и Калабрија, во Италија, загинаа околу 83.000 лица.

1923.- Умре францускиот инженер Александар Гистав Ајфел, градител на кулата во Париз наречна по неговото име. Бил специјалист за челични конструкции и мостови и меѓу првите го применил пневматското градење на темелите на големите мостови.

1925. - Во Ленинград, во состојба на тешка душевна депресија, се самоуби Сергеј Александровиќ Есенин, еден од најзначителните руски лиричари и истакнат обновувач на поетската сликовитост. Познати негови дела се "Задушница", "Триптих", "Стихови на скандалистите", "Кафеанска Москва", "Советска Русија", "Персиски мотиви" и "Ана Снегина". Роден е во селото Константиново, сега Есенино, Разјанска област, на 3 октомври 1895 година.

1937. - Во Париз умре Морис Равел, француски композитор. Тој е еден од најпознатите претставници на францускиот импресионизам, творец на многу оригинален израз. Најпознати дела му се оркестарската композиција "Болеро", операта "Шпански часовник", балетот "Дафнис и Клое" и други. Роден е во Цибург, на Пиринеите, на 7 март 1875 година.

1942.- Јапонија во Втората светска војна го бомбардираше индискиот град Калкута.

1943. - Во селата Прждево и Клисура, кај Неготино, партизанскиот батаљон "Страшо Пинџур" ги нападна германските делови за врска и деловите за противавионски извидувања. По куса борба кај селото Прждево, загинаа седум германски војници, додека нападот врз селото Клисура, не успеа поради интервенција на бугарските единици од Кавадарци и од Демир Капија.

1944. - Во Скопје почна тридневната работа на Второто (вонредно) заседание на АСНОМ.

1944. - Во Скопје почна да работи Радио Скопје на куси бранови од 50 метри на македонски јазик. Првата емисија што ја емитуваше беше преносот од Второто (вонредно) заседание на АСНОМ.

1945.- Умре американскиот писател Теодор Драјзер, бескомпромисен критичар на американското општество. Дела:„ Сестра Кари“, „Џени Герхард“, „Финансиер“, „Титан“, „Столик“, „Гениј“, „Американска трагедија“, „Трагична Америка“.

1947.- Умре поранешниот италијански крал Виторио Емануел Трети, последниот монарх на Италија, кој на престолот беше од 1900 до 1946 година. Тој го поддржуваше фашистичкиот режим на Бенито Мусолини. Се прогласи за „цар на Етиопија“ во 1936 година, по агресијата на Италија врз Етиопија, а за „крал на Албанија“ во 1939 година. Абдицираше по победата на републиканците на изборите во 1946 година.

1948.- Во Египет е убиен претседателот на владата Нокраш Паша, на крајот на повеќемесечните немири и насилства во земјата.

1949.- Во Унгарија на сила стапи декретот за национализација на сите индустриски и трговски фирми.

1962.- Во Мозамбик, португалска колонија во Африка, со обединување на трите антиколонијални групи основан е Фронтот за ослободување на Мозамбик, под чие водство земјата по долготрајните борби се стекна со независност во 1975 година, каде две децении потоа беснееше граѓанска војна.

1963.- Умре германскиот композитор Паул Хиндемит. Дела: „Новости на денот“, „Кардијак“, „Сликар Матис“, „Хамронија на светот“, шест гудачки квартети, „Камерна музика оп. 36“, концерти и сонати за разни инструменти, теориските дела „Традиционална хармонија“, „Светот на композиторот“. 

1994.- Умре Кочо Китановски, втемелувач на македонското градежништво. Роден е во Прилеп, на 12 јануари 1927 година

1995.- Од космодромот во Бајконур, Казахстан, од една руска носечка ракета, е лансиран сателит од индиско производство. Заедно со сателитот беше уште едно летало, наречено "скипер", сопственост на Универзитетот во Утах, САД.

1966.- Кина ја изврши петтата нуклеарна проба. Шест месеци подоцна експлодира првата кинеска хидрогенска бомба.

1968.- Во напад на аеродром во Бејрут израелски командоси уништија 13 арапски авиони.

1974.- Во земјотрес кој разори села во пакистанската планинска област Карако, загинаа околу 5.200 луѓе.

1997.- Долготрајните недоразбирања во Австралиската епархија на МПЦ, во Мелбурн кулминираа и со масовна тепачка меѓу приврзаниците на спротивставените страни (на приврзаниците и противниците на владиката Петар), пред редовната богослужба во МПЦ "Свети Ѓорѓи" и "Пресвета Богородица", во мелбурншкото предградие Епинг.

1984.- Умре американскиот филмски режисер Сем Пекинпо, автор на вестерни и криминалистички филмови кои се карактеризираат со изразити ликови, со краен реалистички приод, совршенство на монтажа и стилска перфекција. Филмови: „Пукни попладне“, „Балада за Кејбл Хог“, „Шампион на родео“, „Бег“, „Поранешниот пријател Кид“, „Елита на убијци“, „Железен крст“.

1989.- Собранието на Чехословачка го избра Алекснадра Дубчек за претседател.

1994.- Директорот на американската разузнавачка агенција ЦИА Џејмс Вулзи поднесе оставка по апсењето на високиот службеник на ЦИА Олдрич Ејмс кој со години работеше за Москва.

1998.- Во Скопје умре Томо Шијак, еден од најистакнатите творци и истражувачи на македонската ликовна сцена. Роден е во Косово Поле, во 1930 година.

1999.- Португалија и Индонезија ги обновија целосно дипломатските односи, по прекинот од четвртиот век поради тоа што Џакарта го припои Источниот Тимор, бивша португалска колонија, која е етнички индонезиска но верски е католичка, за разлика од претежно исламската Индонезија.

2001.- Во Скопје, на Клиниката за гинекологија, е родено првото бебе од епрувета во Македонија.

2004.- Умре американската писателка Сузан Зонтаг, пишувач на романи и есеи за современата култура и политика. Дела: романите: „Добротвор“, „Смртна опрема“, есеите „Против интерпретацијата“, „Излет во Ханој“, „Јас и така натаму“, „За фотографиите“, „Болеста како метафора“.

2005.- Во Земјената орбита лансиран е првиот од 30-те сателити  на европската сателитска мрежа „Галилео“, идниот глобален навигациски систем.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2008 во 11:03

106.п.н.е.- Роден е Марко Тулиј Цицерон, најголем римски говорник, политичар, филозоф и писател. Остави голем број говори, дела и преписки. Најпознати се неговите говори (беседи“ „Филипики“. Загина на 7 декември 43 г.п.н.е.

1902.- Во Акиреале е роден Умберто Барбаро, италијански режисер на документарни филмови, сценарист и филмски теоретичар. Умре во Рим, во 1959 година.

1923.- Умре Јарослав Хашек, чешки писател. Најпознат е по неговиот популарен хумористично-сатиричен роман „Доживувањата на добриот војник Швејк“, во кој ја разоткрива сета бесмисленост, суровост и лудост на милитаризмот. Роден е на 20 јануари 1883 година.

1924.- Умре Јиржи Волкер, чешки писател. Тој е еден од главните претставници на пролетерската поезија на бунтот и борбата за подобра иднина на работничката класа. Творец е и на социјални балади, бајки, драми и критики. Роден е во 1900 година.

1945.- Пропадна и последниот обид на Хитлер да го измени исходот на Втората светска војна. И покрај жестоките германски напади во Ардените, армијата на сојузничките сили на генералите Монтгомери и Бредли ги зафатија од север и од југ во клешти германските дивизии. Хитлер претрпе тешки загуби во луѓе и во воен материјал, што исцрпениот Трет рајх не можеше да го поднесе.

1945.- По наредба на главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија е формирана Командата на градот Скопје.

1945.- Во Скопје излезе првиот број на првото детско списание на македонски јазик во слободна Македонија "Пионер". Негови први уредници беа познатиот македонски писател Славко Јаневски и професорот Јонче Јосифовски.

1961.- Соединетите Американски Држави ги прекинаа дипломатските односи со Куба. Во април истата година кубанската армија и кубанскиот народ ја попречија инвазијата на кубанските контрареволуционери кои со помош на САД се истоварија во Лас Вегас.

1987.- Во Скопје умре доцент д-р Иван Влашки, шеф на Уролошката клиника на медицинскиот факултет во Скопје. Тој е основоположник на современата урологија и трансплантациите на бубрег во Македонија. Со своите стручни способности како хирург и педагог се стекна со голем углед во земјата и во странство. Роден е во 1930 година.

1987.- Во Скопје умре Драган Ѓаконовски - Шпато, истакнат македонски композитор, диригент и музички аранжер. Неговото име ќе остане трајно врежано во историјата на македонската забавна музика, зашто тој е всушност нејзин зачетник. Како автор на бројни забавни мелодии , на аранжмани за забавна и за џез музика на македонската сцена се појави уште во првите повоени години. Бројни генерации се сеќаваат на неговите популарни композиции, како и на првата македонска џез композиција наречена "Тема I", што тој ја создаде во далечната 1947 година. Беше извонредно надарен музички инструменталист кој формира повеќе оркестри и групи. Роден е во Скопје, на 11 март1931 година.

1996.- Во Скопје почна со работа канцеларијата за врски на Светската здравствена организација.

1996.- Во Скопје умре д-р Христо Маловски, македонски историчар и педагог, професор на Филозовскиот факултет во Скопје. Роден е во 1932 година.

1999.- Во Скопје умре Воислав Кушевски, историчар, универзитетски професор и основоположник на наставата по историја. Роден е во селото Тработивиште, Делчевско, во 1922 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2008 во 13:19

911.- Во манастирот "Свети Наум", на брегот на Охридското Езеро, умре Наум Охридски, познат како Свети Наум Охридски Чудотворец, еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Наум беше еден од даровитите ученици на браќата Кирил и Методиј и како таков, кога во 893 година неговиот брат Климент беше назначен за словенски епископ во Велика, на неговото учителско место во Кутмичевица беше назначен Наум Охридски. Во Македонија, во Охридската книжевна школа, Наум Охридски успешно ја продолжи целокупната дејност на Климент Охридски, а изгради и манастир во близината на Охрид. Познато е дека се занимавал со литературна дејност, но неговите текстови се уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во народната медицина и толерантно ги водел црковните работи. Роден е во првата половина на деветтиот век.

1589.- Умре француската кралица Катарина Медичи, ќерка на господарот на Фиренца Лоренцо Втори Медичи која, по смртта на својот сопруг Андри Втори, од 1560 година владеела со Франција како регент на синовите Франсоа Втори, Шарл Деветти и Анри Трети. Во текот на нејзиното владеење беснеела верско-граѓанската војна меѓу римокатолиците и хугенотите, за кое разбеснување придонела и самата таа.  Со поддршка на папата Гргур Тринаесетти во 1572 година го организирала колежот на хугенотите (француски протестанти - калвинисти) познат како Вартоломејска ноќ.

1592.- Роден е индискиот цар Шах Џехан од династијата Могула (познат и како принц Харам). Најголем дел од владеењето, од 1628 до 1658 година, кога беше тргнат од синот Аурангзеб, се посветил на изградбата на мавзолејот Таџ Махал во престолнината Агри. Преубавото здание од бел мермер, кој со 20.000 работници го градел од 1631 до 1653 година, е посветен во спомен на Мумтаз Махал. Умре во 1666 година и е погребен во истиот мовезелј. Во 1648 година ја премести престолнината од Агри во Делхи, каде го изгради новиот град Шахџеханабад.

1762.- Умре руската царица Јелисавета Петровна Романов, ќерка на Петар Велики. Во текот на нејзиното владеење од 1741 година земјата стагнираше, бидејќи не се бавеше со реформи и територијални освојувања што беа карактеристични за нејзиниот татко и Катарина Велика, која стана царица неколку месеци по нејзината смрт.

1855.- Роден е американскиот пронаоѓач Кинг Кемп Џилет, пронаоѓач на ножот за бричење, кај нас познат како „жилет“, според француската верзија на неговото презиме.

1858.- Умре австрискиот војсководец од унгарско потекло фелдмаршалот Хозеф Радецки, воен реформатор и австриски национален херој кој повеќе од половина век ги предводел австриските трупи. Учествувал во битките против францускиот цар Наполеон Први и во Италија и на Рајна и во задушувањето на востанието предводено од италијанските востаници против Австрија во 1830, 1831, 1848 и во 1849 година. По победата над Италијаните во 1848 година, кај Кустоце и во 1849 година кај Навара стана гувернер на Ломбардиско-венецијанската област. Најпознатиот австриски воен марш од перото на Јохан Штраус му е посветен него.

1869.- Аргентинските, бразилските и уругвајските сили го зазедоа главниот град на Парагвај, Асунсион, во борбата на таканаречената тричлена алијанса.

1875.- Во Штип е роден Владислав (Славчо) Ковачев, македонски револуционер и публицист. Неговиот богат револуционерен и творечки живот е посветен на македонското дело, на одбраната на изворните принципи на самостојноста на македонското ослободително движење и на афирмацијата на македонскиот национален идентитет. Само неколку часа пред да биде убиен неговиот истомисленик Димо Хаџи Димов, од наемен убиец на Ванчо Михајлов, е убиен во Софија, на 13 септември 1924 година.

1876.- Роден е германскиот државник Конрад Аденауер, канцелар на Западна Германија од 1949 до 1963 година. Во 1947 година беше основач на Христијанско-демократската партија. До доаѓањето на нацистите на власт во 1933 година беше адвокат и градоначалник на Келн. Политички се реактивирал по капитулацијата на Германија во Втората светска војна, тесно соработувајќи со американската воена управа, односно со владата на САД. Активно учествувал во создавањето на НАТО и на другите облици на соработка на западните држави.

1885.- Во Софија излезе првиот број на весникот „Македонски глас“, весник на македонските емигранти. Прв одговорен уредник беше Христо Томов. Весникот се застапуваше за борбата против турската власт во Македоија и за примена на член 23 од Берлинскиот договор, за автономија на Македонија.

1895.- Германскиот физичар Вилхелм Рентген ги пронајде "Х" зраците, подоцна по него наречени "Рентгенски зраци".

1916.- Пред Медовскиот Залив во Албанија во Првата светска војна по експлозија потона италијанскиот брод „Бриндизи“  во кој загинаа 390, а беа спасени 102 патника.

1919.- Во Берлин почна востанието предводено од комунистичката организција „Спартански сојуз“ на чело со Роза Луксембург и Карла Либкнехтом.

1919.- Основана е Национал-социјалистичката работничка партија на Германија. На власт дојде во 1933 година кога на Хитлер по изборите му беше доверен мандатот за состав на владата. Стравот од националистичката партија во Германија во повеќето делови во Европа траеше до 1945 година кога Германија капитулира, а претходно на воен план беше тотално поразена.

1925.- Нели Тејлор Рос е првата жена  во историјата на САД која стана гувернер на американската сојузна држава Вајоминг.

1928.- Роден е пакистанскиот државник Зулфикар Али Буто кој беше претседател на Пакистан од 1971 до 1973 година кога стана премиер. Во јули 1977 со воен пуч го тргна генералот Мухамед Зија ул Хак. Буто беше уапсен, а судот на военот режим на Зија во март 1978 година го осуди на смрт со неуверливи обвиненија дека наредувал убиства на политичките противници. Беше обесен во април 1979 година.  

1939.- Роден е шпанскиот крал Хуан Карлос Први, кој по смртта на Франциско Франко во 1975 година кој, иако Франко го подготвувал да продолжи со десничарската диктатура, одлучувачки придонел за воспоставување на демократскиот поредок во Шпанија. 

1949.- Во Москва почна советувањето на владите на Советскиот Сојуз, на Бугарија, Чехословачка, Унгарија, Полска и на Романија, на кое е донесена одлука за создавање на Совет за взаемна економска помош заради организирање и усогласување на развојот на земјите-членки. Истата година во оваа организација пристапи и Албанија, а во 1950 година Источна Германија.

1952.- Во Скопје, во ателјеата на Зајчев Рид, започна снимањето на првиот македонски уметнички филм „Фросина“. Режисер беше Воислав Нановиќ, а снимател Кирил Билбиловски. Во главните улоги играа Мери Бошкова, Петре Прличко, Илија Џувалековски, Ацо Јовановски и други.

1961.- Воена влада во Перу уапси стотици луѓе под обвинение дека се комунисти.

1964.- Вселенскиот патријарх Атинагор Први и папата Павле Шести се состаноа во Ерусалим. Од 15. век тоа беше прва средба на некој православен патријарх со римокатоличкиот поглавар.

1968.- Александар Дупчек стана прв секретар на КП на Чехословачка и со него започна процесот на внатрешна либерализација, дефиниран како "Прашка пролет".

1969.- Советскиот Сојуз го лансираше вселенскиот брод „Венера 5“ без екипаж во правец на Венера, а пет дена потоа и „Венера 6“, кои до планетата стасаа на 16, односно 17 мај.

1970.- Во Гетинген, Германија, умре Макс Борн, германски научник, светски теоретичар во областа на нуклеарната физика. Во 1954 година ја доби Нобеловата награда за физика. Роден е во Вроцлав, Полска, на 11 декември 1882 година.

1971.- Социјалистичката влада на Чиле воспостави дипломатски односи со Кина.

1976.- Диктаторскиот маоистички режим „Црвени кмери“ донесе нов устав во Камбоџа со кој името на земјата е сменето во Демократска Кампучија.

1981.- Почна електрификацијата на железничката пруга Скопје - Гевгелија, што заврши на 24 ноември 1986 година.

1985.- Во Загреб умре Ловро Матачиќ, хрватски диригент, композитор и оперски режисер, уметник со светско реноме. Почетокот на работата на Македонскиот народен театар е тесно врзан со името на овој светски музички великан. Роден е во Сушак, на 14 февруари 1899 година.

1990.- Во Скопје умре Филип Симоновски, истакнато име на македонското новинарство, уредник и публицист во "Нова Македонија". Роден е во Лазарополе, на 14 ноември 1941 година.

1991.- Куба и Советскиот Сојуз потпишаа договор со кој ја окончаа повластената меѓусебна трговија и беа укинати вештачки ниските цени.

1991.- Умре Васко Попа, еден од најголемите српски, односно војводински поети, кој ја воведе модерната метафора во поетското изразување. Познати се неговите збирки поезија „Кора“, „Споредно небо“, „Волчја сол“, „Куќа средпат“ и други. Роден е во Гребенац, кај Вршац, на 29 јули 1922 година.

1995.- Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Узбекистан и Република Молдавија.

1996.- Убиен е палестинскиот терорист Јахја Ајаз, наречен „инженер“, осомничен како организатор на бранот самоубиствени терористички напади во Израел во кои загинаа десетици еврејски цивили. Загина откако во неговите раце во Газа експлодира миниран мобилен телефон.

1997.- Русија ги повлече последните единици на Министерството за одбрана од Чеченија, привремено завршувајќи ја воената кампања против исламските терористи во Чеченија.

2004.- Соопштено е дека на вонредните претседателски избори во Грузија убедливо победи лидерот на опозицијата Михаил Сакашвили (36).

2006.- Во нападите на двајцата самоубијци во ирачките градови Карбали и Рамади, загинаа 130, а беа ранети повеќе од 200 луѓе.

2007.- Умре Момофука Андоа, јапонскиот „крал на ситни тестенини“, пронаоѓач на „инстант ситните тестенини“ кои се главна храна на астронаутите во вселената. Андо е роден во 1910 година на Тајван. Со производство на тестенини почнал во Тајпеј, а подоцна продолжил и во Осака. Во 1948 година ја основал компанијата „Нишин Фуд“, и таа беше првата фабрика која во 1958 година ги произведе ситните тестенини во вреќички, а потоа и други слични производи кои со време го освоија целиот свет.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2008 во 12:47

Денеска е Преподобна маченица Евгенија (Бадник-Коледе).

Света Евгенија потекнувала од видна Македонска фамилија. Татко и Филип бил управник на Александрија и цел Египет. Тајно го напуштила домот и, преоблечена како машко, стапила во еден манастир. Подоцна, некоја жена ја набедила дека ја принудува на незаконит однос, па била изведена пред управникот Филип, својот татко. За да се покаже вистината, Евгенија ја открила својата тајна. Нејзините родители, кои многу и се израдувале, гледајќи го ова чудесно сведоштво и самите поверувале во Христа. По некое време Филип пострадал маченички, а останатите од семејството се вратиле во Рим. А во Рим, во 262 година, на денот на раѓањето Христово, маченичкиот венец го прими и света Евгенија.



Изменето од Boogie - 06.Јануари.2008 во 12:47
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2008 во 13:52

1589.- Во Дубровник е роден Иван Гундулиќ, епски, лирски и драмски писател. Напиша многу мелодрами, пасторали и лирски песни од кои многу се загубени. Најпознати негови села се „Осман“, „Дубравка“, „Аријана“ и други. Умре во Дубровник, на 8 декември 1638 година.

1642.- Во Фиренца умре Галилео Галилеј, италијански астроном, еден од најпознатите физичари и астрономи воопшто. Ги проучуваше проблемите на механиката, како што се: слободното паѓање, хоризонталниот истрел и други. Го конструира првиот термоскоп, го откри телескопот, распаѓањето на Млечниот пат, појавата на сончевите дамки и друго. Неговото залагање за системот на Коперник го доведе во судир со црквата и во 1616 година инквизицијата донесе решение со кое на Галилео Галилеј му се забранува да ја пропагира тезата дека, Сонцето се наоѓа во центарот на светот и дека Земјата се врти околу Сонцето. Роден е во Пиза, во 1564 година.

1679.- Храбриот француски истражувач Роберт Кавелје де ла Сал ги откри величенствените водопади на Нијагара во САД, кои спаѓаат меѓу најубавите природни убавини на светот. По три години го помина целиот тек на реката Мисисипи и од името на Луј Четиринаесетти долината ја прогласил за француски имот. Во бунтот на членовите на неговата експедиција е убиен во 1687 година.

1819.- Во Љубљана умре Валентин Водник, просветител, прв словенечки поет и новинар. Роден е во Згорња Сишка, кај Љубљана, на 3 февруари 1758 година.

1943.- Кај селото Сливник, Велешко, во борба против бугарската полиција загина (се самоуби) Трајко Бошкоски - Тарцан, Илинденски првоборец, комесар на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Тој беше командант на прилепските партизани на 11 октомври 1941 година, кога во Прилеп почна востанието на македонскиот народ. Роден е во селото Радобил, на 14 август 1918 година.

1951.- Во Софија умре Војдан Поп Георгиев - Чернодрински, македонски патриот, револуционер, писател, театарски режисер, артист и основоположник на македонскиот театар. Тој ги напиша првите страници на македонската драмска литература и ги удри темелите на македонското театарско дело. Сето тоа го стори во името на слободата на македонскиот народ. Делата на Чернодрински се непосредно инспирирани од македонското револуционерно минато. Негово најпознато дело е драмата "Македонска крвава свадба", што ја напиша во 1900 година, а премиерата е одржана во Софија, на 20 ноември 1900 година. Чернодрински потекнува од свештеничко семејство. Учеше во егзархиското училиште "Свети Климент" во Охрид, а потоа образованието го продолжи во Солун. Во 1897 година беше учител во битолското село Могила, а потоа замина да студира во Грац и во Берн, во Швајцарија. Во 1900 година, семејството на Чернодрински се пресели во Софија. Роден е во селото Селци, дебарско, на 15 јануари 1875 година.

1991.- Во Скопје е конституирано првото повеќепартиско Собрание на СР Македонија. За прв претседател беше избран Стојан Андов, пратеник на Сојузот на реформиските сили.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,719 секунди.