IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3637383940 68>
Автор
Порака
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2007 во 20:55
Свети Сава Осветен

Незначајното село Муталаск во Кападокија стана славно поради ова големо светило на Црквата. Овде Сава се роди од татко Јован и мајка Софија. Родителскиот дом го напушти кога имаше осум години и се замонаши во блиската обител наречена Флавијанова. После десет години премина во Палестинските манастири и таму најдолго се задржа во обителта на Светите Ефтимиј Велики (под 20 јануари) и Теоктист. Проѕорливиот Ефтимиј за него прорече дека ќе стане славен монах и наставник на монасите и дека ќе основа лавра поголема од сите лаври на сите времиња. По смртта на Св. Ефтимиј Сава се оддалечи во пустина, каде што во една пештера, којашто му ја покажа ангел Божји, помина како отшелник пет години. Потоа, кога стана совршен монах, по Божја Промисла околу него почнаа да се собираат многумина ревнители за духовниот живот. Набрзо се собраа во толкав број, што Сава мораше да гради и црква и многубројни келии. Дојдоа и некои Ерменци, на коишто тој им одреди пештера за во неа да служат на ерменски јазик. Кога умре татко му, кај него дојде неговата остарена мајка Софија, којашто тој ја замонаши и ѝ даде келија подалеку од неговиот манастир, па во неа таа се подвизуваше до крајот на животот. Овој Свет отец претрпе многу напасти од ближните, од еретиците и од демоните. Но тој сите ги победуваше, и тоа: блиските со благост и попустливост, еретиците со непоколебливо православно исповедање, а демоните со крсниот знак и повикувајќи Го на помош Бога. Особено голема борба имаше со демоните на гората Кастела, каде што го основа својот втор манастир. Тој и неговиот сосед Теодосиј Велики се сметани за најголеми светила и столбови на Православието на Исток. Тие ги исправаа царевите и патријарсите во верата, а на сите им служеа како пример на светителско смирение и на чудесната Божја сила. После трудољубивиот и многуплоден живот Св. Сава се упокои во 532 година, во деведесет и четвртата година од својот живот. Меѓу другото, тој го устрои манастирскиот типик на богослужење, којшто подоцна се рашири по целото Православие и стана познат како Ерусалимски устав.

Преподобните маченици Карејски

Пострадаа од папистите во времето на унијата којашто со папата ја направи царот Михаил Палеолог (1260 г. – 1281 г.). Протатот на Света Гора беше обесен, а останатите убиени со меч (поисцрпно за тоа под 10 октомври).
Преподобен Нектариј Битолски
Родум од Битола. Се подвизуваше најпрво во манастирот Свети Врачи кај Битола, заедно со својот замонашен татко Пахомиј. Потоа премина на Кареја, каде што го продолжи подвигот под раководство на Старците Филотеј и Дионисиј во келијата на Св. Архангели. Откако ги победи човечката завист, демонските напасти и тешките болести, се пресели во Царството Христово на 5 декември 1500 година. Неговите чудотворни мошти цели, нетлени и благоухани, почиваат во истата келија.

Преподобните Карион и Захарија

Татко и син, обајцата големи мисирски подвижници. Карион ја остави жената и двете деца и замина во монаштво. Младиот Захарија како дете беше земен во манастир и со својот подвиг го надмина својот татко и многумина други прочуени подвижници. Кога го прашаа Захарија кој е вистински монах, одговори: „Оној којшто себеси посотјано се принудува да ги извршува Божјите заповеди“.
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2007 во 20:56
Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски 19/12/2007


Овој славен светител, когошто и денес го слават по сиот свет, им беше единец син на своите богати и угледни родители, Теофан и Нона, жители на градот Патара во Ликија. Бидејќи им беше син единец даруван од Бога, тие Му го посветија на Бога, принесувајќи Му така дар. Знаењето за духовниот живот Св. Николај го стекна преку својот чичко Николај, епископот Патарски, и се замонаши во манастирот „Новиот Сион“, основан од тој негов чичко. По смртта на родителите Николај им го раздаде наследениот имот на сиромасите и ништо не задржа за себе. Додека беше свештеник во Патара тој многу се прочу со делата на својата милостиња, иако ги криеше грижливо, за да го исполни зборот Господов: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ (Матеј 6, 3). Кога се предаде на самотност и на безмолвие, мислејќи така да проживее до смртта, му дојде глас одозгора: „Појди на подвиг меѓу народот, ако сакаш да бидеш од Мене овенчан.“ Веднаш потоа според чудесната Божја Промисла беше избран за епископ на градот Мир во Ликија. Милостив, мудар, неустрашлив. Св. Николај му беше вистински добар пастир на своето стадо. За време на гонењето на христијаните под Диоклецијан и Максимијан го фрлија во затвор, но тој и во затворот ги поучуваше луѓето на законот Божји. Присуствуваше на Првиот Вселенски Собор во Никеја и од голема ревност за вистината го удри еретикот Ариј. За ова дело го отстранија од Соборот и од архиерејската служба, сѐ додека на неколкумина од првите архиереи на Соборот не им се јавија Самиот Господ Христос и Пресвета Богородица и не го објавија своето благоволение кон Николај. Чувар на Божествената вистина, овој чудесен Божји светител беше и одважен заштитник на правдата меѓу луѓето. На двапати спаси по тројца луѓе од незаслужена смртна казна. Милостив, вистинољубив и праведен, одеше меѓу луѓето небаре ангел Божји. Уште за време на животот луѓето го сметаа за светител и го повикуваа на помош во маки и неволји и им се јавуваше во сон и на јаве на тие што го повикуваа, еднакво лесно дали се блиску или далеку, и им помагаше. Од неговото лице блескаше светлина како од лицето Мојсеево, па и со самата своја појава им носеше на луѓето утеха, мир и добра волја. На старост малку се разболе и се упокои во Господа, многустрадален и многуплоден, за вечно да се весели во Небесното Царство продолжувајќи да чудотвори на земјата, помагајќи им на верните и прославувајќи Го својот Бог. Се упокои на 6 декември 343 година
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2007 во 20:56
Свети Николај, епископ Патарски 19/12/2007


Тој е чичкото на големиот светител Николај. Го поучи во духовниот живот и го ракоположи за свештеник.
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2007 во 09:52

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/12-7-20.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors. Свети Амвросиј, епископ Медиолански (Милански)

Овој голем Свет отец на православната Црква беше од прочуен род; татко му беше царски намесник на Галија и Шпанија, но по вера незнабожец, а мајка му христијанка. Додека беше уште во лулка како малечок, еднаш се спушти рој пчели врз него, излејаа мед на неговата уста и одлетаа. И уште како дете ја пружаше раката и пророчки велеше: „Целивајте, бидејќи ќе бидам епископ“. По смртта на својот татко царот го постави за свој намесник на Лигурската област, во којашто главен град беше Медиолан. Кога умре епископот на тој град, падна голема расправија меѓу православните и еретиците аријанци околу изборот на новиот епископ. Според должноста Амвросиј влезе в црква заради одржување на редот. Притоа едно дете возвикна на мајчините гради: „Амвросиј - епископ!“ Сиот народ ова го прими како глас Божји и наспроти волјата на Амвросиј, него го избраа едногласно за епископ. Тој се крсти и за една недела ги помина сите претходечки чинови и беше ракоположен за епископ. Како епископ Амвросиј ја утврди православната вера, ги потисна еретиците, ги украси црквите, ја распростре верата меѓу незнабожците, напиша многу поучни книги и послужи како пример на вистински христијанин и христијански пастир. Тој ја состави и благодарствената песна: „Тебе Бога Те фалам“. Овој славен јерарх, кого заради неговата мудрост и слаткоречивост го посетуваа и луѓе од далечни земји, беше мошне воздржлив, трудољубив и бодар. Спиеше малку, работеше и Му се молеше на Бога непрестајно, постеше во сите денови освен во сабота и недела. Затоа Бог му даде да види многу Божји чуда, а и самиот да чудотвори. Ги откри моштите на Светите Протасиј, Гервасиј, Назариј и Келсиј (под 14 октомври). Кроток кон малите луѓе, пред големите беше неустрашлив. Ја изобличи царицата Јустина како еретичка, тиранининот и убиецот Максим го проколна, на царот Теодосиј му забрани пристап во храмот сѐ додека не си го покаја гревот, со насилниот и самонаречен цар Евгениј не сакаше ни да се сретне. Овој богоугоден маж Бог го дарува со толку благодат, што и мртви воскреснуваше, демони од луѓето изгонуваше, болни од секаква болест исцелуваше и проѕираше во иднината. Се упокои мирно во мугрите на Воскресение во 397 година.

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/svdec-253.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors. Преподобен Григориј Молчалник

По потекло Србин. Основач на светогорскиот манастир на Св. Николај, наречен според него Григоријат. Неговата келија се наоѓа на четврт час одење од манастирот. Во 1761 година во манастирот имаше голем пожар и притоа некои монаси ги зедоа неговите мошти и ги пренесоа во Србија. Овој Божји човек се упокои мирно во 1406 година.

Преподобен Нил Столбенски

Земјоделец, родум од Новгород. Штом се оддалечи во пустина, се хранеше со тревки и класчиња. Според глас добиен од висините се пресели на островот Столобное. Еднаш во неговата келија влегоа разбојници за да го ограбат, но одеднаш ослепеа. Си ископа гроб во близина на келијата и секој ден над него плачеше. Се упокои мирно и се пресели во Царството Христово во 1554 година. Неговите чудотворни мошти се наоѓаат на местото на неговиот подвиг.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 10:13

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/12-9-22.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Зачнувањето на Света Ана

Праведните Јоаким и Ана беа бездетни цели педесет години од нивниот брачен живот. На старост им се јави архангелот Гавриил, секому посебно, и им рече дека молитвите им се услишени од Бога и дека ќе родат ќерка, Марија. Тогаш Св. Ана зачна од својот маж и по девет месеци роди ќерка благословена од Бога и од сите човечки колена, Пресветата Дева Марија Богородица (поопширно под 9 септември).

Света Ана, мајката на Пророкот Самуил

Жена на Елкан, од Арматем или Ариматеја (1 Сам. 1). Немаше деца бидејќи беше неплодна, заради што горко плачеше и тагуваше. Но милостивиот Бог се смилува на неа и ја разреши нејзината неплодност заради нејзините непрестајни воздишки и молитви. Ана го роди синот Самуил и Му го посвети на Бога уште од неговото детство. Тој беше голем водач на Израилскиот народ и Пророк, помаза два цара, Саул и Давид. А Св. Ана Му испеа на Бога благодарствена песна, чудесна според мудроста и убавината, па нејзе и ден денес ја пеат во богослужбите на Црквата (1 Сам. 2, 1).

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2007 во 11:54

Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф

Мина и Ермоген беа родум атињани. Обајцата живееја во Цариград, во голема чест кај царот и кај народот. Мина беше познат по неговата голема ученост и краснозборливост и однадвор се држеше како незнабожец, но во срцето беше христијанин. Ермоген беше цариградски епарх и се држеше за незнабоштвото и однадвор и однатре, иако беше милосрден и вршеше многубројни добри дела. Кога пламна некоја расправија меѓу христијаните и незнабожците во Александрија, царот Максимин го испрати Мина да го стивне метежот и да ги истреби христијаните од тој град. Мина отиде и воспостави мир, но се објави себеси како христијанин и мнозина незнабожци ги обрати во вистинската вера со силен збор и многубројни чуда. Кога слушна за ова царот го испрати Ермоген за да го казни Мина и да го задуши христијанството. Ермоген го изведе Мина на суд, му ги отсече стапалата и јазикот, му ги избоде очите, па го фрли во затвор. Во затворот на Мина му се јави Самиот Господ Исус, го исцели и го утеши Својот страдалец. Кога го виде Мина чудесно исцелен, Ермоген се крсти и почна на големо да ја проповеда Христовата вера. Го поставија и за епископ на Александрија. Тогаш разјарениот Максимин самиот отиде во Александрија и ги подложи Мина и Ермоген на големи маки, коишто тие, помагани од Божествената благодат, храбро ги издржаа. Гледајќи ја храброста на овие Христови војници и Божјите чуда што се извршија над нив, пред судилиштето се јави и Евграф, секретар и пријател на Св. Мина, возвикнувајќи му на царот: „И јас сум христијанин!“ Царот збесна, го исука мечот и го уби Св. Евграф. По ова овој нечестив цар нареди да ги убијат со меч и Светите Мина и Ермоген. Нивните свети мошти ги фрлија во морето, но тие на чудесен начин допловија во Цариград, каде што епископот, на кого му се јавија во сон, свечено ги дочека и ги погреба.

Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот

Ќерка на албанскиот кнез Ѓорѓи Кастриот Искендер и жена на српскиот деспот Стефан. Заедно со нејзиниот маж претрпе прогонство и секаква горчина делејќи со него во Албанија, Италија и Србија. Своите синови, Максим и Јован, ги воспита во вистински христијански дух. По смртта на нејзиниот маж се замонаши и сосема се посвети на молитвата, на милосрдието и на изградба и поправка на црковни храмови. Народот и сега ја нарекува мајка Ангелина, што произлегува од нејзиното совршенство како сопруга, мајка и христијанка. Нејзините чудотворни мошти почиваат покрај моштите на нејзиниот праведен маж Стефан во Крушедол, заедно со моштите на нивните осветени синови Максим и Јован (доколку не се уништени од Турците). Се упокои во почетокот на 16 век.

Светиот маченик Гемел

Чесен граѓанин на градот Анкира. Кога царот Јулијан Отстапник дојде во овој град, Гемел излезе пред него и јавно го изобличи за богоотстапништвото. За ова беше мачен и распнат на крст, во 361 година. Кога беше во маки на крстот, слушна глас од небото: „Блажен си ти, Гемеле!“

Преподобен Тома Дефуркин

Голем испосник, победник на демоните и проѕорливец. Царот Лав Мудриот му напиша писмо, а тој одговори без да го отвори царевото писмо. Се упокои во Господ во длабока старост во 9 век.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2007 во 15:56

Светите маченици Тирс, Левкиј и Калиник

Светите Тирс и Левкиј беа чесни граѓани на Кесарија Витиниска, првиот беше крстен, а вториот огласен христијанин. А Калиник беше идолски жрец. Кога наследникот на царот Декиј, Кумврикиј, почна беспоштедно да ги мачи и убива христијаните, истапи пред него храбриот Левкиј и изобличувајќи го му рече: „Зошто си се кренал сам против својата душа, Кумврикиј?“ Разјарениот судија нареди веднаш да го бијат и да го мачат и најпосле да го убијат со меч. После мачењето Левкиј одеше да прими меч весело како на свадба. Кога ја виде смртта на храбриот Левкиј, блажениот Тирс се распали со Божествена ревност, па исто како Левкиј истапи пред судијата и го изобличи за злосторствата и за неверувањето во единствениот вистински Бог. И тој беше биен и фрлен во затвор. Невидливата Божја рака го исцели од раните, му ја отвори вратата на затворот и го изведе надвор. Тирс веднаш појде кај епископот Кесариски Филеј и од него прими Крштение. По ова повторно го фатија и го мачеа, но тој ги поднесуваше маките трпеливо како во сон, а не на јаве. Од силата на неговатат молитва испопаѓаа многубројни идоли. Кога го виде ова идолскиот жрец Калиник се обрати во Христовата вера. И тој и Тирс беа осудени на смрт. Калиник го убија со меч, а Тирс го положија на дрвен сандак за да го стружат со бичкија. Но Божјата сила не го допушти ова, па бичкијата не можеше ни да го делне дрвото. Тогаш Св. Тирс стана од ковчегот, Му се помоли на Бога благодарејќи Му за маките и мирно Му го предаде својот дух на Господ. На крајот од 4 век кесарот Флавиј покрај Цариград му устрои црква на Св. Тирс и во неа ги положи неговите свети мошти. Светителот ѝ се јави во видение на царицата Пулхерија и ѝ препорача да ги закопа моштите на Четириесетте маченици до неговите.

Светите маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други

Во времето на Диоклецијан некој судија Аријан луто ги мачеше христијаните во Мисир. Па го фати Аполониј и му се закани со маки. Овој се исплаши од маките, па потплати еден музикант, Филимон, да оди преправен во неговата облека и наместо него да им принесе жртва на идолите. Но кога Филимон стапи пред идолите, одеднаш во неговото срце заблеска светлината на христијанската вера и тој се прекрсти. Потоа излезе и почна да вика: „Христијанин сум! Слуга на живиот Бог!“ Кога го слушна ова судијата се насмеа, мислејќи дека Филимон им се потсмева на христијаните. Но потоа Филимон прими страшни маки. Притоа падна дожд од небото и го крсти. Најпосле и Филимон и Аполониј беа убиени со меч од судијата Аријан. Само тогаш и Аријан стана христијанин, бидејќи на гробот на Филимон на чудесен начин си го излечи слепото око. Него царот Диоклецијан го осуди на смрт и заедно со четворица војници коишто исто така се објавија себеси како христијани, беше маченички погубен.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2007 во 00:57

Светиот свештеномаченик Елевтериј

Овој прекрасен светител имаше родители благородни и од прочуен род. Беше роден во Рим, каде што татко му беше воен антипат. Мајка му Антија го слушаше Евангелието од самиот апостол Павле и од него беше крстена. Бидејќи рано остана вдовица, го даде својот единец син на учење и служба кај римскиот епископ Аникита. Бидејќи го виде Елевтериј надарен од Бога и просветлен со Божествената благодат, во петнаесеттата година епископот го ракоположи за ѓакон, во осумнаесеттата за свештеник, а во дваесеттата за епископ. Божетсвената мудрост го надополнуваше кај Елевтериј она што му недостасуваше во годините. Овој богоугодник беше поставен за епископ на Илирија со седиште во Валона (Авлона) Албанска. Своето стадо го чуваше како добар пастир и секојдневно го умножуваше. Христогонителниот цар Адријан испрати некој војвода Феликс со војници за да го фатат и доведат Елефтериј во Рим. Кога јаросен Феликс стигна во Валона и влезе во црквата, го виде и го чу светиот Божји архиереј и одеднаш неговото срце се измени и стана христијанин. Елевтериј го крсти и тргна со него во Рим, одејќи весело како да оди на гозба, а не на суд и маки. Царот му наложи лути истизавања на овој благороден Елевтериј: биење, печење на железен кревет, варење во смола, горење во огнена печка. Но Божествената сила го избави маченикот од сите смртоносни измачувања. Кога го виде ова, римскиот епарх Корив и самиот изјави дека е христијанин. Корив беше мачен и убиен со меч. Исто така и блажениот Феликс. Најпосле царските џелати ја отсекоа и чесната глава на Свети Елевтериј. Кога неговата света мајка Антија дојде над мртвото тело на нејзинот син, и таа беше убиена. Нивните тела ги пренесоа во Валона, каде што Св. Елевтериј до денешен ден чудесно го прославува Христовото име. Пострада во времето на Адријан, во 120 година.

Свети Стефан Исповедник Сурожски

Родум од Кападокија. Воспитан во Цариград кај Светиот патријарх Герман. Се оддалечи во осаменост и живееше скриен од светот. Ангел Господов му го објави на Св. Герман овој Свети Стефан и му заповеда да го постави за епископ на градот Сурож (сегашен Судак на Крим). Патријархот ова го изврши. Светиот ревнител Стефан обрати мнозина во христијанската вера. Страдаше луто за иконите, под царот Лав Исавријанин. На царот му прорече скора погибел. По злата смрт на овој зол цар, Стефан беше вратен во неговата епархија, каде што го пасеше стадото богоугодно и се упокои мирно на крајот од 7 век.

Преподобен Павле во Латра

Родум од Пергам; се подвизуваше на гората наречена Латра во Мала Азија. Прославен според подвизите и многубројните чуда. На старост се упокои мирно и се пресели кај Господ во 950 година.

Преподобен Пард Отшелник

Како млад беше рабаџија, но заради еден ненамерен грев го напушти светот и се повлече на подвиг во пустина. Живееше во 6 век во Палестина.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2007 во 23:05

Светиот пророк Агеј

Роден е во Вавилон за време на робувањето на Израилот од племето Левиево. Пророкуваше 470 години пред Христа. Како млад го посети Ерусалим. Ги поттикнуваше Зоровавел и свештеникот Исус да го обноват храмот Господов пророкувајќи му на тој храм поголема слава од поранешниот храм Соломонов. „Славата на овој последен храм ќе биде поголема отколку на поранешниот, вели Господ над војските“ (Агеј 2, 9). Зашто во новиот храм ќе се јави Господ Спасителот. Овој пророк доживеа да види еден изграден дел од храмот, кое го изврши Зоровавел. Се упокои на старост.

Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски

Управуваше со Црквата од 980 до 995 година. Тој го ракоположи за свештеник големиот Симеон Нов Богослов кога овој духовен великан беше избран за настојател на манастирот на Светиот маченик Мамант во Цариград. Во неговото време во Кареја се случи чудесното јавување на Светиот архангел Гавриил, кога на монасите им беше предадено славословието кон Пресвета Богородица со песната „Достојно ест“. Оваа песна архангелот ја запиша со прст на камена плоча во една келија на црквата која оттогаш се нарекува Достојно (под 13 јуни). Овој значаен голем јерарх мирно се упокои и премина во Небесното Царство.

Светата царица Теофанија

Од високородни родители, Константин и Ана, кои им беа роднини на големите цареви. Долги години беа бездетни и Ѝ се молеа на Пресвета Богородица за пород. И Бог им ја даде оваа ќерка, Теофанија. Запоена со христијанскиот дух уште од детството, Теофанија ги надминуваше своите другарки во сите христијански добродетели. Кога порасна стапи во брак со Лав, синот на царот Василиј Македонецот. Заедно со мажот ѝ претрпеа големи неволји. Заради некаква клевета дека наводно Лав носи во чизмата нож за во згодна прилика да го убие својот татко, лековерниот цар Василиј ги затвори синот и снаата во затвор. Тие две невини души трпеа затворени три години. Еднаш на празникот на Св. пророк Илија царот ги повика сите свои големци на гозба. Во еден миг папагалот ненадејно ги изговори овие зборови: „Леле, леле, господине Лав!“ И неколкупати ги повтори овие зборови. Ова мошне го возбуди царот и сите го замолија да ги ослободи синот и снаата. Нажалениот цар така и стори. По смртта на својот татко овој Лав се зацари и беше наречен Мудар. Теофанија не го броеше своето царско достоинство за нешто. Сета предадена на Бога се грижеше за спасението на својата душа, постејќи, молејќи се и делејќи милостиња, обновуваји многубројни манастири и храмови. Од нејзините усни не излезе лажен збор, ниту излишен, а најмалку клевета. Пред својата смрт ги повика сите свои ближни, се прости со нив и Му ја предаде својата душа на Бога во 892 година. Царот Лав сакаше да подигне црква посветена на нејзиното име, но бидејќи патријархот приговори, подигна храм посветен на Сите Светии, говорејќи дека ако Теофанија се осветила, нека се прославува заедно со останатите Светии. Тогаш беше востановен празникот на Сите Светии во неделата после Света Троица (Педесетница).

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
strurcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 124
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај strurcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2007 во 01:13
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Денеска е Св. пророк Даниил и трите момчиња Ананиј, Азариј и Мисаил.

Сите четворица потекнуваа од Јудиното царско племе. После опустошувањето на Ерусалим од страна на вавилонскиот цар Навуходоносор беа одведени во Вавилон, заедно со голем број Евреи. За животот на пророк Даниил може да се дознае од неговата книга што се наоѓа меѓу книгите на Стариот завет. Тој го прорече времето на доаѓањето на спасителот Христос. Ананиј, Азариј и Мисаил, пак, имајќи силна вера во Бога, останаа неповредени иако беа фрлени во вжештена печка. Кога вавилонскиот цар го виде ова чудо, ги изведе од печката и им даде големи почести. Според едно предание, сите четворица доживејаа длабока старост и најпосле пострадаа во Вавилон заради верата во едниот Бог.
Сега знам дека нисто незнам!

Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2007 во 17:52

Светиот пророк Даниил и тројцата младенци Ананиј, Азариј и Мисаил

Сите четворица беа од царското племе Јудино. Кога царот Навуходоносор (или Невукаднезар) го разори и заплени Ерусалим, тогаш и Даниил, како момченце, беше одведен во ропство заедно со јудејскиот цар Јоаким и со мнозина други Израилци. Исцрпниот опис на неговиот живот, страдања и пророштва може да се најде во неговата книга на Светото Писмо. Сиот предаден на Бога, Св. Даниил од раната младост од Бога доби дар на голема проѕорливост. Неговата слава меѓу Јудејците во Вавилон започна кога ги изобличи двајцата похотливи и неправедни старци, еврејски судии, и ја спаси од неправедна смрт целомудрената Сосана (Сузана). А неговата слава меѓу Вавилонците започна од оној ден кога му го погоди и протолкува сонот на царот Навуходоносор. За ова царот го направи кнез на својот дворец. Кога царот направи златен идол во полето Деира, тројцата младенци не сакаа да му се поклонат на идолот, заради што беа фрлени во огнена печка. Но им се јави ангел Божји во печката и го разлади огнот и младенците шетаа низ печката неповредени од огнот и пееја: „Благослвен Си Господи на нашите отци“. Царот го виде ова чудо и го опфати ужас. Ги изведе младенците од печката и ги опсипа со големи почести. Во времето на царот Валтазар, кога на една гозба царот јадеше и пиеше со своите гости од осветените садови земени од ерусалимскиот храм, невидлива рака на дуварот напиша: „мани, текел, фарес“. Тие зборови освен Даниил никој не можеше да ги протолкува. Таа ноќ царот Валтазар беше убиен. Заради верата во живиот Бог Даниил беше фрлан во лавовска јама давапати. И двата пати Господ го избави и го сочува жив. Тој Го виде Бога на престолот со ангелските сили, гледаше ангели, проникнуваше во иднината на некои луѓе, царства и на севкупниот човечки род, го прорече времето на доаѓањето на Спасителот на земјата. Според Св. Кирил Алкесандриски Даниил и тројцата младенци доживејаа длабока старост во Вавилон и беа убиени со меч заради вистинската вера. Кога го убија Ананиј, Азариј ја спростре својата облека и ја прими неговата глава; потоа Азариината глава ја прими Мисаил, А Мисаиловата Даниил. Ангел Божји ги пренесе нивните тела во Јудеја, на гората Гевалска и ги положи под камен. Според Преданието, овие четворица Божји угодници во времето на смртта на Господ Христос станаа и им се јавија на мнозина, па повторно заспаа. Даниил се смета меѓу четворицата големи Пророци (Исаија, Еремија, Језекил и Даниил). Живееше и пророкуваше половина милениум пред Христа.

(Само е малку поопширно)

Преподобен Даниил (Донале)

Големец и гувернер на островот Ниверте кај Кадикс во Шпанија. Штом ја спозна суетата на овој свет ги напушти славата и богатството, па дојде во Рим, каде што се замонаши. Потоа отиде во Цариград и таму разговараше со царевите Константин и Роман Порфирородни, па потоа се упати во Ерусалим. Во Ерусалим прими Голема схима од патријархот Христодул, кој му го даде името Стефан. Мачен од Сарацените коишто го принудуваа да си ја избриче брадата, тој се оддалечи во Мисир, каде што за името Исусово претрпе многу маки и смрт. Во Царството Христово се пресели на крајот од 10 век.

Преподобните новомаченици Пајсиј и Авакум

Пајсиј беше игумен на манастирот Трнава кај Чачак, а Авакум му беше собрат и ѓакон. Обајцата како христијани Турците ги набија на колци во Белград на Калемегдан, на 17 декември 1814 година. Носејќи си го колецот низ белградските улици Авакум храбро пееше. Мајка му со солзи го молеше да се потурчи, но тој цврсто одолеа и прими маченичка слава од Господа Христа.



Изменето од чаир - 30.Декември.2007 во 17:53
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2008 во 15:39

Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец

Овој свет маж е наречен Богоносец затоа што постојано во срцето и на јазикот го носел името на живиот Бог. Преданието уште вели дека е наречен Богоносец и зашто него го зел на раце воплотениот Бог Исус Христос. Во времето кога Господ ги учеше своите ученици на духовен живот според евангелските заповеди, зеде едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Оној којшто ќе се смири и ќе стане како ова дете, тој е најголем во царството небесно“ (Матеј 18, 4). Тоа дете беше Игнатиј. Подоцна Игнатиј му беше ученик на Св. Јован Богослов, заедно со Поликарп, епископот Смирненски. Како Антиохиски епископ управуваше со Божјата Црква како добар пастир. Го воведе антифонскиот начин на пеење во Црквата, т.е. наизменично пеење на две певници. Овој начин на пеење му се откри на Св. Игнатиј меѓу ангелите на небесата. Кога царот Трајан минуваше низ Антиохија одејќи во војна против Персијанците, дозна за Игнатиј, го повика кај себе и почна да го советува да им принесе жртва на идолите за да биде од него поставен за сенатор. Бидејќи советите и заканите на царот останаа залудни, Свети Игнатиј го оковаа во железо и во придружба на десетмина најнемилосрдни војници го испратија во Рим, за да биде фрлен пред ѕверовите. Игнатиј му се радуваше на страдањето заради Господа и постојано Му се молеше на Бога ѕверовите да станат гроб за неговото тело и никој да не го попречи во таа смрт. По долго и тешко патување од Азија преку Тракија, Македонија и Епир, Игнатиј пристигна во Рим, каде што го фрлија пред лавовите во циркусот. Лавовите го растргнаа и го изедоа, оставија само неколку коски и срцето. Овој славен вљубеник во Господ Исус Христос пострада во 106 година во Рим, за време на христоборниот цар Трајан. Се има јавувано повеќепати, притекнувајќи им на помош на сите што го повикуваат со вера.

Свети Данило, архиепископ Српски

Син на богати и богољубиви родители. Во младоста беше добро воспитан. Кралот Милутин го зеде на својот дворец, но тој од голема љубов кон Бога побегна и се замонаши во Кончулскиот манастир покрај Ибар. Подоцна беше игумен на Хилендар и многу претрпе од латинските крстоносци. Беше епископ Бањски, потоа Хумски и најпосле архиепископ Српски. Беше строг подвижник за време на целиот монашки живот. Имаше особен дар на солзи. Крепко се бореше против Латините и богомилите. Под негов надѕор се изградени манастирите Бања и Дечани. Обнови и изгради многубројни цркви. Се упокои мирно во времето на цар Душан, ноќта меѓу 19 и 20 декември во 1338 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2008 во 15:32

Светите десет маченици на Крит

Пострадаа за Господ Христос во времето на Декиевото гонење во 250 година. Нивните имиња се: Теодул, Сатурнин, Евпор, Геласиј, Евникијан, Зотик, Помпиј, Авгатопус, Василил и Еварест. Сите беа угледни и чесни граѓани, најдобри меѓу најдобрите. Кога ги изведоа на губилиштето, тие беа многу радосни и се препираа кој од нив ќе биде убиен прв, зашто секој сакаше прв да појде кај Христа Кого што тие Го љубеа. Потоа се помолија: „Прости им, Господи, на слугите Твои и прими ја пролеаната крв наша за нас, за нашите роднини и пријатели и за целата татковина, за да се ослободат сите од темнината на незнаењето и да Те познаат Тебе, вистинската светлина, о вечен Цару!“

Свети Нифонт Чудотворец

Роден е во Пафлагонија, воспитан во Цариград на дворецот на еден војвода. Како млад западна во лошо друштво и се расипа, се предаде на мноштво гревови и порорци. Заради гревовите не можеше да Го моли ни Бога. По милоста на Пресвета Богородица се врати на патот на правдата и се замонаши. Имаше безброј виденија од небесниот свет. Четири години водеше тешка борба со демонот којшто постојано му шепотеше: „Не постои Бог! Не постои Бог!“ Но кога му се јави Самиот Господ Исус како жив на иконата, Нифонт стекна голема сила над злите духови и се ослободи од тешките искушенија. Беше толку проѕорлив што ги гледаше ангелите и демоните околу луѓето исто како што ги гледаше луѓето и ги распознаваше човечките помисли. Со ангелите разговараше често, а со демоните се препираше. Ѝ подигна црква на Пресвета Богородица во Цариград, собра монаси и мнозина ги спасуваше. Александрискиот архиепископ Александар по откровение од небото го посвети за епископ на градот Констанциј на Кипар. Во тоа време Свети Нифонт беше веќе стар. Добро управуваше со Црквата некое време, па се пресели во Царството Христово. Пред смртта го посети Св. Атанасиј Велики, архиѓаконот на александриската Црква и му го виде лицето после смртта осветлено како сонце.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2008 во 15:33

Преподобен Наум Охридски Чудотворец     03/07/2008

Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните. Околу Свети Наум се насобра мноштво монаси од сите страни на Балканот. Беше мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Вршеше чуда и за време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки болести, особено од лудило. Се упокои во првата половина на 10 век.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3637383940 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,031 секунди.