IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3536373839 68>
Автор
Порака
strurcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 124
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај strurcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2007 во 20:48
Денеска е Св. Амфиолохиј Икониски.

Свети Амфилохиј се роди во Кападокиска Кесарија (Цезареја), меѓу 339 и 345 година. Татко му беше ретор. Подоцна и самиот стана ретор и адвокат во Константинопол. Во седумдесеттите години се врати во своето родно место и наскоро се замонаши. Беше избран за епископ на Иконија во 373 година, против неговата волја. Беше голем заштитник на Православието од тогашните ереси. Како сведок на верата за Азија” учествуваше на Вториот вселенски собор во 381 година. Се успокои во Господа кон крајот на четвртиот век.
Сега знам дека нисто незнам!

Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2007 во 11:30

Светата великомаченичка Екатерина     07/12/2007

Ќерка на царот Конста. По смртта на татко ѝ живееше со својата мајка во Александрија. Мајка ѝ беше потајна христијанка, којашто преку својот духовен отец ја приведе кон Христовата вера и Екатерина. Во едно видение Света Екатерина прими прстен од Самиот Господ Исус, во знак на веридба со Него. Тој прстен до денес стои на нејзината рака. Екатерина беше многу надарена и добро школувана во грчката философија, медицината, реториката и логиката, а притоа беше и необично убава. Кога злочестивиот цар Максенциј им принесуваше самиот жртви на идолите и им наредуваше на другите да го вршат истото, Света Екатерина смело излезе пред царот и ја изобличи неговата идолопоклоничка заблуда. Кога виде царот дека е посилна од него во мудроста и во знаењето, повика педесетмина најмудри луѓе за да се препираат со неа за верата и да ја посрамат. Но Екатерина ги надмудри нив и ги посрами. Разјарен царот нареди сите педесетмина мудреци да се изгорат во оган. По молитвите на Света Екатерина овие мудреци сите пред смртта го исповедаа името Христово и се објавија себеси за христијани. Кога оваа маченичка беше во затворот, го приведе кон верата војводата Порфириј со двесте војници, а ја обрати кон Христа и самата царица (августа-василиса). Сите пострадаа за Христа. При мачењето на Света Екатерина ѝ се јави ангел Божји, го запре и го искрши тркалото на коешто беше мачена; а потоа ѝ се јави Самиот Господ Христос и ја утеши. После многу мачења ја убија со меч во нејзината осумнаесетта година, на 24 ноември 310 година. Од нејзиното тело истече млеко наместо крв. Чудотворните мошти на Света Екатерина почиваат на Синај.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2007 во 11:31

Светиот великомаченик Мерк*риј     07/12/2007

Кога царот Декиј еднаш војуваше против варварите, во неговата војска имаше еден војвода над ерменскиот полк наречен Мартензес. Тој војвода се викаше Мерк*риј. Во борбата на Мерк*риј му се јави ангел Божји, му даде меч во рацете и му рече дека тој ќе ги победи непријателите. И навистина, Мерк*риј покажа чудо од храброст косејќи ги непријателите како трева. По оваа славна победа царот Декиј го произведе за прв војвода во својата војска. Но некои завидливи луѓе го обвинија Мерк*риј дека е христијанин, а тој ова пред царот не го скри туку го објави. Беше мачен долго и тешко: од него со ножеви сечеа каиши, го гореа со оган. Но во затворот му се јави ангел Божји и го исцели. Најпосле царот изрече пресуда војводата Мерк*риј да се убие со меч во Кападокија. Кога го убија телото му стана бело како снег и од него излегуваше мирис на темјан. Од неговите чудотворни мошти се исцелија многумина болни. Овој прекрасен Христов војник пострада меѓу 251 и 259 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2007 во 11:32
Светата девица Мастридија

Живееше во Александрија и својот осаменички живот го минуваше во молитва и ракоделие. Некој млад човек се разгоре со телесна страст кон неа и постојано ѝ здодеваше. Не сакајќи да Му згреши на Бога, а гледајќи дека не може лесно да се ослободи од разузданиот човек, еднаш Света Мастридија го запраша што најмногу го привлекува кај неа. Тој одговори: „Твоите очи!“ Таа ја зеде иглата со којашто шиеше и си ги избоди со неа очите. Така го спаси својот мир и душата на младичот. Тој човек тогаш силно се покаја и се замонаши.
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
strurcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 124
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај strurcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2007 во 18:31
Св. Климент Охридски државен празник во Република Македонија

Скопје, 8 декември (МИА) - Денот на Свети Климент Охридски - 8 Декември првпат оваа година во Македонија е државен празник, со кој се одбележува делото на првиот оригинален словенски писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа. Заедно со Наум Охридски, тој е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело. Ги придружувал дваесетина години во просветителската мисија за одбрана на словенскиот јазик во Велика Моравија.

Малку се знае за Климент, а реконструкцијата на неговиот животен пат во науката се прави, главно, врз Пространото Климентово житие што го напишал на грчки јазик охридскиот архиепископ Теофилакт во последните години на 11 век, како и Краткото житие на охридскиот архиепископ Димитрија Хоматијан, напишано на грчки јазик 300 години по смртта на Климент. Не се знае кога и каде е точно роден, нема податоци за семејството и потеклото, освен дека бил закопан на 27 јули 916 година во манастирот на Плаошник во Охрид, што тој сам го изградил и го посветил на св. Пантелејмон. Кога манастирот бил претворен во џамија, моштите му биле пренесени во црквата Св. Богородица Перивлепта, која оттогаш е нарекувана со неговото име. Моштите му се повторно вратени во август 2002 година по обновата и осветувањето на неговиот манастир. Се претпоставува дека починал на 70-80 години и дека е роден околу 30-40 години на 9 век.

Од биографијата на Климент се дознава дека тој заедно со уште двајца ученици бил ракоположен за свештеник во Рим. Се претпоставува дека монашкото име Климент го добил во чест на откривањето на моштите на папата Климент, кој умрел во прогонство на Крим. Моштите ги нашол Кирил за време на исполнувањето на мисијата кај Хазарите (859-861) во која веројатно учествувал и Климент. Тие ги пренеле во Рим каде што биле опеани и свечено закопани. Покрај Климент и Наум, ученици на солунските браќа биле и Горазд, Ангелариј и Сава. Петтемина ученици заедно со своите учители Кирил и Методиј кај народот се познати како седмочисленици.

По смртта на Кирил (869), а подоцна и на Методиј (885), учениците се судираат со германско-латинското свештенство и се прогонети од Моравија. Климент, Наум и Ангелариј дошле во Бугарија каде што Ангелариј починал. Наум учителствувал во близина на столицата на бугарскиот кнез Борис, а Климент бил испратен за учител во областа Кутмичевица. Името не е познато во денешната топонимија на Балканот, но со оглед што Охрид се спомнува како населено место во таа област, се работи за денешното тромеѓе на Македонија, Грција и Албанија. Таму, според житието на Теофилакт, Климент имал 3.500 ученици, кои ги оспособувал за црковна богослужба. Тоа е импозантен број за просветителска акција на преминот од 9 кон 10 век. Таа активност е наречена Охридска книжевна школа или прв словенски универзитет. Просветителско-црковната активност на Климент таму траела цели седум години.

По смртта на кнезот Борис и доаѓањето на првиот бугарски цар Симеон, на учителското место во Кутмичевица бил испратен Наум, а Климент бил назначен за епископ во Дрембица и Велика, за кои се уште се претпоставува каде точно се наоѓале. Климент бил прв меѓу Словените што добил епископски чин. Го описменувал сиромашното, грубо и запуштено население и го подучувал да живее подобро, ги учел луѓето да садат дрвца и ги лекувал. Како епископ велички често доаѓал во својот манастир во Охрид и неуморно и бил посветен на просветителската дејност. Според Теофилакт, Климент до смртта работел на преводот на „Цветниот триод“ од грчки на словенски јазик.

Се смета дека е автор на опширните житија на Кирил и Методиј познати како „Панонски легенди“, најзначајниот извор за проучување на животот на солунските браќа. Покрај преводи на црковна литература, напишал и пофални слова за христијански светители. Пред да умре, својот имот - книжевните дела, ги поделил и завештал на епископијата и на својот манастир. Теофилакт спомнува чудесна и исцелителска моќ на св. Климент по смртта. Свети Климент Охридски е заштитник на Охрид и, според преданијата, тој го спасувал градот и неговите жители секогаш кога биле во неволја. Се претпоставува дека Охрид е и родно место на Климент и оти поради тоа го избрал за работа до крајот на животот. Не е утврдено ниту дали Климент и Наум се родени или браќа по конфесија.

Денес многу цркви, институции, училишта и здруженија го носат неговото име, а меѓу нив најрепрезентативни се Националната и универзитетска библиотека и Соборниот храм во Скопје, Универзитетот во Битола. Неговото име го носи и универзитетот во Софија. Во чест на св. Климент Охридски се доделува и државна награда за особени остварувања во воспитанието, образованието, културата, науката и здравството.


< ="#efefef" marginheight="0" marginwidth="0" ="http://www.idividi.com.mk/UpdateBrCitana.aspx?VestID=411184" style="height: 50px;" align="middle" border="0" height="30" scrolling="no">
Сега знам дека нисто незнам!

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2007 во 09:14

Преподобниот маченик Стефан Нови

Како некогаш Ана, мајката на Самуил, и Стефановата мајка Ана Го молеше Бога да ѝ подари еден син. Молејќи се така еднаш во црквата Влахерна пред иконата на Пресвета Богородица, ја фати лесен сон, во којшто Ја виде Пресветата Дева како блескаво сонце и слушна глас од Неа: „Оди си со мир, жено. Според твоите молитви имаш син во твојата утроба“. И навистина Ана зачна и роди син, овој свет Стефан. Во шеснаесетата година Стефан прими монашки чин на Аксентиевата Гора кон Цариград, од Старецот Јован, од кого се научи на Божествената мудрост и на подвижништво. А кога Старецот Јован се упокои во Господ, Стефан остана на таа гора строго подвизувајќи се и наложувајќи си труд на труд. Неговата светост привлече многумина ученици. Кога царот Константин Копроним ги прогонуваше иконите уште полуто од својот татко Лав Исавријанин, Стефан се покажа како ревносен заштитник на почитувањето на Светите икони. Безумниот цар примаше разни гнасни клевети против Стефан, а и самиот уредуваше разни сплетки само за да го скрши и да си го тргне од патот. Стефан беше прогонет на островот Проконис, потоа доведен во Цариград, окован и фрлен во затвор, каде што го сретнаа триста четириесет и двајца монаси затвореници, доведени од разни страни и затворени заради почитување на иконите. Во затворот го вршеа црковното правило како во манастир. Свирепиот цар го осуди Стефан на смрт. Светителот четириесет дена претходно ја предвиде својата смрт и се прости со браќата. Царските слуги го извлекоа од затворот биејќи го и тргајќи го го влечеа по цариградските улици, повикувајќи ги сите што се со царот да го каменуваат овој „противник на царот“. Некој од еретиците го удри со дрво по глава светителот и тој издивна. Како што првомаченикот Стефан пострада од Евреите така и овој Стефан пострада од иконоборните еретици. Славно го заврши животот во 767 година, во педесет и третата година од својот живот, кога прими маченички венец од Господ Христос.

Светиот новомаченик Христо

Албански христијанин, населен во Цариград, градинар по занимање. При продажбата на својот зеленчук се замери со еден Турчин, којшто го наклевети пред судот и рече дека Христо ветил дека ќе се потурчи па одрекол. После мачење го оковаа и го фрлија во затвор. Во затворот некој му понуди да јаде, но тој одби говорејќи: „Подобро гладен да се јавам пред мојот Господ“. Потоа извади врзоп пари што ги имаше под појасот и му ги даде на еден затвореник, со молба да му отслужат неклолку заупокоени литургии. Убиен е од Турците во 1748 година и засекогаш прославен во Царството Христово.

Преподобна Ана

Благородна жена. По смртта на својот маж прими потстриг од Св. Стефан Нови. Царот Копроним ја наговараше да рече дека имала недозволени односи со Св. Стефан за да може да го унижи пред народот. Но оваа света жена никако не сакаше да влезе во таа царева сплетка против Светителот когошто го почитуваше како свој духовен отец. Заради ова ја биеја, а потоа ја фрлија во затвор, каде што ја предаде душата на Бога.

Светиот благоверен цар Маврикиј

Погубен е заедно со неговите пет синови од царот Фока во 602 година.

Светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици

Во времето на владеењето на царот Јулијан Отстапник, кога христијаните биле прогонувани, Тимотеј, Комасиј, Евсевиј и Теодор ја напуштиле Никеја и се населиле во Солун. Потоа го оставиле Солун и се преселиле во Тивериопол, денешна Струмица. Тимотеј станал епископ на тивериополската Црква. Комасиј се откажал од војничкиот чин и се замонашил проповедајќи го словото на Вистината во тивериополските села. Евсевиј исто така бил монах којшто луѓето најмногу ги привлекувал со своите добри дела. Теодор, епископ, бил еден од триста и осумнаесете богоносни Отци кои учествувале на Соборот во Никеја. Кон овие четворица притекнале и Петар, Јован, Сергиј, Теодор, Никифор кои што биле презвитери, Василиј и Тома коишто биле ѓакони, Еротеј, Даниил и Харитон коишто биле монаси и Сократ кој порано бил војник, но се откажал од сѐ и станал дел од овој добар лик на Отците. И тие, кога се собрале сите заедно, воделе вистински ангелски живот просветлувајќи ги жителите на Тивериопол со светлината на познанието. Кога за ова дознал царот Јулијан испратил луѓе во Тивериопол со заповед тамошните жители да се откажат од Христа и да им се поклонат на идолите. Најпрвин пред царските пратеници биле повикани овие петнаесет свети мажи. Но, бидејќи тие не сакале да им принесат жртва на демоните и на нивните идоли веднаш биле осудени на смрт и посечени со меч. Кога Светиите го завршиле својот благочестив живот нивните чесни тела многу денови стоеле зафрлени бесчесно за да бидат изедени од кучиња, ѕверови и птици. Но, Господ ги запазил недопрени и неповредени така што оние што ги гледале го прославувале Христа Бога. Подоцна некои христијани се собрале и ги подигнале со почести чесните тела на Мачениците, ги завиткале во чисти плаштаници и откако ги извршиле сите служби, ги положиле во Тивериопол, секого во посебен ковчег, на којшто било напишано името на секого од нив, каков живот водел и каков чин имал во Христа. И по смртта, Мачениците чинеле големи чудеса не само на месните жители туку и надвор од границите на Тивериопол, така што мнозина од Елините познавајќи ја Вистината пристапувале кон верата Христова и се крштевале. На тој начин ниту во Тивериопол, ниту во околината не останал ниту еден безбожник. А верата се беше распространила и во останатите западни краишта така што Тивериопол станал како некоја кула од секаде видлива, којашто ја раздавала и на другите градови светлината на верата и ги враќала од мракот на заблудата оние што се наоѓале во длабокото море на неверието.

Светите Петнаесет Тивериополски свшетеномаченици и денес се почитуваат како покровители и заштитници на градот Струмица.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
здраво Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 253
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај здраво Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2007 во 22:42
Денеска е Св. пророк Наум и св. Филарет Милостивиот.

Свети пророк Наум е еден од старозаветните пророци. Живееше 700 години пред Христа. Денес се слави и споменот на еден чудесен, премилостив светител, Филарет Милостивиот. И не случајно беше наречен милостив. Во почетокот тој беше имотен човек, но раздаде буквално се и потполно осиромаши, така што во семејството немаа леб да јадат. Но, Господ не го заборави, туку се случи синот на царицата Ирина, Константин, за жена да ја избере токму внуката на свети Филарет. Така целата нивна фамилија се здоби со големи почести и се пресели во престолниот град. Свети Филарет и натаму продолжи да ги помага сиромасите. Блажено се успокои во 797 година, во длабока старост.
Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2007 во 23:00

Светиот пророк Авакум     15/12/2007

Син Асафатов, од племето Симеоново. Пророкуваше 600 години пред Христа, за време на царот Манасија. Му прорече опустошување на Ерусалим. Кога вавилонскиот цар Навуходоносор удри на Ерусалим, Авакум се засолни во Исмаилќанската земја, откаде што потоа повторно се врати и живееше како земјоделец. Еден ден им носеше ручек на работниците на нива, кога одеднаш му се јави ангел Господов и му рече: „Однеси го ручекот што го имаш во Вавилон кај Даниил во јамата лавовска.“ А Авакум му рече: „Господи, Вавилон не сум го видел и јамата не знам каде е “ (Даниил 14 - 33). Тогаш ангелот го зеде за косата и моментално го пренесе во Вавилон, на огромна далечина, кај лавовската јама во којашто беше фрлен Даниил од царот Кир, за казна дека не им се поклони на идолите. „Данииле, Данииле, прими го ручекот што ти го праќа Бог!“, возвикна Авакум. И Даниил прими и јадеше. Потоа ангелот Божји повторно го зеде Авакум и го пренесе во Јудеја, на неговата нива. Авакум пророкуваше за ослободувањето на Ерусалим и за времето Христово. Се упокои во длабока старост, а закопан е во местото Кела. Моштите му ги открија во времето на царот Теодосиј Велики.



Светата маченичка Миропија     15/12/2007

Родена е во Ефес од родители христијани. По смртта на татко ѝ со мајка ѝ се преселија на островот Хиос, каде што пострада за Христа. Страдањето на оваа Света девица стана наскоро после страдањето и смртта на славниот маченик Исидор војник (под 14 мај). Кога мачителите го убија Исидор, храбрата Миропија тајно го зеде неговото тело, го покади и чесно го погреба на едно посебно место. Свирепиот кнез Нумеријан слушна дека телото на маченикот е украдено, па сакаше да ги погуби стражарите. Кога дозна дека невини луѓе ќе страдаат заради нејзиното дело, блажената Миропија се пријави сама пред власта и призна дека таа го украде и го погреба телото на маченикот. По наредба на кнезот ја биеја по целото тело и најпосле сета во рани ја фрлија во затвор. Но Господ не ја остави Својата маченичка без утеха. На полноќ затворот го осветли небесна светлина и ѝ се јави мнозинство ангели со Св. Исидор среде нив. „Мир на тебе, Миропијо,“ ѝ рече Св. Исидор, „дојде молитвата твоја пред Бога и наскоро ќе бидеш со нас и ќе го примиш венецот што е за тебе подготвен“. Светата страдалница се израдува и во тој миг Му го предаде својот дух на Бога. Од нејзиното тело излезе благоухан мирис, којшто го исполни сиот затвор. Еден од стражарите го виде и го почувствува сево ова, поверува во Христа, се крсти и наскоро и самиот прими маченичка смрт. Света Миропија се пресели во вечноста во 251 година.






Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2007 во 23:01

Свети Иса, епископ Циклански     15/12/2007

Еден од тринаесеттемина Сириски отци (под 7 мај). Голем чудотворец. Реката од далечина ја наврте во близина на градот Циклан со молитва. Моштите му почиваат во црквата со негово име во градот Циклан во Сирија.

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2007 во 23:02

Светиот пророк Софониј     16/12/2007

Родум од гората Саварат, од племето Симеоново. Живееше и пророкуваше во 7 век пред Христа, за време на благочестивиот цар Јосија. Современик на Пророкот Еремија. Имајќи голема смерност и чист ум воздигнат кон Бога, се удостои со проѕирање во иднината. Го прорече денот на гневот Божји; казната над Газа, Аскалон, Азот, Акарон, Нинивија, Ерусалим, Египет. Ерусалим го виде како „град одметнички, осквернет, насилнички, во кого кнезовите се лавови што рикаат; судиите му се волци вечерни; пророците - фалбаџии, измамници; свештениците ја сквернат светоста, го изопачуваат законот“ (гл. 3). Кога го проѕре времето на доаѓањето на Месијата, восхитено воскликна: „Пеј ќерко Сионска; ликувај Израиле; радувај се и весели се со сето срце, ќерко ерусалимска!“ Овој тајновидец се упокои во местото на своето раѓање, за да го чека општото воскресение и наградата од Бога.

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2007 во 23:02

Свети Јован Молчалник     16/12/2007

Родум од Никопол Ерменски, од татко Евкратиј и мајка Ефимија. Во неговата осумнаесетта година стана монах и се подвизуваше тврдо и одлучно чистејќи си го срцето со многу солзи, постејќи и молејќи се. После десет години беше поставен за епископ Колониски. Со својот пример кон богоугоден живот го привлече и својот брат Пергамиј и чичко му Теодор, коишто беа луѓе угледни на дворецот на царевите Зинон и Јустинијан. Гледајќи ги злобата и метежот на овој свет коишто тој не можеше да ги излечи, го напушти епископскиот престол и преоблечен во прост монах дојде во обителта на Св. Сава кај Ерусалим, каде што остана непознат многу години, вршејќи усрдно и совесно секакво послушание на коешто беше одредуван од игуменот. Заради ова Св. Сава му предложи на патријархот Илија да го ракоположи за презвитер. Кога патријархот сакаше да го ракоположи Јован, Јован му призна дека е веќе посветен во епископскиот чин. Тогаш Св. Јован се затвори во келија, и години и години помина во молчење и молитва. Потоа мина девет години во пустина, хранејќи се само со диво зелје, па повторно се врати во манастирот. Ги одвраќаше верните од Оригеновата ерес и многу придонесе за таа ерес да се сотре и осуди. Проѕираше јасно во духовниот свет и ги исцелуваше луѓето од болести. Откако се победи самиот себеси, лесно ги победуваше демоните. Голем во смирението, во Божествената сила и мудрост, овој Христов слуга мирно се упокои во 558 година, во сто и четвртата година од својот живот.

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2007 во 23:03

Преподобен Теодул     16/12/2007

Угледен патрициј на дворецот на Теодосиј Велики. По смртта на својата жена ја остави суетата на светот, се повлече од Цариград на еден столб кај Ефес, каде што се подвизуваше цели триесет години.



Преподобен Сава Сторожевски

Ученик на Сергиј Радоњежски и голем чудотворец. После смртта на многумина им се јавуваше како жив, час поучувајќи ги, час укорувајќи ги, а час исцелувајќи. Од овој живот во подобриот премина во 1406 година



Изменето од connected - 16.Декември.2007 во 23:22
Кон врв
KikoMC Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Декември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 178
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KikoMC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2007 во 02:08
Sv.Velikomachenica Varvara

Таткото на оваа славна Христова следбеничка, којашто на млади години се вневести за Христа, се викаше Диоскор и беше познат според положбата и богатството во градот Илиопол Мисирски, а во верата беше незнабожец. Својата ќерка единица, мудра во умот и убава во ликот, Диоскор ја затвори во висока кула, ја опкружи со секакви удобности, ѝ даде слугинки да ја служат, ѝ постави идоли за поклонување, ѝ изгради бања со два прозорци. Гледајќи ги низ прозорецот земјата долу и ѕвезденото небо во висините, на Варвара ѝ се отвори умот со Божествената благодат, па Го позна единствениот вистински Бог и Создател, иако немаше никого од луѓето за учител во тоа. А кога нејзиниот татко еднаш се оддалечи од градот, таа излезе од кулата и по Божја Промисла се сретна со некои христијанки коишто ѝ ја јавија вистината на Христовата вера. Срцето на Варвара пламна со љубов кон Господ Христос. Таа нареди да се пресече и трет прозорец на бањата за да бидат трите прозорци симбол на Света Троица; на една карпа во бањата нацрта со прстот крст и крстот се вдлаби во каменот како врежан со железо; од нејзините стапала на подот од бањата избиваше извор со вода којашто подоцна на мнозина им донесе исцеление од болестите. Кога дозна Диоскор за верата на својата ќерка, сурово ја биеше, ја протера од кулата и ја гонеше за да ја убие. Карпата се отвори и ја скри Вравара од суровиот татко. Кога му се јави повторно, татко ѝ ја однесе пред началникот Мартијан, на кого што му ја предаде за мачење. Невината Варвара ја расоблекоа и ја биеја, додека целото тело не ѝ го прекрија во рани и крв. Во затворот ѝ се јави Самиот Господ со ангели и ја исцели. Кога го виде тоа една жена Јулијанија и самата посака мачеништво. Обете беа ужасно мачени и со исмевање ги водеа по градот. Им ги отсекоа градите и од нив истече многу крв. Најпосле ги изведоа на губилиште, каде што таткото самиот си ја закла ќерката, а војниците ја заклаа Јулијанија. Истиот тој ден удри гом во куќата на Диоскор и ги уби него и Мартијан. Света Варвара пострада во 306 година. Нејзините чудотворни мошти почиваат во Киев. Прославена во Небесното Царство, Св. Варвара многупати им се јавува на мнозина, понекогаш сама, а понекогаш со Пресвета Богородица.

Кон врв
KikoMC Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Декември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 178
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KikoMC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2007 во 02:09
Свети Јован Дамаскин     17/12/2007

Најнапред беше министер на калифот Абдалмелех, а потоа монах во манастирот на Св. Сава Осветен. Заради ревносно застапување на иконопочитувањето во времето на иконоборниот цар Лав Исавријанин Јован беше наклеветен од овој цар кај калифот, којшто му ја отсече десната рака. Тој припадна на молитва пред Пресвета Богородица и раката му се состави и чудесно му зарасна. Кога го виде тоа чудо калифот се покаја, но Јован повеќе не сакаше да остане кај него како големец, туку се повлече во манастир, каде што во почетокот им беше пимер на монасите во смирението, послушноста и во сите монашки подвизи. Испеа посмртни песни, го состави Октоихот, Ирмологијата, Месецословот, Пасхалниот Канон и напиша многубројни богословски дела со вдахновение и длабочина. Голем како монах, и како поет, и како богослов, и како војник на Христовата вистина, Дамаскин се вбројува во големите отци на Црквата. Се упокои мирно во 776 година, во сто и четвртата година од својот живот.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3536373839 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,703 секунди.