IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ЗОШТО ДА ПРИФАТИМЕ  ИСЛАМ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЗОШТО ДА ПРИФАТИМЕ ИСЛАМ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 11>
Автор
Порака
khaleefah Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"The Khilafah is Coming..."

Регистриран: 25.Септември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1115
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај khaleefah Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2007 во 19:21
Прочитај аџо пак ако не си разбрал!
Реков само дека нема конвертиран во христијанство ради убедување.
Најголем пример  за  тоа ти  е Нигерија,каде пола нација премина
во христијанство,па сега биди ти искрен и кажи дека се гордееш
со такви верници.
Кон врв
Miralem1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miralem1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2007 во 19:24
Originally posted by аџија аџија напиша:

ех ех...

и ти сам не го веруваш тоа што го напиша...

глупости... немало ниеден конвертиран христијанин... Ова е веќе стварно и под твоето достоинство калифе....
 
Se primetuva po tvoite iscrpuvacki komentar. Ne si svesen kolku zalno zvucis.
Ne ke najdes navistina Nekoj koj prifatil Hristijanstvo a ostavil Islam so pricina. Pazi,SO PRICINA.
Nemoj slucai kako Coneccted ja zasakal nekoja Hristijanka pa zatoa prifatil hristijanstvo. So ke ti e takov ??? Toj za nea go prifatil hristijanstvoto a ne zaradi ispravnosta vo verata. I TIE SE EDEN NA MILION.
A SO PRICINA NEMA NITU EDEN.
 
Znaci,Svestenik,so diploma... se davel se davel,se obiduval so sila kako vas da objasnite nesto kako 1+1+1 deka e 1 toa e navistina bolno.
Alija ra je rekao:Znanje je bolje od imetka.Znanje te cuva a ti cuvas imetak.Znanje je sudija,a bogatstvu se sudi,umrli su oni koji su gomilali bogadstvo,a ostali su oni koji su sakupljali znanje
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2007 во 19:26
те прочитав, и пак знам дека не веруваш во тоа што си напишал. Не еден, милиони има конвертирани од убедување... Знам дека тоа не ти одговара, ама вистината е вистина, па макар била и шамар за твојата суета.
Кон врв
khaleefah Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"The Khilafah is Coming..."

Регистриран: 25.Септември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1115
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај khaleefah Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2007 во 19:35
На  твоја  жалост  аџо верувам во тоа што го пишав.Воедно треба
да  си горд што зборуваш со најискрениот човек што некогаш си го
запознал.Јас  за  разлика одтебе аџо се  фалам кога треба да  се фалам,но колку само критики досега сум упател на сметка на муслиманите неможат  ни да се добројат.
Кај вас све мед и млеко тече  бре голема%20насмевка

Се додека не почнеш критички да гледаш на работите ,секогаш
ке бидеш  заслепен и заблудан и нема да го подобруваш  своето
размислување.

А  да ти докажам само колку сум убеден јас во она што го зборам,
барам да ми најдеш  еден  муслиман кој конвертирал во христијанство  затоа што свател е подобра вера(со докази нормално)
и веднаш  истиот момент веруј ми и јас  го прифакам христијанството.
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2007 во 19:53
тоа можеш да го кажеш само со некакво примитивно размислување. луѓето, ти верувал или не сеедно, преминуваат во христијанство од убедување, и тоа е факт. ааа сеа шо не ти одговара, тоа можеш да си го објаснуваш на друг начин, а вака само се лажеш себеси за да ти изгледа подобро твојата вера одошто е.
Кон врв
transcript Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 78
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај transcript Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2007 во 19:53
Originally posted by аџија аџија напиша:

те прочитав, и пак знам дека не веруваш во тоа што си напишал. Не еден, милиони има конвертирани од убедување... Знам дека тоа не ти одговара, ама вистината е вистина, па макар била и шамар за твојата суета.
 
еден атвентист од една адвентистичка организација во Скопје дебатирал со еден муслиман.
Кога заостанувал со аргументи,
 
го запрашал на муслиманот: Ми даваш ти кола? муслиманот негирал.
 
пак прашал адвентистот, ми даваш ти пари? муслиманот негирал.
 
 пак го запрашал, ми даваш ти стан? муслиманот рекол не, повторно. адвентистот рекол: е овие ми даваат.
 
ако сакате, можам да ве запознаам со адвентистот и муслиманот.
 
 
 


Изменето од transcript - 24.Ноември.2007 во 19:54
Suum Cuique - Cicero
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 16:10
Aj neka zboruvaat onie koi se pokompetentni.
 
Onie koi stanale muslimani...
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 16:10

Д-р Мурад Хофман

 

Поранешен германски амбасадор во Мароко, писател и доктор на правни науки од Харвард.

„Го прифатив исламот на 25 септември 1980 година. Пред крајот на својот живот, Божјиот пратеник им однесе пораки на соседните владетели – Неџаш од Абисинија, Кајсер II (590-628) од Персија и на владетелот на Источното Римско Царство, Хераклит (610-641). Мухамед (Божјиот мир да е над него) ги повика со едноставни зборови да го прифатат исламот, за нивно лично добро и за доброто на нивните народи. Оваа епизода во дипломатската историја го претставува првиот службен однос помеѓу исламот и Западот – односи кои во текот на 1400 години никогаш не сопреа, но не ни доживеа релаксација; и покрај многуте плодни економски и интелектуални контакти, отсекогаш биле од конфронтирачка природа.

Историскиот развој, а посебно успехот и достигнувањата во раната исламска експанзија објаснуваат многу. Имајќи ги предвид овие успеси, разбирливо е зошто Западот и понатаму се концентрира врз претставувањето на исламот како агресивна вера, која треба да им се заблагодари на „огнот и мечот“ за нејзината експанзија. Точно е дека, од воена гледна точка, христијанските и иранските реони беа беспомошни да им се спротивстават на верскиот замав и на храброста на првите муслимани, но исто така точно и е тоа дека еден мал број на војниците муслимани не би имале можност да заземат толку големи подрачја доколку народот од тие подрачја, масовно и во голем број, не им се приклучил.

Хетеродоксните христијани во Магреб и на исток, вклучувајќи ги и аријаните и донатистите, го прифатија исламското учење, затоа што тие не веруваа ни во Божјата природа на Исус (Иса – Божјиот мир да е над него), ни во светото Тројство. Во единаесеттиот век, исламот се прошири до Сенегал, Мали и Чад, без палења и без меч, па дури и ден-денес мирно се шири долж цела Африка.“[1]



[1] Д-р Мурад Хофман, оп. цит., стр. 13-14.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 16:11

Д-р Морис Бикај

 

За неговото прифаќање на исламот вели:

„Како и другите Французи, и јас го познавав исламот како вера создадена од генијалниот Мухамед. Меѓутоа, ја имав среќата како хирург да се сретнам со пациенти муслимани и да разберам повеќе за исламот. Постепено, кога ми беа рецитирани неколку к*рански ајети (делови), почнав да увидувам колку малку знам за исламот, а во меѓувреме бројни обвинувања доаѓаа од печатот, од телевизијата и од други страни. Ова се случуваше околу 1926 година, кога муслиманско-христијанскиот дијалог сè уште беше далечна можност.

Разбрав дека ќе треба директно да го студирам к*ранот, па така две години студирав арапски јазик и литература, кое ми го олесни и читањето на оригиналот (к*ранот). Набргу по ова, сфатив дека к*ранот е Божја книга и дека Мухамед (Божјиот мир да е над него) е Неговиот последен пратеник.“[1]

 



[1] „Исламскиот сјај“, издание на Унијата на албанската исламска младина, Тирана, бр. 1 (без година на издавање).

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 16:11

Мухамед Асад (Леополд Вајс)

 

Роден е во Л’вов (Полска) 1900 година, кој во тоа време влегувал во составот на поранешна Австро-Унгарија. Во дваесет и втората година од животот, како дописник на германските весници, а посебно на познатиот весник „Франкфуртер Цајтунг“ (Frankfurter Zeitung), ги започнал своите долги патувања по исламските земји. Запознавајќи се со принципите на исламот и со стилот на живеење во исламските земји, тој во 1926 година го прифаќа исламот и целиот свој живот го посветува на студирањето на оваа вера, активно учествувајќи во многу динамични акции. По основањето на Пакистан, се назначува за негов претставник во Обединетите Нации. По некое време се повлекува од оваа положба и за да може да придонесе повеќе за исламот, се посветува на публицистичката дејност. Пишува на англиски, арапски и германски јазик. Тој вели:

„Исламот ми изгледа како совршено архитектонско дело. Сите негови делови се хармонично конципирани за да се исполнат и да се поддржуваат еден со друг; ништо не е излишно и ништо не недостига, што резултира со совршена рамнотежа и смиреност. Можеби токму ова чувство дека сè во учењето и во постулатите на исламот е ,на свое место‘ го направи најсилниот впечаток врз мене. Покрај тоа, можело да има и други впечатоци кои денес ми е тешко да ги анализирам. Конечно, тоа е прашање на љубов, а љубовта е составена од бројни нешта: од нашите желби и нашите осамености, од нашите сили и нашите слабости. Така беше и со мене. Исламот влезе во мене тивко и трајно, но – засекогаш.“ [1]



[1] Мухамед Асад, „Патот за Мека“, Скопје, 2003, стр. 18. (Мислам дека е од голем интерес за читателот да ја прочита оваа прекрасна книга).

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 16:12

Акад. проф. Итало Чуиси (Мухамед Абдулах)

 

Тој е преведувач на к*ранот на есперанто. На овој јазик го има напишано и делото за Мухамед (Божјиот мир да е над него) и многу други студии за исламот. Роден е на 13 мај 1919 во Трст, Италија. На дваесетгодишна возраст докторира математички науки. Познава повеќе јазици, како: германски, англиски, француски, латински, шпански, есперанто и арапски јазик. к*ранот го превел на есперанто за осум месеци. Д-р Чуиси својата верска еволуција ја опишува на следниот начин:

„Пред сè, треба да знаете дека отсекогаш сум негувал длабоки верски чувства во младоста, но и покрај тоа, никогаш не сум се осетил пријатно во верска средина. Покрај другото, и како математичар, не можев некритички да ја прифатам теоријата за Светото Тројство, којашто претставува основа на учењето и е догма во христијанското верување. Често се прашував себеси како е можно семоќниот и суверен Господ да е приморан да има јасно човечко потекло во Светото Тројство. Никогаш не сум им верувал на прогресивните догми кои се трудат да го дефинираат и да го опишат, па следствено и да ја ограничат величественоста на Создателот. Ова се јасни карактеристики на христијанството … Прочитав неколку книги и потоа почнав да го читам к*ранот. За поубаво и подлабоко да го разберам, го купив к*ранот преведен на германски и на италијански јазик, но и тоа не ме задоволи, така што со помош на имамот (во една џамија во Франкфурт) почнав да го изучувам арапскиот јазик. Во 1966 година почнав да го преведам к*ранот. Во тоа време моето преминување во исламот се има случено незабележливо, затоа што студирањето на исламот е такво што ако некој го студира искрено, не може да не биде привлечен. Сигурен сум дека к*ранот ја има способноста да го убеди секого, ако некој и се доближи на оваа Книга без предрасуди и на достоинствен начин. Неизмерно да е благодарен Алах.“

На прашањето на новинарот од весникот “Heroldo de Esperanto” на есперанто, вели:

„Пред сè, да ве посоветувам да не го користите изразот „мухамеданци“ кога зборувате за приврзаниците на исламот. Ислам е строго и ексклузивно монотеистичка вера, а Мухамед (Божјиот мир да е над него) е Божји пратеник, тој не е свет (натчовек) кој треба да се обожава. Муслиманите не го почитуваат изразот „мухамеданци“, којшто вообичаено се користи на запад, поради тоа што со тоа би можело да се помисли дека Мухамед (Божјиот мир да е над него) има исто место во исламот како местото на Исус во христијанството. За историјата на к*ранот од 1400 години ќе ви го спомнам мислењето на ориенталистите, кои во овој аспект се поавторитетни од мене, како на пример Муир, кој без никакво двоумење потврдил дека денешниот к*ран го има целосно истиот текст, истите реченици, како и истите зборови и букви како и пред 1400 години. Од оваа гледна точка, јас се осмелувам да потенцирам дека овде се работи за еден уникатен феномен, затоа што не можам да говорам за друга книга за којашто би можело да се каже истото. Кога се споредуваат различните изданија на една иста книга, по неколку или по десетици години, поради преписот, преводот и толкувањето, идентичноста на таа книга веќе не постои.

Верувам дека ќе се согласите со мене ако на вашето прашање дали к*ранот е навистина Божја објава или пак е нешто друго, ви одговорам со мислењето на друга личност. Се работи за еден мој пријател, католички свештеник, исусовец со кого разменуваме писма одвреме-навреме. Пред некое време му пишав да ме извести за ставот на католичката црква за пратеникот Мухамед (Божјиот мир да е над него) и за тоа дали сè уште превладува мислењето од средновековието дека тој бил ненормален, лажго или нешто друго. Тој ми одговори (цитирам збор по збор од неговото писмо): ,Можно е, дури е и многу веројатно контактот меѓу Господ и Мухамед да се случил навистина.‘“[1]

 



[1] Касим Хаџиќ. Акад. проф. д-р Итало (Мухамед Абдулах) Чуиси, Таквим, Сараево, 1983, стр. 249-257.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 16:14

Сер Џејмс Џинс

 

Познат англиски научник. Професорot Инајетулах, професор на универзитетот во Кембриџ и еден од најпознатите научници по математика и физика во Индија, раскажува: „Еден ден, недела 1909 година, излегов од дома поради некои домашни потреби и ненадејно се сретнав со познатиот астроном сер Џејмс, професор во Кембриџ, како оди во црква. Под неговите пазуви си ги држеше Библијата и чадорот, иако врнеше многу дожд. Му се доближив и го поздравив. Тој не ми одговори. Го поздравив уште еднаш, овојпат ме слушна и ме праша: „Што бараш од мене?“

„Две работи, господине“ – му реков.

„Прво, чадорот го држите под пазуви, иако врне.“ Тој се насмевна и веднаш го отвори чадорот.

„Второ, што е тоа што го тера еден човек со светска слава како вас да оди во црква?“ Застана за момент, а потоа ми рече: „Барам од вас да ме посетите вечерва, за време на чајот.“ Таа вечер, токму во определеното време, стигнав во куќата на професорот. Госпоѓа Џејмс се појави и ме извести дека професорот ме очекува. Влегов во неговата работна соба. Пред него се наоѓаше шолјата со чај на една мала маса, додека тој беше изгубен во своите мисли.

Кога го забележа моето присуство, почна да ми предава за создавањето на небесните тела, за нивното функционирање, за далечината, патот, движењата, гравитацијата, нивниот различен сјај … Мене длабоко ме трогна неограничената сила на Господ. На сер Џејмс, пак, косата му беше подигната, очите му беа насолзени, а рацете му се тресеа од стравот пред Господ. Ненадејно, замолчи едно време, за потоа да ми рече:

„О Инајетулах, кога ги набљудувам величествените Божји творби, телото почнува да ми се тресе од величественоста на Господ. Кога се покорувам пред Него, покорен со сите делови на моето тело, велам: ,Навистина, само Ти си Величествен.‘ Тогаш чувствувам душевно задоволство и смиреност. Ова е најголемото задоволство што го чувствувам во мојот живот. Дали ти е сега јасно зошто одам во црква?

„Господине“, реков, „овие научни вистини навистина ме трогнаа, но и ме потсетија на к*ранскиот ајет којшто можам и да ви го прочитам, ако сакате.“ Ми потврди со главата и ми рече: „Со задоволство.“

„Не гледаш ли дека Алах, навистина, ви спушта вода од небесата и со неа Ние вадиме различни видови плодови? А низ брдата патишта бели и црвени, со бои различни, а и сосема црни. И меѓу луѓето и меѓу животните и меѓу добитокот има, исто така, различни видови. Ете, така од робовите Алахови се плашат, секако, учените…“ (Фатир: 27-28)

Во тој момент, сер Џејмс извика: „Што рече? Само учените имаат страв од Алах? Чудо! Чудо! Ова го имам откриено за време на моето педесетгодишно студирање и истражување. Кој го извести Мухамед за ова? Дали навистина постои овој ајет во к*ранот? Ако е така, тогаш напиши дека сведочам оти к*ранот е Божја објава. Мухамед бил неук и тој самиот не можел да го открие ова. Господ го има известено. Чудо! Чудо! Чудо!“[1]



[1] „Зошто сер Џејмс Џинс го прифати исламот“, Хана е Ре, Скопје, 15 јули 1993, стр. 6.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 16:14

Жак Ив Кусто

 

Бил офицер во француската морнарица. Роден е во 1910 година, во Сент Андреја де Кузбак. Преку неговите истражувања со бродот „Калипсо“, стана најпознатиот океанограф на светот во нашето време. Порано бил католик, сега е муслиман.

Еден ден, некаде во длабочините на океанот, Кусто си ги вршеше неговите истражувања. Одненадеж виде дека во солената вода на морето имаше неколку извори на слатка вода. Тоа што го запрепасти уште повеќе беше дека слатката вода од овие извори во морето не се мешаше со неговата солената вода. Долго време се трудеше да ја најде причината за природата на оваа појава, но безуспешно. Еден ден, кога Кусто за ова му кажа на својот пријател, професорот Морис Бикај, кој отпорано го беше прифатил исламот, овој му кажа дека таквата појава не е нешто ново и дека таа е објаснета во к*ранот уште пред четиринаесет векови:

„И Он е оној кој одвои едноподруго две мориња: едното питко и ладно, а другото солено и горчливо. И меѓу нив одреди меѓупростор и испречи препрека.“ (Ел-Фуркан: 53), и

„Ги оддели двете мориња кои само се допираат: меѓу нив има препрека, и не се мешаат.“ (Ер-Рахман: 19-20)

На крајот на истражувањата, Кусто виде дека водената маса и нејзините особини, како на Белото Море така и на Атлантскиот Океан, беа различни една од друга. Според фактите, бидејќи овие две водени маси се спојуваат во Гибралтарскиот Теснец, процентот на сол и нивната густина би требало да се еднакви. Но тоа не се случуваше. Водите не се мешаа една со друга. Како заклучок од истражувањата произлезе дека постои една чудесна водена пречка која го спречува мешањето на водите една со друга.“[1]



[1] Види „Жак Кусто“, Дрита Исламе, Тирана, јануари 1994, бр. 45, стр. 4: Исмаил Мучај, „Величественоста на Коранот ги убеди англиските, француските и тајландските научници да го прифатат исламот“, Дрита Исламе, Тирана, април, 1996, стр. 1.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 16:15

Рој Ерл Џонсон

 

Раскажува: „Јас имам американско потекло и детството го имам поминато како христијанин. Пред да ги потврдам моите резултати од студиите и истражувањата на мојата душа за Господ (за Алах), имав спознаено многу важни знаења. По многу студирање, учење и повеќекратно читање на книгата „Дијалогот меѓу христијанот и муслиманот“, како и на Библијата, верзијата на Кралот Џејмс, к*ранот и нивно споредување, на крај го декларирав шехадетот (сведочењето) на англиски, а потоа и на арапски јазик:

„Сведочам дека нема друг Господар освен Алах и дека Мухамед е Неговиот пратеник. Ешхеду ен ла илахе илалах ве ешхеду енне Мухамеден абдуху ве ресулух.“

Со помош на оваа едноставна и фундаментална исламска декларација, верувам дека многу луѓе ќе му се покорат на Алах, со вистинско верување во душите. Јас исто така се надевам дека оваа скромна книга („Дијалогот меѓу христијанот и муслиманот“) ќе се чита низ целиот свет и ќе го привлече вниманието на тие кои го бараат вистинското верување, верувањето кое ќе им донесе утеха и задоволство на душите.“[1]



[1] Хасан Баџи, „Дијалогот меѓу христијанот и муслиманот“, Тирана, 1993, стр. 3.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.