|
ЗОШТО ДА ПРИФАТИМЕ ИСЛАМ? |
Внеси реплика | страница <12345 11> |
Автор | |
Islam-HAK
Сениор Регистриран: 11.Јули.2006 Статус: Офлајн Поени: 57 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
сард за жал немав толку време за да ти напишам за свештеникот како преминал во Ислам, но еве како една христијанка од Босна преминала во Ислам.
Наташа од Тузла (Босна и Херцеговина) Ја Спозна Вистината
Родена сум во 1977 година, во побожна католичка фамилија во Тузла. Во детството поаѓав
во редовна католичка веронаука и ја изучував Библијата и многу работи од Стариот Завет, т.е петте книги на Мојсие. Секако, како Христијанка и Католик морав да ги научам 10-те Заповеди и прва од тие заповеди е дека Господ Бог е едеб и само Нему треба да му се клањаме (со лице на тло да му се паѓа и служи). Втора заповед е: "Немој да правиш лик од она што е на небо ниту на земја ниту му се клањај ниту му служи", итн.
Човек кога се наоѓа во црква и погледне околу себе, што гледа? Ќе види ликови на Исус и Марија и
крстови и на нив молитва им извршуваат. Се запрашав каде е тука логиката? Втора работа која е спомената е паѓањето со лице на земја, а ние молитва сме обавувале стоејќи; пак прашање зошто не паѓаме со лице на тло во текот на молитвата? Потоа доктрината за Тројството кое воопшто нема логика, потоа претскажувањето во книгата на пророкот
Исаија кој зборува за визијата во која видел два јавачи, јавач на магаре, а зад него јавач на Камила!!! Таа визија се однесувала на Исус Христос, т.е. на Иса а.с. бидејќи тој во Ерусалим или Кудс јавал на магаре, меѓутоа, зад него се појавува јавач на камила и прашањето е кој е тој јавач после Исуса? Јас како христијанка тогаш учев дека Исус или Иса а.с. е печат на пратениците и дека после него нема пратеник, меѓутоа пророштвото вели дека има - јавач на камила. Размислував за тоа и му поставив прашање на свештеникот на што ми беше одговорено - "света тајна".
После тоа, секако, сочитање на Библијата детално, ја увидов противречноста во Новиот Завет (Матеј, Марко, Лука, Јован) и кога би се наброиле може цела книга да се напише за тоа. Посакував исправно да му се молам на Бога, а во својата религија тоа не го најдов, оти видов дека нешто не е во ред. Човекот ако малку размисли, ќе си постави себе си многу прашања на кои не може да најде одговор.. А Аллах џ.ш. го упатува оној кото тој сака. Аллаху Екбер!
Беше месецот Рамазан и отидов кај мојата пријателка која беше муслиманка. Седевме во дневната соба и на полицата здогледав книга на чии
корици на која пишуваше (јавач на камила) во Сахара, а над тоа со големи букви пишуваше: МУХАММЕД А.С. Погледот ми се задржа на книгата, а во главата ми беше мислата за "ЈАВАЧОТ НА КАМИЛА". Ја замолив пријателката да ми ја позајми книгата, а таа беше изненадена. Тогаш се викав Наташа. Ми рече: "Наташа, таа книга зборува за исламот,
не знам дали си сигурна дека сакаш да ја читаш"? Одговорив: "Да, те молам да ми ја позајмиш". Ја зедов книгата и тргнав дома, и таа ноќ ја прочитав. Книгата зборуваше за животот на нашиот чесен Пратеник Мухаммед с.а.в.с. СубханАллах!
Одговори на моите прашања! Најдов одговор на прашањето кое после јавачот на магаре (Иса а.с) јава јавачот на камила: Мухаммед с.а.в.с. Потоа, молитвата
на Аллах џ.ш со паѓање на лице на тло (сеџда), забраната за икони и слики... Да, да, тоа е она што го барав, тоа е правата вера. После тоа почна моето проучување на исламот. Учев за намаз, посетував месџид, срцето секој ден се повеќе ми се отвораше кон Исламот. Ја напуштив
црквата и родителите, наведов некоја измислена причина. Го учев Исламот тајно. Имав околу 17 години и се плашев од нивните реакции. Ми помагаше еден имам(оџа) и ме учеше за Исламските шартови. Во 1995 година официјално примив Ислам и ставив хиџав (Шамија). После тоа родителите, едноставно ме исфрлија од дома затоа што ставив хиџаб и ја напуштив верата на старите предци. Се сетив на искушенијата низ кои
поминувал Пратеникот Мухаммед а.с., кој беше отфрлен од најблиските затоа што повикувал во Ислам. Да, муслиманите имале силни искушенија и биле отфрлени од најблиските. А хиџабот е фарз, јас го сакам Аллаха џ.ш. и како да излегувам без хиџаб и да не му угодам на Аллаховите прописи?
Потоа, се префрлив во Сараево. Ми помогна една муслиманска фамилија, бев кај нив дома. Потоа Аллах џ.ш ми даде да најдам работа и да изнајмам соба. Учев за Исламот но и натаму имав се потешки искушенија откако верувањето силно ми се зајакна. Се обидов да стапам во контакт со родителите оти Аллах џ.ш. ми пропишува да ги почитувам родителите иако не се муслимани.
А Ислам е и тоа да муслиманот со своето однесување им го покаже исламот на луѓето. Фала на Аллах џ.ш. кој не заборава на своите робови. Севишниот Аллах џ.ш., ел хамдулиллах, ми даде фамилија која ме помогнува и кај кои моментално се школувам,
Аллах џ.ш. да ги награди со најпосакуваната награда. Го молам Аллах џ.ш. да ги упати сите оние кои заскитале и да им го зајакне верувањето на оние кои се вратиле во Ислам, да ги сочува сите муслимани во светот. Моето име од Наташа го сменив во Сеџида (Онаа која паѓа на сеџде) и со тоа име ја означив својата припадност во Ислам. |
|
Allah je doista i moj i vaš Gospodar, pa se Njemu klanjajte; to je Pravi put!
|
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Штом работите биле толку флексибилни Бела тогаш зошто ти не се наречеш себе си како муслиман. Штом можело да се прават компромиси на полето на вероисповедта направи компромис и направи му го кефот на Ислам Хак и на другите муслимани.Зошто не се кажеш за муслиман или било што што ќе ти побараат. Дали ќе ти смета тогаш и формално да ги почитуваш и правилата кои нормално како муслиман треба да ги исполнуваш. А може во некоја друга прилика истото ќе ти го побара и некој од Јеховини сведоци или Харе Кришна. Бидејќи ти го знаеш клучот од вратата на секоја вера тогаш зошто да не се декларираш како нивен припадник и да се однесуваш онака како што нивната вера ти налага и да го бараш Бога онака како што тие вери ти го бараат. А штом патиштата и правилата не се потполно истите тогаш тие повеќе или помалку се спротивставуваат. Баш ме интересира како тоа ќе го ускладиш. Или едноставно нема да го исполнуваш правилото на ниедна од тие вери, а сепак сам по свое наоѓање ќе се нарекуваш дека и припаѓаш на некоја од нив. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
Islam-HAK
Сениор Регистриран: 11.Јули.2006 Статус: Офлајн Поени: 57 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сард
За она што го напиша на бела, имаш неколку грешки.
Секој човеково суштество на земјава има право да избира, несакам да ме сватиш во погрешна смисла, а патиштата и правилата не се исти, ти напишав еднаш за книгата Зошто Ислам, тука многу добри покажуваат луѓе што преминале во Ислам кои се подобри а кои се лоши.
|
|
Allah je doista i moj i vaš Gospodar, pa se Njemu klanjajte; to je Pravi put!
|
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За преминување од една во друга вера се зборуваше и порано. Никогаш не се вклучував во таквиот разговор бидејќи тој аргумент дека некој ја прифатил одредена вера или не, не е аргумент дека таму е вистината. Таму каде што мнозинството пристапуваат да веруваат не значи исправност на таквото верување. Во спротивно Христос не би рекол: „широк е патот кон пропаста и МНОЗИНА одат по него, а тесен е патот и тесна е вратата кон спасението и МАЛКУМИНА ја наоѓаат.“ Некогаш учесникот на форумот Крале вадеше известување од некој весник дека во Африка има околку 6 000 000 луѓе кои го прифатиле христијанството. Исто така во доминатно Православна Русија она малцинство кои не се Православни Христијани но кои се бројат во милиони во голем број преминуваат во Христијанство. Независно дали е поголем бројот на оние кои прифаќаат Христијанство, Ислам или некоја друга вера тоа може само да ме израдува ако прифаќаат Христијанство или да ме натажи дека избираат погрешен пат кон Бога, меѓутоа тоа не е факт кој има значење да укаже на правото учење кое таа вера го има. Досега човекот во целина само погрешни патишта избирал. Навистина истиот човек се обидувал својата срамно крвава и сурова историја да ја дотерува, но факт е дека со човекот владее темнината. Но само овде онде поединци или мали групи како светли острови во темнината избираат да се оттргнат од темнината и да го живеат животот посветени на Изворот на светлината со тоа и самите да се осветлат и донекаде да ги осветлат другите околу себе и животот на другуите. Затоа: „Вие сте солта на земјата“ или „Вие сте светлото на земјата“. Работите се едноставни, но многумина се привлечени од верски или светски верувања и имаат внатрешни мотивации кои тешко дека некој друг освен Бог самиот ќе може да ги образложи. На човекот му омилел гревот. Сака да живее и да го оправдува гревот. Гревот создава учења и верувања кои му одговараат кои го оправдуваат она што луѓето сакаат да го прават и да се ослободат од совеста во она што го прават. Погрешното верување значи опуштање, значи оставање на работите такви какви што се, вистинското верување значи напор.
Затоа за Наташа која ја спомна или за други кои прифатиле Ислам можам само да речам што жалам што се привлечени од верување кое според моето мислење е погрешно, но тој аргумент реално не значи ништо во поглед на докажувањето на точноста и исправноста во верувањето. Таквите аргументи може некој да ги користи како аргумент која со сила наметнува доказ „еве види треба да веруваш“ бидејќи силата е овде. Тоа можеби за послаби и полабилни може нешто да значи. Мислам дека внатре во Ислам Хак постои истата тенденција се покаже некаква поголема сила на Исламот, не сфаќајќи дека во случајов силата не е фактор. Во случајов зборуваме за љубов и вистина. А таму каде што постои љубовта силата престанува да постои. Веројатно таков е и односот на Православното Христијанство. Љубовта на вистинските христијани носи во себе нешто со кое ја разбира секоја сила независно колку таа да се собирала и колку да се зајакнувала. Едноставно поминува низ неа како да не постои. Ова ви го кажувам од лично искуство кое длабоко го има потресено мојот живот. Тогаш кога човек ќе биде даруван да осознае што е љубов ќе ги разбере своите и туѓите погрешни тежнеења кон моќта и силата. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Универзалноста на исламот Како религија која е објавена на целото човештво, а не само на Арапите, исламот пропагира апсолутна толеранција и интернационализам собирајќи ги луѓето од сите раси, бои и нации. Исламската култура опфаќа еден комплетен систем и комплетен начин на живеење. Низ својот однос спрема другите таа ги нагласува универзалните човекови вредности-интернационализам и толеранција. Интернационализам Исламскта култура работи кон бришење на разликите помеѓу потомството на Адам. Сите оние разлики кои оддамна па до ден денеска го делат човештвото. Поради оваа нејзина особеност и возидагање, учество земале Арапите и неарапите, бели и црни, богати и сирмашни, владари и поданци, муслимани, христијани, евреи и идолопоклоници. Поради тоа што обично ја нерекуваме арапска или исламска култура не е во спротивност со нејзиното кавалифицирање како интернационална култура. Таа има светски погледи и како таква е определена. Таа е отворена за сите човечки групации и никако не е забаракадирана или непријателси расположена према другите култури, како што е случај со затворената еврејска култура која постои на воздигање на само еден народ и една раса. Тоа довело до таму што го опишале Бог како Израелов Господ а израелскиот народ избран народ од Господ. Исламската култура не е таква, иако е запишана воглавно на арапски јазик, и иако се појавила со исламот. Всушност, исламот од првиот ден ја имал таа особина на интернационализам. Од самиот почеток ги повикувал луѓето О луѓе, а не О Арапи!. Повикувал кон Господ, Господарот на световите, а не Господарот само на муслиманите или само на Арапите. Од првиот ден пропагирал дека неговиот повик е од општ карактер, а не специјално наменет кон една група: и Ние те испративме како милост кон световите. (к*ран – Ел Енбија 107). Толеранција Еден од показателите на карактеристиките на интернационализмот е имананетната особина на исламската култура – толеранцијата. Верата на која почива ја изразува верата во двете големи вистини кои се од крајно значење поради неговото влијание на човековата мисла и однесување со другите кои се различни од нив:
Поради ваквото верување исламската култура била отворена и за немуслиманите, им дала можност да делуваат и да се докажуваат во нејзините друштва. Таа и гарантирала заштита (зимме) од Аллах, Пратеникот Мухамед (Нека е Божји мир над него) и муслиманската заедница. Тие имаат права како муслиманите и оврски како муслиманите, освен таму каде што религиите бараат различност. Тие можат да останат, и останували приврзани кон своите верувања, богослужбата и симболите. Нивните богомољи и институции останале недопрени. Не биле присилувани на работи кои нивната религија ги забранувала. Дури не им биле забранет работите кои исламот ги забранувал, ако нивната вера тоа им го дозволувала. Таков била случајот со употребата на алкохолот и свинското месо. Тие земале активно учество во градењето на исламската цивилизаација. Неретко завземале високи министерски управни или економски функции во исламските држави, за разлика од проблемите со кои денеска се соочени муслиманските малцинства и заедници во многуте западни друштва. |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
the king
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 03.Август.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 458 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ednostavno zatoa sto e najcistata, najiskrenata i najdobro objasnetata religija.
islamot navistina e toa!!! |
|
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
|
|
mali simo
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
е драг КИНГ досега овде на форумов имаше доста цитати од к*ранот и истотака доволно други текстови од врвни исламски теолози , читајки ги нив се доаѓа до заклучок дека исламот како религија е прана друже , попразна здравје. најчиста --- да совети за хигиена има доста најискрена ---- чисто се сомневам , најдобро објаснета ----- е тоа да -- другарите на мухамед завршиле добра работа...... islamot navistina e toa!! |
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
|
the king
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 03.Август.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 458 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
more mali sime kazi ti sto ne ti e jasno sto e toa sto go pravi islamot necist i koja e prazninata na islamot te molam da go rascistime toa ako moze!!!!
|
|
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
|
|
mali simo
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
еве како 1: што е џибрил? |
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
|
the king
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 03.Август.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 458 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
dzibril e melekot (angelot) koj bil zadolzen da gi prenesuva porakite na bog do negovite pratenici pejgamberi!!
uste nesto?? |
|
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
|
|
vesna2244
Нов член Регистриран: 23.Ноември.2007 Локација: United States Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
до тебе гост само да ти кажам јас сум православна која од неодамна прифатив ислам и фала му на бога затоа. освен библијата која не покажала ниту едно логично решавање на општествените проблеми нема полажна книга ма баш за ништо не збори све рекла кажала и се врти на исто нема поставено ниту едно решење за било кои греф, ни лажеле цело време дека исус е госбод па да ти прашам кај имало во библијата таков збор дали тоа е пишано или само претпоставено? дали е логично бог да има физиолошки потреби да јаде да .... и др. и да е бог како може да постој цел овој свет за време на смрт на бог или кога бил во утробата на мајка му? мисли па одговори ми дали бог еден два три па ако можеш ова да го објаснеш па свакачас.
|
|
vesna2244
|
|
Ebu-Hurejre
Сениор Регистриран: 03.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 667 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
elhamdulilah sestro sto ALLAH s.w.t ti ovozmozil da ja spoznaes vistinata i da se vratis povtorno vo Islamot, velam da se vratis radi toa sto site se ragaat vo Islam no nivnite rogiteli gi preobrazuvat vo Hristijani i drugi religii
inshallah Allah s.w.t da im ovozmozi na site da ja spoznaat vistinata, site onie koi sto navistina tragaat po vistinata
esselamu alejkum ue rahmetullahu ue berekatuhu sestro moj po vera
|
|
MisIcA,
Сениор The first MISS suspended Регистриран: 01.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 1089 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
jasno e na sekomu vasiot islam sto propoveda.osven terori i nepocituvanje na zenata, nisto drugo!
sledniot pat kako staro (novo) clen "sokri se" podobro zad nikot vesna, vaka smesen (na ) si!
|
|
атеист да бидеш е слично како да си далтонист
а цел живот да пишуваш и зборуваш за боите...(модератор аџија) |
|
Miralem1
Сениор Регистриран: 10.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 1548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Misica... ne e redok slucaj da hristijanin prifati Islam. Mene toa navistina poveke ne me cudi. Toa stana sosema realno i normalno. Ti ostaviv eden link. Da slusas direktno od RTL kolku godisno vo Germanija go prifakjaat Islamot.
|
|
Alija ra je rekao:Znanje je bolje od imetka.Znanje te cuva a ti cuvas imetak.Znanje je sudija,a bogatstvu se sudi,umrli su oni koji su gomilali bogadstvo,a ostali su oni koji su sakupljali znanje
|
|
Внеси реплика | страница <12345 11> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |