IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3233343536 68>
Автор
Порака
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2007 во 13:07

Св.%20праотци%20Авраам%20и%20Исус%20Навин

Светите апостоли Патров, Ерма, Лин, Гај и Филолог     18/11/2006

Овие се од Седумдесеттемина апостоли. Патров беше епископ во Неапол, Ерма во Филипопол (Рим. 14, 16), Лин во Рим (2 Тим. 4, 21), Гај во Ефес (Рим. 16, 23), Филолог во Синопа (Рим. 15, 16). Сите со љубов го исполнија законот Христов и се преселија во Неговото царство.

 

Кон врв
strurcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 124
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај strurcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2007 во 04:16
Денеска е Св. Павле Исповедник.

Црквата ги нарекува исповедници тие кои многу пострадаа од еретиците во заштита на правата вера. Овој свети Павле беше патријарх во Константинопол во времето кога се појави итрата ерес на Ариј. Двапати беше симнат од страна на аријанците од цариградскиот трон и прогонет во Ерменија. Најпосле, истите и го удавија додека служеше Литургија, во 351 година. Од Ерменија, моштите му беа пренесени во Цариград во 381 година, а во 1236 година латините ги однесоа во Венеција, каде што се наоѓаат и денес.
Сега знам дека нисто незнам!

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2007 во 14:07

Од%20житието%20на%20Св.%20Великомаченик%20Георгиј

Светиот маченик Јерон со дружината     20/11/2007

Роден е во градот Тијана кападокиска од добра и благочестива мајка, Стратоника, којашто беше слепа. Јерон со голема синовска љубов ѝ служеше на својата слепа мајка и беше мошне ревносен христијанин. Од овие две причини не сакаше да оди во војска и ги натепа и ги испрати оние што беа пратени да го земат. Му беше жал да ја остави неговата беспомошна мајка и му беше тешко и да помисли дека како војник ќе биде принуден да им се поклонува и да им принесува жртви на идолите. Најпосле заедно со уште некои христијани беше фатен и одведен пред кнезот во Мелитина. Кога беа на пат, една ноќ на Јерон му се јави некој во бела облека и му рече: „Еве, Јероне, ти јавувам за спасението: нема да војуваш за земниот цар, туку наскоро ќе извршиш подвиг за Царот небесен и кај Него ќе преминеш и од Него ќе примиш слава и чест“. Од таа вест срцето на Јерон се исполни со неискажлива радост. Кога стигнаа во Мелитина сите ги фрлија во затвор. Овде Јерон со голема ревност ги утврдуваше во верата затворените, молејќи се никој од нив да не отпадне, но сите да ги предадат драговолно своите тела на маки и смрт за Христа. Пред кнезот сите едногласно ја изјавија својата вера во Господ Христос, само еден роднина на Јерон, по име Виктор, отпадна од верата. На Јерон му ја отсекоа раката, па го биеја и го мачеа со различни маки, дури најпосле заедно со останатите не го убија. Одејќи на губилиште, тие триесет и тројца маченици го пееја псалмот: „Блажени се непорочните што одат по патот на законот Господов.“ Да ги спомнеме по име и овие чесни маченици чиишто имиња се запишани во Книгата на Животот: Исихиј, Никандар, Атанасиј, Мамант, Варахиј, Калиник, Теоген, Никон, Лонгин, Теодор, Валериј, Ксант, Теодул, Калимах, Евгениј, Теодох, Острихиј, Епифаниј, Максимијан, Дулкитиј, Клавдијан, Теофил, Гигантиј, Доротеј, Теодор, Кастрихиј, Аникит, Темелиј, Евтихиј, Иларион, Лиодот и Амонит. Некој Хрисант ја откупи отсечената глава на Јероним и чесно ја погреба, а подоцна над неа подигна црква во името на Свети Јероним. Отсечената рака на маченикот ѝ ја однесоа на неговата слепа мајка. Свети Јероним со дружината пострада и премина во славата Христова во 298 година.

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2007 во 14:08

Св.%20пророк%20цар%20Давид

Преподобен Лазар Галасиски     20/11/2007

Над куќата во којашто е роден се јави столб од светлина. Од своето село Магнезиј отиде на поклонение на Светите места во Ерусалим и таму се замонаши во манастирот на Св. Сава Осветен. По десет години се насели во гората Галасиска и се подвизуваше како столпник. Беше чудотворец за време на животот и после смртта. Царот Константин Мономах многу го уважуваше. На старост се пресели во вечноста, на крајот од 9 век.

 

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2007 во 09:52

http://veronauka.tripod.com/tekstovi/zitije_svetih/novembar/sveti_arhangel_Mihailo.jpgСветиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни

Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани од луѓето. Но тоа празнување често се одметнуваше во обожување на ангелите (4 Царства 23, 5). Еретиците прикажуваа сешто за ангелите. Некои од луѓето во ангелите гледаа богови, други иако не ги сметаа за богови ги нарекуваа создатели на сиот видлив свет. Лаодикискиот помесен собор којшто се одржа четири или пет години пред I Вселенски Собор, со своето 35 правило го отфрли поклонувањето на ангелите како на богови и го востанови правилното почитување на ангелите. Во времето на папата Силвестер и александрискиот патријарх Александар (4 век), беше востановен овој празник на Архистратигот Михаил со другите небесни Сили, во месецот ноември. Зошто токму во ноември? Зашто после март ноември претставува деветти месец. А се смета дека во месецот март било создавањето на светот. А деветтиот месец после март е земен заради деветте ангелски чинови, коишто се најпрво создадени. Св. Дионисиј Ареопагит, ученик на Св. апостол Павле, т.е. на оној апостол којшто беше воздигнат до третото небо, овие девет ангелски чинови ги опиша во книгата „За небесната Јерархија“. Тие чинови се следните: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими и богоносните Престоли, Господствата, Силите и Властите, Началата, Архангелите и Ангелите. Војвода на целата ангелска војска е архистратигот Михаил. Кога сатаната, Луцифер, отпадна од Бога и со себе ги повлече во пропаст еден дел од ангелите, тогаш Михаил стана и возвикна пред неотпаднатите ангели: „Да внимаваме! Да застанеме добро, да стоиме со страв!“ И сите небесни војски на верните ангели громко запеаја: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот исполн небо и земља слави Твојеја!“ (за Архистратигот Михаил види во Книгата на Исус Навин 5, 13 - 15). Меѓу ангелите владее совршено едномислие, еднодушност и љубов, а покрај тоа и потполна послушност на пониските чинови кон повисоките и на сите заедно кон светата Божја волја. Секој народ си има свој ангел пазител, а освен тоа и секој христијанин има свој ангел пазител. Треба секогаш да се сеќаваме дека што и да правиме, јавно или тајно, го правиме тоа во присуство на својот ангел-чувар. А на денот на Страшниот Суд сето огромно мнозинство ангели ќе се соберат околу Христовиот престол и пред сите нив ќе се објават сите дела, зборови и помисли на секој човек. Да нè помилува Бог и да нè спаси по молитвите на Св. архистратиг Михаил и на другите небесни бестелесни сили. Амин.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2007 во 11:12
Архангел Михаил, од Guido Reni 
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2007 во 17:30

Преподобна Матрона Цариградска     22/11/2007

Од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека и под името Вавила стапи во машкиот манастир на Св. Васијан во Цариград. Но бидејќи мажот ѝ непрестајно трагаше по неа, таа беше принудена да смени многу места, како Емеса, Синај, Еусалим, Бејрут и најпосле повторно дојде во Цариград. Се замонаши кога имаше дваесет и пет години, а се подвизуваше седумдесет и пет години. Живееше вкупно сто години и кога се упокои беше игуманија на еден манастир во Цариград. Мирно почина и се пресели во радоста на својот Господ, во 492 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2007 во 17:31

Светите маченици Онисифор и Порфириј     22/11/2007

Овие двајца прекрасни мажи беа мачени за името Христово во времето на царот Диоклецијан. Беа многу биени, а потоа горени на железна леса, па врзувани за опашките на коњите и влечени по камења и трње. Така беа растргнати на парчиња и Му ги предадоа своите свети души на Бога. Нивните мошти се погребани во Пентапол.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2007 во 17:31

Преподобен Јован Колов     22/11/2007

Се вбројува меѓу најголемите мисирски подвижници. „Колов“ значи малечок, а тој беше малечок по раст. Во Скитот дојде заедно со својот брат Данило и со преголема ревност се предаваше на подвиг, така што брат му Данило мораше да го насочува на умереност. Му беше ученик на Св. Памво, а подоцна на Св. Арсениј Велики. Негов соученик кај Св. Памво беше Св. Пајсиј Велики. Еднаш додека тој и Пајсиј разговараа каков начин на подвиг да превземат, им се јави ангел Божји и му нареди на Јован да остане на своето место и да ги поучува другите, а на Пајсиј да оди во пустината и да живее како пустиник. За да ја испита послушноста на Јован, Св. Памво му нареди да залева еден сув стап забоден во земја, сѐ додека не зазеленее. Без размислување и сомневање Јован го залеваше ова суво дрво три години секој ден, додека навистина, со Божјата сила, не се раззелени и донесе плод. Тогаш Памво ги собра плодовите од она дрво, ги однесе в црква и им ги раздели на браќата, велејќи: „Пристапете и вкусете од плодот на послушанието!“ Јован Колов имаше мноштво ученици. Некои од неговите мудри изреки се сочувани. Се упокои мирно и се пресели во радоста на својот Господ.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2007 во 10:37

Св.%20Павле%20Препрост


Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј     23/11/2007

Сите беа од Седумдесеттемина апостоли. Последните тројца се спомнуваат и на друго место, и тоа: Родион на 8 април, Сосипатар на 28 април, а Терциј на 30 октомври. Светите Олимп и Родион беа следбеници на апостолот Петар и кога тој пострада пострадаа и тие, на заповед од Нерон беа обезглавени. Ераст беше најпрво економ на Црквата во Ерусалим, а потоа епископ во Панеада Палестинска. Кварт беше епископ во Бејрут, многу страдаше, но и многумина ги приведе кон Христовата вера. Сосипатар беше епископ во Иконија, а Терциј беше втор епископ во истата таа Иконија. Духовно војуваа, станаа победници и зедоа венци на невенлива слава.

 

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2007 во 10:38

Св.%20Мерк*риј

Светиот маченик Орест     23/11/2007

Од градот Тијана во Кападокија. Св. Орест од раѓање беше христијанин, а лекар по занимање. Беше сурово мачен од некој свиреп кнез Максимин во времето на царувањето на Диоклецијан. Кога кнезот најнапред го советуваше да се одрече од Христа и да им се поклони на идолите, Орест одговори: „Кога ти би ја познал силата на Распнатиот, би ја отфрлил идолската лага и би Му се поклонил на вистинитиот Бог“. За ова беше многу биен, стружен и растргнуван, горен со врело железо, па најпосле фрлен во затвор за да умре од глад. Младиот Орест помина седум дена без леб и вода. Осмиот ден повторно го изведоа пред кнезот, којшто му се закани со страшни маки. На ова Орест му одговори: „Готов сум да претрпам секаква мака, бидејќи го имам знакот на мојот Господ Исус Христос изобразен на моето срце“. Тогаш кнезот нареди и му удрија во нозете дваесет железни клинци, го врзаа за коњ и го збоднаа по трња и камења, додека не издивна. На местото каде што беше фрлено телото на Божјиот маченик Орест се јави еден човек светол како сонце, па ги собра сите негови коски и ги пренесе на еден рид близу градот Тијана, таму ги погреба чесно. Овој прекрасен светител Орест му се јавил на Св. Димитриј Ростовски и му ги покажал сите свои рани на телото.

 

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2007 во 11:09
Денес православните го слават и овој човек...
 
Свети Нон, епископ Илиополски

Се прочу како голем подвижник во Тавенскиот манастир во Мисир, заради што 448 година го избраа за епископ на Едеската епархија. Подоцна премина во епархијата Илиополска. Овде тој обрати во верата Христова триесет илјади Арапи. По смртта на епископот Ив Свети Нон повторно се врати во Едеса, каде што остана до својата смрт, во 471 година. По неговите молитви кон Христа се обрати и прочуената грешница Пелагија, којашто потоа се прослави со свет живот.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2007 во 11:50
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Денес православните го слават и овој човек...
 
Свети Нон, епископ Илиополски

Се прочу како голем подвижник во Тавенскиот манастир во Мисир, заради што 448 година го избраа за епископ на Едеската епархија. Подоцна премина во епархијата Илиополска. Овде тој обрати во верата Христова триесет илјади Арапи. По смртта на епископот Ив Свети Нон повторно се врати во Едеса, каде што остана до својата смрт, во 471 година. По неговите молитви кон Христа се обрати и прочуената грешница Пелагија, којашто потоа се прослави со свет живот.

 
a denes pravoslavnite i nepravoslavnite go slavat i mojot rodenden
кловнзабава
 
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2007 во 11:58



Изменето од connected - 23.Ноември.2007 во 12:13
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3233343536 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,422 секунди.