|
АКО ИМА БОГ ЗОШТО ДОПУШТА ЗЛО И СТРАДАЊЕ? |
Внеси реплика | страница <1 1314151617> |
Автор | |
becenevem
Сениор Регистриран: 27.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2108 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
seta pocit |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...ТАКА САКА...МУ МОЖЕШ НЕШТО...?!!!.
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако можеме нешто поучно да извлечеме од трагичниот настан со Тоше, меѓу другото, е дека човек треба да обрне повеќе внимание на квалитетот отколку на квантитетот на својот живот, бидејќи на никому не му е гарантирано долг живот на Земјата. Па затоа е подобро човек да се концентрира повеќе на квалитетот на животот, особено на неговата духовната компонента, бидејќи на крајот на краиштата, тоа е единственото што ќе го понесеме како вредност и по нашата смрт.
Никој не може да влијае на квантитетот на животот, со други зборови, никој не знае колку ќе живее, никој не може да гарантира дека ќе го види и утрешното изгрејсонце, никој не може да си додаде плус еден ден, ако Бог одреди денес да го повика.
Бог, како наш Жвотодавец, има суверено право над нашиот живот и без пардон ја повикува нашата душа.
Но сите ние можеме да влијаеме на квалитетот на нашиот живот. Секој од нас може да одлучи да живее богоугоден живот, да се посвети на помагање на другите, на хуман живот, да биде чесен, искрен, праведен, непристрасен, неподмитлив, солидарен, дарежлив, лојален, милосрден, сочувствителен, љубезен, скромен итн. Овие работи имаат трајна вредност и тие се единствените чии плодови можеме да ги понесеме со нас и зад смртта. Имавме прилика да видиме т.е. да се потсетиме дека и славните и богатите личности не можат да понесат со себе ништо повеќе од горенаведените работи од таа страна.
Христос на Својата проповед на гората го кажа и следново:
"Не собирајте си богатства на земјата, каде што молецот и рѓата ги уништуват, и каде што крадци поткопуваат и крадат; туку собирајте си богатства во небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги уништува, и каде што крадци не поткопуваат и крадат; зашто каде е твоето богатство, таму ќе биде и твоето срце."
Матеј 6:19-21
Верувам дека Тоше си собра доста богатство на небото. Нам ни останува да се поучиме од неговиот пример и да ги поучуваме другите да го следат истиот.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На исто овакво прашање во 2006 година во една емисија на ХТВ, еден гледач одговори:
,,Бог на народот му допушта се, а според тоа што народот работи бог и го оценува а потоа наградува или казнува,, |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
MisIcA,
Сениор The first MISS suspended Регистриран: 01.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 1089 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
EvAngelos sekoja cest za postot.
|
|
атеист да бидеш е слично како да си далтонист
а цел живот да пишуваш и зборуваш за боите...(модератор аџија) |
|
Реакт
Сениор Регистриран: 22.Мај.2007 Локација: Burundi Статус: Офлајн Поени: 373 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па Синот Божји Исус Христос беше најчист од сите луѓе, па загина со најстрашната смртна казна во тоа време. За неверните - тука е крајот. За верните - има и потоа!
п.с. Тоше, нека те прими Бог во царството Свое. |
|
Без коментар
|
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Господ си ја знае подобро работата од нас, и нека си ја тера
а нашата перцепција на добро/лошо не е иста со онаа на Бог и затоа го тврдам горенаведеново. |
|
Lolita
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 13.Ноември.2007 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 135 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
EvAngelos sekoj cest za tvojot post na prvata strana od temava
no sepak odgovorot mi e nekako opst..univerzalen
me maci edno konkretno prasane (sto veruvam deka sekoj od nas po 100 pati si go ima postaveno), iako veruvam deka ste go diskuirale na temava, ke si dozvolam i jas da go postavam, navistina me interesira vaseto mislenje za toa
Ako bog postoi, togas zosto dozvoli da zagine covek kako Tose?
|
|
Your sweetest nightmare
|
|
Реакт
Сениор Регистриран: 22.Мај.2007 Локација: Burundi Статус: Офлајн Поени: 373 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А зошто секогаш Бога го кривиме за лошите работи?
Колкупати сме рекле - фала ти Боже за доброто, а колкупати сме си рекле - зошто, Боже? |
|
Без коментар
|
|
Ebu-Hurejre
Сениор Регистриран: 03.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 667 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pred se Lolita mora da svatis deka zivotot vo zemjata ne e vecen tuku e poveke na lik na eden voz koj patuva na eden pravec , i sekoe novorodence se kacuva vo vozot a so negovoto umiranje se simnuva od vozot no posle negovoto simnuvanje toj nekoj ili nekoja nikogas veke nema da moze da se kaci povtorno vo toj voz
Allah s.w.t nas lugeto ne ne ima stvoreno za da ni se prepustame na nasite strasti tuku ne ima stvoreno samo za da go obozavame Allah s.w.t
no nie lugeto tuka sme kao vo sahovski figuri nekoi pomladi , nekoi poneznacajni, nekoi postari, nekoi poznacajni, isto kao i vo sah i vo sah vo tekot na igrata nie gubime razlicni figuri pa i tuka Allah s.w.t ponekogas zima starec ponekogas zima mlad covek , no ne e bitno toa.....
voopste ne e bitno dali nekoj ke se preseli od ovoj svet kao mlad ili kao star, tuku bitno e sto toj nekoj napravil za da go zasluzi idnoto zivealiste vo idniot svet....
sto e mlad a sto e star???
mislite deka ako nekoj pozivee 100 godini toj e star ???
mozebi nam ni izgleda star no on ne e ni priblizno mlad a kamo li star vo sporedba so vecnosta koja nam ne ceka
zosto smrta na Tose ve zacuduva ?
pa zarem ne treba da ve zacuduva poveke koa umira nekoe dete ?
po zaginuvanjeto na Tose tuka kaj nas mnogumina go pokazaa toa sto go imaat vo nivnite srca , pa Allah nas ne ne stvoril za nisto drugo osven za da go obozavame Allah ( go upotrebuvam zborot Allah radi toa sto Bog nie muslimanite go narekuvame Allah)
No smrta na Tose pokaza deka mnogumina od nego napravile idolopoklonstvo nesto sto ni e zabranet nesto sto treba samo na Allah da mu se posveti .....
koa lugeto bi imale takva pocit i respekt prema ALLAH kao sto pokazaa deka imat prema Tose , togas bi bile vo mnogu pojasna svetlina
koj e Tose ?.....zarem ne e i on stvorenie kao i site nas ....DA....pa zosto togas tolku posvetenost mu posvetuvate na Tose a ne na toj koj sto go stvoril Tose?
i pred Tose ziveele luge koi bile daleku poznacajni za lugeto od Tose , no site umrele a i nie sme na toj pat.
ne zaboravaj sestro deka Tose kakov i da bil samiot ke si odgovara pred Allah za negovite dela , pa spored negovata zasluga i Allahovata milost ili nemilost ke si go zazeme mestoto koe mu pripaga , mestoto koe sto on samiot si go kroel dodeka bese megu zivite.
No prasanjeto e sto li krois ti sestro?
dali ti se spremas za sledniot svet, na nacin na koj Allah od nas pobaral?
i ako baras drugo spasenie osven patot koj sto ni go odredil Allah s.w.t daleko si zalutala......se nadevam deka ke razmislis i deka samata ke se podgotvis za denot koa ke se soocime so Allah s.w.t na sudniot den te toj den nie ke go vidime ona sto sme go zarabotili na ovoj svet i ona sto sme propustile od Ahiretot radi ovoj prolazen svet.
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ako bog postoi, togas zosto dozvoli da zagine covek kako Tose?
???????????????????????????????????????????????????????
ZA DA NI PRATI PORAKA
ZA DA GO RAZBUDI HUMNOTO VO NAS
ZA DA NI GI RAZBUDI CUVSTVATA
ZA DA NE` OBEDINI
ZA DA BIDEME POCOVECNI, A TOJ DA NI BIDE URNEK
OTI...
TOA STO TOJ NI GO KAZUVASE DURI BESE ZIV, NE DOPIRASE DO NAS TOLKU SILNO KAKO KOGA UMRE
|
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Не собирајте си богатства на земјата, каде што молецот и рѓата ги уништуват, и каде што крадци поткопуваат и крадат; туку собирајте си богатства во небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги уништува, и каде што крадци не поткопуваат и крадат; зашто каде е твоето богатство, таму ќе биде и твоето срце."
Матеј 6:19-21
EvAngelos,
kako jas ova da go pocituvam, koga popovite ne go pocituvaat????
Bog saka crkvi so zlatni pokrivi???
ili dzamii golemi kolku sportski sali???
ili saka mali topli crkvicinja, a parite da im se podelat na siromasnite
|
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова ми се допаѓа, добри претпоставки, држат вода, особено последната реченица. Баш ме замисли
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Христос никаде не рекол да се угледуваме на поповите и тие да ни бидат духовни авторитети, или како што некои велат "духовни отци=татковци или родители"
Напротив, Христос рече: "А вие не наречувајте се учители - зашто е Еден вашиот Учител - Христос, а вие сите сте браќа. И никого на земјата не наречувајте го свој ‘татко’, зашто е Еден вашиот небесен Татко." (Матеј 23:8,9)
Со ова Христос ни порача да се водиме по Неговиот пример, Тој да ни биде идол, а не некои луѓе кои можат да бидат и волци во овчја кожа и да го злоупотребуваат христијанството за материјална корист. Такви имало и ќе има, но не треба да не соблазнуваат, ние треба да се водиме по нашиот Водач и што он заповедал, а тоа е Христос - Главата на Црквата.
Бог не рекол да градиме златни храмови, напротив еве што вели Бог:
’Небото Ми е престол, а земјата е подножје на Моите нозе. Каков дом ќе ми изградите - говори Господ - или какво ќе биде местото за Моја починка?" (Дела 7:49)
А еве што вели и за жртвите и површната побожност:
"„Зошто ми е мноштвото ваши жртви? - говори Господ. - Сит сум од овенски паленици и од мрсното на згоените телиња. И крвта Ми се згади од бикови, јагниња и јариња.
12 Кога доаѓате да Ми го видите лицето, кој од вас бара да гази по Моите преддворја? 13 Прекратете да Ми носите ништожни приноси, темјанот го замразив. Млади месечини, саботи и собори - не поднесувам празнувања и беззаконија. 14 Вашите млади месечини и празници ги мразам од сета душа - тешки Ми се, не можам да ги поднесам! 15 Кога ги ширите рацете за молитва, Јас ги одвраќам очите од вас. Само ги множите молитвите, Јас не ве слушам. Рацете ви се натопени во крв, 16 измијте се, очистете се. Отстранете ги од пред Моите очи нечесните дела, престанете да правите зло! 17 Учете се на добри дела: стремете се кон правдата, притекнете му на помош на угнетуваниот, помогнете му на сирачето до правдата, заземете се за вдовицата.” " (Исаија1:11-17) |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Внеси реплика | страница <1 1314151617> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |