IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3031323334 68>
Автор
Порака
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2007 во 11:40
[QUOTE=mali simo]

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/P81.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Светиот пророк Осија

Син Веириин од племето Исахарово. Живееше и пророкуваше 800 години пред Христа. Неговите боговдахновени зборови се наоѓаат во неговата книга составена од четиринаесет глави. Му упати многу укорувања на Израилот и на Јуда за идолопоклонството, пророкуваше за казната Божја за гревовите, ја прорече пропаста на Самарија и на Израилот заради богоотстапништвото, а и милоста Божја кон Јудиното колено. Го прорече укинувањето и престанокот на старозаветната жртва и доаѓањето на Господ и богатството на даровите коишто Он ќе ги донесе со Себе на земјата. Живееше до длабока старост и мирно се упокои.



The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/10-17-30.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан

Едни од оние коишто се именуваат со ова име мирно се упокоија на 1 ноември. Другите беа каменувани во Рим на 1 јули, а овие третите беа од Арабија и под денешниот датум за нив станува збор. По занимање беа лекари, но кога ја примија Христовата вера ги исцелуваа болните со името на Исус Христос. Заради ова чудотворно лечење за нив се расчу на сите страни. Злобните незнабожци ги фатија и ги одведоа пред кнезот Лисиј во градот Егас. Бидејќи Светите браќа по никоја цена не сакаа да се одречат од Христа, најпрво ги фрлија во море, а потоа во оган. Но Семоќниот Бог ги спаси и од потоп и од оган. Ангел Господов им се јави спасувајќи ги. Незнабожечкиот кнез му го припишуваше ова на некоја нивна магија. А тие му одговорија: „Никаква магија не знаеме и не користиме, но ја имаме силата Христова којашто нe спасува и нас и сите што го повикуваат пресветото име Христово.“ Тогаш ги удираа со камења, но камењата се одбиваа од нив; ги стрелаа со стрели, но и стрелите се одбиваа. Најпосле ги обезглавија со меч. Со нив пострадаа и примија венец на слава Светите Леонтиј, Антим и Евтропиј. Пострадаа во времето на Диоклецијан и Максимијан. Од нивните свети мошти се јавија многубројни чуда, како во времето кога беа живи.

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/svokt-329.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors. Преподобниот маченик Андреј

Христијански свештеник роден на Крит. Во времето на гонењето на иконите се покажа како голем поборник на иконопочитувањето. За да го изобличи злочестивиот цар Копроним за неговото иконоборство, Св. Андреј отиде во Цариград. Еден ден царот беше во црквата на Св. маченик Мамант. Андреј влезе во црквата, застана пред царот и јавно пред сите го укори: „Подобро ќе беше цару да си ги гледаш војничките работи и да управуваш со народот одошто да Го гониш Христа и Неговите слуги.“ За ова Св. Андреј беше многу биен и мачен и влечен по улиците. Еден еретик го удри со секира и го уби. Така ја предаде својата света душа на Бога, во 767 година. Неговите мошти се извор на

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2007 во 02:43

Значи тоа беа за вчера, а денес православните ги слават овие луѓе:

овој човек
овој
и овој
 
:pop:
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
strurcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 124
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај strurcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2007 во 14:30
Денеска е Св. великомаченик Артемиј.

Словенскиот збор маченик е изведен од грчкиот мартис, што значи, сведок. Во Црквата мачениците со својот живот, посебно со својата подготвеност да умрат за Христос, сведочеа за нивната вера дека Христос е Бог кој, на крајот од времето, ќе ги подигне од мртвите и ќе им даде живот во вечноста. Оттаму, Црквата ги нарекува великомаченици тие кои го посведочиле ова со посебна сила. Еден од нив е Артемиј. Живеел во времето на цар Константин, а пострадал после неговата смрт, од раката на царот Јулијан, кој отстапи од верата во Христа и се обидуваше во Рим да го врати паганството.
Сега знам дека нисто незнам!

Кон врв
strurcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 124
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај strurcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2007 во 14:51

Денеска e Светиот великомаченик Артемиј

Овој славен светител беше родум Мисирец и прв војвода на царот Константин Велики. Кога на царот Константин му се јави победоносниот крст, поверува во Господ Исус Христос и се крсти. Подоцна, во времето на царот Констанциј овој цар го испрати Артемиј во Елада за да ги пренесе моштите на Св. Андреј од Патрас и на Св. Лука од Тива во Цариград, а ова војводата Артемиј го изврши со радост. Потоа беше поставен за августалиј и царски намесник во Мисир и во овој чин остана и во времето на Конастанциј, Константиновиот син, а извесно време и при Јулијан Отстапник. Кога овој богоотстапен цар тргна во војна со Персијанците, запре во Антиохија и му нареди и на Артемиј да дојде со својата војска во Антиохија. Артемиј дојде. Во тоа време царот удри на маки двајца христијански свештеници, Евгениј и Макариј. Кога го виде тоа Артемиј се возмути со сето срце и излезе пред царот и му рече: „Зошто цару толку нечовечно ги мачиш невините и на Бога посветени мажи и зошто ги присилуваш да се откажат од верата православна?“ И уште Артемиј му прорече на царот: „Твојата погибел е близу.“ Разјарен царот ги испрати оние двајца чесни свештеници на прогонство во Арабија, каде што набрзо се упокоија, а војводата Атемиј го расчини и нареди да го растргнуваат и бијат. Сиот ранет и раскрвавен Артемиј го фрлија во затвор, каде што му се јави Самиот Господ Исус Христос, Кој го исцели и го утеши. Потоа царот нареди, та го спростреа на еден камен, а со друг тежок камен го притиснаа така што телото на Артемиј го здробија и го сплескаа како штица. Најпосле му ја отсекоа главата во 362 година. А царот Јулијан отиде на бој против Персијанците и срамно загина, како што му прорече Св. Артемиј.


Сега знам дека нисто незнам!

Кон врв
strurcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 124
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај strurcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2007 во 14:52

Денеска е и Светиот праведен Артемиј

Роден е во 1532 година. Син на руски селани, Козма и Аполинарија, од селото Веркол, во Дивинскиот округ. Уште од петтата година се разликуваше од другите деца со својата необична побожност и кротост. Кога имаше тринаесет години како момченце одеше по својот татко низ некоја голема шума. Од силна бура и невреме Артемиј умре во шумата и неговиот нажален татко не можејќи да копа гроб го покри телото со гранки и замина. По дваесет и осум години некој човек виде во таа шума необична светлина, ѝ пријде и го најде нераспаднато и нетлено телото Артемиево. Многумина болни се исцелуваа докоснувајќи се до телото на Свети Артемиј. Неговите свети мошти почиваат во еден манастир близу Пинега во Архангелската губернија.


Сега знам дека нисто незнам!

Кон врв
strurcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 124
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај strurcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2007 во 14:53

Денеска е и Преподобен Герасим Нови

Од Трикали во Пелопонез, од славната фамилија Нотарас. Роден е во 1509 година. Се подвизуваше на Атон, потоа во Палестина, каде што постеше четириесет дена. Потоа се насели на островот Кефалонија, каде што основа еден женски манастир. Со молитва низведуваше дожд, исцелуваше болни и проѕираше во иднината. Се упокои во Господ на 15 август 1579 година. Чудотворец за време на животот и после смртта.


Сега знам дека нисто незнам!

Кон врв
strurcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 124
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај strurcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2007 во 15:27

Преподобниот маченик Игнатиј

Од Ески-Загора во Бугарија, од онаа славна Загора којашто на Црквата Божја ѝ даде многубројни свети подвижници и маченици. Се подвизуваше во Скитот на Свети Јован Предвесник на Атон. Драговолно им се предаде на Турците на мачење заради Христа . Го обесија во Цариград на 8 октомври 1814 година. Моштите му се чудтворни. Неговата глава се чува чесно во манастирот на Св. Пантелејмон.

 

Сега знам дека нисто незнам!

Кон врв
strurcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 124
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај strurcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2007 во 18:58

Преподобен Иларион Велики

Како што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска. Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што како надарено момче брзо ја прими и светската ученост и духовната мудрост. Штом Го позна Христа и се крсти, посака целосно да Му се предаде на служба на Господа. Со таа желба во срцето Иларион појде и го посети Св. Антониј во пустината и стана негов ученик. Потоа се врати во својата татковина и се подвизуваше близу Мајум, кај Газа. Демоните го плашеа со разни застрашувања, но со молитва кон Бога и со знакот на крстот постојано ги победуваше и ги изгонуваше. Околу него се собраа мноштво љубители на духовниот живот и за Палестина Св. Иларион стана она што за Египет беше Св. Антониј. Како Божествен учител, нерасслаблив подвижник, прекрасен чудотворец, Иларион беше уважуван не само од христијаните туку и од незнабожците. Но плашејќи се од човечките пофалби и говорејќи си со плач: „Тешко мене, ја примив на земјата својата плата!“, тој бегаше од место во место само за да се скрие од луѓето и да остане сам со својата душа и со Бога. Така се населуваше и извесно време живееше во Мисир, во Сицилија, во Далмација и најпосле на Кипар, каде што го заврши својот земен живот околу 372 година, кога имаше осумдесет години . Неговиот ученик Исихиј чудотворните мошти на Св. Иларион ги пренесе во Палестина и ги положи во манастирот што го основаше тој.


Сега знам дека нисто незнам!

Кон врв
strurcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 124
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај strurcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2007 во 18:58

Свети Иларион Мегленски

Роден е од угледни и побожни родители. Неговата бездетна мајка долго Му се молеше на Бога да ѝ даде едно дете и по нејзините молитви ѝ се јави Пресвета Богородица и ја утеши со зборовите: „Не тагувај, ќе родиш син и тој многумина ќе обрати кон светлоста на вистината.“ Кога Иларион имаше три години, од неговите усни непрестајно се слушаше песната: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот!“ Добро школуван, тој се замонаши во својата осумнаесетта година и основа манастир со типикот на Св. Пахомиј. Трновскиот архиепископ Евстатиј во 1134 година го ракоположи за епископ Мегленски. Св. Иларион речиси сиот живот водеше голема борба против богомилите и против ерменските еретици. Но со својата духовна ученост и со својата светост неспоредливо ги посрами сите и мнозина од нив ги приведе кон Православието. Се упокои мирно во Господ во 1164 година.

Преподобен Филотеј

Роден е во Хрисопол во Македонија. Турците го грабнаа од мајка му којашто беше вдовица и заедно со уште еден негов брат ги фрлија во затвор. Од затворот чудесно ги спаси Пресвета Богородица и ги пренесе во еден манастир во Неаполис Малоазиски. Подоцна неговата мајка ги најде своите синови како монаси, па и самата се замонаши. Филотеј премина на Света Гора, каде што се подвизуваше најпрво во манастирот Дионисијат, а потоа во пустина. Беше чудесен подвижник и победник над демонската сила. Се упокои мирно во осумдесет и четвртата година од својот живот. Нареди да не го погребуваат, но да го фрлат неговото тело на шумските ѕверови и птици. Подоцна ноќе еден рибар виде некоја голема светлина во шумата и бидејќи беше премрзнат појде за да се огрее, зашто мислеше дека е оган. Но светлината доаѓаше од чудотворните мошти на Св. Филотеј.

Сега знам дека нисто незнам!

Кон врв
strurcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 124
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај strurcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2007 во 12:29
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Денеска е Св.апостол Јаков Брат Господов.

Овој Јаков се нарекува Брат Господов затоа што е син на Јосиф, свршеникот на Дева Марија т.е Богородица од неговиот претходен брак. Тој е еден од 70-те апостоли. Се нарекува Брат Господов уште и заради неговата посебна приврзаност кон Господ Исус Христос. По воскресението, Христос нему му се јавил, како што сведочи апостол Павле. Бил епископ во Ерусалим и ја составил првата Литургија. Евреите го почитувале многу заради неговиот свет живот, па го нарекле Јаков Праведниот. Но, истите Евреи го фрлиле од покривот на храмот, затоа што ја исповедал верата во Христовата божественост. Свети Јаков пострада за Христа во првиот век.
Сега знам дека нисто незнам!

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2007 во 09:08

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/10-24-6.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Светиот маченик Арета

Овој Свет маченик пострада за Христовата вера со уште над четири илјади христијани, свештеници, монаси и монахињи, граѓани, жени и деца. Арета беше градоуправител во градот Негран во земјата Омиритска (јужна Арабија) и имаше деведесет и пет години кога пострада. Со Омиритската земја тогаш владееше еден Евреин Дунаан, свиреп гонител на христијаните. Решен наполно да ги истреби христијаните од својата земја, тој го опколи христијанскиот град Негран и најпрво им порача на граѓаните дека ако не се одречат од Христа сите ќе ги убие. Граѓаните ги затворија портите, па Дунаан безуспешно напаѓаше на градските ѕидини. Тогаш беззакониот кнез им се заколна на граѓаните дека нема да им направи ништо, само ако му ги отворат портите за да влезе и да го собере данокот што му го должеа, па потоа веднаш ќе се оддалечи. Христијаните поверуваа и ги отворија портите. Тогаш кривоклетниот Евреин го повика кај себе старецот Арета со сите клирици и други угледни граѓани и сите ги уби со меч. А потоа направи страшен колеж по градот. Кога слушна за ова византискиот цар Јустин многу се нажали и му напиша писмо на етиопскиот цар Елезвој да појде со војска против Дунаан и да ја одмазди невината христијанска крв. Елезвој го послуша Јустин, удри со војска на омиритскиот кнез, го победи, му ја погуби целата војска, а него го уби со меч. За Омиритски кнез по Божјо откровение беше поставен некој побожен човек Аврамиј, а за архиепископ Омиритски, повторно по Божјо откровение Свети Григориј (под 19 декември). Христијаните во Негран го обновија храмот на Света Троица којшто Дунаан го беше изгорел и му подигнаа и посветија храм на Светиот маченик Арета и на останатите Негрански маченици. Пострадаа и примија маченички венци во 523 година.

Свети Елезвој, цар Етиопски

Распален со ревност за Христовата вер овој благочестив цар крена војска против кнезот Дунаан, свирепиот мачител на христијаните во земјата Омиритска. Но во почетокот на војната немаше успех и многу од неговата војска пропадна во пустината. Тогаш тој горко плачеше пред Бога и вети дека ако Бог му помогне да го победи христијанскиот крвник тој ќе се замонаши. Откако го победи Дунаан, Елезвој се врати во Етиопија и веднаш го напушти царскиот дворец и стапи во манастир. Таму се подвизуваше како вистински монах цели петнаесет години. Бог му подари благодат на чудотворство пред и после смртта. Се упокои во 555 година.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2007 во 12:28

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/svokt-556.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Светите маченици Маркијан и Мартириј

Овие Божји светители беа клирици при цариградскиот патријарх Павле во времето на царот Констанциј. По смртта на великиот цар Константин Ариевата ерес, којашто дотогаш беше пригушена, повторно заживеа и зеде замав. Па и самиот цар Констанциј клонеше кон таа ерес. На царскиот дворец имаше двајца влијателни големци, Евсевиј и Филип. обајцата ревносни аријанци. Под нивно влијание патријархот Павле беше симнат од престолот и протеран во Ерменија, каде што Аријанците го удавија. Патријаршискиот престол го зазеде злочестивиот Македониј. Во тоа време, кога Православието имаше пред себе две лути борби, една со незнабожците друга со еретиците, Маркијан и Мартириј се заложија за Православието со сета сила и одлучност. Маркијан беше чтец, а Мартириј ипоѓакон при соборната црква и под патријархот Павле беа патријархови нотари. Аријанците се обидоа најпрво да ги потплатат, но кога овие Свети мажи го одбија тоа, тие ги осудија на смрт. Кога ги изведоа на губилиштето, ги воздигнаа рацете и Му се помолија на Бога благодарејќи Му за маченичкиот крај на својот живот: „Господи, се радуваме што од овој живот излегуваме со ваква смрт. Удостој нè да бидеме причесници на животот вечен, Ти Којшто нам Си ни живот!“ Тогаш ги потклонија своите глави под мечот и беа обезглавени, во 355 година. Над нивните чудотворни мошти подоцна во нивно име подигна црква Св. Јован Златоуст.



The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/svokt-559.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Светиот маченик Анастасиј

Беше валар на платно и ревносен христијанин. Во времето на гонењето на Диоклецијан овој Божји човек самиот му се јави на судијата мачител во Далматинскиот град Солин и ја исповеда својата вера во Христа. Нечовечно го мачеа пред да го убијат. Телото му го фрлија во морето, но потоа беше извадено и погребано чесно.



The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/10-25-7.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Света Тавита

Тавита (што значи срна) беше апостолска ученичка и живееше во Јопа, сегашна Јафа. Беше исполнета со добри дела и милостиња (Дела 9, 36). Но ненадејно изнемоште и умре. Ужалените ученици испратија по Петар, молејќи го да дојде и да ги утеши роднините. Кога дојде, големиот Христов апостол им нареди на сите да излезат од собата кај што лежеше покојната и клекна на молитва. Кога ја заврши молитвата возвикна кон мртвото тело: „Тавито, стани!“ И Тавита ги отвори очите и стана. Поведени од овој чудесен настан могумина поверуваа во Господ Исус Христос.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
strurcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 124
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај strurcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2007 во 11:53

Светиот великомаченик Димитриј

Овој славен и чудотворен светител се роди во градот Солун од благородни и благочестиви родители. Измолен од Бога од бездетни родители Димитриј беше син единец, заради што беше воспитан и однегуван со големо внимание. Татко му беше војвода солунски, па кога умре татко му го поставија Димитриј за војвода наместо неговиот татко. Кога го постави за војвода, христоборниот цар Максимијан особено му препорача да ги гони и истребува христијаните што беа во Солун. Но Димитриј не само што не го послуша царот туку напротив, јавно Го исповедаше и Го проповедаше Христа во градот Солун. Кога слушна за тоа царот Максимијан многу се огорчи на него, па еднаш враќајќи се од војна, царот сврати во Солун посебно за да ја испита оваа работа. Го повика, значи, војводата Димитриј и го испитуваше за верата. Димитриј јавно пред царот призна дека е христијанин и го изобличи идолопоклонството на Максимијан. Разјарен, царот го фрли Димитриј во затвор. Знаејќи што го чека, Димитриј му го врачи сиот свој имот на својот верен ученик Луп за да го раздаде на сиромасите и отиде во затворот весел, зашто му претстоеше страдање за Господа. Во затворот му се јави ангел Божји и му рече: „Мир на тебе, страдалецу Христов. Биди храбар!“ По неколку дена царот испрати војници во затворот за да го убијат Димитриј. Војниците го најдоа Божјиот Светител на молитва и го избодија со копја. Неговото тело тајно го зедоа христијаните и чесно го погребаа. Од телото на Христовиот страдалник потече исцелително миро, со коешто мнозина болни се излечија. Наскоро над моштите беше подигната малечка црква. Еден илирски војник, Леонтиј, беше болен од неизлечлива болест. Им притекна на моштите на Св. Димитриј со молитва и стана наполно здрав. Од благодарност му подигна на Св. Димитриј црква многу поголема од старата. Светителот му се јави двапати. Кога царот Јулијан сакаше да ги пренесе моштите од Солун во Цариград, од гробот скокнаа пламени искри и се чу глас: „Застанете и не гибајте!“ И така моштите на Св. Димитриј останаа засекогаш во Солун. Како заштитник на Солун Св. Димитриј се јавуваше многупати и многупати го спаси Солун од големи неволји. Неговите чуда се навистина безбројни. Русите го сметаат и за покровител на Сибир, којшто го освоија и го присоединија кон Русија во 1581 година.

Сега знам дека нисто незнам!

Кон врв
strurcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 124
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај strurcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2007 во 11:55

Преподобниот маченик Јоасаф

Ученик на Св. Нифонт, цариградскиот патријарх. Се подвизуваше на Света Гора. Имаше толку љубов кон Христа, што сите подвизи му се сторија недоволни, заради што сакаше да пострада од љубов кон својот Господ. Затоа отиде во Цариград, каде што јавно пред Турците ја исповеда својата вера во Пресвета Троица и во Синот Божји. Огорчени Турците му ја отсекоа главата на 26 октомври 1536 година.

Спомен на големиот земјотрес

Во времето на царот Лав Исавријанин имаше страшен и долготраен земјотрес во Цариград во 140 година. Народот тоа го сфати како казна Божја за гревовите и Ѝ се молеше на Пресвета Богородица и на Свети Димитриј со големо покајание, додека Бог не се смилува и земјотресот не престана.

 

Сега знам дека нисто незнам!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3031323334 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.