IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Hoc demonstrandum est!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Hoc demonstrandum est!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 15>
Автор
Порака
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Hoc demonstrandum est!
    Испратена: 27.Октомври.2007 во 16:37
Go objavuvam integralno, otvorenoto pismo do site nasi prijateli i neprijateli, politicari i kreatori i negatori na nasiot identitet, od nasiot vrven klasicen filolog i odlicen poznavac na antickata istorija, Prof. d-r Ljubinka Basotova, sto vsusnost pretstavuva poucno cetivo, koesto sodrzi del od istoriskite fakti na koi treba da se povikuvaat nasite neuki politicari pri pregovorite koi se vodat pod pokrovitelstvo na UN, a so medijatorstvo na G-dinot Metju Nimic, tekst-reakcija koj denes izleze vo Vest, kade sto novinarot i urednikot od nim poznati pricini go imaat skrateno, a delovite koi nedostasuvaat vsusnost ja sodrzat poentata na istiot.
                                         
                               Кој ја присвојува историјата?
                                  Hoc demonstrandum est!

          Со години веќе сме изложени на беспоштедни напади и навреди од страна на нашите јужни соседи како присвојувачи на нивната, хеленска историја. Сега дури стигнуваат од нив до нас и закани со уцени доколку не го смениме уставното име на нашата земја. Наводно, тие имале ексклузивно право на името Македонија, зашто историјата на оваа земја била нивна, хеленска историја. Е, ајде да видиме дали е баш така и кој е тој што присвојува туѓа историја.
     - Како прво, ги прашуваме нашите соседи, кога тоа државата Македонија била исто што и Хелада (односно, нивните полиси, зашто во антиката нивните претци, Хелените и не биле баш некој државотворен народ, за разлика од Македонците, кои имале не полиси, туку држава)?
     - Нашите соседи ставаат знак на равенство меѓу Хелените и Македонците. Ние прашуваме: ако Македонците биле Хелени, и историјата на Македонија е историја на Хелада, зошто предокот на Александар III Македонски (кој во антиката токму така е нарекуван, а прекарот Велики го добил многу подоцна) Александар I (480 г.пр.Хр.) бил наречен Филхелен (Filhelen “оној што е пријател со Хелените, што ги љуби Хелените”)? Зошто би бил Филхелен, ако бил Хелен?       
     - Зошто Демостен, хеленската гордост и слава, за таткото на Александар Македонски жестоко ќе извикува на атинската агора дека Филип: “... не само што не е Хелен, не само што не им е близок ни роднина на Хелените, туку тој не е ниту од барбарска земја, за која би се кажало нешто убаво, туку е Македонец - гибел и Македонец - злодеец” (Демост. Трет говор против Филипа, гл. 31)
- Зошто кај Плутарх читаме како Александар извикува дека “Хелените се перчат пред Македонците како полубогови сред диви ѕверови”, правејќи притоа (и не само таму) јасна дистинкција меѓу овие два етноса? (Плутарх, Споредбени животописи: Александар)
-       Ако Македоците биле Хелени, тогаш тие би зборувале ист јазик (или бар некој хеленски дијалект). Но изворите експлицитно ни укажуваат дека Хелените не го разбирале јазикот на Македонците. Кај Плутарх читаме (кавгата меѓу Александар и Клит), како Александар им се обраќа и ги повикува своите штитоносци “на македонски, што било знак за голема вознемиреност” (ибидем).
-     Дека Хелените не го разбирале македонскиот јазик ни сведочи и к*ртиј Руф. (Историја на Александар Македонски, кн.VI, гл.9); пишувајќи за судењето на Филота, Александар го прекорува Филота што нема да се брани на мајчиниот (македонски) јазик, зашто овој претходно изјавил дека ќе се брани на јазикот, на кој и тој (Александар) зборувал секогаш кога сакал сите да го разберат; од ова јасно произлегува дека не сите присутни го разбирале неговиот мајчин, т.е. македонскиот јазик.
        И други антички извори укажуваат на посебноста на македонскиот етнос и држава (Ливиј, Страбон, Диодор Сикулски), која по смртта на Александар опстојува се до освојувањето на Македонија од страна на Римјаните до средината на вториот век (146 г.) пред Христа, кога станува римска провинција Македонија. Римското владеење на овие простори, (подоцна како Источно римско царство, чии поданици во историските извори се нарекувани Ромеи, т.е Римјани,) трае се до паѓањето на Константинопол (1453 г.) и освојувањето од Османлиите, кога териториите од Ромејското царство и народите, што го населувале (а ги имало преку 40) стануваат поданици на Отоманската империја, вклучително и Македонија .
     Ако се знае сето ова, ако е непобитен фактот дека Македонија од памтивека била држава (за разлика од Хелада, чии полиси никако не можеле да се обединат и да создадат држава, каква што имале Македонците), ако се знае дека Филип е тој, откако ги покорил, се обидел да ги обедини преку Коринтскиот сојуз, дека тој се прогласил за хегемон (вожд) на тој сојуз и со тоа ја наметнал македонската доминација врз Хелените, дека по неговата смрт тоа место го зазел неговиот син, Македонецот Александар, ако е јасно дека историјата на државата Македон не е историја на Хелада, иако во воените походи на македонските владетели учествувале и Хелени (а учествувале и други етноси), тогаш, кој е тој, што присвојува туѓа историја? Оние ли, што секогаш надмено, со потценување и презир гледале кон Македонците (сп. Демостен, Плутарх), па иако некогаш “се перчеле како полубогови среде диви ѕверови” сега од петни жили настојуваат да се идентификуваат со тие “диви ѕверови”, кои “ниту се Хелени, ниту им се блиски ни роднини”, и си го присвојуваат правото историјата на античка Македонија да ја прикажат како своја историја, оспорувајќи ни го нам, кои живееме на дел од територијата на античка Македонија, правото нашата држава да ја нарекуваме Македонија, како што се нарекувала од секогаш.
Впрочем, кој им го дал правото да ни бидат кумови и да ни наметнуваат име?! Ние не сме доселени од некоја друга Македонија, па според нивниот терк (Неа Тенедос, Неа Мудоња и др.; речиси сите топоними на Халкидик се со придавката Неа) да се нарекуваме Нова Македонија. Ние сме тука, повеќе од милениум и пол, на просторите на географска Македонија и нашата држава ќе се нарекува Македонија и никако поинаку. Не се напрегајте да го убедите светот дека некој нешто ви присвојува. Вие сте тие што се перчите со туѓи перја, вие кревате врева околу името на нашиот аеродром, како да ви е Александар Велики прв братучед, заборавајќи што вашите славни претци мислеле и кажувале за Македонија и Македонците. Не претерувајте со вашата македонофобија, не се покажувајте како недостојни потомци на толку славни претци (Хомер, Перикле, Сократ, Платон, Аристотел, Тукидид, Софокле, Ајсхил, Еврипид и многу други). Имате доволно своја слава. Не присвојувајте си го она, што не е ваше.
Ова треба да се предочи на нашите јужни соседи. Ова треба да го има предвид господинот Нимиц и учесниците од обете страни во преговорите за името на нашата татковина.

                          Hoc dicendum et demonstrandum est
                        (Ова треба да се каже и да се покаже!)

                                               Македонски духовни конаци
                                   Проф.д-р Љубинка Басотова, класичен филолог
                                    Претседател на Извршниот одбор на Конаците




Ova pismo-reakcija e objaveno na forumov so soglasnost dadena od avtorot.


Изменето од moira - 27.Октомври.2007 во 17:03
Кон врв
PAVLIN Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Јуни.2007
Локација: Saint Helena
Статус: Офлајн
Поени: 889
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај PAVLIN Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2007 во 17:22
odlicno zamilseno samo ni treba mnogu pogolema megjunarodna podrska i mnogu pari da uspeeme da se izborime za naseto ime i istorija ... nasiot problem so imeto ne mozeme da go resime samo poradi neukosta za vodenje silna propagansa..los PR(public relations) e glavniot problem za nasiot dosegasen neuspeh...zamisli molim te cekavme USA da ni go priznae naseto ustavno ime...go storija toa i povtorno ne sme cekor napred vo pregovorite za imeto...dojdoe nova vlast i napravi nepromisleni potezi(vidi imeto na supita od aerodromot) i si dadovme nekolku avtogola...sega koga treba povtorno da bideme glavni vo tie pregovori, povtorno izostanuva ofanziva...toa vo denesnata kolumna Misajlovski-poranesen diplomat vo Dnevnik najubavo go kazuva.....se povekje se plasam deka i sega koga sme najblisku za resavanje na mak. prasanje gubime dragoceno vreme so razni gluposti...mnogu e loso sto sekoja odluka za ofanziva zavisi od eden covek toa vo momentov e Gvujo, koj sto ne samo sto ne nzae kako da reagira, tuku odi so promoviranje na tezok nacionalizam koj sto vo momentov ne vrakja nazad...pozdrav
“Ш‘ЧО НАПРАИВМЕ...“ - Крсте Петков Мисирков“
“ДО ВИСТИНАТА НЕ МОЖЕМЕ ДА СТИГНЕМЕ ПОЛЗЕЈЌИ“ - Владимир Мегре
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2007 во 18:47
Nasata istorija postoi i potvrdena e preku brojni istoriski zapisi, ne od nasi makedonski istoricari, tuku od antickite istoricari i hronicari, vo koi sekako gi vbrojuvam i staro grckite istoricari i hronicari, za promocija na nasata istorija ne se potrebni pari, tuku znaenje na istata i povikuvanje na nesoborlivite istoriski fakti i vistini. Dokolku nasite politicari poradi neznaenje na istorijata na sopstveniot narod i nasite koreni, ne se vo moznost da se povikuvaat na istoriskata vistina, postojat knigi, encikopedii pa i sovetnici i profesori koi sekako besplatno bi gi drzele lekciite od istorijata i bi gi sovetuvale, za da mozat dostojno i VERODOSTOJNO da go branat naseto minato, segasnost i idnina, i naseto edinstveno ime MAKEDONIJA.
Mediumskata ofanziva i debatnite emisii bi bile od ogromna korist za samopromocija, no vodeni od kompetentni novinari i kompetentni diskutanti, pozavaci na istorijata. G-dinot Kerim dobi publicitet vo makedonskata javnost, so samoto imenuvanje na nasata tatkovina so ustavnoto ime, a papa se ogreba i sobra politicki poeni na istoto sobranie, no ako podlaboko navlezat vo diskusija vo kojasto treba da gi odbranat stavovite i cesta na imeto i drzavata koja ja pretstavuvaat, tuka se bosi, zatoa sto i tie ne ja poznavaat istorijata na antickite narodi i argumentite na koi treba da se povikuvaat pri obranata se delumno poznati za niv, a mozebi i totalno nepoznati. Imeto ne se brani so dnevno politicki poeni ili so emocii, imeto se brani so istoriski fakti koisto treba da bidat posoceni, pretstaveni na zasegnatite strani i odbraneti od nasa strana.
A lobi grupite rabotat za pari, namesto da gi trosime narodnite pari za marketinski kampanji na lokalnite televizii i dnevni vesnici i nedelnici, krajno vreme e da pocneme da gi trosime za odbrana na nasata cest, istorija i ime.
Кон врв
kocko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kocko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2007 во 19:11
"vasata"istorija,
nema nikakva vrska so vas!koga toa ke vi bide jasno ,se ke bide vo red!

Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2007 во 19:32
A koja e tvojata istorija??? Nasata e napisana, opisana, i nepobitna. Koga ti ke ja osoznaes , togas moze da diskutirame, a dokolku gresam demantiraj me.
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2007 во 19:35
Ke citiram edna prekrasna razmisla:
Angel Balkanski: “Makedonskite drevni koreni, kako i korenite na dabot se dlaboki i razgranati, a stebloto e visoko, jako i izdrzlivo. Dabovite koreni so svojata sila i zilavost mozat da gi srusat site precki. Makedoncite, ednakvo kako i pirejot, tesko se iskorenuvaat. I da ne go zaboravime nesporniot fakt deka do nas se posilno doaga ehoto na drevnoto vreme, se pojasno gi raspoznavame porakite na nasite pretci i se poveke sme svesni za sopstvenite koreni i nacionalniot identitet.”

Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2007 во 12:45
Originally posted by moira moira напиша:

Go objavuvam integralno, otvorenoto pismo do site nasi prijateli i neprijateli, politicari i kreatori i negatori na nasiot identitet, od nasiot vrven klasicen filolog i odlicen poznavac na antickata istorija, Prof. d-r Ljubinka Basotova, sto vsusnost pretstavuva poucno cetivo, koesto sodrzi del od istoriskite fakti na koi treba da se povikuvaat nasite neuki politicari pri pregovorite koi se vodat pod pokrovitelstvo na UN, a so medijatorstvo na G-dinot Metju Nimic, tekst-reakcija koj denes izleze vo Vest, kade sto novinarot i urednikot od nim poznati pricini go imaat skrateno, a delovite koi nedostasuvaat vsusnost ja sodrzat poentata na istiot.
                                         
                               Кој ја присвојува историјата?
                                  Hoc demonstrandum est!

          Со години веќе сме изложени на беспоштедни напади и навреди од страна на нашите јужни соседи како присвојувачи на нивната, хеленска историја. Сега дури стигнуваат од нив до нас и закани со уцени доколку не го смениме уставното име на нашата земја. Наводно, тие имале ексклузивно право на името Македонија, зашто историјата на оваа земја била нивна, хеленска историја. Е, ајде да видиме дали е баш така и кој е тој што присвојува туѓа историја.
     - Како прво, ги прашуваме нашите соседи, кога тоа државата Македонија била исто што и Хелада (односно, нивните полиси, зашто во антиката нивните претци, Хелените и не биле баш некој државотворен народ, за разлика од Македонците, кои имале не полиси, туку држава)?
     - Нашите соседи ставаат знак на равенство меѓу Хелените и Македонците. Ние прашуваме: ако Македонците биле Хелени, и историјата на Македонија е историја на Хелада, зошто предокот на Александар III Македонски (кој во антиката токму така е нарекуван, а прекарот Велики го добил многу подоцна) Александар I (480 г.пр.Хр.) бил наречен Филхелен (Filhelen “оној што е пријател со Хелените, што ги љуби Хелените”)? Зошто би бил Филхелен, ако бил Хелен?       
     - Зошто Демостен, хеленската гордост и слава, за таткото на Александар Македонски жестоко ќе извикува на атинската агора дека Филип: “... не само што не е Хелен, не само што не им е близок ни роднина на Хелените, туку тој не е ниту од барбарска земја, за која би се кажало нешто убаво, туку е Македонец - гибел и Македонец - злодеец” (Демост. Трет говор против Филипа, гл. 31)
- Зошто кај Плутарх читаме како Александар извикува дека “Хелените се перчат пред Македонците како полубогови сред диви ѕверови”, правејќи притоа (и не само таму) јасна дистинкција меѓу овие два етноса? (Плутарх, Споредбени животописи: Александар)
-       Ако Македоците биле Хелени, тогаш тие би зборувале ист јазик (или бар некој хеленски дијалект). Но изворите експлицитно ни укажуваат дека Хелените не го разбирале јазикот на Македонците. Кај Плутарх читаме (кавгата меѓу Александар и Клит), како Александар им се обраќа и ги повикува своите штитоносци “на македонски, што било знак за голема вознемиреност” (ибидем).
-     Дека Хелените не го разбирале македонскиот јазик ни сведочи и к*ртиј Руф. (Историја на Александар Македонски, кн.VI, гл.9); пишувајќи за судењето на Филота, Александар го прекорува Филота што нема да се брани на мајчиниот (македонски) јазик, зашто овој претходно изјавил дека ќе се брани на јазикот, на кој и тој (Александар) зборувал секогаш кога сакал сите да го разберат; од ова јасно произлегува дека не сите присутни го разбирале неговиот мајчин, т.е. македонскиот јазик.
        И други антички извори укажуваат на посебноста на македонскиот етнос и држава (Ливиј, Страбон, Диодор Сикулски), која по смртта на Александар опстојува се до освојувањето на Македонија од страна на Римјаните до средината на вториот век (146 г.) пред Христа, кога станува римска провинција Македонија. Римското владеење на овие простори, (подоцна како Источно римско царство, чии поданици во историските извори се нарекувани Ромеи, т.е Римјани,) трае се до паѓањето на Константинопол (1453 г.) и освојувањето од Османлиите, кога териториите од Ромејското царство и народите, што го населувале (а ги имало преку 40) стануваат поданици на Отоманската империја, вклучително и Македонија .
     Ако се знае сето ова, ако е непобитен фактот дека Македонија од памтивека била држава (за разлика од Хелада, чии полиси никако не можеле да се обединат и да создадат држава, каква што имале Македонците), ако се знае дека Филип е тој, откако ги покорил, се обидел да ги обедини преку Коринтскиот сојуз, дека тој се прогласил за хегемон (вожд) на тој сојуз и со тоа ја наметнал македонската доминација врз Хелените, дека по неговата смрт тоа место го зазел неговиот син, Македонецот Александар, ако е јасно дека историјата на државата Македон не е историја на Хелада, иако во воените походи на македонските владетели учествувале и Хелени (а учествувале и други етноси), тогаш, кој е тој, што присвојува туѓа историја? Оние ли, што секогаш надмено, со потценување и презир гледале кон Македонците (сп. Демостен, Плутарх), па иако некогаш “се перчеле како полубогови среде диви ѕверови” сега од петни жили настојуваат да се идентификуваат со тие “диви ѕверови”, кои “ниту се Хелени, ниту им се блиски ни роднини”, и си го присвојуваат правото историјата на античка Македонија да ја прикажат како своја историја, оспорувајќи ни го нам, кои живееме на дел од територијата на античка Македонија, правото нашата држава да ја нарекуваме Македонија, како што се нарекувала од секогаш.
Впрочем, кој им го дал правото да ни бидат кумови и да ни наметнуваат име?! Ние не сме доселени од некоја друга Македонија, па според нивниот терк (Неа Тенедос, Неа Мудоња и др.; речиси сите топоними на Халкидик се со придавката Неа) да се нарекуваме Нова Македонија. Ние сме тука, повеќе од милениум и пол, на просторите на географска Македонија и нашата држава ќе се нарекува Македонија и никако поинаку. Не се напрегајте да го убедите светот дека некој нешто ви присвојува. Вие сте тие што се перчите со туѓи перја, вие кревате врева околу името на нашиот аеродром, како да ви е Александар Велики прв братучед, заборавајќи што вашите славни претци мислеле и кажувале за Македонија и Македонците. Не претерувајте со вашата македонофобија, не се покажувајте како недостојни потомци на толку славни претци (Хомер, Перикле, Сократ, Платон, Аристотел, Тукидид, Софокле, Ајсхил, Еврипид и многу други). Имате доволно своја слава. Не присвојувајте си го она, што не е ваше.
Ова треба да се предочи на нашите јужни соседи. Ова треба да го има предвид господинот Нимиц и учесниците од обете страни во преговорите за името на нашата татковина.

                          Hoc dicendum et demonstrandum est
                        (Ова треба да се каже и да се покаже!)

                                               Македонски духовни конаци
                                   Проф.д-р Љубинка Басотова, класичен филолог
                                    Претседател на Извршниот одбор на Конаците




Ova pismo-reakcija e objaveno na forumov so soglasnost dadena od avtorot.
 
Почитувана колешке Моира ..со сета должна почит кон тебе како јавен промотор на она што и почитуваната професорка го напишала...
Веднаш не сакав да се јавам и пишам..само од една за мене јасна размисла...а таа е ..како што следи....
Дали сето ова прекрасно што е овде искажано ..дали не е презадоцнето...со оглед на времето минато помеѓу самиот бескрупулозен и октроиран за нас чин на менување на нашето исконско име од страна на од никого неовластениот „председател„ Киро Глигоров..кој (за мене барем) наивно проба да не „разубеди„ дека тоа бил чин  само за 2 месеца..а испадна досега 14 земски години..не месеци како што ни „вети„ другарот Киро..
години..без видливи знаци дека некојпат и ќе заврши...позитивно по нас...секако.
Дали и тогаш истото ова го мислела професорката или не...?
И ако го мислела зашто веднаш не реагирала со вакво писмо директно кон „творецот„ на сите овие (сега сите гледаме) несреќи кои ни се како низа множат?.
Како дел од интелектуалната екипа дали не смееле или пак не можеле да ги согледаат последиците однапред...оти сега не треба да си некој „мудрец„ та да видиш се што е сторено..од „наши„ луѓе??
Вината ...за мене е најпрво КАЈ НАС...а тоа што другите ни го прават е само како последица на нашата наивност или пак неукост...
 
PATERE QUAM IPSE FECISTI LEGEM!
(Трпи го Законот кој сам си го донел)
 
Повеќе подоцна...
тагазбунетостизненадувањелутина


Изменето од novace - 28.Октомври.2007 во 13:10
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2007 во 15:10
Sto se odnesuva do otvorenoto pismo, mislam deka treba da sluzi kako izvor na argumenti vo pregovorite na nasite neuki politicari.
A za profesorkata, ova mozam so celosna odgovornost da go tvrdam, deka taa kontinuirano go brani ovoj stav, ima objavuvano poveke pisma, kolumni i intervjua na ovaa problematika. Duri i stozerot na komunjarskata novinarska propaganda, Nova Makedonija, vo dalecnata 1992 ili ..., ne mozam so tocnost da se setam, ima objaveno pismo reakcija tokmu na ovaa problematika. No, koj pameti i koj cita, a bogami i koj objavuva. I zatoa Novace te molam, nemoj dokolku ne go poznavas deloto na profesorkata so lekoumno iskazani konstrukcii. Inaku za tvoja informacija profesorkata e taa koja vpregna sila, znaenje i nevidena prevceduvacka vestina pa taka na nasiot narod mu go podari prevodot na "Istorijata na Aleksandar Makedonski" ("De Rebus Gestis Alexandri Macedonis") od Quintus Curtius, najgolemiot istoricar i hronicar vo Antickiot Rim. Inaku Profesorkata e avtor na prevodite na relevantni dela od antickie avtori i izvori vo koi se govori za Antickite Makedonci i inicijator da se prevede deloto na Plutarh. Mislam deka Novace se potrudiv, beglo da ti otslikam kade e i kade bila profesorkata do sega vo vrska so "makedonskite raboti". No krucijalnoto prasanje e koj gi slusnal, i koristel delatata i sovetite, ne samo na profesorkata, tuku i na drugi makedonski umnici koga ednostavno neli, dedo ni se otkaza od naseto ime.

Изменето од moira - 28.Октомври.2007 во 21:14
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2007 во 17:07
Originally posted by moira moira напиша:

Sto se odnesuva do otvorenoto pismo, mislam deka treba da sluzi kako izvor na argumenti vo pregovorite na nasite neuki politicari.
A za profesorkata, ova mozam so celosna odgovornost da go tvrdam, deka taa kontinuirano go brani ovoj stav, ima objavuvano poveke pisma, kolumni i intervjua na ovaa problematika. Duri i stozerot na komunjarskata novinarska propaganda, Nova Makedonija, vo dalecnata 1992 ili ..., ne mozam so tocnost da se setam, ima objaveno pismo reakcija tokmu na ovaa problematika. No, koj pameti i koj cita, a bogami i koj objavuva. I zatoa Novace te molam, nemoj dokolku ne go poznavas deloto na profesorkata so lekoumno iskazani konstrukcii. Inaku za tvoja informacija profesorkata e taa koja vpregna sila, znaenje i nevidena prevceduvacka vestina pa taka na nasiot narod mu go podari prevodot na "Istorijata na Aleksandar Makedonski" ("De Rebus Gestis Alexandri Macedonis") od Quintus Curtius, najgolemiot istoricar i hronicar vo Antickiot Rim. Inaku Profesorkata e avtor na prevodite na relevantni dela od antickie avtori i izvori vo koi se govori za Antickite Makedonci i inicijator da se prevede deloto na Plutarh. Mislam deka Novace se potrudiv, beglo da ti otslikam kade e i kade bila profesorkata do sega vo vrska so "makedonskite raboti". No krucijalnoto prasanje e koj gi slusnal, i koristel delatata i sovetite, ne samo na profesorkata, tuku i na drugi makedonski umnici koga ednostavno neli, dedo ni se otkaza od naseto imae.
 
Познавајќи те како доблесна и предана на делото македонско дама...јас сепак со изненадување ќе се обидам да те запрашам...???
ЗАШТО острицата на мечот (ова е фигуративно кажано) ја вперуваш во мене и луцидната професорка..кога и јас ...но и таа сме имале слобода ова овде кажаното ..да го кажеме уште веднаш откако и се најавила како невидена „мудрост„ на неприкосновениот (тогаш) растурач и уништувач...на се што генерации доблесни Македонци но и Македонки го граделе и оствариле!!!???.
Со други зборови...ТРОПАШ НА ОТВОРЕНА ВРАТА..почитувана колешке...или народски кажано „маваш по самарот..наместо по атот„
Ако внимателно прочиташ..ќе видиш дека јас никаде не зборувам баш ништо лошо за професорката и нејзиното (изгледа досега малку ценето) дело ...туку за тој... кој ја стави во ваква ситуација Македонија..без да го распише РЕФЕРЕНДУМот за тоа...како сенароден постигнат (ако добиеше) консензус по тоа осетливо прашање..
Македонското име и дело ..не е наша ниту негова сопственост..ами само привремено одстапено на користење право од нашите идни генерации на Македонци...и НИКОЈ не смее ништо да прави противно на  него...ами само да го надоградува....
тагасршено%20срцелутина


Изменето од novace - 28.Октомври.2007 во 17:16
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2007 во 21:39
Se izvinuvam dokolku mislis deka ostricata na mecot ja vperuvam vo tebe, nitu imav takva tendencija, nitu toa go storiv. Samo se obidov da ogovoram na tvoeto prasanje "kade dosega bila profesorkata?", i odgovoriv na koj nacin profesorkata se obiduvala i seuste se obiduva so peroto i deloto da gi objasni i obznani faktickite i istoriskite razliki pomegu makedoncite i helenite i povtorno ke povtoram da pomogne na nasite neuki ili gluvi i slepi politicari i istoricari koi vo odbranata na naseto cesno ime MAKEDONIJA i MAKEDONSKIOT ETNOS, ne znaat da gi koristat istoriskite fakti.
Mislam deka premnogu otstapuvame prostor i deka voopsto nema potreba da se vodi diskusija za deloto na profesorkata, bidejki otvaranjeto na ovaa tema nemase za cel da se analizira zivotot i deloto na pocituvanata profesorka, tuku celta bese sosema druga.
A za "dedo ni" mnogu odamna komentirav, no sega treba da komentirame i debatirame za ona sto treba da se brani i kako da se brani, a toa e IMETO.
Pozdrav.
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2007 во 18:21
Vo kontekst na temata, ekskluzivno za site forumdjii i posetiteli na forumot politika, go objavuvam tekstot srocen od peroto na najsofisticiranta makedonska poetesa, neguvatelkata na makedonskata arhaicna rec, Svetlana Hristova Jocik, po povod mediumskoto i politickoto ludilo koe vo kontinuitet se slucuva kaj nasiot juzen sosed, a osobeno e zasileno denovive, pred novata runda pregovori vo vrska so naseto rodeno ime MAKEDONIJA.


Ние сме, што сме: Македонија
           
          Ја привршуваме подготовката на вонредниот број на Портал, насловен: Антологија на научната мисла за Александар Македонски и Книжевно разновидие. Станува збор за фрагменти од античките извори и најзначајните научни студии за Алаксандар Македонски од севкупната историја до денес. Исчитувајќи ги одново и одново материјалите, а во контекст на долготрајното и нагласено воинствување на Грците за нашето име Македонија, се концентрирав на историски и научни извори, кои недвосмислено ја потврдуваат самобитноста и различноста на Македонците од Хелените. Еве само еден дел од таа непобитна фактографија:
-     Најраните податоци за Македонија ги среќаваме уште во Хомеровата Илијада, каде што се опејани настаните од крајот на Тројанската војна, во која учествувале и некои племиња од Македонија;
-     “ Ех! Што би можело да има поново од ова: еден Македонец, кој што ги напаѓа Атињаните и како господар ги уредува работите во Хелада!” (Демост. Прва Филипика, 10)
-     “ Филип не само што не е Хелен, не само што не им е близик ни род на Хелените, туку тој не е ниту од барбарска земја, за која би се рекло нешто убаво, туку тој е Македонец - чума, Македонец - злодеец.” (Демост. Трета Филипика, 31)
-     “ Тие љубеле да се нарекуваат Македонци, што всушност и биле.” (Павсаниј)
-     Кога Александар го прашал прочуениот архитект, кој е тој, го добил одговорот:” Архитект сум, Динокрит, Македонец и ти носам планови и нацрти, достојни за твојата слава.“ (Витрувиј, Полион)
-     “Официјален јазик во војската и администрацијата во целата империја бил македонскиот јазик, неговиот прадедовски коине, или Александров коине.” (акад. Антоније Шкокљев - Дончо)
-      “Антагонизмот беше реципрочен, бидејќи Македонците беа израстени во еден горд и самосвесен етнос, кој со презир гледаше на Хелените.” (Улрих Вилкен)
-     “ Дури сега, по сето изминато време има пророчишта, кои му биле посветени на Македонците и сите се во негова најголема чест.” (Аријан)
-     “Тестаментот на Александар Македонски”, автентичен доказ за минатото на Македонците.” (Герм. Автор)
Тоа е само мал дел од бројните докази за нашето родено име.

П.С.
Нашите јужни соседи, Рим никогаш не ги нарекувал Хелени, туку им го наметнал името Грци (Graeci), а територијата, што ја населувале ја нарекувал Грција (Graecia), како што денеска ги нарекува целиот свет, а тие, секоја чест, не отстапуваат од своето име Елас.
     И ние никогаш не ќе му направиме предавство на името Македонија. Никогаш!!!

                                                  Светлана Христова - Јоциќ
Кон врв
PAVLIN Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Јуни.2007
Локација: Saint Helena
Статус: Офлајн
Поени: 889
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај PAVLIN Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2007 во 19:19
DOBRO .... ne go razbiram tvoeto napinjanje da ne ubedis deka nie sme makedonci....Veruvam deka postoime odamna, no isto taka veruvam deka nie nemame vrska so antickite od vremeto na Filip...Aleksandar i prisvojuvanje na negovot delo kako nase e nepotrebno, bidejki toj e i grk i indiec i Makedonec itn. ...Toa e kako Tito da go proglasime za makedonec ...nemame potreba vo razgovorite za imeto da nastapuvame so ovaa teza...posebno zaradi toa sto vo 1992 godinaprimeni sme vo ON, pod referencata BJRM vo koja stoi deka imeto RM ne gi zagrozuva nitu ima za cel da gi destabilizira drugite drzavi na Balkanot...Ovie tekstovi mi se daleku od realnosta...aj da dokazeme deka sme potomci na Filip te molam...neprifatlivo mi e vo ovoj moment takvo razlmisluvanje, nemame vreme za toa.. тага
“Ш‘ЧО НАПРАИВМЕ...“ - Крсте Петков Мисирков“
“ДО ВИСТИНАТА НЕ МОЖЕМЕ ДА СТИГНЕМЕ ПОЛЗЕЈЌИ“ - Владимир Мегре
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2007 во 19:35
смеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењеАлександар е Македонец како и татко му и дедо му и сите останати Македонци од кралските лози.Тоа што ти немаш самопочитување и почитување кон својата нација и нејзината историја тоа е друга темаголема%20насмевка
Кон врв
PAVLIN Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Јуни.2007
Локација: Saint Helena
Статус: Офлајн
Поени: 889
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај PAVLIN Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2007 во 20:17
ne se soglasuvam so tebe, a si ja sakam zemjava i si ja pocituvam...no dobro jas ke go pocituvam tvoeto mislenje љубов
“Ш‘ЧО НАПРАИВМЕ...“ - Крсте Петков Мисирков“
“ДО ВИСТИНАТА НЕ МОЖЕМЕ ДА СТИГНЕМЕ ПОЛЗЕЈЌИ“ - Владимир Мегре
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 15>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.