IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2930313233 68>
Автор
Порака
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2007 во 12:32

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/10-10-23.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors. Преподобен Теофил Исповедник

По потекло тој е Македонец од околината на Струмица. Се замонаши како млад и основа свој манастир. Многу пострада за иконите во времето на Лав Исавријанин и во таа прилика ќе загинеше, ако не успееше да го убеди кнезот Ипатик, својот судија, во основаноста на иконопочитувањето. Кнезот го пушти на слобода и тој се врати во својот манастир, каде што се упокои мирно, во 716 година и се пресели во радоста на својот Господ.

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/svokt-203.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors. Светите маченици Евлампиј и Евлампија

Брат и сестра, од Никомидија. Во времето на едно страшно гонење на христијаните од царот Максимијан некои верници од Никомидија се имаа засолнето и сокриено надвор од градот. Младиот Евлампиј го испратија в град да донесе леб. Кога влезе во градот ја виде царската наредба за прогонство и убивање на христијаните залепена на ѕидот, ја симна и ја искина. За ова веднаш беше изведен пред судија. Кога судијата почна да го советува да се одрече од Христа, тогаш и Евлампиј почна да го советува судијата тој да се одрече од лажните идоли и да Го признае Христос како единствен жив Бог. По ова судијата нареди и го биеја долго дури не го облеа крв и го мачеa со долги, лути маки. Кога слушна за мачењето на својот брат, девицата Евлампија дотрча и самата заедно со брат и за да прими маки за Господ Исус Христос. И таа беше биена додека крвта не и удри на носoт и на устата. Потоа ги фрлија во врела смола, па во вжарена печка, но тие со силата на името Христово и со знакот на Крстот го направија огнот безопасен. Најпосле на Евлампиј му ја отсекоа главата, а Света Евлампија издивна пред отсекувањето. Тогаш беа погубени уште двесте христијани, коишто поверуваа во Христа гледајќи ги силата и чудата на Св. Евлампиј и неговата сестра. Сите се овенчаа со маченички венци и преминаа во Небесното Царство.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2007 во 18:43
Денес, согласно православниот календар се слават следниве луѓе:
 
Овој...
 
и овој...
 
EvAngelos :pishtoldz
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2007 во 23:25

Светиот апостол Филип     24/10/2007

Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога Светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите. Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците. Кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, Св. апостол Филип се засолни во Самарија и таму го проповедаше Евангелието и Го сведочеше Бога со многубројни чуда и изгонувања на демони, со исцеленија на болни итн. Кога ги виде чудата на апостолот, се крсти и прочуениот волх Симон. Св. Филип го крсти и евнухот на царицата Кандакија. Потоа ангел Божји во истиот миг невидливо го пренесе во Азот, кадешто оттогаш поучуваше и проповедаше и мнозина ги обраќаше кон Христа. Беше поставен за епископ во Тралија. Се упокои мирно во длабока старост.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)

Преподобен Теофан Начертани     24/10/2007

Исповедник и писател на канони. Роден е во Арабија од богати и побожни родители. Заедно со неговиот брат Теодор (под 27 декември) се замонаши во манастирот на Св. Сава Осветен. Како многу образовани монаси ерусалимскиот патријарх Тома ги испрати кај царот Лав Ерменин за да му го образложат и да го одбранат пред царот иконопочитувањето. Свирепиот цар ужасно ги намачи овие Свети браќа и ги фрли во затвор. Подоцна царот иконоборец Теофил продолжи да ги мачи и за да ги изложи на потсмев на светот нареди на нивните лица да се нацртаат некои шегобијни зборови. По завршувањето на иконоборството Св. Теофан беше пуштен на слобода и наскоро посветен за епископ. Се упокои мирно во 847 година. За иконите страдаше дваесет и пет години. Напиша сто четириесет и пет канони и се удостои со наследството на вечната радост на својот Господ.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2007 во 00:55
Денес, согласно православниот календар се слават следниве луѓе:
 
Овој...
 
овој...
 
овој...
 
овој...
 
и овој...
 
Тууу дури 5, да не знаеш кај кој да се испијаниш голема%20насмевка
EvAngelos :pishtoldz

Изменето од EvAngelos - 24.Октомври.2007 во 00:55
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2007 во 11:11
The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/S165.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.

Светиот апостол Филип

Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога Светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите. Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците. Кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, Св. апостол Филип се засолни во Самарија и таму го проповедаше Евангелието и Го сведочеше Бога со многубројни чуда и изгонувања на демони, со исцеленија на болни итн. Кога ги виде чудата на апостолот, се крсти и прочуениот волх Симон. Св. Филип го крсти и евнухот на царицата Кандакија. Потоа ангел Божји во истиот миг невидливо го пренесе во Азот, кадешто оттогаш поучуваше и проповедаше и мнозина ги обраќаше кон Христа. Беше поставен за епископ во Тралија. Се упокои мирно во длабока старост.

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/svokt-215.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Преподобен Теофан Начертани

Исповедник и писател на канони. Роден е во Арабија од богати и побожни родители. Заедно со неговиот брат Теодор (под 27 декември) се замонаши во манастирот на Св. Сава Осветен. Како многу образовани монаси ерусалимскиот патријарх Тома ги испрати кај царот Лав Ерменин за да му го образложат и да го одбранат пред царот иконопочитувањето. Свирепиот цар ужасно ги намачи овие Свети браќа и ги фрли во затвор. Подоцна царот иконоборец Теофил продолжи да ги мачи и за да ги изложи на потсмев на светот нареди на нивните лица да се нацртаат некои шегобијни зборови. По завршувањето на иконоборството Св. Теофан беше пуштен на слобода и наскоро посветен за епископ. Се упокои мирно во 847 година. За иконите страдаше дваесет и пет години. Напиша сто четириесет и пет канони и се удостои со наследството на вечната радост на својот Господ.

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/10-13-26.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors. Спомен на Седмиот Вселенски Собор

Овој Собор се одржа во 787 година во Никеја, во времето на царувањето на благочестивата Ирина и нејзиниот син Константин, а за време на патријархот Тарасиј. Овој Собор конечно го утврди иконопочитувањето образложувајќи го со Светото Писмо, со сведоштвото на Светите отци и со достоверни примери на чуда пројавени од Светите икони. Меѓу другите наведени примери на чуда Кипарскиот епископ Константин го наведе и овој што ќе биде предаден овде. Некој овчар од градот Констанца еднаш штом го истера стадото на пасење ја виде иконата на Пресвета Богородица целата украсена со цвеќе од правоверните. „Зошто толкава чест да ѝ се оддава на една карпа?“, си рече овчарот (очигледно воспитан во иконоборство), па со својот железен стап удри по иконата и го расипа десното око на ликот на Богомајката. Но штотуку тргна од она место, се сопна и со истиот оној стап си го изби себеси десното око. Кога се врати ќор во градот плачејќи викаше и говореше дека го постигнала казна од Светата Пречиста. Овој Собор уште реши во антиминсот неизоставно да се вложуваат Свети мошти на маченици. На Соборот учествуваа 367 отци. По нивните молитви Бог нека нѐ помилува и спаси. Амин.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2007 во 14:12

Светиот апостол Филип     24/10/2007

Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога Светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите. Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците. Кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, Св. апостол Филип се засолни во Самарија и таму го проповедаше Евангелието и Го сведочеше Бога со многубројни чуда и изгонувања на демони, со исцеленија на болни итн. Кога ги виде чудата на апостолот, се крсти и прочуениот волх Симон. Св. Филип го крсти и евнухот на царицата Кандакија. Потоа ангел Божји во истиот миг невидливо го пренесе во Азот, кадешто оттогаш поучуваше и проповедаше и мнозина ги обраќаше кон Христа. Беше поставен за епископ во Тралија. Се упокои мирно во длабока старост.

:pishtoldz
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2007 во 11:47

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/10-12-25.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Светите маченици Тарах, Пров и Андроник

Тарах беше родум од Клавдиопол во Сирија; Пров од Сида Памфилиска, а Андроник - син на угледен граѓанин од Ефес. Мачени беа сите тројца заедно од антипатот Нумериј Максим во времето на царот Диоклецијан. Во времето на мачењето Тарах имаше шеесет и пет години. Кога антипатот трипати го праша за името, тој сите трипати одговори: „Христијанин“. Прво ги биеја со стапови, па крвави и изнаранети ги фрлија во затвор. Потоа повторно ги изведоа на истизавање. Кога антипатот го советуваше Пров да се одрече од Христа, ветувајќи му почести од царот и нудејќи му го своето пријателство, Св. Пров одговори: „Ниту почестите на царот ги сакам ниту твоето пријателство.“ А кога на Св. Андроник му се закануваше со уште поголеми маки, младиот Христов маченик му одговори: „Моето тело е пред тебе, прави што сакаш.“ После долготрајни мачења по разни места, овие тројца маченици ги фрлија во театар пред ѕверовите. Пред нив едни други маченици во истиот театар беа растргнати од ѕверовите. Но на овие светители ѕверовите не сакаа да им наштетат, туку мечката и лавицата се умилкуваа околу нив. Кога го видоа тоа многумина незнабожци поверуваа во Христа и му се развикаа на антипатот. Бесен од лутина, и полут од ѕверовите, антипатот им нареди на војниците, та влегоа и со сабји ги искасапија мачениците на парчиња. Телата им останаа измешани со мртвите тела на останатите осуденици. И бидејќи беа измешани со другите, а ноќта беше темна и христијаните беа во недоумение како да ги распознаат телата на мачениците, Му се помолија на Бога и одеднаш се појавија три свеќи над телата на тројцата светители. Потоа ги зедоа и чесно ги погребаа.

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/svokt-241.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Свети Мартин епископ Турски

Роден во Панонија, во еден град на Штаерска, во 316 година, од родители незнабожци. Татко му беше римски офицер и со ова и младиот Мартин, наспроти неговата волја, беше даден на војничка служба. Но тој веќе беше огласен во Христовата Црква, којашто ја љубеше со сето срце уште од раното детство. Една зима патувајќи со другарите кон градот Амиен, виде пред капијата на градот еден просјак како речиси трепери од студ. Мартин се сожали, заостана од другарите, ја симна од себе војничката наметка, ја пресече со сабјата на две: едната половина му ја даде на просјакот, со другата се загрна и замина. Таа ноќ му се јави во сон Господ Христос Кој им рече на Своите ангели: „Мартин е само огласен, а еве Ме облече со својата облека!“ Кога излезе од војската Мартин веднаш се крсти, ја крсти и мајка си. Потоа се замонаши во епархијата на Св. Илариј Поатиски и водеше живот полн со вистински подвиг. Беше извонредно смирен и заради смирението Господ му даде изобилен дар на чудотворство, така што и мртви воскреснуваше и зли духови изгонуваше. Наспроти неговата волја беше поставен за епископ во градот Тур. После многуплодната работа во лозјето Господово, после мачната борба со еретиците аријанци и незнабожците, Св. Мартин Му ја предаде својата света душа на Господ во 397 година.

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/S283.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Преподобен Козма Мајумски

Родум од Ерусалим. Другар на Св. Јован Дамаскин, чиишто родители го зедоа Козма како сираче и го одгледаа и воспитаа. Како монах му помагаше на Св. Јован во составувањето на Октоихот. И самиот ги воспеа светителите со многубројни канони. Со особена убавина и длабочина се одликуваат неговите канони на Лазарова Сабота, на Цветници, на Страсната Седмица. Беше епископ во градот Мајум, близу Газа Палестинска. Го надживеа Св. Јован Дамаскин и се упокои во длабока старост.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2007 во 17:46
Денес православните верници ги слават следниве луѓе:
 
овој...
 
овој...
 
и овој...
 
EvAngelos :pishtoldz
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2007 во 13:12

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/i1p8a.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Преподобна Параскева (Петка)

Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите и беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе Света Петка во долгата низа години? На старост еднаш и се јави ангел Божји и и рече: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да и го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“ Света Петка го послуша небесниот глас, ја остави својата омилена пустина и се врати во Епиват. Тука таа поживеа уште две години, пак во непрестајна молитва и пост и потоа го предаде својот дух на Бога. Се упокои во 9 век. Нејзините чудотворни мошти низ вековите беа пренесувани: во Цариград, во Трново, па пак во Цариград, па во Белград. Сега се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Во Белгард постои вода (агијазма) на Света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што и притекнуваат со вера во Бога и со љубов кон светителката.

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/svokt-285.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors. Светите маченици Назариј, Гервасиј и Протасиј

Назариј е родум од Рим, од татко Евреин и мајка христијанка. Мајка му, Перпетуа, прими Крштение од самиот апостол Петар. Кога ја прими мајчината вера, Назариј со ревност се предаде на исполнување на сите заповеди на Црквата. Неустрашливо проповедајќи го Евангелието, дојде во Медиолан (Милано). Таму во затвор ги најде Гервасиј и Протасиј и им служеше со голема љубов. Кога дозна за ова тамошниот кнез, нареди и го избија Назариј и го протераа од градот. Во видение му се јави мајка му и му рече дека треба да отиде во Галија (Франција) и таму да го проповеда Евангелието. Назариј така и направи. По неколку години тој пак појде во Медиолан заедно со младиот Келсиј, којшто му стана ученик откако го крсти во Галија. Тука ги затекна браќата Гервасиј и Протасиј сe уште во затворот во којшто кнезот Анулин брзо го фрли и него. И Христовите маченици се радуваа заради својата повторна средба по Божја Промисла. Царот Нерон нареди Назариј да го убијат; и кнезот ги изведе од затворот Назариј и Келсиј и им ги отсече главите. Наскоро потоа беа убиени и Светите Гервасиј и Протасиј од некој војвода Астазиј, којшто врвеше низ Медиолан одејќи во војна против Моравците. Па кога војводата чу дека овие двајца браќа не им принесуваат жртви на идолите, се уплаши да не ја изгуби битката заради ова, па нареди и веднаш ги убија со меч. Гервасиј и Протасиј беа близнаци на блажени родители коишто исто така беа маченици за верата: Валериј и Виталија. Моштите на Св. Назариј од некоја градина надвор од градот ги пренесе Св. Амвросиј во црквата на Светите апостоли, а моштите на Св. Гервасиј и на Св. Протасиј нему му беа откриени во едно чудесно видение.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2007 во 12:54

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/10-16-29.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors. Светиот маченик Лонгин

Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сe друго што стана, се уплашија многу и говореа: „Навистина овој бил Син Божји“ (Матеј 27, 54). Тој стотник беше овој блажен Лонгин, којшто со уште двајца свои војници поверува во Христа. Тој беше старешина на војниците што присуствуваа на распнувањето на Господ на Голгота и старешина на стражата што го чуваше гробот. Кога еврејските старешини дознаа за Христовото воскресение, ги потплатуваа војниците да разгласуваат лажна вест дека божем Господ не воскреснал туку дека телото Го украле Неговите ученици. Евреите се обидоа да го потплатат и Лонгин, но тој не се даде. Тогаш Евреите прибегнаа кон својот вообичаен начин, т.е. решија да го убијат. Кога дозна за ова Лонгин го симна војничкиот појас, се крсти од апостолите заедно со оние двајца другари, и заедно тајно го напуштија Ерусалим, од каде што се преселија во Кападокија. Таму Св. Лонгин се предаде на пост и молитва и како жив сведок на Воскресението Христово со своето сведоштво обрати мнозина незнабожци во вистинската вера. Потоа се оддалечи в село на имотот на татко му. Сепак еврејската злоба ни таму не го остави мирен. Поради клевета од Евреите, Пилат испрати војници да го убијат Лонгин. Св. Лонгин го проѕре со духот приближувањето на своите џелати, па им излезе во пресрет и ги покани во својот дом не кажувајќи им кој е. Добро нагостени од него тие легнаа да спијат, а Св. Лонгин застана на молитва и цела ноќ се подготвуваше за смрт молејќи се. Во зората отиде и ги доведе оние свои двајца другари, се облече во бели погребни облеки и ги поучи домашните, а им покажа место на едно ритче за да го закопаат. Тогаш им се јави на војниците и им кажа дека тој е Лонгин когошто тие го бараат. Војниците се збунија и се засрамија и не ни мислеа да го убијат, но тој почна да ги присилува да ја извршат заповедта на својот старешина. И тогаш ги убија Лонгин и неговите двајца другари. Главата Лонгинова војниците му ја однесоа на Пилат, Пилат им ја предаде на Евреите, а тие ја забија во ѓубриштето надвор од градот.

 Преподобен Лонгин Трудољубивиот

Киево-Печерски монах од 14 век. Беше вратар во манастирот и имаше толку чисто и облагодатено срце, што секогаш знаеше со какви мисли некој влегува во манастирот, а со какви мисли излегува. Неговите чудотворни мошти почиваат во Теодосиевите пештери.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2007 во 19:29
Originally posted by mali simo mali simo напиша:

Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2007 во 10:57

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/P81.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Светиот пророк Осија

Син Веириин од племето Исахарово. Живееше и пророкуваше 800 години пред Христа. Неговите боговдахновени зборови се наоѓаат во неговата книга составена од четиринаесет глави. Му упати многу укорувања на Израилот и на Јуда за идолопоклонството, пророкуваше за казната Божја за гревовите, ја прорече пропаста на Самарија и на Израилот заради богоотстапништвото, а и милоста Божја кон Јудиното колено. Го прорече укинувањето и престанокот на старозаветната жртва и доаѓањето на Господ и богатството на даровите коишто Он ќе ги донесе со Себе на земјата. Живееше до длабока старост и мирно се упокои.

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/10-17-30.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан

Едни од оние коишто се именуваат со ова име мирно се упокоија на 1 ноември. Другите беа каменувани во Рим на 1 јули, а овие третите беа од Арабија и под денешниот датум за нив станува збор. По занимање беа лекари, но кога ја примија Христовата вера ги исцелуваа болните со името на Исус Христос. Заради ова чудотворно лечење за нив се расчу на сите страни. Злобните незнабожци ги фатија и ги одведоа пред кнезот Лисиј во градот Егас. Бидејќи Светите браќа по никоја цена не сакаа да се одречат од Христа, најпрво ги фрлија во море, а потоа во оган. Но Семоќниот Бог ги спаси и од потоп и од оган. Ангел Господов им се јави спасувајќи ги. Незнабожечкиот кнез му го припишуваше ова на некоја нивна магија. А тие му одговорија: „Никаква магија не знаеме и не користиме, но ја имаме силата Христова којашто нe спасува и нас и сите што го повикуваат пресветото име Христово.“ Тогаш ги удираа со камења, но камењата се одбиваа од нив; ги стрелаа со стрели, но и стрелите се одбиваа. Најпосле ги обезглавија со меч. Со нив пострадаа и примија венец на слава Светите Леонтиј, Антим и Евтропиј. Пострадаа во времето на Диоклецијан и Максимијан. Од нивните свети мошти се јавија многубројни чуда, како во времето кога беа живи.

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/svokt-329.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors. Преподобниот маченик Андреј

Христијански свештеник роден на Крит. Во времето на гонењето на иконите се покажа како голем поборник на иконопочитувањето. За да го изобличи злочестивиот цар Копроним за неговото иконоборство, Св. Андреј отиде во Цариград. Еден ден царот беше во црквата на Св. маченик Мамант. Андреј влезе во црквата, застана пред царот и јавно пред сите го укори: „Подобро ќе беше цару да си ги гледаш војничките работи и да управуваш со народот одошто да Го гониш Христа и Неговите слуги.“ За ова Св. Андреј беше многу биен и мачен и влечен по улиците. Еден еретик го удри со секира и го уби. Така ја предаде својата света душа на Бога, во 767 година. Неговите мошти се извор на исцеленија за болните.

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/f97.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors. Лазар Четиридневниот

Главното празнување му е на 17 март и на Лазарова Сабота во Чесниот Пост. Под денешниот датум се празнува преносот на неговите мошти од островот Кипар во Цариград. Царот Лав Мудриот изгради храм на Св. Лазар во Цариград и неговите мошти ги пренесоа таму во 890 година. Кога после близу илјада години го откопаа Лазаровиот горб во градот Китија на Кипар, најдоа мермерна плоча со натпис: „Лазар Четиридневниот, пријател Христов.“

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2007 во 11:29
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2930313233 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,092 секунди.