IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 68>
Автор
Порака
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2007 во 14:31

Светиот кнез Михаил и Теодор бојаринот

Черниговскиот кнез Михаил отиде во татарската орда со својот бојарин Теодор на повик од царот Бати. Но бидејќи не сакаа според татарскиот обичај да поминат низ оган и да им се поклонат на идолите при влезот кај царот, ги убија со меч, во 1244 година. Нивните мошти сведочат за нивната маченичка смрт за Господ Христос и почиваат во Архангелскиот храм во Москва.

Преподобниот маченик Иларион

Светогорски монах. Драговолно пострада за Христовата вера од Турците во Цариград, на 20 септември, во 1804 година. Неговите чудотворни мошти почиваат во црквата на Преображение на островот Прот.

Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2007 во 18:46

Светиот апостол Кодрат     04/10/2007

Еден од Седумдесеттемина. Ученик на големите апостоли. Го проповедаше Евангелието во Атина и беше епсикоп најнапред во Атина после Св. Публиј, а потоа во градот Магнезија. Беше многу учен во светската мудрост и богат со благодатта на Светиот Дух. Неговиот животописец за него вели: „Беше како утринска ѕвезда сред облаци (Сирах 8, 6); облаците беа темното елинско незнабоштво, без светлоста на благочестието, а Светиот апостол Кодрат низ словото Божјо им заблесна на Елините како голема светлина, ја осветли темнината, ги низложи скверните жртви, ги разурна идолите и демонските храмови ги разори со молитва. Но темнината секогаш ја мрази светлината, па така и незнабожците го замразија Свети Кодрат, та по ова го фрлија во затвор и не му даваа леб сѐ додека не ја испушти својата света душа и не се пресели во Царството на својот Бог Христос. Свети Кодрат напиша одбрана на христијанството и му ја предаде на царот Адријан. Таа одбрана толку подејствува на незнабожечкиот цар, што овој нареди христијаните да не се прогонуваат без особена вина. Свети Кодрат пострада околу 130 година. Погребан е во Магнезија, градот во којшто го заврши животот маченички.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2007 во 18:46

Свети Димитриј, епископ Ростовски     04/10/2007

Се празнува на 28 октомври, а на 21 септември се споменува откривањето на неговите чудотворни мошти во 1852 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2007 во 18:47

Собор на Киево-Печерските светители     04/10/2007

Благословеното дело на подвижништвото, кое започнува со трудољубивиот голем Божји подвижник Антониј, преизрасна низ вековите во многуплодна маслинка. Многубројните светители, коишто во овие пештери на Антониј заблескаа како ѕвезди, се празнуваат лично секој во посебен ден. Под денешниот датум пак, се споменуваат сите соборно и се повикуваат на помош на верните.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2007 во 14:14

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/9-22-5.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Светиот свештеномаченик Фока, епископ Синопски

Од младоста се подвизуваше во сите христијански добродетели. Како епископ во местото на своето раѓање, во градот Синопа на брегот на Црното Море, со пример и со Божествени зборови ги утврди правоверните во верата, а мнозина идолопоклоници ги обрати во вистинитата вера. Закоравените незнабожци се исполнија со гнев кон Свети Фока. Господ му укажа на Фока за неговото маченичко страдање преку едно видение. Имено, тој виде светол гулаб како слетува од небото носејќи во клунот прекрасен венец од цвеќиња и како го спушта врз неговата глава. И чу Фока глас од гулабот: „Твојата чаша се наполни и треба да ја испиеш.“ Од тоа видение Божјиот угодник дозна дека наскоро треба да пострада за Христа. И не се уплаши, туку со благодарност кон Бога се подготвуваше за мачеништвото. Наскоро по ова некој кнез Африкан го подложи Фока на маки, му го испретепа и му го изнарани телото, го остави во затвор, а потоа го фрли во зовриена вода, во која храбриот Христов маченик го заврши земниот живот и се пресели во радоста на својот Господ. Пострада во времето на царот Трајан.


Светиот пророк Јона

Живееше повеќе од 800 години пред Христа. Во неговото житие се вели дека тој бил синот на онаа вдовица во Сарепта Сидонска на која пророкот Илија и го воскресна синот од мртвите. Со своето тридневно пребивање во утробата на китот Св. Јона е предобраз на тридневното пребивање на Христос во гробот, а со неговото спасение - го изобрази Воскресението на Господ од мртвите. Другото запишано за овој прекрасен пророк треба да се прочита во Книгата на пророкот Јона (Стариот Завет).



The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/svsep-425.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors. Преподобен Козма Зографски

По потекло од благородничко бугарско семејство. Кога родителите сакаа да го оженат, побегна на Света Гора. Пустиник и чудотворец. Се подвизуваше во пештера близу манастирот Зограф. Повеќепати му се јави Пресвета Богородица. Тој е најголемиот зографски подвижник и чудотворец. Страшната келија во којашто се подвизуваше и се бореше со демоните и денес постои северозападно од манастирот Зограф. Беше проѕорлив со духот и ги опишуваше настаните што се случуваа на далечина во времето и просторот. Се упокои на старост, на 22 септември 1323 година и после живот во многу трудови се пресели во радоста на својот Господ.



Свети Петар Милостив

Божји угодник од 4 век.


Свети Јона презвитер

Таткото на Св. Теодор Начертани и на Св. Теофан, писателот на каноните. Чудотворец. Се упокои во манастирот на Св. Сава Осветен во 9 век.



Изменето од rice - 05.Октомври.2007 во 14:18
Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2007 во 11:22

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/9-23-6.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors. Зачнувањето на Св. Јован Крстител

Овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на Св. Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, коишто целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената уторба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение. Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со Свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господ Исус Христос. Преку Своите ангели Бог го објави раѓањето на Исак од бездетната Сара и на Самсон од бездетниот Маној и неговата жена, и на Јован Предвесник од бездетните Захарија и Елисавета. Преку Своите ангели Бог го објавуваше раѓањето на оние со коишто имаше посебни намери. Како можеа да се родат деца од стари родители? Ако е некој љубопитен да дознае, нека не ги прашува за тоа ниту луѓето, бидејќи луѓето тоа не го знаат, ниту природните закони, бидејќи тоа е над природните закони, туку нека го управи погледот кон силата на Семоќниот Бог, Којшто од ништо го создаде сиот свет и Кој за создавањето на првиот човек, Адам, немаше потреба од никакви родители, ни стари ни млади. Наместо љубопитност да Му воздадеме пофалба на Бога, Којшто често ни ја јавува Својата моќ и милост и мудрост и покрај природните закони, во коишто оковани ние, без вонредните Божји чуда би паднале во очајание и богозаборав.

Светата маченичка Ираида

Негде ја нарекуваат Раис или Раида. Таа е девица од некој мисирски град Ватан, значи по сѐ изгледа Мисирка. Еднаш Ираида излезе да нацрпи вода од бунарот во близина на морето и здогледа кораб наполнет со врзани христијани: свештеници, ѓакони, монаси, жени и девојки. Се распраша и дозна дека сиот тој народ мачители-незнабожци го водат за да го мачат на смрт заради името на Господ Исус Христос. Во срцето на младата Ираида се разгоре желба и самата да пострада за Господ. Ги остави садовите крај бунарот, влезе во коработ и исповеда дека и таа е христијанка. Веднаш и нејзе ја врзаа заедно со останатите и ја одведоа во мисирскиот град Антинопол. После разновидни измачувања, најпрво ѝ ја отсекоа главата на Ираида, а потоа на останатите. Чесно пострада и се прослави во 4 век.

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/svsep-439.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors. Светиот новомаченик Никола Пантопол

Како момче пострада за Христовата вера од Турците во Цариград, во 1627 година. Таму се беше преселил татко му од Тесалија. Името Пантопол значи оној којшто продава сѐ и сешто, а Никола го стекна бидејќи неговиот татко држеше ваква продавница. После многу принудувања да се потурчи и мачења затоа што не сакаше да се потурчи, го убија со меч. Моштите му почиваат во манастирот Ксиропотаму на Света Гора.

Светиот новомаченик Јован

Родум од местото Коница во Албанија. По род е муслиман, од родители муслимани. Но подоцна, штом ја виде чудесната сила на христијанската вера на разни места и во разни случаи, тој се крсти. За ова беше обвинет и изведен пред турски суд. Намачен е за Христовата вера од Турците во Етолија и убиен со меч после мачење, во 1814 година. Пред смртта возвикна: „Спомни си за мене, Господи, во царството Твое!“

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2007 во 19:48

Светиот новомаченик Јован

Родум од местото Коница во Албанија. По род е муслиман, од родители муслимани. Но подоцна, штом ја виде чудесната сила на христијанската вера на разни места и во разни случаи, тој се крсти. За ова беше обвинет и изведен пред турски суд. Намачен е за Христовата вера од Турците во Етолија и убиен со меч после мачење, во 1814 година. Пред смртта возвикна: „Спомни си за мене, Господи, во царството Твое!“

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2007 во 09:06

Преподобна Ефросинија

Ќерка на Пафнутиј, богат и прочуен човек од Александрија. Од бездетни родители, коишто со молитва ја беа испросиле од Бога. Како благочестиви луѓе, тие ја воспитаа во верата Христова. Не сакајќи да стапи во брак младата Ефросинија, за да се скрие од татко ѝ, се преоблече во машка облека и се пријави пред игуменот на еден машки манастир како евнух на царот Теодосиј, под името Измарагд. Игуменот го прими и му го предаде под раководство на духовникот Агипит. Со својот подвиг на пост и молитва Измарагд брзо ги надмина сите монаси во тој манастир. Кога наврши триесет и осум години во тешкиот подвиг, тој манастир го посети Пафнутиј и игуменот го упати кај Измарагд заради молитва и утеха. Измарагд го препозна Пафнутиј, но Пафнутиј не го позна Измарагд. Кога таткото ја исповеда својата тага по изгубената ќерка, Измарагд му рече да не губи надеж, бидејќи уште во овој живот ќе ја види неговата ќерка, а го замоли повторно да дојде кај него по три дена. Кога Пафнутиј дојде повторно, Измарагд лежеше на смртна постела. Тогаш му рече на Пафнутиј: „Јас сум Ефросинија, твојата ќерка, ти си ми татко!“ Таткото долго не можеше да си дојде на себе од страшното изненадување. Тогаш издивна блажената Ефросинија и татко ѝ ја оплакуваше над одарот. Откако ја погреба и самиот стапи во оној манастир и се всели во келијата на неговата упокоена и света ќерка. По десет години подвиг, се упокои во Господ и Свети Пафнутиј.

Преподобен Сергеј Радоњежски

Голем подвижник и светлиник на Црквата во Русија. Се роди во 1313 година во Ростов, од побожните родители Кирил и Марија. По смртта на родителите Вартоломеј - така му беше името од Крштението - се замонаши и ја основа обителта на Света Троица во Радоњежските шуми. Овој тивок и кроток слуга Господов знаеше само за труд и молитва. Заради чистотата на неговото срце се удостои со дар на чудотворство, па со името Христово воскреснуваше мртви. Повеќепати му се јави Пресвета Богородица. Кај него доаѓаа кнезови и владици за совет. Тој го благослови кнезот Дмитриј Донски и му ја претскажа победата во војната за ослободување на Русија од Татарите. Гледаше во човечките срца и во настани на далечина. Неговата обител се наполни со монаси уште за време на неговиот живот и со векови и векови служеше како едно од најглавните притекнувалишта на духовниот живот и за сведоштво на Божјите чуда. Свети Сергеј се упокои во 1391 година. По смртта повеќепати им се јави на различни лица.

Преподобна Ефросинија Суздајска

Крстеното име ѝ е Теодула. Таа е ќерка на Михаил Всеволодович и му беше вереничка на Суздајскиот кнез Мина. Никако не сакаше да се мажи и Го молеше Бога да ја зачува како девојка до смртта. Кога како невеста ја поведоа во Суздај, ненадејно умре кнезот Мина, нејзиниот вереник. Таа не се врати кај родителите, но стапи во манастир, каде што се подвизуваше до смртта. Бог ѝ даде дар на чудотворство. Се упокои во 1250 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2007 во 23:56

Свети Јован Богослов, апостол и евангелист

Син на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господ Исус, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Перображението на Господ на Тавор. На Тајната Вечера ја положи главата на градите Исусови. Кога сите други го оставија распнатиот Господ, Јован заедно со Богородица остана под Крстот. На заповед од Господ тој потоа ѝ беше како син на Пресветата Дева и грижливо Ѝ служеше и Ја чуваше сѐ до Нејзиното успение. По успението на Пресвета Богородица Свети Јован отиде заедно со својот ученик Прохор да го проповеда Евангелието во Мала Азија. Најмногу се бавеше и дејствуваше во Ефес. Со својата вдахновена проповед и со своето чудотворство мнозина ги обрати во христијанството и од темел го расколеба незнабоштвото. Огорчени, незнабожците го врзаа и го пратија во Рим кај царот Дометијан. Пред царот беше мачен и биен, но бидејќи не му наштети ни најлутиот отров што му го дадоа да го испие, ни зовриеното масло во коешто го фрлија, царот се исплаши и сметајќи го за бесмртен го испрати на прогонство на островот Патмос. На тој остров Свети Јован мнозина ги обрати во христијанството со зборови и чуда и добро ја утврди Црквата Божја. Овде го напиша своето Евангелие и Откровението. Во времето на царот Нерва, којшто им даде слобода на сите заробени, Јован повторно се упати во Ефес, каде што проживеа извесно време утврдувајќи го таму своето порано започнато дело. Имаше над сто години кога се престави кај Господ. Кога потоа учениците му го отворија гробот, не го најдоа неговото тело, но секоја година на 8 мај од гробот исходеше некој ситен прав, миризлив и лековит. По долгиот многутруден и многуплоден живот на земјата, овој возљубен ученик на Христос и столб на Црквата, се пресели во бесмртната и мирна радост на својот Господ.

 

Преподобен Нил Калабриски

Голем подвижник меѓу Грците во Калабрија, основач на неколку манастири, чудотвроец и бранител на православната вера. Одеше долги патувања само за да го спаси еден човек од тешка казна. Имаше значи најтопла љубов кон ближните. Се упокои во 1005 година. Остави многубројни ученици, достојни на себе, меѓу кои особено се истакнува Свети Вартоломеј (+ 1044), писател на неколку канони.

 голема%20насмевка


Изменето од EvAngelos - 08.Октомври.2007 во 23:57
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2007 во 01:21

Светиот маченик Калистрат

Родум од Картагена. Христијанин од раѓање, зашто татко му и дедо му беа христијани. Еден од предците на Калистрат, Неокор, служеше како војник во Ерусалим кај Пилат Понтиски во времето на страдањето на Господ Исус. Ги виде многубројните чуда Христови и поверува во Него, па беше научен на верата и крстен од апостолите. Кога се врати дома, Неокор им ја донесе на своите Христовата вера како драгоцен бисер. Така по време и Св. Калистрат беше роден, крстен и воспитан како христијанин. Кога беше во војска во неговиот полк повеќе немаше ниеден христијанин освен него. Некои од неговите другари го видоа Свети Калистрат како станува ноќе и Му се моли на Бога, па го пријавија кај војводата Персентин како христијанин. А Персентин беше лут мачител на христијаните. За да се увери дали е Калистрат навистина христијанин, војводата му нареди да им принесе жртва на идолите, од што Клаистрат веднаш се откажа. Тогаш многу го биеја и го фрлија во морето. Но Божјата сила го спаси и тој излезе здрав од морето. Гледајќи го трпењето на Клаистрат и неговите чуда, четириесет и девет војници поверуваа во Господ Исус Христос. И тие беа биени и фрлени во затвор заедно со Калистрат. Во затворот Св. Калистрат ги научи своите другари на верата и ги укрепи. И тие покажаа голема мажественост во страдањето, а Господ покажа голема сила на нив. Свирепиот мачител испрати војници во затворот ноќе и ги убија Св. Калистрат и неговите четириесет и девет другари. Пострадаа за вистината во 304 година. Врз нивните мошти подоцна е подигната црква.

 

Светите апостоли: Марко, Аристарх и Зинон

Од Седумдесеттемина. Свети Марко поинаку е наречен Јован. Во куќата на неговата мајка Марија во Ерусалим Светите апостоли се собираа на молитва (Дела 12, 12). Тој го проповедаше Евангелието заедно со апостолите Павле и Варнава (Дела 12, 25). Потоа беше епископ во градот Вивлос. Свети Аристарх му беше сопатник на Св. апостол Павле (Дела 16, 29), беше епископ во Апамеја Сириска. Свети Зинон или Зина, наречен од апостолите законик (Тит 3, 13), беше епископ во Лид Палестински. Блескаа како ѕвезди во темнината на незнабоштвото и мнозина обратија во верата Христова. А сега блескаат во Царството на љубениот Христос.

 

Светата маченичка Акилина

Од селото Закливери во Едренската епархија, осумнаесетгодишна девојка. Татко ѝ се потурчи, па ја присилуваше и нејзе. Но мајка ѝ ја поддржуваше во Христовата вера. После многу мачења, целата во крв и рани, издивна на рацете на својата мајка и прими венец на мачеништво на 27 септември 1764 година.

Свети Саватиј Соловецки

Се споменува со Свети Зосим на 17 април. Се упокои во Господ на 27 септември 1435 година.

голема%20насмевка
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2007 во 00:57

Преподобен Харитон Исповедник

Угледен и благочестив граѓанин во градот Иконија. Задоен со духот на својата сограѓанка Текла, Харитон јавно го исповедаше името на Христос. Кога почна лутото гонење на христијаните во времето на Аврелијан, Харитон веднаш беше изведен на суд пред хегемонот. Судијата му рече да им се поклони на боговите (т.е. на идолите), на што Харитон му одговори: „Сите ваши богови се бесови, коишто се струполени негде заради гордоста во најкрајната темнина.“ И Светиот Харитон јасно ја објави својата вера во Единиот жив Бог, Создателот на сѐ, во Господ Исус, Спасител на сите луѓе. Тогаш хегемонот нареди и го биеја и го измачуваа телото на Харитон во толкава мера што целото тело му го прекрија со рани, така што целото беше како една рана. После ненавидната смрт на Аврелијан, којашто во тоа време го постигна злосторникот, Харитон беше ослободен од маките и од затворот. Тој тогаш се упати во Ерусалим. На патот го фатија разбојници, од кои по Божја Промисла се ослободи. И не сакаше повеќе да се враќа во Иконија, туку се повлече во Фаранската пустина, каде што основа обител и собра многубројни монаси. Откако ѝ даде типик на оваа обител и сакајќи да ги одбегне човечките пофалби, тој се оддалечи во една друга пустина кон Ерихон, каде повторно со време беше основана друга обител, наречена Харитонова. Најпосле основа и трета обител, наречена Сукиска или на грчки Стара Лавра. Се упокои во длабока старост и се пресели во славата на својот Господ на 28 септември 350 година. Неговите мошти почиваат во неговата прва обител. На Св. Харитон му го припишуваат составот на чинот за монашки потстриг.

 

Светиот пророк Варух

Ученик и верен пријател на великиот пророк Еремија. Им го прорече на Евреите враќањето од вавилонското ропство, потоа пропаста на Вавилон и доаѓањето на Божјиот Син на земјата. Се мисли дека е убиен од Евреите во Мисир како што беше пророкот Еремија, во 7 век пред Христа.

Светиот маченик Марко овчар

Во времето на Диоклецијан некој Магн, антиохиски хегемон, појде со војниците во лов. Гонејќи некаква ѕверка војниците видоа дека ѕверката му прибегна кај овчарот Марко, којшто овде го чуваше своето стадо. И почна ѕверката да се умилкува околу Божјиот човек Марко. Кога го видоа тоа, триесеттемина војници поучени од Марко поверуваа во Христа. Хегемонот го врза овој човек, го одведе в град и ги повика тројцата браќа ковачи: Александар, Алфеј и Зосим, на кои им порача да направат мачителски справи за Марко. Но тие сите тројца позборуваа со Свети Марко и од него ја примија верата Христова, па му ја откажаа нарачката на хегемонот. Хегемонот ги осуди на смрт и нареди, па им ставаа во устата топено олово. А на Св. Марко потоа му беше отсечена главата и положена во храмот на Артемида, од што тој храм со Божја сила се сруши.

Светиот маченик Вацлав, крал чешки

Внук на Света Људмила. Иако крал, се подвизуваше во верата слично на големите подвижници и го утврдуваше Православието кај својот народ. Строго внимаваше на суд да не пострада некој невин. Заради ревноста кон Христа и љубовта кон ближните Св. Вацлав купуваше незнабожечки деца од оние што беа продавани како робови и веднаш ги крштеваше и ги воспитуваше како христијани. Го преведе Евангелието по Јован на чешки јазик. Ги пренесе моштите на Свети Вит и на својата баба Света Људмила во Прага. Неговиот брат Болеслав го повика на гости и го уби на својот дворец. Веднаш потоа Болеслав почна да води Германци за свештеници и да воведува служба на латински јазик. Свети Вацлав пострада во 935 година. Моштите му почиваат во Прага.

хи,%20хи...
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2007 во 00:16

Преподобен Киријак Отшелник     12/10/2007

Роден е во Коринт од родителите Јован и Евдокија. Татко му беше презвитер, а месниот епископ Петар му беше роднина. Во раната младост епископот го постави за чтец на соборната црква. Читајќи го Светото Писмо младиот Киријак ѝ се восхитуваше на Божјата Промисла којашто ги прослави сите вистински слуги на живиот Бог и го устрои спасението на човечкиот род. Во неговата осумнаесетта година желбата за духовен живот го одведе во Ерусалим. Таму тој стапи во манастирот на некој Божји човек Евсторгиј, којшто му даде почетни упатства за монашки живот. Потоа отиде кај Св. Ефтимиј, кој го проѕре како иден духовен великан, го облече во схима и го прати на Јордан кај Св. Герасим, каде што Св. Киријак помина девет години. По смртта на Св. Герасим повторно се врати во манастирот на Св. Ефтимиј, во кој остана во безмолвие десет години. Потоа постојано го менуваше местото на подвигот, бегајќи од човечка слава. Се подвизуваше и во обителта на Св. Харитон, каде што најпосле и го заврши својот пат на земјата, а наврши сто и девет години. Прославениот подвижник и чудотворец Св. Киријак беше крупен и силен во телото и таков остана до длабока старост и покрај тешкиот пост и бдеењето. Во пустината понекогаш со години се хранеше само со сурово зелје. Ревнуваше многу за православната вера изобличувајќи ги ересите, особено Оригеновата ерес. За себе зборуваше дека како монах сонцето никогаш не го видело да јаде ниту да се гневи на некого. Според уставот на Св. Киријак монасите јадеа само еднаш дневно, и тоа после залезот на сонцето. Беше големо светило, столб на Православието, гордост на монасите, моќен исцелител на болните и благ утешител на тажните. Во полза на мнозина поживеа долго и се пресели во вечната радост на својот Господ во 557 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2007 во 00:17

Свети Теофан Милостив     12/10/2007

Богат граѓанин од Газа. Беше толку милостив, што раздавајќи им го својот имот на ништите и самиот стана таков. Пред крајот на животот го нападна водена болест и во таа болест тој издивна. Но од неговото тело потече целебно миро, од коешто болните се исцелуваа.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2007 во 00:40

Светите маченици Дада и Говделај

Дада беше персиски големец и роднина на царот Сапор. Говделај беше син на тој цар. Кога Св. Дада јавно ја исповеда својата вера во Христа, царот Сапор нареди и го мачеа со лути маки. Но при овие маки Свети Дада изврши големи чуда со Христовото име, што остави голем впечаток на царевиот син Говделај, па и тој поверува во Христа. Незнабожниот цар не го поштеди ни својот син, туку и него го удри на тешки маки. И Дада и Говделај Го прославија Бога со истрајно трпење и со многубројни чуда и во маки Му ги предадоа своите души Нему. Пострадаа во 4 век. Со нив пострадаа зашто поверуваа во Христа Каздоја, сестрата на Говделај и главниот жрец Гаргал.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,733 секунди.