IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ВЕРСКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЕРСКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4243444546 86>
Автор
Порака
Izzi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
BRAINIAC

Регистриран: 18.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4475
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Izzi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2007 во 13:02
Сега страв ми сок од лимон да си направам...да не ја исцедам случајно Богородица
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2007 во 01:07
Originally posted by connected connected напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

 
п.с. Еднаш се "појавила" на дрво, па на јајце, сега па и на лимун голема%20насмевка
До каде ќе оди оваа пародија?


cudni se patistata Bozji EvAngelos намигнување
 
Имаш право, почудни и не можат да бидат ( дрво -> јајце -> лимун ) среќа
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2007 во 08:55
vekje nekolku dena nikoj od vas ne dojde na iftarskata sofra.
A, ne deka ne bevte pokaneti....
Samo, nemoj da kazete drug pat deka negostoprimlivi sme bile, zasto, kako sto rekol Pratenikot: "Kade ima za dvajca, ima i za troica, a kade ima za troica ima i za cetvorica..."
 
Pozdrav!
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2007 во 11:19

Биографија на Неговото Преосвештенство Д-р Даниил Чаботеја, Архиепископ на Јаши, Митрополит на Молдавија и Буковина, вршител на должноста Патријарх на Православната Црква на Романија

Неговото Високопреосвештенство д-р Даниил Чаботеја, Митрополит на Молдавија и Буковина, е роден на 22-ри Јули 1951 год. Во Добрешти-Бара, округ Тимиш, како трето дете во семејството на учителот Алексие и Стела Чаботеја.

Основно училиште учел во родното село Добрешти (1958-1962), средно училиште во Лапушница (1962-1966), округ Тимиш. Во 1966 година, запишал гимназија во градот Бузијаш а потоа во градот Лугој, во Гимназијата „Кориолан Бредичеану“ (1967-1970).

По завршниот испит во гимназијата, следел настава на Универзитетскиот Богословски Институт - Сибиу (1970-1974), каде дипломирал со дипломска работа по предметот Нов Завет.

Во времето од 1974-1976 посетувал докторски студии на Универзитетскито Богословски Институт во Буурешт, Оддел Систематика, под менторство на чесниот професор д-р Димитриј Станилое. Студиите ги продолжува во странство: две години на Факултетот за протестантска теологија – Универзитет по хуманистички науки во Стразбур (Франција) и две години на Универзитетот „Алберт Лудвиг“ во Фрајбург на Брајсгау, Факултетот за католичка теологија (Германија).

На 15-ти Јуни 1979 год. ја одбрани докторската теза на Универзитетот во Стразбур под наслов: „Христијанската мисла и живот денес. Есеј за односот меѓу теологијата и духовноста“ (VII ^ 424 p.). Тезата ја подготвуваше под менторство на двајца познати француски професори : Жерар Зигвалд и Андре Бенуа и ја доби највисоката оценка. Стана доктор на Универзитетот во Стразбур.

Проширена верзија од тезата подготви под водство на својот ментор, чесниот проф. д-р Димитриј Станилое, и ја одбрани на 31-ви Октомври 1980 год. на Универзитетскиот Богословски Институт во Бук*решт, под наслов: Богословието и христијанската духовност. Врската меѓу нив и сегашната ситуација.

По поднесувањето на тезата, кандидатот доктор Дан Илие Чаботеја беше прогласен за доктор по православна богословија, исто така со највисока оценка. Чесниот проф. д-р Д. Станилое тогаш изјави: „Испитот и докажа на Испитната Комисија дека тој е добро подготвен кандидат, информиран и желен да го живее богословскиот живот со духовна длабочина. Нам ни се потребни ваков вид личности, личности кој го живеат учењето на нашата Црква. Вистинската духовност на денешниот свештеник е следната: да живее на таков начин што да може да одгови на прашањата на денешниот човек, но да остане вистински свештеник. Со свештенство без богословска култура и без живот на достоинството и возвишената мисија на свештенството, верниот народ ќе се оттуѓи од Црквата“.

Во 1987 год., стапува во монаштво во Манастирот Сихастрија, Округ Њамц, под името Даниил и под водство на преподобниот Отец Клеопа Илие.



Изменето од rice - 30.Септември.2007 во 11:21
Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2007 во 11:22
 

Меѓународен научен симпозиум во Истанбул

Со благослов и под покровителство на Цариградскиот патријарх Вартоломеј, во Истанбул беше одржан Меѓународен научен симпозиум „Свети Јован Златоуст, Архиепископ Цариградски“, по повод 1600-годишнината од упокојувањето на Светителот. На Симпозиумот зедоа учество претставници од следните помесни Православни Цркви: Александриската, Антиохиската, Ерусалимската, Руската, Грузиската, Српската, Романската, Кипарската, Грчката, Албанската, Полската, Финската, Естонската и Православната Црква на Чешка и Словачка. Учесници на симпозиумот беа и богословските факултети, духовни училишта и православни институти од Атина, Солун, Санкт Петербург, Бостон, Париз, Шамбези, Минхен, Бук*решт, Сибиу, Јаши, Софија, Енсуу (Финска). На симпозиумот беше присутна и официјална делегација од Света Гора Атонска.

Симпозиумот, кој траеше од 13-18 септември собра околу 80 научници, специјалисти во областа на проучувањето на житието и делата на великиот Црковен Отец и вселенски Учител.

На 14 септември, денот на упокојувањето на Светителот и празник на Воздвижението на Крстот Господов (по нов стил), патријархот Вартоломеј отслужи Божествена Литургија во патријаршискиот соборен храм на свети Георгиј Победоносец во Фанар.
Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2007 во 11:10
 

Интронизација на Романскиот патријарх (01.10.2007)

Илјадници луѓе се искачија вчера наутро на Ридот на Митрополијата за да присуствуваат на церемонијата на востоличувањето на новиот патријарх. Митрополитите на Светиот Синод на патријархот му ставија црвена мандија, симбол на патријаршиската власт. Потоа, му подарија граден крст, знак на победата врз гревот. Му подарија и две панагии, а тоа се два медаљони, едниот е со ликот на Господ Исус Христос, а вториот го носи ликот на Пресвета Богородица. На главата му ставија митра, симбол на трновиот венец којшто го носеше Исус Христос. Власта дадена за раководење на Црквата беше означена со давањето на патријаршиски жезол. На церемонијата присуствуваа повеќе јавни личности од романската држава: претстедателот на државата, поранешни претседатели на Романија, министри, членови на Влада, амбасадори, како и кралот Михаил.

Попладнето, сите присутни од патријаршиската катедрала се собраа во палатата каде што официјално му честитаа на новиот патријарх. Потоа, патријархот Даниел беше поканет во палатата Котрочени, каде што претседателот на Романија му предаде  орден „Ѕвезда на Романија – Голем Крст“.

Во своето обраќање до верниот народ, Неговото Блаженство за својата мисија рече дека е „едно тешко бреме носено на слаби рамења“.
Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2007 во 11:15

Александрискиот патријарх отвори православна семинарија во Киншаса, Африка (02.10.2007)

http://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/patriarch10042007.bmp

Патријархот Теодор II, кој е во пастирска обиколка на Република Конго и на Демократска Република Конго, на 22 септември ја отвори Православната богословска семинарија во Киншаса. Се работи за прва франкофонска семинарија во Црна Африка, како што се вели во официјалното соопштение на Александриската патријаршија. Според него, „тоа е голем успех во мисионерската дејност на Александриската Црква во Африка“. Првите две африкански богословски училишта со предавања на англиски јазик се отворени во Најроби (Кенија) во 1982 година и во Акра (Гана) во 1994 година.

За време на својот престој во ДР Конго, поглаварот на Александриската Црква служеше Литургија во катедралата на свети Марко во Киншаса и во црквата на свети Георгиј во Колуези. Во Поинт Ноар (Р. Конго) патријархот Теодор се сретна со градоначалникот, со кого разговараше околу различни проекти на Патријаршијата за развој на регионот. Тука, Патријрахот ја благослови изградбата на новата катедрала во Мпака. Тој исто така се сретна со претседателите на двете земји, со кои го разгледа развојот на православната мисија во овој дел на Африка.

Православните жители на двете Републики Конго се сретнаа за првпат со својот Патријарх, кој стана претстојател на Александриската патријаршија во октомври 2004 година. При патувањето, патријархот Теодор беше придружуван од митрополитот Игнатиј на Централна Африка (Конго, Бурунди и Руанда) и епископот Мелетиј на Колуези.
Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2007 во 11:16
 

Обраќање на Рускиот патријарх (03.10.2007)

Рускиот патријарх Алексиј II ги предупреди Европјаните од трибината на Парламентарното собрание на Советот на Европа дека негирањето на христијанските вредности може да биде погубно за судбината на Стариот свет. „Рушењето на моралните норми и пропагандата за морален релативизам може да го поткопа погледот на светот на европскиот човек и да ги доведе народите од Континентот до онаа граница зад која тие ќе го загубат својот духовен и културен идентитет, што значи и своето самостојно место во историјата.“

Алексиј II исто така забележа и дека концепцијата за човекови права, „таа најважна политичка идеја на Европа“ се појави не без учество на христијанското учење за достоинството на човекот, неговата слобода и морален живот“. „Денес, пак, се случува погубен за европската цивилизација расцеп меѓу правата на човекот и моралот. Ова се забележува во новото поколение на права, кои му противречат на моралот, како и при оправдувањето на неморални постапки преку повикување на правата на човекот“, констатираше претстојателот на Руската Црква.

„Ние сме убедени дека ниту еден поглед на светот, вклучувајќи го и секуларниот, не може да полага право на монопол ниту во Европа ниту во светот. Затоа сметаме дека е недозволиво изгонувањето на религијата од јавниот простор“, подвлече патријархот Алексиј. Според него „дојде време да признаеме дека религиозната мотивација има право на постоење, притоа и во јавната сфера“. А за да се избегнат можните судири меѓу различните погледи на свет, „потребен е сериозен меѓукултурен дијалог со активно учество на претставници на традиционалните религии и секуларизираниот свет“.

„Според мене, еден од форумите за таков дијалог треба да биде Советот на Европа, кој го има потенцијалот и опитот во спроведувањето на дијалогот за европските вредности“, рече патријархот.
Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2007 во 19:09

ПАТРИЈАРХ МОСКОВСКИ И СВЕ РУСИЈЕ Г. АЛЕКСИЈЕ II: ОНИ КОЈИ РЕШАВАЈУ ПИТАЊЕ КОСОВА И МЕТОХИЈЕ МОРАЈУ ДА ЗНАЈУ ШТА СЕ ТАМО ЗАИСТА ДЕШАВА

Питање Косова и Метохије је данас питање политичке трговине и интереса оних снага које немају много заједничког са тежњама људи који тамо живе', рекао је Његова Светост Патријарх московски и све Русије Алексије II, као гост на јесењем заседању Парламентарне скупштине Савета Европе у Сразбуру. Његова Светост је истакао да сви они који желе да решавају питање Косова и Метохије морају да оду у јужну српску Покрајину и на лицу места се упознају са ситуацијом '...јер они који буду решавали то питање не могу да не знају шта се тамо дешава'.

После састанка са председником Парламентарне скупштине Савета Европе Ренеом Ван дер Линденом, Свјетјеши Патријарх је указао да је 'за Србију Косово и Метохија Света  земља. Када се затварају очи пред чињеницом да се руше храмови из XIII и XIV века који су под заштитом Унеска, о томе не сме да се ћути'.

Одговарајући касније на питање посланика парламентарне скупштине о улози међуверског дијалога на Косову, Патријарх московски и све Русије је истакао да је такав дијалог управо нужан у тој Покрајини и да је 'важно да он буде отворен уз поштовање обе стране'.

'Патња становника Косова и Метохије се наставља, као и патња расељених који живе испод сваког људског нивоа', рекао је Патријарх и позвао међународну заједницу да мора 'непристрасно и конструктивно да игра своју улогу посредника' на Косову и Метохији.
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2007 во 16:59
Vcera, vo turskata carsija se odrza cetvrtiot tradicionalen kviz od veronauka za decata koi ja posetuvale mektebskata nastava vo svoite dzamii na makedonki i bosanski jazik.
 
Natprevarot bese od drzaven karakter, pri sto ucestvuvaa razlicni dzemati od razlicni sela i gradovi.
 
Imase sest ekipi so po tri clena koi se natprevaruvaa vo dva dela: prasanja i odgovori, i isocijacii.
 
Prvoto mesto go osvoija prestavnicite od mektebot od Jahja Pasinata dzamija od Skopje, vtoroto prestavnicite od Sandzak dzamijata od s.Ljubos, a treto mesto bea od s.Labunista. Drugite tri ekipi si zemaa bogati utesni nafradi, znaenje i site zaedno so site gosti otidoa na iftar kaj satorite vo Cair, kade sto prestavnicite na z.g. Bamirsija prethodno gi povikaa.
 
Programata bese prekrasna, decata osven svoeto znaenje, pokazaa i umeenje vo peenje ilahii, recitali i izvedbi na drami.
 
Ova e nakratko, podocna podetalno....
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2007 во 09:23

Цариградскиот патријарх Вартоломеј во посета на Грузија

На 12 октомври патријархот Вартоломеј ќе ја посети Грузија, за да учествува во свеченостите по повод 30-годишнината од интронизацијата и 75 години од раѓањето на Грузискиот патријарх Илија II. Цариградскиот патријарх и Грузискиот патријарх ќе отслужат Молебен во катедралниот храм на Света Троица. На 14 октомври ќе биде отслужена Божествена Литургија во градот Мцхета. Патријархот ќе се поклони на гробот на света рамноапостолна Нина, просветителка на Грузија. Во чест на посетата на Цариградскиот патријарх ќе биде одржан концерт во Тбилиси. На патријархот Вартоломеј ќе му биде доделена титула почесен член на Грузиската академија.  

 

Од 9 до 15 октомври во Тбилиси се одржува межународна конференција посветена на свети Максим Исповедник, организирана од Грузиската патријаршија и Меѓународниот богословски центар „Свети Максим Исповедник“, раководен од епископот на Тсагери и Лентехи г. Стефан. Програмата вклучува повеќе предавања, посета на различни места, поврзани со свети Максим - местото каде што тој живеел во последните години и неговиот гроб. Освен локални учесници, предавања ќе одржат епископот Атанасиј Јевтиќ (Србија), о. Илија Халифех (Антиохиска патријаршија, Оксфорд), протоереј Марк-Антоан Коста де Борегар (Франција), Бригита Шраде (Германија), Жан-Клод Ларше (Франција), мајка Нектарија Маклиј (САД).  
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2007 во 20:34
Budistichkiot vodach Dalaj Lama denes go dobi najvisokoto civilno odlikuvanje vo SAD - Kongresen Zlaten Medal za svojata neumorna i nesebichna rabota vo shirenjeto na ljubovta i razbiranjeto megju lugjeto vo svetov.

Ova e prv pat SAD da dodeli vakvo vrvno drzhavno priznanie na religiski vodach.

Изменето од Messenger - 17.Октомври.2007 во 20:37
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2007 во 13:20
 

Александрискиот патријарх Теодор II во официјална посета на Русија (18.10.2007)

На 6 октомври, Неговата Светост Александрискиот патријархт Теодор II за првпат беше во официјална посета на Руската Православна Црква. Во саботата, на 6 октомври, во патријаршиската резиденција на московскиот Данилов манастир беше одржана средба меѓу Рускиот патријарх Алексиј II и Александрискиот патријарх Теодор II. На денот на свети Сергеј Радоњешки поглаварите на двете Цркви сослужуваа на Божествената Литургија во Сергеевата лавра на Света Троица. Во рамките на својата посета патријархот Теодор го посети Нижни Новгород каде што се поклони на моштите на свети Серафим Саровски и каде што учествуваше на конференцијата посветена на 90-годишнината од устројувањето на Руската Православна Црква во Патријаршија. Потоа ја посети Украина, и градот Одеса, каде што од 1985-1990 година го возглавуваше Претставништвото на Александриската Патријаршија при Московската Патријаршија, кое во тоа време се наоѓаше во овој град.

 

             

 

     

 

      

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
Miralem1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miralem1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2007 во 14:17

Denes na  radio slusnav deka Tose Proeski ke bide proglasen za svetec.

Ima li nekoj poveke za toa... ?
Alija ra je rekao:Znanje je bolje od imetka.Znanje te cuva a ti cuvas imetak.Znanje je sudija,a bogatstvu se sudi,umrli su oni koji su gomilali bogadstvo,a ostali su oni koji su sakupljali znanje
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4243444546 86>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.