|
ПОУКИ НА СВЕТИТЕ ОТЦИ |
Внеси реплика | страница <1 4567> |
Автор | |||||||
Azrael
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 382 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
.
Изменето од Azrael - 17.Април.2008 во 00:49 |
|||||||
ΧΡΙΣΤΟΣ ΑΝΕΣΤΗ !
|
|||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
На "нечиј господ" можеби и му треба 3 дена за да му го прости гревот на грешникот, но не и на христијанскиот Бог. Тој ни ги проштева гревовите веднаш штом ќе се покаеме за истите.
|
|||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||
rice
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 379 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
извадок од книгата Elder Joseph the Hesychast, од Старец Јосиф Ватопедски
За познанието на Божјата волја
Нашиот
живот со Старецот имаше одлики попрво на детство отколку на зрело доба.
Вниманието главно ни беше насочено кон монашкото предание, и ние се
трудевме колку што можевме повеќе да го исполнуваме типикот. Она што
навистина ни недостасуваше беше способноста за распознавање на
духовните состојби, својствена за оние што имаат опит и дар на
расудување, и заради тоа од нас беше скриена - во својата длабочина,
ширина и висина - духовната величина на Старецот. Но, можеби, тоа што
учениците го откриваат својот наставник тогаш кога тој се одзема од нив
(сп. Лука 24, 31) е вообичаена и неизбежна појава? Старецот неуморно се
трудеше да ни предава делче од духовното, и неговите напори не беа
бесплодни, зашто на мудриот очите му се во главата негова (Екл. 2, 14).
А, сепак, вистина е дека сѐ има свое време, и секоја работа под небото
има свое време (Екл. 3, 1).
Веќе на зрела возраст, кога Старецот
веќе не беше со нас, ние ја достигнавме длабочината на неговото слово и
дела до најситни детали, а додека тој беше жив тие на нашата неопитност
ѝ се чинеа бесмислени загатки. Со сите свои бедни сили се трудевме да
пројавуваме послушание и да не го натажуваме Старецот, меѓутоа многу
ретко ја сфаќавме смислата и главната цел на духовниот закон, во кој со
толку ревност нѐ поучуваше. Нема одново да се навраќам на подробности
од неговата биографија, но ќе дадам неколку појаснувања во врска со
веќе спомнатиот духовен закон, кој владее над луѓето.
Ние забележавме дека Старецот никогаш
ништо не прави без претходно да се помоли. Кога ќе го прашавме нешто во
врска со иднината или со наредниот ден, тој ќе речеше дека ќе ни
одговори другиот ден. Ова го правеше со цел на одговорот да му претходи
молитвата.
Нашите желби беа насочени кон познанието
на божествената волја. Навистина, на кој начин може човек да ја
распознае? Старецот ни велеше: „Деца, ме прашувате ли за она што е
основа на сѐ друго?” Ние, пак, настојувавме со уште поголема
љубопитност: „Ама, Старче, зарем Божјата волја не е позната во општи
црти преку Светото Писмо и преку севкупното божествено откровение? Нели
сме ние монаси и во нашиот живот сѐ се одвива според востановен ред.
Тогаш за што друго би можеле да прашуваме?” Старецот на тоа одговараше:
„Да ви даде Бог разум во сѐ (2 Тим. 2, 7).” Преподобен Нил Калабриски
се молел да му биде дадено да „мисли и говори согласно божествената
волја”. Општо кажано, добрите дела и исполнувањето на сите останати
заповеди се Божја волја, но конкретните детали, што ја определуваат
остануваат непознати. Зашто, кој го позна умот Господов? (Рим. 11, 34).
И уште: Твоите судови се голема бездна (Пс. 35, 6). Божествената волја
се разликува во зависност не само од времето туку и од местото, луѓето,
предметите, исто како и од квантитетот, начинот на дејството и
околностите. И само ли од тоа? Самиот човек, менувајќи ја својата
внатрешна настроеност, многу ја менува и Божјата одлука. И така не е
доволно да се знае општото изразување на Божјата волја, туку треба да
се знае конкретната пресуда за даденото прашање - да или не - само
тогаш е загарантиран успехот. Главна цел на божествената волја е
изразувањето и пројавувањето на љубовта Божја, зашто движечка сила на
сите наши дела е токму полнотата на Неговата љубов. Ако живееме ли,
умираме ли – Господови сме (Рим. 14, 8), како што вели светиот апостол
Павле, тогаш истото се однесува и на волјата по која трагаме. Колку и
да ни се чини дека таа е наша сопствена волја или волја на некој од
луѓето околу нас, центар на нејзината гравитација е Божествената
Личност, со Чија сила ние живееме, се движиме и постоиме (сп. Дела 17,
28). Се сеќавате ли на Господовата молитва во Гетсиманската градина:
„Ако е можно нека Ме одмине... но, не како Јас што сакам, туку како Ти”
(Мат. 26, 39)? Секоја пројава на послушание кон волјата Божја во чија
основа не е љубовта кон Него ризикува да остане обично човечко дело,
или, поточно, човечко промашување! Доколку, според зборовите на апостол
Павле, сме должни да потчинуваме секаква мисла во послушание на Христа
(2 Кор. 10, 5), зашто не припаѓаме само на себеси (1 Кор. 6, 19), тогаш
каков одговор ќе се јави во совеста на човекот што сака да биде
послушен ако во секој одделен случај не е позната Божјата волја? Па
дури и последувателниот божествен благослов и благодатта кон која се
стремиме се јавуваат само при совршено послушание.
„Значи, ако сакате да ја откриете
Божјата волја, откажете се сосема од својата сопствена волја заедно со
секоја друга мисла или план, и со големо смирение испросете го бараното
знаење во молитва. Тогаш сѐ што ќе ви се обликува во срцето или она што
ќе ви легне на срце правете го, и ова ќе биде по Бога. А оние што имаат
поголема смелост и навика да се молат за ова, уште појасно го слушаат
во својата душа божествениот одговор и стануваат повнимателни во својот
живот, трудејќи се ништо да не прават без божествено известување.”
„Постои и друг начин да се спознае
Божјата волја, кој Црквата вообичаено го употребува, а тоа е совет
преку духовните отци или исповедниците. Големиот благослов на
послушанието што благодатно ги осенува оние коишто го ценат, за тие
луѓе станува средство за познание на ним непознатите нешта, покров и
сила за исполнување на советот или заповедта, бидејќи Бог на послушните
им се открива како добар Отец. Совршенството на послушанието, кое во
себе ја содржи полнотата на сите добродетели, ги вподобува послушниците
на Синот Божји, Кој беше послушен дури до смрт, и тоа смрт на крст
(Фил. 2, 8). И како што на Исус Му е дадена секоја власт (Мат. 28, 18)
и сето благоволение на Отецот, така и на послушниците им се дава
известување за божествената волја како и благодат, која им помага да ја
исполнат успешно и во целост.”
„Оние што прашуваат духовни луѓе со цел
да ја откријат божествената волја треба да го знаат следново: Божјата
волја не се открива магиски, ниту пак е релативна, зашто не може да се
смести во тесните рамки на човечката логика. Во Својата неизмерна
добрина, Бог ѝ снисходи на човечката слабост и му дава на човекот јасно
известување. Но, човекот мора прво да Му верува безусловно а потоа и да
се смирува копнеејќи ненаситно по познанието на волјата Божја и
ревнувајќи во нејзиното исполнување. Затоа човекот го прима со вера и
благодарност првиот збор на духовниот отец кому му се обратил за совет.
Но доколку овие услови не се исполнети, односно верата, послушанието и
смирението не му содејствуваат на човекот - а знак за тоа е кога некој
противречи, препрашува или, што е најлошо, бара мислење од други
духовници - тогаш Божјата волја се крие од него како сонцето зад облак.
Оваа е чувствителна работа и бара големо внимание. Ава Марко вели:
‘Човек му дава совет на ближниот по мера на своето знаење; Бог, пак,
дејствува во оној што слуша по мера на неговата вера’. Суштински
предуслов во барањето на божествената волја е оној што ја бара да
покаже спремност да го прими нејзиното откровение, зашто, како што
порано веќе реков, божествената волја, која надминува сѐ, не се содржи
на некој магиски начин во какви било положби, места или средства, туку
им се открива само на оние што се достојни за ваквото божествено
снисходење.”
Сега си спомнувам што се случуваше со
нас кога го молевме Старецот да ни ја соопшти Божјата волја. Опитот
веднаш нè научи без противречење да го примаме неговото прво слово како
безусловна вистина. И навистина, сѐ се случуваше на најдобар начин,
дури и кога од човечка гледна точка нештата изгледаа бесмислени.
Знаевме дека ако противречиме на кој било начин, давајќи благовидни
изговори во поддршка на сопственото мислење, тогаш Старецот ќе
отстапеше со зборовите: „Правете како што знаете”. Меѓутоа, на тој
начин таинствената сила и покровот на успехот ќе беа изгубени за нас.
Следствено, ‘првото слово’ на духовниот отец, примено со вера и
послушание, ја изразуваше божествената волја. Во својата поопшта форма,
оваа тема е уште посложена и позагадочна, зашто, како што знаеме,
божествената волја не им е секогаш позната дури ни на совршените,
особено кога некој сака да ја открие во рамките на временската
ограниченост. Од друга страна, потешкотијата може да произлезе од
состојбата на човекот што поставил прашање, доколку тој не се ослободил
во доволна мерка од острастените склоности и желби, така што дејствува
и донесува одлуки под нивно влијание. Во такви случаи е неопходно
трпение.
Јас лично чув од човек духовен и целосно
достоен за доверба дека тој побарал од Бога да му ја открие Својата
волја во врска со еден проблем од неговиот личен живот и го добил
одговорот дури после четириесет и две години! На ова јас, мрзеливиот,
се стаписав и му се восхитував на неговото железно трпение.
Нашиот главен заклучок е дека познанието
на божествената волја претставува едно од најделикатните и најсложени
прашања во нашиот живот. Ова особено се однесува на оние што се трудат
да ја дознаат со посредство на молитва - иако ова е потребно, според
Господовите зборови: „Чукајте, барајте, просете и ќе ви се даде” (в.
Мат. 7, 7) - на ова сепак треба да му претходи трпение, искушенија и
опит за да се отстранат страстите и човековата сопствена волја, од кои
се гнаси неизмерната тенкосетност и чувствителност на божествената
благодат. Но, како и да е, без оглед на тоа дали познанието на
божествената волја е тешко или бара трпение, неопходна е постојаност во
молитвата, која е нашето единствено средство за општење со Бога, од
Кого и можеме да ја дознаеме Неговата божествена волја.
|
|||||||
|
|||||||
Sektas
Сениор Регистриран: 14.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 175 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Рице зар мислиш дека некој ти ги чита овие долгометражни постови?Те молам извади ја суштината што сакаш да ја кажеш и пиши во скратена форма за секој да прочита,вака повеќе од сигурен сум дека никој не ги чита.
Добронамерен совет.
|
|||||||
.............Тој е челник на назаретската секта. Дела 24:5
|
|||||||
rice
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 379 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
ЕВЕ ДЕКА ОВА КОЕ ЈАС ГО ПОСТИРА СЕ ЧИТА!!!! А МОЖЕ И ТИ ДА ПРОЧИТАШ НЕМА ДА ТИ ШТЕТИ. |
|||||||
|
|||||||
mali simo
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
извадок од книгата Elder Joseph the Hesychast, од Старец Јосиф Ватопедски
За познанието на Божјата волја „Оние што прашуваат духовни луѓе со цел да ја откријат божествената волја треба да го знаат следново: Божјата волја не се открива магиски, ниту пак е релативна, зашто не може да се смести во тесните рамки на човечката логика. Во Својата неизмерна добрина, Бог ѝ снисходи на човечката слабост и му дава на човекот јасно известување. Но, човекот мора прво да Му верува безусловно а потоа и да се смирува копнеејќи ненаситно по познанието на волјата Божја и ревнувајќи во нејзиното исполнување. Затоа човекот го прима со вера и благодарност првиот збор на духовниот отец кому му се обратил за совет. Но доколку овие услови не се исполнети, односно верата, послушанието и смирението не му содејствуваат на човекот - а знак за тоа е кога некој противречи, препрашува или, што е најлошо, бара мислење од други духовници - тогаш Божјата волја се крие од него како сонцето зад облак. Оваа е чувствителна работа и бара големо внимание. Ава Марко вели: ‘Човек му дава совет на ближниот по мера на своето знаење; Бог, пак, дејствува во оној што слуша по мера на неговата вера’. Суштински предуслов во барањето на божествената волја е оној што ја бара да покаже спремност да го прими нејзиното откровение, зашто, како што порано веќе реков, божествената волја, која надминува сѐ, не се содржи на некој магиски начин во какви било положби, места или средства, туку им се открива само на оние што се достојни за ваквото божествено снисходење.” |
|||||||
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
|||||||
Ezan-a
Сениор Регистриран: 15.Декември.2007 Локација: Somalia Статус: Офлајн Поени: 150 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Pozdrav do site nov sum na forumov no nekolku dena gi citam i temive i postovive.Imam bas zabeleska za ovaa tema treba bar da napisete deke ne smee da gledaat deca pomali od 10 godini,na kerkami ke i zastanese srceto koga go vide ovoj Vatopedski!!! so pocit i pozdrav do site se izvinuvam uste ednas
|
|||||||
Beautiful Mind
|
|||||||
mali simo
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Кој
сфатил дека човечкиот род се наоѓа во падната состојба, дека земјата е
место на наше прогонство, наша темница, каде што поминуваме кусо време,
па излегуваме за да добиеме или вечно блаженство или вечна казна, тој
секако сфатил и тоа дека единственото човечко засолниште на земјата е
Христос, Спасителот на загубените. Сходно на тоа, единствено
непроценливо човечко богатство на земјата е - познание на Христа и
усвојување од страна на Христа.Оној, кој сака да го стекне тоа
богатство, ќе сака ли да стекне и привремени наслади? НЕ!!! ?Напротив -
ќе ги избегнува, чувајќи се да не го одвлечат. Ќе биде задоволен не
само со она што е неопходно, туку и со сиромаштво. А задоволен човек е
побогат од богатите! СМИРЕНОМУДРЕНОСТ
Како што душата е незнајна и невидлива за телесните очи, така и
смиреномудроста не се познава кога ќе се најде меѓу луѓето. И како што
душата е скриена во телото од човечки погледи иопштењето со нив, така и
смиреномудрениот, не само што не сака луѓето да видат и да сфатат дека
тој се оддалечил и се одрекол од сé, туку дури би сакал да се сокрие и
од себеси, да живее и престојува во безмолвие, целосно заборавајќи ги
поранешните помисли и чувства, да биде како да го нема и како да не
постоел, непознат дури и на својата душа. Таквиот човек, колку е скриен
и одделен од светот, толку е целиот во својот Владика. УМИСЛЕНОСТ (ГОРДОСТ) Гордоста, издејствувајќи ги падот и погибелта на човечкиот род,(луѓето) не го гледаат падот во човечката природа и не се свесни за него: тие во неа гледаат само доблести, совршенства и убавини; и болестите на душата и страстите, се сметаат за благородни особини. Таквиот поглед на човечкиот род ја прави идејата за Искупителот сосема непотребна и туѓа. Видот на горделивите е ужасно светило; а отсуството на гледање кај смирените е способност за гледање на вистината. На тоа се однесуваат зборовите Господови: на суд во овој свет дојдов, слепите да прогледаат, а оние кои гледаат да бидат слепи. 4. 173 ( в. ЗАПОВЕДИ) ( од свети Игнатиј Брјанчанинов - Енциклопедија на православниот духовен живот ) |
|||||||
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
|||||||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
.
Предсаборско обраћање цара КонстантинаАрију и св.Александру АлександријскомЗнам да је садашњој расправи био почетак када си ти,
Александре, пожелео чути и знати од својих свештеника како сваки појединачно
мисли о одређеним местима из Закона, или једноставније речено, када си изнео на
видело празну страну питања,те си онда ти, Арије, потегао нешто такво о чему у
првом трену није требало ни мислити, или је требало ћутати, и ако си о томе
размишљао. И тако: нека сваки од вас искрено опрости један другоме, и
нека усвоји оно на шта вас саветује онај који је слуга, као што сте и ви.
А шта је то заправо? Зар не би требало упитати и у прошлим временима, па и
одговарати на питања, јер оваква питања, као неизазвана, потегнута су тек онако,
из склоности за препирањем, и да се време замени беспослицом. Али ми треба да
будемо трезвени, а никако да са оваквим стварима тако лакоумно излазимо пред
свет, нити да говоримо простом народу о ономе о чему најпре нисмо добро
поразмислили. Јер ко може онако добро знати и како треба протумачити смисао тако
великих и тешких питања? И тако: када се расправља о нечему оваквом, мислим,
потребно је да се уздржавамо од много речи, како не би довели народ било до тога
да хули Бога, било до тога да учини раскол, а свему томе није тешко дати повода. |
|||||||
mali simo
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Кон Светата Пасха и за колебањето11. На Воскресението е ден и почетокот ни е десен, та да се озариме со Празникот и еден и еден друг да прегрнеме! Да им кажеме - браќа2 и на оние што нè мразат, не сал на тие кои од љубов нешто ни сториле или претрпеле. Сè да простиме со Воскресението! Да си дадеме прошка еден на друг, - јас, кој бев тиранствуван со прекрасна тиранија (сега ете ова го изнесувам), и вие, коишто красно тиранствувате, доколку нешто сте ми забележале за колебањето, кое како да е поарно и почесно пред Бога, отколку итањето на некои други. Зашто добро е по малце и да се отстапи пред Бога, токму како Мојсеј на времето, а подоцна и Јеремија3, за потем спремно да притрчаме, штом ќе повика, како Аарон и Исаија4, - но само и едното и другото нека се врши благочестиво; првото - поради сопствената немоќ, а второто - заради моќта на Призивателот. 2. Таинството ме помаза, пред Тајната малце одстапив, колку себеси да се испитам; со Тајната, пак, сега влегувам, приведувајќи го Денов како добар покровител на мојата бојазливост безсилност, такашто Оној, Кој денес воскресна од мртвите, и мене да ме возобнови преку Духот, па облекувајќи ме во новиот Човек, да ме предаде на Новата Твар, на оние коишто се родени според Бога5, да им бидам ним добар изобразител и учител, со Христа доброволно усмртуван и воскреснуван. 3. Вчера Агнецот беше заклан, и се помазуваа портите, и Египет си ги оплакуваше првородените, а нас, пак, истребителот нè одмина, и Печатот беше страшен и достоен за почит, и со Чесната Крв6 се обѕидавме. Денес во чистота избегавме од Египет и од фараонот, горкиот владетел, како и од тегобните надзорници, па се ослободивме од калта и правењето тули7. И веќе нема кој да нè спречува на Господа Бога наш Празникот на Исходот да му го празнуваме; и тоа да Му го празнуваме не во квасецот стар на злобата и лукавството, туку во бесквасниците на чистотата и вистината8, без да си понесеме ништо од Египетската и безбожничка закваска9. 4. Вчера се распнав со Христа, а денес се прославувам со Него. Вчера бев соумртвен, а денес со Него оживувам. Вчера се погребав со него а денес бивам соподигнат. Туку, да Му принесеме плодови на оној, кој заради нас пострада и воскресна10. Можеби мислите дека говорам за злато ил' сребро, или за некакви ткаенини ил' камења проѕирни и скапоцени, минливите вештества на земјата, коишто речиси секогаш и најповеќе ги имаат злите и робовите на нижото и на светодржецот11. Всушност, самите себе треба да се принесеме како плод, ние, на Бога најдрагото и најближното владение. Да му го воздадеме на Образот она што е „по образот“12, да го познаеме сопственото достоинство, да Го чествуваме Првообразот, да ја узнаеме силата на тајната и заради што Христос умре. 5. Да постанеме како Христос, бидејќи и Христос стана како нас. Да станеме богови, заради него, зашто и Он Се стори човек, заради нас. Така, го прифати полошото, за да го подаде подоброто. Осиромашени, за ние преку Неговото сиромаштво да се збогатиме13. Образ на слуга14 прими, за ние слободата да си ја добиеме15. Слезе, за да се извишиме. Беше искушан, за ние да победиме Беше бесчуствен, за да возслави. Умре, за да спаси. Се вознесе, за кон Себе да ги привлече полегнатите долу, во гревовниот пад. Тогаш, секој нека даде сè, сè нека Му принесе како плод на Оној, Кој Себеси Се даде во Откуп и Замена за нас16. Притоа, не ќе даде ништо такво какво што си е, всушност, самиот тој, тајната штом ја разбира, и кој станал заради Него сè она што и Он заради нас постанал. 6. Ви плодоноси Он, како што гледате, пастир; зашто кон тоа се надева и се моли, тоа го бара од нас што сме му под раката негова, тој - добриот пастир, кој душата си ја полага за своите овци17, и двоен наместо единечен вам себеси ви се подава; и бастунот на староста го претвора во во стап на Духот, та на бездушниот храм му додава душевен18, на овој прекрасен и небесен му додава каков и да е, волицок, но сепак за него најскапоцен, со многу пот и труд изграден, уште да речеме дека и достоен е за трудовите. И тој сè свое на вас ви го принесува. (О, великодушност, или повистинито да кажеме - чедољубивост!) А тоа е: староста, младоста, храмов, архиереот, подателот на наследството, наследникот, словата по кои се зажелевате; и тоа не такви кои се залудни и во ветер расфрлани одвај до ушите што досегаат, ами оние коишто Духот ги пишува и ги втиснува во плочи камени, односно плотски19, коишто не се исцртани сал на површината.ниту се лесно бришливи, туку се во длабочината се изобрезани, не се со мастило а со благодат20. 7. Тоа, значи, ви го дава вам овој честит Авраам, патријархот, чеснава и почитувана глава скровиштето на сите блага правило на добродетелта,совршенствово на свештенството, кој денес доброволно си ја пиведува својата жртва кон Господа - единородниот син на ветувањето21. Така, и вие принесувајте му плодови на Бога и нам, со тоа што ќе бидете добра паства, населени на место тревно, напојувани од водите на покојот22, познавајќи си го добро пастирот, а и од него познавани, следејќи го кога пастирски и слободно ве повикува низ дверите; а по туѓинец, пак не одејќи, таков кој прескокнува преку оградата разбојнички и коварно23, ниту слушајќи туѓ глас што поткраднува и ве расејува подалеку од Вистината во гори и пустини, во бездни24 и во места коишто Господ не ги епископствува, со што ве одвојува од здравата вера, онаа во Отецот и Синот и Светиот Дух, Единото божество и Сила Чијшто глас отсекогаш го слушале и го слушаат моите овци, а не зборови подмолни и гнилежни што ги разлачуваат од нивниот Вистинит и Прв Пастир. Од такви сите да се тргаме, и пастирите и паствата, како од болно смртоносно пасиште, и напасителите и напасуваните, та сите сега а, и во тамошниот покој да бидеме едно во Христа Иисуса25, Комушто славата и власта му се во веки. Амин. преводот од старогрчки јазик на Игор Радев
Изменето од mali simo - 15.Март.2008 во 15:30 |
|||||||
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
|||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Поука од светиот отец Јован Златоуст:
Велат дека нештата околу рајот треба да ги разбереме НЕ КАКО ШТО ПИШУВА, туку на друг начин. Но кога Св. Писмо сака да не научи нешто, ТОА СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ, И НЕ ДОЗВОЛУВА ЧИТАТЕЛОТ ДА ПОГРЕШИ! Затоа ве молам и преколнувам, ДА ГИ ЗАТВОРИМЕ НАШИТЕ ОЧИ ЗА СЕ ДРУГО, И ИСКЛУЧИВО ДА ГО СЛЕДИМЕ КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО.
(13 Хомилија на Битие). |
|||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
He he, no ne te rabiraat ikonopoklonicive...
|
|||||||
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|||||||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
|
|||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Море разбираат, разбираат, и те како разбираат
|
|||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||
Внеси реплика | страница <1 4567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |