IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Археолошките откритија во Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Археолошките откритија во Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2007 во 10:54

НОВО АРХЕОЛОШКО ОТКРИТИЕ КАЈ НЕГОТИНО

Античка кочија се чува во тајност

Раководителот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, рече дека информации ќе има кога со сигурност ќе се знае што е ископано

Античка кочија и скелети од коњи деновиве се откопани во ареолошкиот локалитет Градиште кај Неготино. Пронајдените остатоци, кои се' уште се чуваат во тајност, се претпоставува дека потекнуваат од раниот антички период. Раководителот на Управата за заштита на културното наследство во Македонија, Паско Кузман, ни изјави дека работите во Градиште се уште се во фаза на истрага. Информации за јавноста ќе има кога со сигурност ќе се знае што точно е ископано.

Од досега откриеното се гледа дека забот на времето го изел дрвото од четирите тркала на кочијата. Хемиската анализа на железото од нив, како и проучувањето на коските од коњите, ќе даде одговор на повеќе прашања во врска со ова најново археолошко откритие во Неготинско.

Во меѓувреме, додека истражувањето продолжува, за да не бидат изложени на надворешни влијанија и оштетени, тркалата од кочијата се обложени со соодветни текстилни материјали и конзервирани.

- Претпоставките се дека се работи за кочија со која се пренесувал товар. За тоа говори големината на тркалата - вели изворот, кој сакаше да остане анонимен.

Истражувањата биле вршени на длабочина и до три метри.

Градоначалникот на Неготино Ѓорѓи Ќимов изјави дека е запознат со ископувањата и дека знае оти се трага по античкиот град Антигонеја, за кој постојат претпоставки дека се наоѓал токму на овој потег, на влезот во Неготино, од левата страна на автопатот Скопје - Атина. Но, и Кимов не сакаше да открие што е досега пронајдено.

- Истражувањата ги почнавме во надеж дека археолошкото богатство на регионот нуди добра перспектива за културен и туристички развој - изјави Кимов.

Истражувањата се финансирани со средства на локалната самоуправа, донации од неколку фирми и со поддршка од Министерството за култура. Откриените ѕидови на локалитетот, според стручњаците, навестуваат дека тука навистина постоел град. Ископувањата се вршат во организација на градскиот музеј, но и таму не сакаат да зборуваат за тоа што досега е откриено, само потврдуваат дека истражувањата траат две години. Во првата година е откриен одбранбениот ѕид на населбата широк еден и пол метар. Втората година биле откриени архитектонски градби од хелинистичкиот и од римскиот период и, покрај другото, голем број монети.

Археологот во пензија Живоин Винчиќ, вели дека античка Антигонеја најверојатно се простирала на местото на Градиште, над фабриката за градежни материјали кај Неготино. Според растојанието од Антигонеја до Стоби, ова место во целост се совпаѓало со населбата од трагедијата на Софокле. При една поранешна обиколка на теренот, Винчиќ површински нашол монета, според која смета дека населбата егзистирала до 6 век, исто како и Стоби. Винчиќ открил и дел од градскиот бедем, широк три и долг педесетина метри.

- За мене беше сензација кога на Градиште регистрирав праисториски мозаик. Во прв момент тоа изгледаше како да сум кажал оти кравата има осум нозе - изјави тој.

Објаснувањата зошто откритието се чува во тајност се дека тоа се прави од безбедносни причини, за да се заштити објектот и дека се очекува експертите подетаљно да го анализираат пронајденото. Потоа ќе следуваат поподробни информации.

Кон врв
MORNAR74 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Септември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 32
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MORNAR74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2007 во 16:27

 Според средновековните извори, но и оние од подоцнежниот период, на скопското Кале се наоѓале три цркви:

  1. Св.Богородица Троручица каде што бил крунисан царот Душан и објавен душановиот законик;
  2. Св.Прокопиј - заштитникот од замјотреси; и
  3. Св.Јован Крстител - активна црква се до 17 век која важела за соборен храм во градот.
,,VENE VIDI VICI,,
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2007 во 09:20
Населба на Водно во 6 век била напојувана со огромна цистерна
Цистерната со огромни димензии 22 на 11 метри, досега ископана до длабочина од 8 метри, ги возбудува археолозите што работат на локалитетот Марково Крувче, на падините на Водно.
- Вообичаените цистерни за тој период биле со должина од 6 метри и широчина од 2,3 метри. Оваа е навистина со огромни димензии што упатува дека напојувала и голема населба - вели Кире Ристов, археолог од Музејот на градот Скопје, кој учествува во работите.
Во потрага по населбата на источната страна на локалитетот се поставени сонди и откриени се делови од градски бедеми, монети, керамика, клучеви, оружје и накит.
- Прерано е да зборуваме за градот, но повеќе од јасно е дека тука во 6 век имало активен живот - вели Ристов.
Тој не сака да се впушта во познатите претпоставки дека бедемите на Водно потекнуваат од Јустинијаново време.
- Се што ќе откриеме од 6 век не мора да е поврзано со Јустинијан, навистина е рано за такви претпоставки - воздржан е Ристов.
Истражувањата почнаа минатата недела и ќе траат до 18 јули. Тие се резултат на досегашната 3-годишна соработка на Музејот на град Скопје со Комјунити колеџот од Сент Луис, Мисури во САД. Двајца американски археолози, фотограф и 12 американски студенти работат заедно со екипа на Музејот на град Скопје и десет македонски студенти од Катедрата за археологија при универзитетот „Свети Климент Охридски“.
- Ова е трета година како трае оваа наша соработка. Буџетот е американски, а се што ќе биде откриено при истражувањата останува кај нас. Бенефицијата на американските партнери е во искуството - вели Јован Шурбановски, директор на Музејот на град Скопје.

 Според средновековните извори, но и оние од подоцнежниот период, на скопското Кале се наоѓале три цркви:

  1. Св.Богородица Троручица каде што бил крунисан царот Душан и објавен душановиот законик;
  2. Св.Прокопиј - заштитникот од замјотреси; и
  3. Св.Јован Крстител - активна црква се до 17 век која важела за соборен храм во градот.

Значи дека македонци сме. Неуморливо работиме да ја побиеме атинската теза. Само така и напред.




,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2007 во 10:12

ЗАВРШИЈА АРХЕОЛОШКИТЕ ИСКОПУВАЊА НА СКОПСКАТА ТВРДИНА

Калето имало најубави бедеми на Балканот

Откриен е голем дел од одбранбените ѕидови, кои биле изградени од камен и тула, а фасадата потсетува на најубава средновековна црква

Скопската тврдина имала најубави бедеми на Балканот во 10 век, во времето на царот Самуил. Археолозите, кои половина година ги откриваат тајните на Калето, открија поголем дел од одбранбените ѕидови, кои биле изградени од камен и тула. Фасадата потсетува на најубава средновековна црква. Дека Скопје бил еден од најразвиените градови на Балканот покажува колекцијата оловни пломби, една од најбогатите збирки пронајдени досега. Археологот Драги Митревски, раководител на истражувањата на тврдината, објаснува дека пломбите се драгоцен материјал со историско значење што покажува дека на локалитетот била сместена администрација.

- Ископувањата го потврдија големото значење на Кале како градски, административен и културен центар на овој дел од Балканот - вели Митревски.

Археолозите завршија со годинашните истражувачките активности. Теренот и откриените градби се оставени во состојба погодна да почне конзервацијата на објектите. Митревски вели дека по санацијата ќе бидат видливи наслоените остатоци од сите периоди. Најстара фаза на живот на Калето е праисторијата, а најмладата - катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година.

- Кога локалитетот ќе биде презентиран како целина ќе може да се види комплетниот културен развој на Калето. Имаме доволно наоди и податоци за да одговориме на тој предизвик. Има движни и недвижни наоди од 4 милениум пред новата ера до денес кои убаво го илустрираат вкупниот културен развиток на локалитетот - објаснува Митревски.

Јавноста тоа ќе може да го види до крајот на годинава. Екипата планира голема изложба во Музејот на град Скопје, на која ќе бидат претставени сите резултати и наоди откриени на Кале. Митревски вели дека дури тогаш целосно ќе биде реализирана првата фаза од археолошките истражувања на Калето.

- Уверен сум дека ќе одговориме на сите прашања врзани за локалитетот. Уште поважно е тоа што ќе понудиме решенија за урбанизацијата на Кале и афирмација на неговите вредности. Неопходно е локалитетот да прерасне во археолошки центар. Кале треба да има посебен музеј и истражувачки центар. Тоа е основен предуслов за туристичка експлоатација на овој простор - смета Митревски.

Како најголемо изненадување на Калето тој го издвојува високото културно и техничко ниво на изработката на бедемот од 10 век. Во таа категорија спаѓа интензитетот на живеење и културните достигања од 14 век.

- Податоците за Скопје во тој период досега ги имавме само во пишаните извори. Сега ги имаме и пред наши очи - вели Митревски.

Тој како специфичен го издвојува животот на Калето во праисториски период, од 4 до 2 милениум пред новата ера. Изненадувања се поединечните богати колекции на праисториска теракотна пластика, на средновековна глазирана керамика (луксузни производи), на предмети од црковен карактер. Има голема циркулација на монети од сите периоди.

- На Кале имало континуиран живот со милениуми. Го „нема“ само римскиот период, но тоа е нормално, бидејќи во тоа време градот бил преместен во Скупи. Засега целосно се откриени околу 8 отсто од вкупната површина на Калето. Комплетно е откриена една црква, која веројатно била изградена во 14 век и била употребувана низ вековите во турскиот период. Таа била изградена на најдоминантниот дел од теренот и ќе биде целосно конзервирана - вели Митревски.

На археолошките ископувањата учествуваа повеќе од 200 археолози, историчари на уметноста, студенти по археологија и работници. Планирано е ископувањата да продолжат напролет. Проектот за заштита на скопската тврдина го финансира Владата со 2 милиона евра. За годинава беа одвоени 950.000 евра. Околу 500.000 евра од нив беа искористени за археолошките истражувања. Целта на проектот е да се истражат, санираат, конзервираат, реставрираат и да се презентираат бедемите и кулите на југозападниот дел од тврдината.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2007 во 11:23
Редок и природен музеј на Македонија


Предвидено е тука да се одржуваат историски часови, научни собири, конгреси, концерти, театарски претстави, уметнички колонии. Марковите кули, како што велат многумина, ќе "слезат" и ќе станат достапни за сите


Два значајни природни локалитети наскоро треба да се најдат на привремената листа на УНЕСКО - Марковите кули Прилеп, и пештерата Слатински Извори кај Македонски Брод. На тој начин отпаѓаат секакви претпоставки дека е можно било какво симнување на Охрид од листата на заштитено светско природно и културно богатство.

- Охрид и натаму го заслужува тој статус, изјави неодамна Керстин Манц од УНЕСКО, на меѓународната работилница што се одржа во Охрид на тема "Хармонизација на прелиминарните листи на УНЕСКО во земјите од Југоисточна Европа".

Марковите кули, според зборовите на државниот секретар при Министерството за животна средина и просторно планирање, Дејан Пановски имаат исклучителни геоморфолошки вредности со карпи постари од 720 милиони години, но и вредно културно наследство.
- Тоа е еден од најзначајните споменици на словенската култура, кој датира дури од бронзеното време, потенцира Пановски.

Според преданијата некогаш во Варош живеел кралот Марко и неговиот легендарен коњ Шарец. Според историјата, таму во 1014 година, враќајќи се од битката на Беласица со 14.000 ослепени војници, умрел од јад, му пукнало срцето на македонскиот цар Самоил. Пред пет години се започна со пробивањето на пат кон атрактивните кули, каде што ќе се изградат шеталишта, ресторани и спортски терени, а Електро Прилеп постави далновод и трафостаница, со кои ќе се засили и електричната мрежа во манастирот Трескавец. Она што се најавуваше со години сега е на пат да се реализира со што Марковите кули ќе станат подостапни за сите посетители од светот, а не само за прилепчани. Со овој зафат, тука ќе никне, ако така може да се рече, Марков град - ни рече екс-пратеникот кој ги водеше работите, како директор на Електро Прилеп на пробивањето на патот до Марковите кули, Блаже Стојановски.

Пред повеќе години покојниот археолог и долгогодишен ракводител на Народниот музеј, Институтот за старословенска култура и уметничкото лето на Прилеп, д-р Бошко Бабиќ даде иницијатива на западната страна од кулите да се изгради уметничко село во кое ќе престојуваат уметници од целиот свет и ќе творат во текот на целата година. Дури изгради и две куќи кои требаше да бидат само почеток во формирањето на уметничкото село.

Сегашниот зафат ќе ја исполни желбата на прилепчани долга скоро едно цело столетие - Марковите кули да прераснат во атрактивно-историско туристичка населба во кое ќе престојуваат луѓе од сите страни на светот.

Предвидено е тука да се одржуваат историски часови, научни собири, конгреси, концерти, театарски претстави, уметнички колонии. Марковите кули, како што велат многумина ќе "слезат" и ќе станат достапни за сите.

Зошто за така убави нешта морало да се чека толку долго време.
Кон врв
borec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Септември.2007
Локација: Australia
Статус: Офлајн
Поени: 1294
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај borec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2007 во 14:00
WOW??? задоволство

ODLICNO - NAJPOSLE I PRILEP DA BIDE NESTO POVEKE OD MESTO ZA "MAJTAP".  среќа
Кон врв
m__g__ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 591
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај m__g__ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2007 во 00:40
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C9C8FDFEF6BE954B807E8B153B7AC635

АРХЕОЛОЗИТЕ ИСКОПАА НОВ ЗНАЧАЕН НАОД


На Плаошник откриено депо со венецијански сребрени монети


Монетите се од извонредно значење, бидејќи ја покажуваат трговската врска помеѓу Охрид, односно манастирот "Свети Климент" и Венеција во 14 век, вели Паско Кузман


Депо со 2383 венецијански сребрени монети од 14. век, сите сместени во керамички сад, е најновото откритие на археолозите во големите ископувања на Плаошник.

Раководителот на овие истражувања, финансирани од Владата и директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман вели дека монетите се од извонредно значење, бидејќи ја покажуваат трговската врска помеѓу Охрид, односно манастирот "Свети Климент" и Венеција во тој период.

На Плаошник пред извесен период беа откриени и мозаични подови. Тие се наоѓаат во североисточниот дел од комплексот и како што вели Кузман, мозаиците најверојатно припаѓаат на епископски двор од 5. век, во времето кога градот Лихнидос бил епископски центар на провинцијата Нов Епир.

-Западно од повеќебродната црква од 5-6 век откриен е објект исто така со многу компактни мозаични површини кои припаѓаат на римскиот период и кои веројатно припаѓаат на објект кој можеме да го наречеме храм на богот Дионис, вели Кузман. Археолошките истражувања продолжуваат и ќе траат до крајот на годинава. Кузман најавува дека ќе се подготви и проектната програма, а кон крајот на годината ќе се распише и меѓународен конк*рс за идејно решение за Светиклиментовиот универзитет.

Владата издвои шест милиони евра за возобновување на Светиклиментовиот универзитет, средства кои ќе бидат потрошени во наредните три години. На ископувањата се ангажирани околу 200 археолози, етнолози, архитекти, студенти по археологија и ликовна уметност кои треба да ги откријат остатоците на Првиот универзитет во Европа, кој работел во 9 и 10 век и низ кој поминале околу 3.500 ученици.

Анита ЈОВАНОСКА

Браво Паско Браво Кузман


бухахахаххххахаха - 9-10 век
еве малко мапи от 9-10 век - да го видим де е бил университетот

http://kodeks.uni-bamberg.de/Bulgaria/BulgariaHistMaps.htm

ми нема да му мине номерът на Паско. Нема. Във vecher.com.mk може и да мине ама на uni-bamberg.de - неминава


Четириесет години од основањето на МАНУ

Македонската академија на науките и уметностите денеска одбележува 40 години постоење. Свеченото одбележување на јубилејот ќе се случи на 8 ноември.

Највисоката научна институција во Македонија е отворена со свечена седница на Собранието на СР Македонија на 10 октомври 1967 година. Законот за основање на МАНУ е донесен на 23 февруари 1967 година, а ден пред отворањето, на 9 октомври 1967, во Собранието под претседателство на д-р Милан Бартош е одржана седница на Матичната комисија за формирање на Македонската академија на науките и уметностите. На седницата е извршено конституирање на МАНУ. За претседател е избран Блаже Конески (1967-1975), редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, потпретседател д-р Харалампие Поленаковиќ, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а за секретар Ѓорѓи Филиповски, редовен професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје.

Од 1976 до 1983 година претседател на МАНУ е Михаило Апостолски, од 1 јануари 1984 до 1991 година - Јордан Поп Јорданов, од 1992 до 1999 година д-р Ксенте Богоев, потоа Георги Ефремов (2000 - јуни 2001), Матеја Матевски (јули 2001-2004), а од 1 јануари 2004 и во моментов функцијата ја извршува академик Цветан Грозданов.

Дејноста на Академијата се одвива во нејзините пет одделенија - Одделение за лингвистика и литературна наука, Одделение за општествени науки, Одделение за математичко-технички науки, Одделение за биолошки и медицински науки и Одделение за уметност.

Корените на МАНУ се во Македонското научно-литературно другарство, основано во Санкт Петербург, на 28 октомври 1902, под претседателство на Димитрија Чуповски. Таа институција, фундамент на МАНУ, основала свои филијали меѓу македонската емиграција во Софија, Одеса, Битола и во Солун. Другарството првпат го воведува македонскиот јазик официјално во службена употреба. (Н.П.)






Изменето од m__g__ - 10.Октомври.2007 во 00:43
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2007 во 00:54
ХУХУХАХАХИХИХУХУХАХАААААААтрепкање
Епа прв универзитет со ЕУ лиценца,види само колку од нив продолжиле на Сорбонасреќасреќасреќасреќасреќа
А замисли каде учел хан Аспарухсреќасреќасреќасреќасреќа
Кон врв
m__g__ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 591
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај m__g__ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2007 во 01:02
незнам, незнам - само тези 200 археолога много да внимават какво копат

да не изпадне некой приватен дневник на Св. Климет Охридски написан на книжовен български по стандарта от 1945гнамигнување


Изменето од m__g__ - 10.Октомври.2007 во 01:03
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2007 во 01:26
Originally posted by m__g__ m__g__ напиша:

незнам, незнам - само тези 200 археолога много да внимават какво копат

да не изпадне некой приватен дневник на Св. Климет Охридски написан на книжовен български по стандарта от 1945гнамигнување


На книжевен Македоно-Славјански пред 1945 год. или на докнижевниот Блгаро-Руски по 1945 год. биди малку појасенголема%20насмевка
Кон врв
puter Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај puter Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2007 во 01:28
Originally posted by m__g__ m__g__ напиша:

незнам, незнам - само тези 200 археолога много да внимават какво копат

да не изпадне некой приватен дневник на Св. Климет Охридски написан на книжовен български по стандарта от 1945гнамигнување
PREVEDI ZITI KRST
Кон врв
m__g__ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 591
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај m__g__ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2007 во 01:38
Don't know, don't know
just these 200 archeoligists should dig very carefuly

(because of the chance to) find a private diary of St Kliment Ochridski written in standard bulgarian (since 1945)

не се получи много буквално ама не е пролем


Изменето од m__g__ - 10.Октомври.2007 во 01:39
Кон врв
puter Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај puter Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2007 во 01:45
STTTTTTTTTTOOOOOOOOOOOOOOOOO?I JAS DA NE SUM VASA?
Кон врв
PAVLIN Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Јуни.2007
Локација: Saint Helena
Статус: Офлајн
Поени: 889
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај PAVLIN Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2007 во 02:27
Originally posted by m__g__ m__g__ напиша:

незнам, незнам - само тези 200 археолога много да внимават какво копат

да не изпадне некой приватен дневник на Св. Климет Охридски написан на книжовен български по стандарта от 1945гнамигнување


Samo nadevaj se i placi......postari sme od vas edno VI veka
“Ш‘ЧО НАПРАИВМЕ...“ - Крсте Петков Мисирков“
“ДО ВИСТИНАТА НЕ МОЖЕМЕ ДА СТИГНЕМЕ ПОЛЗЕЈЌИ“ - Владимир Мегре
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.