IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дали постои Бог?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали постои Бог?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3940414243 54>
Автор
Порака
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 14:49

Човекот постоел пред раѓањето, ќе постои и после смртта. Не се создал тој самиот, туку бил создаден уште пред да се спознае себе си. Не го создале неоргански битија околу него, затоа што тој поседува разум, а тие не, туку него, а и сите овие светови, од непостоење ги создал Единиот Возвишен Бог. Единствено Тој оживува и усмртува. Тој е Оној Кој сè создава и ако сака сè уништува. Овој Бог не е сличен на ништо од овие светови. Тој е од секогаш, не е создаден, Тој е за секогаш, нема да исчезне. Моќен е, нема граници на Неговата моќ. Сè знае и ништо не е скриено од Неговото знаење. Праведен е, но Неговата праведност не се одредува со мерилата на човечката праведност. Тој е Оној Кој ги поставил законите на вселената, кои ние ги нарекуваме природни закони, и сè што е во неа складно го направил. Отсекогаш ги определил сите подробности и облици, како и сè што ќе им се случи на живите и на неживите битија: движење и мирување, постојаност и промени, активности и неактивности. На човекот му подарил разум кој размислува за многу нешта кои му ги потчинил на неговиот разум, со кој го реализира она што ќе го избере. После овој привремен живот создадал вечен живот - во идниот свет, во кој добротворот ќе биде награден со џенет[1], а грешникот казнет со џехенем[2].

 

            Овој Бог е еден и единствен. Нема придружник кој се обожува освен Него, ниту пак има посредник преку кој Нему му се приближува, и кој кај Него без Негова дозвола се завзема. Обожувањето, во сите негови видови, само кон Него, искрено се упатува.

 

            Сите видливи битија кои со сетилата се чувствуваат, како и оние за нас невидливи - Му припаѓаат Нему. Некои од нив се неживи, а некои живи, задолжени со должности. На некои од тие битија својствено им е само доброто, а тоа се само мелеците[3]; на некои им е својствено само злото, а тоа се шејтаните[4], додека на некои им е својствено и доброто и злото, а тоа се џините и луѓето. Тој, Возвишениот Господар одбира некои од луѓето и им испраќа ангел со Неговиот закон, да им го предаде на луѓето, преку пратениците.

 

            Овие Божји закони содржани се во книгите и посланијата кои се објавени од небесата. Последната од нив ја поништува претходната или ја корегира. Последната книга е к*ранот. Сите книги пред него се изменети, или исчезнале и се заборавени. Единствено к*ранот останал сочуван од промени и пропаст. А, последниот од спомнатите пратеници е Мухамед ибн Абдулах ел-Ареби ел-к*рејши. Со него се запечатени пратеништвата, а верите со неговата Објава, така да нема веровесници и пратеници после него.



[1] Џенет – Рај, во понатамошниот текст ќе се употребува изразот – рај (заб. на прев.).

[2] Џехенем – Пекол, во понатамошниот текст ќе се употребува изразот – пекол (заб. на прев.).

[3] Мелеци – Ангели, во понатамошниот текст ќе се употребува изразот – ангел, ангели (заб. на прев.).

[4] Шејтаните – Ѓаволите, демоните, во понатамошниот текст ќе се употребуваат изразите – ѓаволи, демони (заб. на прев.).

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 14:53

Верувањето во постоењето на друг живот е нужна последица на верувањето во постоењето на Бог. Објаснувањето на тоа е дека Возвишениот Бог, е праведен, а Праведниот не дозволува насилство ниту пак насилникот го остава без казна, како што не го остава ниту угнетениот без правда. Ние, пак, ги гледаме оние кои живеат и умираат како насилници, а не се казнети, и оние кои живеат и умираат угнетени, без правда. Па што значи тоа? И како тоа се случува и покрај Божјето постоење и Неговата праведност? Тоа значи дека идниот свет, во кој доброчинителот ќе биде награден, а грешникот казнет..

 

            „Приказната“ не се завршува со свршетокот на овој свет. Кога, на пример, на телевизија би бил прикажан филм, па прекинат на средина и кога би било речено дека завршил, никој од гледачите не би поверувал во тоа и би почнале да говорат: „Што се случило со главниот лик? Каде е крајот на приказната?“ Тие очекуваат од авторот да ја заврши приказната, да го видат крајот на судбината на нејзините главни ликови. Таква е ситуацијата со создавачот на ликови, па како тогаш паметен човек да поверува дека „приказната“ на животот се завршува со смртта? Како, а сметката уште не е платена, ниту предавањето не е целосно исполнето? Со оглед на ова, разумот станува цврсто уверен дека оваа вселена има свој Господар и дека после овој свет следи идниот свет.

 

            Тој непознат свет, чиј еден одблесок на светлината душата го запазила во тивката мелодија и во генијалната новела, и во мигот на откровението ја почувствувала неговата арома, не е свет на идеали кој го создал создателот според Платон. Увидел дека најголемата овосветска сласт, сласта на сексуалниот однос, не трае повеќе од половина минута, па спознал дека таа е само еден пример на задоволствата на оној свет. Таа е залак на храна што го вкусуваш, па ако ти се допадне, ја купуваш и ја јадеш додека не се заситиш, или како трговски примерок кој го гледаш, па ако си задоволен со него, бараш стока. Навистина тоа задоволство е умалена слика на уживањето на другиот свет, уживања кои вечно траат и немаат граница на која се запираат, уживања кои не се претвораат во обичај, како сластите на овој свет, туку вечно остануваат уживања, стануваат трајни состојби.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 14:54

ВЕРУВАЊЕТО ВО БОГА

 

 

            Верувањето во Бога содржи четири претпоставки:

1) Бог постои без создател и предизвикател;

2) Тој е Создателот на сите светови;

3) Тој е Господар и Владетел на сè;

4) Тој е Бог Кој единствено се обожува, без да Му се придружува здруженик.

 

 

БОЖЈОТО ЕГЗИСТИРАЊЕ

 

 

            Рековме, во шестиот принцип, дека верувањето во Божјото постоење е темелна и очигледна вистина која се спознава преку интуицијата пред да се прифати преку рационален доказ. Таа воопшто не е потребно да се докажува, затоа што доказите за нејзината исправност се наоѓаат во секое нешто. Нема да ги изложувам овие докази, затоа што тие се толку многубројни па не сме во состојба сите да ги наброиме. Дамаскиот алим[1], шејхот[2] Џемалудин ел-Касими, спомнал многу докази во својата книга „Делаилу ет-тевдих“, иако ја напишал пред повеќе од половина век. И покрај сето тоа, денес се појавија нови докази кои ги открила модерната наука, непознати пред педесетина години. Па кој ќе погледне во книгата „Алах се открива во периодот на науката“, која ја напишале триесетмина врвни научници од областа на природните и анатомските науки, потоа во книгата „Науката повикува во верата“, ќе пронајде дека вистинскиот научник и обичниот човек (лаик) се верници, а дека неверувањето се појавува кај полунаучниците, кои спознале половични знаења и со тоа ја уништиле природната вера, исламот. Не ја досегнале вистинската наука која повикува кон верата, па паднале во неверство.

 

            Во овие две книги се наоѓаат текстови кои претставуваат плод на размислувањата на овие научници, како што е, на пример, Франк Ален, кој докажал дека учењето за вечноста на светлината, како што тврди грчкиот филозоф, е апсурдно и невозможно и дека науката открила дека секое нешто има период, т.е., почеток кој ја негира нејзината вечност. Ова се зборовите на Роберт Морис Беџ, пронаоѓачот на радарот, потоа хемичарот Џон Кливленд и физичарот Џон Херберт.

 

            Би сакал да ги прочитам овие две книги и сличните на нив, а тие се многубројни. Не би сакал повторно да ги наведувам старите докази за Божјото егзистирање, оние докази со кои се служеле апологетите, ниту новите докази до кои дошле овие научници. Ќе укажам само на еден од к*ранските докази, а тие се јасни, очигледни, неспорни, силни, искажани со јазик кој го разбира и обичниот човек, а ја исполнува душата на научниците кои ја разбираат нивната смисла, восхитувајќи се на нивната сила, прецизност и јасност. А, на двајцата, и на лаикот и на научникот, не им преостанува ништо друго освен да кажат: „Ова е вистина!“ Возвишениот Алах нè предупредува во к*ранот, само со еден збор, дека доказот за нас е во нашите битија. Па како тогаш да го негираме мнението чија вистинитост потврдува нешто што е испишано на нашите чела?! Возвишениот вели: „И во вас самите, па зарем не гледате?“ Длабоко во нашите души чувствуваме дека Тој постои, бараме засолниште кај Него во тешкотиите и во големите несреќи. Преку нашата природа која верува и инстиктот за вера ги гледаме доказите во себе и во светот околу нас. Потсвеста верува во Неговото постоење интуитивно, а свеста преку доказот. Па како атеистот го негира Бога, а самиот тој е доказ за Неговото постоење?!

 

            Тој е како оној кој го носи твојот имот во својата рака и тврди дека не го зел, ниту пак го допрел, или пак како оној кој носи мокра облека, од која капе вода и тврди дека не се приближил до вода. Ова е најосновна вистина, но зошто гледаме дека повеќето луѓе не посветуваат внимание на тоа?! Одговорот на ова е: затоа што не размислуваат за себе! Заборавиле на Бога, па Тој одлучил да се заборават самите себе си. Тие бегаат од себе си, се плашат од издвојувања, не може ниту еден од нив да остане сам со себе, без работа. Затоа се забавува со празен разговор или безвредна книга, или со некоја работа која го преокупира и во која му поминува животот, како да си е на самиот себе си непријател кого го мрази и од кого бега. Како својот сопствен живот, а тој е главниот негов капитал, да го носи на грбот за да го фрли и за да се ослободи од него. Погледни во повеќето луѓе, ќе ги најдеш како јадат и како пијат, спијат и се будат, копнеат за уживање, се оддалечуваат од болка, настојуваат на овој свет да остварат добро за себе, за своето семејство и за оние кои ги сакаат. Еден од нив, на пример, кога ќе осамне, го чисти своето тело, облекува облека, јаде, оди на работа, работи за да собере иметок и за да ја зголеми добивката. Потоа се враќа дома, руча и се одмара. Тогаш повторно се враќа на работа или се одлучува за забава. Бара со што ќе го исполни слободното време, во што ќе го истроши животот, додека повторно не почувствува глад, па тогаш јаде, или го совладува дремеж, па спие. Потоа го дочекува новиот ден и ја повторува програмата од претходниот ден. Се сеќава на своето минато, а тоа не е ништо друго освен денови кои чувствува дека ги проживеал на овој свет. Размислува за својата иднина, а таа не е ништо друго, освен денови за кои претпоставува дека ќе ги проживее на овој свет.

 

            А, што се однесува до муслиманот, тој не се задоволува во животот само со јадење и пиење, со работа или со забава, туку се прашува: „Откаде сум дојден? Каде одам? Што е почетокот? Што е „крајот“? Набљудува и согледува дека неговиот живот не почнал со раѓање за да заврши со смртта. Увидува дека бил ембрион во мајчината утроба уште пред да е роден, а уште пред да стане ембрион бил сперма во внатрешноста на татко си, а пред тоа бил крв која тече во татковите вени, а таа настанала од храната која тој ја изел, а оваа била растение кое изникнало од земјата, или животно кое се хранело со растенија. Тоа се фази низ кои поминал пред раѓањето, а за кои не знаел ништо. Долг синџир, чиј мал број на алки е видлив, а останатите ги сокрива од нашите очи целосна темнина. Па како ќе се создаде сам себе си со својот разум и волја, а постоел, пред да имал разум и волја? Никој од нас не знае за себе си пред својата четврта година од животот. Никој не се сеќава на раѓањето! Кој се сеќава на своето раѓање? Кој се сеќава на времето кога бил во мајчината утроба? Ако постоел уште пред да знае за своето постоење, можно ли е да се каже дека сам себе си се создал? Прашај го ова атеистот, ако го сретнеш, и кажи му: „Дали ти самиот себе си се создал со својата волја и разум? Дали си ти тој кој се создал себе си во утробата на својата мајка? Дали ти ја избра жената која ќе ти биде мајка? Дали ти ја доведе акушерката да те извади од утробата? Дали си ти, тогаш, создаден од ништо, без создател? Тоа е апсурдно и невозможно! Тогаш, дали те создадоа овие созданија кои биле пред тебе: планините, морињата, Сонцето, планетите?

 

            Декарт во периодот на испробувањето на скептицизмот, по кој бил познат, се сомневал во сè. Кога дошол до себе си, не можел да се сомнева во своето постоење. Затоа што тој е оној кој се сомнева, а неопходно е кај сомнежот да постои оној кој се сомнева. Затоа ја изговорил својата славна поговорка: „Мислам, значи постојам!“ Постои, нема сомнеж во своето постоење, па кој тогаш го создал? Дали го создале овие материјални битија? Тоа се нешта кои немаат разум, а тој е разум. Може ли да дарува разум оној кој нема разум? Оној кој не поседува нешто, не може ниту да даде. Таков бил ставот на Авраам,[3] нека е Божјиот мир над него, кога го видел својот татко како делка кипови со длето и изработува од каменот форма која неговиот народ ја смета за божество. Каменот што го обработува човечката рака, а потоа човекот го обожува!? Бог кој го создавам и барам од него да создава што сакам!? Тоа здравиот разум не го прифаќа! Па каде е тогаш Вистинскиот Бог?[4] Авраам, нека е Божјиот мир над него, почнал да истражува и размислува. Се спуштила ноќта и на небото се појавила сјајна ѕвезда. Не излегла од Земјата како каменот од кој се прават кипови. Не ја направил човекот со своја рака, за потоа да ја обожува. Му рекол на својот народ дека го пронашол вистинскиот бог. Тогаш се појавила Месечината и исчезнала ѕвездата. Видел дека Месечината е поголема и посјајна, па рекол дека Месечината е бог. Потоа се појавило Сонцето кое го отстранило месечевиот факел и чија светлина ја преплавила Земјата. Авраам, нека е Божјиот мир над него, рекол: „Ова е бог“. Но Сонцето зашло и ја оставило Земјата во темнина. Каков е овој бог кој заоѓа и го напушта своето кралство? Не, Сонцето не е бог кој мене ме создаде. Ниту пак овие созданија се богови. Ниту јас сум бог. Не сум се создал самиот себе си, ниту сум создаден од ништо. Останува само една можност, таа е исправна и вистинита, а сè останато е невистинито: зад сите овие нешта е Семоќниот Бог кој ги создаде, и нив, и мене и сите други нешта. Овој доказ к*ранот го изложил во единствена реченица, која претставува чудо - натприродно својство на Божјата објава и несоборлив доказ за атеистот кој му се покорува на разумот и го почитува, а тоа е цитатот: „Дали се создадени од ништо, или самите себе си се создале?!“

 

            Полуписмени, ограничени, атеистите говорат: „Природата, таа го создаде човекот, таа му го подари разумот!“ Некои учители овака ни говореа кога бевме малечки, во времето на Првата светска војна и после неа, оние учители кои го „почувствуваа мирисот на новата култура“, прво од Истанбул, а потоа од Париз, па помислија дека се просветени. А, зборовите „просветени“ и „просветител“ имаа во тоа време значење кое денес го има зборот „прогресивни“. Секое време има свои зборови и свои изрази, со кои нè исмејуваат нас како што ги исмејуваа Индијанците во Америка со монистрата и шарената облека како би им ја зеле, во замена, нивната земја. После, кога пораснавме, се прашавме: „Што е тоа природа?“ Зборот природа (табиа) во арапскиот јазик има облик на актив, а значење на пасив и на објект. Па ако е создадена, кој ја создал? Велат: „Природата е случајност, закон на веројатности и можности“. Прашавме: „Знаете ли на што личи овој говор?“ Сличен е на примерот на двајца кои залутале во пустината и во тоа лутање наишле на голем, убаво уреден дворец, со украсени ѕидови, скапоцени покривки, часовници, лустери. Еден од нив рекол: „Навистина ова е дело на некој голем мајстор!“ А, другиот му одговорил: „Овде имало една карпа, па надошол порој, ветар и други метереолошки фактори, и со изминувањето на многу векови, случајно настанал ѕид“. „А, покривката?“ - прашал првиот. „Се разлетала волната од овците, па потоа се споила. Тогаш дошла бојата па сето тоа се обоило и така настанала оваа прекрасна покривка“. „А, часовниците?“ - го прашал. „Железото се излило под влијание на временските фактори, потоа се испресекло и настанале кругови, и со изминувањето на многу векови настанал овој облик“. Зарем нема да кажете дека овој е лудак? Дали случајностите направиле клетката на црниот дроб, која се гледа само со помош на микроскоп извршува хемиски операции за кои се потребни многубројни апарати со кои можеш да наполниш една голема соба и кои повторно можат да извршуваат само дел од тие операции?! Оваа клетка го претвора вишокот на шеќер во крвта во гликорин, лачи жолчка, го регулира холестеролот во крвта, произведува црвени крвни зрнца, а извршува и други операции. Случајностите направиле на јазикот да постојат 9.000 мали жлезди за вкус, во секое уво 100.000 клетки за слух, во секое око 130.000.000 клетки кои примаат светлина.

 

            Земјата и нејзините чудеса и тајни, воздухот кој ја опкружува, живите суштества кои ги носи во себе, а кои не се гледаат, потоа чудесните облици на снежните снегулки кои паѓаат, ги создал со таква прецизност, направил во неа таква убавина која ја откривме дури во последно време. Набљудувај ја Земјата и нејзините минерали, тајните кои се складирани во неа, животинските и растителните видови, нејзините огромни пустини, пространите мориња, високите планини, длабоките долини! Потоа спореди ја со Сонцето и ќе ја согледаш како мала, безначајна во однос на него и неговата големина. А, Сонцето кое е поголемо од Земјата милион пати, во однос на галаксијата е како зрнце песок во најголемата пустина. Сонцето кое е оддалечено од нас стотина милиони километри, кога би ја мереле неговата оддалеченост со светлосни години (а брзината на светлината е 300.000 км во секунда) оддалечено е од нас 8 минути. Колкава е тогаш оддалеченоста на ѕвездата чија светлина доаѓа до нас за милион светлосни години? Светлосната година „одговара“ на десет илјади милијарди километри. Колку тогаш километри има во милион светлосни години? Овие галаксии, од кои една е и Млечниот Пат, за кои астрономијата не знае повеќе отколку дека тоа е осветлена област, и покрај нивната огромна големина која разумот не може да ја замисли, се движат со застрашувачка брзина, која ја преминува границата на бројките. Па како не доаѓа до судир помеѓу нив? Читав, од еден астроном, дека можноста за нивниот судир е како можноста да се судрат шест пчели кои се упатиле во земјината атмосфера. Пространството на оваа атмосфера во однос на пчелата е како односот меѓу оваа атмосфера и безбројните галаксии.

 

            Целата оваа вселена е во средиштето на огромна топка која претставува „семау ед-дуња“, најблиско небо. Таа топка е од вистинска маса на телото, а не празен простор.[5] Топката која ја опфаќа оваа вселена и она што е во неа, како Сончевиот систем и другите ѕведи, во однос на кои Сонцето е како јаболкото спрема планината, и галаксиите во кои се наоѓаат безбројни ѕвезди, ја затвора оваа вселена внатре. Таа топка која е заштитена и осигурана, има врата која се отвора и затвора. Бог ја создал како свод кој има длабочина. После неа е вселена, а Бог го знае нејзиното пространство, можеби како оваа првата, или поголема од неа, која ја опфаќа друга поголема топка, па трета вселена и трета топка. Потоа четврта, петта, шеста и седма вселена. Над нив се наоѓаат тела со прекумерна големина и обем, а тоа се Арш[6] и к*рсиј[7].

            А, најголемото чудо и еден од најсилните докази на Божјото постоење, дека оваа вселена постои во таков смален облик, што разумот не може да ја сфати неговата прецизност и минијатурност, како што не може да го сфати пространството на вселената, а тоа е атомот. Тој не може да се види освен со помош на електронски микроскоп. Тоа е телото кое учените луѓе и филозофите од минатото го нарекувале монада, дел кој не може понатаму да се дели. Во средиштето на овој атом се наоѓа вселената, микровселената и во него има јадро околу кое кружат електрони, како што кружат ѕвездите во вселената. Јадрото во однос на атомот е како пченичното зрно во однос на огромен дворец. Тоа е потешко од 1.800 електрони. Па дали сето ова е дело на случајноста?[8] Верниците ги весели тоа што празните зборови, како што се природа или случајност, престанале да ги спомнуваат јазиците на научниците. Тие се уште останале во употреба кај лаиците кои мислат дека имаат знаења, а не се ни блиску до вистинските научници.



[1] Алим – Учен човек, исламски научник, телошки и световен знанственик (заб. на прев.).

[2] Шејх – почесна титула за стар, учен или високопочитуван човек (заб. на прев.).

[3] Авраам – Ибрахим (заб. на прев.).

[4] Ова е метод кој Авраам го користи во повикувањето на својот народ во верувањето во еден Бог, а не е во прашање за сомневање и сопствено трагање за Бога (заб. на авторот).

[5] Ова што го реков за небото е мое сфаќање на к*ранските ајети и на Алаховите закони за вселената кои ги откриле научниците. Не наидов на некој кој е на истото мислење. Ја објаснив оваа теза во другите книги (заб. на авторот).

[6] Арш – Божјиот престол (заб. на прев.).

[7]

[8] Го пишував ова поглавје, како што напоменав во воведот,  а немав ниту една книга на кој би се повикал, па го пишував она што ќе ми падне на ум и на што се присетував, па ги наведов овие примери. А, кој сака попрецизни и поточни податоци, ќе ги најде во книгата која пред кратко време излезе од печат „Медицина – михраб на иманот“ (заб. на авторот).

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 14:59

БОГ Е СОЗДАТЕЛОТ НА СВЕТОВИТЕ

 

            Ова е втора претпоставка на верувањето во Бога. Таа значи да веруваш дека само Бог е Содателот на сите светови: светот на животните, растенијата, ѕвездите, светови кои нам ни се познати и непознати. Ги создал од ништо и воспоставил во нив чудесни знаци за кои во хемијата, физиката, медицината, астрономијата е откриено сосема малку. Само Бог ја знае нивната прецизност и величественост. Знае колку листови има на секое дрво, обликот на секој лист и неговата положба; колку има бактерии на светот, нивната должина, широчина, деловите од кои се создадени; неподвижните и подвижните елементи во атомот, нивниот број, промените кои настануваат во нив, движењето или мирувањето, развитокот или преобразбата. Сето тоа е регистрирано кај Него во Книгата. Тој е Господарот на сите светови. Тој ги создал, ги чува, ги претвора од една состојба во друга. Тој во секој атом на овие светови ставил доказ кој го упатува разумниот кон Него. Оваа втора поставка на верувањето е неопходна. Меѓутоа, дали е доволно да се верува во неа за човекот да би станал верник? Кога некој би ти дошол и би ти потврдувал дека Бог е Создател и Господар, дали би било тоа доволно за да го сметаш за верник? Не, самото тоа не е доволно. Повеќето дамнешни народи така тврделе. Неверниците од к*рејшиите на кои им е испратен Мухамед, нека е Божјиот мир над него, за да ги оттргне од многубоштвото и од нивните неисправни догми, и да се бори против нив, кога биле прашани за Создателот, Го признале и не Го негирале. Самиот Иблис,[1] најзлобното создание, не го порекнувал тоа дека Возвишениот Алах е негов Создател и Господар. Тоа се воочува во к*ранот, каде се пренесуваат зборовите на сатаната по неговото изгонување од рајот: „Господару мој, остави ме до Судниот ден!“

 



[1] Иблис – Сатана, Луцифер, во понатамошниот текст –  Сатана. (заб. на прев.)

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 15:00

БОГ Е ВЛАДЕТЕЛ И ГОСПОДАР НА ВСЕЛЕНАТА

 

            Третата претпоставка за верувањето е: Бог е Владетел и Господар на вселената! Располага со неа по Своја волја, оживува и усмртува. Можеш ли да ја одбиеш од себе смртта и да се направиш себе си вечен на овој свет? Тој ги дава болеста и здравјето. Можеш ли да го излекуваш оној на кого Бог му го ускратил здравјето? Тој дава богатство и искушува со сиромаштија, испраќа поројнии дождови и уништува.

 

            Може ли оној на кого му се дадени ќерки да ги преобрази во синови? Може ли неплодната да роди? Он ја одредува смртта на некои деца, додека на некои луѓе им дава да доживеат длабока старост. Испраќа бран на студенило и мраз на одредена област, а на другата и испраќа бран на топлина, а некоја област ја погодува со земјотреси. Видливи и очигледни нешта, а човекот не може да ги спречи.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 15:03

ЕДИНСТВЕНО БОГ ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ ОБОЖУВАН

 

            Повеќето луѓе тврдат дека Бог е Владетел и Господар, дека суверено управува со вселената. Меѓутоа дали е тоа доволно за некој да биде верник? Не, неопходно е на тоа да се додаде четвртата поставка: а тоа е дека само Тој заслужува да биде обожуван. Ако си признал дека Бог постои, дека Тој е Господар на световите, Сопственик на сè, тогаш не обожувај никого друг освен Него, ниту обраќај се на некој друг со било каков облик на обожување. Возвишениот Алах ми укажа на значењето на сурата „Ел-Нас“, во која е одговорот за оној кој го признава Неговото постоење, власт и сопственост, но извршува многубоштво на полето на обожувањето. Не сум слушнал некој од муфесирите[1] да го спомнал ова значење и се надевам дека тоа е исправно. Возвишениот Алах вели: „Барам заштита од Господарот на луѓето, Владетелот на луѓето, Богот на луѓето“. Зошто се повторува зборот „луѓе“? Зошто наместо овој збор не е употребена заменка и не е речено: „Од Господарот на луѓето, нивниот Владетел и Бог?“ Мене ми се чини, а Алах најдобро знае, како да им говори на луѓето: Ова се три поставки, меѓусебно слични и заокружени. Секоја поставка е самостојна, покрај нејзината поврзаност со другата. Тој е Господар на луѓето, т.е., Нивен Создател и Заштитник, Тој е Владетел на луѓето, т.е., нивен сопственик, кој управува со нив по своја волја, Тој е Бог на луѓето, т.е., Единиот Кој, навистина, заслужува да биде обожуван. Не е дозволено да Му се припишува здруженик. Во согласност со тоа треба да веруваат во сите три поставки, или да ги негираат сите три. Зошто да ги потврдувате и да ги сметате за вистинити првата и втората поставка, а да ја негирате третата? Како правите разлика помеѓу истите нешта? Прифаќате некои, а одбивате некои. Сите три поставки се на исто ниво и не може да се прави разлика помеѓу нив.



[1] Муфесири – Исламски научници кои што се специјализирани во областа на толкувањето и коментирањето на Светиот к*ран (заб. на прев.).

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 15:04

 

МОНОТЕИЗАМ - ВЕРУВАЊЕ ВО ЕДНОШТВОТО НА БОГА

       

            Верувањето, дека Возвишениот Алах е Господар на световите и сопственик на сè, е дело на срцето. Тоа е догма која човекот ја прифаќа. Но, верувањето дека само Тој заслужува да биде обожуван, не се сведува само на догма и на принцип, туку го опфаќа и однесувањето, делото и обожувањето. Па кој ќе го одбие обожувањето на Бога или во обожувањето Му припише здруженик - не е верник. Доколку се реализира верувањето дека Бог е Создател и Господар на световите, што би било тогаш обожувањето? Прво што ни паѓа на ум е дека обожувањето на Бога е спомнувањето на Бога, молитвата, постот, учењето на к*ранот и слично на тоа, што приближува до Него. Ова е вистина. Меѓутоа, побожноста не се ограничува само на тоа. Секое корисно дело, шеријатски дозволено, кое верникот го извршува барајќи ја Божјата награда е побожност. Јаде, за да биде силен за извршување на она што му е заповедано. Неговото земање на храна со оваа намера е побожност. Се жени за да се направи себе си и својата сопруга крепосни и невини, и неговата женидба е побожност. Стекнување на имот со таква намера е побожност, како и неговото трошење за семејството. Стекнувањето на знаењето и дипломата е побожност. Извршувањето на домашните работи од страна на жената, послужувањето на нејзиниот сопруг и чувањето на нејзините деца е побожност. Секое дозволено дело, под услов оној кој го извршува да има намера Бог да е задоволен, е побожност. Значењето на побожноста е широко и ги опфаќа сите корисни човечки дела. Веројатно ова значење и оваа смисла се искажува со зборовите на Возвишениот: „И џините и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат!“

 

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 15:08
,...mnogu mi e zal,..sum zgreshil,...тага

Изменето од brza - 18.Септември.2007 во 15:58
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 15:13

ДУХ И СМИСЛА НА ПОБОЖНОСТА

 

 

            Побожноста има дух и тело (форма). Нејзиниот дух е верувањето кое поттикнало на неа и целта заради која таа е извршена. Телото (формата) на побожноста е дело на екстремитетите, изговор на јазикот и движења на торзото. Молитвата ја сочинуваат, на пример, движења и изрази, стоење и седење, прегибување и спуштање ничкум на тлото (руку и сеџда), читање на к*ранот, спомнување и славење на Бога. Сето ова е телото, формалната страна на молитвата, но неопходна без која нема молитва. Ако двигателот на тоа не е исправно и чисто верување и ако се немало намера за извршување и покорување на Божјата заповед и барањето на Неговото задоволство, молитвата е мртво тело и форма без душа.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 15:14

СУШТИНСКОТО ВО ОБОЖУВАЊЕТО НА БОГА,

 

            Суштинското и основното во обожувањето е да веруваме дека само Возвишениот Алах е Оној Кој може да донесе корист и штета. Ова треба малку повеќе да се објасни. Бог е Создател на сè. Ги создал световите и сè што е во нив. Ако ги набљудувавме овие нешта, ќе увидиме дека Бог, Кој го создаде сето тоа направил едни од нив да доминираат над другите и да влијаат врз нив: ако огнот допре суво дрво ќе го изгори; водата го гасне оганот, ако се истури врз него; човек добива маларија кога ќе го „касне“ маларичен комарец; а ако во телото на болниот се внесе кинин, тој оздравува. Возвишениот меѓу овие нешта направил врски. Нивното спојување бива само во размерот кој Тој го определил. Хлорот е штетна материја, содата е штетна материја, но кога ќе се спојат настанува корисна материја, неопходна за човекот - сол за готвење. Од ова можеме да ги извлечеме следните заклучоци:

 

            1 - Утврдивме дека врските и односите следат утврдени правила, кои не се менуваат. Тоа се Божјите закони во вселената кои стручно ги нарекуваме природни закони.

 

            2 - Овие врски меѓу нештата кои сме ги нарекле природни закони, не се сите видливи, како што е видлива и очигледна врската меѓу оганот и дрвото што го гори, и огнот и водата која ја гасне. Не се сите овака едноставни и очигледни, но повеќето од нив се попрецизни и подлабоки. Бог одредил лек за секоја болест, но не го ставил на воочливо место и не го направил готов и подготвен за употреба, туку го направил (возвишена е Неговата мудрост) во скришни и чудни места и во состојби во кои не се очекува дека ќе се наоѓаат. Пеницилинот е поставен во материја која се чини како да е смртоносен отров, како што ги поставил најдобрите мириси и најубавите бои во една од најсмрдливите и најлоши материи, црна и грозна материја која се нарекува катран. Од него се добиваат и мириси и бои! И не се наоѓа во слична, погодна состојба, туку делотворниот потребен елемент е помешан со други материи и неговото издвојување бара многубројни обиди, експерименти и труд. Кој ја читал книгата „Вечна ученичка“ дознал како добивањето на еден грам радијум изискувало филтрирање на огромна количина на разни материи и спроведување на постапки и процеси кои следеле после тоа, а кои траеле со години.

 

            3 - Сè до сега, не сме откриле за овие вселенски закони, кои ги поставил Господарот на вселената, ниту толку колку што е капката вода од морето. Видовме во нив големи чудеса и ова малку што сме го откриле го вброивме во она што го нарековме науки (научни дисциплини). Така настанале биологијата, хемијата, физиката, физиологијата, медицината и останатите научни дисциплини. На секоја оваа научна област & се посветиле одредени луѓе и се занимавале исклучително со неа, како би ги сфатиле и разбрале Божјите закони и како би откриле уште повеќе.

 

            4 - Откривме дека во вселената има некои нешта кои нам ни штетат и нешта кои ни користат. Има два вида на користи и штети:

1 - Она што се случува преку надворешна, видлива причина, во склад со природниот закон кој сме го откриле, како кога ќе престане да чука нечие срце после земање на отров. Дознавме преку искуството и експериментите за неговото дејствување врз срцето.

2 - Она што се случува без надворешна, видлива причина и не се засновува на некој познат закон, како кога ќе престане да чука срцето на здрав човек одеднаш заради срцевиот удар, а чија причина е непозната.

Овие двете категории и видови се од Возвишениот Бог. Единствено Тој дава корист или штета.

 

            5 - Возвишениот Бог го создал човекот со склоност да биде корисен и човекот се служи со сите средства тоа и да го оствари. Бог го создаде човекот природно склон да ја мрази штетата и тој ги користи сите средства и лукавство да ја отстрани од себе. Бара помош и во тоа ја употребува целата сила. Некое барање на помош верата го дозволува, а некое го забранува сметајќи го за спротивно на верувањето. Тогаш кое барање на помош е дозволено, а кое е забрането? Ако ти се разболи детето, па повикаш лекар да го прегледа и да одреди лек, си го извршил она што е дозволено, затоа што си се користел во лечењето со природниот закон кој го поставил Создателот на вселената и со човекот кој го познава законот. Но, ако си повикал надрилекар за да му одреди лек без знаење и почитување на природните закони, тоа би било забрането барање на помош. Кога би дошол покрај гробот на лекарот и би го повикувал да ти помогне, тоа би било забрането барање на помош. Но, ако науката е немоќна, или лекот не користи, па си се помогнал во лечењето со молитва или милостиња, или си побарал од добар човек да те учи на молитва, тоа е дозволено барање на помош. Ако си застанал покрај гробот на добар човек и си барал од него помош, тогаш тоа е забрането барање на помош. Давањето на лек на болниот како средство за оздравување е дозволено. Но, кога би го зел лекарскиот рецепт, па би направил од него талисман и би го закачил на вратот на болниот или кога би го ставил во вода, па би го напоил со таа вода, со уверување дека тоа ќе го излекува, би го извршил она што е забрането.[1]

           

            Барање на корист од нешта кои Бог не ги направил надворешна, видлива причина, тие користи се забранети. Жена што не може да роди, ако бара помош од лекар и во лековите кои Бог ги дал, произведени во согласност со законите на науката, не направила ништо што е забрането или спротивно на верата. Меѓутоа, кога би поверувала, како стариците во Сирија, дека чукањето во алката на Ханбелијската џамија на ридот Касијун (кај Дамаск), во време на првата џума во месецот Реџеп, помага да затрудни, или кога би се послужила, како средство за забременување, со врзување на крпа на прозорецот на едно од турбињата[2], тогаш би направила нешто што е спротивно на чистото исламско верување. Од ова јасно се гледа дека потпомагањето со природните закони, обраќањето кон човек кој ги познава и земање на вообичаени средства за остварување на корист е дозволено, но под услов да веруваме и да ни е на ум дека единствено Возвишениот Бог е Оној Кој донесува корист, а не некој друг или нешто друго.

 



[1] Дозволена е употребата на рукја – читање на к*ран на болен човек (заб. на авторот).

[2] Турбе – Мавзолеј, гроб на политички важен или побожен човек, но неговото обожување е забрането во исламот (заб. на прев.).

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 15:15

ДОЗВОЛИТЕ И ЗАБРАНИТЕ МУ ПРИПАЃААТ

САМО НА БОГА

 

            Ползите до кои доаѓаме, согласно на законите на природата, се овосветски. Затоа што, Возвишениот Бог ги поттикна нашите разуми кон откривање на нови закони, а не ги поттикна на откривање на она што е зад материјата - метафизичкото. Работиме на стекнување на корист и отстранување на штета во границите на материјата, на овој свет. На другиот свет не можеме да стекнеме ниту корист ниту штета. Па бидејќи Бог ја одредил причината на користа на идниот свет, а таа причина е извршување на ваџиб - должности со кои нè задолжил, и бидејќи ја одредил причината за штетата на идниот свет, а тоа извршување на харамот - она што ни го забранил, потоа забраните и дозволите, врз кои се базира наградата или казната, Му припаѓаат исклучиво на Возвишениот Бог
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 15:15

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ОД НЕГО

 

            Човекот љуби и презира. Сака вкусна храна, убава глетка. Мажот ја љуби сопругата. Понекогаш претерува во оваа љубов, па тука се измешуваат и некои облици на обожување, но покрај тоа, таа е ограничена како и секоја друга, човечка љубов. Ја сакаме користа која ја постигнуваме од она што го сакаме и сласта која ја чувствуваме во близината на љубената личност. Но, кога љубениот ќе заболи од болест која го унакажала и од која отпаѓаат неговите екстремитети и исчезнува неговата убавина, завршува и исчезнува и оваа љубов. Може, дури да се претвори и во презир и во омраза. А, љубовта која ја чувствува верникот кон Возвишениот Бог е апсолутна и безгранична. Дури, и она што го љубиме во овој свет го љубиме во името на Создателот Кој тоа го создаде, ни го потчини и ни даде моќ да се користиме со тоа, или да се насладуваме со неговиот изглед или допир.

 

            Човекот се плаши од многу созданија: се плаши од огнот, дивите ѕверови, смртоносниот отров, насилниците. Но, тој страв е ограничен. Тој се сведува на оддалечување од штетата која се крие во она што застрашува. И кога ќе се осигура од можна штета - стравот го напушта. А, стравот од Бога е апсолутен и неограничен. Љубовта кон Возвишениот Бог и стравот од Него спаѓаат во основите на исламското верување. Овие две својства се духот на обожувањето. Неопходно е да се напомена дека љубовта кон Возвишениот Бог не значи пишување на љубовни писма до Него, како што тоа го правел Ибнул Фарид, ниту таа да се нарекува „божествена љубов“, како што тоа му се припишува на Рабија ел-Адевија. Исто така, треба да се напомене дека стравот од Бога не значи стравување кое води во презир, ниту пак жалост која води во пореметување или неморалност. Љубовта кон Возвишениот Бог бива, и се реализира, со покорност, со давање на предност на Неговото задоволство над страстите на душата и заведувањата на демоните, како и следењето на Неговиот пратеник, нека е Божјиот мир над него: Kажи: „Ако Алах го сакате, мене следете ме!“ (Али Имран, 31). Значи, следењето е мерило на љубовта. А стравот од Него се постигнува со оддалечување од она што го забранил и со давање на предност на сласта на добрите дела и наградата на идниот свет над сласта на гревот на овој свет. Покорноста кон Бога не е како покорноста на Неговите созданија. Ние им се покоруваме на некои луѓе, потчинувајќи & се на Божјата заповед, како што е покорноста кон Пратеникот, нека е Божјиот мир над него, или одѕивајќи им се на законите на природата, или страв од опасноста. Народот му се покорува на владетелот, детето го слуша таткото, жената го слуша мажот, човекот го слуша оној кој му направил добрина во она што не му штети. Некој од нас, понекогаш, бива принуден на покорност, па се покорува плашејќи се од непријатност и вознемирување. Сите овие покорувања и потчинувања, освен покорувањето кон Пратеникот, нека е Божјиот мир над него, затоа што тоа претставува покорување кон Возвишениот Бог, се ограничени. Затоа што, апсолутната покорност Му припаѓа на Возвишениот Господар, Алах. Покорност во сè, во она што нам ни се допаѓа и во она што нам не ни се допаѓа, во она чија мудрост и целисходност ја разбираме и во она

што не го разбираме. Оваа покорност е плод на љубовта кон Бога и таа е нејзин доказ.



Изменето од DAIJA - 18.Септември.2007 во 15:16
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 15:17

к*рАНСКИ СТИХОВИ КОИ ГОВОРАТ ЗА БОЖЈИТЕ СВОЈСТВА

 

            Избегнував во оваа книга да влегувам во сколастички прашања и проблеми, и наведувања на разликите и неусогласувањата меѓу сколастиците. Но, кога е во прашање проблемот на стиховите кои говорат за Боќјите својства, неопходно е за тоа да се каже нешто повеќе, затоа што тоа е проблем за кој на долго и на широко се расправало. Возвишениот Алах се опишува Самиот Себе си во к*ранот со изрази кои се во основа поставени да упатуваат на земни значења и човечки намери, иако никој не е како Него, Господар и Создател. Возвишен е и Чист за да личи на созданијата Свои. Овие изрази, кога ќе се употребат и кажат за Бога, не можат да се разберат во исто значење во кое се разбираат кога ќе се употребат и кажат за созданијата. Кажуваме, на пример, „тој и тој е учен“, „тој и тој гледа“, а кажуваме дека Возвишениот Бог знае и гледа. Но, начинот на кој човекот знае и гледа не е како Божјето знаење и вид. Исто така, кажуваме: „Учителот седна на катедрата“. И кажуваме: „Возвишениот Алах се воздигна над Аршот!“ Го знаеме лексичкото значење на зборот „истиваун“ - седнува, се воздигнува, и го применуваме кога е во прашање учителот. Меѓутоа, не е можно ова исто значење да биде наменето и да мислиме на него кога велиме: „И Милостивиот Се утврди на Аршот“ (Та-ха, 5)

 

            Исламските научници во ова се сложни. Сите тврдат и признаваат дека цитатите за својствата се Алахов говор. Кога Возвишениот Алах вели: „А потоа Се воздигна над Аршот!“ (истева алел Арши), никој не може да каже дека не се воздигнал. Сите признаваат дека лексичкото, човечко значење на зборот „истева“ - „се воздигнал“ не било биквално во цитатот: „А потоа Се воздигна над Аршот!“ Но, овие научници и покрај тоа, имаат големи несогласувања околу тоа што се намерувало со овие зборови, откако се сложиле дека мора да се напушти учењето за лишеност на Бог од атрибути, како и учењето кое се засновува на споредувањето на Бог со другите суштества. Се прашуваат дали овие цитати имаат реално или метафоричко значење? Дали се објаснуваат и коментираат, или не? Оние кои се определиле за нивното коментирање кажуваат дека е „хакика“ - правата смисла и вистина за употребата на изразот во значењето на за кое е поставено. Ова е дефиницијата на „хакика“ кај повеќето сколастичари. Неспорно е дека овие изрази во арапскиот јазик настанале пред објавувањето на к*ранот и дека настанале за да упатуваат на овоземски, материјални значења. Дури, не се ни во состојба да ги изразат човечките чувства, а да не зборуваме и за објаснувањето на атрибутите на Возвишениот Бог, Создателот на луѓето. Приказите на убавината и нејзините форми се безбројни, а кај нас за сето тоа има само еден збор „џемил“ - убаво. Јазиците се немоќни да го опишат чувството на убавина. Ист е случајот и со љубовта, нејзините видови и категории, со различните доживувања и со сиромаштијата и ограниченоста на јазичните изрази да ги опишат овие видови и категории. Како тогаш да ги опфатат Божјите својства и да го објаснат нивниот квалитет? Ако „хакика“ е  - суштина, вистинита е употребата на изразот во значењето за кое е поставено, а изразите „истева“ - „се воздигна“, „џее“ - „дојде“, „хадиун“ - „оној кој мами“, „јемк*ру“ - „прави сплетки“, „несијехум“ - „ги заборавил“, поставени се да упатуваат на овоземските, материјалните и човечки значења. А во цитатите: „Се воздигна над Аршот“, „Дојде Твојот Господар“, „Тој ги мами“, „И Алах ги спречуваше“, „Па ги заборави“, не се употребени во ова значење во кое се настанати; овие изрази не се „хакика“, во согласност со наведената дефиниција на „хакика“. А тие кои негираат дека тие изрази се уотребени во метафоричко значење - меџаз, а меѓу нив е и Ибн Тејмие, ја дефинираат „хакика“ со друга дефиниција, па велат: „Толкувањето на овие изрази со метафоричко толкување и убеденоста дека тоа се имало во намера е неприфатливо, затоа што метафоричките знаења се, исто така човечки“. Ги набљудував овие цитати, и видов дека тие можат да се распоредат во три групи:

 

            1 - Во цитатот кој говори за Возвишениот Алах, како што е : „Милостивиот се возвишил над Аршот!“, не велиме дека не се возвишил, затоа што во тој случај би негирале нешто што Алах го утврдил и востановил. Исто така, не кажуваме дека седнал на Аршот, како што човек седнува на столче, затоа што во тој случај би Го споредиле Создателот со созданието. Туку веруваме дека е ова Алахов говор и дека Алах има во тоа намера, чија права смисла и детали не ги разбираме, затоа што тоа не ни го објаснил подетално, а човечкиот ум е немоќен да ја спознае оваа вистина.

 

            2 - Цитатите кои се наведени, по стилот познати кај стилистичарите како „мушакеле“ - еугма, т.е., означување на поим со несоодветен израз само затоа што доаѓа со нив во врска. На пример, како што некој рекол: „Велат: - Предложи нешто, ќе ти го подготвиме печено. Реков: - Испечете ми ги наметката и кошулата!“ И како што се зборовите на Ебу Темам за битката кај Амурија, со кои им одговара на астролозите, кои тврделе дека победата доаѓа само после зреењето на смоквите и грозјето: „Деведесет илјади, како лавовите на Шера, созреаја нивните кожи пред зреењето на смоквите и грозјето“. Цитатите кои се наведуваат во ваков стил се многубројни: „Заборавија на Алах, па и Он ги заборави“. Зборот „заборавија“ дошол во лексичко значење, а тоа е отсуство на факти од меморијата. Но, зборовите „фе несијехум“ - „па ги заборави“ дошле заради „мушакела“. Со неа не се мисли на тоа значење, затоа што Возвишениот Бог не заборава. И не е „Твојот Господар оној што заборава“. Со други зборови кажано, зборовите „заборавиле“ употребени се во значењето за кои се поставени, а зборовите „па ги заборавил“ употребени се како цитат во друго значење. Таков е и цитатот: „Тој е со вас било каде и да сте!“ Сите се сложиле дека тоа е пратење преку знаењето, а не од Битието, затоа што почетокот на цитатот утврдува дека Возвишениот Алах се издигнал над Аршот. Од таква природа се и цитатите: „Ќе се позанимавам со вас, о луѓе и џини!“; и „Сплетки коваа, а Алах ги отстрануваше!“; „Дволичните, навистина, настојуваат да го измамат Алах, но Алах нив ги мами“ (Ен-Нис’а, 142). Овие цитати не можат да се разберат во согласност со нивното лексичко значење, туку треба да се разберат во значење како Му доликува на Возвишениот.

 

            3 -Цитати чија намера и значење објаснуваат други цитати, како што е цитатот: „Евреите говорат: ,Раката на Алах е стисната!‘ Стиснати се рацете нивни и нека бидат проклети за она што го зборуваат. И двете раце Негови се отворени. Тој снабдува како што сака.“ (Ел-Маида, 64) На значењето на овој цитат упатува цитатот: „И не држи ја раката твоја обесена за вратот, а ниту раширена толку долго…“ (Ел-Исра, 29) Се разбира од овој цитат дека намерата на пружањето на раката е благородност и дарежливост, а не изискува Бог да има две раце, како кај луѓето или животните. Возвишен е Алах за да би бил сличен на нешто. Во к*ранот се наведува: „Пред рацете на милоста Своја“ - т.е., пред милоста Своја. „Пред раката на тешката мака“ - т.е., пред тешката мака. „Не му доаѓа лага пред рацете негови“ - т.е., не му доаѓа лага ниту од било која страна. А, ниту милоста, ниту маката, ниту к*ранот немаат две реални раце.[1]

 



[1] Постои разлика помеѓу Возвишениот Алах и овие апстрактни поими со кои се означуваат некои предмети или дејствија. Бог е жив и не сме Го виделе за да знаеме има ли раце, за разлика од споменатите нешта. Кога се во прашање Божјите својства, должност на верникот е да верува во нив онака како што е спомнато во к*ранот и Суннетот без тевил (заб. на прев. од арапски, Енес Љеваковиќ и Ибрахим Хусиќ).

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 15:19

ВИДОВИ НА ИСКАЖУВАЊЕ НА ОБОЖУВАЊЕТО

 

            Срцето кое верува дека користа и штетата се во Божјите раце, дека дозволата и забраната Му припаѓаат на Бога, дека апсолутната љубов, стравот и покорноста Му припаѓаат само Нему, бива исполнето со величањето на Него, го чувствува значењето на „Алаху екбер“„Бог е Најголем!“. Секое нешто покрај Него станува минијатурно. Меѓу човековите дела има дела кои упатуваат на апсолутно величање, како што се: молитвата; прегибувањето и поклонувањето; клањањето, заветот, принесувањето на жртви, славењето, искажувањето на монотеизмот. Верникот овие дела Му ги посветува само на Бога. Само Нему Му се клања и поклонува, само Нему Му говори: „Субханеке“ - Славен Си и чист од секакви недостатоци, само од Него простување бара. Затоа што, сето ова се видови на искажување на апсолутното величање кое е суштина на обожувањето. Еден од најизразените видови на ова апсолутно величање е довата - молитвата. Лингвистички, дова значи повик. Шеријатот не забранува да молиш, т.е., да повикаш жив човек, кој го слуша твојот глас, да ти помогне со своето знаење или сила во, за тебе, корисна работа. Нема да говориме за овој вид на молба. Молбата на која мислиме овде, а која ја сочинува сржта на обожувањето е барањето на корист и отстранувањето на штета, без видлива материјална причина. Оваа молба е наменета само за Бога, директно или без посредници. Здравјето не се бара од лекарот, затоа што тој само одредува лек, а оздравувањето го дава само Бог. А, посебно, овие нешта не се бараат од мртвите или неживите нешта. Затоа што само Возвишениот Бог дава корист без надворешна, видлива причина. Верникот превзема мерки и го извршува она што е во негова моќ, а потоа ги бара последиците и резултатите од Бога. Она на кое луѓето не му ги знаат причините, го бараат само од Бога. Верникот моли и говори: „О, Боже!“ верувајќи дека вратата е отворена и дека ќе му биде услишена молитвата; не се моли никому освен на Бог, ниту пак на некој покрај Него, ниту зема посредник помеѓу него и Бога. Ова е молитвата која ја претставува сржта на обожувањето.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3940414243 54>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,438 секунди.