|
Нострадамус |
Внеси реплика | страница 123 7> |
Автор | |
^mackica^
Нов член Регистриран: 06.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 8 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 06.Јули.2007 во 02:31 |
sto bi rekle za nego i za negovite predviduvanja,pameten covek bil,pocnaa da se ostvaruvaaat negovite predviduvanja,a dali kje se ostvari se pa i ona najstrasnoto....sto mislite
|
|
ja nisam luda al zivim ludo
|
|
rome
Сениор Регистриран: 10.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 492 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
toj ona sto go pisuva je tolku iskomplicirano sto nemozat tocno da go prevedat ama ako nesto se sluci vo svetot lugeto prbvaat da go ispletkaat toa vo ona sto toj pisal,za mene toj ne je tocen .
|
|
Zaljubena vo Hristos nashiot Edinstven Spasitel
|
|
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Памтам дека во девеесетите гледавме некаков филм со Орсон Велс снимен во 70-80ти, во кој тој ги кажува „страшните“ пророштва на Нострадамус.
И ништо од тоа не стана.
Сето тоа е напишано премногу симболично и неконкретно(и со сосема друг јазик и начин на изразување) што може да се толкува на милион начини.
|
|
MisIcA,
Сениор The first MISS suspended Регистриран: 01.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 1089 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
bidejki ja imam knigata od toa sto e zapisano odnosno protumaceni stihovite nema vrska. vo knigata poslednite stihovi se do 2002 god kade sto se predviduva golema islamska vojna na jadransko more(seuste ja nema ) kako i silen zemjotres na apeninskiot poluostrov kade sto italija ke se oddeli od nejziniot severen del (abe uste cekam zemjotres da me potopi)kako i golema studena vojna megju anglija, francija i italija.sega ova da ocekuvame vo idnina ili od ova nisto
ne veruvam na nieden stih kako sto e protolkuvan a najmalku na filmot (koj e sniman spored knigata)koj e mizerno napraven Изменето од MisIcA, - 06.Јули.2007 во 11:53 |
|
атеист да бидеш е слично како да си далтонист
а цел живот да пишуваш и зборуваш за боите...(модератор аџија) |
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Неговото правилно име е Michel de Notredame. Роден
е во Saint-Rémi, Прованса на 24 декември 1503 година. Татко му бил
нотар во своето време и тоа му овозможило да студира медицина на
Универзитетот во Montpellier. Дипломира на 22 години, иако со медицина
не се занимаваше до својата 26 година, кога и го доби својот надимак
Нострадамус, латинизирана варијанта од неговото презиме. На оваа
возраст Нострадамус се жени и имаше две деца. Но, црната треска која
направи пустош низ цела Франција беше обележана и со смртта на неговата
жена и двете деца.
Терапиите кои ги создаде Нострадамус спасија стотици животи што резултира со негово прославување меѓу народот. Оваа негова слава му овозможи да почне да се движи во Салонот на Прованса од кадешто се роди и неговиот брак со една богата вдовица со која имаше неколку деца од кои ќе го издвоиме неговото првороденче Цезар кон кого и беа адресирани неговите посмртни писма. Истата година кога се роди и Цезар, Нострадамус ја издаде својата прва книга за рецепти на мармалади и козметика, но исто така ги издаде и своите први белешки со предвидувања. После неколку месеци, кралицата на Франција, Каталина де Медицис оствари контакт со Нострадамус за да ја запознае неговата дарба за предвидување. Тоа му овозможи на алхемичарот да продолжи да ги пишува своите предвидувања, и на тој начин економски да ја искористува вербата на неговите современици. Неговите предвудувачки белешки биле пишувани на тој начин што не ги почитувале јазичните и граматичките норми. Тој пишувал мешајќи хебрејски, француски и латински. Некои критичари објаснуваат дека ваквиот начин на пишување всушност претставува еден вид на одбрана од евентуални обвиненија од страна на Црквата, а истовремено и начин како да ги оддалечи необразованите и љубопитните. Во секој случај, овој начин на пишување се јавува како една голема контрадикторност, земајќи го предвид фактот за неговите врски со високите класи и француската монархија. Групата современици кои го напаѓаа и не го почитуваа во врска со своевидниот начин на кодификација на документите на Нострадамус кажуваат дека тоа претставува начин како Нострадамус не би изнесувал конкретни претскажувања кои би ја покажале неговата „фарса“. Од друга страна пак, некои критичари говорат дека Нострадамус во своите белешки со сигурност ги предвидел следниве големи настани од светски размери: - Големиот пожар во Лондон - Француската револуција - Поразот на Наполеон на Ватерло - Падот на моќта на Хитлер - Шпанската граѓанска војна - Двете светски војни - Атомските бомби во Хирошима и Нагасаки ... И вистина, доколку внимателно се простудираат белешките на Нострадамус може да се откријат доста интересни коинциденции со конкретни настани кои на некој начин со право предизвикуваат реален сомнеж да бидат сфатени како доста точни предвидувања. Но, во секој случај не треба да се занемари и фактот дека голем број на предвидувања од страна на Нострадамус запишани во неговите белешки не соодветствуваат со конкретни настани, што од друга страна кажува дека дешифрирањето на истите може да нè доведе до доста тешки интерпретации. Па затоа, доколку се обидувате да дешифрирате некои од белешките на Нострадамус, бидете внимателни како тоа ќе го интерпретирате. |
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ШТО ПРЕДВИДЕ НОСТРАДАМУС
Од 2007 до 2012 трета светска војна, банкрот на САД... Периодот од 2007 до 2012 година ќе биде време на неволи, на многу војни, очај и зло, пишува на интернет-страницата „Нострадамус онлајн“ (њњњ.нострадамусонлине.цом) на која се објавени толкувања на пророштвата на најпознатиот светски пророк, Французинот Мишел де Нострадамус (1503-1566). Се споменуваат и надежи и ветувања, но од каде би дошле, тешко е да се заклучи. Тврдењата се базирани на книгата „Кодот на Нострадамус: Третата светска војна“ (сличноста со „Кодот на Да Винчи“, веројатно, е случајна) на д-р Мајкл Ретфорд. Меѓу другото, книгата детално го опишува и периодот во кој влегуваме, како и клучните актери во него, на пример, Осама бин Ладен. Поглавјето што се однесува на годините од 2007 до 2012 опишува како некој „луд водач“ од Блискиот Исток ќе дојде до нуклеарно оружје и со него ќе ја нападне Европа. Една бомба ќе заврши во источниот дел на Средоземно Море и ќе ги затруе рибите. Европските земји ќе се обидат да интервенираат, меѓутоа „водачот“ ќе го употреби остатокот од својот нуклеарен арсенал за напад на други делови од стариот континент, особено на Италија, а пред се на Рим. Но, и покрај сета лудост и моќта што ја има, тој челник се уште не е вистинскиот „антихрист“, кого Нострадамус честопати го споменува во своите пророштва, туку само негов претходник и помошник, кој ќе му го подготви теренот и ќе му го олесни доаѓањето. Според толкувањата, периодот што следува ќе биде обележен и со природни катастрофи – земјотреси, вулкански ерупции и поплави, како и со климатски промени што ќе предизвикаат суши и глад. Елементарните непогоди особено ќе ги потресат САД, при што светската велесила ќе банкротира во обидите да се соочи со природата. Користејќи ја нивната тешка ситуација, „антихристот“ ќе ја преземе власта во Азија и на Блискиот Исток. Сето тоа заедно – стравот, сушите, гладот, непријателствата, поплавите и потресите, лудаците и терористите – според Ретфорд, ќе доведе до трета светска војна. Се на се, вистинско време на неволи. Од каде доаѓаат надежта и ветувањата, веројатно појасно ќе им биде на оние што ќе го прочитаат бестселерот. Изворот на книгата се ракописи на славниот Нострадамус, кои членови на Италијанската национална библиотека ги пронашле во мај 2004 година. Наводно, синот на пророкот му ги подарил на папата Урбан Осми (1568-1644), а потоа речиси четири века лежеле скриени во римските архиви. Со комбинирање традиционални методи и современи алгоритми, д-р Ретфорд дошол до техника за дешифрирање, која ја нарекол „Кодот на Нострадамус“. - Ако се согласувате дека широкораспространетиот тероризам, насилствата на Средниот Исток и економската депресија може да водат кон трета светска војна, тогаш оваа книга е вистинско отворање на очите – вели авторот. Освен актуелниот период, во неговата книга се опишуваат и досегашните активности на Бин Ладен, терористичките напади на САД, судирите на САД со Иран, односно со Северна Кореја. - Се плашам дека подготовките за трета светска војна се случуваат пред нашите очи - рекол јорданскиот принц Хасан, во контекст на толкувањата пласирани во книгата на Ретфорд. СПОРЕД СИМЕОН АТАНАСОСКИ Македонија да ги забрза реформите Астрологот Симеон Атанасоски уште во 1998 година во своите астролошки прогнози ги посочив како мошне опасни и деструктивни за планетата Земја периодите од 2010 до 2014 година, а особено 2011 и 2012 година. - Во овој период повеќе планети создаваат редок астролошки феномен со крстовидна форма. Ваквиот аспект на т.н. тешки планети. Јупитер и Сатурн, во однос на „брзите“ Мек*р, Венера, па и Марс, предизвикуваат негативни промени на Земјата. Тие неповолно ќе се одразат во повеќе региони во светот, а на удар е Европа во 2011 година, додека во 2012-та Далечниот Исток и Западна Америка ќе се соочат со сериозна закана од поголем воен судир и нуклеарна закана - вели Атанасоски. Според него, сигурни се земјотреси во Калифорнија и во Кина. Тој тврди дека со астролошките методи што ги практикува подолго време земјотресите може да се предвидат во релативно прецизен период со отстапување од максимум една недела. Споменатите земјотреси, по магнитуда го преминуваат 7-от степен по Рихтеровата скала. - Јупитер и Сатурн го аспектираат полето на Стрелец, кое е врската со религиозните заедници во светот, па можноста за судир на најспротивставените групи во светот е максимална – објаснува тој. Атанасоски смета дека Македонија треба да ги забрза реформите и да дејствува единствено од внатрешнополитички аспект, пред се во периодот од 2008 до 2010 година, за да не биде доведена прашањето за евроинтеграциите да биде ставено во втор план поради светската нестабилност, која ја очекува и Европа. |
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
да да анакин, пазам , ама не можев да се воздржам оти сакам да видам од каде ке и влезе ?
брза, ма добра е Ацелера, сите сме добри, само при крај сме со живците, знаеш како е на стари години, па секој си тера своја политика анакин брат, значи Нострадамус бил човек, пошто јас мислев дека е ѕвер а сега има ли останато потомци од него ? таман за да сме у тек со темава |
|
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
kakvi stari godini,..?!!,....a,nostradamus,...da im se posvetil na potomcite,...sega,nemashe da imame shto da chitame od nego,...
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
хехехе, со сум смотана
сега прочитав дека загинале жена му и децата а иначе негово хоби било астрономијата , така ли е брза ? |
|
|
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
хахахахаха брза
а шо ? има ли и паметни на овај свет ? |
|
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pisuval Nostradamus ... sega nasa rabota e da vidime dali toa se ostvaruva ... se nekade ima nekoj zemjotres ... cunami ... razni katastrofi ... od mozni mnogute nastani ... edna e realnost ... vcera gledav film so Adolf Hittler ... da ne dolzam ... go ranija ... ako toj k*rsum go dokusurese ... milioni ludje ke bea denes zivi ... i ke se rodea milioni ludje ... koi denes ne se vo realnosta ... iako ima razni katastrofi ... bilo prirodni ... ili nie toa si go nanesuvame ... so razvojot na covekovite prava ... ke bide poinaku ... ima nacini da se izbegnat mnogu katastrofi ... |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
Анжелика
Сениор Регистриран: 22.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Fala na Acelera i Marko Anthony za postovite interesni informacii. pisete poveke. a ovaj nasiot astrolog ima nesto sajt ili slicno kade moze da ti napravi natalna karta ili horoskop?
|
|
..........
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Натална карта, хороскоп и сл. е waste of time други работи одредуваат како ке ти се одвива животот, а не Сатурн акое во 11 куќа тогаш е ок.
За Нострадамус, повеќе утнал него што погодил А и тоа што го погодил и јас можев да го претскажам |
|
JASTREB
Група Регистриран: 14.Септември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 61 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Chovekot samo rabotel. Dali e toa taka i dali bil pameten toa treba choveshtvoto da go kaze.
|
|
,,VENE VIDI VICI,,
|
|
Внеси реплика | страница 123 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |