|
ВЕРСКИ ВЕСТИ |
Внеси реплика | страница <1 4041424344 86> |
Автор | |
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
E pa CAIR pisuva, ovoj protestantot od Skopje e. da ne si TI?
|
|
butel2
Сениор Регистриран: 26.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 4138 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
greska si, vo Cair nema vakva zgrada, nemoj da podmetnuvate |
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
khaleefah
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор "The Khilafah is Coming..." Регистриран: 25.Септември.2006 Статус: Офлајн Поени: 1115 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Drugo misli taa butel...
Ama eve jas ja cekam da kaze pa da ja izrezilam |
|
Averoes
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 07.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 299 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шетање свињи и обилен оброк со свинско се двете точки кои италијанските радикални десничари ги најавија за протестот наречен "Денот на свињата" организиран против најавената изградба на џамија во северна Италија.
Организаторот Роберто Калдероли од анти-емигрантската Северна Лига, планира да понесе сопствена свиња на "дефилето" кое треба да се одржи на местото каде што е планирана изградбата на џамија во Болоња. "Јас и мојата свиња се ставаме на располагање за прошетката на местото каде што треба да се гради џамијата. По ова планирам да изедам една голема порција свински кременадли за да покажам колку ми е гајле за оние кои сметаат дека свинското е забрането месо," порачал Калдероли. На ова реагираа водачите на муслиманската заедница во Италија за кои ваквите зборови се "крајно навредливи и недостојни, посебно ако се има во предвид што тие доаѓаат од италијански законодавец." Неодамна, нешто повеќе од 20 лица, меѓу кои и поранешен црковен свештеник, одржаа протест во Џенова по повод најавата за изградба на џамија во градот, која според нив е навредлива бидејќи е во близина на црква. Учесниците на протестите предводени од свештеникот испеаа и неколку молитви и покрај барањето на католичката црква да не го чинат тоа. Во декември 2006-та, демонстранти оставија отсечена свинска глава пред џамија во изградба во Тоскана. Во јули полицијата уапси еден имам под сомнение дека водел "училиште за терористи" во џамија во централна Италија. По апсењето, Северната лига повика на затворање на сите џамии во земјата заради нивна проверка. Инаку, минатата година Калдероли го изгуби своето место во италијанската влада, заради носење на маица со карикатура на пророкот Мухамед. Последна промена: 14.09.2007 # |
|
NE POSTOJAT LUDI LUGE, TUKU SAMO TAKVI, KOI NE SE VO POTPOLNOST SFATENI OD OSTANATITE !
|
|
Averoes
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 07.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 299 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
NE POSTOJAT LUDI LUGE, TUKU SAMO TAKVI, KOI NE SE VO POTPOLNOST SFATENI OD OSTANATITE !
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Она што е свето за еден, не е свето за друг. Жално но вистинито.
Само поради тоа што кај нас не е забрането свинското месо не значи дека треба да ги провоцираме тие што не го конзумираат од верски побуди. Разликите во религиите а и во интелигенцијата доведуваат некогаш и до вакви срамни гестови. Изменето од ACELERA - 14.Септември.2007 во 18:33 |
|
Averoes
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 07.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 299 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
NE POSTOJAT LUDI LUGE, TUKU SAMO TAKVI, KOI NE SE VO POTPOLNOST SFATENI OD OSTANATITE !
|
|
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Водоча (06.09.2007) Денес, на денот на светиот свештеномаченик
Евтихиј, во параклисот на свети Григориј Палама и Старец Јосиф Спилеот
во манастирот во Водоча, Божествена Литургија отслужи Митрополитот
Струмички г. Наум. Толкување на Владиката Наум на денешното Евангелие:
...И кога се крена оттаму, отиде во пределите Тирски и Сидонски;
и кога влезе во една куќа, сакаше никој да не Го узнае, но не можеше да
се сокрие. Зашто чу за Него една жена, чија ќерка имаше нечист дух, па
како дојде, падна пред нозете Негови. А таа жена беше друговерка, по потекло Сирофеничанка; и Го молеше да го истера бесот од ќерка ѝ. Но,
Исус и рече: „Остави најнапред да се насити челадта, зашто не е добро
да се земе лебот од челадта и да им се фрли на кучињата.“ А таа одговори и Му рече: „Да, Господи! Но, и кучињата јадат под трпезата, од трошките на челадта.“ И ѝ рече: „За тој збор оди си! Бесот излезе од ќерка ти.“ (Марко 7, 24-29) Да резимираме: што, всушност, се случи со жената Сирофеничанка при нејзината средба со Христос? Прво,
таа го прифати Христовото однесување (метод на крајно игнорирање) кон
неа т.е. Неговото дело. Второ, го прифати Неговиот збор (крајно
навредлив) за неа, а со тоа и Неговото учење. Трето, таа ја прифати
Неговата волја и Промисла (метод на крајно понижување) за неа во врска
со нејзиното спасение. И бидејќи ги прифатила делото, зборот,
Промислата и волјата Христови, неизбежно веднаш ја прими и благодатта
Христова и личносната заедницата со Него. Нејзината молба веќе имаше
друг квалитет и вредност пред Него: „И во тој час оздраве ќерката нејзина”. Какво значење има сето ова за нашиот духовен живот? Однесувањето
на жената Сирофеничанка кон Христа покажува каков треба да биде нашиот
однос кон духовниот отец т. е. какво да биде нашето послушание кон оној
кој во нашиот живот претставува икона Христова, седи на местото и во
образот Христов. Кон оној кого слободно и љубовно го одбираме и под чиј
просветлен ум своеволно и доброволно го покоруваме нашиот од гордоста
расеан и помрачен ум, сѐ додека, преку растење во послушанието, Самиот
Христос не се изобрази и вообличи во нас. Сѐ додека не стигнеме до
степенот на ’просветленост на умот’. Така,
најпрвин ние сме должни да го прифатиме делото на нашиот духовен отец
во однос на нас. Неговото однесување кон нас може да биде свесно
небрежно, занемарувачко дури и понижувачко. Понекогаш, особено кога ни
треба, може да се случи да не можеме да го видиме, дури ни да го
слушнеме по телефон за подолг период. Другпат ќе забележиме дека
снисходи кон некој друг за разлика од строгиот однос кон нас. Но сето
тоа, преку аскетско смирение и послушание, треба да го прифатиме и
примиме како исправно и спасително однесување кон нас, кое нѐ чисти од
нашата гордост и суета, од нашето мнение и славољубие. Не смееме да
дозволиме демонскиот сомнеж, кој секогаш наоѓа укрепа во нашето
повредено високо мислење за самите себе, да ја поткопа нашата вера во
Божјата Промисла за нас изразена преку делата на нашиот духовен отец.
Кога сме во манастир, сите непријатности што можат да ни се случат од
страна на човек, не можат да бидат големи искушенија, туку Господ
понекогаш допушта ние како такви да ги почувствуваме за наше побрзо
очистување и духовен опит. Манастирот е посебно место, во него и
искушенијата и благодатта се многу поголеми отколку во светот. Особено
се големи менталната и душевната борба со демоните. Ова само од опит
може да се знае. Второ,
должни сме да го прифатиме зборот на нашиот духовен отец за работите во
секојдневниот манастирски живот без поговор. На секое наше знаење, кое
во извесна област од практичниот живот може да биде и поголемо од
обично, често и од знаењето на духовниот отец во таа област, треба да
му го претпоставиме судот на духовниот отец, за да се сочуваме од пад
во непослушание. Не сме дошле во манастир заради земјоделие,
сточарство, градежништво или издавачка дејност и слично, туку заради
очистување на срцето и просветлување на умот, заради умносрдечната
молитва и заради совршена лична заедница со Бога, Света Троица. Трето,
должни сме да ја прифатиме волјата и расудувањето на духовниот отец
како наша волја и наше мислење и да постапуваме според неговиот
последен збор. Битно е исправноста на сите наши посебни мисли, желби и
чувства да ја проверуваме со нашиот духовен отец. Секако, проверката
претпоставува и изложување на нашите ставови и видувања, но без оглед
на степенот на нашето поистоветување со нив и душевната болка што ќе ја
претрпиме, ние мора да ги восогласиме со последниот збор на отецот.
Особено ваквото послушание е пресудно во периодот на ’очистување на
срцето’ и не смее да се напушти до моментот на добивање на дарот на
умносрдечната молитва. Друг редовен пат нема. Единствено нешто заради
кое треба да се загрижи духовното чедо е кога ќе забележи дека
духовниот отец се однесува кон него со посебно внимание: без да му
подвикне, без да го игнорира, без да го опомене итн., тогаш треба да
знае дека е надвор од патот. Без ваков аскетски подвиг на послушание,
како што погоре го објаснивме, никогаш нема да воспоставиме личносен
однос со духовниот отец, ниту пак со Христос. Послушанието
неизбежно ќе ни ја донесе благодатта Христова и ќе нѐ подигне од нашата
„пониженост”, од затвореноста на срцето, од нашето ропство на страстите
и на со нив поврзаните демони. Ако, пак, не сме послушни, односно не ги
прифатиме делото, зборот, расудувањето и волјата на оној кого Христос
го поставил за наш учител и водач во духовниот живот, тогаш ја губиме
личносната заедница со Бога, бидејќи Христос вели: „Кој го прими оној
што го праќам Јас, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, Го прима Оној,
Којшто Ме пратил” и обратно: „Кој се откажува од вас, од Мене се
откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној што Ме пратил”. (според записот на сестрите од манастирот)
|
|
butel2
Сениор Регистриран: 26.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 4138 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ovie denovi pominuvajki niz parkot vo Cair vidov kako se podigaat satori, i si vikam , sto e sega ova, sto li ke pravat.
prvo si mislev moze ke ima nekoja zabava, pesni i taka... vcera koga pominuvav, vidov mnogu mazi vo satorot i okolu nego, ama bas i ne primetiv sto navistina se slucuva. denes, koga pominuvav veke mi bese jasno. Vo satorot bea postaveni masi, nadvor kazani ( ne bas kazani, ama golemi tendzerinja ). okolu postaveni zvucnici, se slusase muzika za Ramazan , i sega ne znam sigurno, samo predpostavuvam, toa bi trebalo da bide kako nekoj iftar, nadvor, na otvoreno. I sega sto ne mi se dopadna. Ne mi se dopadna bidejki seto toa e postaveno vo eden park a znaeme zosto sluzat parkovite. Vo red e da toa ednodneven hepening, no vo prasanje e cel mesec. Mene mi izgleda bas nevkusno. i da, ne vidov niedna zena tamu. |
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ИВЗ веќе нема проблеми со радикалните структури
Исламска
заедница веќе нема проблем со радикалните структури и ги има под своја
контрола сите џамии, па и Јахја-пашината џамија, изјави вчера
реис-ул-улема Сулејман Реџепи. (Б.Ѓ.) |
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нови конаци се градат во бигорскиот манастир
Камен-темелник
на нов објект вчера беше осветен во манастирот Свети Јован Бигорски,
каде што се славеше патрониот празник Отсекување на главата на Јован
Крстител. Дебарско-кичевскиои и плаошки митрополит Тимотеј
најави дека со ова почнува изградба на конак, црква и на библиотека со
духовна литература. Со утринската литургија чиноначалствуваа
митрополитот Тимотеј и брегалничкиот митрополит Иларион, а присуствуваа
околу 1.000 гости и верници. (З.Г.М.) |
|
Averoes
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 07.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 299 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
NE POSTOJAT LUDI LUGE, TUKU SAMO TAKVI, KOI NE SE VO POTPOLNOST SFATENI OD OSTANATITE !
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изложба во Осоговскиот манастир
Во
конаците на манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка од
денеска ќе бидат изложени новосоздадените слики од ликовната колонија
што се одржа во манастирот. Во манастирската ликовна
галерија ќе бидат претставени околу 30 ликовни дела од нашите уметници
Роберт Цветковски, Тања Таневска, Решат Амети, Анка Данаиловска,
Адријана Петровска, Данчо Ордев и Дејан Иванов, Анка Крашна од
Словенија и од Дона Стојанова и Ѓорѓи Андонов од Бугарија. На изложбата
свои дела ќе изложат и Димитар Стојчевски и Никола Ивановски-Балтон,
познати македонски академски сликари, кои заедно со денес покојниот
Петар Мазев во 1987 година ја основаа Осоговската колонија. |
|
Внеси реплика | страница <1 4041424344 86> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |