IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 68>
Автор
Порака
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2007 во 00:44

Свети Виктор     05/09/2007

Пострада во Марсеј, во 3 век. После тешки измачувања беше фрлен во затвор, каде што ги обрати во верата Христова чуварите. Умре распнат на крст.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2007 во 20:59

Светиот свештеномаченик Евтихиј

Еден од помалите апостоли, родум од Севастопол. Ученик и подражател на Светите апостоли Јован Богослов и Павле. Иако не е вбројан во Седумдесеттемина апостоли, сепак се нарекува апостол затоа што им беше ученик на големите апостоли и затоа што во евангелската служба покажа вистинска апостолска ревност. Посветен за епископ-мисионер, Евтихиј многу патуваше, имајќи за сопатник ангел. Во затворот примаше небесен леб од ангелот. Кога му го стружеа телото со железо, од него течеше крв со необично благоухано миро. Го фрлаа во оган и на ѕверови, но најпосле го убија со меч во Севастопол.

Светиот маченик Татион

По потекло од Мантинеја, близу Клавдиопол во Витинија. Страдаше во времето на Диоклецијан. После големи мачења жив го зарија во земја и така ја предаде душата на Бога.

Светата маченичка Сира

Роднина на Св. Марија Голиндуха (12 јули). Персијанка, од градот Хирхаселевкос, ќерка на голем жрец огнопоклоник. Воспитана во незнабоштво, девицата Сира дозна за Христос од некои бедни жени христијанки и нејзиното младо срце се распали со љубов кон Господ. Еднаш кога боледуваше, а додека сѐ уште не беше крстена, побара од христијанскиот свештеник прав од црквата, но тој како некрстена ја одби. Тогаш таа со голема вера се допре до одеждите на свештеникот и оздраве. Тоа чудесно исцеление уште ја доутврди во Христовата вера. Но нејзиниот бездушен татко ја предаде на измачувања, при што беше охрабрувана со небесни виденија. Ја удавија насилно со коноп и ја потопија во вода, во 558 година, во времето на персискиот цар Хозрој I, а во осумнаесеттата година од нејзиниот живот. Така оваа Света девица го заврши патот на земјата и се пресели во ангелските престојувалишта на небото.

Преподобен Арсениј Комељски

Родум од Москва, од род на големци. Како момче стапи во монаштво во обителта на Св. Сергеј Радоњежски. Бидејќи беше примерен монах, го избраа за игумен. Но тој жеднееше за молитвена осаменост и се оддалечи во Комењската шума, каде што се подвизуваше до смртта, борејќи се храбро со големите демонски искушенија. Се упокои во Господ во 1550 година.

Свети Георгиј Лимниот (Езерски)

Исповедник. Голем подвижник Олимписки. Пострада на старост од деведесет и пет години, во времето на иконоборството, во 716 година.



Изменето од чаир - 06.Септември.2007 во 20:59
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2007 во 12:00

Свети Исус Навин

Водач на еврејскиот народ после смртта Мојсеева. Тој и Халев единствени од неколкуте стотици илјади Евреи влегоа во Ветената Земја. (За неговата верност кон Бога, за неговите чуда и дела, читај во Книгата на Исус Навин). Поживеа сто и десет години и се упокои околу 1440 година пред раѓањето на Исус Христос.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2007 во 12:01

Почеток на црковната година
(начало на индиктот)
     14/09/2007

Првиот Вселенски Собор определи црковната година да почнува на 1 септември. Месецот септември кај Евреите беше почеток на граѓанската година (Исх. 23, 16), месец на собирање на плодовите и принесување жртви на благодарност кон Бога. Во времето на ова празнување Господ Исус влезе во синагогата во Назарет и ја отвори книгата на Пророкот Исаија и ги прочита зборовите: „Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза за да им благовестам на бедните, Ме испрати да лекувам скрушени по срце, да им проповедам на заробените отпуштање и на слепите прогледување; да ја проповедам благопријатната Господова година и денот за одмазда на нашиот Бог“ (Исаија 1 - 2). Уште овој месец септември е значаен во историјата на христијанството по тоа што во него царот Константин Велики ја однесе победата над Максенциј, непријателот на Христовата вера, а на таа слобода ѝ уследи слободата на христијанската вероисповед во целото римско царство. Долго време во христијанскиот свет и граѓанската година беше сметана од 1 септември; на 1 јануари се премести најпрво во Западна Европа, а потоа во Русија, во времето на Петар Велики.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2007 во 12:01

Преподобен Симеон Столпник     14/09/2007

Родум Сириец, од родители селани. Во својата осумнаесетта година побегна од родителите и се замонаши. Се предаваше себеси на најтешки подвизи, понекогаш постејќи по четириесет дена. Потоа се предаде на особен подвиг: имено, деноноќно сотеше на столб, во непрестајна молитва. Неговиот столб најпрво беше висок шест лакти, потоа му подигнаа еден од дванаесет, па од дваесет и два, па од триесет и шест, и најпосле столб висок четириесет лакти. Мајка му Марта двапати доаѓаше да го види, но тој не ја примаше, туку од столбот ѝ рече: „Не ме вознемирувај сега, мајко, ако се удостојам ќе се видиме во оној свет.“ Свети Симеон претрпе безбројни напади од демоните, но сите ги победи со молитва кон Бога. Овој светител изврши големи чуда и мнозина болни ги исцели со збор и со молитва. Околу неговиот столб притекнуваше народ од сите страни, богати и сиромашни, цареви и робови. И тој им помагаш на сите; на некои враќајќи им го телесното здравје, на некои давајќи им утеха и поука, а некои изобличувајќи ги заради нивната еретичка вера. Така ја одврати царицата Евдокија од Евтихиевата ерес и ја приведе кон Православието. Свети Симеон се подвизуваше за време на царевите Теодосиј Помладиот, Маркијан и Лав Велики. Овој прв столпник во христијанството и голем чудотворец поживеа сто и три години и се упокои во Господ на 1 септември, 459 година. Неговите мошти се пренесени во Антиохија, во црквата посветена на неговото име.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2007 во 21:45

Светиот свештеномаченик Антим     16/09/2007

Роден е во Никомидија и од детството воспитан како вистински христијанин. Телото му беше умртвено, духот смирен, зависта искоренета, гневот скротен, мрзливоста протерана,... имаше љубов кон сите, мир со сите; благоразумност покрај сѐ, ревност кон славата Божја, јавна за сите. Не е чудо што човек со такви добродетели беше поставен за епископ. Свети Антим епископствуваше во Никомидија во времето на лутото гонење на христијаните под свирепите цареви Диоклецијан и Максимијан. Особено во Никомидија христијанската крв се лееше во потоци. Една година на денот на Христовото Рождество во еден храм беа изгорени дваесет илјади маченици (види под 28 декември). Тоа се случи во времето на архиерејството на Антим. Но гонењето не заврши со тоа, туку продолжи, па мнозина христијани беа фрлени во затвор и така чувани за маки и убивање. Свети Антим се оддалечи во едно село, Оман, не за да ѝ побегне на смртта, туку за да може оттаму да го храбри своето стадо во подвигот на мачеништвото, за никој да не отпадне заради страв. Едно од неговите писма до христијаните во затворот го фатија и му го предадоа на царот Максимијан. Царот испрати дваесет војници да го фатат и да го доведат Антим. Белокосиот проѕорлив старец им излезе во пресрет на војниците, ги воведе во својот дом и ги нагости, па дури потоа им кажа дека тој самиот е Антим когошто тие го бараат. Восхитени од неговата добрина војниците му предлагаа да се скрие, а тие да му речат на царот дека не можеле да го најдат. Но Антим им одговори дека тој не смее да дозволи со лага да се престапува заповедта Божја и да се спасува неговиот живот, туку појде со нив. Патем војниците поверуваа во Христа и примија крштение од овој епископ. Изведен пред царот Свети Антим баше долго и луто измачуван, а најпосле го исекоа со секира. Го прослави Господа и се упокои во Него во почетокот од 4 век.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2007 во 21:46

Светата маченичка Василиса     16/09/2007

Деветгодишно девојченце. Пострада во Никомидија недолго после смртта на Свети Антим. Мачителите ѝ го прекрија со рани целото тело, но таа Му остана верна на Христа. Бог ја зачува во огнот и пред ѕверовите неповредена. Нејзиниот мачител Александар откако го виде тоа се покаја и ја прими верата Христова. Василиса излезе во полето, падна на колена да Му се помоли на Бога и да Му заблагодари за претрпените маки и го предаде духот свој на Господа околу 309 година
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2007 во 21:46

Преподобен Теоктист     16/09/2007

Сопостник и соподвижник на Свети Ефтимиј Велики. Теоктист беше игумен на Ефтимиевата Лавра што се наоѓаше на далечина од шест милји од Ерусалим кон Ерихон. Во сѐ му беше ученик на Свети Ефтимиј и под неговото духовно раководство управуваше со манастирот до својата деведесетта година. Со својот живот Му угоди на Бога и се упокои на средината од 5 век, во времето на ерусалимскиот патријарх Атанасиј.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 21:58

Светиот пророк Захарија

Таткото на Свети Јован Предвесник. Син Варахиин, од родот на Авиј, кој ја држеше осмата чреда на богослужење во храмот ерусалимски. Жена му беше Елисавета, ќерка на Совија, сестрата на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица. Во времето на царот Ирод, детеубиецот, еден ден Захарија служеше според својата чреда во ерусалимскиот храм. И во олтарот му се јави ангел Божји, од когошто Захарија се уплаши. А ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија“ (Лука 1). И му објави ангелот дека неговата жена Елисавета ќе роди син, според нивните молитви. А беа обајцата стари, и Захарија и Елисавета. Кога Захарија се посомнева во зборовите на небесниот известител, ангелот му рече: „Јас сум Гавриил кој стојам пред Бога.“ И онеме Захарија од тој миг, и не проговори додека не му се роди синот и додека не напиша на табличка: „Јован му е името.“ Тогаш му се отвори устата и Го величаше Бога. Подоцна, кога се роди Господ Исус и кога Ирод почна да ги убива децата во Витлеем, Ирод испрати да го најдат и синот на Захарија и да го убијат. Бидејќи Ирод имаше чуено за сѐ што му се случи на Захарија и како се роди Јован. Кога ги виде војниците Елисавета го зеде Јован на раце - тогаш имаше една и пол година - и побегна со него од дома, и бегаше по каменливи и пусти места. Гледајќи ги војниците како ја гонат, таа повика кон гората: „Горо Божја, прими ја мајката со дете!“ И се отвори карпата и ги скри во себе мајката и детето. Ирод, разјарен затоа што не го заклаа Јован, нареди да го заколат Захарија пред олтарот. Крвта на Захарија се истури врз меремрот и се стврдна како камен и остана така како сведоштво за злосторството на Ирод. А таму каде што се скри Елисавета со Јован, се отвори пештера и потече вода и со Божја сила израсна плодородна палма. Четириесет дена по смртта на Захарија се упокои и блажената Елисавета. И остана младенецот Јован во пустината, хранет од ангел и чуван од Божјата Промисла до оној ден кога требаше да се јави на Јордан.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 21:59

Светите маченици Јувентин и Максимин

Житието на овие двајца свети луѓе е малку познато, но нивното страдање за Христа е познато од беседата на Свети Јован Златоуст во нивна пофалба. Тие беа војници во времето на царот Јулијан Отстапник. На еден војнички пир во разговор со другите тие го осудија царот заради гонењето на христијаните. Некој му го јави тоа на царот и царот ги фрли во затвор. Некои од луѓето на царот ги посетија со намера да ги одвратат од вистинската вера, велејќи им дека многу од нивните другари се откажале од Христа. На тоа тие витешки одговорија: „За тоа токму ние мораме да стоиме храбро и да се принесеме себеси на жртва заради нивното отстапништво.“ Убиени се ноќе со меч. Но потоа се пронајдени нивните мошти, а од нив се пројави чудотворна сила.

Светите Седумдесетмина маченици

На чело со Урван, Теодор и Медимнон беа избрани од цариградските христијани во времето на Валентовото гонење на православните, како најблагочестиви и најугледни граѓани на престолнината да појдат во Никомидија за да го молат царот еретик (аријанец) барем животите на православните христијани да им ги поштеди. Царот се разјари и им рече да се вратат, а тајно им нареди на корабџиите кога ќе испловат со коработ на море да го запалат, а самите да се спасат скришно и да се вратат во чамец. Злите слуги на злобниот господар направија така. Телата на овие храбри Седумдесетмина беа изгорени и потопени во морето, а нивните души испливаа во пристаништето на вечното блаженство.

Преподобен Атанасиј

Се подвизуваше во Вилна и подоцна беше игумен на манастирот во Брест. Заради својата непоколебливост во Православието, беше убиен од католиците на 5 септември, 1648 година. Моштите му чудодејствуваат во Брест.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2007 во 20:48

Светите апостоли Евод и Онисифор     20/09/2007

Овие беа апостоли од Седумдесеттемина. Евод го спомнува Свети Игнатиј во своето Послание до Антиохијците со голема пофалба. Евод му беше ученик на Светиот апостол Петар и негов наследник во чинот епископ Антиохиски. Тој напиша дело за Пресвета Богородица, во кое изложува како Светата Дева е воведена на Нејзината тригодишна возраст во храмот; како остана во храмот единаесет години; како кога влезе во петнаесеттата година му беше предадена на Свети Јосиф за да ја чува и како во петнаесеттата година Го роди Господ. Напиша и едно друго дело, под наслов „Светило“. Но обете овие дела во времето на гонењето на христијаните беа упропастени. Убиен е за Христа во времето на бавењето на царот Веспазијан во Антиохија. Светиот апостол Павле го спомнува Свети Онисифор како свој искрен пријател и помошник (2 Тимотеј 1, 16 -18). Пострада за Христа во Колофон, каде што беше епископ. Велат дека го врзале за коњи и така го растргнале. Овие верни Христови војници чесно пострадаа и се преселија во радоста на својот Господ.

 

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2007 во 20:50

Светиот маченик Созонт     20/09/2007

Родум од Ликаонија. Беше овчар, а во сѐ го држеше Божјиот зкаон и ги поучуваше своите врсници и другари во благочестието. Според некое видение дозна дека ќе треба маченички да пострада за Христа. Во тоа време имаше големо гонење на христијаните во блискиот град Помпеопол од страна на некој Максимијан, хегемон киликиски. А во градот имаше некој златен идол на кого незнабожците му се поклонуваа. Созонт ги остави своите овци, отиде во градот, влезе во незнабожечкиот храм, му ја скрши раката на златниот идол, ја раздроби и им ја раздаде на сиромасите. Заради тоа во градот настана голема тревога и незнабожците почнаа да го бараат виновникот. За да не пострада некој друг заради неговото дело, Созонт се упати кај хегемонот и се пријави себеси како христијанин и извршител на она дело. Мачителите најпрво го тепаа, а потоа го обесија на дрво и го стружеа со железни четки, а кога беше веќе на умирање го ставија на оган, каде што Свети Созонт Му ја предаде својата душа на Бога. Пострада околу 304 година. Неговите мошти чудодејствуваа и над нив беше подигнат храм посветен на светителот.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2007 во 20:51

Светиот маченик Евпсихиј     20/09/2007

Син на сенаторот Дионисиј. Жестоко мачен за Христа, со биење и стружење, па потоа полумртов фрлен во затвор. Му се јави ангел Божји и го исцели. Пуштен од затвор, тој го радздаде сиот свој имот: нешто на сиромасите, а нешто на своите клеветници. Повторно го фатија и го стружеа додека не ја предаде својата душа на Господ. Од неговите рани наместо крв потече млеко и вода. Пострада во времето на царот Адријан.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2007 во 19:51

Рождество на Пресвета Богородица     21/09/2007

Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко Ѝ беше од племето Давидово, а мајка Ѝ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува старецот Авраам и старицата Сара подарувајќи им го синот Исак. И семноќниот Бог Којшто гледа сѐ ги израдува со радост што ги надминуваше сите нивни очекувања и најубави соништа. Бидејќи им подари не само ќерка туку и Божја Мајка; ги озари не само со привремена радост туку и со вечна. Бог им даде само една ќерка, којашто подоцна им роди само еден внук - но каква ќерка и каков внук! Благодатната Марија, прославена меѓу жените, храм на Светиот Дух, олтар на Живиот Бог, трпеза на небесниот леб, кивот на светоста Божја, дрво со најсладок плод, слава на родот човечки, пофалба на женскиот род, источник на девственоста и чистотата - тоа беше од Бога даруваната ќерка на Јоаким и Ана. Родена во Назарет, а после три години одведена во храмот ерусалимски, од каде што се врати подоцна пак во Назарет, за наскоро да ја чуе благовеста на Светиот архангел Гавриил за раѓањето на Синот Божји, Спасителот на светот, од Нејзиното пречисто и девствено тело.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.