IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВНИ,КАТОЛИЦИ,ИЗВОРНИ ХРИСТИЈАНИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВНИ,КАТОЛИЦИ,ИЗВОРНИ ХРИСТИЈАНИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 41>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2007 во 20:00
Originally posted by goceberberot goceberberot напиша:

ЗА светите икони.Да, речено е не прави идоли.Но тоа е во Стариот Завет,а нели дојде Тој што го исполни Заветот и донесе Нов.

А каде тоа во Новиот Завет е отстранета негацијата пред 2та Божја заповед?
Да не мислиш на овој стих:
 
"Сте чуле дека ви било речено: "Не ќе си правете слика на она што е на небото, земјата итн", а Јас пак ви велам: "Правете си слика на она што е на небото, земјата...од мајка ми, ангелите, од вас самите и од се она што вашиот синод ќе одобри" голема%20насмевка (апокрифно Ев. Матеј 6:66)
 
Жал ми е бербер, ама ваков стих, ниту сличен на него, нема во Новиот Завет.
А ако тебе по некој афтоматизам (дека она "нов" е спротивно на зборот "стар" завет) па сега мислиш дека сите заповеди се менуваат, тогаш зошто не ги промените и другите заповеди...
На пример онаа "Не убивај" сега нека биде "Убивај" голема%20насмевка
Онаа "Не лажи" нека биде "Суши лажи"
И така натаму...прељубодејствуај, не почитаувај родители, имај си повеќе богови итн итн...нели, како што велиш, дојде Тој што го исполно Стариот Завет и донесе Нов, па, според твоја некоја логика, со тоа ги сменил заповедите..  ц ц ц до каде со ваквото толкување на Светото Писмо, има ли во вас страв Божји?!
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2007 во 20:05
PA COVECE  KADE IMA NEGACIJA,   ZA OTVRLUVANJE NA MILION RABOTI .......


AMA  OVDEKA  CELO VREME  E   .......  STRZENA--BRICENA  I PAK ODNOVO!


MAJKA MU E  INKVI........!


Изменето од aladin - 03.Септември.2007 во 20:06
Кон врв
goceberberot Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 28.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goceberberot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2007 во 12:06
Абе Вангелче,изгледа единствена способност ви е да ги извртувате зборовите.Јас напишав дека дојде Тој што го исполна заветот,а не што го негира.А како што рекол св.Павле:

14 Имено, гревот не ќе има веќе власт над вас, зашто не сте под Законот, туку под благодатта.

15 Па што? Да грешиме ли, зашто не сме под Законот, а под благодатта? Да не биде!

Или можеби ќе речеш дека св.Павле не бил доволно вдахновен кога го напишал ова.

По твое излегува дека уште треба да се обрезуваме,нели таков завет дал Бог.Но ова не е ништо ново,уште твоите истомисленици му замерале на Христа затоа што лекувал во сабота,нели, така пишувало во стариот завет.


Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2007 во 01:24
Originally posted by goceberberot goceberberot напиша:

Јас напишав дека дојде Тој што го исполна заветот,а не што го негира.
 
Тогаш зошто ја негирате 2та Божја заповед?
Каде Христос ја негирал?
Каде апостолите ја негирале?
Каде Исус или апостолите користеле икони?
Зошто зборот "икона" не е спомнат ни еднаш во контекст со Исус и апостолите, а е спомнат десетина пати во контекст на антихристот?
Не ти кажува тоа нешто? среќа
 
Originally posted by goceberberot goceberberot напиша:

По твое излегува дека уште треба да се обрезуваме,нели таков завет дал Бог.
 
Не треба. Телесното обрезание си било стар завет на Бог со евреите. Во Новиот Завет постои духовно обрезание на духовните Авраамови чеда - христијаните.
Инаку, обрезанието, за разлика од 2та Божја Заповед, е укинато во Новиот Завет, прочитај Дела 15 поглавје.
 
 
Originally posted by goceberberot goceberberot напиша:

Но ова не е ништо ново,уште твоите истомисленици му замерале на Христа затоа што лекувал во сабота,нели, така пишувало во стариот завет.
 
Грешка си, така не пишувало во Стариот Завет намигнување
А ако јас сум грешка, тогаш цитирај ми од стариот завет каде тоа пишува да не се лекува во сабота.


Изменето од EvAngelos - 05.Септември.2007 во 01:25
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2008 во 03:39
Lele,bre, ama se ovie Adzijata i Evangelos cudni. edno citiraat a drugo zborat. me zbrlavija
i sega mi e jasno - nekoja sekta pomesana so jehovini svedoci, origenovci i sto ti uste li ne se smetaat za izvorni.   

Изменето од Maran Ata - 11.Септември.2008 во 03:42
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2008 во 03:40
бакнеж
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2008 во 15:12
Пред некој да почне да зборува за иконите треба да прави разлика меѓу икона и идол, а истотака и зборот идолопоклонство да го разбира. Еве имам прашање до оние кои велат дека Втората заповед е апсолутна. Дали во Стариот Завет се користеа слики? Да, се користеа слики. Бог наредил да не им служиме на тие слики и да не ги обожуваме. Доколку Бог наредил со Втората Заповед воопшто да не се прават слики немало да му рече на Мојсеј да се направат херувими и сл. Зар ќе кажеме дека Евреите кога се клањале пред Ковчегот на заветот се клањале на клинци, камен и слично а не на Бога. Дали може да се нарече идолопоклонство тоа што Евреите направиле бакарна змија и ја погледнувале па оздравувале? Се разбира не. МЕЃУТОА кога Евреите, многу години подоцна почнале да сметаат дека таа е бог па дури и дале и име тогаш таа змија била скршена. Значи има разлика. Додека бакарната змија не предизвикала идолопоклонство немало проблем, меѓутоа кога предизвикала тогаш истата била уништена.
Истотака подоцна во храмот изграден од Соломон имало слики од херувими и покрај Втората заповед.Дали тоа значи дека Евреите ја прекршиле заповедта? Секако дека не.

Од овие факти лесно се извлекува дефиницјата за идолопоклонство, на што укажува втората заповед.
Идолопоклонството претставува состојба кога човек мисли и верува дека некој објект (слика, статуа, дрво, камен и сл. имаат моќ, им се клања, ги обожува и сл.). Се додека човек не дојде до таа состојба може да употребува и слики во храмовите, за што ни сведочи и Стариот Завет.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2008 во 00:31
macedon_alex, доколку сакаш да дебатираш со мене, не би те советувал да се повикуваш на Библијата намигнување. Подобро повикувај си се на твоите "човечки преданија" затоа што имам едни магични ножички голема%20насмевка со кои сега ќе ти го исецкам коментарот и јавно ќе ги разобличам твоите "библиски" аргументи за иконопоклонството.
Како? Еве вака...
 
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:

Пред некој да почне да зборува за иконите треба да прави разлика меѓу икона и идол, а истотака и зборот идолопоклонство да го разбира.
 
Не мора да се направи разлика меѓу идол и икона, затоа што и двете се забранети со Втората Божја заповед...
 
"Не прави за себе идол, ниту некаква слика (на грчки: икона)..."
(Излез 20:4)
 
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:

Еве имам прашање до оние кои велат дека Втората заповед е апсолутна. Дали во Стариот Завет се користеа слики? Да, се користеа слики. Бог наредил да не им служиме на тие слики и да не ги обожуваме. Доколку Бог наредил со Втората Заповед воопшто да не се прават слики немало да му рече на Мојсеј да се направат херувими и сл.
 
Огромен теолошки лапсуз! Десетте Божји заповеди не се однесуваат на Бог, туку му се дадени на човекот. Десетте Божји заповеди не се заповеди кои Бог треба да ги почитува, туку човекот. (пр. Бог неколку пати дирекно убил и во Стариот и во Новиот Завет!)
Бог наредил да се нацртаат два херувими над Кавчегот на Заветот (со посебна намена!), но да се разбереме тоа БОГ НАРЕДИЛ, а не иконописецот Трајче од село Теарце!
Од друга страна, глупаво е да се споредуваат овие два херувими со иконите кои денес се употребуваат во православните цркви, затоа што тоа се две дијаметрално спротивни нешта. Пред овие херувими никој не се поклонувал, никој не палел свеќи, никој не им се молел итн. Едноставно тие биле еден вид на украси кои имале задача да го засолнуваат Ковчегот на Заветот. Тие воопшто не биле она што се иконите во православните цркви (скраја да е! среќа) и оваа споредба воопшто не држи.
Ах да ќе заборавев, велиш "Бог наредил да не им служиме на тие слики". Тогаш зошто им палите свеќи на иконите? Зошто им палите кандила? Зарем не е тоа дословно служење на иконите? среќа
 
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:

Зар ќе кажеме дека Евреите кога се клањале пред Ковчегот на заветот се клањале на клинци, камен и слично а не на Бога.
 
Како не ти е срам да пишуваш лаги за Божјиот Збор?! лутина Или покај се за лагава или цитирај ми каде тоа Евреите се клањале пред Ковчегот на Заветот?!
Во Библијата Ковчегот на Заветот е спомнат точно 181 пати и на ниедно место никој не му се поклонил!!!
 
Реторско прашање за размислување...
Ако Ковчегот на Заветот им бил едно од најсветите нешта на Евреите, тогаш зошто никој не се поклонил пред него како што православните се поклонуваат пред иконите?
Зошто од вкупно 181 места во Библијата каде што се спомнува Ковчегот на Заветот, зошто на ниедно место никој не му се поклонил?
 
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:

Дали може да се нарече идолопоклонство тоа што Евреите направиле бакарна змија и ја погледнувале па оздравувале? Се разбира не. МЕЃУТОА кога Евреите, многу години подоцна почнале да сметаат дека таа е бог па дури и дале и име тогаш таа змија била скршена. Значи има разлика. Додека бакарната змија не предизвикала идолопоклонство немало проблем, меѓутоа кога предизвикала тогаш истата била уништена.

Хаха, убаво што ја спомна бакарната змија.среќа Тоа е уште еден старозаветен пример дека Бог не одобрува поклонување, кадење и обожавање пред слики и идоли. Замисли само, бакарната икона била направена по дирекна заповед на Господ, па кога видел Бог дека луѓето се клањаат и кадат пред неа т.е. се однесуваат пред неа како што православните се однесуваат пред иконите, тогаш таа била уништена. Од друа страна, иконите не се направени по заповед на Господ, а сепак кон нив православните се однесуваат и полошо отколку евреите кон бакарната змија (се молат пред нив, им палат свеќи, се поклонуваат пред нив и сл).
 
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:

Истотака подоцна во храмот изграден од Соломон имало слики од херувими и покрај Втората заповед.Дали тоа значи дека Евреите ја прекршиле заповедта? Секако дека не.
 
Повторно истиот лапсуз, Евреите не си направиле по своја "драга воља" икони во Соломоновиот Храм, туку Бог дирекно заповедал над Ковчегот на Заветот да стојат тие херувими, кои воопшто не биле икони, ниту пак биле третирани како икони (никој не се поклонувал пред нив, никој не им се молел, никој не им палел свеќи и сл.)
Но, да не се повторувам, Храмот кој Соломон го изградил не бил некој нов храм, туку истиот "Шатор на Средбата" кој што Господ му го заповедал на Мојсеј, со таа разлика што сега условите биле поволни за тој да биде поубаво изграден. Значи станува збор за истиот случај, а репликата можеш да си ја прочиташ погоре.

Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:

Од овие факти лесно се извлекува дефиницјата за идолопоклонство, на што укажува втората заповед.
Идолопоклонството претставува состојба кога човек мисли и верува дека некој објект (слика, статуа, дрво, камен и сл. имаат моќ, им се клања, ги обожува и сл.). Се додека човек не дојде до таа состојба може да употребува и слики во храмовите, за што ни сведочи и Стариот Завет.
 
Факт е дека 99% од православните го прават токму тоа, веруваат дека иконите имаат моќ, им се клањаат, им се молат, ги носат со себе кога полагаат испити, ги закачуваат на ретровизори, им палат свеќи, оставаат пари пред нив итн итн ГИ ОБОЖУВААТ) А останатиот 1% прави половина од тоа, само јавно (и по форуми) го тврди спротивното намигнување
Но дури и да не се 100%, дури и да не се ни 99%, нема православен што не ќе се сложи дека најмалку 80% од православните така ги третираат иконите.
 
Се поставува прашањето:
Ако иконите, ниту се заповедани, ниту се потребни за нашата комуникација со Господ, тогаш зошто да ги употребуваме и со тоа да ги соблазнуваме кон иконопоклонство мнозинството од нашите браќа и сестри??? Апостол Павле рекол дека, иако му е дозволено да јаде месо, дека ако некој негов брат го соблазнува неговото јадење на месо, тој нема никогаш да јаде месо! Зошто да не се поучиме од овој пример и ние истото да си го речеме? Внимавајте, Павле тоа го вели само за еден негов брат, а ние овде збориме за 90% од нашите браќа и сестри!! Зошто да не речеме и ние како Павле: "Ако некој мој брат или сестра се соблазнува кон иконите, тогаш јас нема да користам икони довека"!
Има ли во нас толкава ревност и љубов кон нашите браќа и сестри каква што имала кај Павле? Зошто да не се жртвуваме од и онака забранета работа во Библијата за да не ги соблазниме нашите брака и сестри кои имаат слабост кон икони?
 
Некои велат: "Точно е тоа дека 99% од православните лошо ги третираат иконите, но тоа не е причина тие да се отфрлат, туку треба да ги поучиме нив како праволно да ги користат иконите" среќа
Па православните веќе 12 века го прават токму тоа, а бројот на иконопоклонци од ден на ден, од година на година, од век на век е се поголем и поголем. Зарем не е крајно време да се каже: НЕ ЗА ИКОНИТЕ! СТОП НА ИКОНОПОКЛОНСТВОТО! ДА НА БИБЛИЈАТА!
Јас велам ДА НА БИБЛИЈАТА! а вие? среќа


Изменето од EvAngelos - 12.Септември.2008 во 01:43
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2008 во 01:35
Dobro argumentiranje EvAngelos, mnogu dobro!

E zamisli sega, nekoj da se obide da gi trgne site ikoni od crkvite i da gi varosa zidovite ukraseni so freski... Sto mislish, kako ke bide toa prifateno od narodot? Koj ke se osmeli da go stori toa?

I dali voopshto bi bilo uspeshno da se izvede tokmu taka ili treba prvo da se kreni svesta kaj lugjeto, pa potoa samite da uvidat sto ke pravat so tradicijata koja mozhebi ne bila religiozno ispravna?

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2008 во 02:46
Точно така messenger, треба прво да се крене свеста кај луѓето. Но жалното е тоа што водачите на православните цркви не ја креваат свеста на луѓето, туку уште повеќе ја дават во иконопоклонството. Оние кои требаат да го поучат народот дека иконите не се богоугодни, токму тие им продаваат икони, им ги осветуваат, ги учат како да ги целиваат, како да се поклонуваат пред нив.
 
Еве ќе ти цитирам нешто од Православниот молитвеник на Брегалничката епархија (стр. 224)

„Кога и како се целиваат светите икони?

При влегувањето во храмот, верникот може да ја целива иконата што е на средината, па и оние отстрана...
Средната икона, ако има таква во храмот, се целива на следниов начин:
се прават два поклона пред неа, па се целива, потоа се прави уште еден поклон..."

 
А околу бизнисот со икони еве ти нешто ОД ОФИЦИЈАЛНАТА СТРАНА НА МПЦ голема%20насмевка

Иконите се со двојна позлата, најчесто од 24-каратно злато. Големините на иконите (со еден или два лика) што може да се нарачаат може да бидат следните:
1. А4 формат (20x30 cm; 22x29 cm) -   350 евра лакомост
2. А3 формат (30x40 cm; 32x40 cm) -   700 евра смешен

3. А2 формат (40x60 cm; 44x60 cm) - 1200 евра хипнотизиран
Поштарината не е вклучена во цената. 
За икони кои изобразуваат сцени со повеќе ликови (пр. Рождество Христово, Воведение на Пресвета Богородица, сцени од животот на некој светител и други)
цената се зголемува за 100 евра по икона.
 
За да се покрене свеста на народот, прво треба да се покрене свеста на црковните водачи. Но и не мора да иде по тој редослед. Може и дел од народот да се освести, па да го напушти нивното водство. Верувај ми на судниот ден овие ќе бидат виновни за целата заблуда на нашиов народ затоа што погрешно го упатувале.
Потребни се храбри чекори, потребна е и жртва, потребен е и реформаторски дух (кој полека заживува), а најмногу од се потребна е ВЕРА дека Бог сака вистински поклоници кои ќе се држат доследно до Неговиот Збор и нема да се поклонуваат на традициите, обичаите, човечките предаија итн без разлика колку тоа ќе "кошта".
Да Бог сака такви поклоници, обезбедувал и ќе обезбеди начин и услови за тие што сакаат да му служат и да Го обожаваат на тој начин.
Славен да е Бог големо%20гушкање


Изменето од EvAngelos - 12.Септември.2008 во 02:47
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2008 во 03:05
He, he, he... velish "Точно така messenger, треба прво да се крене свеста кај луѓето.... нема да се поклонуваат на традициите, обичаите, човечките предаија итн без разлика колку тоа ќе "кошта"....

Pu, pu mashala, nebare chitam moj komentar! Krevajte ja i sledete ja Svesta, a ne zbirshtinata od raznorazni tradicii, obichai, predanija, umstveni konstrukcii i t.n.

A samo sto pomisliv deka sme bile beskrajno daleku so razbiranjata na neshtata.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2008 во 03:31
lele, ama zabegana rabota, a be vie poima nemate od sustinata, samo broite brojki vo biblijata, koj zbor kolku e spomnat .... ova veke mi stanuva smesno.... aj kazete mi kolku pati e spomnat zborot osuda ili recenicata da ne osuduvame?
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2008 во 03:41
Mislam deka muabetot ja sledi temata i ne se delat prazni brojki tuku taka... Brojkite se koristeni samo kako ilustracija na argumentite podneseni od site zainteresirani strani vo ovaa diskusija.

Iako na prv pogled delovi od replikite zvuchat kako osudi, vo sushtina toa e samo posledica od razlichnoto interpretiranje na Bibliskoto slovo.

A bidejki Biblijata ne e nichija lichna sopstvenost, treba da se ochekuvaat i dijametralno sprotivni razbiranja.   

Изменето од Messenger - 12.Септември.2008 во 03:42
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2008 во 21:25
ЕвАнгелос, преку тебе Бог дејствува! Слава Нему! Ти благодарам тебе а посебно Нему што ме доведе кај тебе.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 41>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.