IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - БИБЛИСКИ ПРОРОШТВА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

БИБЛИСКИ ПРОРОШТВА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 17>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: БИБЛИСКИ ПРОРОШТВА
    Испратена: 24.Август.2007 во 14:36

Библиските Пророштва

 
 
Библијата е уникат меѓу "светите книги" и по тоа што, додека во к*ранот, Ведата, исказите на Буда и на Конфучие воопшто нема пророштва, речиси 30% од Библијата се пророштва. Нивните исполнувања се силен доказ за веродостојноста на она што е запишано во Библијата.
Имено ако она што Бог ни го ветил завчера се исполнило вчера, и ако она што ни го ветил вчера се случува денес, ни можеме со полна доверба да Му веруваме дека Он истото ќе го направи и за утре.

Јас ќе наведам само неколку пророштва, а верувам дека и вие ќе се вклучите со по некое пророштво.

Еве само неколку примери:

Детали за Христос 800-1000 години пред Христос, во Старозаветните библиски книги (Исаија, Михеј, Псалми, Еремија, Езекил, Даниел и др.) се претскажани многу детали за Христос, вклучувајќи ги:

  • Местото на неговото раѓање
  • Раѓањето од девица
  • Предавството од негов ближен
  • Предаден за 30 сребреници
  • Распнувањето меѓу злосторници
  • Погребувањето меѓу богатите
  • Фрлањето жрепка за Неговата облека
  • Неговото воскресение
  • Времето на Неговото триумфално влегување во Ерусалим
  • Неговото бегство во Египет
 
Итн итн, оставам на вас да ги најдете соодветните пророштва за Исус во Стариот Завет и да ги постирате на темава.

Пророштво:
Распрснувањето на Евреите меѓу сите народи (Книга на пророкот Еремија, глава 24:9; Ев. Лука 21:24)

Историја:
-се случи многу одамна (при разурнувањето на Ерусалим 70 год.) и сеуште е присутно.


Пророштво:
Повторното враќање на Евреите во нивната земја(Еремија 30:3 и други цитати)

Историја:
-се случи во 1948г. кога Израел оформи држава, по 2 милениуми откако ја загуби државноста и земјата.


Пророштво:
Губењето на Ерусалим и повторното заземање(Ев. Лука 21:24; Исаија 44:26-28 и др.
Разурнувањето беше претскажано и од многу други библиски пророци, дури и од Исус:

"Кога и ти би узнал, дури барем во овој твој ден, што е за твојот мир! Но сега е сокриено од твоите очи. Зашто ќе дојдат денови за тебе, кога твоите непријатели ќе те опкружат со опкопи, ќе те опколат и ќе те притеснат од сите страни и ќе те срамнат со земјата тебе, и твоите деца во тебе; не ќе остане, во тебе, ни камен на камен, зашто не го позна времето кога беше посетен! "
(Лука 19:42-44)

Историја:
-разурнувањето на Ерусалим се исполни во 70 г.
-повторното заземање се исполни во 1973 г.


Пророштво: Паѓањето на градот Вавилон.


Исаија неколку века пред да се случи напишал:
"Вавилон, украсот на царствата, годрост на Халдејците, ќе биде соборен од Бога, како Содом и Гомор, нема да се насели никогаш, во него нема да има жители од род во род"
(Исаија 13:19-20 и глава 47)

Историја:
Со векови подоцна откако Библијата го прорекла тоа, Моќниот Вавилон станал пуста урнатина и таков останал до денешен ден.


Пророштво: Паѓањето на градот Тир

Многу одамна пред да се случи, Бог прорекол бурна иднина за градт Тир. Тој рекол:

"Еве ме Тире, против тебе, ќе подигнам против тебе силни народи,
...ќе ги разурнам тирските ѕидови, и ќе ги разурнат сите неговите стражарнии."
Исто така, претскажан е дека самото место на кое овој славен град бил изграден, ќе биде расчистено до гол камен. Дури и повеќе од тоа, проречено е дека тие...
"...Камењата, дрвото, твојот прав ќе ги фрлат во морето!"
Но неверојатните детали на овие пророштва не завршуваат со тоа. Бог рекол за древниот Тир:
"...ќе станеш сушилница за мрежи "
(Езекиел 26:3,4,12,14)

Историја:
Кога ги читаш историските записи, ќе се потврди дека кога Навуходоносор го уништил стариот (копнен) град Тир, тој навистина ги  урнал ѕидините и стражарниците како што било проречено: "...ќе ги разурнам тирските ѕидови, и ќе ги разурнат сите неговите стражарнии." А подоцна конструкторите на Александар Македонски го расчистиле древниот град Тир и го оставиле налик на гола карпа.

Но древниот град Тир се протегал и со еден мал дел (остров) и на морето. Бидејќи е тешко да се војува од море на копно, Александар решил да направи насип до морето. Така тој ги искористил рушевините од копнениот дел на градот Тир и со помош на нив направил насип до островот, со што потоа лесно го освоил.Тоа било точно според пророштвото: "...Камењата, дрвото, твојот прав ќе ги фрлат во морето!"
Да, до денешен ден рушевините на античкиот Тир се покриени со морските води. Бог рекол дека тоа ќе се случи и тоа се случило.

Иако денес постои добро познат град наречен Тир на Средниот Исток, тоа не е античкиот град Тир кој конечно бил уништен во 1291.
Ако имаш можност да го посетиш местото на античкиот град Тир ќе видиш дури поневеројатно исполнување на овие пророштва. Таму ќе видиш мало село од неколку збиени рибарски колиби, каде ќе забележиш рибарски кајчиња како пловат по морето и рибарски мрежи кои се сушат на голите карпи! "...ќе станеш сушилница за мрежи ".

Како можела човечката мудрост да предвиди таква несоодветна иднина за така успешен трговски град како што бил древниот Тир?

Питер Стонер споредил седум пророштва за античкиот Тир со историските записи. По пресметките на математичката веројатност за исполнувањето на пророштвата според Езекеил, тој забележал:
"Ако Езекеил го погледнел Тир во свое време и ги направел овие седум пророштва со човекова мудрост, овие пресметки на веројатноста значат дека има една можност од 75 милиони за нивно целосно остварување. Сепак тие се обистиниле до најситни детали. "

Оваа веројатност се однесува само на пророштвото за древниот Тир, а како што забележавме скоро 30% од целата Библија се пророштва.
Тогаш како е тоа можно, кој кажува однапред за она што ќе биде?
Во Библијата читаме дека Бог преку пророкот Исаија изјавил:

"Оној Сум, Кој од почетокот го открива свршетокот и јавува однапред за она што уште не се збиднало! Јас велам: Мојата одлука ќе се исполни, ќе извршам се што Ми е по волја!" (Исаија 46:10)

"Минатите настани ги навестив одамна, излегоа од Мојата уста и јас ги објавив; Направив брзо и се збидна...Затоа веќе тогаш ти навестив, ти јавив пред да се збидне, за да не речеш: Мојот кип го направи тоа, мојот делкан лик и одлеаниот идол заповедаа така! " (Исаија 48:3-5)

 



Изменето од EvAngelos - 24.Август.2007 во 14:49
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2007 во 03:13
Еве неколку старозаветни пророштва кои пророците ги претскажале за Христос неколку века пред тој да се роди...
 
  • Продаден за триесет сребреници
 
Пророштво:
"Тогаш им реков: „Ако ви е добро тоа, дајте ми плата; ако не е, не давајте.” Тие ми ја одмерија платата триесет сребреници."
(Захарија 11:12)
 
Исполнување:
”Што ќе ми дадете, за да ви Го предадам?” А тие му предложија триесет сребреници."
(Матеј 26:15)
 
  • Парите се вратени во храмот
 
Пророштво:
А Господ ми рече: „Фрли ја во ризницата таа убава цена со која ме оценија!” Јас ги зедов триесетте сребреници и ги фрлив во ризницата на Господовиот Дом.
(Захарија 11:13)
 
Исполнување:
Тогаш ги фрли сребрениците во Храмот, излезе и отиде и се обеси.
(Матеј 27:5)
 
Продолжува...
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2007 во 03:18
Кон врв
vd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 13.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1539
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2007 во 15:46
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Библијата е уникат меѓу "светите книги"
 
уникат? среќа хехехехехехехех
 
газење%20од%20смеење
 
супер што ја имаш отворено темава, навистина ме израдува голема%20насмевка
 
дури и за Јуда и сребрениците кажуваш ... среќа
 
 
Кон врв
the king Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Август.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 458
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај the king Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2007 во 17:33
dali so sigurnost znaes deka toj navistina frlil pari tamu i deka bile tokmu taka????

kazi primeri koi naukata dokazuva deka se vistina ako ima tuku site takvi dokazuvaat deka ne e vistina kako primerot so zamjata e ploca .   hehehehehe.
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2007 во 18:51
Ние имаме пророштва 1200 години кои се исполниле во животот на Исус.

Што имате вие? Една книга, од која засега, не се исполнило ниедно пророштво.

Кон врв
vd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 13.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1539
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2007 во 19:11
Originally posted by аџија аџија напиша:

Ние имаме пророштва 1200 години кои се исполниле во животот на Исус.

Што имате вие? Една книга, од која засега, не се исполнило ниедно пророштво.

 
голема%20насмевка колку не си знаеш некои работи.
 
Кои се тие пророштва кои се "исполниле".. ај продолжи ја листата те молам ... ЕвАнгелос почна да пишува "исполнети" пророштва.. продолжи ти . А што ако некое пророштво нее исполнето? среќа тогаш што праиме?
 
Може со пророштвата ќе се зачуди некој и ќе конверитра .. што знаеш голема%20насмевка може ќе се фрлам во езеро ... да се освежам од топлово голема%20насмевка
 


Изменето од ACELERA - 25.Август.2007 во 19:13
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2007 во 19:18
Има и пророштва што допрва се исполнуваат.

Евангелос посочи едно такво. 1300 години муслиманите се исмеваа на Библиското пророштво дека Евреите повторно ќе имаат своја земја, и дека ќе се приберат од сите краишта на светот.

Ама кој последен се смее... најслатко се смее...голема%20насмевка
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2007 во 19:26
Распрснувањето на Евреите меѓу сите народи
(воедно и Холокаустот на евреите)
 
Пророштво (7 век пред Христос):
"Ќе направам да им бидат за ужас на сите земни царства, за срам и потсмев, за укор и за клетва насекаде каде што ќе ги изгонам. И ќе испратам врз нив меч, глад и помор, додека не се истребат од земјата што им ја дадов ним и на нивните татковци."
(Еремија 24:9,10)
 
Пророштво (1 век пред Христос):
"Ќе паѓаат од сечилото на мечот, и ќе ги одведуваат во ропство меѓу сите народи; а народите ќе го газат Ерусалим, додека не се исполнат времињата на народите.”
(Лука 21:24)
 
Историја:
Се исполни многу одамна (при разурнувањето на Ерусалим 70 год.), најакцентирано беше при втората светска војна и сеуште е присутно.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2007 во 19:31
Точно така Аџија, еве го пророштвото во целост...
 
Враќањето на Евреите во нивната земја
 
Пророштво:
"Зашто еве доаѓаат денови - зборува Господ - и ќе ја изменам судбината на Својот народ во Израел, во Јудеја - зборува Господ - и ќе ги вратам во земјата што им ја дадов во наследство на нивните татковци."
(Еремија 30:3)
 
Историја:
Се исполни  на 13 Мај 1948г. кога Израел оформи држава, по 2 милениуми откако ја загуби државноста и земјата.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
vd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 13.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1539
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2007 во 19:31
Originally posted by аџија аџија напиша:

Има и пророштва што допрва се исполнуваат.
Ајде аџија, кои се исполнети, а кои допрва ќе се исполнуваат. Повели, продолжи ја листата, баш сакам да прочитам, нема да ти ги побивам одма .. за тоа ќе почекам друг пат ... ќе ти дадам време да се доискажеш среќа

Originally posted by аџија аџија напиша:

Евангелос посочи едно такво. 1300 години муслиманите се исмеваа на Библиското пророштво дека Евреите повторно ќе имаат своја земја, и дека ќе се приберат од сите краишта на светот.
 
Христијаните ми велат имало илјадници, ти сега се реферираш на тоа ЕДНО од ЕвАнгелос, на тоа едно нешто што го посочил, едно "пророштво".. ајде, би требало да биде ова најбогата тема .. тука би требало највеќе да пишувате.. незнам јас што ви е...или само онака викате над илјада пророштва .. а на дело давате само ЕДНО! среќа
Ајде, сакам да ги прочитам, зарем блефирате кога викате НАД ИЛЈАДА?
Originally posted by аџија аџија напиша:


Ама кој последен се смее... најслатко се смее...голема%20насмевка
е со ова се сложувам 100% голема%20насмевка баш си се смеев, се смеам, и ќе се смеам, навистина е најслатко кога ви се смеам .. како последен кој се смее.
 
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2007 во 19:37
Само во една книга (Исаија) за ЕДНА ЛИЧНОСТ (Исус Христос) има 59 исполнети пророштва. Па сега цел форум ли да го преплавувам? голема%20насмевка
Кон врв
vd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 13.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1539
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2007 во 19:45
Originally posted by аџија аџија напиша:

Само во една книга (Исаија) за ЕДНА ЛИЧНОСТ (Исус Христос) има 59 исполнети пророштва. Па сега цел форум ли да го преплавувам? голема%20насмевка
 
За Исус Христос, а никаде не пишува ИСУС туку самите ги препишувате кобајаги биле пророштва за Исус.
Нејсе, продолжи си ти, ако пророштвата ти докажуваат нешто за Библијата, ако пророштвата ти докажуваат дека Библијата е Божја книга, тогаш .. зошто да не продолжиш? барем за ова како што реков треба да пишувате ЕПТЕН! секој христијанин се фали за над илјада пророштва, па сакам да ги набројам НАД ИЛЈАДА среќа или да дојдам до заклучок дека тоа НАД ИЛЈАДА само така го изговарате!
ако знаете над илјада, повелете ... баш со ќејф ќе ги прочитам сите.
 
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2007 во 19:49
Па многу глупаво би било да пишува Исус, затоа што тогаш секој можел да си даде име Исус, и да тврди дека ТОЈ Е ПРОРОКУВАНИТО ВО ИСАИЈА (тоа можел да го направи и паганот мухамед).

А вака, треба на дело да се случат тие работи, кои се случиле.


Изменето од ACELERA - 27.Август.2007 во 14:45
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.