IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - СУЕВЕРИЕ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СУЕВЕРИЕ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 78910>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2007 во 14:26
Originally posted by Реакт Реакт напиша:

Водата има дејство колку што има и крстот, и иконата и моштите... Чудни се патиштата по кои Бог делува. Ама и за ова е говорено, па да не биде како на рекламата - дај пак!
 
Се согласувам со тебе за ова среќа
Водата има (магично) дејство исто толкаво колку што има и крстос, и иконата, и моштите - НИКАКВО! голема%20насмевка
Како што во Библијата нема да најдете ни еден единствен пример како Христос или апостолите користеле крстови, икони или мошти при нивнтото служење, ниту пак правеле некакви метании со истите, така нема да најдете ни пример каде што некој од нив осветувал вода или пак ја користел истата за лечење, растурања на зли магии, истерување демони или слични спиритистички дејствувања.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Реакт Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Мај.2007
Локација: Burundi
Статус: Офлајн
Поени: 373
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Реакт Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2007 во 14:49
Во Библијата нема да најдете ни пример дека Христос или апостолите користеле интернет. И сега?
Без коментар
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2007 во 15:00

Мешаш баби и жаби, се со цел да го подржиш ересот и суеверието кои го практикуваат "некои".

Во Библијата никаде не пишува да не правиме супа од нашите деца, и дали тоа сега нас ни дозволува да правиме супа од нашите деца? изненадување
До кога со вакви изговори и вадење доктрини од она што не го пишува во Библијата?
Така ли правеше Христос?
Зарем кога Христос беше искушуван од Сатаната во пустината се бранеше со зборовите: "Не е напишано...", или со зборовите: "Напишано е..."
 
До кога со такви изговори? Јас ќе ти кажам до кога: Додека има овци, ќе има и стрижење. Додека има луѓе што ќе им ги пунат џебовите на поповите и ќе плаќаат за обична (барем да е минерална) вода, до тогаш ќе постојат и овие суевериа. А потоа ќе измислат нови, се разбира со методот: Во Библијата не е запишано се, ние сме "овластени" да додаваме на Божјиот Збор среќа
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Реакт Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Мај.2007
Локација: Burundi
Статус: Офлајн
Поени: 373
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Реакт Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2007 во 10:31
Ев,
Повеќепати пишував за лагите кои се шират во однос на Православието. Имено, ќе се каже некоја лага и ќе се тврди дека е вистина. Ако лагата е од нечестивиот, тогаш оние кои лажат и ја шират лагата се негови чеда (види Евангелие според Јован 8, 44). Кога ќе почнете со вистински аргументи да дебатирате, да ја претставувате вистинската слика за Православието, а не да ширите лаги и навреди, тогаш можеби и самите нешто ќе научите.
Што значат Христовите зборови "Напишано е..." би требало и сами да знаете, или, пак, да ви кажат оние кои досега ве поучувале (=лажеле).

Без коментар
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2007 во 13:55
За какви лаги зборуваш Ре?
До кога ќе се вадиш на "минатите постови", а твоите сегашни ќе изгледаат аргументирано празни?
Тука темата е суеверие и јас пишувам за добро познатото суеверие "осветената водичка" или "пеана водичка".
Кога јас те прашав дали таа водичка има лековито дејство, ти не ми одговори дирекно, туку одоколу ми вртеше дека имала дејство како крстот, иконите, моштите...
Јас си го кажав својот став, дека тоа учење не е поттикнато од Библијата и дека Библијата молчи за тие магични дејства на водичката, крстот, иконите, моштите итн.
 
За какви лаги зборувај јас?
Ајде разобличи ги моите лаги ако ги има?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2007 во 14:06
Originally posted by Реакт Реакт напиша:


Што значат Христовите зборови "Напишано е..." би требало и сами да знаете,
 
Ние христијаните најдобро знаеме што значат Христовите зборови "Напишано е...", бидејќи секое наше учење и доктрина се базира на она што е напишано во Библијата, за разлика од некои кои повеќе милуваат да го преведуваат овој Христов слоган со фразите: "претпоставено е", "измислено е", "додадено е", "насликано е" итн. и своите учења, доктрини и пркса да ги базираат на она што не е напишано, нормално со изговорот дека Христос направил и кажал многу работи кои не се запишани во Библијата (па сега треба да ги учиме баш тие работи што не се запишани како "поверодостојни" среќа)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Реакт Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Мај.2007
Локација: Burundi
Статус: Офлајн
Поени: 373
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Реакт Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2007 во 08:53
Ев,
Еве за кои лаги зборувам (иако и претходно сум кажал, ама ми се заканија дека ако уште само еднаш повторам нешто веќе кажано, ќе ме избришат. А тоа гледам дека не важи за сите.).
За лагите - го извртувате православното учење, го претставувате на највулгарен начин и потоа кажувате колку е тоа погрешно. Што е ова ако не лажење? И тоа на најнедостоен начин за некои кои себе се нарекуваат верници. Затоа и велам да се говори со аргументи. Ако сакате да дебатирате за Православието, тогаш треба добро да го спознаете. А за вас може да кажувате колку сакате, во што и како верувате итн. Нема воопшто да биде интересно ако и јас паднам на тоа ниво, па почнам на ист начин како вашиот да пишувам.
Не бегам од темите. На оние на кои сум пишувал - во основа имам кажано она што треба. Не ми била целта некого да разубедам, туку само да го кажам православниот став по таа тема. може да се разговара, ама не и да се празнослови! Па затоа и нека не чуди што не продолжувам напразно да дебатирам со некои, оти само исти работи се вратат.

Без коментар
Кон врв
postariot brat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 491
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај postariot brat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2007 во 11:32
Jas sum pravoslaven Hristijanin koj se trudi da bide se povekje hristijanin odkolku pravoslaven, iako samiot zbor pravoslaven sam po sebe e mnogu blagoroden i vozvisen i ne gledam nisto loso vo toa.
Vo vremeto koga se sirelo Hristijanstvoto na ovie prostori se obozavale bogovi statuetki ikoni i dr. Vo takvo opkruzuvanje od prosticki lugje koi vo maka sekogas prirodno se plasele za gubenje na zdravjeto statusot pa i zivotot tie vo grc , vo borba so vremeto koga nekoj se moli na statua na Apolon ili Atena, odlucile deka e podobro da se molat na slikata ili statuata na Hristos.Iako vo osnova smetam deka toa ne e najidealnoto resenie sepak ne sum bil vo nivnata koza i mozebi toa bilo najdobroto sto mozelo da se napravi vo toj moment, mozebi tradicijata bila navlezena tolku dlaboko sto lugjeto bile spremni da otfrlat tolku prekrasna rabota kako sto e verata vo boga najmilostiviot samo za da ne se otfrleni od drugite. Od ljubov kon nev i od zelba da ne gi izgubat kako dusicki ne spoznaeni, tia se odlucile da im dozvolat da slikaat ikoni no sega toa da bidat ikoni ili skulpturi na Hristos i na negovite sledbenici so sto sepak se velica milosrdieto kako primer za pravilen zivot.
Sto se odnesuva do sueverieto da dokolku e nekoj spoznaen Hristijanin togas da za nego e glupavo i besmisleno da se moli na ikona i da veruva deka toa parce drvo ke mu pomogne koga moze da veruva vo ziviot bog koj e vo se i nad se, , no sepak da nezaboravime deka Bog e milosrden i deka toj moze da pomagapreku se i so se inaku ne bi postoele tolku razlicni religii, ami Bog rekol deka se na zemjava ni e od Boga dadeno i ne treba da sudime ami so ljubov treba da pomagaat drugite lugje cekor po cekor na patot kon sovrsenstvoto ili poznanieto na Boga.
Mene me cudi faktot sto tuka se brani faktot od nekoi pravoslavni Hristijani koi nekogas mozebi milosta bozja cudotvorno se smiluvala na nivnite dusicki i im pomognala vo nevolja zosto da ne i dodeka mu se molele na Boga dodeka stoele pred ikona pa podocna poveruvale deka samata ikona e pogolema od Boga.
Brakja mozebi vo nekoi raboti se vo pravo protestantite koga velat deka e podobro da nemat ikoni odkolku da se veruva vo samite ikoni. Ikonite imaat edna Istoriska vrednost i mozat da mu pomognat na coveka da se fokusira na Boga preku toa sto e naslikano na niv najcesto najgolemata zrtva na site vreminja samopozrtvuvanost i gotovnost na pravdina da se izgubi zivotot za da se spasat mnogu lugje.
samo taka pravoslavieto moze da ja opravda upotrebata na ikonite vo crkvite za molitva, no nikako za da bidat obozavani kako da se samiot Bog
zosto i nie Pravoslavnite i protestantite i katolicite veruvaat vo svetoto trojstvo edno i nedellivo a sepak beskonecno i mnoguznacno.
i nie se krstime vo imeto na tatkoto i sinot i svetiot duh inema tuka i vo imeto na ikonava ili svetava voda i.t.n.
Toa e kako da se misli deka koga sme posle na lekar doktorot ni prepisal lekarstvo pa farmacevtot go izrabotil toj lek pa so pomos na toj lek nie da mislime deka toj lek e bog.
Ne dragi moi nitu lekot i bog nitu Farmacevtot , pa duri veruvale ili ne ni samiot sambendisan doktor. Zosto nikoj od niv ne bi bil vo zivotot ona sto e ako toa ne bila bozja volja i toa sto e toa taka e ne za da se vozgordee bilo koj od ovie dvajca ili pak dadenoto apce da se smeta za univerzalen lek za site bolesti a duri ima lugje koi pijat lekovi i sintetickivitamini i sto znam duri i koga blikaat od zdravje isto kako sto i nekoj na kogo molitvata kon Boga dodeka stoel pred ikona si sozivuval so boga isusa hrista dodeka toj stradal na krstot mu pomognala pa sega misli deka samata ikona e cudotvorna.
toa dragi moi se kosi so Pravoslavnoto poimanje na verata.
Sv. Apostol Pavle koga bil vo Atina toj navistina ne znael kako da im pristapi na lugjeto i kako da im go doblizi slovoto bozje pa kako primer za toa koj e Bog  dodeka se naogjal vo areopagot poln so idoli i zrtvenici toj se setil i kako primer go zel zrtvenikot na neznajniot Bog kogo Atinjanite isto taka go pocituvale i mu se molele pa toj se nadovrzal i rekol deka toa e toj Bog znaejki deka nema da pogresi aku kaze deka se sto e na zemjata e od Boga:
 
DELA NA SVETITE APOSTOLI OD SVETIOT APOSTOL LUKA 17.22 
  22.Togas Pavle zastana srede areopagot i rece:" Lugje Atinjani po se gledam deka ste pobozni.
  23.Zasto, koga minuvav i gi razgleduvav svetilistata vasi, najdov i zrtvenik, na koj bese napisano: "na nepoznatiot Bog". Za nego, pak kogo vie ne go znaete, a kogo Go pocituvate, za Nego jas vi propovedam.
  24. Bog koj go sozdade svetov i se sto e vo nego; On, bidejki gospod na neboto i na zemjata ne zivee vo rakotvorni hramovi"
 
  "Lugje Atinjani po se gledam deka ste pobozni" - Od tuka gledame deka i sv. apostol Pavle vo pocetokopt gi zemal starite veruvanja na lugjeto i vrz niv se nadovrzuval zosto se na zemjata e od Boga dadeno, pa i starite religii se tuka za i od niv nesto da se nauci no i da se nadogradat so posledniot i najznacaen del od bozjoto vodstvo do covekovoto poznanie na Boga preku Isusa Hrista.
Pa zatoa i vo denesno vreme da se koristat ikonite kako sredstvo koe ne doblizuva nas poblisku do Boga e vo red, no dokolku tie se smetaat za bog koj leci i pravi cuda e tesko sueverie koe se kosi so mojata Pravoslavna Religija, za toa moze da se konsultirate so bilo koj pismen svestenik, i siguren sum deka ke vi go kaze istoto.
Istoto vazi i za svetata voda koja ne bi imala nikakvo znacenje dokolku i dvajcata i svestenikot koj ja osvetuva a i covekot koj se krsteva ili saka da bide izlecen ne veruvaat deka Bog e toj koj ja pravi lekovita ili cudotvorna , iako toa e samo obicna voda.
Smaceno mi e od lugje koi ja branat pravoslavnata religija kako da e toa religija vo koja se propoveda tradicijata.
Naprotiv Hristijanstvoto e borba protiv taa tradicija, koja nema logika i koja e sueverie., zosto Bog rekol deka ako te tera okoto ili rakata ili bilo koj del od teloto na grev togas podobro e da go otsdeces ili odkines toj del odkolku da sedis vo mrakot na sopstvenata omraza,
vo dadeniov slucaj toa za pravoslavnite e da gi otfrlime ikonite koi sozdavaat jaz pomegju nas i nasite brakja protestanti, a pak za niv toa bi znacelo da ne gi sudat lugjeto koi razmisluvaat poinaku od niv samo zatoa sto taka bile vospitani.
Koga sv. Petar sonuval deka bog gi ocistil site zivotni i seta hrana i mu rekol da jade toa znaci i deka so toa gi ocistil i site religii, i od site religii moze da se nauci nesto i vrz toa nesto da se nadogradi Hristijanstvoto.
 jas veruvam vo eden bog, i vo edna crkva Hristova a toa se site lugje koi veruvaat vo Isusa Hrista kako vo svoj spasitel, bez razlika dali toa pred ikona od bogorodica, ili vo crkva kade nema ikoni i freski.
A toa deka imalo i ke ima devijantni pojavi vo site religiikako sto se seksualni skandali vo katolicizmot, nesloga vo pravoslavieto, gej protestantisticki sekti, toa bilo i ke bidit, ama da ne dozvolime zaradi nekoi ogreseni brakja koi se izgubile od praviot pat, a mozebi i nikogas ne bile ni blisku do nego zaradi takvi samite megju sebe da si rieme niz vo grb.
Vreme e da se pomirime zosto samo taka i ima smisla veruvanjeto vo Bogot na ljubovta,  milosta i prostuvanjeto. 


Изменето од postariot brat - 06.Август.2007 во 11:50
Od iskona, do denes, a i vo vecnosta sekogas so nas e postariot brat Hristos, zosto se smiluva na nas i ni dade sansa da poveruvame, i da se nareceme ceda bozji.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2007 во 17:30
Originally posted by Реакт Реакт напиша:

Ев,
Еве за кои лаги зборувам...
За лагите - го извртувате православното учење, го претставувате на највулгарен начин и потоа кажувате колку е тоа погрешно. Што е ова ако не лажење? И тоа на најнедостоен начин за некои кои себе се нарекуваат верници. Затоа и велам да се говори со аргументи.
 
Кога ја прочитав твојата прва реченица многу се израдував помислувајќи дека сега конечно ќе ги наброиш лагите за православието што јас сум ги пишувал и дека конечно ќе ти се испишти некој аргумент од прстите, ама ништо, повторно старата песна, старите политички малверзации и реторички акробации тага
 
Лага ли е дека осветувате водички?
Лага ли е дека верувате дека тој што ќе го фати крстот на водици цела година среќа ќе го прати?
Лага ли е дека "осветената" водичка има некакво натприродно (лековито) дејство?
За тоа суеверие збориме тука моментално, повели постирај он-топик и како што велиш - аргументирано.
 


Изменето од EvAngelos - 06.Август.2007 во 17:31
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
postariot brat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 491
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај postariot brat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2007 во 00:23
Evangelose pa jas veke ti odgovoriv na toa prasanje ako toa e ona sto ne deli od zaednistvoto vo edna hristova crkva togas jas ke gi zapalam site ikoni i bi ja isturil seta sveta voda zosto znam deka spasenieto e od Boga no sto e so onie zacaureni vo svojata tradicija koi so strav veruvaat deka ovie raboti sto gi kazaf se samo hulenje kon Boga sto ako nekoja od tie dusicki osuduvajki ja mojata izjava se osuduva sebesi na neznaenje mrak i slepo sledenje na tradicijata, sto ako ne vredi da se izgubi edna prosticka dusicka koja vo se veruva i na se se nadeva-pa taka vprocem i sv. apostol Pavle ja opisal vistinskata ljubov.
I na krajot blazeni se bednite po duh...ne za dzabe prvo od niv pocna Isus Hristos - sto ako neznaboscite koi si gi sledat pravilata vrezani vo srcata na sekoj od nas od Adama do sega sto ako tie imaat prednost pred site drugi. Tie si go ziveat zivotot, bez mnogu turbulencii, i si go pocituvaat zborot na svoite roditeli kako najvazen amanet. Ta i vo Bozjite zapovedi i ne slucajno se kazuva pocituvaj gi svoite tatko i majka.Znaci toa e nesto sto mora da se respektira i toa treba da se gai i podrzuva, znam deka Hristos rece deka sekoj sto ke trgne po negoviot primer ke bide osuden od najbliskite, sepak verata toa e individualno cuvstvo i taa doagja po bozja milost, a ne po moja ili tvoja volja Evangelose. toa e vertikalno samo dirkno od boga dar pocuvstvuvanjeto na svetiot duh vo sebe i vo onie okolu tebe i toj dar se nosi vecno, no toa ne e dar koj moze da bide podaren od covek.Toj dar silnata vera se slucuva kaj sekogo na samo nemu svojstven nacin, i toa e neobjasnivo cuvstvo koe ne se komentira, ili osuduva.
Od iskona, do denes, a i vo vecnosta sekogas so nas e postariot brat Hristos, zosto se smiluva na nas i ni dade sansa da poveruvame, i da se nareceme ceda bozji.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2007 во 01:57
Originally posted by postariot brat postariot brat напиша:

Evangelose pa jas veke ti odgovoriv na toa prasanje
 
Не се сеќавам дека некогаш сум ти се обратил тебе, а камо ли да сум ти поставил прашање среќа
Ниту пак гледам некаква поврзаност на твојот одговор со моите последни коментари.
Сигурен си дека со мене си правел муабет? Да не се препозна или да не ме помеша со некој друг?
 
Originally posted by postariot brat postariot brat напиша:

 
ako toa e ona sto ne deli od zaednistvoto vo edna hristova crkva togas jas ke gi zapalam site ikoni i bi ja isturil seta sveta voda zosto znam deka spasenieto e od Boga no sto e so onie zacaureni vo svojata tradicija koi so strav veruvaat deka ovie raboti sto gi kazaf se samo hulenje kon Boga sto ako nekoja od tie dusicki osuduvajki ja mojata izjava se osuduva sebesi na neznaenje mrak i slepo sledenje na tradicijata, sto ako ne vredi da se izgubi edna prosticka dusicka koja vo se veruva i na se se nadeva
 
Ако добро те разбрав, ти сакаш да кажеш дека за да не ги соблазниме суеверните верници треба и ние да практикуваме суеверие? За да не собланам некој иконопоклоник и за тој да не ме осудува мене и себеси, треба и јас да станам иконопоклоник? Треба и јас да правам метании со "света" водичка само за да не го соблазнам оној кој го прави тоа? Ќе правиме компромиси со лагата?
Така ли правеше Христос?
 
Да те потсетам на една случка (цитирам од Библијата)...
 
"Не она, што влегува во устата го онечистува човекот, туку она што излегува од устата, тоа го онечистува човекот.” Tогаш учениците Му се приближија и рекоа: „Знаеш ли, дека фарисеите се соблазнија кога го чуја тој збор?” А Тој одговори и рече: „Секоја садница, што не ја насадил Мојот небесен Татко, ќе биде откорната. Оставете ги. Тие се слепи водачи на слепите; а ако слепец води слепец, обата ќе паднат во јама.” (Матеј 15:12-14)
 
Учениците забележале како некои фарисеи што го следеле Христос се соблазниле кога го чуле Христос како дозволува да се јаде "нечиста" храна, која била строго забранета по учењето на нивните предци. И учениците загрижени Го предупредуваат Христос за тоа. Но што вели Христос? Ок, штом е така, тогаш ајде и ние да не јадеме свинско за да се вратат? Ајде и ние да ги тераме нивните традиции и учења за да не не напуштаат и за да бидеме помногубројни?
Не! Христос останува доследен до вистината дури по цена и сите да го напуштат.
Христос не ја менуваше својата порака за луѓето, туку луѓето ги менуваше со Својата порака. Христос беше таков, такви треба да бидеме и ние кои се нарекуваме по Неговото име.
 
Originally posted by postariot brat postariot brat напиша:

sepak verata toa e individualno cuvstvo i taa doagja po bozja milost, a ne po moja ili tvoja volja Evangelose.
 
Каде јас сум рекол дека верата доаѓа по моја воља? Ајде пастирај ми во следниот пост каде јас сум го рекол тоа (ако сум го рекол).
Друго, гледам дека си расположен за проповедање и мудрување, ок супер е тоа, но не мораш да ми го спомнуваш мојот ник во твоите беседи, барем не таму каде не е во контекст и каде што не му е местото.
Поздрав постар брате!
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Реакт Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Мај.2007
Локација: Burundi
Статус: Офлајн
Поени: 373
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Реакт Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2007 во 09:19
Ев,
Иако говорев општо и она што го кажав останува, сепак кога споменувам за лагата не мислев само на тебе, туку и на некои останати.
Ако конкретно пишувам - треба цел форму посебно да се направи. Провери го претходно напишаното!
Не велам дека е лага оти се осветува водата и сл. Лагата е во тоа како тоа се претставува. И не само за водата, туку и за другите работи. Поистоветувањето на иконите со идолопоклонство, на пример. Итн.....

п.с. таткото на лагата не лаже оти нема Бог, туку поинаку го претставува. Затоа и лажговците се такви - ја извртуваат вистината. Ете, тоа ви го говорам.

Без коментар
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2007 во 15:50
Originally posted by Реакт Реакт напиша:

Не велам дека е лага оти се осветува водата и сл. Лагата е во тоа како тоа се претставува.
 
Ајде да ја чуеме од Реакт вистинската претстава за осветената водичка.
Ајде разобличи ја лагата со тоа што ќе ни изложиш вистината.
Има ли таква вистина? Ако има, се надевам ќе се појави наскоро под мојов пост намигнување
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
postariot brat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 491
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај postariot brat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2007 во 21:28
 
Vo pravo si Evangelos koga kazuvas deka svetata voda sama po sebe e obicna glupost. kako sto se i ikonite.Svetata voda ne bi imala nikakvo znacenje dokolku i dvajcata i svestenikot koj ja osvetuva a i covekot koj se krsteva ili saka da bide izlecen ne veruvaat deka Bog e toj koj ja pravi lekovita ili cudotvorna , iako toa e samo obicna voda.
Od iskona, do denes, a i vo vecnosta sekogas so nas e postariot brat Hristos, zosto se smiluva na nas i ni dade sansa da poveruvame, i da se nareceme ceda bozji.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 78910>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.