IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ВЕРСКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЕРСКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3233343536 86>
Автор
Порака
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2007 во 21:44
Ко ќе видам вакви вести, најискрено СЕ СРАМАМ што институција со име „црква“ сака да бидеме по нивото на верската слобода како С. Арабија.... Замислете со кого се здружува за ваква инквизиторска цел??? со џихадистите....Ouch
Ouch
Ouch
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2007 во 19:41

Црквата на Вранишковски ќе биде регистрирана

Билјана Ставрова  
30.06.2007

Надвор од државата признати, во Македонија не регистрирани, т.н., православна Охридска архиепископија и Бектешката заедница со години чекаат свое евидентирање.

По ЕУ и НАТО, вчера Советот на Европа со резолуција да им се обезбеди правото на вероисповест на сите верски заедници.

Одложувањето на законот за верски заедници е контрапродуктивно за државата, објаснува за А1, владиката давид од т.н. ПОА.

Предметот за црквата на Вранишковски е во Стразбур. За тоа дека името православна Охридска архиепископија ќе биде главен проблем при регистрирањето, владиката Давид вели, нашиот синодот ќе го разгледа тоа прашање.

„Не препознаваат и не условуваат како ПОА. Тоа име не е име на ниту една друга регистрирана верска заедница во РМ, освен што МПЦ го има регистрирано како трговска марка“, изјави Г. Давид, епископ стобиски на т.н. ПОА.

Додека МПЦ се штити од црквата на Вранишковски, истиот проблем го има ИВЗ со Бектешката заедница во Тетово.

„Ние ги признаваме, тие не не признаваат. Ние имаме свое бекташко дединство кое се наоѓа во Тирана“, рече дервиш Албумутали Беќири, бектешка заедница (29 декември 2006).

За ИВЗ притисокот за донесување полиберален закон за регистрација на верските заедници е политички и политичарите треба да ги решаваат тие проблеми.

Ставот на првиот човекна ИВЗ Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, е дека одвоената Бекташка заедница може да добие единствено статус на секта, иако тие ја признаваат ИВЗ.

Кон врв
здраво Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 253
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај здраво Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2007 во 11:04

Архиерејска Божествена Литургија во Водоча

Денес, на денот на свети Леонтиј, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Архиерејска Божествена Литургија во манастирот на свети Леонтиј во Водоча. Многубројниот присутен верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

        

 

 

„Човековото срце е центар на натприродно, природно и противприродно движење. Сè почнува од срцето. Ако човековото срце е очистено, човекот Го гледа Бога. За да стане срцето на човекот сад способен да Го прими Бога, мора најнапред да биде очистено од нечистите помисли. За да се очисти срцето, во него мора да се внесе одреден лек. Тој лек е молитвата.

Таму кај што ќе згазне царот, непријателот бива протеран. А кога Христос - Неговото свето Име -  ќе влезе во срцето, фалангите на демоните почнуваат да бегаат.

 

 

                                                        

 

Кога Христос е цврсто востоличен во срцето, сè Му се покорува. Тоа е како кога добар цар ќе ја освои земјата и ќе биде востоличен во престолнината. Тој тогаш со својата армија ги покорува сите востаници. Со други зборови, тој ги протерува непријателите и ги смирува внатрешните нереди во земјата. Тогаш настанува мир. Царот седи на престолот и гледа дека сè му е покорено и потчинето. Тој тогаш се радува и насладува, зашто гледа дека неговиот труд и борбата завршиле и ги донеле послушноста, мирот и сите сакани резултати.

 

 

       

 

 

Така се случува и со царството на нашето срце. Тоа внатре во себе има непријатели, има востаници; тоа има помисли, има страсти и слабости, бури и немири - и сето тоа се наоѓа во човечкото срце.

За да може царството на човековото срце да се смири и потчини, Христос, Царот, мора да влезе со Своите војски и да го освои и да го протера непријателот, т. е. ѓаволот. Тој мора да го потчини секој немир што потекнува од страстите и слабостите и да завладее како семоќен цар. Состојбата што ќе произлезе оттаму светите Отци ја нарекуваат ‘безмолвие на срцето’ и со него тогаш непрекинливо владее молитвата, творејќи ги чистотата и ‘тивкото срце’. (Старец Ефрем Филотејски)

 

Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2007 во 09:20
Продолжува опсадата на џамијата во Исламабад

ИСЛАМАБАД, 7 јули (АП) - Поглаварот на радикалната Црвена џамија во центарот на Исламабад, која е под опсада на владините сили, вчера ги отфрли повиците за безусловно предавање велејќи дека тој и неговите радикални следбеници се подготвени за жртва.
Во опсадата на радикалните сили што вчера продолжи трет ден по ред, војската го нападна комплексот со оган од пушки и експлозиви, и се воздржуваше од жесток напад во кој би можело да има крвопролевање.
"Нема да се предадеме. Ќе бидеме маченици, но нема да се предадеме. Сега сме уште повеќе решителни", изјави Абдул Рашид Гази, висок свештеник од комплексот на џамијата. Владата сака да избегне крвопролевање што може дополнително да е наштети на раскараната администрација на претседателот Первез Мушараф и извести дека војската нема да упадне во џамијата додека внатре има жени и деца.

Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2007 во 07:52
илд" објави "Библија на Бенедикт"
БЕРЛИН (Ројтерс) - Најтиражниот весник во Германија, таблоидот "Билд" што често објавува фотографии од голи женски на насловната страница, во соработка со папата ја објави "Библија на Бенедикт". "Билд" денеска ќе го пушти во продажба специјалното изд

БЕРЛИН (Ројтерс) - Најтиражниот весник во Германија, таблоидот "Билд" што често објавува фотографии од голи женски на насловната страница, во соработка со папата ја објави "Библија на Бенедикт". "Билд" денеска ќе го пушти во продажба специјалното издание на Библијата во малото баварско гратче од каде што потекнува папата Бенедикт. Изданието има 16 страници текстови и слики од Бенедикт за неговото назначување за папа, за читањето на Библијата и за неговиот избор на името.
"Тоа е првиот германски папа по 500 години", изјави уредникот на "Билд" Каи Дикман. "Германија има посебен однос со Бенедикт. Неговиот избор за папа ја охрабри цела Германија". Дикман минатата недела му врачи на папата примерок од Библијата со негов печат и повез од бела кожа. "Билд", што има 12 милиони читатели, поддржа четири специјални проекти со Библијата што се продале во 600 илјади примероци во последните три години.
"Нашите читатели многу ги интересира религијата и духовното, не само откако Јозеф Рацингер стана папа", изјави Дикман. "Реакцијата на читателите беше многу позитивина. Има голема побарувачка и ние неа ја исполнуваме"

Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2007 во 13:33


Храм Св.Петар и Павле, Скопје




На празникот  на светите  Петар и Павле, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Архиерејска Божествена Литургија во храмот  на Светите Петар и Павле, Скопје, во сослужение со старешината и свештенството од овој храм.













На Светата Литургија во свештенички чин беше ракоположен Ивица Тодоров, член на редакцијата на „Православен пат“ и вероучител во храмот Св.Димитриј од Скопје.









ПреминПортал
 

 
Превземено од: http://www.preminportal.com.mk/modules.php?name=News&file=article&sid=866&mode=&order=0&thold=0
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2007 во 23:06

Верските слободи се нов приоритет за Македонија

Билјана Ставрова  
02.07.2007
Надбискуп Доминик Мамберти

 

Верските слободи нов приоритет за Македонија. Усвојувањето на законот, со кој црквата на Вранишковски и одвоената бектешка заедница би добиле легализација, мора да се случи што побрзо, за Македонија да добие позитивни оценки од Европската Унија и НАТО.

Кревањето на приоритетот за усвојување на овој закон следува откако политичкиот дијалог профункционира, со што автоматски беше симнат од дневен ред.

Само два дена откако генералниот секретар на НАТО, Шефер, од Охрид го посочи како клучен елемент за членство, а Советот на Европа донесе резолуција, денеска и Ватикан притисна врз македонската Влада.

„Светата столица верува дека наскоро ќе биде донесена легислатива, особено во делот во врска со религиозните слободи, која ќе биде во согласност со европските стандарди“, изјави надбискуп Доминик Мамберти, шеф на дипломатијата на Ватикан.

Главна пречка за усвојувањето на законот за верски слободи е противењето на МПЦ и Исламската верска заедница. Двете најголеми верски заедници не го менуваат ставот - законот е непотребен.

Портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј, со оценка, освен некои ситни протестантски групации кои ловат во матно, МПЦ, католичката црква и ИВЗ се едногласни дека не е потребна либерализација во верското делување.

Поглаварите на најголемите верски заедници од средбата со надбискупот Мамберти, кој е денеска во Скопје, да ја пренесе пораката од Ватикан, излегоа со изјави дека критиките од НАТО и ЕУ не се упатени директно кон црквата и верските заедници.

„Верските заедници ги уживаат правата и од наша страна нема никакви забелешки во тој поглед“, рече г.г.Стефан, поглавар на МПЦ.

„Веруваме дека секој еден граѓанин, секој еден верник во РМ ќе се почувствува дека ги ужива сите права“, вели реис ул улема ефенди Реџепи, поглавар на ИВЗ.

Министерот за надворешни, Милошоски, оптимист. Законот е во финална верзија, наскоро ќе влезе во Парламентот.

Антонио Милошоски

 

„Сигурен сум дека тоа ќе биде еден модерен закон кој во себе ќе содржи квалитет, можеби на одредени места и подобар во однос на регионалните постигнувања во овој правец“, рече Антонио Милошоски, министер за надворешни работи на РМ.

Посетата на надбискупот Мамберти беше повод за покана до папата Бенедикт 16-ти да го посети регионот.

На денешната средба во Клубот на пратениците, најголемите верски лидери од земјава заедно со надбискупот Мамберти не разговарале за законот за верски заедници, кој што во последниве три години доживеја осум верзии, а од февруари годинава чека да влезе во собраниска процедура. Тие меѓу себе разговарале за нивната добра меѓурелигиска соработка.



Малку постара вест, но ИНТЕРЕСНА среќа

Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2007 во 23:08

 
 
 
 

Честитки до Поглаварот на Македонската Православна Црква по повод 40-годишнината од возобновувањето на автокефалноста на МПЦ (15.07.2007)

Премиерот Никола Груевски упати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан по повод 40-годишнината од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква. 

Груевски истакнува дека со историската одлука за прогласување на автокефалноста на Македонската Православна Црква е поправена големата историска неправда од 1767 година, кога неканонски беше укината Охридската Архиепископија, а истовремено со овој чин на македонскиот народ му беше вратена честа, гордоста и правото на слободна духовна определба и живеење. 


Во оваа прилика должни сме да им одадеме признание и огромна почит на плејадата блескави личности и патриоти од ова поднебје, кои со своите значајни дела во минатото и трудот кој во нив е вложен, себеси се вградија во овој голем и значаен чин за нашата државност. Со ова тие уште еднаш ја потврдија истрајноста, непокорот и духовната сила на македонскиот народ за зачувување на своите вредности и идентитет, демонстрирана многупати низ вековите наназад, вели Груевски во честитката до г.г. Стефан. 


Премиерот посочува дека јубилејот не е само потсетник за трнливиот пат кој Македонската Православна Црква го изодила до своето осамостојување, туку е сведоштво за нејзиното непобитно постоење како жива Црква и за нејзината победа над сите искушенија. Тој нагласува дека Македонската Православна Црква отсекогаш била, и останува, духовен, културен и образовен столб на верниот македонски народ, како во земјава така и во дијаспората, а дека народот од своја страна сите свои капацитети, духовни, интелектуални и материјални ги вложува во нејзините темели. >


Длабоко свесен во надвремената и вечна природа на Црквата, Му благодарам на Бога, Кој ми овозможи како Претседател на Владата на Република Македонија токму во овој значаен момент за нашата Црква, да бидам дел од оваа прослава и да Ви го честитам јубилејот 40-години од осамостојувањето на Македонската Православна Црква. Нека ни даде Господ ум и мудрост на сите нас, за да му го зацврстиме достоинството на овој народ од Бога дадено, да го сочуваме и негуваме како скапоцен дар, за да можеме со чиста совест пред Бога и пред луѓето, да прославуваме заедно уште многу јубилеи, се вели во честитката на премиерот Груевски до Архиепископот г.г. Стефан. 


Претседателот Бранко Црвенковски исто така упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква г. г. Стефан по повод 40 годишнината од возобновувањето на Охридската Архиепископија како МПЦ. 

„Прославувајќи го овој исклучително значаен ден за Македонија, сакам и во оваа прилика да потенцирам дека МПЦ беше и останува стожер на македонското национално и духовно опстојување, чувар на македонскиот национален идентитет, бранител на националното духовно и културно богатство“, се наведува во честитката на претседателот.

 

 

Извор: Македонска Информативна Агенција





 



Изменето од ACELERA - 29.Јули.2007 во 23:11
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2007 во 23:09

Груевски: Недостоинствено е да се моли за влез во „Прохор Пчињски“

Горан Момировски  
28.07.2007
Никола Груевски

 

Владата сака да го зачува националното достоинството и затоа по три недели чекање го повлекла барањето, српската Влада да посредува кај МПЦ на македонска делегација да и се дозволи да го посети „Прохор Пчињски“ на Илинден.

Според Премиерот, срамота е нацијата секоја вечер до 2 август пред ТВ екраните да исчекува дали СПЦ ќе се смилува и ќе дозволи прослава на местото каде што е одржано второто заседание на АСНОМ.

Груевски сепак остави можност, Собранието или Претседателот да продолжат со дипломатските напори и преку своите канали да добијат дозвола за чествување на Илинден на српска територија.

Тој не пропушти да му префрли на претседателот Црвенковски за посетата на „Прохор Пчињски“ пред три години, кога Црвенковски се ракуваше со Јован Вранишковски.

„Мислам дека додека не се разрешат односите меѓу МПЦ и СПЦ ние не треба на таков недостоинствен начин Да се изложуваме до последен ден, до последна минута да чекаме што ќе се случи, инаку тоа е одлука на владата. Освен владата државата има и други институции, има Собрание, има Претседател, коишто може да имаат различно мислење и понатаму да чекаат, до последниот ден, некои од нив можеби имаат желба да се ракуваат со расколникот Јован“, изјави Никола Груевски.

Според премиерот, одлуката на Македонската телевизија, која побара Шефот на државата да го финансира телевизискиот пренос од Пелинце каде тој ќе говори, е неразумна.

Сепак, кај Груевски се уште постои дилема дали тоа е е навистина одлука на МТВ или, пак, се работи за нарачка на претседателот Црвенковски за да се претстави во јавноста како жртва на владата.

Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2007 во 23:26
KONECNO ISPRAVNA ODLUKA STO SE ODNESUVA DO PRAZNUVANJETO NA ILINDEN VO PROHOR PCINSKI. BRAVO!!! MNOGU SUM SREKNA STO OVAA GODINA NE PRODOLZIVME SO TRADICIJATA NA KOLENICENJE, MOLENJE I PONIZUVANJE PRED SRPSKITE PRETSTAVNICI NA CRKVATA I SRPSKATA VLADA. USTE EDNAS BRAVO!!!
SAMO EDNO NESTO SAKAM DA PRASAM ZOSTO NIKOJ DO DEN DENESEN NE GO POSTAVUVA PRASANJETO ZA PROHOR PCINSKI, ZOSTO NE ZNAM DALI ZNAETE DEKA BIL NA TERITIRIJA NA MAKEDONIJA, MEGUTOA SO ODLUKA NA MAKEDONSKITE PROSRPSKI ORIENTIRANI KOMUNISTI OVAA TERITORIJA IM E OTSTAPENA NA NASATA BRATSKA SOCIJALISTICKA REPUBLIKA SRBIJA VO VREMETO NA LAZAR KOLISEVSKI. NE GO NAMETNUVAM OVA PRASANJE SO NEKOI ZADNI NAMERI ZA TERITORIJALNI PRETENZII, MEGUTOA DA SE POTSETAT DEKA NE SAMO STO SME ISTORISKI VRZANI ZA TOJ MANASTIR TUKU I DEKA IMAME NEKAKVO PRAVO SO DOSTOINSTVO DA GO PRAZNUVAME VTORIOT ILINDEN, OD PRICINA STO TAKA LESNO I DOBROVOLNO SME SE OTKAZALE OD DEL OD NASATA TERITORIJA I ISTORISKI PAMETNIK.

Изменето од moira - 29.Јули.2007 во 23:27
Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2007 во 20:26

Патријархот на Романската Православна Црква се Упокои во Господа

http://www.poa-info.org/mk/vesti/200707/img/PatrijarhotTeoktist.jpg

На 30ти Јули во Бук*решт во 93-тата година од животот, се претстави пред Бога Блаженејшиот Архиепископ Бук*рештски и Митрополит Мунтениски и Добруџански Теоктист, Наместник на Кесарија Кападокијска и Патријарх на цела Романија.

Блаженејшиот Теоктист (Арепашу) е роден на 7-ми Февруари 1915 год. во селото Точилени во Ботошанската област во североисточна Молдавија. На 5ти Март 1950 год. бил ракоположен во Епископ ботошански.

Изборот на неговото Блаженство Теоктист за Претстоител на Романската Православна Црква е направен на 9-ти Ноември 1986 год., а чинот на интронизацијата е извршен на 16 Ноември истата година.

Неговото Блаженство беше петтиот Патријарх на Романија.

Патријаршиската резиденција на Романскиот Претстоител и катедралниот храм во чест на рамноапостолните свети Константин и Елена се наоѓаат во Бук*решт.

На 30-ти Јули Блаженејшиот Патријарх Теоктист се пресели при Господа како резултат на срцев удар после извршена хируршка интервенција.

На 31- Јули телото на упокоениот Претстоител ќе биде пренесено во катедралниот храм на Бук*решт. Денеска Постојаниот Синод на Романската Православна Црква ќе ја донесе прогармата на простување со Патријархот Теоктист.



Изменето од rice - 01.Август.2007 во 20:27
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2007 во 22:20
МПЦ и нејзините бизнис партнери од Струга на 20-ти април минатата година го заложија хотелот Изгрев за кредит од еден милион евра.
Откако Вечер го објави скандалозниот хипотекарен договр, Архиепископот г.г. Стефан, во неколку наврати даваше различни изјави поврзани со тоа чија е сопственоста на хотелот, но секогаш тврдеше дека хотелот нема да биде изгубен.
- Апсолутно не го изгубила. Не го изгубила за жал на оние кои се радуваат. Кредитот треба да се отплаќа од април месец, ако некој не е инфориран може да провери, така што нема никакво активирање на хипотеката кога е во прашање хотелот, изјави на 14-ти јануари 2007-ма, поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.
Браќата Миладинови дури по пет месеци од обелоденувањето на скандалот, потврдија дека хотелот е нивни и е предмет на хипотекарни договори, но дека постигнале договр за пролонгирање на исплатата.
- Нема човек што нема долгови, а камоли бизнисмени од калибарот како нас. Постоеја проблеми во отплаќањето на кредитите и точно е дека хотелот Изгрев е предмет на хипотекарни односи со деловните банки, од кои имаме земено кредити. Но, нема да дозволиме хотелот да падне во рацете на банките, а и тие немаат интерес тоа да се случи - изјавија Миладинови на 31-ви август оваа година.
И МПЦ и Миладинов тврдеа дека кредитот е земен за реновирање на хотелот.
Истиот ден кога и беше пресконференцијата, една година по подигањето на кредитот, на зградата од Хотелот Изгрев, немаше никакви знаци дека таму нешто се реновира. Иста е и денешната слика, уредена е само плажата за летната сезона.
За две недели ќе се знае новиот сопственик на некогашното црковно земјиште.

МАРЈАН НИКОЛОВСКИ
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2007 во 03:54
A KAJ SE VO OVA G. TIMOTEJ I G. PETAR?
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2007 во 10:28
О НАЦИОНАЛНИОТ КОНЗЕРВАТОРСКИ ЦЕНТАР
Иконите се креваат од пепел
"Дојдоа монаси од Св. Јован Бигорски и донесоа две икони во пепел. Речиси комплетно уништени, без да се препознава што е на нив насликано. Целосно деформирани. Тие иконите ги нашле во село на границата со Албаниј

"Дојдоа монаси од Св. Јован Бигорски и донесоа две икони во пепел. Речиси комплетно уништени, без да се препознава што е на нив насликано. Целосно деформирани. Тие иконите ги нашле во село на границата со Албанија, а се наследство од уништената црквичка Св. Атанасиј. Покривот на црквата веројатно прокиснувал. Иконите биле најдени во некоја штала каде што имало и добиток, целосно запустени, со скорпии и инсекти залепени на нив, морничава слика", ни раскажуваат од Националниот конзерваторски центар работејќи врз овие икони. Тие велат дека иконите се престолни од 18 век. Едната е Богородица со дете, и втората е Исус. Овие икони досега не биле евидентирани, а се претпоставува дека се дело на епирски мајстори...ПОВЕЌЕ ВО ВЕСТ

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3233343536 86>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.