|
КРШТЕВАЊЕ НА БЕБИЊА-ДА ИЛИ НЕ? |
Внеси реплика | страница <1 6263646566 72> |
Автор | |||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Не мора еден православен да ти одговори, еве Евангелос како ти одговара: тогаш од каде вродените болести?
Ако внимателно ги читаш страните ќе видиш дека Бог предвидел се и за тоа учи Православната Христова вера, меѓутоа еретиците во своите заблуди создаваат учење кое како неуниверзално и небожјо не предвидува се. Затоа и колку пати ја прашав Евангелос: Ако тврди дека а) гревот на родителите не се пренесува б) прародителскиот грев мртов грев и е избришан со Христовата жртва, тогаш од каде вродените болести кај децата.
Едно е што тебе ти се допаѓа друго е што Господ предвидел. Она кое тој го предвидел нема празнини. Затоа ти и Евангелос одговорете од каде вродените мани кај бебињата, па дури и такви кои доведуваат до смрт? Велите, првородниот грев е мртов, велите гревот на родителите не се пренесува и тој е мртов. Чие верување има дупка!? Божјото Православно кое дава одговор на причините за човековите несреќи или вашето човечко со кое си ги правите работите за да ви биде полесно спасението. |
|||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Баптистички писци наводе да је "први који је увео обичај крштавања мале деце био
црквени отац Ориген 254. године" Међутим, исти писац наводи у продужењу реченице
да се "овој појави супроставио црквени писац Тертулијан из Картагине (160-220)".
Иако је тачно да је Тертулијан био против крштења деце, а Ориген за, ипак те две
тврдње не могу стајати једна до друге. Јер, ако се Тертулијан супроставио тој
појави, онда је значи постојала већ у његово доба. Према томе није могао увести
Ориген 254. године.
Понекад се понеки од противника крштења мале деце позива на Историју од Јевсевија Поповића тврдећи да и он каже да се у почетку нису крштавала деца него само одрасли. Такво једно писмо, са позивањем на Историју од Јевсевија Поповића добио је и писац ових редова. Међутим, таква тврдња не одговара чињеницама. Напротив, Јевсевије пише дословно: "За време апостола, сваки који је искрено поверовао у Христа те хтео искрена срца ући у Царство Његово, у Његову цркву, крштен је без даље припреме, осим што је претходно саслушао какву снажну проповед, но ипак се и пре крштења као и пре полагање руку, где су прилике дозвољавале, постило... Свакако су и деца крштавана, јер се зна, да је Петар крстио капетана Корнилија у Кесарији са целим домом, исто тако апостол Павле тамничара у Филипима са целим домом и Стефанина у Коринту са целим домом, кад дакле са целим домом, онда свакако и са децом. У после апостолском времену Тертулијан (202-240) је противан крштењу деце, али Ориген (+254) доводи обичај крштавања деце од апостола"(Јевсевије Поповић, O.C.R. 430 (И књига)). Професор М.Е.Поснов у своме великом уџбенику за Историју Цркве такође сведочи да су "по апостолском предању такође и деца била крштавана". Наводи чак и сведочанство Оригеново и Иринејево о томе (Проф.М.Е.Поснов,Историја Хришћаснке Цркве до раздељења Цркве, Брисел,1964. стр. 202.). Узевши све то у обзир, онда не може бити тачна тврдња секташа да се у старој Цркви нису крштавала и деца, и да је тај обичај увео тек Ориген. |
|||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ај помогни ми сарде, јас воопшто не го гледам зборот "крштевање" во стихот кој ти го наведе Таму се зборува за "раѓање од вода", и јас ти најдов стих каде се зборува за "раѓање од Словото"
"Тој не роди преку Словото на вистината" Јаков 1:18 и тоа ми дава за право да тврдам дека водата погоре го претставува Словото.
А тебе што ти дава за право водата да ја поистоветуваш со крштевањто? Каде во библијата се вели дека ние преку крштевањето се нановораѓаме?
Таму темата е нановораѓање и затоа таа паралела со словото е издржлива затоа што и двете зборат за иста тема - нановораѓање, а крштевањето нема да го најдеш во таква спрега никаде, затоа прости се од стихот, не е на твоја страна. |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
sarde, ова е 2 пат како и го избегнуваш прашањето на Ангелче, не ми се веурува дека во небрано те фатија и почетници во верата , браво Ангелче, секоја чест за прашањето
Немај гајле, ЕвАнгелост добро и објасни на Ангелче и околу прародителкскиот грев, и околу неговата осуда врз синот/ќерката, и околу крштевањето, и Ангелче прекрасно си свати, а тоа што прашува не е дека не знае, туку реторски прашува за да го разобличи вашето небиблиско учење дека бебибања морале да се бањаат за да не горат во пеколот.
Ако внимателно ги читаш страните ќе видиш дека Бог предвидел се и за тоа учи Православната Христова вера, сарде, да прочитала немала да праша, ама изгледа не прочитала
меѓутоа еретиците во своите заблуди создаваат учење кое како неуниверзално и небожјо не предвидува се. Затоа и колку пати ја прашав Евангелос:
Ако тврди дека а) гревот на родителите не се пренесува Извини што упаѓам, ама ЕвАнгелос никаде не тврди такво нешто, туку некој упорно и упорно сака лажно да сведочи против него.
Гревот се пренесува континуирано од Адам до детето што моментално се раѓа сега во државна
(освен се разбира, тој не се пренел кај "безгрешната" и "пресвета" Марија )
Ангелче, (ако читаш), сард тврди дека бебињата се раѓаат како муслимани Па ти види на каков еретик ќе му веруваш.
б) прародителскиот грев мртов грев и е избришан со Христовата жртва, тогаш од каде вродените болести кај децата.
Опсс...повторно лага, ЕвАнгелост не тврди дека прародителскиот грев е по дифолт избришан од Христовата жртва кај бебињата. А ти сард мислам и дека воопшто не знаеш што значи терминот "мртов грев", затоа и сите овие збукни. Мртов грев не значи исто што и избришан грев или непостоечки грев, туку ај да не ја менуваме темата, тука темата е крштевње, а прародителскиот грев никаде не е ставен во спрега со крштевањето.
Точно, во предвидувањата на Бог нема празнини, ама кај твоите толкувања има и Ангелче ти ги посочи погоре, ама ти 2 пати ги прескокна, а гарант и сега по 3 пат ќе најдеш некоја кривина.
Еве што те прашува Ангелче...
Што е со бебињата кои умираат во 8-от месец?
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ај помогни ми сарде, јас воопшто не го гледам зборот "крштевање" во стихот кој ти го наведе
Таму се зборува за "раѓање од вода", и јас ти најдов стих каде се зборува за "раѓање од Словото"
"Тој не роди преку Словото на вистината" Јаков 1:18 и тоа ми дава за право да тврдам дека водата погоре го претставува Словото.
А тебе што ти дава за право водата да ја поистоветуваш со крштевањто? Каде во библијата се вели дека ние преку крштевањето се нановораѓаме?
Таму темата е нановораѓање и затоа таа паралела со словото е издржлива затоа што и двете зборат за иста тема - нановораѓање, а крштевањето нема да го најдеш во таква спрега никаде, затоа прости се од стихот, не е на твоја страна. Св. Јован Крстител вели дека Оној кој доаѓа ќе ги КРШТЕВА со Свет Дух. Јас ве крстив со вода, а Он ќе ве крсти со Дух Свети. Тоа сознание за крштевањето Господ го дополнува со тоа што вели дека наново се раѓа оној кој се роди од вода и Свет Дух Никодим Му рече: „Како може да се роди човек, кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?” Исус му одговори: „Вистина, вистина, ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, тој не може да влезе во Божјото Царство. Роденото од тело, тело е; а роденото од Дух, дух е. Впрочем како се крстил Самиот Богочовек Исус Христос. Зошто не се крстил без вода, ако под крштевање подразбирал нешто друго И им рече: »Чашата Моја ќе ја пиете, и со крштавањето, со кое се крштавам Јас, ќе се крстите; но да се седи од Мојата десна или лева страна, тоа не зависи од Мене; таму ќе седнат оние за кои е приготвено од Мојот Отец. Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден. и директна наредба кон Апостолите и неговите ученици да ги крштеваат народите Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, АКО КРШТЕВАЊЕТО Е КРШТЕВАЊЕ СО СВЕТ ДУХ ШТО Е ЈАСНО ОД СТИХОВИТЕ ДАДЕНИ ПОГОРЕ. АКО РАЃАЊЕТО НА НОВИОТ ЧОВЕК Е РАЃАЊЕ СО СВЕТ ДУХ КАКО ШТО Е ДАДЕНО ПОГОРЕ. ТОГАШ РАЃАЊЕТО И КРШТЕВАЊЕТО СЕ ИСТИОТ АКТ. АКО КРШТЕВАЊЕТО НЕ Е ИСТОВРЕМЕНО И РАЃАЊЕТО НА НОВИОТ ЧОВЕК СО СВЕТ ДУХ ТОГАШ КОГА Е КРШТЕВАЊЕТО СО СВЕТИОТ ДУХ. ВО КОЈ МОМЕНТ ЌЕ РЕЧЕМЕ ДЕКА ТОЈ НАНОВО СЕ РОДИЛ ИЛИ ТОА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ЗНАЕМЕ, ПА ТОГАШ НИКОГАШ НЕМА ДА ЗНАЕМЕ ДАЛИ НАНОВО СМЕ СЕ РОДИЛЕ. УШТЕ ЕДНА САТАНСКА ОБМАНА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ВО ПРОПАСТ. АКО КРШТЕВАЊЕТО НЕ Е РАЃАЊЕ НА НОВИОТ ЧОВЕК СО СВЕТ ДУХ ТОГАШ ЗОШТО КРШТЕВАТЕ? Изменето од sard - 06.Јули.2007 во 16:30 |
|||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Сард, јас не побарав од тебе да ми смениш боја, туку да ми наведеш аргумент зошто да веруваме дека "водата" споманта во Јован 3-то поглавје се однесува на крштевањето?
Јас не реков дека крштевањето не се изведува со вода, ама зборот "вода" има повеќе симболики во Светото Писмо.
Затоа не менувај бои, туку напиши ни каде во Библијата се вели дека се нановораѓаме преку крштевање?
А јас ако треба и по 4 пат ќе ти го пишам стихот кој вели дека се нановораѓаме преку Словото...
"Тој не роди преку Словото на вистината" Јаков 1:18 И одговори и на Ангелче, што е со бебињата кои умираат во 8-от месец? Нуди ли православната богословија некое решение и за нив, или дупка?
Изменето од EvAngelos - 06.Јули.2007 во 16:38 |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Не мора еден православен да ти одговори, еве Евангелос како ти одговара:
sarde, ова е 2 пат како и го избегнуваш прашањето на Ангелче, не ми се веурува дека во небрано те фатија и почетници во верата , браво Ангелче, секоја чест за прашањето
Немај гајле, ЕвАнгелост добро и објасни на Ангелче и околу прародителкскиот грев, и околу неговата осуда врз синот/ќерката, и околу крштевањето, и Ангелче прекрасно си свати, а тоа што прашува не е дека не знае, туку реторски прашува за да го разобличи вашето небиблиско учење дека бебибања морале да
се бањаат за да не горат во пеколот. На 59 страна Ангелче го поставува прашањето и јас на истата страна во наредниот пост веднаш и одговарам Крштевањето на бебето ослободува од прародителскиот грев, а не од родителскиот. Значи од гревот кој го носиме од Адам и Ева, а не од гревот на родителите. Затоа се вродените болести и несовршености. Затоа и Евангелос избега од тоа прашање кога и го поставив малку погоре. Колку пати се фати во лага Евангелос. Срамота е да се нарекуваш христијанин. Текстот погоре ти ја разобличува лагата. Се обидуваш со измамнички зборови да си ги покриеш лагите. Овие две недели сфатив дека порасипано нешто од еретик не постои. Ako Bozjoto resenie za cistenje na praroditelskiot grev e krstevanje na bebinjata, togas izgleda Bog ne predvidel se t.e. Bozjoto resenie ne e resenie sto gi opfakja site sluchai, i se postavuva prasanjeto dali toa navistina e Bozjo resenie ili pak mozebi covecko predlog resenie?
Ако внимателно ги читаш страните ќе видиш дека Бог предвидел се и за тоа учи Православната Христова вера, сарде, да прочитала немала да праша, ама изгледа не прочитала
Јас ја повикувам да направи споредба на текстовите кои православните ги пишуваа во кои се е сложно од текстовите кои еретиците ги пишуваа во кои немаа одговор на многу прашања и имаа дупки дури и големи 15 века. Традицијата не е лош збор. Добрата навика е добро нешто. Добрата традиција е добра навика. Лошо нешто е лошата традиција, а уште полошо и од лошата традиција е немањето на никаква традција и постојаност туку постојана променливост. Може да се потврди традицијата на крштевање на бебиња со милениум и пол за дури во XVI век некој да почне да учи спротивно на она кое дотогаш било разбирливо. Подоцнежните еретичи ставови се појавуваат поради тоа што потешко е да се спори она кое е поочигледно. Затоа крштевањето на деца не е спорено 15 века бидејќи било тешко некому на ум да измислува нешто друго. Дури после 15 века се појавија првите будали да измислуваат нови нешта прекскокнувајќи 15 века наводно враќајќи се на изворното христијанство за кое немаат никакви сознанија.
меѓутоа еретиците во своите заблуди создаваат учење кое како неуниверзално и небожјо не предвидува се. Затоа и колку пати ја прашав Евангелос:
Ако тврди дека а) гревот на родителите не се пренесува Извини што упаѓам, ама ЕвАнгелос никаде не тврди такво нешто, туку некој упорно и упорно сака лажно да сведочи против него.
Гревот се пренесува континуирано од Адам до детето што моментално се раѓа сега во државна
(освен се разбира, тој не се пренел кај "безгрешната" и "пресвета" Марија )
Ангелче, (ако читаш), сард тврди дека бебињата се раѓаат како муслимани Па ти види на каков еретик ќе му веруваш.
Добро де да прочитаме еднаш јасно и очигледно што тврди Евангелос: Дали гревот од родителите на децата се пренесува или не се пренесува? Дали прародителскиот грев го носи бебето и како се ослободува од него? Од каде се вродените болести и недостатоци кај бебињата. б) прародителскиот грев мртов грев и е избришан со Христовата жртва, тогаш од каде вродените болести кај децата.
Опсс...повторно лага, ЕвАнгелост не тврди дека прародителскиот грев е по дифолт избришан од Христовата жртва кај бебињата. А ти сард мислам и дека воопшто не знаеш што значи терминот "мртов грев", затоа и сите овие збукни. Мртов грев не значи исто што и избришан грев или непостоечки грев, туку ај да не ја менуваме темата, тука темата е крштевње, а прародителскиот грев никаде не е ставен во спрега со крштевањето.
Ако сите гревови се мртви гревови од каде болестите.
Ete zatoa povekje mi se dopagja da i veruvam na Biblijata povekje otkolku na "resenijata" sto crkvata si gi donela na svoja raka niz vekovive. Bozjite resenija se seopfatni i sovrseni, a coveckite resenija (ako voopst se resenija) imaat dupki eden kup. Едно е што тебе ти се допаѓа друго е што Господ предвидел. Она кое тој го предвидел нема празнини.
Точно, во предвидувањата на Бог нема празнини, ама кај твоите толкувања има и Ангелче ти ги посочи погоре, ама ти 2 пати ги прескокна, а гарант и сега по 3 пат ќе најдеш некоја кривина.
Еве што те прашува Ангелче...
Како што можеш да видиш на 59 страна веднаш сум и одговорил. Напротив може да се види во наредните страни како ти го поставувам истото прашање кое веднаш го одговорив и ти го прескокнуваш. Еве на претходната страна те прашувам
Не ми одговори можеш ли да објасниш од каде доаѓаат вродените недостатоци кај луѓето? и во продолжение како што може да се види немаш дадено одговор Што е со бебињата кои умираат во 8-от месец? |
|||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Sard, не знам дали бевме доволно јасни, ние не те прашуваме за оние бебиња кои се родени во 7-от месец, па починале во 8-от,
туку за оние бебиња кои умираат во мајчината утроба во 8-от месец, за оние бебиња кои немале можност да ги избања чичкото со мантилот и брадата...што е со нив? Зошто вашиот бог не предвидел решение и за нив? Зошто тие да горат во пеколот?
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ме праша каде во Библијата е опишано крштевање со вода. Најдов таков цитат:
36 А кога патувајќи дојдоа до некоја вода, евнухот рече: “Еве вода! Што ме спречува да се крстам?” |
|||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Добар обид. Но јас не те прашав каде во Библијата е опишано крштевање со вода
Туку те прашав каде во Библијата крштевањето е дирекно поврзано со нановораѓањето или каде во Библијата пишува дека преку крштевањето се нановораѓаме и сл. за да некако можеме "водада" што Исус ја спомнува во Јован 3-то во контекст на нановораѓањето некако да ја протолкуваме со поимот крштевање. Се дотогаш ништо не ни дава за право да толкуваме дека Исус таму зборува за крштевње.
Што е со бебињата кои умираат во мајчината утроба во 8-от месец?
Нуди ли решение православната богословија за нивните кутри душички?
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Оние кои се родени се сметаат за комплетни самостојни личности и уште со самото раѓање за грешни бидејќи Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот - смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, оти сите згрешија; Оти, како што преку непослушноста на еден човек мнозина стаа грешни, исто така и преку послушноста на еден, мнозина ќе станат праведни. меѓу кои и ние сите некогаш живеевме според телесните желби , извршувајќи ги похотите на телото и на помислите, и по природа бевме како и другите, чеда на гневот, - Ете, во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мајката моја. Тоа зборува дека сите се зафатени од гревот и зачнати во грев, па и тукушто родените деца го носат гревот. Всушност самото раѓање во тело е грев, затоа телото треба да се освети со Светиот Дух. Адам и Ева од нивното етерно тело се претвориле во плотско тело со падот во гревот. на, што Законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото, го изврши Бог, исправајќи Го Синот Свој во тело, слично на телото на гревот, и поради гревот Он го осуди гревот во телото, Затоа и велиме почетокот на носењето на нашите гревови Бог го изврши со самото отелотворување во грешното човеково тело. Гревовите на родителите се пренесуваат на потомството. Тешките гревови на родителите им отежнуваат во спасението на нивните деца. Случаевите на неуспешна бременост е израз на тешките гревови на родителите до 4-то колено наназад во директна линија. Ако испиташ наназад ќе откриеш вообичаено дека некој од предците се занимавал со некоја многу осудена активност, пример баење, еретизам, тешка навреда на Божја светиња и слично. Ако луѓето лекомислено мислат дека можат да си играат со светињата и дека ќе го надитрат Бога, животот покажува дека се лажат. Одговорот на прашањето е следниот: Детето во утробата кое не е родено е живо, има своја душа, но сеуште нема своја целосно самостојна личност и самостоен живот одвоен од животот на мајката што се случува со раѓањето и пресекување на папочната врвка. Како оние кои не чуле за проповедта на Евангелието што не се спасуваат според правилата на верата така и бебето во утробата кое не добило можност да има своја личност значи не добило прилика да ја прими Божјата благодат во свој самостоен живот не се спасува според законите на оние кои се родиле. Човекот го понесува товарот на гревот со раѓањето. Ете, во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мајката моја. Па така не одговара според правилата на верата. Неговата душа е спасена. Тоа не мора да биде крстено за да се оправда од првородниот грев бидејќи не ни формирало личност, не ни понело грев со раѓање во свое тело, не се ни родило за да понеси грев, ниту пак го носи гревот на родителите. Доколку неговата смрт не е намерно предизвикана од родителите (абортус) туку е последица од компликации на бременоста неговата смрт е предизвикана од гревовите на родителите, меѓутоа самото тоа не е виновно, свој личен грев нема, а го исплаќа нивниот грев со својата смрт. Изменето од sard - 06.Јули.2007 во 20:59 |
|||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Господ рекол дека наново раѓањето е раѓањето со „вода и Свет Дух“, толкуваме дека мислел на крштевањето иако директно не го употребил зборот крштевање бидејќи нема друго раѓање со Свет Дух освен крштевањето. Затоа и те прашав ако крштевањето не е раѓањето со Свет Дух тогаш во кој момент можеме да кажеме дека некој се родил од Светиот Дух. Како човек ќе знае дека го примил Светиот Дух? Ако крштевањето не е неопходното раѓање со вода и Светиот Дух тогаш крштевањето е акт без практична вредност. Зошто се лутиш кога велам дека за протестантите крштевањето е небитен фактор за спасението што е чудно ако се види колку сте запнале за да побиете нешто небитно. Или се тепате за да ги одвоите луѓето од крштевањето за да не се крштеваат православно зборувајќи им за некакво друго валидно крштевање, за потоа дури ни така да не се крштеваат бидејќи тоа не е ни битно. Исто така во Библијата не е дадено како се врши крштевањето, па еве крштевате, а велите дека се држите строго само за Библијата. Од каде знаете како да крштевате кога за формата на крштевањето не пишува во Библијата. Ние знаеме за формата на крштевањето од Светото предание кое нашата Црква го прифаќа и кое и е доверено и чувано од Господ Светиот Дух. Протестантите не признаваат Свето предание а крштеваат, тогаш значи си измислиле ново предание за тоа како треба да се изврши чинот на крштевањето. Одговори на некое од овие прашања! Изменето од sard - 06.Јули.2007 во 21:18 |
|||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Се читаш ли што пишуваш? Зарем се надеваш дека ќе убедиш некого дека прародителскиот грев ги чека докторите да ја пресечат папочната врвца на бебето за да влезе преку неа во него?
Демек ако бебето умре 1 секунда пред тоа неговата душа е спасена, а ако умре 1 секудна потоа неговата душа ќе гори во пеколот...хелоууу??? До каде ќе терате со оваа смешна доктрина?
Доколку направиш малку измени во овде, ова би бил најдобриот пост што си го пишал на темава.
Јас ти ги подвлеков со црвено најважните работи кои сакам да ти останат врежани во глава, но со мала исправка: Овие работи не важат кај бебето до моментот на раѓањето, туку до моментот кога ќе му проработи совеста, до моментот кога ќе почне да разликува зло од добро, до моментот кога Божјиот Закон преку совеста ќе го убеди дека направило СВОЈ ЛИЧЕН ГРЕВ, е дури тогаш гревот ќе ги покаже своите заби (гревот ќе оживе Римјаните 7:9), а бебето ќе добие лична одговорност и неопходност од покајание, вера во Исус Христос и крштевање. Изменето од EvAngelos - 06.Јули.2007 во 21:31 |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Човек може цел живот да се спасува па една секунда пред крајот на животот да згреши и да не се спаси и обратно искрено и горко да се покае пред смртта па да се спаси. Ние ќе добиеме онаков суд каков што имаме во моментот на смртта. Ако тоа важи моментот за смртта зошто тогаш тоа да не важи моментот за раѓањето. Ако некој цел живот се подвизувал, па се испијанил, направил собраќајка во која погинал тој и други однел во смрт што ќе му речеме на Бога. Она што ти го велиш: Алоооо Боже, па овој цел живот се трудеше правилно да живее зарем заради еден грешен саат ќе го осудиш. Бидејќи Бог е тој кој им дава живот на луѓето, тоа значи и дека смртта на новореденото дете била Божја одлука за тежок грев. Поточно самите се казниле со својот безбожен живот па ја немало заштитата на Светиот Дух. Затоа и набргу после раѓањето ги крштеваме децата. И оној кој навидум цело време се подвизувал но пред смртта згрешил Бог имал причина што неговите подвизи не ги примил па дозволил да умре во грев.
Зошто јас прво ти ги цитирав стиховите кои зборуваат за гревот на родените уште со раѓањето во тело: Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот - смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, оти сите згрешија; Оти, како што преку непослушноста на еден човек мнозина стаа грешни, исто така и преку послушноста на еден, мнозина ќе станат праведни. меѓу кои и ние сите некогаш живеевме според телесните желби , извршувајќи ги похотите на телото и на помислите, и по природа бевме како и другите, чеда на гневот, - Ете, во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мајката моја. на, што Законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото, го изврши Бог, исправајќи Го Синот Свој во тело, слично на телото на гревот, и поради гревот Он го осуди гревот во телото, Сите овие стихови зборуваат дека човекот го носи гревот со раѓањето. Човек е грешен уште од самото раѓање. Детето го носи духот на родителот, лош или помалку лош. Ако во текот на својот живот 1. не се освети со крштевањето и 2. не го прими Христос со причестувањето нема да се спаси. Во спротивно, ако е онака како што ти и протестантите тврдите. Тогаш милионите деца кои умреле пред да станат свесни ќе се спасат вклучувајќи ги децата и на паганските народи кои слушнале за Христос и не го прифатиле. Тогаш патот кон спасението и не е баш многу тесен. Тие сите умираат затоа што го носат гревот на родителот и Светиот Дух не ги штити. Тие нема да се спасат. Луѓето не се свесни за товарот на одговорноста на нивните постапки. Се спасува оној кој се крштева и достојно причестува. Едното го чисти од првобитниот грев, другото го чисти од личниот грев и гревот на родителите. Светот со падот во грев, не западна во нешто лесно, западна во нешто стравично. Оние кои ќе се свестат за гревот во светот и за природата на самиот свет ќе го замразат светот и ќе го засакаат Бога како што пишува и Апостол Јаков. А оние кои на гревот гледаат само како на обична грешка ќе си прават компромиси со светот и нема да се соочат со целата одговорност и товар на гревот. Луѓето имаат шанса да живеат по Христа но ете не живеат, затоа заради нивните гревови и им се раѓаат деца со недостатоци или децата им умираат уште млади. Тие деца си го носат товарот на родителот и нема да се спасат. А ако некаде Христовата проповед сеуште не стигнала до одреден народ што е реткост, тогаш луѓето од тој народ се спасуваат според законот на совеста. а за текстот во Римјаните глава 7 9 Некогаш живеев без Закон; но кога дојде заповедта, гревот оживе. 10 Јас, пак, умрев, и се покажа дека заповедта, дадена за живот, ми послужи за смрт, 11 оти гревот, поведувајќи се по заповедта, ме измами и преку неа ме умртви. 12 Така, значи, Законот е свет, и заповедта света, справедлива и добра. 13 Па така, доброто ли за мене стана смрт? Никако! Но гревот, за да се покаже дека е грев, ми предизвикува преку доброто смрт, та преку заповедта гревот да стане премногу грешен. 14 Затоа знаеме дека Законот е духовен, а јас, пак, сум од тело, продадено ос гревот. 15 А што правам, не знам; бидејќи не го вршам она, што сакам, туку она, што го мразам, тоа го правам. 16 Ако, пак, го правам она, што не го сакам, тогаш се согласувам со Законот дека е добар. 17 И така, јас веќе не го правам тоа, туку гревот, што живее во мене. 18 Јас знам дека во мене, односно во моето тело, не живее доброто; бидејќи желба за добро во мене има, но да го правам тоа, не наоѓам сили. 19 Оти не доброто, кое го сакам, го правам, туку злото, што не го сакам, го вршам. 20 А штом го вршам она, што не го сакам, не го вршам веќе јас, но гревот, кој живее во мене. 21 И така, во себеси наоѓам таков закон дека, кога сакам да го правам доброто, злото ми се наметнува. 22 Бидејќи, со својот внатрешен човек наоѓам наслада во законот Божји, 23 но во органите свои гледам друг закон, кој војува против законот на мојот ум и ме прави заробеник на гревовниот закон, кој е во моите органи. 24 Беден човек сум! Кој ќе ме избави од телото на оваа смрт? 25 Му благодарам на својот Бог преку Христа, нашиот Господ. И така, јас сам со умот свој му служам на Божјиот закон, а со телото - на гревовниот закон. Зборува за законот на Стариот Завет кој го намножи гревот и за гревот на телото. Во целиот текст Апостолот не го дава одговорот како да се ослободи човек од односот на законот и гревовното тело. Само вели „Му благодарам на својот Бог преку Христа, нашиот Господ“. Одговорот е претходно дадено во Евангелијата дека човек се слободува преку осветувањето со Светиот Дух - крштевањето и Крвта Христова - причестувањето. |
|||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||
Внеси реплика | страница <1 6263646566 72> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |