IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - КУЛТОТ ЗА МАРИЈА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КУЛТОТ ЗА МАРИЈА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 60>
Автор
Порака
goor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 844
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2007 во 13:48
eretici se site sto ne pripagaat vo ista vera so evangelos i adzija od edna strana....
potoa site sto ne pripagaat vo ista vera so miralem i kompani....
potoa ateistite......pa site sto ne se vo ista vera so bronhi i reakt.....

koa da vidis site se eretici.....
end off days 15...14...13....
Кон врв
Реакт Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Мај.2007
Локација: Burundi
Статус: Офлајн
Поени: 373
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Реакт Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2007 во 13:59
Апсолутно генијално! Само ретко кој вака размислува. Зошто? ......... Confused
Без коментар
Кон врв
goor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 844
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2007 во 14:03
pa site mislat deka nivnata vera e vistinskata.......i deka nivnoto mislenje e ona pravilnoto....
end off days 15...14...13....
Кон врв
Реакт Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Мај.2007
Локација: Burundi
Статус: Офлајн
Поени: 373
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Реакт Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2007 во 14:31
Да, да. Така е! И? Понатаму? Продолжи......
Без коментар
Кон врв
goor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 844
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2007 во 22:01
па понатаму по се изгледа никој ја нема сватено религијата како што треба.....или воопшто не постои бог.....
end off days 15...14...13....
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2007 во 22:12
Полека Бронхи, не се дери, не ги презголемувај буквите, сосема ја разбирам твојата фрустрација и вознемиреност предизвикана од стихот кој јасно и гласно кажува дека Христов ученик поттикнат од Светиот Дух (значи не на своја рака) Му се моли на Исус дирекно.
Извини ако те шокирав, не сум јас крив, Словото предвидело и тоа.Wink
 
Еве ви уште еден стих...
 
"Не грижете се за ништо, туку во се преку молитва и молби со благодарност искажувајте ги вашите барања пред Бог!" Филипјаните 4:6
 
Бронхи, Реакт, прашање до вас: Дали е Христос Бог?
 
За вас не знам, но Библијата вели дека е...
 
"..од кои потекнува и Христос по тело, Кој е Бог над сите, благословен во сите векови!" Римјаните 9:5
 
Значи ако се сложиме дека Христос е Бог, од првиот стих следи дека апостолот не учи да се молиме на Христос Wink
 
Ова добро го научил Христовиот ученик Стефан, кој поттикнат од Светиот Дух му се моли на Исус велејќи...
 
"Господи Исусе, прими го мојот дух!" (Дела 7:59)
 
Одма во наредниот стих гледаме дека неговата молитва е услишена - значи Христос го послушал и ја оправдал неговата молитва.
 
Значи, Реакт, Бронхи, јас ви најдов библиски стихови каде апостолите не учат да се молиме на Бог-Христос, и ви најдов стих каде ученик Христов, поттикнат од Светиот Дух, дирекно се моли до Исус и чија молитва е услишена.
 
А сега ве предизвикувам и двајцата (а можете да си повикате и засилување LOL) и вие да ми најдете бислиски стих каде некој, еве не мора да биде апостол, некој обичен маргинален христов ученик и учи дека треба да и се молиме на мајката на Христос Марија или пак стих каде некој и се моли на Марија (на своја рака).
Еве не мора да пишува дословно Марија, нека пишува Мајката на Исус, нека пишува блажената, нека пишува "онаа со благословениот плод на утробата", било што само да не биде аргумент на молк! Wink
 
п.с. Знам дека и овој пат (3 пат!) ќе ме прескокнете и повторно ќе зголемувате букви и ќе ја менувате темата, ама ќе бидам упорен, до крај Smile
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Ангелче Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 45
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ангелче Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2007 во 10:36
Ne moras da predizvikuvas evangelos, povekje od jasno e deka nikoj vo Biblijata ne i se molel na Marija, i vo pravo bese so toa sto rece deka nejzinoto ime voopsto ne e ni spomnato vo poslanijata na apostolite, ama tesko ke gi razubedis onie koi go pravat toa bidejkji toa im e zapovedano od nivnite crkvi, a pak tie ne mozat da ja smenat taa doktrina bidejkji e vkoreneta kaj niv so vekovi, iljadnici ikoni na Marija se vo prasanje, ma kakvi iljadnici - MILIONIII, potoa imas celi molitvenici posveteni na Marija, pesni sto ja slavat itn itn, i sto sakas ti seto toa da ide vo gjubre samo zatoa sto edna Biblija kazuva nesto sprotivno?
A bashka ako pravoslavnata i katolickata crkva ja smenat ovaa rabota togas toa bi bilo eden vid reforma kaj niv i kje ispadne demek potkleknale pod vlijanie na onie crkvi koi tie gi narekuvaat sekti, a se raboti za ugled, gordost, pravoslavie ti teknue? Ako go smenat toa kje ispadne deka do sega ne bile pravoslavie poso imale krivo uchenje za Marija, a koj bi sakal da se negira samiot sebesi?
Zatoa ti vikam, zaludno se macis da objasnuvas, duri i nekoj da te sfati, toa kje bide kako da mu chepkas po ranata na bolen covek sto ne saka da bide izlekuvan Cry
cao

1 2 3
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2007 во 00:44
Бидејќи Господ Светиот Дух е рамночастен со Господ Синот Божји, можете ли да ми најдете стих каде пишува да му се молиме на Господ Светиот Дух.
Ние православните иако нема таков стих во Библијата знаеме дека на Господ Светиот Дух треба да му се молиме. Дали ако нема таков стих не треба да му се молиме на Господ Светиот Дух кога се знае дека е со иста чест како и Господ Синот Исус Христос?

А за молитвата на Богородица

Молитвата кон оние кои му угодуваат на Бога е нешто сосема природно. Како што оделе по Христа и го молеле да му се моли на Бога и да ги спаси од болестите, исто така оделе и по апостолите и Богородица и ги молеле да му се моли на Христа затоа што со нивната молитва се случувале чуда.
Кога веќе Богородица не била физички со нив продолжиле да ја молат да му се моли на Бога за нив и гледале дека Бог им ја потврдува молитвата со тоа што пред Него поставената молитва од Богородица за нив им се исполнува.

 А Симон одговарајући рече: Помолите се ви Господу за мене да не наиђе на мене ништа од овог што рекосте.

 И молих ученике Твоје да га истерају, па не могоше.

Всушност застапувањето на Светителите за нас произлегува од одредбата да се молиме едни за други, а не секој за себе.

Јаков: 5:16 И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила.
Ефесјаните:
6:18 Со секаква молитва и проба молете се со духот во секое време и грижете се за тоа со постојанство и молба за сите светии,
Колосјаните:
4:3 Молете се исто така и за нас, за да ни ја отвори Бог вратата на проповедта да ја разгласуваме Христовата тајна, поради која сум и во окови,
1 Солунјани
5:18 и Браќа, молете се за нас!
2 Солунјани:
3:1 Потоа, браќа, молете Му се на Бога, за нас, та словото Господово да се распространува и да се слави на секое место, како и меѓу вас,

Евреите13:18 Молете се за нас, оти сме уверени дека имаме добра совест, грижејќи се во се добро да постапуваме.

Како што се молиме едни за други пред Бога, така и Божјите угодници како што е Богородица се молат за нас. Тие не се мртви тие се живи и ги слушаат нашите молитви и се застапуваат за нас пред Бога.


Изменето од sard - 07.Јули.2007 во 00:46
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2007 во 01:27
За прашањето Дали Богородица е поголема од Св. Јован Крстител, ако Господ рекол дека нема поголем кој се родил од жена.
Одговорот е:

 Заиста вам кажем: Ни један између рођених од жена није изишао већи од Јована Крститеља; а најмањи у царству небеском већи је од њега.

Навистина нема поголем кој се родил од жена, меѓутоа во текот на животот Богородица се удостоила повеќе од Св. Јован Крстител. Со осенувањето со Светиот Дух со што Богородица го понела Богочовекот во себе таа се очистила од првородниот грев. Со носењето на светиот плод во себе се исчистила и удостоила нејзината душа и тело. Тешка хула на Бога е да се каже дека утробата и телото од кои бил отелотворен нашиот Господ зачнала во грев и други. Тешка хула на Бога е да се каже дека Бог имал свои телесни браќа. Тоа го велат оние кои толку завлегле во гревот што повеќе не можат да си замислат дека други не живееле во грев како нив. Бог не се гордеел, но Бог не газел по светоста. Затоа и Бог влегува во Ерусалим скромно. Не на коњ како многу човечки војсководци водени од својата гордост и замисла за величина, туку на осле. Меѓутоа Бог им вели на осле кое досега никој не го јавал. Што значи дека Бог иако е скромен внимавал да не се сквернави Неговата Божја светост. Бог бирал обични луѓе да го проповедаат Евангелието, меѓутоа ги бирал најчистите по срце.
Бог сакал да се спои со човекот. Уште во предвечниот совет на Света Троица Бог го испланирал и го сакал своето спојување со човекот. Тоа поврзување на Бог и човекот Бог го сторил преку Марија Дева. Ако Дева Марија е избраната, сигурно Бог не избрал обична жена туку жена со највисока достојност за да го понесе Богот и човекот Исус Христос. Како и животот на секој човек што нема никаква смисла освен ако човек не си ја исполни својата Божја мисија и порака во животот така дотолку повеќе животот на Богородица не можел да има друга смисла освен живот посветен на Оној кој го носела во утробата. Па како тогаш Дева Марија би имала други деца и би го оставила Господ Христос и би водела други светски грижи. Ако Бог не и дал посебно значење на Дева Марија. Ако преку Дева Марија Бог целосно не се споил со човекот тогаш Богородица му послужила на Бога само како инкубатор за Тој да се отелотвори  во човек. Само од ова можевте да знаете дека Мајката Божја како што ја нарекува самото Свето Писмо има посебно значење пред Бога. Затоа и запаѓате во гревови и се чудите зошто и покрај верата во Бога не успевате да се извлечете од гревовите туку запаѓате во уште потешки. Затоа што се валкате во сопствената кал и се враќате на сопствената блувотина. Кажувате тешка хула на Божјата светост за која секој од вас ќе одговара пред Бога не само со последици со пад во грев туку и со несреќи и болести уште во текот на овој земски живот. Да имавте барем малку претстава за Божјата светост која Бог не дозволил ниту ќе дозволи некој да ја сквернави немаше да хулите дека Бог се отелотворил во обична грешна жена која и после осенувањето со Светиот Дух и после носењето на Креаторот на се видливо и невидливо си продолжила со животот како ништо битно да не и се случило. Таквиот Христос не е Бог, таквиот Христос вие само го нарекувате за Бог, а всушност во себе имате претстава за човек.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2007 во 02:01
Originally posted by sard sard напиша:

За прашањето Дали Богородица е поголема од Св. Јован Крстител, ако Господ рекол дека нема поголем кој се родил од жена.
Одговорот е:

Заиста вам кажем: Ни један између рођених од жена није изишао већи од Јована Крститеља; а најмањи у царству небеском већи је од њега.
Превод од EvAngelos:
"Навистина ви велам: меѓу родените од жена не се издигнал поголем од Јован Крстителот, а најмалиот од во Небесното Царство е поголем од него." (Матеј 11:11)

Навистина нема поголем кој се родил од жена, меѓутоа во текот на животот Богородица се удостоила повеќе од Св. Јован Крстител.
 
Погрешно!
Христос не ја дава горната изјава во времето кога Марија и Јован биле бебиња (па демек потоа Марија уште се воздигала и го претркала Јован) туку во време кога и Марија и Јован биле возрасни луѓе. Бидејќи Јован му е генерација на Исус (околу 6 месеци постар), а Исус имал околу 30 год, значи дека Марија била сигурно над 45 години.
Значи Христос вели дека никој роден од жена (сакајќи да каже - ни еден човек на планетава освен Адам и Ева) не се издигнал над Јован Крстителот, па ни Марија.
 
Originally posted by sard sard напиша:

Тешка хула на Бога е да се каже дека утробата и телото од кои бил отелотворен нашиот Господ зачнала во грев и други. Тешка хула на Бога е да се каже дека Бог имал свои телесни браќа.
 
Сакаш да кажеш дека Светото Писмо хули?! LOL
 
"И откако дојде во своето родно место, ги поучуваше во нивните синагоги, а тие се чудеа и зборуваа: Од каде Му се на Овој оваа мудрост и моќни дела? Не е ли овој синот на дрводелецот? Мајка Му нели се вика Марија, а Неговите браќа Јаков, Јосиф, Симон и Јуда? И сите Негови сестри не се ли кај нас? Од каде Му е тогаш на Овој сето ова? И се соблазнија од Него. " Матеј 13:54-57
 
Значи ако претпоставиме дека Исус имал 4 полубраќа по тело и бидејќи е напишано "сестри" - во множина, најмалку 2 полусестри по тело, следува дека Марија родила уште најмалку 6 други деца зачнати во грев преку нејзиниот сопруг Јосиф. Wink
 
Девствента утроба на Марија била потребна само до раѓањето на Христос и со тоа си ја завршила успешно мисијата и Бог ќе ја награди за тоа.
А по Христовото раѓање, како што гледаме од стихот погоре, вооптш немало причина Марија да иде на целибат, туку уште си раѓала како и секоја нормална жена во тоа време.
 
Запомно сарде: Христос е фокусот! А не Марија, ниту пак нејзината утроба по Христовото раѓање.
 


Изменето од EvAngelos - 07.Јули.2007 во 02:03
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2007 во 03:06
За прашањето Дали Богородица е поголема од Св. Јован Крстител, ако Господ рекол дека нема поголем кој се родил од жена.
Одговорот е:

Заиста вам кажем: Ни један између рођених од жена није изишао већи од Јована Крститеља; а најмањи у царству небеском већи је од њега.
Превод од EvAngelos:
"Навистина ви велам: меѓу родените од жена не се издигнал поголем од Јован Крстителот, а најмалиот од во Небесното Царство е поголем од него." (Матеј 11:11)

Навистина нема поголем кој се родил од жена, меѓутоа во текот на животот Богородица се удостоила повеќе од Св. Јован Крстител.
 
Погрешно!
Христос не ја дава горната изјава во времето кога Марија и Јован биле бебиња (па демек потоа Марија уште се воздигала и го претркала Јован) туку во време кога и Марија и Јован биле возрасни луѓе. Бидејќи Јован му е генерација на Исус (околу 6 месеци постар), а Исус имал околу 30 год, значи дека Марија била сигурно над 45 години.
Значи Христос вели дека никој роден од жена (сакајќи да каже - ни еден човек на планетава освен Адам и Ева) не се издигнал над Јован Крстителот, па ни Марија.
Зошто ти го дадов српскиот превод. Како пишува таму
Ни један између рођених од жена није изишао већи од Јована Крститеља. Значи ниеден не излегол, што не значи дека во тој момент Светителот Јован Крстител е поголем од Богородица. Богородица се удостоила со поголема мисија од онаа на Св. Јован Крстител. Што е поголемо? Најавувањето на Оној кој доаѓа кое го врши Св. Јован Претеча или носењето во себе и секојдневното живеење со Него како  Негова мајка. Од друга страна треба да се внимава и на тоа што Господ вели дека нема поголем пророк од Св. Јован Крстител, додека Богородица не е пророк. Со Св. Јован Крстител завршило времето на пророците, а од сите нив Св. Јован Крстител е најголемиот пророк кој во себе го носел духот на пророк Илија.

Оти ти велам: меѓу родените од жени нема ниеден поголем пророк од Јована Крстител; но најмалиот во царството Божјо е поголем од него.”
 
Тешка хула на Бога е да се каже дека утробата и телото од кои бил отелотворен нашиот Господ зачнала во грев и други. Тешка хула на Бога е да се каже дека Бог имал свои телесни браќа.[/quote]
 
Сакаш да кажеш дека Светото Писмо хули?! LOL
Хулат оние кои го толкуваат Светото Писмо така да си ги оправдаат сопствените страсти и гревови.
"И откако дојде во своето родно место, ги поучуваше во нивните синагоги, а тие се чудеа и зборуваа: Од каде Му се на Овој оваа мудрост и моќни дела? Не е ли овој синот на дрводелецот? Мајка Му нели се вика Марија, а Неговите браќа Јаков, Јосиф, Симон и Јуда? И сите Негови сестри не се ли кај нас? Од каде Му е тогаш на Овој сето ова? И се соблазнија од Него. " Матеј 13:54-57
 
Значи ако претпоставиме дека Исус имал 4 полубраќа по тело и бидејќи е напишано "сестри" - во множина, најмалку 2 полусестри по тело, следува дека Марија родила уште најмалку 6 други деца зачнати во грев преку нејзиниот сопруг Јосиф. Wink
Тие не ги родила Богородица туку се деца на Јосиф од неговиот претходен брак. Јосиф бил стар но праведен и богобојазлив човек кого Господ го избрал за да биде со  Богородица и Господ Христос.
Девствента утроба на Марија била потребна само до раѓањето на Христос и со тоа си ја завршила успешно мисијата и Бог ќе ја награди за тоа.
Господ нека ми прости што се осмелувам за ова да зборувам, но тоа го правам за да се даде одговор на хулителите и подигрувачите. Значи Бог ја зел ја употребил и ја оставил натаму да си живее како Богочовекот Христос да не е нејзино тело и крв. Секој возрасен знае за чудното поврзување со интимноста. Мажот и жената стануваат едно тело. Богочовекот со осенувањето на Светиот Дух и Дева Марија се поврзал со човештвото. Зарем истата која била осенета од Светиот Дух и низ која течела Богочовечката крв да го сквернави тоа и во грев да се спојува во едно тело со грешни луѓе. Тоа е пеколна хула.
А по Христовото раѓање, како што гледаме од стихот погоре, вооптш немало причина Марија да иде на целибат, туку уште си раѓала како и секоја нормална жена во тоа време.
Ако светот после Христос живеел како да го нема, тогаш можела и Дева Марија да живее како ништо битно да не и се случило во животот. А тоа ниту било ниту може да биде. Само сатаната сака да го извалка и најчистото.

 Запомно сарде: Христос е фокусот! А не Марија, ниту пак нејзината утроба по Христовото раѓање.[/QUOTE]
Ако протестантот може да зборува за Бога и потоа да излези надвор и да се однесува како и секој друг нехристијанин, христијанинот кого еднаш го допрел Господ Христос повеќе не може да се однесува како ништо да не му се случило. Ако Мојсеј после првиот контакт со Бога не бил повеќе истиот фамилијарен човек, туку пророк кој мисли само на Бога. Ако тоа важи за обичниот христијанин тогаш како Богородица која се удостоила повеќе од секој човек. Го носела, родила, живеела и секојдневно го гледала Господ ќе може да живее како вообичаено како и секоја грешна жена. Бог преку Богородица се споил со човекот. Нашиот удел во Богочовекот Христос и го благодариме на Богородица и затоа ја почитуваме. Такво спојување Бог Света Троица не направил со никого, дури ниту со најдостојните ангели. За тоа што се удостоила за таква чест таа била и свет сад приготвен за таква света чест. Секој што ја омаловажува нејзината девствена чистота тешко сквернави не само на неа, туку пред се на Бога.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2007 во 03:10
Каква ли празна темница е во вашите души за да изговарате такви хули на Бога. Каква ли рушевина е внатре во вас.

Изменето од sard - 07.Јули.2007 во 03:10
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2007 во 04:02
Originally posted by sard sard напиша:

Каква ли празна темница е во вашите души за да изговарате такви хули на Бога. Каква ли рушевина е внатре во вас.
 
Каква ли празнинина и темнина се наоѓа во вас кои наместо Творецот го обожавате делото на Неговите раце, кои наместо Создателот, го обожавате Созданието.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2007 во 04:08

Sard, без разлика кој превод ќе го одбереш, во сите преводи, а најважно и во оригиналот, пишува дека никој роден од жена не се издигал над Јован Крстителот. И бидејќи и Марија си е родена најнормално од жена, следува дека ни она не се издигнала над Јован Крстителот.


Залудно се мачиш со твоите лични филозофирања да ја воздигаш Марија, Христос јасно и гласно си ја кажа нејзината позиција.
Неможеш да се правиш попаметен и поголем филозоф од Христос, а и ниту од апостолите. Ако оние толку ја воздигале и величале ќе ја спомнеле барем еднаш во своите посланија, но, ако си ги читал посланијата нивни (во Новиот Завет) сигурно ќе си приметел дека Марија воопшто и не е споманта таму.
Види ти погоре колку си ни напишал за Марија, а апостолите и евангелистите во своите посланија ни збор! Зошто? Размисли.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

"И откако дојде во своето родно место, ги поучуваше во нивните синагоги, а тие се чудеа и зборуваа: Од каде Му се на Овој оваа мудрост и моќни дела? Не е ли овој синот на дрводелецот? Мајка Му нели се вика Марија, а Неговите браќа Јаков, Јосиф, Симон и Јуда? И сите Негови сестри не се ли кај нас? Од каде Му е тогаш на Овој сето ова? И се соблазнија од Него. " Матеј 13:54-57
 
Значи ако претпоставиме дека Исус имал 4 полубраќа по тело и бидејќи е напишано "сестри" - во множина, најмалку 2 полусестри по тело, следува дека Марија родила уште најмалку 6 други деца зачнати во грев преку нејзиниот сопруг Јосиф. Wink

Originally posted by sard sard напиша:


Тие не ги родила Богородица туку се деца на Јосиф од неговиот претходен брак. Јосиф бил стар но праведен и богобојазлив човек кого Господ го избрал за да биде со  Богородица и Господ Христос.


Од каде го ископа ова жити се LOL
Можда од некој дедо "отец", ама од Библијата сигурно не!Embarrassed


Еве неколку логични прашања:
Ако Бог се погрижил да му обезбеди девствена утроба на Спасителот, тогаш зошто од сите мажи на планетава тој избрал сопруг за Марија, на кој таа му била втора или трета?
Зошто Бог избрал очув за Исус кој имал однос со жена и пред Марија?
Зошто Бог не избрал некој кој се чувал за блажената девица Марија?
Зарем она и Исус не заслужувале таков сопруг и очув?

Запомни сарде..
Девствента утроба на Марија била потребна само до раѓањето на Христос и со тоа си ја завршила успешно мисијата и Бог ќе ја награди за тоа.
А по раѓањето, бебето Христос повеќе не било во таа утроба, туку надвор од неа и Божјото внимание се пренесува надвор од утробата.

Фокусот останува на Христос - кој е надвор од утробата на Марија!
 


Изменето од EvAngelos - 07.Јули.2007 во 04:09
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 60>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.