IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ЕДИНСТВОТО ВО ЦРКВАТА И КАКО СЕ РАЃА ЕРЕС
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЕДИНСТВОТО ВО ЦРКВАТА И КАКО СЕ РАЃА ЕРЕС

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456>
Автор
Порака
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2007 во 02:04
Originally posted by аџија аџија напиша:


Понекогаш можеш и ти да изненадиш со убаво разбирање. Тоа што не оди никако во мојата глава, е како тоа ќе се вратите во Христовата вера, се додека ве водат среброљупци, славољупци и мора да се признае во голема мерка еретици? (чест на исклучоците).

Значи јас што зборувам цело време на овој форум? Ако сака да се викаш ПРАВОСЛАВЕН, ВИКАЈ СЕ! Никој овде не бара да станете протестанти. Се што повикувам е да СТАНЕТЕ ХРИСТИЈАНИ! Да се ослободите од стегите на кривите учења, на поповите кои место да го учат го заведуваат народот, и да се вратите кон ЧИСТОТО ХРИСТОВО УЧЕЊЕ...

Толку ли е погрешно тоа? Толку ли е грев, гревот да се нарече грев? Толку ли е грев, ересот да се нарече ерес? И тоа само затоа што гревот и ересот го прават лица во одора? Big%20smile


Ние сме во Христовата вера. Нашиот внатрешен православен духовен живот ни обезбедува мир и исполнување во срцето. Треба да се вкуси и да се почувствува што значи тоа да бидеш раат. Гревот се гаси и полека ја губи силата. Ја чувствуваш сопствената стабилност на личноста и знаеш дека неповратно си се извлекол од демонските канџи на гревот. Ние имаме духовен живот! Знам дека тој поим духовен те збунува. Не ти е јасно: „Што е тоа духовно?“. Протестантизмот со своите гледишта го пренесува верникот во друга сфера која не продира длабоко во сржта на душата, нејзиното чезнеење за се она што го добива од Бога, измачувањето со влечењата на страстите, ропството на гревот и не ги извлекува луѓето од таму. Гревот си останува внатре бидејќи бил само формално покриен. Ако добие прилика избива надвор. Се додека протестантот е во движење, во активност добро му е, ама штом застана паѓа и од се она што го правел како ништо самиот да не стекнал за да го задржи од пад. Не е независен од надворешните позитивни или негативни влијанија. Затоа настојува да биде што е повеќе под позитивни надворешни влијанија. Што се случува со православниот верник? Изгледа дека бавно напредува и дека ништо не се случува, ама внатре се случува и се што постигнува останува во него. Со годините тоа се складира. После години гледаш дека истиот едноставно царува. Царува со својата независност. Повеќе нема врска што се случува околу него, тој си се движи напред според внатрешните текови. Господ му е во срцето и мислите, Тој му е се и нема за што да се вознемирува повеќе. Душата претходно растргнувана на сите страни веќе не ја влечат желбите туку и се радува на слободата. При сето тоа таа личност станува Христоподобна. Токму Христос кој внатре во него како едно дете да чучи и треперливо чека да му се подотвори вратата, па другата, па другата се додека не го освоил со својот мир целиот простор на целиот човек.
Може некој да каже јас верувам во Бога, јас сум христијанин и што ако не го запознае живиот Христос туку само така зборува. Пред верникот христијанинот има долг пат до крајот на неговиот живот на Христоподобување. Знаејќи го идеалот на протестантизмот можеш ли да ја видиш разликата во последиците на двете учења.
Зарем најдоа од запад да не учат на верата, на духовноста, на Христа. Тие се што се фалат се фалат со материја. Ништо немаат постигнато. Од кого научија за Христос. Малку ли луѓе овде оставија се заради Него и црпеа од непресушниот Извор. И тие смирените пред Бога ги сметате за лажговци.
Кога ќе слушнете за Богородица од што ви рекле да се гнасите од идолопоклонство и ви влегло тоа в глава па се гнасите кога ќе чуете за Неа, а не знаете како е кога ќе ја кажеш во себе „Богородице Дево“.
Никој да не те знае влези некоја летна вечер во некое старо планинско црквиче. Во темнината ќути си и гледај си околу. Ем си сам, ем си со сите кои биле тука пред тебе. И самиот оставаш дел од себе. И без да сакаш молитвата излегува. Тоа смирување што ќе го стекнеш не те остава.
И Лутер повторно ќе ни го открива Христос. Не го знае Св. Антониј Христос Лутер го знаел. Еден див за кого другите духовни дивови се џуџиња ќе му кажува некој кој се измислил за да си направи оправдување за да легни една жена. Се е исто кај сите лажови како Мухамед, така и Лутер. Кој можи да зборува за Христос!? Оној кој се оставил и тргнал по Него. Нели така е напишано!?
Го исмеваш отец Пајсиј со дарови на прозорливост ветени од Бога во Новиот Завет, го почитуваш Били Греем кој се гушка со Бил Клинтон блудникот.

Кај протестантите е се едно исто. Една иста касета нон стоп. Како не ви се здосадува? Твое е дали ќе веруваш ама мене Господ секој ден ми открива кардинални тајни. Се чудам зошто? И колку се имаме да кажуваме? Кога ќе се сретнам со некои христијани,  навистина не се многу, тие ми отвораат некои хоризонти за кои не сум знаел јас им пренесувам мои. Како бескрајно тивко ноќно небо од кое можеш да црпиш до бескрај.

Знам за почетниот занос кој го имате, еланот да се проповеда, да се зборува за Христос, ама знам и за други работи и крајните последици ама еве да не ве навредувам ќе си го кажам мислењето после вас. Вам Ви оставам да зборувате за духовноста на протестантизмот.

И сега таа вистина на Христовата вера која не учи на Господ Христос ти ја нарекуваш ерес. А ереста која го проповеда Неговото име, ама нема појма за Него ќе ја шириме таму каде што се Неговите први ученици. Не те научи ли Библијата дека во верата ученикот не може да го надмине учителот? И што сега нема да ја гледаме суштината на Верата ќе гледаме овој поп има куќа, оној владика имал џип и ќе плукаме на Светата Вера Христова. Тоа не чини, ама што тоа има врска со нашето спасение или со спасението на било кој Православен верник.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2007 во 02:10
Требаше да ставиш и некој наслов.... Можеби „поезија за лековерните“...

прво и основно, бараташ со две измислени личности. Со протестантот по своја мерка, што не постои. И со православецот како духовен џин, што е митолошка фигура колку Зевс и Јупитер.

Значи за да дискутираш сериозно, мора да имаш познавања: какви се тоа вистинските христијани, и какви се, за жал, православните верници.

А ти ги немаш ни двете, и затоа можеш да напишеш вака убав sci-fi напис, што може да влезе единствено во некој православен блог или евентуално во Политикин забавник...
Кон врв
ZakHay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZakHay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2007 во 02:29

Ajde malce opsto da otideme,A sto pak ako ucenikot se usovrsi i go nadmine vo site nisani svojot ucitel...Ako stane semokjen kao i samiot Isus sto gi nadmina site i bese najdobar,Toj  e spasitelot sekako, posledniot no...Sto ako nekoj obicen  smrtnik stane genie vo svoeto pole,kao golemite umovi naucnicite i inovatorite....?Dali tie nemaat nemale pravo da se istaknat i da gi upotrebat svoite sposbnosti vo zivotot....Amnogu od niv bile posveteni na Isusa....Sto e so vakvite lugje....

Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2007 во 02:45
Цитирај Евангелос:
Христос им заповеда на апостолите да одат низ сите народи и да ги научат на СЕТО ОНА ШТО ТОЈ ИМ ГО ЗАПОВЕДАЛ.

Зошто да ги учам народите нешто друго од она што Христос ни го заповедал?

sard
Одговорот: Не постои таква причина на светот за да ги учиш другите друго од она што Христос ни го заповедал и ни го заповедува!

Евангелос:Ајде сега отвори малку Библија и да бидеме малку попрецизни.
Стихот, цитиран, оди вака...
"Одете и направете од сите народи Мои ученици, крштевајќи ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат се што Сум ви заповедал." Матеј 28:19
 
Глаголот "заповедал" е во минато-свршено време.
Сега нема да дебатираме дали Христос и потоа продолжува и на кој начин ни заповедува нови работи за локална или лична изградба (кога добиваме откровение, како знаеме дали тоа е Светиот Дух), но овде ќе се сконцентрираме на Христовата заповед содржана во ова големото пратеништво на Исус Христос.
 
Значи Христос не вели: "Учете ги да пазат се што Сум ви заповедал и она што допрва ќе ви Го заповедам на седмиот вселенски собор (на пример иконите!)"
Туку вели: "Учете ги да пазат се што Сум ви заповедал." Точка!
 
Божјото Слово е Христоцентрично. Христос е нашиот Учител, кој меѓу другото и ни забрани никого на земјата да не го нарекуваме наш учител. Христос заповеда да ги учиме народите на сето она што Тој (Христос!) ни го заповедал.
 
И повторно истото прашање...
Зошто да ги учам народите нешто друго од она што Христос ни го заповедал?
 
п.с. Очекувам краток, но подобар одговор.

Христовата проповед на земјата завршува. Богочовекот ја извршил својата Спасителна мисија, затоа на заминување вели да пазат се што им заповедал. Меѓутоа

Но Јас вистината ви ја кажувам: подобро е за вас Јас да си отидам, оти, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам

Јас ќе Го помолам Отецот, и Он ќе ви даде друг Утешител, за да
биде со вас Довека

А Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, Он
1. ќе ве научи на се, и 2. ќе ви напомни за се што сум ви зборувал.

А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе ви Го испратам Јас од Отецот, Духот на вистината, Кој излегува од Отецот, Он
ќе сведочи за Мене;

Како што се гледа од стиховите, значи Богочовекот, Синот Божји Еден од трите лица на Света Троица ја завршил земската спасителна мисија и истата ја превзема Господ Светиот Дух Еден од трите лица на Света Троица. Едниот Господ ги водел додека бил на земјата, другиот Господ ги води откако замине Синот Божји отелотворен во Богочовекот Исус Христос.

 А кога ќе дојде Он, Духот на вистината, ќе ве упати во секоја вистина; но од Себе нема да зборува, а ќе говори што чуе, и ќе ви ја каже иднината;

Нема никаква разлика во водењето на Бог Син од Бог Свет Дух бидејќи и двајцата го зборуваат она на кое ги учи Бог Отец.

Едниот во минато време заповедал Другиот во идно време ќе ги води упатувајќи ги во секоја вистина.

Така што никогаш нема да се случи Црквата да го заборави учењето кое ќе се продлабочува со нови знаења во склад со претходните за некој повторно да ја открива и се да отфрла и да и се враќа наводно на изворната, а всушност да ги одвојува од вистинската Црква, да го осакатува сето она што Господ Светиот Дух им го открил на верните изобличувајќи го почетното со буквалистичко толкување. Заблагодари му на лажливците како Лутер Евангелос што те одвлекоа од Бога и Црквата Негова и те воведоа во голема и смислена лага на сатаната.


Изменето од sard - 29.Јуни.2007 во 02:46
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2007 во 02:54
Originally posted by аџија аџија напиша:

Требаше да ставиш и некој наслов.... Можеби „поезија за лековерните“...

прво и основно, бараташ со две измислени личности. Со протестантот по своја мерка, што не постои. И со православецот како духовен џин, што е митолошка фигура колку Зевс и Јупитер.

Значи за да дискутираш сериозно, мора да имаш познавања: какви се тоа вистинските христијани, и какви се, за жал, православните верници.

А ти ги немаш ни двете, и затоа можеш да напишеш вака убав sci-fi напис, што може да влезе единствено во некој православен блог или евентуално во Политикин забавник...

Нашите сведоштва ете ги видливи. Ете ги манастирите, ете ги монасите подвижници по Света Гора и насекаде низ православието, метеори, ете ги чудотворните мошти, ете го единството на целата Црква. Што уште сакаш. Ако си се заблудел и задлабочил во твоите страсти и очигледното го негираш Господ ист си како Кајафа. Ќе го убиеш живиот Христос од Црквата заради твојата лична замисла за Бога.


Изменето од sard - 29.Јуни.2007 во 02:54
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2007 во 02:54
Originally posted by sard sard напиша:


Но Јас вистината ви ја кажувам: подобро е за вас Јас да си отидам, оти, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам

Јас ќе Го помолам Отецот, и Он ќе ви даде друг Утешител, за да
биде со вас Довека

А Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, Он
1. ќе ве научи на се, и 2. ќе ви напомни за се што сум ви зборувал.

А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе ви Го испратам Јас од Отецот, Духот на вистината, Кој излегува од Отецот, Он
ќе сведочи за Мене;

 А кога ќе дојде Он, Духот на вистината, ќе ве упати во секоја вистина; но од Себе нема да зборува, а ќе говори што чуе, и ќе ви ја каже иднината;
 
Ете ги библиските стихови што ги наведе во својот пост.
Каде се вели тука дека Светиот Дух ќе не учи нешто друго надвор од Христовото учење?
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2007 во 03:09
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by sard sard напиша:


Но Јас вистината ви ја кажувам: подобро е за вас Јас да си отидам, оти, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам

Јас ќе Го помолам Отецот, и Он ќе ви даде друг Утешител, за да
биде со вас Довека

А Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, Он
1. ќе ве научи на се, и 2. ќе ви напомни за се што сум ви зборувал.

А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе ви Го испратам Јас од Отецот, Духот на вистината, Кој излегува од Отецот, Он
ќе сведочи за Мене;

 А кога ќе дојде Он, Духот на вистината, ќе ве упати во секоја вистина; но од Себе нема да зборува, а ќе говори што чуе, и ќе ви ја каже иднината;
 
Ете ги библиските стихови што ги наведе во својот пост.
Каде се вели тука дека Светиот Дух ќе не учи нешто друго надвор од Христовото учење?
 

Тоа нема да биде нешто друго, туку продлабочување на истото. Значи учењето продолжува врз темелите на старото.
Светиот Дух ќе ги упати во секоја вистина, Вистина која ќе чуе од Отецот, Истиот Кој го учел Синот при  проповедта на земјата.
Не можеш да заокружиш едно знаење и да речеш ова е тоа што е потребно. Секогаш може повеќе и подлабоко да се постигне за што е потребно уште поголемо и уште подлабоко познавање.
Темелите на знаењето беа удрени со Христовата мисија, а Духовната кула ќе ја градиме до височините (или длабочините) до кои ќе собереме одважност во барањето и тропањето пред Бога.

Ако после заминувањето на Синот Апостолите ги учеа верните кога заврши тоа учење. Не завршува ли едно од Евангелијата и сите книги да беа напишани нема да докажат за проповедта на Христос.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2007 во 03:25
Originally posted by sard sard напиша:

Тоа нема да биде нешто друго, туку продлабочување на истото.
 
Дали си сигурен? Smile
Од кое тоа Христово учење е "продлабочена" на пример употребата на иконите (правење, целивање, поклонување и молење пред нив) во поедини ткн. цркви?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2007 во 03:34
Дали е ова второто прашање?
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2007 во 03:43
[QUOTE=sard]Дали е ова второто прашање? [/QUOTE]
 
Откако ќе добијам точен одговор на првото, да ова ќе биде второ.
Но, ако се откажуваш од првото, не знам и дали воопшто да идеме на второто, бидејќи ова прашање е темелно, зашто ако тука не расчистиме Кој е изворот на вистините за еден христијанин, ти гарантирам дека дискусијата ќе продолжи во мечување на Божјото Слово со човечките преданија Smile
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2007 во 04:13
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by sard sard напиша:

Тоа нема да биде нешто друго, туку продлабочување на истото.
 
Дали си сигурен? Smile
Од кое тоа Христово учење е "продлабочена" на пример употребата на иконите (правење, целивање, поклонување и молење пред нив) во поедини ткн. цркви?

Забрането да се прави било какви слики од она што е на Небото и она што е на земјата и ним да им се поклонува.
Било какви значи не секакви. Оние кои не се „било какви“ туку се под одредени критериуми дадени од Бога заслужуваат оддавање на почит.
Затоа истиот Господ кој забранува да се прават било какви слики од она што е на Небото и земјата и Самиот наредува да се направат предмети и слики кои претставуваат реликвии. Таков бил Ковчегот на Заветот. Ем имаме предмет за обожување ем форми и слики на него. Дали тоа значи дека Бог Самиот ја прекршува заповедта. Не. Туку
 тие предмети се осветени од Бога.
Исто така самиот Господ одредени физички предмети и појави ги нарекува за „свети“. Како такви ги пишува во Библијата. Светата планина Синај, светиот град Ерусалим. Кога Мојсеј пристапува кон местото на грмушката со огнот кој не согорува, Бог му вели да му оддаде почит на местото и да ги собуе обувките. Бидејќи местото е свето.
Во Новиот Завет предметите кои биле во контакт со Бога се осветувале и добивале исцелителна сила. Алиштата негови ги лекувале болните. Така и алиштата на апостолите дури и сенката нивна лекувала болни.
Бог е во се! Но јасно е дека Неговото присуство не е секаде исто. Онаму каде што го објавува своето присуство тие места се осветуваат со Неговата светост.
Предметите кои се во допир со Светиот се осветуваат.
Кога се врши служба, заедно со нас служи и Небесната Црква. Допирот на Небесниот свет и на Светиот ги осветува присутните и предметите. Секоја служба е света. Секоја служба го осветува просторот околу нас.
Како е продлабочено знаењето за осветените предмети? Црквата и да сакала не можела да го негира она што го гледала. Предметите кои останале од Бога, од Апостолите имале исцелителна сила. Затоа и оддавале почит на таа исцелителна Божја моќ во нив, а не на самите предмети. Штом одреден предмет ги покажува енергиите на Бога тогаш тие енергии врз нас го имаат Божјиот осветувачки ефект. Од друга страна она кое погоре го напишав било потврда за верните дека Бог оставил запис во Библијата дека признава свет простор, осветена материја.
Мислам дека ова е доволно да го сфатиш дека продлабоченото сознание било исправно. Времето тоа го покажало и потврдило. Доколку Духот на верата имал нешто погрешно во себе ќе имало погрешни ефекти врз верниците. Тоа ќе покажело уште поголеми забегувања, така што крајниот исход би кажувал се.
Земи го примерот на Римокатолицизмот.
Земи го примерот на Реформацијата.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2007 во 04:21
Зошто да ги учам народите нешто друго од она што Христос ни го заповедал?

За ниедна причина на светот не треба да се учи било кој нешто друго од она што Христос ни го заповедал. Она што ни го заповедал се основата, рамките и патоказот врз кој ќе продолжиме да откриваме тајни за Бога, ќе се усовршуваме себе си и другите за да излеземе со што посовршена вера пред Бога.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2007 во 09:03
Нашиот соговорник Сард,

очигледно се обидува да кажува некаква бајка, некаква сказна за официјалната Православна Црква како некаков континуитет од Христа наваму....


Каков е тој континуитет?

Каков е тој континуитет кога на „црквата“ и требале 3 века да се сети дека Ориген е еретик, а не дека најпочитуван доктор на верата, за што бил сметан во тие три века? (да беше нашиот Сард верник во тие три века, слепо ќе му веруваше на Ориген, но после 3 века некој ќе го осудеше за ерес!)

Каков е тој континуитет кога на „црквата“ и требале 5 века да се сети дека животот на христијанинот не се живее во заедница (во црква) туку во монаштво, индивидуализам максимус?

Каков е тој континуитет кога на „црквата и требале 6-7 века да се сети дека Марија заслужува молитви?

Каков е тој континуитет кога на „црквата“ и требале 9 века да се смисли начин како да ја заобиколи 2 заповед за неправење на никакви идоли и слики, и да почне да светкува икони?

Па дури и тогаш, три века официјалната црква час била во ерес (со Цариградскиот Патријарх на чело) час во правоверие. Нашиот другар сард, веројатно исто така, бидејќи слепо им верува на луѓето, а не на Христа, би скокал од ерес во правоверие со секоја смена на Патријархот!

Каков е тој континуитет кога на „црквата“ и требале 5 века да се сети дека Апостолите Павле и Петар, како Тертулијан итн., ЗГРЕШИЛЕ што биле женети, и сега заповедаат целибати за денешните епископи и покрај „сексуалните односи“ кои ги практикуваат вон бракот?

Каков е тој континуитет кога на „црквата“ и требале 14 века, да се сети дека всушност спасението не е живот со Христа, туку гледање на „Таорската светлина“?

Каков е тој континуитет кога на „црквата“ и требале 18 века, да се сети дека таа не е овда за да служи на сите народи и по целата земја, туку дека треба да служи за ЕТНИЧКИТЕ интереси на одреден народ?

ЕПА ТОГАШ, КОЈА ЦРКВА БИЛА ВО ЕРЕС? Таа што 7 века не се молела на Марија или оваа што 13 се моли? Таа што 18 века била мултинационална, или оваа етнофилетистичка? Таа што била основоположена од женети Апостоли, или оваа со Владици со вонбрачни деца? Онаа црква која 9 векови се клонела од било какво идолопоклонство, или оваа која 11 векови црта икони, ги бацува и ги обожува? КОЈА???

ОВА БРАЌА И СЕСТРИ,

е далеку од исцрпна листа. Ова само докажува дека муабетите за континуитет се во рангот на сказна, мит или бајка. Фалат уште самовили и жаби што стануваат принцови.

Заклучокот е јасен. Официјалната црква, не е, ниту била, ниту може да биде изворот на правоверното учење, бидејќи самата себе многупати се осудувала за ерес, и бидејќи во едно се верува денес, во друго утре, во сосема трето, задутре... Нема да најдете ниту еден православец (по теркот на МПЦ) во 17 век, ниту во 13ти, ниту во 10-ти, ниту во 7ми, ниту во 4ти, ниту никогаш! Само вие сега и во ова време верувате така како што верувате. Никој пред вас така не верувал и никој после вас така нема да верува.


Изменето од аџија - 29.Јуни.2007 во 09:06
Кон врв
Vlade Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 193
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vlade Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2007 во 10:41
Originally posted by аџија аџија напиша:

Нашиот соговорник Сард,

очигледно се обидува да кажува некаква бајка, некаква сказна за официјалната Православна Црква како некаков континуитет од Христа наваму....


Каков е тој континуитет?

Каков е тој континуитет кога на „црквата“ и требале 3 века да се сети дека Ориген е еретик, а не дека најпочитуван доктор на верата, за што бил сметан во тие три века? (да беше нашиот Сард верник во тие три века, слепо ќе му веруваше на Ориген, но после 3 века некој ќе го осудеше за ерес!)

Каков е тој континуитет кога на „црквата“ и требале 5 века да се сети дека животот на христијанинот не се живее во заедница (во црква) туку во монаштво, индивидуализам максимус?

Каков е тој континуитет кога на „црквата и требале 6-7 века да се сети дека Марија заслужува молитви?

Каков е тој континуитет кога на „црквата“ и требале 9 века да се смисли начин како да ја заобиколи 2 заповед за неправење на никакви идоли и слики, и да почне да светкува икони?

Па дури и тогаш, три века официјалната црква час била во ерес (со Цариградскиот Патријарх на чело) час во правоверие. Нашиот другар сард, веројатно исто така, бидејќи слепо им верува на луѓето, а не на Христа, би скокал од ерес во правоверие со секоја смена на Патријархот!

Каков е тој континуитет кога на „црквата“ и требале 5 века да се сети дека Апостолите Павле и Петар, како Тертулијан итн., ЗГРЕШИЛЕ што биле женети, и сега заповедаат целибати за денешните епископи и покрај „сексуалните односи“ кои ги практикуваат вон бракот?

Каков е тој континуитет кога на „црквата“ и требале 14 века, да се сети дека всушност спасението не е живот со Христа, туку гледање на „Таорската светлина“?

Каков е тој континуитет кога на „црквата“ и требале 18 века, да се сети дека таа не е овда за да служи на сите народи и по целата земја, туку дека треба да служи за ЕТНИЧКИТЕ интереси на одреден народ?

ЕПА ТОГАШ, КОЈА ЦРКВА БИЛА ВО ЕРЕС? Таа што 7 века не се молела на Марија или оваа што 13 се моли? Таа што 18 века била мултинационална, или оваа етнофилетистичка? Таа што била основоположена од женети Апостоли, или оваа со Владици со вонбрачни деца? Онаа црква која 9 векови се клонела од било какво идолопоклонство, или оваа која 11 векови црта икони, ги бацува и ги обожува? КОЈА???

ОВА БРАЌА И СЕСТРИ,

е далеку од исцрпна листа. Ова само докажува дека муабетите за континуитет се во рангот на сказна, мит или бајка. Фалат уште самовили и жаби што стануваат принцови.

Заклучокот е јасен. Официјалната црква, не е, ниту била, ниту може да биде изворот на правоверното учење, бидејќи самата себе многупати се осудувала за ерес, и бидејќи во едно се верува денес, во друго утре, во сосема трето, задутре... Нема да најдете ниту еден православец (по теркот на МПЦ) во 17 век, ниту во 13ти, ниту во 10-ти, ниту во 7ми, ниту во 4ти, ниту никогаш! Само вие сега и во ова време верувате така како што верувате. Никој пред вас така не верувал и никој после вас така нема да верува.


I Pavle bil zenet? Si procital li sto vika toj vo negovite poslanici za onie sto se vo brak i za onie sto se uste ne stapile vo nego? Potseti se pa ke ti se razjasni.

Ti Origenovata filozofija ja smetas za ispravna? Ocigledno ne si go procital. Ona sto Pravoslavnata Crkva go osudila kaj nego e negoviot "apla" paganizam. Origen e "duhoven tatko" na mnozina podocnezni Gnostici. A, toa deka on imal i dobri momenti, nikoj i ne go spori, tuku i po "osudata" mnogumina go spomnuvaat kako primer. Ponekogas ne e se crno i belo. Tertulijan e isto taka velikan kako i Origen, no toj zapadnal vo radikalna krajnost, sto sekako ne e vo kontekst na sustinata na hristijanstvoto kako "ljubov i radost". Ona sto nie sovremenite hristijani cesto go zaboravame, pletkajki se vo "mudruvanja i dlabocini". toa i go osudila crkvata kaj nego.

na Crkvata ne i trebalo 9 veka za ikonite, tuku tie se prisutni uste vo prvite vekovi od ranoto hristijanstvo. Sum bil vo katakombi od toj period i sum gi videl izobrazbite po dzidovite.

Si go procital li Palama (veruvam deka ne)? Toj ne smislil nisto novo, tuku svojata teorija ja baziral vrz osnova na drevnite teorii na ocite, koi ti kaza deka gi pocituvas. Palama, vo sporot so Akindin i Varlaam, go branel 'misticnoto" vo hristijanstvoto, poradi toa sto vo osnova i Bog postoi na toj nacin. Palama odgovoril na prasanjeto kako se spasuvame. Ne sekoj sto ke rece gospodi, Gospodi e spasen, neli? tuku e potreben i podvig (askeza). Onoj sto zivee pravedno, redovno ja praktikuva molitvata, nemu i Bog ke mu se otkrie. Bog nikoj nikogas ne go videl, a kako nie togas komunicirame so svojot Bog. Toa teoriski go obrazlozil tokmu Palama. Vprocem i pred Palama ocite go praktikuvale istoto, samo sto mu doslo vreme toj da go zapise. hristijanite nikogas nemaat potreba od intelektualni "mastrubacii" ili pak, od "siluvanje" na Biblijata. Bog e sekadeprisuten, a vo isto vreme i nedostizen. Togas kako da go "dopreme" Boga, e tokmu toa go objasnil Palama. Palama objasnil kako srceto na apostol Pavle postojano vika "Ava Oce!" Molete se postojano, duri i koga spiete, rekol Apostol Pavle e tokmu toa go primenuval i Palama i onie pred nego (koi ti gi pocituvas), pa i one do den deneska (koi ti gi navreduvas).

Monastvoto ne se kosi so principite na Biblijata, tuku naprotiv. Monastvoto se pojavilo vo specificno istorisko vreme i toa slobodno mozeme da kazeme go spasilo avtenticnoto rano hristijanstvo, zasto go primenuva evangelskiot maksimalizam. i onie koi gi pocituvas bile monasi, pa zatoa vnimavaj da ne padnes vo kontradikcija pri iznesuvanjeto tezi.

Ne bidi cinicen, bidi konstruktiven, ako ja baras vistinata.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.