IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ЕДИНСТВОТО ВО ЦРКВАТА И КАКО СЕ РАЃА ЕРЕС
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЕДИНСТВОТО ВО ЦРКВАТА И КАКО СЕ РАЃА ЕРЕС

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 6>
Автор
Порака
Реакт Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Мај.2007
Локација: Burundi
Статус: Офлајн
Поени: 373
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Реакт Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2007 во 10:02
А ти адвокат да не си му на аџо??? Или тој има друга работа, па ти си му портпарол???
Аџи кажува - ама не дека знае. Само онака - колку да се каже. Толкави постови напишал (чудно за него - па дури, морам да признаам - се обидел и сериозно да пристапи кон темите), а ниту еден библиски цитат???!!!! Па како е тоа можно.
п.с. свати се пишува со ф, а не со в. Со в е за сватови (оние на свдба)!

Без коментар
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2007 во 10:14
Originally posted by Реакт Реакт напиша:


п.с. свати се пишува со ф, а не со в. Со в е за сватови (оние на свдба)!



ClapClapClap Знаев дека едне ден и ти ќе кажеш нешто паметно. Верував во тебе и никогаш не се откажав од таа надеж.
Но, штета што тоа не е поврзано со темата и кај тебе открива еден очајнички обид да најдеш грешка во во моите постови, па макар тоа било и една булва, пардон, буква Cry



Изменето од EvAngelos - 28.Јуни.2007 во 10:14
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Реакт Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Мај.2007
Локација: Burundi
Статус: Офлајн
Поени: 373
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Реакт Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2007 во 10:21
Не верувај во мене, туку во Бога. И има разлика во печатна и правописна грешка.
Ова не беше со намера да ти барам правописни грешки, туку малку ирнија, ти текнува, нели?Wink А и може ќе ти користи понатаму. И од ваква поправка, каде немаш што да кажеш, се гледа како реагираш на вистината. Сам си се лизна. Ама, ај стани и продолжиClap!
И така, ред аџо, ред евангелос........ Или поинаку кажано, ред лага, ред невистина.....
Без коментар
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2007 во 10:48
Тоа шо вие сте си пишале ЦРКВА во преводот на грчкиот збор Еклесио (повиканите)(и му давате сосема друго значење) не докажуват ама баш НИШТО. Значи, ЦРКВАТА како парламент, како институција, како организација, како Агенција за Иселеници и за чувување на фолклорните елементи, во НОВИОТ ЗАВЕТ НЕ ПОСТОИ!!! Постојат собраните (црквата) што мислам дека многу убаво го објаснив во мојот пост, ама кој не сака, нема да види...Big%20smile НИЕ сме црквата, а не некаква каста на духовна елита (демек свештеници, со печат и параф од Севишниот... која глупост!) LOLLOLLOL


Изменето од аџија - 28.Јуни.2007 во 12:57
Кон врв
Реакт Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Мај.2007
Локација: Burundi
Статус: Офлајн
Поени: 373
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Реакт Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2007 во 11:11
Лични филозофии. Панаѓур на суетата и лагата!
Без коментар
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2007 во 15:25
Цитирај Кој ја толкува правилно Библијата? Вартоломеј или Папата? МПЦ? СПЦ? или ГПЦ?
Зошто Исус "протолкува" дека нема човек роден од жена кој се издигнал над Јован Крстител, а православните "толкуваат" дека има - Марија?
 
Точно е, секој има свое рацио, па и попчето. Од каде ќе занеш дека неговото рацио е водено од Светиот Дух? А што ако ти каже работи што се спротивни на Библијата? А што ако ти ја протолкува 2та Божја Заповед наопаку "Прави си икони, целивај ги и поклонувај им се" Smile

Во МПЦ, СПЦ или ГПЦ толкувањето на Библијата е толкување на Црквата - целата заедница на верниците. Синодот може само да официјализира одреден став на Црквата - целата заедница на верниците, а не создава свои ставови. Ако измисли став може да има внатрешно несогласување кое ќе доведе до раскол, а и ако успее да го наметне над верниците од својата област, другите синоди ќе го отфрлат како еретички, неправославен и ќе го исклучат од Православната Црква. Ако попчето проповеда некоја догма поинаква од онаа која одсекогаш го проповедала Црквата православниот верникот ќе извика „ерес“ пред сите и ќе го постави прашањето пред епископот, Синодот или Соборот на верниците. Затоа секое попче и да биде забегано се плаши да учи нешто различно од она што го пишува во илјадниците православни книги и од она што другите попчиња учат, а знае дека не смее да учат различно оти ќе го кажат пред Црквата пред сите верници. За да учи едно попче различно од учењето на Црквата треба многу попчиња одеднаш да се договорат да почнат да учат по ново и да ги избришат сите книги каде што за тоа пишува по библиотеките, домовите и храмовите. Земи ги православните книги од пред илјада години и укажи ни каде учи попот различно од тогаш, ќе ти бидеме благодарни за да го поставиме тоа прашање пред Црквата.
Од друга страна од каде ќе знаеш еден протестант дека неговото  рацио е водено од Светиот Дух кога ја чита Библијата кога нема собор на верници да го контролираат како ја разбира.
Прашањата за Богородица и иконите ќе ја одговараме и разговараме на друга тема овде пишувај за темата како да се разликува Божјото откровение од лажното.
 
Цитирај EvAngelos: Библијата вели дека Божјиот Збор е остар меч кој продира длабоко во внатрешноста на човекот до раздвојување на духот од душата.
Сард: Јасно е дека не секој кој ја прочитал поради таа голема сила на Библијата автоматски станал верник.

EvAngelos: Ама ако му дозволел и ако не му се противел, ќе станел. Исус вели: Светлината дојде во светот, но луѓето повеќе ја засакаа темнината и се скрија во неа, затоа што делата им беа зли.

Што значи Библијата автоматски не прави верници и не отвора срца. Туку отворањето на срцето кое Господ стрпливо го очекува  и гради е процес низ целиот живот на верникот и не зависи само од прочитувањето на Библијата.

Цитирај Значи не е до интелигенцијата кој ќе ја свати Евангелсакта порака, туку до ставот на срцето.
Исус вели: Оној кој е од вистината, го слуша Мојот глас.

Добро е напредуваме. Фала му на Бога се согласивме дека срцето е попримарно од разумот во верувањето? Досега ме убедуваше дека разумот има предност над срцето во верата? Па така нели и дете од 5 години со срце верува во Бога иако не е доволно разумно развиено за тоа да го образложи.
 
Цитирај Евангелос: Ако сакаме да видиме дали некој дух (проповед на човек, учење на некоја "црква", организација или сл.) зборува Божји зборови, најдобро е да го измериме/споредиме тоа учење со Божјиот Збор - Библијата.

Сард: Умот со ум. Духот со Дух се мери.
 
Многу мудро, штета што Соломон го заборавил да го напише во Поговорките.

Може и конкретно да го запишал во поговорките! Но Солмоновиот пример е дека ни најголемата мудрост иако дарувана од Бога која еден човек ја имал не е доволна за самиот човек да не падне во отпадништво од Бога и тешки гревови. Не не учи ли Господ со тоа нас новозаветните верници да не се потпираме сами на својата индивидуална верничка мудрост туку на мудроста Негова пренесена на целата Црква?

Цитирај Евангелос: Доколку тоа учење е спротивно на Библиското учење и доколку нештата што ги проповеда се работи за кои Христос и Апостолите не збореле и не ги практикувале, тогаш е јасно дека тоа е демонско учење - ерес.
Сард: Кој ќе суди? Кој ќе цени дали е ерес?

Божјиот Збор преку оние кои го имаат тој духовен дар во локалната црква!

Добро е и за ова се сложивме. Значи оние кои го имаат духовниот дар како на пример Светителите. Бидејќи не рече „сите“ туку „оние“ кои го имаат духовниот дар.

Цитирај Евангелос: Но доколку тоа учење е во согласност со Божјиот Збор и ако се вклопува во праксата на првата христијанска заедница (Христос и Апостолите), тогаш можеме да бидеме сигурни дека тоа е учење од Светиот Дух.
Кој ќе суди? Само Бог може да знае каква била првата христијанска заедница. Ние луѓето ќе треба да веруваме на прекажување. Впрочем верата не стои туку се развива.

Евангелос:Точно, Бог знае, но Бог сакал и човекот да знае и затоа ни го направил Новиот Завет, евангелијата, делата апостолкси, посланијата, од каде совршено можеме да видиме каква била првата христијанска заедница.

Во Новиот Завет го имаш само нуклеусот на Црквата. Ако се она што го научила Црквата за Бога низ вековите го отфрлаш и се враќаш на Првата христијанска заедница (која впрочем ја немала ни Библијата) и за која повеќе може да се научи од преданието на Црквата отколку од Новиот Завет, тогаш се враќаш од нула, а Стартерот го немаш.

 

Цитирај Евангелос: Нормално, имајќи предвид дека црквата е најотворената институција и дека во неа може да влезе кој сака, ние секогаш треба да бидеме будни за ересите и секогаш да ги отстрануваме со помош на Божјото Слово.

Ако сме затекнати во некоја "црква" која ги преминува границите за "поправка", поточно ако увидиме дека Христос не е глава на таа самонаречена "црква" - таквата треба да ја напуштиме и да си опбараме здрава, библиска и Христова Црква.

Сард: Во секој случај друга Црква не може да биде Христова и веднаш треба да се отфрли бидејќи Христови Цркви нема многу туку ЕДНА.

Евангелос: А зошто православната црква во 1054 год ја отфрли Мајката Црква - Католичката, изврши раскол и си создаде нова (ВТОРА!) црква во Цариград? LOL

Христос вели: Лицемере, извади си ја гредата во окото, па потоа ќе можеш подобро да ја видиш раската во окото на туѓиот.
Кога во рамноправна дружина со еден се скаруваат, како велиме, тие го избркаа од дружината или тој ги избрка нив од дружината.


Изменето од sard - 28.Јуни.2007 во 15:29
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
korisnik Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 28.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај korisnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2007 во 15:30
протестантите се избркани од дружината?

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2007 во 15:40
сард, заклучив дека или ти воопшто не читаш пред да реплицираш, или намерно или не намерно, но сигурно погрешно ме толкуваш (даваш погрешни заклучоци од моите искази) и потоа си разработуваш километарска дискусија за нешто што јас не сум кажал и што нема врска со темата, со други зборови, си правиш монолог кој мене не ми е нешто интересен.
Само продолжи си така, но кај мене си прочитан.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2007 во 16:15
Цитирај Се радувам што конечно се најде еден ХРАБАР (иако не и достоен) да одговори на поставеното прашање, иако во погрешна тема, заради некаква си своја цел... но еве, нека му биде... иако тоа издава страв...

Во секој случај недостоен. Но и покрај недостојноста  даруван со тајните на сознанието тогаш кога е во позиција да ја брани Христовата Црква со самото тоа што е припадник на правата Христова Црква. И дотолку повеќе поради недостојноста за  да се покаже Светиот Дух во која Црква пребива и да ги привлече останатите во Христовата Црква.
Од друга страна и најдостојниот еретик нема да добие никакви сознанија од Господ Светиот Дух, бидејќи тогаш Господ Светиот Дух ќе работи против Христовата Црква, а тоа не може да биде.
Па така еве ти како достоен повели одговори на прашањето:
КОГА ЧОВЕК ЌЕ ДОЈДЕ ДО ОТКРИВАЊЕ, КАКО ЌЕ ЗНАЕ ДЕКА ТОА Е ОД СВ. ДУХ А НЕ ОД ЛАЖНИОТ?“

Цитирај Најдов МНОГУ нелогичности, а уште пострашно, најдов МНОГУ анти-христијански пораки во „одговорот“. Ќе почнам скромно, но полека ќе ги разобличуваме сите...

Христос рече: Одете по сите народи и учете ги на тоа што ЈАС ви го заповедав.

Христос никаде не и дал задача на црквата таа да одлучува што и како треба да се проповеда, да одржува концили, да црта икони, да наплаќа за свеќи или за доброволен прилог, да менува, додава и изменува, туку да го проповеда КАКО ШТО ТОЈ им заповедал.

Христос е глава на Црквата и не престанал да и издава заповеди на Црквата, бидејќи ако престанал тогаш престанал да ја води. Тогаш само и дал наредба и ја оставил сама. А ако и предава нови и нови заповеди тие се согласни со првите и тоа како го прави освен преку своите верници и пред се богоугодници како што тоа го правел преку апостолите, Светителите како што и ден денес го прави со и преку верните.


Цитирај А Светото Предание Христово го имаме запишано од тие апостоли. Значи тука нема никаков маневарски простор оставен на црквата. Таа има јасна и едноставна задача: да го проповеда Христа и Неговото учење.
Секоја задача си поставува во животот потпрашања. Црквата прашува Господ и одговара.

Цитирај А не учењето на светите оци, на Вселенските Собори, на Патријархот овој или оној.
Сите тие кои ги наброја се дел од Црквата, а особено она „Собори“ бидејќи тука во Соборите е Црквата. Ако не тие кому, на обичниот верник да му се довери сам да учи по свое за Бога. Впрочем да не биле Соборите немало да ја има ни Библијата.

Цитирај Ние не сме посредници на Господ, туку негови амбасадори, негови сведоци...

Јас би избрал соработници.


Цитирај Дури зборот црква не се ни спомнува во Новиот завет. Се користи грчкиот термин еклесио (ек-од; калео-повикан), значи повиканите, собраните...

Повели прочитај го православниот став за Црквата.

Црква (κυριακόν) - Дом Господов, храм
Во обичниот говор зборот „црква“ се употребува со различни значења. Многу често црква се нарекува зградата во која христијаните се собираат за молитва и богослужение. Така за поединечни храмови коишто можат да бидат во едно место велиме: православна црква, римокатоличка, реформаторска, евангелистичка итн. Сектантските богомоли обично не се нарекуваат „цркви“, туку „собранија“ или „зборници“ (сали за собирање) или едноставно „богомоли“, со исклучок на адвентистичките и баптистичките богомоли, коишто нивните верници ги нарекуваат „цркви“ од сосема одредени пропагандни причини. Богомолите на останатите нехристијански религии имаат посебни имиња. Муслиманската богомола е џамија, еврејската - синагога, будистичката - пагода итн. Посебен случај претставува една американска верска заедница - сектата на мормоните. Тие имаат и „црква“ и „храм“. Црквата е зграда или просторија во која држат предавања и поуки за нечленовите, за оние кои се уште не ја примиле нивната вера, а сакаат да ја запознаат, а храмот е нешто одделно. Во него ги извршуваат богослужбите и тука не влегуваат оние што не се „посветени“, односно оние што се уште не станале членови на нивната верска заедница.
Од каде таа појава храмот Божји во кој се извршуваат богослуженијата да се нарекува „црква“? Зборот „црква“ е од грчко потекло. Грците велат „киријакон“ (κυριακόν), што буквално преведено значи „дом Господов“. Од тој грчки збор во разни јазици потекнуваат изразите: старословенски - „церков“, српски и македонски „црква“, германски „кирхе“ (Kirche), шведски „кирха“ (Kirka), англиски „черч“ (Church) итн.

Црква (Εκκλησία) — Заедница на верните

Зборот „црква“ кај православните народи има и поинакво значење. Тоа значење на зборот „црква“ е изразено во грчкиот јазик со зборот „еклисија“ (εκκλησία), од кој настанал латинскиот збор „еклезија“ (ecclesia), а оттаму се изведени сличните називи во разните романски јазици. Зборот „еклисија“ во најширока смисла значи собир, заедница. Каква заедница? Во случајов за кој зборуваме значи верска заедница, а не некоја политичка, економска, спортска, уметничка или воена. Но верски заедници има многу и различни. Дали тогаш зборот „црква“ ја означува токму секоја религиозна заедница, како што понекогаш во таа смисла зборуваат и пишуваат небогословските автори, неупатени во работата, кога. на пример, велат „будистичка црква“? Не, никако! Муслиманската, будистичката и другите нехристијански религиозни заедници ниту сакаат некој да ги нарекува цркви, ниту пак тие се тоа. Тие се просто верски заедници на тие религии. Зборот „црква“ означува само христијанска верска заедница. Кога ќе се изговори зборот црква во неговото вистинско значење, секогаш се мисли на Црквата Христова.
Зборот црква може да се употреби во поширока и во потесна смисла. Во поширока смисла на зборот. Црквата Христова е заедница на сите слободно-разумни суштества коишто веруваат во Христа Спасителот на родот човечки и коишто се соединети во него како во единствена своја глава. Апостол Павле, зборувајќи за избавувањето на човечкиот род во Христа, вели дека тоа избавување е израз на Божјата благонаклоност и волја „да соедини се небесно и земно под една глава - во Христа“ (Ефес. 1, 10). Кога црковниот поет зборува за целта и причината за Христовото доаѓање во светот, всушност ја повторува оваа мисла на апостолот, кога вели дека Христос дојде во светот „собрати расточенаја“, т.е. да го соедини разединетото: небесниот ангелски и земниот човечки свет. Со Христовиот крст „едино стадо бист ангелов человјеков и во едином соборе небо и землја веселјатсја'“. Затоа на празникот на св. Архангел Михаил пееме: „Постојано Те величаме Тебе, Христе, Којшто неискажливо ги соедини небесното и земното и ја создаде единствената Црква на ангелите и луѓето“.
Според досега реченото, Црквата е Божја установа, а според историското постоење може да се зборува за старозаветната и ново-заветната Црква, како што Светото Писмо се дели на старозаветно и новозаветно. Бидејќи Црквата е заедница на сите разумно-слободни суштества што Бог ја остварил, таа се појавува веќе во рајот при создавањето на првите луѓе. Ако првите луѓе останеа во Божјата благодат, т.е. да не му се потчинеа на сатаната и неговите искушенија, заедницата на луѓето и ангелите со Светата Троица ќе останеше вечна и непоматена, а историјата на светот ќе беше сосема поинаква од сегашната конкретна историја на светот. Но, и по гревовното паѓање, Бог не ја прекинува заедницата со луѓето. Со својата промисла ја води историјата на човештвото и уште на првите луѓе им ветува дека „семето на жената“ ќе го победи сатаната (1. Мој. 3, 15), што всушност значи ветување дека ќе дојде Избавителот и Спасителот на човечкиот род. Тоа ветување дека ќе дојде времето кога во еден потомок на Ева, а во семето на Авраам, „ќе бидат благословени сите родови на земјата“ (1. Мој. 12, 3) Бог повеќе пати го повторувал преку пророците (1. Мој. 22, 18; 26, 4; 28, 14; 49, 10; 4. Мој. 24, 16-17; 5. Мој. 18, 15; Иса. Н, 1-2; Мих. 5, 2; Дан. 9, 24-27), па така старозаветната Црква била заедница на луѓе коишто верувале во Месијата, т.е. во Христос Којшто ќе дојде, за разлика од новозаветната Црква која верува во Месијата - Христа, Којшто веќе дошол. И не само што Бог го повторувал ветувањето за доаѓањето на Месијата, Христос, туку целиот старозаветен Закон им е даден на луѓето како „педагог за Христа“ (Гал. 3, 24). Кога апостол Павле во Посланието до Евреите зборува за сведоците на делотворната вера, тој ги спомнува сите старозаветни генерации, почнувајќи од Авел, напоменувајќи дека почетник и усовршител на таа вера е Исус Христос (Евр. 11, 1-40 и 12, 2). А во богослужбените текстови во Неделата на православието читаме дека Бог „ги положи почетоците на Црквата во рајот“.
Од се што е досега речено следува заклучокот дека Црквата Божја не ја сочинуваат само живите луѓе на земјата, туку и ангелите небесни и душите на оние покојници за кои Светото Писмо вели - на пример апостол Павле - дека добра борба изборија, трката ја завршија, верата ја зачуваа и на кои Господ им подготви „венец на правдата“ (2. Тим. 4,7-8), оти „Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, оти во Него се сите живи“ (Лука 20, 38). Според тоа, постои невидлива или небесна Црква и видлива или земна Црква, а двете го сочинуваат единственото таинствено тело чија глава е Господ Исус Христос, како што вели Светото Писмо: „Христос е глава на Црквата“ (Ефес. 5,
23).

Др. Лазар Милин

Цитирај Тука нема никаков збор за институции, згради, хиерархии, парламенти или посредства. Станува единствено збор за повиканите да го следат Христа. Тоа е црквата.

Не знам како поврзуваш згради со текстот кој го пишував кога нагласував заедницата на верните Црквата, а зборот собор, соборност е еден од најчестите зборови кои ги употребив во текстот. Или ја верглаш вообичаената касета со која ги заблудуваш неупатените.

Цитирај Затоа црквата е најмалку „место“ како што ти тоа го прикажа. Црквата е тело, динамичка материја - Христовите верни чеда. Затоа секогаш кога ќе кажеш „Св. Дух ја вдахновува Црквата“, имај на ум дека тука се зборува за „повиканите“, за СИТЕ ЛУЃЕ собрани под Христовиот Крст. Нема тука ни збор за некаква виша каста на свештеници кои на нас неуките ќе ни го отворат рајот. НИЕ сме црквата. Нас Св. Дух не вдахновува. И НИЕ СМЕ тие што го отелотворуваат Неговото учење, го слушаат Неговиот Збор и ја проповедаат Неговата порака...

Зошто го кажуваш она кое друг веќе го кажал и велиш дека не го кажал! Во суд на адвокатите таквите капциозни реченици им се забранети.


Изменето од sard - 28.Јуни.2007 во 16:15
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2007 во 16:50
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

сард, заклучив дека или ти воопшто не читаш пред да реплицираш, или намерно или не намерно, но сигурно погрешно ме толкуваш (даваш погрешни заклучоци од моите искази) и потоа си разработуваш километарска дискусија за нешто што јас не сум кажал и што нема врска со темата, со други зборови, си правиш монолог кој мене не ми е нешто интересен.
Само продолжи си така, но кај мене си прочитан.


Cry Немој бе така Евангелос, таман стана интересно. Вака излегува дека сакаш само неупатените да ги заведуваш, разговарај и со оние кои имаат поинакви одговори од тебе. Ама секако ти си во мисија на заведување, неисплатливо ти е да си го губиш времето со некој кој колку толку нешто научил.

Само наоружани пред се со вера во Бога ќе дојдеме на сите топици и од таму ќе бегаш ти и останатите извртувачи на вистината, па ќе бегате од целиот форум, па ќе бегате од цела Македонија... Ќе ги исчистиме еретиците или ќе ги вратиме кај Бога, да не ја гнасат светата Вера Христова.
Времето на лагите истекува Евангелос! Избери сакаш да те боли како што те боли или ќе се смириш пред вистината за Христовото учење.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2007 во 17:02
Сега дури и јас испаднав тој што ги менува темите и бега од истите LOL
Човек со кучиња да те брка тебе нема да може да те фати на некоја тема, пошто и на сите теми да постави стража, ти ќе отвориш нова тема LOL

Како да ти објаснам дека кога ти ми пишуваш мене, ти не ми пишуваш мене, туку на некој си замислен протестант во твојата глава?
Да не си имал некое лошо искуство се некој протестант па сега тоа искуство те прогонува?
Извини, ама јас не сум психијатар за да те лечам од такви трауми.
Јас сум христијанин и моите убедувања се втемелени во Божјиот Збор - Библијата.

Во нашите дебати се судираат моите Библиски стихови со твоите лични филозофирања и затоа нема прогрес.
Со други зборови, јас и ти немам ист извор на Вистина.
Тебе ти пречи тоа што јас нон-стоп се повикувам на Библијата, а мене пак ми пречи тоа што ти се повикуаш на скоро се друго освен Библијата, а кога ќе ја цитираш Библијата, тоа го правиш пострашно и од муслиманите кои се обидоа да ја цитираат Библијата на форумов.
Без читање на контекстот, без најосновни теолошки разбирања за природата на Исус, за боговдахновеноста на Библијата, за канонизацијата на Библијата, за природата на Марија, итн итн.. а згора на тоа си слепо упорен во секоја дискусија и воопшто не читаш што ти пишуваат, туку само водиш монолози.

Сваќам зошто ме обвинуваш за заведување Smile
Љубоморен си што никој не падна на твоите реторички акробации и филозофирања, а многумина беа привлечени од Божјиот Збори и Христовото кристално јасно учење Smile
Епа што да ти правам, Божјиот Збор е посилен и од мојот, ама и од твојот збор.
Поздрав!
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2007 во 17:21
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Сега дури и јас испаднав тој што ги менува темите и бега од истите LOL
Човек со кучиња да те брка тебе нема да може да те фати на некоја тема, пошто и на сите теми да постави стража, ти ќе отвориш нова тема LOL

Како да ти објаснам дека кога ти ми пишуваш мене, ти не ми пишуваш мене, туку на некој си замислен протестант во твојата глава?
Да не си имал некое лошо искуство се некој протестант па сега тоа искуство те прогонува?
Извини, ама јас не сум психијатар за да те лечам од такви трауми.
Јас сум христијанин и моите убедувања се втемелени во Божјиот Збор - Библијата.

Во нашите дебати се судираат моите Библиски стихови со твоите лични филозофирања и затоа нема прогрес.
Со други зборови, јас и ти немам ист извор на Вистина.
Тебе ти пречи тоа што јас нон-стоп се повикувам на Библијата, а мене пак ми пречи тоа што ти се повикуаш на скоро се друго освен Библијата, а кога ќе ја цитираш Библијата, тоа го правиш пострашно и од муслиманите кои се обидоа да ја цитираат Библијата на форумов.
Без читање на контекстот, без најосновни теолошки разбирања за природата на Исус, за боговдахновеноста на Библијата, за канонизацијата на Библијата, за природата на Марија, итн итн.. а згора на тоа си слепо упорен во секоја дискусија и воопшто не читаш што ти пишуваат, туку само водиш монолози.

Сваќам зошто ме обвинуваш за заведување Smile
Љубоморен си што никој не падна на твоите реторички акробации и филозофирања, а многумина беа привлечени од Божјиот Збори и Христовото кристално јасно учење Smile
Епа што да ти правам, Божјиот Збор е посилен и од мојот, ама и од твојот збор.
Поздрав!

Штом било така тогаш да продолжиме каде што застанавме на темата!? Да ги расчистиме моите незнаења. Ако навистина јас толку лошо ги знам работите ќе ме доведеш до ситуација на очигледна погрешност на моите ставови во врска со темата. Еве почни со серија од прашања и доведи ме до таква ситуација. Ако мислиш дека тоа е невозможно пушти ме јас да ти поставам серија од прашања.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2007 во 17:37
Твоите подавања со прашања (едно тебе, едно мене) а јас немам сега многу време за да ти го играм орото, кое неколку пати заврши во погрешна насока. Такви подавања со прашања и игри на зборови си најдобри при дебата во живо, е за такво нешто можеме и да се договориме некогаш (во догледна блиска иднина).
А од друга страна, себично е малку, можеби и други ќе сакаат да пишуваат на темава, а ние ќе ги караме дека ни се мешаат.
Ама ако те одбијам, ќе се занесуваш дека Висината се плаши од лагата. Затоа ќе ти дадам шанса, иако сум песимист дека ова ќе успее во рамките на темата.

Јас сега морам да излегувам, ама ќе ти оставам едно прашање да ми го одговориш, а вечер ќе го побарам твојот одговор и ќе продолжиме


Христос им заповеда на апостолите да одат низ сите народи и да ги научат на СЕТО ОНА ШТО ТОЈ ИМ ГО ЗАПОВЕДАЛ.

Зошто да ги учам народите нешто друго од она што Христос ни го заповедал?






Изменето од EvAngelos - 28.Јуни.2007 во 17:37
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2007 во 17:49
Originally posted by sard sard напиша:

Затоа секое попче и да биде забегано се плаши да учи нешто различно од она што го пишува во илјадниците православни книги и од она што другите попчиња учат, а знае дека не смее да учат различно оти ќе го кажат пред Црквата пред сите верници.



Овој извадок најмногу ми се „допадна“...LOLLOLLOL Вреди ли да се прави и понатаму муабет со некој што е до толку самозаљубен до нарцисоидност, што дури не може да види дека тие попчиња шо ви ја водат црквата, ја немаа прочитано БИБЛИЈАТА, а не па ИЛЈАДНИЦИ КНИГИ... LOLLOLLOLLOL
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.