|
ПРАВОСЛАВНИ,КАТОЛИЦИ,ИЗВОРНИ ХРИСТИЈАНИ |
Внеси реплика | страница <1 7891011 41> |
Автор | ||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се надевам дека и другите конечно ќе ја признаат единствената вистина: дека Христос и Апостолите ниту учеле, ниту имале намера да учат, дека треба да и се молиме на Марија. Таа одиграла епизодна улога, му дала физичко тело на Нашиот Господ, и толку. Таа не висеше на крстот, таа не го создаде светот, таа нема да му суди на светот.
|
||
Реакт
Сениор Регистриран: 22.Мај.2007 Локација: Burundi Статус: Офлајн Поени: 373 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Абе ај..... Навистина? Па кој вели дека има??? Ама кога ги вадиш нештата од контекст.... Благовештението - лично ангел Господов слегува да и каже дака ТАА е избрана од Бога да го роди Синот Божји, се разбира - по тело. И ако таа има епизодна улога - тогаш другите библиски ликови немаат никаква улога. Богородица (Мајка Божја) - Елисавета се исполни со Дух Свети, па извика гласно и рече (на Марија), Благословена си ти меѓу жените, и благословен е плодот од твојата утроба! И од каде со мене ова, при мене да дојде мајката на мојот Господ (Лука 1, 41-43). А кој може Христа да го нарече Господ? Само оној на кого ќе му биде откриено од самиот Бог (Матеј 16, 17). Благословена е Марија, а благословен е и плодот на нејзината утроба. Интересно, нели? Што му вели ангелот Господов на Јосиф - зачнатото во неа е од Светиот Дух. Каде на друго место имаме вакви Божји интервенции и врз кого? Зарем толку улога на една беззначајна личност? Сигурно Бог знаел што улога и значење и дал на Богородица - онаа која го родила Бога по тело. |
||
Без коментар
|
||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Прво и основно зборот Богородица не се спомнува од ниеден апостол, итн. Тој, веќе објаснив е помалку несмасно избран термин од Отците кои имале сосема друга намера... Можеш да прочиташ кај Кирил Александриски дека всушност дебатата во Ефес (431) била за природатана Христос (месијата) и Господ, а не за природата на Марија.
Но сеедно, векови подоцна некои ќе ја злоупотребаат таа кованица (теотокос), како што често прави Лукавиот, и го искористија за повикување кон идолопоклонството кон Марија... |
||
Реакт
Сениор Регистриран: 22.Мај.2007 Локација: Burundi Статус: Офлајн Поени: 373 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И зброт морал, етика, компјутер, модератор.......... не се споменуваат во Библијата. И што со тоа?
А за терминот Богородица - на Соборот во Ефес основна тема била природата Христова, односно ереста на Несториј. Неговата ерес била во тоа што тој велел дека Христос не е Бог по природа, па Богородица не го родила Христа како Бог во човечко тело. А терминот Мајка Божја е споменат, кога Елисавета вели - И од каде со мене ова, при мене да дојде мајката на мојот Господ (Лука 1, 41-43). |
||
Без коментар
|
||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Епа тогаш моли се на компјутерот или на модераторот по ИСТАТА ВАША ЛОГИКА...
Несториј сакал да се искористи кованицата ХристоРодица (Hristotokos) со тоа ставајќи ја во прашање природата на Исус само како Месија, а не и како Бог. Како одговор на оваа ерес за ХРИСТОВАТА ПРИРОДА, другите христијани велел дека поправилно е да се каже БогоРодица (Theotokos), бидејќи Христос бил Бог. ОВА НЕ БИЛА ДИСКУСИЈА ЗА МАРИЈА, ТУКУ ЗА ИСУС! Тоа е јасно од сите документи од Ефешкиот Вселенски Собор, а особено го посочив Кирил Александриски кој тоа и јасно го кажува... Околу цитатот од Лука, треба да се внимава на две работи. Таму е наречена мајка на мојот Господ (meeteer tou k*riou) a не Богородица (Theotokos). Второ, никој овде не спори дека Марија го родила, дека е навистина родилка на Господ Исус Христос. Тоа што е спорно е ДАЛИ ТРЕБА ДА ЈА ОБОЖУВАМЕ? КАДЕ ИМАМЕ ПРАВО ЗА ТАКВО НЕШТО? ДАЛИ ТАА МУ ЈА ДАДЕ БОЖЕСТВЕНАТА ПРИРОДА НА ХРИСТОС, ПА СПОРЕД ТОА ДА МИСЛИМЕ ДЕКА ИМА БОЖЕСТВЕНИ СПОСОБНОСТИ? ДАЛИ ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА ВЕРУВАМЕ ДЕКА ГОСПОД САКА ВРСКИ (дека повеќе ќе ја слуша родилката своја, отколку Синот со кого општи од вечноста)? Многу нелогичности, невистини, ереси, а многу малку причини зошто така да се верува... |
||
ultra
Сениор Регистриран: 17.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 2616 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А што сакаш да кажеш аџија, дека била искористена нејзината утроба??
Зарем е можно Господ да искористува за некакви цели?? Просто неверојатно |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зарем нема право Грнчарот да прави што ќе посака со Својата глина? (Еремија 18:5) Господ искористил магаре за да влезе на Цветници во Ерусалим, ја искористил горната соба за да ја востанови Господовата Спомен Вечера, го искористил гробот на Јосиф од Ариматеја, го искористил Симон Киринеецот за да Му го носи крстот до Голгота итн итн... Но запрашај се, за кого тоа Господ ги искористи сите овие работи?! За себе? Или за нас? Кој тоа Кого искористи? Бог нас или ние Него? Зарем не Го искористивме ние Христос за спасение на нашите души? Тогаш како можеш да кажеш дека Бог ја искористил утробата на Марија за "некакви цели". Неблагодарнику, тие "некакви цели" бевме јас и ти - грешните луѓе осудени од гревот на смрт и вечна одвоеност од Бог! Но ние го искористивме Спасителот, за наше спасение, повикувајќи се на Неовата неизмерна љубов и милост. Сета слава и величество Му припаѓаат на Нашиот Господ и Единствен Спасител Исус Христос и на никој друг. |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
ultra
Сениор Регистриран: 17.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 2616 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Со ова се деградира мајката па и жената воопшто...
Не гледам зошто тогаш муслиманите ги обвинувате кога ги деградираат жените.. |
||
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
so citam tuka
za iskoristuvanje na zenite zboruvate? abe biblijata e stara sega postoi emancipacija zenite se ravnopravni lugjeto se izdignale nad starata biblija Изменето од anakin - 28.Јуни.2007 во 17:03 |
||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
||
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
no
site sto veruvat vo biblijata a se odnesuvat taka kon zenite se DEMODEEEEEEEEEEEEEE |
||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
||
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
no intersno mi e toa
so gospod i rece na Eva posle od kako ja iskaral zmijana i i ja zemal nozete da glta prasina EVO TI BRE KJE RAGJAS VO TESKI BOLKI ZA VEKI VEKOV DA ZAPAMTIS SO GO NATERA PROSTICKIOT ADAM DA KINE JABOLKO koga vaka se slusa toa zapravo Samiot gospod ----> e brutalen prema zenite |
||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Анакин, имај милост кон темата, таа воопшто не е за дискриминација на жената, за ева , за јаболкото, за модерноста на библијата итн..
Следниот пат ѕирни го топикот на темата, а не последниот неупатен што шкртнал. Поздрав Анакин! (без лутење, ништо лично ) |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ok
jas samo si kazav mislenje moe no napisav se ubo za zenite nemislam deka ja iskoristuvam temava samo ja citav vlecka kako vikaaaaaaaaaaaaaaa ISKORISTENA UTROBAAAAAAAAAAAAAAAAA mislis ona gresi neso? ej navistina a za so e temava? Изменето од anakin - 28.Јуни.2007 во 17:13 |
||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За историјата на Православната Црква како историја на Христова Црква важи за да гледаат со очи, и да не видат; да слушаат со уши, и да не разбираат; оти се бојат да не се покајат некогаш, та да им се простат гревовите. Тоа значи, нешто толку очигледно што и без размислување со самото што се гледа и слуша зборува за својата Вистина. Ете не мора ние да зборуваме за нашата историја, таа зборува сама. Ете ги манастирите, ете ги моштите на Светителите, ете ги бисерите по манастирите, ете ги делата на почитувачите на Православното учење насекаде околу нас. Што треба повеќе за да се види Божјата вера, што требало повеќе да види Пилат освен Оној што Го гледал, па за да го прашува Оној пред себе „Дали си Бог“. |
||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||
Внеси реплика | страница <1 7891011 41> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |