|
БИБЛИЈАТА И НАУКАТА |
Внеси реплика | страница <1 5354555657 63> |
Автор | |
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pa,neli zemal jablko,....a,posle videl deka e podobro,koga ke otstoi jabolkoto,....pa,koga go probal,..i pak,...i pak,....mu se ispomeshalo se, ,...pa i tie faktori ,..shto li,...i taka stanale poveke,...shto ima tuka nejasno?
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ако знаеш нешто анакин, ќе ти текне, сигурен сум, дека денес бедни научници од секоја крвна група може да се направи било која друга група... А за ГОСПОД ли е тоа проблем?
А како по еволутивен пат, настана (прво машко и женско, кога тао е кочење на инститинкотот на опстанок) а потоа и крвните групи??? Нема објаснување... понекогаш поставувате тези, што ни самите не сте ги промислиле... |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ponekogas
voopsto nema logika vo tvoite recenici no ima nekoja tvoja verska taka da ne e cudno so si se divis na tvoeto napisano no mene mi e jadno zalno samoizlazaniot nikogas nema da svati kolku e nesmesen vo lucidnosta negova |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ха, остана повторно без здив... те осетив... не биди посрамен, не ти мислам зло...
|
|
goor
Сениор Регистриран: 08.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 844 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
taman rabota problem za gospod?????
nema sansi???? pa toj vo isto vreme se naoga na iljada mesta.....slusa milioni luge...a voedno i sudi.......... pa ajde ti se molam za takov tip krvnata grupa ke bide problem..... moze zemal razlicni tipovi zemja koga go stvaral adam se moze...... ama edno da znete bog e bezgresen....... iako malu se bese pokajal i prizna deka zgresil kaj potopot ama od togas navamu e bezgresen..... i sea ti anakin ke prasuvas gluposti |
|
end off days 15...14...13....
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
e jebi ga
|
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
goor
Сениор Регистриран: 08.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 844 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
nemoj taka ke te slusne gospod moze ima i internet vo rajot......
|
|
end off days 15...14...13....
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pa,da vidish,....i stvarno kako od rajot da izlegol!
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
goor
Сениор Регистриран: 08.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 844 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pa so mislis kako nastanal??????
Изменето од goor - 28.Јуни.2007 во 01:31 |
|
end off days 15...14...13....
|
|
goor
Сениор Регистриран: 08.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 844 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
decki odam jas se gleame za 4-5 dena cao
|
|
end off days 15...14...13....
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ај може ќе се освестиш за тие 4-5 дена...
чаос, и убав помин... |
|
ZakHay
Сениор Регистриран: 21.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 101 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ej ne se vrakjaj uopste!Idisi!!!!
|
|
ПРОСВЕТИТЕЛОТ
Група Регистриран: 09.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 61 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Продолжуваме со студијата. Претходната тема беше со наслов Потсеќавање на историјата на јудео-христијанството и Свети Павле
Четирите евангелија – нивните извори и нивната теорија
Во списите од првата епоха на христијанството, евангелијата се спомнуваат многу подоцна од Павловите дела. Дури во средината на II век, поточно по 140-та година, се јавуваат сведоштвата што се однесуваат на збирките на списите на евангелистите, додека пак „од почетокот на II век, многу христијански автори даваат до знаење дека познаваат голем број на Павловите посланија“. Овие констатации, изложени во Воведот на екуменскиот превод на Библијата, Нов Завет (L’introduction a la Traduction oecuméique de la Bible, Nouveau Testament), издаден во 1972 година (Издание Du cerf и Les Bergers et les Mages), заслужуваат веднаш да бидат спомнати, како што е, истовремено, полезно да се нагласи дека делото на кое се повикуваме е резултат на колективната работа што ја извршиле повеќе од стотина католички и протестантски специјалисти. Евангелијата кои подоцна ќе станат службени, т.е. канонски, многу доцна станале познати, иако нивната редакција била завршена во почетокот на II век. Според екуменскиот превод, околу средината на II век почнуваат да се цитираат содржините кои им припаѓаат, но „речиси секогаш е тешко да се заклучи дали цитатите се земени од пишаните текстови кои авторите ги имале пред себе, или се задоволиле преку сеќавањата да ги евоцираат фрагментите од усното предание“. „Пред 140-та година“, читаме во коментарите на овој превод на Библијата, „во секој случај не постои никакво сведоштво според кое би била позната збирката на евангелиските списи“. Ова тврдење е сосема спротивно на она што го пишува А. Трико (1960 година) во коментарите на својот превод на Новиот Завет: „многу рано, од почетокот на вториот век“, пишува тој, „се воспоставил обичајот да се кажува Евангелие, за да се означат книгите кои, околу 150-та година, свети Јустин исто така ги нарекол ‚Мемоари на Апостолите‘“. За несреќа, тврдењата од овој вид се доволно чести за да може широката јавност да добие погрешен впечаток за датумот на собирањето на евангелијата. Евангелијата формираат целина повеќе од еден век по Исусовата мисија, но не порано. Екуменскиот превод на Библијата оценува дека четири евангелија добиле статус на канонска литература околу 170-та година. Тврдењето на Јустин, според кое нивните автори се квалификуваат како апостоли во наше време, исто така, веќе не е допуштено, како што ќе се види подоцна. Што се однесува на датумот на редакцијата на евангелијата, А. Трико изјавува дека оние на Матеј, на Марко и на Лука биле редигирани пред 70-тата година: ова не е прифатливо освен, можеби, за Марковото. Овој коментар, по толку други коментари, се обидува да ги претстави авторите на евангелијата како апостоли или придружници на Исус, и поради тоа ги поместува датите на редакцијата, ставајќи ги многу блуску до епохата во која живеел Исус. Што се однесува на Јован чиј живот А. Трико го става до околу 100-та година, во свечени прилики христијаните отсекогаш се навикнати да го видат претставен многу блиску до Исус, но тешко е да се утврди дека тој е автор на Евангелието што го носи неговото име. Апостолот Јован (како и Матеј), за А. Трико, како и за другите коментатори, е авторизиран и квалификуван сведок на настаните за кои проповедал, и покрај тоа што повеќето од критиките не ја поддржуваат хипотезата според која тој го редигирал четвртото Евангелие. Но, ако четирите евангелија за кои се зборува не можат разумно да се сметаат за „мемоари“ на апостолите или на придружниците на Исус, какво им е тогаш потеклото? О. Кулман во своето дело Нов Завет (Le Nouveau Testament- Presses universitaires de France, 1967) на таа тема пишува дека евангелистите биле само „говорници на примитивната христијанска заедница која го запишала усното предание“. Во текот на триесет или четириесет години, Евангелието постоело исклучиво во усна форма: усното предание особено ги пренело изолираните зборови и приказни. Евангелистите значи, секој на свој начин, секој според својата личност и според своите особени, теолошки преокупации, ги истакнале врските меѓу зборовите и приказните што ги примале од околната традиција. Групирањето на зборовите на Исус, како и поврзувањето на приказните со многу неодредени формули на поврзување, како што се: „потоа“, „веднаш“, итн., накусо, „рамката“ на синоптичките евангелија (трите евангелија: според Марко, според Матеј и според Лука) значи, има чисто литературна форма и нема историска основа. Истиот автор продолжува: „Треба да се има на ум дека потребите за проповедање, обучување и потребата од култ, повеќе од биографскиот интерес, ја навеле примитивната заедница да го запише ова предание за животот на Исус. Апостолите ги илустрирале вистините на верата што ја проповедале кажувајќи ги настаните од животот на Исус и токму нивните раскажувања дале повод за запишување на приказните. Самите зборови на Исус особено се пренесени во катехетската настава на примитивната Црква“. Коментаторите на екуменскиот превод на Библијата не евоцираат различна композиција на евангелијата: формирањето на едно усно предание под влијание на раскажувањето на учениците на Исус и на другите проповедници, чувањето на материјалот кој, конечно, ќе се најде во евангелијата со помош на проповедите, литургиите, обучувањето на верниците, можноста за рана материјализација на определени исповеди на верување во пишана форма, определени зборови на Исус, приказната за Маката, на пример, прибегнување на евангелистите кон овие различно пишувани форми, исто колку и податоците од усното предание, за да се создадат текстови „приспособени на различни средини, соодветни на потребата на Црквата што изразуваат размислување за Светото Писмо, ги исправаат грешките, па дури и во определени пригоди одговараат на аргументите на противниците. Така, евангелистите, според сопствената перспектива, го собрале и го запишале она што им било дадено во усните преданија“. Таквото колективно гледиште кое потекнува од преку стотина толкувачи на Новиот Завет, католици и протестанти, значително се разликува од линијата што ја дефинирал Вториот ватикански концил во својата догматска конституција на Објавата која е елаборирана меѓу 1962 и 1965 година. Претходно посочивме на првото упатување на овој документ од концилот што се однесува на Стариот Завет. За него концилот можеше да изјави дека книгите кои го сочинуваат „содржат несовршености и застарености“, но тој не формулирал такви резерви во однос на евангелијата. Токму спротивното може да се види од ова што следува: „Никому не му се провлекло дека меѓу сите Свети Писма, па дури и на оние од Новиот Завет, евангелијата имаат заслужена супериорност затоа што претставуваат сведоштво par exellence за животот и за учењето на персонифицираната Реч на Спасителот. Црквата го поддржувала и го поддржува, секогаш и секаде, апостолското потекло на четирите евангелија. Она што навистина го проповедале апостолите, по наредба на Христос, подоцна тие, и луѓето од нивната околина, под божествената инспирација на Духот, ни го пренеле во приказните што се основа на верата, т.е. четириформното Евангелие, според Матеј, според Марко, според Лука и според Јован“. „Нашата Света Мајка, Црквата, тврдела и сè уште тврди, цврсто и со најголема постојаност, дека овие четири евангелија чија историчност без колебање го потврдува, верно го пренесуваат она што Исус, синот Божји, за време на својот живот меѓу луѓето навистина го правел, и учел за вечното спасение, до денот кога е воздигнат во небото... светите автори, значи, компонираат четири евангелија, така што за Исус тие секогаш ни даваат вистинити и искрени работи“. Ова, без никакви двосмислености, е тврдење дека евангелијата верно ги пренесуваат делата и зборовите на Исус. Не гледаме никаква согласност меѓу ова тврдење на концилот а особено на оние од претходно цитираните автори: „Веќе не треба да ги сфаќаме буквално“” евангелијата, „пишувани според околностите“ или „борбено“, чии автори „писмено ги чуваат преданијата на своите заедници за Исус“ (Р. П. Каненгисер). Евангелијата се текстови „приспособени кон различните средини, соодветни на потребите на Црквата кои го изразуваат размислувањето за Светото Писмо, ги исправаат грешките, па дури, во некои пригоди, одговараат на аргументите на противниците.“ На тој начин евангелистите, според сопствена перспектива, го собрале и го запишале она што им било дадено со усните преданија (екуменски превод на Библијата). Очигледно е дека со оваа декларација на концилот и со овие нови аспекти се наоѓаме пред тврдења кои, едно на друго, си противречат. Не е можно да ја согласиме декларацијата на Вториот ватикански концил, според која во евангелијата би се наоѓала верната трансмисија на делата и зборовите на Исус, со постоењето на контрадикции во овие текстови, неверојатности, материјални невозможности и тврдења спротивни на правилно утврдената реалност на работите. Напротив, ако евангелијата се разгледуваат како израз на перспективи својствени за собирачите на усните преданија кои им припаѓале на различните заедници, пишувани според околностите и борбено, не може да нè зачуди тоа што во евангелијата ги наоѓаме сите овие мани кои се знак дека се направени од луѓето во таквите пригоди. Овие можат да бидат наполно искрени, иако пренесуваат настани чија неточност не ја ни насетуваат, давајќи ни приказни кои се во контрадикција со оние од другите автори, или, пак, поради верското ривалство меѓу заедниците, претставуваат приказни од животот на Исус во сосема различна оптика од онаа на противникот. Веќе видовме дека историскиот контекст е во хармонија со последниот начин на сфаќање на евангелијата. Податоците што ги имаме за самите текстови во целост го потврдуваат тоа.
|
|
Не биди како оној кој го собира знаењето на учените и мудроста на мудрите, а кон Вистината се однесува како еден од глупавите.
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бидејќи во горниот квази-научен текст се дава комплетно искривена слика и погрешна историска слика за запишувањето на Евангелијата, сакав само да го дадам вистинскиот временски период на пишување на Евангелијата:
Евангелието според Марко - околу 65 година. Евангелието според Матерј - околу 80 година. Евангелието според Лука - околу 85 година. Евангелието според Јован - околу 90-100 година. |
|
Внеси реплика | страница <1 5354555657 63> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |