IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 36>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2007 во 10:12

1583 - Во Лондон е издадена првата полиса за животно осигурување во светот.

1936 - Во местото Горки, кај Москва, умре Алексеј Максимович Пешков, алијас Максим Горки, руски, односно советски писател, еден од основачите на советската книжевност. Негови најпознати дела се драмите „На дното“, „Малограѓани“, романите „Животот на Клин Самгин“, „Делото на Артанови“ и „Мајка“. Роден е во Нижни Новогород, на 28.03.1868 година.

1940 - Францускиот генерал Шарл де Гол ги повика од Лондон сите Французи да ја продолжат борбата против германските освојувачи, кои во тие денови целосно ги поразија вооружените сили на Третата република. Во таа пригода Шарл де Гол ја изговори познатата мисла „Французите загубија една битка, но не и војната“.

1940 - Германците во Втората светска војна го зазедоа француското пристаниште Шербур.

1953 - Египет е прогласен за република по соборување на Фаруковиот режим. Прв претседател на Египет стана Нагиб.

1965 - Во Алжир е извршен државен воен преврат. Хари Бумедиен ја презеде власта наместо дотогашниот претседател Бен Бела.

1996 - Бенјамин Нетанјаху ја презеде должноста премиер на Израел по изборната победа на неговата десничарска коалиција.

1997 - Турскиот премиер Неџметин Ербакан поднесе оставка на функцијата.

2000 - Башар ал Асад е избран за лидер на владеачката сириска Баас партија, по смртта на претседателот Хафез ал Асад.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2007 во 09:47

1623 - Роден е Блез Паскал, француски математичар, физичар, книжевник и филозоф. Конструира математичка машина (аритмометар) која ги вршеше четирите основни математички операции. Ги постави основите на законот на веројатноста, ја измисли хидрауличната преса и утврди дека притисокот на воздухот опаѓа со висината, така што со помош на барометар може да се утврди висината на планините. Умре на 19.08.1662 година.

1819 - Американскиот параброд Савана пристигна во англиското пристаниште Ливерпул. Тоа беше првиот брод на водена пара кој го помина Атлантикот.

1862 - Конгресот на САД донесе решение за укинување на ропството на својата територија.

1949 - Во Загреб умре Владимир Назор, хрватски писател. Пишуваше епски песни, раскази, романи, есеи, критики и мемоари. Негови познати дела се „Словенски легенди“, „Вели Јоже“ и „Дневникот со партизаните“. Роден е во Постире, на 30.05.1876 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2007 во 12:05

1527.- Во Фиренца умре Николо Макијавели, италијански политичар, дипломат, воен стручњак, поет и комедиограф. Во своите расправи ги постави темелите на првата граѓанска теорија за државата. Негови најпознати дела се „Владетел“, „Историја на Фиренца“, „За воената вештина“ и комедиографијата „Мандрагола“. Роден е во Фиренца, на 3.5. 1469 година.

1819.- Во Келн е роден Жак Офенбах, француски композитор по потекло Германец. Се смета за творец на новиот вид сценска музика-операта. Напиша 100 сценско-музички дела, меѓу кои најпознати се „Убавата Елена“, „Орфеј на пеколот“, операта „Хофмановите приказни“ и други. Умре во Париз, на 5.10.1880 година.

1912.- Во Кавадарци, од предавник и врховистички платеник, на подмолен начин е убиен Добри Даскалов, македонски револуционер и војвода, еден од најмаркантните револуционерни личности во Кавадарци. Роден е во Кавадарци, на 13.11. 1882 година.

1932.- Во селото Расиха, во реонот на Троцки, е роден Роберт Рождественски, руски писател, прв добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата- во 1966 година. Умре во Москва, на 20.8. 1994 година.

1933.- Во Архангелское, кај Москва, умре Клара Цеткин, познат политички работник на германското и на меѓународното социјалистичко движење, писателка и публицистка. Родена е на 5.07.1857 година.

1936.- По повод организираниот штрајк на македонските градители, овој датум е прогласен за Ден на градежните работиници на Македонија.

1963.- САД и Советскиот Сојуз постигнаа спогодба за воспоставување на "црвен телефон", меѓу Москва и Вашингтон. Директна линија е воспоставена по кубанската криза заради итни консулатации меѓу шефовите на двете супер-сили во критични ситуации.

1979.- Во издание на НИП "Нова Македонија", Редакција "Вечер", излезе првиот број на енигматскиот забавник "Котелец".

1985.- Во Охрид умре Сотир Гулевски, македонски писател и книжевен преведувач. Автор е на романите „Меѓа“, „Прекршен рбет“, „Кога карпите ртат“, „Модро млеко“. „ Им се суди на дивите ветрови“, на театрологијата „ Фурии“ и други. Роден е во Прилеп, на 14.8. 1917 година.

1995.- - Во Париз умре Емил Сиоран, франсуски писател од романско потекло, еден од најценетите мислители во втората половина на 20-тиот век.Негови познати дела се „На врвот на очајот“, „Книгата на недоразбирање“, „ Прецизност на распаѓањето“ и други. Роден е во 1911 година.

1996.- Во Брисел, Република Македонија и Европската унија, со размена на писма го прифатија текстот на Спогодбата за соработка.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2007 во 10:00

1818. - Францускиот научник Рене Лаенек во Париз, пред околу 30 лекари го прикажа својот пронајдок: првата слушалка за поставување дијагноза кога се во прашање срцеви и белодробни болести - стетоскопот.

1874. - Умре Јонас Ангстрем, шведски физичар и астроном. Го истражуваше Сончевиот спектар и ја воводе единицата за бранова должина на светлината - „ангстрем (А)“. Роден е во 1814 година.

1905. - Во Париз е роден Жан Пол Сартр, француски филозоф и писател. Тој е основоположник на француската егзистенцијалистичка школа и импресивна фигура во современата литература на својата земја. Најпознати негови дела се романите „Тегобност“, „Патишта на слободата“, драмите „Валкани раце“, „Зад затворени врати“, филозофските дела „Битие и ништожност“ и „Критика на дијалектичкиот ум“. Во 1964 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Париз, на 15.04.1980 година.

1935. - Во Париз (од 21 до 25 јуни) е одржан Првиот меѓународен конгрес на писателите, на кој е решено да се основа Меѓународно здружение на писателите за одбрана на културата.

1963. - Франција ги повлече поморските сили од НАТО.

1990. - Во Унгарија повторно е отворена берзата, по 42 години откако беше затворена со одлука на комунистичката влада која ја презеде власта по Втората светска војна.

1994. - Почна пописот на населението, домакинствата и на земјоделските стопанства во Република Македонија.

1994. - Република Македонија и Република Киргистан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.

1996. - Република Македонија и Туркменистан воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 10:36

- Денеска е Меѓународен Олимписки ден

1533. - По неуспешната опсада на Виена-1529 година и безуспешниот поход на престолнината на Австрија во 1532 година, турскиот султан Сулејман Втори со Австрија мораше да потпише договор за мир.

1805.- Во Џенова е роден Џузепе Мацини, италијански револуционер и демократ. Во 1831 година во Марсеј, Франција го основа револуционерното здружение "Млада Италија". Учествуваше во борбите за обединување на својата земја и до крајот остана верен на републиканските начела, протестирајќи против обединувањето на Италија врз монархистички основи. Умре на 10.03.1872 година.

1815. - Францускиот цар Наполеон Први- четири дена по поразот на неговата армија кај Ватерло - по втор пат мораше да абдицира од престолот и потоа е одведен на островот Света Елена, во Атлантскиот океан, каде умре во 1821 година.

1904.- На врвот Лингура, кај селото Долно Ѓуѓанце, Светиниколско, здружените чети на Славејко Арсов и на Атанас Бабата водеа тешка борба против турската војска. Во судирот загинаа голем број македонски борци, меѓу кои и војводата Славејко АСрсов ( роден е во селото Ново Село, Штипско, на 17.8. 1878 година) , а Атанас Бабата беше тешко ранет. Турската војска имаше 60 загинати и ранети војници.

1907.- Во Рим е роден Алберто Моравија, италијански писател. Најпознати негови дела се "Рамнодушни луѓе", "Конформист", "Римјанка", "Презир", "Чочара" и "Римски приказни". Умре во Рим, на 26.09.1990 година.

1913.- Во Санкт Петербург излезе првиот број на списанието „Македонски голос“ („Македонски глас“), орган на привзаниците на независна Македонија. Списанието излегуваше на руски јазик. Само песната„ Крали Марко“ во бр. 9/1914 година е на македонки јазик, мијачки дијалект. Издавач на списанието беше Димитар Чуповски. Списанието престана да излегува на 3.12.1914 година, заклучно со бројот единаесет.

1941.- Во раните утрински часови, Хитлерова Германија го нападна Советскиот Сојуз. Копнените и воздушните борби го зафатија целиот фронт од Црно Море до Балтичко Море, со содејство на околу 200 пешадиски и механизирани нацистички девизии определени за секавична војна.

1976.- Во Долниот дом на канадскиот Парламент е изгласано укинување на смртната казна.

1995.- Во Брисел, министрите за надворешни работи на Русија, Андреј Козирев и заменикот генерален секретар на НАТО Серџо Баланзино го потпишаа документот на „Партнерство за мир“.

1999.- Претседателот на САД Бил Клинтон ја посети Република Македонија.... Ова е прва посета на претседател на САД на Република Македонија.

2001.- Македонските безбедносни сили ја почнаа решавачката офанзива за чистење на теренот од албанските терористи во селото Арачиново, Скопско.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2007 во 10:35

1633. - Судот во Рим, составен од црковни лица, го осуди Галилео Галилеј на доживотна робија, а неговите дела ги забрани како опасни за христијанскиот свет. Тој работеше на откривањето на тајните од областа на астрономијата. Во 1608 година, го конструира првиот телескоп, со кој дојде до нови сознанија за движењето на Земјата и на другите планети.

1668. - Во Неапол е роден Џовани Батиста Вико, италијански филозоф. Се смета за основач на филозофијата на историјата како научна дисциплина и на психологијата на културата. Умре во Неапол, на 21.01.1744 година.

1915. - Во Прилеп е роден Кузман Јосифовски-Питу, народен херој на Македонија. Бугарската полиција го уби во Скопје, на 25.02.1944 година.

1995. - Во Ла Џола, во САД, умре Џонас Салк, американски микробиолог, кој во 50-те години на 20 век ја откри вакцината против детската парализа. Роден е во 1914 година.

2001. -Продолжува акцијата во Арачиново.Македонската војска и полиција ја продолжува решителната акција за отсранување на албанските терористити од Арачиново и неговиот регион.

2001. - Воено воздухопловство на Македонија.Над Македонија денеска летаа првите авиони на Военото Воздухопловство на РМ, СУ-25 (жабља нога).

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2007 во 12:35

1859.- Во селото Солферино, во близина на Мантова и езерото Гарда, во Италија, во текот на војната за обединување на Италија (1850-1870) се водеше една од најтешките битки во текот на 19 век, кога загинаа или беа ранети околу 40.000 луѓе. Во битката здружената француско-пиемонтска војска ја порази австриската војска. Победата над Австрија го забрза процесот на обединување на Италија.

1861.- Во Загреб излезе од печат Зборникот на народни песни, епохално дело на браќата Димитар и Константин Миладиновци, македонски преродбеници во 19 век. Зборникот стана поетски учебник за идните генерации македонски писатели. Обајвувањето на Зборникот го овозможи познатиот хрватски бискуп, Јосип Јурај Штросмаер.

1864.- Во Париз е роден Анри де Тулуз Лотрек, француски сликар, голем мајстор на литографијата, чии омилени мотиви беа личностите и настаните од ноќниот живот на Монпарнас, во Париз.

1916.- Почна офанзивата на силите на Антантата на реката Сена, во Франција, во која стотици илјади луѓе, со месеци со своите животи ја плаќаа кратковидоста на своите команданти. Во таа најкрвава битка во Првата светска војна Французите загубија 590.000, Англичаните 412.000, а Германија имаше половина милион мртви и ранети војници.

1975.- Меѓународната организација на трудот во Женева, ја усвои Конвенцијата за работниците-емигранти. Конвенцијата предвидува обврска на сите земји-членки да ги почитуваат основните човекови права на сите странски работници на работа во нивното стопанство и да обезбеди еднакви можности за вработување, социјално осигурување и индивидуални и колективни слободи.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2007 во 11:48

- Денеска е Ден на телесните инвалиди на Македонија

1822.- Во Берлин умре Ернст Теодор Амадаус Хофман, германски писател, композитор и музички критичар, претставник на доцната романтика. Најпознати негови дела се "Животните погледи на мачорот Мур", "Серапиновите браќа" и други. Роден е во Кенигсберг (Калинград) на 21.01.1776 година.

1905.- Меѓу селата Куклица и Пендаќ, триилјадна турска војска и жандармерија ја опколи четата од 13 борци на македонскиот војвода Атанас Бабата ( А. Димитров). Се разви жестока борба. Кога ја привршија муницијата борците ја изгореа архивата на четата, ги искршија пушките и револверите, извикувајќи „Да живее слободна Македонија“ и се самоубија, следејќи го примерот на својот славен војвода. Атанас Бабата е еден од првите членови на ТМОРО (1897-1905). Работеше во повеќе од 16 реони, а беше раководител на околу 40 борбени акции. За време на Илинденскоот востание од 1903 година дејствуваше во Кратовско. Атанас Бабата е роден во село Санитово, пазарџиско, во 1875 година.

1906.- По една акција на четата на војводата Ѓорѓи Ацев кај селото Крапа, кај Македонски Брод, против една великосрпска платеничка чета, војводата беше ранет, а за да не биде заробен, се самоуби. Тој е брат на познатите македонски војводи Мирче и Петар Ацев. Роден е во селото Ораовец, Прилепско, во 1883 или 1884 година.

1920.- Градот Хаг, во Холандија, е избран за седиште на Меѓународниот суд на првадата.

1978.- Во Оклахома, градче недалеку од Манчестер, во Англија, е родена Луси Браун-првото дете „зачнато“ во епрувета, вештачки оплодено со составување на мајчината јајце-клетка со татковото семе.

1984.- Во Париз умре Мишел Фуко, прочуен француски мислител и еден од најеминентните светски филозофи. Роден е во 1926 година.

1991.- Ден на државноста на Република Словенија.

1992.- Литванија ја призна Република Македонија.

1996.- Република Македонија и Катар воспоставија дипломатски односи.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 12:07

- Светски ден на борба против дрогата.

1541. - Во судирот меѓу шпанските освојувачи за власт на новоткриените територии, е убиен нивниот водач Франциско Писаро. Тој во 1532 година, со само 200 војници, со измама, ја зазеде престолнината на Инките, Кахамарка, и го зароби царот Атахуалпа, по што Перу стана шпанска колонија, а во 1535 година ја основа Лима, подоцна престолниа на Перу.

1810.- Имре Жозеф Моголфие, француски пронаоѓач. Со својот брат Етјен го конструира првиот аеростат-воздушен балон наполнет со топол воздух. Роден е во 1740 година.

1824.- Роден е Вилијам Томсон Келвин, англиски физичар. Работеше на воведувањето на апсолутен систем на единици и мерења, учествуваше во полагањето на трансатланскиот телефонски кабел и изработи температурна скала. Умре во Белфаст, на 17.12.1907 година.

1843. - Хонг Конг е прогласен за британска кралска колонија.

1861.- Во Прага умре Павел Јозеф Шафарик, словачки филолог и историчар, еден од најистакнатите чешки и словачки народни преродбеници. Неговото дело е од големо значење за словенските народи. Меѓу другото, ги објави и Житијата на Кирил и Методиј. Родене во Кабеларево, на 13.5. 1795 година.

1892.- Родена е Перл Бак, американска писателка. Светска слава стекна со своите романи за животот на кинескиот народ. Најпознати нејзини дела се "Добра земја", "Мајка", "Исток-запад", "Синови", "Разурнат дом" и други. Добитник е на Пулицеровата награда во 1931 година и на Нобеловата награда за литература во 1938 година. Умре во Данби, на 6.03.1973 година.

1906. - Во францускиот град Ле Ман е одржана првата автомобилска Гранд при трка

1945.- Во Сан Франциско, во САД, претставници на 50 земји потпишаа Повелба за основање Организација на обединетите нации (ООН). Повелбата стапи во сила на 24.10.1945 година (овој ден се прославува како Ден на Обединетите нации).

1992.- Во Скопје, е формирана Македонската фармацевстка комора, со цел да ја организира и унапредува фармацијата како неделив елемент на здравството.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2007 во 10:22

1574.- Во Фиренца умре Џорџо Вазари, италијански сликар, архитект и писател, еден од основачите на историјата на уметноста. Неговите биографии на италијанските уметници меѓу 13-тиот и 16-тиот век претставуваат главен извор за проучување на италијанската уметност во тоа време. Роден е во Аредо, на 30.07.1511 година.

1858.- Со мирот во Тенцин заврши Кинеско-англиската војна. Кина беше принудена на англиските бродови да им отвори свои пристаништа и да ја легализира трговијата со опиум.

1905. - Побунети руски морнари, на отворено море, ја зазедоа крстарицата "Потемкин" од саставот на црноморската флота и потоа со црвено знаме впловија во пристаништето Одеса. Бунтот на "Потемкин" е прв масовен израз на незадоволство во руската царска армија со кој се најавија бурните револуционарни случувања во Русија.

1916.- Во Берлин, под обвинение дека ги организирал демонстрациите во Берлин, пред суд е изведен Карл Либнехт, еден од основачите на Комунисттичката партија на Германија. Беше осуден на четири години затвор од кој што никогаш не излезе. Овој водач на германскиот пролетеријат беше ѕверски убиен на 15.1.1919 година.

1941.- Македонскиот револуционер Иван Козарев-Балкан ја поведе првата партизанска група во Пиринска Македонија и влезе во борба против бугарската полиција во своето родно село Добриништа, Разлошко. Козарев е роден на 15.01.1901 година. Учесник е во Септемвриското востание од 1923 година против режимот на Цанков и еден од најистакнатите работници на ВМРО (об.) Поради неговото дејствување против режимот често беше затворан. Во тејкот на војната тој претставуваше олицетворение на храброст, бестрашност и верност кон идеалите на македонскиот народ.

1941.- Унгарија и Финска му објавија војна на Советскиот сојуз.

1954. - Првата нуклеарна електрана во светот е отворена во Обнинск, крај Москве.

1966.- Во Тананарива, главен град на Малгашката Република, е основана Заедничка африканска и малгашка организација (ОЦАМ). Организацијата е основана од 14 африкански држави.

1977.- Официјално престана да постои прекуокеанската територија Афар и Иса која стана независна Република Џибути (држава во североисточна Африка).

1978.- Од советскиот косомдром "Бајконур" е лансиран вселенскиот број "Сојуз-30" со меѓународен екипаж, што го сочинуваа 37-годишниот полски мајор Миропслав Гермашевски и 35-годдишниот советски полковник Петар Климук. Гермашевски е првиот Полјак кој летна кон вселената. По осумдневен престој во вселената, на кој двајцата космонаути на орбиталната станица " Саљут-6" се состанаа со екипажот на "Сојуз- 29" Владимир Ковалјанко и Александар Иванченков, "Сојуз -30" се спушти на земјата.

1995.- Република Македонија и Монголската народна Република воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2007 во 11:02

1577.- Во Зиген е роден Петар Паул Рубенс, фламански сликар, еден од најголемите мајстори на барокниот стил. Соединувајќи ги најдобрите традиции на северњачкото и на италијанското сликарство, тој создаде слики полни со драматика, еротика, раскош на костимите и сјај на боите. Умре во Антверпен, на 30.05.1640 година.

1712.- Во Женева е роден Жан Жак Русо, француски писател и филозоф - просветител. Негови познати дела се "Расправа за науката и уметноста", "Емил", "Општествен договор" и други. Умре во Ерменонвил, на 2.07.1778 година.

1867.- Во Аргиент е роден Луиџи Пирандело, италијански писател. Меѓу најзначајните негови дела се драмите "Шест лица го бараат писателот", "Хенри 4", романот "Покојникот Матија Паскал" и други. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1934 година. Умре во Рим, на 10.12.1936 година.

1895.- Под раководство на македонскиот социјалист Васил Главинов почна да излегува весникот на македонските социјалисти „Револуција“. Весникот излегуваше еднаш неделно на Македонски јазик и наиде на голем реакција кај големобугарските кругови, кои го оценија како сепаратистички.

1914.- Во Сараево е извршен атентат врз австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд. Атентатот го изврши Гаврило Принцип, еден од основачите на организацијата „Млада Босна“. Овој атентат го искористија австро-унгарските империјалисти за да ја нападнат Србија. По неприфатениот ултиматум на Австро-Унгарија,таа на 28.7.1914 година и објави војна на Србија со што почна Првата светска војна.

1919.- Во Версај, кај Париз, е потпишан договор за мир меѓу преставниците на германската Влада и претставници на земјите победнички во Првата светска војна.

1921.- Во Софија, од заведен атентатор на врховистите-платеници на бугарскиот двор, е убиен Ѓорче Петров, една од личностите која целиот свој живот го посвети на борбата за слобода на македонскиот народ. Тој е еден од најверните идејни соработници на Гоце Делчев и истакнат заштитник на целите и на принципите на Внатрешната македонска револуционерна организација. Иако беше противник за кревање на востание на македонскиот народ, тој зеде активно учество во Илинденското востание од 1903 година. Роден е во варош, Прилепско, на 2.4. 1865 година.

1970. - Силите на САД почнаа да се повлекуваат од Камбоџа

1993.- Во Лондон, Република Македонија го потпиша Уставот на УНЕСКО, со што формално стана членка на оваа асоцијација на ООН.

1995.- Република Македонија и Република Азербејџан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.

2001.- Умре Оливер Китановски ( на 21 год.) од Башино село, Велешко, припадник на МВР на РМ. Тој умре од здобиени тешки рани во борбите на 23.6.2001 година против албанските теросристи меѓу селата Брњарви и Арачиново.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2007 во 11:11

1586.- Во Дерендинген, Германија, умре Примож Трубар, словенечки протестантски реформатор и писател, „татко на словенечката книга“. Во 1551 година издаде прва печатена книга на словенечки јазик. Роден е во рашица, на 8.6. 1508 година.

1798.- Во Реинати е роден Џакомо Леопарди, еден од најголемите италијански поети. Неговата поезија е израз на неговиот песимистички став кон човековото битисување. Во стих и во проза, тој создаде силен и помодерен јазичен израз. Главни негови дела се "Песни" и "Дијалози и есеи". Умре во Неапол, на 14.06.1837 година.

1877.- Во селото Стричиќи, кај Бања Лука, е роден Петар Кочиќ, еден од најистакнатите писатели на српскиот реализам. Пишуваше песни, проза и сатира. Расказите му се одликуваат со силно чуваство за животот на подјармениот босански селанец. Во сатирата остро го критикува состојбите во босанското село под австриска окупација. Меѓу неговите дела најпознати се „Јазовец пред суд“ , „Суданија“ и други. Умре во белград, на 27.8. 1916 година.

1917.- Кралството Грција ги раскина односите со Централните сили и застана на страната на Антантата. На таа одлука и претходеше истоварувањето на сојузничките трупи, што го забрза падот во прогерманската влада во Атина.

1939.- Извршен е првиот комерцијален лет преку Атлантикот. Авионот "Диск Клипер" долета од САД на аеродромот во Лисабон, Потугалија.

1943.- Американските единици во Втората светска војна се истоварија на Нова Гвинеја, остров во Пацификот, втор по големина во светот.

1945.- Кај Радовиш, во сообраќајна несреќа загина Чеде Филиповски-Даме, народен херој на Македонија. Роден е во селото Никифорово, гостиварско, на 16.11.1923 година.

1990.- Од Ленинград во Скопје донесени се моштите на Димитрија Чуповски (македонски политичар, патриот, просветител, историчар, картограф, новинар...) и се положени во црквата "Свети Спас".

2000.- Република Македонија воспостави дипломатски односи со Република Гвинеја-Бисао и со Федералната Исламска Република Коморски Острови.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2007 во 11:15

1859. - На ортома растегната над Нијагарините водопади Чарлс Блондин, пред 25.000 гледачи, мина од САД во Канада

1908.- Во источен Сибир падна метеор , предизвикувајќи џиновска експлозија и земјотрес што се почувствува и во централна Европа

1913.- Со нападот на бугарските сили на позициите на српската и на грчката војска во Македонија почна Втората балканска војна, што заврши со мирот заклучен во Бук*решт, на 10.08.1913 година.

1934.- Германскиот нацистички водач Адолф Хитлер ја започна пресметката со политичарите и со воените личности од сопствената Национал-социјалистичка партија. Притоа се убиени стотина негови приврзаници и други активисти, меѓу кои и Ернст Рем, еден од највлијателните личности.

1941.- Непосредно по капитулацијата на Полска (1939 г.), Германците изградија логор за масовно уништување, познат како "Аушвиц", според градот Освенцим, западно од Краков.

1949.- Во Скопје е изведена првата балетска премиера „Валпургиска ноќ“ од францускиот композитор Шарл Гуно, а во кореографија на Ѓорѓи Македонски.

1960.- Белгија ја призна независноста на својата дотогашна африканска колонија - Конго.

1972.- Укината е смртната казна во САД.

1973.- Сенка на Месечината го прекри целиот африкански континент. Тоа беше најдолгото замрачување на Месечината во поновата историја.

1974. - Алберта Кинг, мајка на убиениот американски свештеник, црнечки лидер и нобеловец Мартин Лутер Кинг , е убиена во текот на молитва во црква, шест години по атентатот на нејзиниот син.

1974. - Рускиот балетски играч Михаил Николајевич Баришников емигрира од СССР во теком на турнејата низ Канада на ансамблот на балетот на "Бољшој театарот".

1993.- Битолскиот универзитет го доби името на еден од најистакнатите личности на словенската писменост "Свети Климент Охридски"

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2007 во 17:31

- Меѓународен ден на архитектурата и Ден на архитектите на Република Македонија

1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас Мор е осуден на смрт поради велепредавство откако одби да положи заклетва за верност на кралот Хенри Осми.

1804.- Во Париз е родена Жорж Санд (вистинското име и е Орора Дипен), француска писателка, чии собрани дела опфаќаат сто томови. Таа беше борец за еманципација на жените и голем критичар на хипокризијата во тогашното општество. Пишуваше сентиментални, социјални романи и раскази за селото. Умре на 8.6. 1876 година.

1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската Влада донесе "Северноамерикански закон" со кој е воспоставена канадска држава под називот "Доминион". Поради опасност од многу посилните САД, Канаѓаните наместо на југ, од тој момент тргнаа во освојувањето на големите пространства на запад по течението на реката Сент Лоренс, преку големите езера, прерии и капести планини. Создадена е голема држава од 10 милиони квадратни километри со 50 милиони жители. - Национален празник на Канада.

1871.- Рим стана престолнина на Обединета Италија.

1960.- Формирана е обединета и независна Република Сомалија.-Национален празник на Демократска Република Сомалија.

1962.- Руанда и Бурунди прогласија независност. - Национален празник на Република Бурунди.

1984.- Умре Лилиан Хелман, американска писателка. Позната е по напредните и слободоумни идеи. Напиша голем број драмски дела, од кои најпознати се „Малите лисици“, „Деновите што ќе дојдат“, „ Стража на рајна“ и други. Родена е во 1905 година.

1993.- Малезија ја призна Република Македонија.

1993.- Македонските железници станаа рамноправна членка на Меѓународната унија на железниците (УИЦ).

1994.- По 27 години прогонство, палестинскиот лидер Јасер Арафат го направи своето историско враќање во Газа.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,703 секунди.