IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ВЕРСКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЕРСКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 86>
Автор
Порака
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2007 во 16:26

a6_pope

Папата Мајкл Први, избраниот Папа од Канзас од 1990

Дејвид Ален Бовен(роден 1959) е американски граѓанин кој бил избран како „Папа Мајкл Први“ од група од шест конклависти, односно пост-садеванкатски католици. Тие се расправале околу тоа дека ако советот на кардиналите не може да избере достоен папа, тогаш обичните католици треба да го сторат тоа, според принципот „епикеиа“ – односно еднаквост. Раководејќи се според оваа основа, Дејвид Бовен бил избран за папа од шест луѓе во 1990 година(вклучувајќи го него и неговите родители). Денес тој е активен папа во Канзас и на своето работно место.

Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2007 во 14:01

На 21. 06. 2007 година, во просториите на Македонската архиепископија во Скопје се одржа седница на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква.

Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, портпарол на Синодот на МПЦ, изјави дека на заседанието беше донесена одлука Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил оваа година да добие највисоко црковно признание, орденот на Свети Климент Охридски од прв ред. Овој орден за првпат беше воведен пред пет години при осветувањето на црквата на Плаошник во Охрид.

На синодската седница, македонските владици го составија и списокот на годинешните добитници на највисокото црковно одликување - Светиклиментовиот орден, кое по повод 40 години од автокефалноста на МПЦ ќе го добијат десетмина јавни личности, академици и бизнисмени.
М
акедонската Православна Црква за 40-годишнината од автокефалноста подготвува и неколку капитални црковни изданија кои ќе бидат промовирани.

 

Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2007 во 16:39
Веронаука и грешни попови

Со воведување веронаука во школите, политичарите сакаат да ја рафинираат измамата и експлоатацијата на својот народ со манипулација на децата. Ќе го едуцираат младото поколение да не чини зло на никому, да ја дели судбината со ближниот, да не краде, да не лаже... Слепи ли се тие деца па не гледаат каква ли музика со униформиран возач го носи секое утро синот на еден “матен” бизнисмен во школо и како му се сите петки наредени уште при уписот, или филмовите што ги донесе една бизнисменска ќерка од летување на Карибите. И таа не знае ништо по француски и општествено но е одлична и примерна, иако скоро секој понеделник ја нема на првите часови оти со родителите, за време на викендите, патуваат наоколу. Татко и има текстилна работилница, им плаќа по сто евра на згрбавените работнички им вели да молчат кога ќе дојде инспекција оти ќе останат на улица.
На што ви личат децата кога се помирени со сознанието оти сите синови и ќерки на малите, средните и големите газди мораат да бидат одлични, оти во понатамошното нивно школување треба да се запишат каде сакаат. Но приказната не завршува тука, помирени се и глумците во претставата “образование” македонско. Така ги нареков учителите, педагозите, директорите и ги молам да не ми се лутат оти тие, ако се чесни како што им налага кодексот образовен, а сега пак и новиот предмет, уште повеќе ќе признаат дека се партиски војници како и другите вработени во државата што сите човекови вредности ги ставиле во служба на партијата на власт и не можат да бидат правични и објективни. Со тоа стануваат грешни, оти не може детето на претседателот на месниот комитет да добие слаба оценка, како што не може и внуката на заменик министерот да биде казнета оти пуши и пцуе, а има само четиринаесет години. Но на семинарот во Охрид едногласно ја поздравија одлуката за воведување веронаука.
Ќе ја завршиме приказната со поповите. Тие ќе го паркираат најновиот тип “мерцедес” пред училиштето, ќе ја променат скапоцената капа, ќе се прекрстат пред влезот и ќе отворат уста за десетте божји заповеди. Но веќе на третата или четвртата ќе им заѕвони мобилниот, дали за бизнис или за ургенции, сеедно.
Од сето ова може да се заклучи дека во прашање е гол политички маркетинг, популистички опортунизам што нема врска со животот што го карактеризира денешницата, со секуларноста на државата одредена и со Уставот. Нека се збунуваат младите невини суштества. Дали Дева Марија зачнала или не, Дарвин или Светото писмо, дали лесно верување или опстојно учење. Дали толерирање на лошотиите опишани во текстот или борба за нивно искоренување.

Петар Шаламанов


Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2007 во 16:40
има ли уште некој слеп, освен оние на платениот список на мпц? Wink
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2007 во 17:26

Кој е он-лајн нека пушти вести на канал 5.

Некои полотичари и универзитетски професори ја обивинија државата за не секуларна држава, затоа што е наклонета кон МПЦ давајќи и ордени и посебни привилегии, а со тоа кршејќи го верскиот рамноправен закон и законот за секуларност на државата.


Изменето од EvAngelos - 25.Јуни.2007 во 17:26
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 10:50

МАКЕДОНЦИте ВО АВСТРАЛИЈА РЕВОЛТИРАНИ ОД МИТРОПОЛИТОТ

Владиката Петар обвинет за духовен терор

Митрополитот деспотски, со диктатура управува со црковните општини и имоти, се жалат Македонците во Австралија

Владиката Петар со години врши духовен тероризам врз нас и тој веќе ја доживеа својата кулминација, обвинуваат припадници на македонската заедница во Австралија. Тие се револтирани што Синодот на МПЦ досега не го отворил прашањето за проблемите во Австралиско-новозеландската епархија, ниту покажал волја да ги реши. Македонците реагираат на волунтаризмот на владиката, кој со своето однесување се' повеќе ги дистанцира иселениците од МПЦ. 
- Последната жртва на владиката Петар е Дончо Јазевски, претседател на „Св. Недела“, кој со своите сонародници издигна духовен храм, а за возврат митрополитот го казни со одземање на Светата причест и го отстрани од функцијата без да се одржи собрание - вели Ицо Најдовски, уредник на македонската радиопрограма „ЗЗЗ“

Според него, повеќе од триста илјади Македонци се загрижени за постојните проблеми во Македонската австралиска православна епархија. Вели дека ни најстарите македонски жители на Австралија не паметат вакви делби во македонската заедница предизвикани од духовно лице, кое треба да ја претставува МПЦ и да ги обединува, а не разединува луѓето.

Јазевски е само еден од многуте примери на недуховно однесување на митрополитит.

- Во еден документарен филм го искажав моето незадоволство од владиката Петар, свештенството, епархијата и нејзините органи и тела. Документарецот беше прикажан во Македонија и веднаш потоа била донесена одлука без Црковен суд, без Суд на честа, без какви било информации доставени до мене, дека по наредба на владиката не смеам да земам причест - објаснува Јазевски. Тој бара прошка што со години грешел, давајќи му поддршка на митрополитот Петар, а преку него и на МПЦ.

Според нашите соговорници од црковните општини во Мелбурн, Сиднеј, Канбера... проблемите во македонската заедница почнале во 1996 година, со доаѓањето на владиката Петар, како надлежен за таа епархија.

- Откако ја презеде епархијата, тој постепено почна да се ослободува и да ги брка од црковните општини токму луѓето што го донесоа во Австралија. Оттогаш до денес направи неколку промени во статутот и во правилникот на македонските православни црковни општини. Владиката Петар планирано успеа да изгради цврст монопол со некои од свештениците. Сето тоа му даде и огромни ингеренции на деспотски начин и преку својата диктатура да управува со црковните општини и со црковните имоти - вели Најдовски.

Македонците во Австралија го сметаат за контроверзно неговото поставување за митрополит. Лично Петар ги „поучувал“ иселениците како да побараат смена на тогашниот митрополит Тимотеј. Благодарение на неговите блиски соработници од Австралија, кои му дале безрезервна поддршка, тој успеал да го добие владичкиот престол во Австралија. Меѓу нив најверни му биле Ристо Димовски и споменатиот Дончо Јазевски од Голд Кост, Боб Спасеноски од Канбера, Симе Ацевски, Јанко Георгиевски и Миле Панов од Мелбурн, Мирче Аневски и Александар Дупешоски и отец Митко Мачески од Сиднеј, како и Трае Трајановски од Њу Кастел. Во тоа време Петар имал поддршка и од други македонски лидери и активисти. Но, не ги исполнил ветувањата што ги дал пред да биде избран за митрополит, а за да не мора да даде отчет во телата и во органите на епархијата поставувал само свои луѓе, најчесто свои роднини.

Македонската заедница во Австралија денес има околу 37 црковни објекти со имотен капитал од над 60 милиони долари.

- Користејќи ја и злоупотребувајќи ја довербата на верниците, тој успеа да придобие голем дел од македонскиот народен имот во Австралија. Ако се земе предвид дека имотот вреди над 60 милиони долари, не е чудно ако владиката Петар се полакомил по имотите - велат Македонците во Австралија. Тие очекуваат Синодот на МПЦ да го повлече владиката Петар од епархијата, а за проблемите што тој ги предизвикува меѓу Македонците во Австралија ќе го известат премиерот Груевски.

(Р.Д.)

е, секоја му чест на митрополитов ConfusedDead



Изменето од ACELERA - 26.Јуни.2007 во 10:53
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 10:55
а се уште ќе видиш некои форумџии... „не бе, грешка сте“ „ма каков профит“... LOLLOLLOL
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 13:30
темата е верски ВЕСТИ, а не ИСТОРИЈА, па да лепите овде се и сешто од пред 10-100 години... ако имате нешто актуелно... post it!
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 13:31

ДЕБАТА ЗА СЕКУЛАРИЗМОТ И МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО

Младите го бараат Бога надвор од верските заедници

Факултативното верско образование не претставува кршење на Уставот, смета професорката Рената Десковска-Тренеска

Модерната европска либерална држава не може да ги замисли основните човекови права без секуларност. На државата не смее да и' се остави правото да одредува која религија е легитимна, туку мора да создаде услови за рамноправно постоење на сите религии, беше речено на вчерашната втора дебата од циклусот „Дијалози за Македонија“, кои се одржуваат по иницијатива на претседателот Бранко Црвенковски. Втората тема беше насловена „Секуларизмот и македонското општество“.

Отворајќи ја дебатата, претседателот Црвенковски побара од учесниците и конкретни одговори на отворените прашања во пресрет на воведувањето на веронауката во основното образование, донесувањето на законот за верски заедници и оспорувањето на засебноста и на автокефалноста на МПЦ.

Професорката Рената Десковска-Тренеска ги изнесе трите модели на секуларна држава. Првиот, лаичка држава, во која постои стриктна поделба помеѓу државата и религијата, која функционира во Франција. Вториот, либералниот модел, карактеристичен за Англија, по кој државата не интервенира во слободата на изборот на религијата. И третиот, отворена неутралност на државата во однос на религијата, типичен за Германија.

- Ако се запрашаме каде е Македонија, одговорот би бил во комбинација на вториот и третиот модел. Факултативното верско образование не претставува кршење на Уставот, секуларноста на државата и на основните човекови права и слободи - рече Десковска-Тренеска.

Илија Ацевски, професор на Филозофскиот факултет, изнесе податоци од последното истражување и забележа дека во Македонија постои нецрковна религиозност. Тој истакна дека за разлика од 80-тите години на минатиот век, кога религиозноста била присутна кај седум до 10 отсто студенти, во 90-тите тој процент е искачен на 90.

- За Македонија е карактеристично дека студентите, односно младите ја изразуваат религиозноста на свој начин, Бога го бараат надвор од верските заедници и тој се индивидуализира. Секој трет студент е убеден дека некој може да го урочи, е секој петти верува во Нострадамус и оти науката треба да се темели на религијата - рече тој.

(П.Д.)

Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 13:36

ZAREM OD 2006 E STARO .......... MA NE TE PECE ZOSTO OVDE SE PRAVIS VO NEKOE ,,SMIRENIE I LJUBOV,,

SRAM TI E DA PRIZNAES DEKA TVOJATA ERETICKA ,,CRKVA,, GI PODDRZUVA HOMOSEKSUALCITE


Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 13:43
христијанството јасно го осудува хомосексуалството, и тоа во ХРИСТОВАТА (а и нашата) Црква го нема... ајде сега коментирај за вестите...Wink
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 14:43

ЦАРИГРАДСКА ПАТРИЈАРШИЈА

Вишемилионска грчка заједница у Америци предузима бројне кораке како би помогла Цариградској патријаршији, сматрајући да је изузетно угрожена од турских власти. Веома утицајно братство мирјана „Свети Андреј Првозвани“ иницирало је оштро писмо, које су потписала 42 од 50 чланова спољнополитичког одбора америчког Конгреса, у коме се тражи од Турске да одмах измени своју политику према патријаршији и укине све рестрикције према њој. Братство, чији се чланови називају „архонти Васељенског трона“, има око хиљаду чланова, готово искључиво Грка, који својим великим иметком или положајем утичу на америчку политику.
Образлажући захтеве према Турској, предстојник братства, Антоније Лимберакис изнео је да у Турској живи само 2.500 Грка, већином старих. Како власти траже да патријарх и епископи буду рођени у Турској и њени држављани, ускоро кандидата за  епископат неће бити, што угрожава опстанак патријаршије. Није далеко тренутак да у Турској више не буде Грка. Та држава мора да призна да патријарх не води турску инситуцију, како говоре, већ да патријаршија има историјски, васељенски, светски карактер који је признат, како од свих православних, тако и од неправославних Цркава и других религија. Турски став је „екстремно антипатријаршијски“, а САД морају да искажу „одлучност“ и заштите хришћанске установе.
Апели упућени Турској до сада нису доносили резултате. Прошле године протест је упутио амерички Сенат, а ни Европска унија својим интервенцијама није ништа постигла.
Генерални секретар Светског савета цркава (ССЦ), пречасни Самуел Кобија упутио је турској влади писмо у коме тражи заштиту за хришћане, а посебно указује на угрожавање живота патријарха Вартоломеја и јерменског цариградског патријарха Месроба. Кобија  осуђује „грозно убиство“ тројице хришћана недавно у Малатији, истичући да то није усамљен случај.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 14:47
 

Турција потврди дека не го признава вселенскиот статус на Вартоломеј (26.06.2007)

Позицијата на Турција во врска со статусот на Цариградскиот патријарх останува неизменета и верна на ставовите од Лозанскиот мировен договор од 1923 година, изјави турскиот министер за внатрешни работи Абдулах Ѓул. Како одговор на прашањето од атинскиот весник „Катимерини“ за возможноста Турција да го признае „вселенскиот“ статус на Вартоломеј, Ѓул напомна дека според нормите на Лозанскиот договор на Цариградскиот патријарх му е позволено да престојува во Турција само за да се грижи за православните Грци кои живеат во Истанбул.

Тој исто така соопшти за намерите на турското Министерство да ја возобнови дејноста на грчката православна семинарија на островот Халки, затворена пред 1971 година. Пред да биде затворена оваа семинарија била единствената виша образовна институција на Патријаршијата.

„Во согласност со нормите на демократијата, Турција е ориентирана кон овозможување на сите видови права и слободи на сите свои граѓани независно од нивните религиозни и етнички корени“, изјави тој.

извор: Патриархиа.ру

 

 

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2007 во 21:41

ЕУ: Кршењето на верските слободи е неприфатливо

Билјана Ставрова  
29.06.2007

Нова порака од Европа. Кршењето на верските слободи е неприфатливо. Советот на Европа, чија членка е и Македонија, донесе резолуција за почитување на принципот за одвоеност на црквата од државата.

Комитетот на министри на Советот на Европа доби задача да им го обезбеди на сите верски заедници правото на слободна вероисповест во земјите-членки на организацијата. Меѓу нив е и Македонија со закон за верски заедници кој со години чека своја либерализација.

За теолозите, проблемот околу донесувањето на новиот законот е во најголемите верски заедници. МПЦ се штити од црквата на Вранишковски, а ИВЗ од одвоената бектешка заедница.

Затоа не се откажуваат од спорниот член 8, кој недозволува регистрирање на две верски заедници од иста вероисповест.

„Нашата реалност најубаво ние ја знаеме, без оглед што некои од надворешните релевантни фактори можеби добронамерно мислат дека ќе се обезбеди доза на поголема демократија за некоја работа“, изјави Сулејман Реџепи, поглавар на ИВЗ.

„Треба да се почитуваат 99% од припадниците на верските заедници во оваа земја“, рече г.г.Стефан, поглавар на МПЦ.

Аналитичарот Даниел Димевски за А1 објаснува, Македонија како демократско општество мора да ги прифати препораките од Советот на Европа.

Тоа значи сериозна конк*ренција на различните конфесии. Нашиот специфичен случај, признавањето на таканаречената охридска архиепископија, ќе наиде на ограничувања, и тоа поради заштита на автентичното име. Од страна на Вранишковски е направена злоупотреба, името ќе биде предмет на рестрикција, вели Димевски.

Законот за верски заедници за три години претрпе осум верзии. Иако беше најавено во Парламентот да влезе пред пет месеци, тоа не се случи.

Последната декларација од Советот на Европа треба да ги натера македонските владици конечно да сфатат дека новиот закон за регистрација на верските заедници, кој треба да го донесе Собранието на РМ, мора да ја добие својата најлиберална форма.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 86>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.