IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - КРШТЕВАЊЕ НА БЕБИЊА-ДА ИЛИ НЕ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КРШТЕВАЊЕ НА БЕБИЊА-ДА ИЛИ НЕ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3738394041 72>
Автор
Порака
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2007 во 02:26
[QUOTE=sard]
Изворно христијанство може да биде она кое ќе ја докаже својата линија од сега наназад до Бога. Протестантизмот во никој случај не може да биде изворно Христијанство затоа што пресконува повеќе од милениум за да се обиде да докаже дека ја гради „изворната“ вера  од првите векови заборавајќи дека тогаш верата започнала да се гради.

Протестантизмот е протест против „новото“/„нововерството“ во католицизмот и православието и враќање кон Христовото учење, одамна заборавено...

Значи сфаќаш дека не може да биде само јас туку мораш неизбежно да прифатиш и НИЕ заедно се проверуваме.
Значи ли тоа дека се согласуваш твојата вера да ја провериш со верата на некој друг?
Кажи со кого од НИЕ ќе ја провериш верата?

Ти читаш, или папагалски само повторуваш? СО КОИ ТОА НИЕ ја провери Савле својата вера? Кој тоа „духовен отец“ му одржа лекција што смее да збори, што смее да прави, колку пари да наплаќа итн? Зар не беше тоа ДУХОТ БОЖЈИ кој го просветли да ги разбере Св. Списи и учењето на Христос? Епа исто е и денес. Духот Божји ни зборува преку Зборот Божји, отелотворен во Христос а овековечен во Св. Писмо.

Кој ти рече дека во Православието плодовите на Духот се само за духовната елита? Од каде такво мислење? Православните Цркви одржуваат Собори на кои верниците добиваат можност да влијаат на целата Црква токму затоа што се верува дека и тие имаат од плодовите на Светиот Дух. Дали ти на целата протестантска деноминација можеш така да влијаеш. Дали знаеш во Византија како биле расчистувани сите прашања од верата.

Пак со Византија... LOLLOLLOL Да, знам како во Византија (правослвната утопија) биле расчистувани прашањата за верата. Царот бирал кои епископи и чија теологија му правела мерак, и ги прогласувал за правоверни, а другите ги прогонувал до истребување... Да се потсетиме така беше и со Паламизмот, заради што многу учени источни дејци (противници на Палама) побегнаа и прифатија католицизам, сеејќи го семето за Ренесансата и Реформацијата.

Можеш да се самоорганизираш врз основа на она што го знаеш но кога ќе дојде оној кој е овластен од Бога ќе му се потчиниш. Така и тие се потчиниле и влегле во Црквата која се ширела од исток.

Овластен од БОГА? Со тапија да не е овластен случајно? LOLLOLLOL Па сите ние, што го примивме Духот ни даде право да се наречеме СИНОВИ НЕГОВИ, ти текнува? И после се буниш кога реков дека православието заговара духовен елитизам.


Зошто цело време измислуваш? Еве кажи која догма клирот ја сменил по своја потреба?

Крштевањето на децата, култот на Марија, иконопоклонството, материјализмот, сотериологијата, еклесиологијата, духовниот елитизам, хагиографијата, етнофилетизмот, реликвизмот... Треба уште?

Па цело време ти велам дека учиме и ја градиме верата, но не наново од почеток како протестантизмот, туку врз удрените основи на Основачот на Црквата па од Истиот преку апостолите, нивните ученици, па нивните ученици доградувана. Нашата соборност ни ја носи вистината. И Светителите се подложни на проверка низ критериумите на соборноста.

Ја градите верата, како кривата кула во Пиза... Темелите веќе не се таму, каде што се спратовите. Зар не стои во Св. Писмо (1 Кор 3) предупредувањето дека секој треба да внимава како и гради и дека ДРУГ ТЕМЕЛ освен оној поставен од Христос НЕМА! Какво ми е тоа теоретизирање што го правите, што ВРСКА НЕМА со темелот? Затоа велам, со текот на вековите ја обезличивте верата Христова до НЕПРЕПОЗНАВАЊЕ!

Твојот начин на пишување ме тера да ти поставувам прашања затоа што комуницираш со капциозни тврдења. Како нешто да сторил некој што не го сторил  и што не се случило. Така и сега пак ќе морам да прашам: „Кога и каде јас се карав, реков ли нешто или осети ли такво нешто дека се карам?“

Па на пример во твојот безобразен коментар на темата Кој го создал Бог! Embarrassed
Но во широкоградоста на Христа, наоѓал сила да го протолкувам тоа како недоразбирање.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2007 во 02:37
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Вистинската изворна христијанска вера не се докажува со отисоците на апостоловите прсти на нашите глави, туку со доследноста на нашето учење споредено со изворното библиско учење проповедано од Христос и Апостолите запишани во Светото Писмо - нашиот единствен извор на доктрините и праксите на верата.

Изворната христијанска вера се докажува и со библиското учење, но уште повеќе и со пребивањето во Христовиот дух. Затоа што илјадници многу малку теоретски знаеле за верата, но живееле во христијанскиот дух и погинале со вера во Господ Христос. Знаеш некогаш немале форуми, интернет, телевизија и Библии. Поседувањето на Библија претставувало право богатство. Но во себе го чувствувале Духот на верата кој ги учел како да се однесуваат. Ние ќе бидеме мерени според духовното, а не според интелектуалното.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2007 во 03:19
Цитирај
Протестантизмот е протест против „новото“/„нововерството“ во католицизмот и православието и враќање кон Христовото учење, одамна заборавено...

Бидејќи одамна заборавено тоа значи Господ откако го донел спасението по неколку векови го оставил човекот без вера илјада и триста и повеќе години па после се јавија такви великани како Лутер и Калвин кои не научија и ни ја открија повторно верата. Знаеш, Лутер излегува поголем не само од Св. Антониј кој правел и поголеми чуда од Господ Христос, како што Господ и ветил, не само поголем и од Св. Василиј Велики, Св. Кирил, Св. Јован Златоуст, Св. Григорији неброени подвижници туку поголем и од Ап. Павле. Бидејќи семето посеано преку Ап. Павле одвај истера некој век, а семето посеано од Лутер тера веќе пола милениум. И така Лутер стана втор човек во историјата на човештовото, море дури и рамен на Господ Христос. Трајно ја обновил Црквата која знаеш после Господ Христос траеше едвај некој век.

Цитирај Ти читаш, или папагалски само повторуваш? СО КОИ ТОА НИЕ ја провери Савле својата вера? Кој тоа „духовен отец“ му одржа лекција што смее да збори, што смее да прави, колку пари да наплаќа итн? Зар не беше тоа ДУХОТ БОЖЈИ кој го просветли да ги разбере Св. Списи и учењето на Христос? Епа исто е и денес. Духот Божји ни зборува преку Зборот Божји, отелотворен во Христос а овековечен во Св. Писмо.

Јас тебе те прашав со кого тоа од НИЕ ТИ ја проверуваш исправноста на твојата вера?

Цитирај Пак со Византија... LOLLOLLOL Да, знам како во Византија (правослвната утопија) биле расчистувани прашањата за верата. Царот бирал кои епископи и чија теологија му правела мерак, и ги прогласувал за правоверни, а другите ги прогонувал до истребување... Да се потсетиме така беше и со Паламизмот, заради што многу учени источни дејци (противници на Палама) побегнаа и прифатија католицизам, сеејќи го семето за Ренесансата и Реформацијата.

Чија што денешна последица ја гледаме тотална западна духовна руинираност. Отвори само било кој интернет портал во мк види ги информации од запад и резултатите на оние кои го посеаа семето на безбожната Ренесанса, безбожната Реформација и безбожниот Рационализам.

Цитирај Овластен од БОГА? Со тапија да не е овластен случајно? LOLLOLLOL Па сите ние, што го примивме Духот ни даде право да се наречеме СИНОВИ НЕГОВИ, ти текнува? И после се буниш кога реков дека православието заговара духовен елитизам.

Тие без овластувањето се оние за кои Господ рекол:

Мнозина ќе ми речат во оној ден: ,Господи, Господи, не во Твое ли име пророкувавме? И зар во Твое име бесови не изгонувавме? И не во Твое ли име многу чуда правевме?'

И тогаш Јас ќе им кажам ,Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски дела!



Цитирај Зошто цело време измислуваш? Еве кажи која догма клирот ја сменил по своја потреба?
Крштевањето на децата, култот на Марија, иконопоклонството, материјализмот, сотериологијата, еклесиологијата, духовниот елитизам, хагиографијата, етнофилетизмот, реликвизмот... Треба уште?

Догми се првите три другите не се догми туку појави со кои Црквата како Црква на Бога чиј непријател е демонот се бори. Би било чудно ако би живеела идеално, дури тогаш ќе се прашував дали живеам во вистинската Христова Црква.
А од трите догми не гледам ниедна нова догма, се е тоа старо повеќе од 1500 години. Исто така не гледам некоја посебна корист и причина да биде за „потреба на клирот“.


Цитирај Ја градите верата, како кривата кула во Пиза... Темелите веќе не се таму, каде што се спратовите. Зар не стои во Св. Писмо (1 Кор 3) предупредувањето дека секој треба да внимава како и гради и дека ДРУГ ТЕМЕЛ освен оној поставен од Христос НЕМА! Какво ми е тоа теоретизирање што го правите, што ВРСКА НЕМА со темелот? Затоа велам, со текот на вековите ја обезличивте верата Христова до НЕПРЕПОЗНАВАЊЕ!

Тоа е твој заклучок, ама не гледам аргумент да го поддржи заклучокот.


Цитирај Па на пример во твојот безобразен коментар на темата Кој го создал Бог! Embarrassed
Но во широкоградоста на Христа, наоѓал сила да го протолкувам тоа како недоразбирање.

Јас би требало за тебе да сум еретик и ако го читаш посланието на  Апостолот на љубовта (замисли Господ сакал тоа да го каже токму Апостолот на љубовта), не треба да имаш „разбирање“ за мене како еретик. Така не чуди се што тебе, Евангелост, Ацелера и другите ве сметам за еретици и не сакам да ви ги прифатам пофалбите и слични подметнувања кои би ја ублажиле критиката кон еретизмот.


Изменето од sard - 23.Јуни.2007 во 04:03
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2007 во 03:19
Originally posted by sard sard напиша:


Добро де признавам, дупка сум по математика.


Clap Ми се допаѓа што призна, иако беше доста упорен.

Originally posted by sard sard напиша:


Ама ни ти не си некој/а математичар/ка.


Каде згрешив јас? Ајде пастирај ми што математички погрешив јас?
Можеби не сум Ојлер, ама до толку не сум. Доволно знам математика за да не тврдам дека некое бебе може да верува во срцето иако не верува со разумо.
Тоа е само изговор на православните кога се притиснати со еден од условите за крштевањето - верата, и знаејќи дека бебето не може да поверува во Исус за да го исполнува овој предуслов за крштевање, тие се принудени да тврдат дека и бебето иако несвесно, тоа сепак "потсвесно" верува во Христос Smile


Originally posted by sard sard напиша:


Изворната христијанска вера се докажува и со библиското учење, но уште повеќе и со пребивањето во Христовиот дух.


Абе први сте за филозофирање, ама тенки на библиски аргументи.
Тука на форумов никој не може да постира епрувета со количината на Христовиот Дух што го поседува во себе за да докаже дека неговата вера е изворно христијанска.
Затоа, тука на форумов, ние изворната христијанска вера ја докажуваме со библиското учење.
Логично е ако тврдиш дека твојата вера е изворно христијанска таа да биде втемелена на изворната книга на христијаните - Библијата.
А ако не е, исто така логично е да се повикуваш на други книги, други извори и филозофирања.



Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2007 во 03:39
Цитирај Каде згрешив јас? Ајде пастирај ми што математички погрешив јас?
Можеби не сум Ојлер, ама до толку не сум. Доволно знам математика за да не тврдам дека некое бебе може да верува во срцето иако не верува со разумо.

Не можеш да добиеш точен резултат кога во равенката стави само две ставки p и q кога беа повеќе.
вера, срце, ум

В=вера
У=ум
С=срце
Вс=вера со срце
Ву=вера со ум

Цитирај Тоа е само изговор на православните кога се притиснати со еден од условите за крштевањето - верата, и знаејќи дека бебето не може да поверува во Исус за да го исполнува овој предуслов за крштевање, тие се принудени да тврдат дека и бебето иако несвесно, тоа сепак "потсвесно" верува во Христос
Smile
Како Даниловите лавови го препознаа Бога иако сигурно рационално не знаеја да веруваа. Како тоа за Ап. Павле и тварта го исчекува Бога.

„А и тварите со нетрпение го очекуваат прославувањето на синовите Божји“

Цитирај Абе први сте за филозофирање, ама тенки на библиски аргументи.
Тука на форумов никој не може да постира епрувета со количината на Христовиот Дух што го поседува во себе за да докаже дека неговата вера е изворно христијанска.
Затоа, тука на форумов, ние изворната христијанска вера ја докажуваме со библиското учење.

Да, овде на форумов, но пред Бога ќе биде мерена духовноста и состојбата на душата, а не интелектот и знаењето.

Цитирај Логично е ако тврдиш дека твојата вера е изворно христијанска таа да биде втемелена на изворната книга на христијаните - Библијата.

Библијата пак вели „Буквата убива, духот оживува“. Значи таа служи за да упати кон Духот до Кој може да се дојде со повеќе или помалку библиски знаења. Што значи оној кој е со помалку знаења библиски, но кој дошол до Духот е на повисоко ниво од оној кој е со многу библиски знаења но кои не му помогнале да влезе во Духот на Верата.


Изменето од sard - 23.Јуни.2007 во 03:45
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2007 во 05:01
Originally posted by sard sard напиша:


Не можеш да добиеш точен резултат кога во равенката стави само две ставки p и q кога беа повеќе.
вера, срце, ум

В=вера
У=ум
С=срце
Вс=вера со срце
Ву=вера со ум


Не беа повеќе. "p" и "q" претставуваат искази (вистини или невистини), а не поими како љубов, ум и срце.
Последните 2 ти се (точно) искази Clap Ама колку се? 2? Smile (Нивните негации не се нови искази!)

Значи, влечка рече, а и ти потврди, дека ако човек може да верува со ум (ако By), а да не верува со срце (не Bc), тогаш демек следувало дека човек може да верува со срце (Bc), а да не верува со ум (не By) LOL
А јас пак многу едноставно ти докажав дека во логичката импликација исказите не можат да си ги променат местата.
L => T e Вистина, но T => L е ЛАГА! Big%20smile


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Тоа е само изговор на православните кога се притиснати со еден од условите за крштевањето - верата, и знаејќи дека бебето не може да поверува во Исус за да го исполнува овој предуслов за крштевање, тие се принудени да тврдат дека и бебето иако несвесно, тоа сепак "потсвесно" верува во Христос
Smile


Originally posted by sard sard напиша:


Како Даниловите лавови го препознаа Бога иако сигурно рационално не знаеја да веруваа. Како тоа за Ап. Павле и тварта го исчекува Бога.

„А и тварите со нетрпение го очекуваат прославувањето на синовите Божји“


Сакаш да кажеш дека треба да ги крштеваме и лавовите иако рационално не веруваат? LOL
Сакаш да кажеш дека треба да ја крштеваме и тварта (превод: созданијата, вклучувајќи ја и мртвата природа) ? LOL
Зошто мешаш баби и жаби?
Персонификацијата е стилска фигура во Библијата и не се толкува така. Зарем навистина (буквално) мислиш дека камењата сега палците ги стискаат и со воздишки го чекаат прославувањето на синовите Божји? Confused
Си чул ли ти за Метафора? Персонификација? Стилски фигури?
И мене ми е незгодно вака да те резилам на сред форум.
До каде ќе ве однесе ова еретичко толкување на крштевањето? Ако продолжите вака, се плашам дека ќе ве начекаме на К15 како крштевате лавови и камења на реката треска
LOL

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Абе први сте за филозофирање, ама тенки на библиски аргументи.
Тука на форумов никој не може да постира епрувета со количината на Христовиот Дух што го поседува во себе за да докаже дека неговата вера е изворно христијанска.
Затоа, тука на форумов, ние изворната христијанска вера ја докажуваме со библиското учење.


Originally posted by sard sard напиша:


Да, овде на форумов, но пред Бога ќе биде мерена духовноста и состојбата на душата, а не интелектот и знаењето.


Бла бла бла, сега сме на форум и пишуваме на форум. Некој пишува библиски аргументи, а некој се дуе со својата небиблиска духовност.
Бог во Библијата вели дека по нашите зборови ќе бидеме оправдани, а и дека по нашите зборови ќе бидеме осудени. Затоа да пазиме што зборуваме, дали од Неговото Слово, или наши филозофии и лични размислувања.


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Логично е ако тврдиш дека твојата вера е изворно христијанска таа да биде втемелена на изворната книга на христијаните - Библијата.


Originally posted by sard sard напиша:


Библијата пак вели „Буквата убива, духот оживува“. Значи таа служи за да упати кон Духот до Кој може да се дојде со повеќе или помалку библиски знаења. Што значи оној кој е со помалку знаења библиски, но кој дошол до Духот е на повисоко ниво од оној кој е со многу библиски знаења но кои не му помогнале да влезе во Духот на Верата.


Секојпат кога ќе ги притиснете "право"славните со Мечот на Словото, одма ви го цитираат овој стих "Буквата убива, Духот оживува" LOL
Од кога Библиските вистини убиваат? Од кога познавањето на Библијата убива? Зарем Павле не ни вели дека целото Писмо е од Бога вдахновено, полезно за поука, поправање, итн. (2 Тимотеј 3:16) Каде вели тој дека Писмото убива?
И Христос е наречен Словото. Да не сакаш да кажеш дека и Христос убива? Shocked
До каде ќе отидете со вашите толувања еејјјјј?
Ако не знаете што значи тој стих, слободно прашајте, ете ако ви е срам, прашајте и по лична порака, па за тоа сме ние тука библиските христијани, искористете не.

"Буквата" што убива во стихот што го наведе е Буквата на Законот, и таму апостолот вели дека робувањето под Буквата на Законот води кон смрт, а духот - Новиот Завет оживува т.е. води кон живот. Таму апостолот ги советува верниците да не му се враќаат повторно на Законот (кого и онака не можат во совршеност да го исполнат, и затоа Законот ги осудува), туку да преминат во благодатта на Духот на Новиот Завет во Христовата Крв, Завет на милост и ослободување од законот (буквата).

А не да ми велиш мене дека "буквата убива" затоа што велам дека изворно-христијанската вера треба да ја темелиме на изворната книга на христијаните - Библијата. Wink
Поздрав!


Изменето од EvAngelos - 23.Јуни.2007 во 05:04
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2007 во 11:39
Сарде,

Велиш ИЗВОРНАТА ВЕРА, термин што не знам дали имаш појма што значи, сметајќи дека си кривославен, се гледа не само според Библиското учење туку според присуството на Христовиот Дух. Зар не гледаш дека повторно го потврдуваш моето тврдење дека се залетувате по секого што „демек“ го има духот, и си дозволува слободни интерпретации, менувања и дополнувања кон Христовото учење!

Христовиот Дух се препознава преку споредба со Библиското учење. Никако поинаку. Токму заради тоа, Отците (кои на уста ги величате, ама нивната ука не ја послушавте) направија КАНОНИЗАЦИЈА, препознавајќи дека од плеадата на духовна литература, токму Св. Писмо е ОВЛАСТУВАЊЕТО ОД БОГА, дека е официјалната и непогрешлива верзија на Евангелието, и секое друго учење мора постојано да е под лупата на проверка со Божјиот Збор.

Пишуваш пак за Лутер, како да тој паднал од небото. Како да немало СЕКОГАШ верни христијани, кои за жал од твојата самонаречена „црква“ биле прогонувани и истребувани низ вековите. Зборуваш за Лутер, како да не знаеш дека да, голем човек бил, (всушност Лутер е личност за која е најмногу напишано после Христос и Павле), ама Лутер како прво не е сам, и како второ, како и сите ние е ПОДЛОЖЕН НА ПРОВЕРКА! Тоа што вие не можете да го замислите за еден Палама, што ВРСКА НЕМАЛ од херманевтика или егзегеза на Библиските текстови, па конструирал монструозна интерпретација на Трансфигурацијата...

Зборуваш повторно, со препознатлив марксистички стил, за „пропаднатата“ западна духовност, без да погледнеш која БЕДА е на истокот. Не материјална беда, туку духовна. Не гледаш дека овде „духовниците“ се токму предводници на култот на Мамон, дека корупцијата, неправдата, беззаконието и неморалот се секојдневие. Зборуваш за западот со типична комунистичка омраза, од љубомора, бидејќи се знае дека како протестантската работна и верска етика НЕМА ДРУГА! Знаеш, многу добро знаеш, дека таму владее правдата, а не неправдата... А што да кажеме за „продуховениот исток“? Каде се уште властодршците и клирот манипулираат, цензурираат и се богатат на сметка на народот?

Зборуваш со нескриено воодушевување за бајката наречана Византија, а со љубоморен презир кон Ренесансата и Реформацијата... Што толку ти пречи Ренесансата и Реформацијата? Што толку ти пречи Духовниот и Естетскиот препород на Европа?

Аааа, да ми текна. Ти пречи, затоа на таквите како тебе, повеќе им одговара да останевме во мрачните зандани на средниот век, кога можевте со палење и колење да ги замолкнете сведоците на Вистината.

Аргументот „кулата крива во Пиза“ е валиден аргумент, но јасно ми е дека не можеш да тргнеш по објаснување, затоа што слично како и на оваа тема, ќе излезете нокаутирани, бидејќи едноставно нема основи за вашата еклесиологија, сотериологија, итн. да не ги редам, во изворното христијанство. Изградивте „кула“ (религија) која ВРСКА нема со Христос....

Е токму за таквите, драг мој сарде, кои изградија спратови на друг темел, а не врз Христа, Исус вели дека залудно викаат „Господе, Господе“, бидејќи не ги познава, не пребива во нив и нивните безаконски и еретички дела...







Изменето од аџија - 23.Јуни.2007 во 11:44
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2007 во 14:38
Уште нешто сакав да додадам.

ВО православната мисла, постои еден крупен проблем: а тоа како да се објасни фактот што низ историјата, многупати до сега Светците од едно време, биле прогласувани за еретици во друго. Патријарсите во едно време, биле протерувани и прогонувани во друго. Почитуваните Отци во еден век, три веке подоцна доживувале спалување на нивните книги. Историјата недвосмислено потврдува, дека Официјалната Црква час била во ерес, час во правоверие...

И сега, се уште, некој во денешно време, знаејќи го ова, се уште да тврди дека критериумот за испитување на веродостојноста на догмите е „ставот на официјалната Црква“, демек црква со тапија, е ИСТОРИСКА и ЛОГИЧНА небулоза. Ако официјалната црква и во минатото многупати била во ерес, КОЈ Е ТОЈ ШТО СО СИГУРНОСТ, може да ни каже дека по три века нема да се фрлат АНАТЕМИ по Господин на Квадрат Стево?

Значи, мора да постои критериум ВОН ЦРКВАТА, кој што и овозможува на црквата, после три века да се сети дека Ориген бил еретик, на пример. Како го осудиле и зошто? Врз основа на што? Па врз основа на БИблиските списи, врз основа на учењето на Христос. Во кратко: врз основа на Божјиот Збор.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2007 во 15:54
Цитирај Како Даниловите лавови го препознаа Бога иако сигурно рационално не знаеја да веруваа. Како тоа за Ап. Павле и тварта го исчекува Бога.

„А и тварите со нетрпение го очекуваат прославувањето на синовите Божји“

Сакаш да кажеш дека треба да ги крштеваме и лавовите иако рационално не веруваат? LOL
Сакаш да кажеш дека треба да ја крштеваме и тварта (превод: созданијата, вклучувајќи ја и мртвата природа) ?
LOL

Примерот покажува дека има вера без свесно сознание. Крштевањето се прави со свесноста на оној кој е старател на несвесното лице (дете, малоумен и слично). А само човекот се крштева и не и животните иако и тие имаа некакво знаење за Бога бидејќи само тој е создаден по образот Божји додека останатите суштества се спасуваат преку човечкото крштевање. Бидејќи тие суштествата му се доверени на човекот. Тогаш кога ќе заврши човечката искупителна голгота, тогаш и за другите живи суштества завршува престојот на овој свет и тие се враќаат во Божјиот дом. Животните не згрешија па и тие ја имаат падната природа со првородниот грев на Адам и Ева.

мала дигресија
Старец Пајсиј за кого ми кажувале живи сведоци имал дар да комуницира со животните. Некој учен го негирал Бога и старецот викнал некој гуштер и му рекол „Го има ли Бог“. Гуштеров се кренал на задните нозе и почнал да клима со главата. Кога го видол тоа учениот се расплакал.
Имал обичај да ја повика некоја змија што живеела во близина и да и речи „Ајде да се помолиме“ и таа се свртувала на истата страна како и тој и стоела мирно во текот на молитвата.
Човекот што ми раскажуваше за него ми кажа дека при нивната средба му го знаел името уште пред да го каже и му кажал каков чин ќе има во Црквата.


Цитирај Персонификацијата е стилска фигура во Библијата и не се толкува така. Зарем навистина (буквално) мислиш дека камењата сега палците ги стискаат и со воздишки го чекаат прославувањето на синовите Божји?
Confused

„А и тварите со нетрпение го очекуваат прославувањето на синовите Божји“

Мене не ми изгледа дека е персонификација. Во Индонезија имало некое племе кои знаеле да се соберат околу некое дрво и да испуштат некаков крик со што го „убивале“ дрвото и веднаш се осушувало.

Цитирај Бла бла бла, сега сме на форум и пишуваме на форум. Некој пишува библиски аргументи, а некој се дуе со својата небиблиска духовност.

Не е така или е?
Се спасуваме според состојбата на душата или според знаењето за верата?


Цитирај Бог во Библијата вели дека по нашите зборови ќе бидеме оправдани, а и дека по нашите зборови ќе бидеме осудени. Затоа да пазиме што зборуваме, дали од Неговото Слово, или наши филозофии и лични размислувања.

Но не и само за зборови туку и за секоја помисла и двиг во срцето на кој ќе му се отвориме.

„Јас, пак ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое.“

А зборовите се дефинитивната самопресуда која ќе си ја дадеме која произлегува од преполнетото срце.

„Зашто од преполнетото срце прикажува устата“
Инаку излегува дека немите имаат обезбедено спасение.

Цитирај Секојпат кога ќе ги притиснете "право"славните со Мечот на Словото, одма ви го цитираат овој стих "Буквата убива, Духот оживува" LOL
Од кога Библиските вистини убиваат? Од кога познавањето на Библијата убива?
Библиските вистини не убиваат, но библиските толкувања кои не се од Светиот Дух туку од нашиот разум убиваат.


Цитирај Зарем Павле не ни вели дека целото Писмо е од Бога вдахновено

ВДАХНОВЕНО.

полезно за поука, поправање, итн. (2 Тимотеј 3:16) Каде вели тој дека Писмото убива?
Содржи Дух кој треба да се побара. Буквата е само патеводител. Во спротивно ако само од себе со читање ја пренесува вдахновеноста кој повеќе ќе научи напамет тој ќе биде највдахновен.

Цитирај И Христос е наречен Словото. Да не сакаш да кажеш дека и Христос убива?
Shocked
Отецот го создавал светот преку Речта, Христос кој е источната, почетната создавачка „енергија“ на Отецот преку Кого го создавал светот. Во таа смисла Реч, Слово.

Цитирај До каде ќе отидете со вашите толувања еејјјјј?
Ако не знаете што значи тој стих, слободно прашајте, ете ако ви е срам, прашајте и по лична порака, па за тоа сме ние тука библиските христијани, искористете не.

"Буквата" што убива во стихот што го наведе е Буквата на Законот, и таму апостолот вели дека робувањето под Буквата на Законот води кон смрт, а духот - Новиот Завет оживува т.е. води кон живот. Таму апостолот ги советува верниците да не му се враќаат повторно на Законот (кого и онака не можат во совршеност да го исполнат, и затоа Законот ги осудува), туку да преминат во благодатта на Духот на Новиот Завет во Христовата Крв, Завет на милост и ослободување од законот (буквата).

А не да ми велиш мене дека "буквата убива" затоа што велам дека изворно-христијанската вера треба да ја темелиме на изворната книга на христијаните - Библијата. Wink
Поздрав!

Ако спасението доаѓаше од рационалното познавање на Библијата тогаш само ќе читавме, ќе памтевме што сме прочитале и немаше да се молиме. Ако буквата и симболот на Библијата била поважни од духот позади симболите на Библијата зошто молитвата е поважна од обичното зборување, читање, пеење или размислување.

Умот работи со поими. Поимите се само претстави, а не се самите нешта. Првиот проблем на ограниченоста на поимањето не ги кажале ли одамна Отците: „Се што ќе речеме за Него ќе згрешиме. Дури и Господ е љубов е погрешно ако биде сфатено некако. Секоја слика за Него е погрешна. Господ е љубов но не ние како што би го толкувале тој поим независно како и да го толкуваме туку онака како што Тој нам би ни се открил. Се што произлегува од Него е тајна“. И Будизмот и Таоизмот и други верувања истото го сфатиле дека бескорисно ние ќе ги учиме нештата околу нас ако самите тие не ни се кажат. Јас со својот дух го примам предметот на перцепција каков што е, тој ми се кажува мене, но кога со умот го поимам, јас го поимам не него туку мојот поим за него. Создавам идеја за него и верувам во неа, но таа е моја илузија. Некомплетна претстава која никогаш нема да се комплетира. Тоа е лимитот на науката и проблемот на рационализмот. Затоа со поимање не се доаѓа до научување на вистината за предметите, Вселената, уште помалку Господ. Туку со отворање на сопствениот дух кон нив. Комуницирање на дух со Дух. Затоа и ако мојот дух комуницира дури и со некој тотем можам да дојдам до чудесни и невообичаени „достигнувања“, левитации и слично, бидејќи мојот дух комуницира со духот на тотемот-предмет во кој како понизок извира духот од највисокот извор Господ. Во молитвата нашиот дух комуницира со Духот на Бога. Тоа што се случува е непоимливо за умот. Ако молитвеникот формира претстава греши бидејќи почнува да комуницира со претставата. Затоа молитвата е некако празна, (особено за почетник) бидејќи за умот е празна, тој умот може само да ги забележи последичните ефекти на крајот од молитва. А ако стане полна за умот ќе стане погрешна. Тогаш ние ќе се насладуваме на прекрасните претстави на умот но тие се лаги и кочници за поврзување со Бога. Умот смо ќе направи разлика пред и по молитвата и да констатира дека нешто се случило, ама тој тоа го пропуштил. Во мојата пракса, во праксата на другите верници како и во науката (емпириската) умот констатира дека нешто се случило. Симболизмот на умот треба да послужи како патеводител при одењето по патот на Духот, а не да се задржиме на симболите како тие да се целта.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2007 во 16:02
Леле Сарде, какви бајки изнакажа, и Езоп да ти позавиди... LOLLOLLOLLOLLOLLOL
Лавови што се крштеваат, змии што се молат, гуштери што климаат, ти фалеа уште две три самовили и Старец Итар Пејо како догматичар...
 LOLLOL


Изменето од аџија - 23.Јуни.2007 во 16:03
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2007 во 16:35
Па чудно е навистина, лавови да се галат со пророци, мориња да се отвораат, магариња да прозборуваат, змии со лукавства да заведуваат, ѕидови со викање да се рушат... Ама јас сум верник и знам дека е чудно  и треба да биде чудно бидејќи Господ е чудесен и чуден. Сето тоа било не само некогаш ами сеуште се случува во нашата Црква. А ако тебе не ти е верно дојди со нас ќе доживееш и лично такви работи, така ќе престанеш да се смееш.

Изменето од sard - 23.Јуни.2007 во 17:12
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2007 во 17:44
Ехехеј, го направи кривославието „авантурите на Др. Дулитл“...LOLLOLLOL
Ајде да кажеше некоја вистина, па нека е и муабет со мравките, ама БАЈКИ??? Ouch Твоиве бајки немаат никаква врска со Делата Божји, туку со едноставното лековерие со кое и пристапувате на верата, можат да ве убедат дека и црното е бело (што и го прават, во догматска смисла).

Јас повеќе сакам да имам искуства каква што имал Божјиот народ и Неговата Црква отсекогаш, како покајание, вера, понизност, љубезност, доблест, љубов, заедништво на верните, преку слушање на Неговиот збор...Wink

Кога последен пат се проповедал, како што апостолите правеле, Божјиот збор во кривославието? Живо да се проповеда? Не мртвилото на изумрените јазици што вие го нарекувате литургија, туку ЖИВО да се слушне храна за нашите секојдневни животи??? Има ли некој што излегува најаден од кривославна црква? (и овојпат не мислам на гуштерите) Wink


Изменето од аџија - 23.Јуни.2007 во 17:51
Кон врв
Ангелче Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 45
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ангелче Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2007 во 19:18
sard,
Toa sto tebe Bozjiot Zbor ti e slaba strana ne ti dava ama bas nikakvo pravo da ja sudis duhovnosta na drugite.
Toa sto ti ne mozes da najdes ni eden bibliski argument za krstevanjeto na bebinjata ne ti dava za pravo da go omalovazuvas Bozjiot Zbor i onie koi dobro go poznavaat.
Ubavo ti kaza evangelos, nikoj tuka ne moze da ja postira svojata duhovnost i zaludno se dues so svojata duhovnost zatoa sto sekoj moze da kaze deka e duhoven i sto dokazuva toa? kje se butkame na raka koj e poduhoven? od kade pa jas da znam kolku si ti navistina duhoven?

Ne sard, od bukvite koi gi sozdavame tuka so pritiskanje na kopcinjata na tastaturata ne moze da se vidi nasata duhovnost, no moze da se vidi izvorot na nasata duhovnost.
Dokolku tie bukvi socinuvaat bibliski stihovi (adzija, evangelos) togas sledi deka izvorot na taa duhovnost e Biblijata. A dokolku tie bukvi socinuvaat nekakvi bajki za nekoi gushteri sto klimaat so glavata, toa veke kazuva nesto drugo.
Sakam da ti posvetam eden stih. (prv pat vo zivotot go pravam ova nekomu)

Ako ostanete vo mene i ako MOITE ZBOROVI ostanat vo vas, barajte sto i da posakate i kje vi bide. - Jovan 15:7

Narovucenie?
Ako Hristovite Zborovi ne se vo tebe, zaludni se tvoite molitvi, zaludna e tvojata duhovnost. Zatoa nemoj da go omalovazuvas Bozjiot Zbor samo zatoa sto istiot ne e na tvoja strana, zatoa sto toj e vo neposredna vrska so duhovnosta!
I toa sto Adzija i EvAngelos pokazuvaat izrazito biblisko poznavanje ne znaci deka nivnata duhovnost e pomala od tvojata, ne znam od kade donese ti takov zaklucok? Ili pak si vikas aj stom ne mozam da gi pobedam so Bozjiot Zbor, kje plukam po nivnata duhovnost, kje filozofiram, kje apstraktiram, kje kazuvam bajki i prikazni za deca dodeka ne im se smaci da citaat....c c c sramota!

Pred da se pojavis ti na temava tuka se zborese za krstevanje na bebinja. Najljubezno bi te zamolila ako nemas sto da kazes na ovaa tema da prestanes da ja rasipuvas.
tolku za tebe.

Adzija, EvAngelos, imam nekolku prasanja za vas:

Sakam da se krstam (bibliski, vistinski i pravilno kako so treba)
Veruvam vo Hristos i se kajam za site moi grevovi i za mojot gresen zivot do sega.
Sto treba da napravam uste?
Dali treba uste malku da pocekam za da se osiguram vo mojata vera?
Dali treba da ja procitam celata Biblija pred da se krstam? (toa kje mi zeme dosta vreme. inaku gi procitav site 4 evangelija i sega citam dela)
Dali treba da postam ili nesto slicno pred moeto krstevanje?

Odnapred blagodaram! Smile


Изменето од Ангелче - 23.Јуни.2007 во 19:22
1 2 3
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2007 во 20:59
Цитирај sard,
Toa sto tebe Bozjiot Zbor ti e slaba strana ne ti dava ama bas nikakvo pravo da ja sudis duhovnosta na drugite.

Toa sto ti ne mozes da najdes ni eden bibliski argument za krstevanjeto na bebinjata ne ti dava za pravo da go omalovazuvas Bozjiot Zbor i onie koi dobro go poznavaat.

Знам христијани кои знаат и помалку од моето скромно познавање, но по делата, постапките очигледно се многу подобри христијани од мене.
Луѓето кои се жртвувале за верата низ вековите многу помалку знаеле за верата од нас па сепак се жртвувале за неа. Во првите векови на кои протестантите посебно се повикуваат за Христовата проповед знаеле само од кажување. Од кажување знаеле „на злото врати со добро“ „љубете се меѓу себе“, „најголема љубов е да се жртвува својот живот за пријател“, „љубете ги непријателите свои“. Библијата сеуште не била ни оформена се до 4 век. Многумина од гонителите станале христијани само гледајќи ја силата и духот со кој христијаните влегувале во смртта. Се случувало и самите џелати восхитени од силата со која христијаните верувале и влегувале во смртта
и без да имаат време да го научат Божјиот збор го исповедале Христа па и тие биле жртвувани.


Цитирај Ubavo ti kaza evangelos, nikoj tuka ne moze da ja postira svojata duhovnost i zaludno se dues so svojata duhovnost zatoa sto sekoj moze da kaze deka e duhoven i sto dokazuva toa? kje se butkame na raka koj e poduhoven? od kade pa jas da znam kolku si ti navistina duhoven?

Никој никому не рече кој е подуховен. Прашањето беше дали рационалното знаење за учењето на верата е позначајно од состојбата на душата.
Така сеуште го чекам одговорот: „Дали на христијанинот ќе му се суди според знаењето или според состојбата на душата.“

Цитирај Ne sard, od bukvite koi gi sozdavame tuka so pritiskanje na kopcinjata na tastaturata ne moze da se vidi nasata duhovnost, no moze da se vidi izvorot na nasata duhovnost.

Христијанинот треба да верува дека се што учи му се открива од Светиот Дух и да се доведе во состојба она што го кажува да не биде негово туку од Светиот Дух. Така и оние кои теоретски ја знаат верата може да бидат многу далеку од разбирањето на напишаното. Многу учени посрамени си заминале после разговори со неуки старци низ кои говорел Духот Божји.

Цитирај Dokolku tie bukvi socinuvaat bibliski stihovi (adzija, evangelos) togas sledi deka izvorot na taa duhovnost e Biblijata. A dokolku tie bukvi socinuvaat nekakvi bajki za nekoi gushteri sto klimaat so glavata, toa veke kazuva nesto drugo.

Библијата е полна со такви „бајки“ кои реално се случиле. Тие некогаш се случувале, и денес се случуваат во Православното Христијанство. Ако протестантизмот не може да се пофали со такви  настани, тогаш ги нарекува „бајки“, а ете ги тие се и библиски „бајки“.

Цитирај Sakam da ti posvetam eden stih. (prv pat vo zivotot go pravam ova nekomu)
Ako ostanete vo mene i ako MOITE ZBOROVI ostanat vo vas, barajte sto i da posakate i kje vi bide. - Jovan 15:7

Благодарам за стихот, дај Боже Божјите зборови да не доведат до:

Псалм 51
10. Создај чисто срце во мене, Боже, и ДУХ вистински обнови во мене.



Цитирај Narovucenie?
Ako Hristovite Zborovi ne se vo tebe, zaludni se tvoite molitvi, zaludna e tvojata duhovnost. Zatoa nemoj da go omalovazuvas Bozjiot Zbor samo zatoa sto istiot ne e na tvoja strana, zatoa sto toj e vo neposredna vrska so duhovnosta!

Тоа не го негирам, тоа е точно но точно е и обратното
Залудни се Христовите зборови кои нема да плодат со молитви и права духовност.
Православното христијанство е тоа кое ги има одговорите.

Цитирај I toa sto Adzija i EvAngelos pokazuvaat izrazito biblisko poznavanje ne znaci deka nivnata duhovnost e pomala od tvojata, ne znam od kade donese ti takov zaklucok?

Аџија и Евангелос покажуваат изразито своеволно толкување на Библијата. Зошто бегаат и не одговараат на прашањето: „Како се проверуваат дали е исправно она што го знаат?“. Ако една библиска реченица јас ја разбирам на еден начин, а ти ја разбираш на друг начин како ќе знаеме кој е во право? ЗОШТО ТОА НЕ ГО ОДГОВОРАТ? ИНСИСТИРАМ НА ДИРЕКТЕН ОДГОВОР.

ЗНАЕ ЛИ ПРОТЕСТАНТИЗМОТ ДА ОДГОВОРИ НА ТОА ПРАШАЊЕ, КАКО СЕ ПРОВЕРУВА ИСПРАВНОСТА ВО ВЕРУВАЊЕТО?



АКО ТОА ГО УВРДИМЕ ЌЕ УТВРДИМЕ НА КОЈ НАЧИН ЌЕ ОДЛУЧУВАМЕ ЗА ПРАШАЊАТА ОД БИБЛИЈАТА ПА И ЗА ПРАВИЛНОТО КРШТЕВАЊЕ.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3738394041 72>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.