IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Бог го создал светот,а кој го создал Бог?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Бог го создал светот,а кој го создал Бог?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 20>
Автор
Порака
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 12:09

БОЖЈЕТО (Џ.Ш.) ЕГЗИСТИРАЊЕ

 

 

            Рековме, во шестото начело, дека верувањето во Божјето  постоење е темелна и очигледна вистина која се спознава преку интуицијата пред да се прифати преку рационален доказ. Нејзе воопшто не е потребно да се докажува, затоа што доказите за нејзината исправност се наоѓаат во секое нешто. Нема да ги изложувам овие докази, затоа што тие се толку многубројни па не сме во состојба сите да ги наброиме. Дамаскиот алим[1], шејхот[2] Џемалудин ел-Касими, спомнал многу во својата книга „Делаилу ет-тевдих“, иако ја напишал пред повеќе од половина век. И покрај сето тоа, денес се појавија нови докази кои ги открила модерната наука, непознати пред педесет години. Па кој ќе погледне во книгата „Аллах се открива во периодот на науката“, која ја напишале триесетмина врвни научници од областа на природните и анатомските науки, потоа во книгата „Науката повикува во верата“ ќе пронајде дека вистинскиот научник и обичниот човек (лаик) се верници, а дека неверувањето се појавува кај полунаучниците, кои спознале мали знаења и со тоа ја уништиле природната вера, исламот. Не ја досегнале вистинската наука која повикува кон верата, па паднале во неверство.

 

            Во овие две книги се наоѓаат текстовите кои претставуваат плод на размислувањата на овие научници, како што е, на пример, Франк Ален, кој докажал дека учењето за вечноста на светлината, како што тврди грчкиот филозоф, е апсурдно и невозможно и дека науката открила дека секое нешто има период, т.е. почеток кој ја негира нејзината вечност. Ова се зборовите на Роберт Морис Беџ, пронаоѓачот на радарот, потоа хемичарот Џон Кливленд и физичарот Џон Херберт.

 

            Би сакал да ги прочитам овие две книги и сличните на нив, а тие се многубројни. Не би сакал повторно да ги наведувам старите докази за Аллаховото (џ.ш.) егзистирање, оние докази со кои се служеле апологетите, ниту новите докази до кои дошле овие научници. Ќе укажам само на еден од к*р’анските докази, а тие се јасни, очигледни, неспорни, силни, искажани со јазик кој го разбира и обичниот човек, а ја исполнува душата на научниците кои ја разбираат нивната смисла, восхитувајќи се на нивната сила, прецизност и јасност. А, на двајцата, и на лаикот и на научникот, не им останува ништо друго освен да кажат: „Ова е вистина!“ Аллах (џ.ш.) нè предупредува во к*р’анот, само со еден збор дека доказот за нас е во нашите битија. Па како тогаш да го негираме мнението чија вистинитост потврдува нешто што е испишано на нашите чела?! Возвишениот кажува: „И во вас самите, па зарем не гледате?“ Длабоко во нашите души чувствуваме дека Тој постои, бараме засолниште кај Него во тешкотиите и во големите несреќи. Преку нашата природа која верува и инстиктот за вера ги гледаме доказите во себе и во светот околу нас. Потсвеста верува во Неговото постоење интуитивно, а свеста преку доказот. Па како атеистот го негира Аллах (џ.ш.), а самиот тој е доказ за Неговото постоење?!

 

            Тој е како оној кој го носи твојот имот во својата рака и тврди дека не го зел, ниту пак го допрел, или пак како оној кој носи мокра облека, од која капе вода и тврди дека не се приближил до вода. Ова е најосновна вистина, но зошто гледаме дека повеќето луѓе не посветуваат внимание на тоа?! Одговорот на ова е: затоа што не размислуваат за себе! Заборавиле на Аллах (џ.ш.), па Он одлучил да се заборават самите себе (к*р’анот). Тие бегаат од себе си, се плашат од издвојувања, не може ниту еден од нив да остане сам со себе, без работа. Затоа се забавува со празен разговор или безвредна книга, или со некоја работа која го преокупира и во која му поминува животот, како да е самиот себе си непријател кој го мрази и од кој бега. Како својот сопствен живот, а тој е главниот негов капитал, да го носи на грбот за да го фрли и за да се ослободи од него. Погледни во повеќето луѓе, ќе ги најдеш како јадат и како пијат, спијат и се будат, копнеат за уживање, се оддалечуваат од болка, настојуваат на овој свет да остварат добро за себе, за своето семејство и за оние кои ги сакаат. Еден од нив, на пример, кога ќе осамне, го чисти своето тело, облекува облека, јаде, оди на работа, работи за да би собирал имот и за да би ја зголемил добивката. Потоа се враќа дома, руча и се одмара. Тогаш повторно се враќа на работа или се одлучува за забава. Бара со што ќе го исполни слободното време, во што ќе го истроши животот, додека повторно не почувствува глад, па тогаш јаде, или го совладува дремеж, па спие. Потоа го дочекува новиот ден и ја повторува програмата од претходниот ден. Се сеќава на своето минато, а тоа не е ништо друго освен денови кои чувствува дека ги проживеал на овој свет. Размислува за својата иднина, а таа не е ништо друго, освен денови за кои претпоставува дека ќе ги проживее на овој свет.

 

            А, што се однесува до муслиманот, тој не се задоволува во животот само со јадење и пиење, со работа или со забава, туку се прашува: „Откаде сум дојден? Каде одам? Што е почетокот? Што е „крајот“? Набљудува и согледува дека неговиот живот не почнал со раѓање за да би завршил со смртта. Увидува дека бил ембрион во мајчината утроба уште пред да е роден, а уште пред да стане ембрион бил сперма во внатрешноста на татко си, а пред тоа бил крв која тече во татковите вени, а таа настанала од храната која тој ја изел, а оваа била растение кое изникнало од земјата, или животно кое се хранело со растенија. Тоа се фази низ кои поминал пред раѓањето, а за кои незнаел ништо. Долг синџир, чиј мал број на алки е видлив, а останатите ги сокрива од нашите очи целосна темнина. Па како ќе се создаде сам себе си со својот разум и волја, а постоел, пред да имал разум и волја? Никој од нас не знае за себе си пред својата четврта година од животот. Никој не се сеќава на раѓањето! Кој се сеќава на своето раѓање? Кој се сеќава на времето кога бил во мајчината утроба? Ако постоел уште пред да знае за своето постоење, можно ли е да се каже дека сам себе си се создал? Прашај го ова атеистот, ако го сретнеш, и кажи му: „Дали ти самиот себе си се создал со својата волја и разум? Дали си ти тој кој се создал себе си во утробата на својата мајка? Дали ти ја избра жената која ќе ти биде мајка? Дали ти ја доведе акушерката да те извади од утробата? Дали си ти, тогаш, создаден од ништо, без создател? Тоа е апсурдно и невозможно! Тогаш, дали те создадоа овие созданија кои биле пред тебе: планините, морињата, сонцето, планетите?

 

            Декарт во периодот на испробувањето на скептицизмот, по кој бил познат, се сомневал во сè. Кога дошол до себе си, не можел да се сомнева во своето постоење. Затоа што тој е оној кој се сомнева, а неопходно е кај сомнежот да постои оној кој се сомнева. Затоа ја изговорил својата славна поговорка: „Мислам, значи постојам!“ Постои, нема сомнеж во своето постоење, па кој тогаш го создал? Дали го создале овие материјални битија? Тоа се нешта кои немаат разум, а он е разум. Може ли да дарува разум оној кој нема разум? Оној кој не поседува нешто, не може ниту да даде. Таков бил ставот на Ибрахим[3] (а.с.) таткото на Веровесникот, кога го видел својот татко делка кипови со длето и изработува од каменот форма која неговиот народ ја смета за божество. Каменот кој го обработува човечката рака, а потоа човекот го обожава!? Бог кој го создавам и барам од него да создава што сакам!? Тоа здравиот разум не го прифаќа! Па каде е тогаш вистинскиот Бог?[4] Почнал Ибрахим (а.с.) да истражува и размислува. Се спуштила ноќ и се појавила на небото сјајна ѕвезда. Не излегла од земјата како каменот од кој се прават кипови. Не ја направил човекот со своја рака, за потоа да ја обожава. Му рекол на својот народ дека го пронашол вистинскиот Бог. Тогаш се појавила месечината и исчезнала ѕвездата. Виде дека месечината е поголема и посјајна, па рече дека месечината е бог. Потоа се појави сонцето кое го отстрани месечевиот факел и чија светлина ја преплави Земјата. Ибрахим (а.с.) рекол: „Ова е бог“. Но сонцето заоѓа и ја остава Земјата во темнина. Каков е овој бог кој заоѓа и го напушта своето кралство? Не, сонцето не е бог кој мене ме создаде. Ниту пак се овие созданија богови. Ниту сум јас бог. Не сум се создал самиот себе си, ниту сум создаден од ништо. Останува само една можност и таа е исправна и вистинита, а сè останато е невистинито: зад сите овие нешта е Семоќниот Бог кој ги создаде, и нив, и мене и сите други нешта. Овој доказ к*р’анот го изложил во единствена реченица, која претставува чудо - натприродно својство на Божјата објава и несоборлив доказ за атеистот кој му се покорува на разумот и го почитува, а тоа е ајетот: „Дали се создадени од ништо, или самите себе си се создале?!“

 

            Полуписмени, ограничени атеисти говорат: „Природата, таа го создаде човекот, таа му го подарила разумот!“ Некои учители овака н% говореа кога бевме малечки, во времето на Првата светска војна и после неа, оние учители кои го „почувствуваа мирисот на новата култура“, прво од Истанбул, а потоа од Париз, па помислија дека се просветени. А, зборовите „просветени“ и „просветител“ имаа во тоа време значење кое денес го има зборот „прогресивни“. Секое време има свои зборови и свои изрази, со кои нас нè исмејуваат како што ги исмејуваа Индијанците во Америка со монистрата и харената облека за да би им ја зеле, во замена, нивната земја. После, кога пораснавме, се прашавме: „Што е тоа природа?“ Зборот природа (табиа) во арапскиот јазик има облик на актив, а значење на пасив и на објект. Па ако е створена и создадена, кој ја створил? Кажуваат: „Природата е случајност, закон на веројатности и можности“. Прашавме: „Знаете ли на што личи овој говор?“ Сличен е на примерот на двајца кои залутале во пустината и во тоа лутање наишле на голем, убаво уреден дворец, со украсени ѕидови, скапоцени покривки, часовници, лустери. Еден од нив рекол: „Навистина ова е дело на некој голем мајстор!“ А, другиот му одговорил: „Овде имало една карпа, па надошол порој, ветар и други метереолошки фактори, и со изминувањето на многу векови, случајно настанал ѕид“. „А, покривката?“ - прашал првиот. „Се разлетала волната од овците, па потоа се споила. Тогаш дошла бојата па сето тоа се обоило и така настанала оваа прекрасна покривка“. „А, часовниците?“ - го прашал. „Железото се излило под влијание на временските фактори, потоа се испресекло и настанале кругови, и со изминувањето на многу векови настанал овој облик“. Зарем нема да кажете дека ова е лудак? Дали случајностите направиле да ќелијата на џигерицата, која се гледа само со помош на микроскоп извршува хемиски операции за кои се потребни многубројни апарати со кои можеш да наполниш една голема соба и кои повторно можат да извршуваат само дел од тие операции?! Оваа ќелија го претвора вишокот на шеќер во крвта во гликорин, лачи жолчка, го регулира холестеролот во крвта, произведува црвени крвни зрнца, а извршува и други операции. Случајностите направиле да на јазикот постојат 9.000 мали жлезди за вкус, во секое уво 100.000 ќелиии за слух, во секое око 130.000.000 ќелии кои примаат светлина.

 

            Земјата и нејзините чудеса и тајните, воздухот кој ја опкружува, живите суштества кои ги носи во себе, а кои не се гледаат, потоа чудесните облици на снежните снегулки кои паѓаат ги создал со таква прецизност, направил во неа таква убавина која ја откривме дури во последно време. Набљудувај ја Земјава и нејзините минерали, тајните кои се складирани во неа, животинските и растителните видови, нејзините огромни пустини, пространите мориња, високите планини, длабоките долини! Потоа спореди ја со сонцето и ќе ја согледаш мала, безначајна во однос на него и неговата големина. А, сонцето кое е поголемо од Земјата милион пати, во однос на галаксијата е како зрнце песок во најголемата пустина. Сонцето кое е оддалечено од нас стотина милиони километри, ако би сме ја мереле неговата оддалеченост со светлосни години (а брзината на светлината е 300.000 км во секунда) оддалечено е од нас 8 минути. Колкава е тогаш оддалеченоста на ѕвездата чија светлина доаѓа до нас за милион светлосни години? Светлосната година „одговара“ на десет илјади милијарди километри. Колку тогаш километри има во милион светлосни години? Овие галаксии, од кои една е и Млечниот Пат, за кои астрономијата не знае повеќе отколку дека тоа е осветлена област, и покрај нивната огромна големина која разумот не може да ја замисли, се движат со застрашувачка брзина, која ја преминува границата на бројките. Па како не доаѓа до судир помеѓу нив? Читав од еден астроном дека можноста за нивниот судир е како можноста да се судрат шест пчели кои се упатиле во земјината атмосфера. Пространството на оваа атмосфера во однос на пчелата е како односот меѓу оваа атмосфера и безбројните галаксии.

 

            Целата оваа вселена е во средиштето на огромна топка која претставува „семау-ед-дуња“, најблиско небо. Таа топка е од вистинска маса на телото, а не празен простор.[5] Топката која ја опфаќа оваа вселена и она што е во неа, како Сончевиот систем и другите ѕведи, во однос на кои сонцето е како јаболкото спрема планината, и галаксиите во кои се наоѓаат безбројни ѕвезди, ја затвора оваа вселена внатре. Таа топка која е заштитена и осигурана, има врата која се отвора и затвора. Аллах (џ.ш.) ја создал како свод кој има длабочина. После нејзе е вселена, Аллах (џ.ш.) го знае нејзиното пространство, можеби како оваа првата, или поголема од неа, која ја опфаќа друга поголема топка, па трета вселена и трета топка. Потоа четврта, петта, шеста и седма вселена. Над нив се наоѓаат тела со прекумерна големина и обем, а тоа се Аршот[6] и к*рси[7]. (Ова е сфаќањето на писателот на к*р’анските ајети и научните откритија. Аллах (џ.ш.) знае колку е тоа исправно и точно. Забелешка на преведувачот)

 

            А, најголемото чудо и еден од најсилните докази на Аллаховото (џ.ш.) постоење, дека оваа вселена постои во таков смален облик, да разумот не може да ја сфати неговата прецизност и минијатурност, како што не може да го сфати пространството на вселената, а тоа е атомот. Тој неможе да се види освен со помош на електронски микроскоп. Тоа е телото кое учените луѓе и филозофите од минатото го нарекувале монада, дел кој не може понатаму да се дели. Во средиштето на овој атом се наоѓа вселената, микровселената и во него има јадро околу кое кружат електрони, како што кружат ѕвездите во вселената. Јадрото е во однос на атомот како пченичното зрно во однос на огромен дворец. Тоа е потешко од 1.800 електрони. Па дали сето ова е дело на случајноста?[8] Верниците ги весели тоа што празните зборови, како што се природа или случајност, престанале да ги спомнуваат јазиците на научниците. Тие се уште останале во употреба кај лаиците кои мислат дека имаат знаења, а не се ни блиску до вистинските научници.



[1] Алим – Учен човек, зналец, научник. (заб. на прев.)

[2] Шејх, Шеик – почесна титула за стар учен човек. (заб. на прев.)

[3] Ибрахим – Абрахам, Авраам. (заб. на прев.)

[4] Ова е метод кој Ибрахим (а.с.) го користи во повикувањето на својот народ во верувањето во еден Бог, а не е во прашање сомневање и сопствено трагање за Бога. (заб. на авторот)

[5] Ова што го реков за небото е мое сфаќање на к*ранските ајети и на Аллаховите (џ.ш.) закони за вселената кои ги откриле научниците. Не наидов на некој кој е на истото мислење. Ја објаснив оваа теза во другите книги. (заб. на авторот)

[6] Арш – Божјиот Престол. (заб. на прев.)

[7] к*рси -

[8] Го пишував ова поглавје, како што напоменав во воведот,  а немав ниту една книга на кој би се повикал, па го пишував она што ќе ми падне на ум и на што се присетував, па ги наведов овие примери. А, кој сака попрецизни и поточни податоци, ќе ги најде во книгата која пред кратко време излезе од печат „Медицина – михраб на иманот“. (заб. на авторот)

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 13:03

ивееме во еден чудесен свет, чија совршеност отсекогаш го збунувала умот на човекот. Неговото совршено функционирање ги збунува умовите на великаните на науката. Космосот е тајна запечатена со седум печати. Со напорот на сите човечки генерации се одгатнува загатката на светот, но на луѓето не им поаѓа од рака да го допрат дното на мистеријата. Трае само восхитот пред тајната. Восхитот од убавината на космосот претставува стоење пред типосот на иконата што приведува кон живото присуство на архетипот – творецот на животот и на светот. Но, постојат луѓе философи чија претстава за односот меѓу антропологијата и космологијата е погрешно обликувана. Старите далечноисточни народи: Кинезите, Индусите и Јапонците, како и древните Хелени и Римјани, го третирале човекот како елемент или дел од космосот. Човекот бил еден од бесчислено многуте елементи на космосот. Антропологијата и’ била потчинета на космологијата, односно човекот му бил потчинет на светот. Со тоа, чудесната и повеќезначна улога на антропологијата се стеснува во рамките на космологијата. Светото писмо, пак, нè соочува со обратната перспектива. Човекот на позитивистичката и феноменолошката философија, соочен со библиското поимање на односот меѓу антропологијата и космологијата, благо речено, останува шокиран. Станува збор за исклучителната улога на човекот vis à vis светот. Светот е создаден заради човекот, а човекот носи огромна одговорност за светот. Спасението на светот е во строга зависност од спасението на човекот. И токму поради тоа што човекот не е создаден заради светот, човекот не е и не може да биде елемент на светот. Него Бог го создаде како микрокосмос во космосот, на физички план, и како макрокосмос  vis à vis космосот, на духовен план. Со други зборови, браќа и сестри, Бог светот го ставил во рацете на човекот и оттогаш човекот е одговорен за судбината на светот. Што значи тоа, мили мои? Тоа значи дека Бог од рацете на човекот ќе го побара светот, сочуван, разубавен и спасен. Човекот не смее да се изживува над светот, не смее да го разградува во името на некаков прогрес на технократското општество. Но, ако е светот создаден за да му стане дом и украс на човекот, според точното значење на грчкиот збор kosmoV, тогаш е сосема извесно дека учењето на Светото писмо за човекот како hommo adorans (човек свештеник) го одредува учењето на Библијата за космосот како храм на првиот свештеник – Адам. Човекот-свештеник во храмот на космосот живеел литургиски, т.е. богослужбено, принесувајќи молитви на благодарност и славејќи го Бог – Троица, творецот на човекот и светот.

Човекот, очигледно, по природата своја е свештенобитие. Затоа сè што Господ создал во светот, го создал за да го стави во служба на човечкиот живот. Така, на пример, Бог не ја благословил храната само за задоволување на биолошките потреби на човекот, колку да се преживее. Туку ја создал така што ја ставил во функција на духовниот живот и неговата вечна смисла. Да почнеме од пченицата. Господ пченицата ја создал за да ја сомелеме и да ја претвориме во брашно, а од брашното да замесиме леб. И јадејќи го лебот, телото да го одржуваме во живот. Но, подлабоката смисла на лебот не е во тоа што ќе ни го наполни стомакот, туку во неговото претворање во натсуштествен леб, односно во тело на спасителот. Негово тело е светата Црква, а тој и’  е глава. Таа му е невеста, а тој и’ е женик. Господ го благословил плодот на лозјата, грозјето, не само за да нè напои, да нè нахрани, туку виното добиено од грозјето да се преобрази во крв на богочовекот, во неговата спасителна крв, пролеана на крстот, за спасение на човекот и за живот на светов. И сè што во животот се прима како храна, има своја подлабока смисла. Без најдлабоката смисла, храната од човекот примана, создава слика за човекот како едно од многуте бесловесни животни. Обесловесениот човек, зграпчен од смртта, ќе биде положен во пазувите на земјата. Во темните и студени пазуви на земјата ќе исчезне, претворувајќи се во земја. Таквото постоење е бесмислено. Луѓето што доаѓаат до тој заклучок ја губат смислата на животот поради недостаток на вера. Потем, немајќи сили да живеат си го одземаат животот.

И ете, очите на спасителот денеска го видоа нискиот по раст цариник Закхеј. Штом чу дека Христос доаѓа во Ерихон, посака со свои очи да го види. Но, беше низок. Затоа, решително се искачи на едно дрво. (Тоа дрво е познато под името сикомореја, бидејќи е добиено со вкрстување на смоква и црница. Дрвото на кое се искачи Закхеј за да го види Христа постои до денеска во Ерихон. Господ ми благослови со свои очи да го видам при моето поклоничко патување во Палестина.) Христос однапред знаеше за потребата на Закхеј да оствари жива и блиска комуникација со Бога. Затоа ги подигна очите кон Закхеј и му рече: „Закхеј, слези побргу, зашто денеска треба да бидам во твојот дом. Беше цариник, а цариниците беа луѓе што ги бие лош глас. Бргу слезе и го прими со радост. Но, народот сметаше дека одлуката Христова да го посети неговиот дом е погрешна. Закхеј покажа подготвеност половината од својот имот да го раздаде на сиромаси, а ако зел од некого нешто несправедливо, четворно да го врати. Исус рече: „Денеска дојде спасението на овој дом, зашто и тој е син Авраамов. Синот човечки дојде да го побара и спаси загубеното. Оваа постапка Христова е утешна за нас, возљубени мои. Не е Христос некој што ги дели луѓето по која било основа. За Христос сите луѓе на светов се еднакви и подеднакво му се мили. Тој умре за спасение на сите луѓе и за живот на светов. Затоа, знајте дека логиката Христова е надлогична. Односите со секој човек посебно не ги гради по логиката човечка, заробена од предрасуди. Христос е сушта љубов божествена и го прегрнува секој што сака со окото на духот да го види, да го возљуби и да сожителува со него во царството небесно.

 

 Амин.
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
Реакт Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Мај.2007
Локација: Burundi
Статус: Офлајн
Поени: 373
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Реакт Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 13:07
За создавањето на светот едно од најновите научи откритија е преку т.н. Проект Бумеранг. Побарајте на интернет (за атеистите) па споредете го со теоријата за големата експлозија, еволуцијата и сл.
Без коментар
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 13:12
Прашањето кој го создал несоздадениот, е ирационално... Други примери на вакви прашања се:

Која е жената на ергенот?
Колку темна е светлината?
итн...

Само толку од мене...Embarrassed
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 14:19
Da, adzo, no tuka se postavuva drugo nesto.
 
Potrebata od toa da im objasnis deka Toj e Sozdatelot isto kako sto ergenot e nezenet ili svetlinata ne e temna....
 
Oni toa go spoznale, pa ukazi im da go spoznaat Boga, a so samoto toa posle kje sfatat deka Negov atribut e Sozdatelot!
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
ZakHay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZakHay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 17:20
Brakja Vernici znaete li deka nekogas nekoi raboti ne mora i ne treba da znaat,stavrno nekogas  dogmatikata e potrebna za de se socuva razumor,premnogu nurnuvanje vo nepoznatoto ne e na Arno!NEli!
I kako sto rekol nekogas Golemiot Plato,znam deka uopste nisto ne znam!Eh!Sto povekje si razmisluvame tolku povekje se unakazuvame,a?
Sto mislite vie?
 fAlla(h)!
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 20:09
Јас мислам дека е анти-христијаниски да се биде непријател на знаењето...

Но исто така е анти-христијански да се има и модерниот надуен атеистички став, кој не ги разбира ограничувањата на сетилниот свет и ограничувањата на човековото знаење и разум.

Затоа единствениот правилен избор е и разум и вера! Big%20smile
Кон врв
that's me Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Март.2006
Локација: Burundi
Статус: Офлајн
Поени: 581
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај that's me Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 20:10
razumot e anahronizam na verata
ne odat edno us drugo!
Пази,памтам к'ту слон.
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 20:14
Разумот е анахронизам за религијата (која нели лажно измислува бајки, како на пример во ислам, хиндуизам, скиентологија, па дури и во традиционалното „христијанство“)...

Но за ВЕРАТА, разумот е клучен... Потсети се што велеше Христос:

Љубете го Бога со сето свое срце, СИОТ СВОЈ УМ, и сета своја душа.
Кон врв
that's me Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Март.2006
Локација: Burundi
Статус: Офлајн
Поени: 581
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај that's me Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 20:51

i k'kva korist jas imam od tova?

a,verata neli e religija?

Пази,памтам к'ту слон.
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 20:56
NE VERA SI E VERA
VERVISH ( kako so vika rome) I SI ZADOVOLEN

BI SAKAL DA ZNAES MESTO DA VERVISH (kako so vika rome) NO TOA NEMOZE
PA TI OSTANUVA SAMO DA VERVISH ( kako so slatko kazuva rome)
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 22:59
Бог никој ме го создал тоа е неговото лично својство по кое се разликува од останатите лица на Света Троица Тој има живот во себе од никого не добил живот за разлика од Синот кој се раѓа од Отецот и Светиот Дух кој произлегува од Отецот
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 23:06
Постоењето мора да постоело од секогаш бидејќи не може да стартува нешто од ништо, тогаш мора да има нешто што има атрибути на вечно постоење или предвечност. А она кое има атрибут на предвечност неизбежно е Бог.
Додека
За природата не може да се каже дека постоела од секогаш, бидејќи ако веќе кажеме дека постоела од секогаш, тогаш тоа веќе не е природа.
Неизбежен резултат на равенката е = БОГ, како што размислувајќи за ова, одамна сфатил Аристотел.


Изменето од sard - 22.Јуни.2007 во 23:08
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2007 во 00:25
Многу интересен аргумент Сард. Прв пат го слушам, а навистина е супер! ClapClapClap
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 20>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.