|
КРШТЕВАЊЕ НА БЕБИЊА-ДА ИЛИ НЕ? |
Внеси реплика | страница <1 2223242526 72> |
Автор | |
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
не е се запишано... но СЕ ШТО Е КЛУЧНО е запишано...
но се разбира, дека ересот секогаш ќе бара начини да се ослободи од бремето на Библијата, и ќе каже дека „има и нешто што само им е шепнато на поповите“ и они си знаат...
Христос кога го уапсија, ги праша зошто го апсат и распрашуваат тајно, кога СЕ ЈАВНО кажа и учеше во Храмот... Тајни шепнувања, самиот Тој потврди, дека немало...
|
|
ultra
Сениор Регистриран: 17.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 2616 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мене ми изгледа дека евангелиската во МК ќе излезе тешка секта...
А и ми е гајле Фала Богу, евангелистите (од било кој огранок) овде во СРГ порелаксирано и потолерантно се однесуваат јавно. |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
па христијаните општо насекаде се познати како толернатни... тоа нека не те чуди... Само православието и католицизмот се инквизиција тешка... |
|
Реакт
Сениор Регистриран: 22.Мај.2007 Локација: Burundi Статус: Офлајн Поени: 373 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ништо тајно никому не му е кажано, освен на аџо. И ете, тој сега јавно ни кажува. Факт е дека во Библијата е запишано она што ни е најнеопходно, но факт е дека подоцна теолозите тоа го дообјануваат и толкуваат. Па и кај сектантите има литература со теолошка тематика. Ете затоа е таа литература, запишано предание, или кој како сака нека го нарече, за да се дообјаснат аботите.
п.с. А за Мека е запишано во Првата Божја заповед (да не се клањаме на лажни богови). Изменето од Реакт - 14.Јуни.2007 во 14:37 |
|
Без коментар
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТЕМА крштевање на бебиња
мислам дека за МПЦ има тема тука http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=7631 Изменето од ACELERA - 14.Јуни.2007 во 14:47 |
|
ultra
Сениор Регистриран: 17.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 2616 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каква врска има ова со крштевањето на деца? Може ли во евангелиската (твојата) црква да отидеш со твоето некрстено дете? Може ли воопшто некрстен да влезе во евангелиска црква? |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
човек да се смее на прашањава...
па нормално дека секој може да влезе во црква, не е тоа елитистички клуб... И секој родител може своето дете да го носи на веронаука, да го подучува, итн., па еден ден кога ќе дојде време, можеби тоа дете ќе донесе самостојна одлука дека сепак верува, и според христијанското учење и ќе биде крстено... |
|
ultra
Сениор Регистриран: 17.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 2616 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тоа значи дека детето треба на прво место да му биде веронауката за да се одлучи да се крсти. Поинаку не гледам начин што би го навело тоа да го стори.
Е пошто јас сакам моите деца повеќе време на природните науки да се посветат а веронауката како дел од општа култура да им биде, ќе ги крстам уште малечки и не затоа што пишува или не пишува во библија туку заради фактот што моите предци истрајале и не се откажале од својата православна христијанска вера. |
|
Реакт
Сениор Регистриран: 22.Мај.2007 Локација: Burundi Статус: Офлајн Поени: 373 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кој ни го дава правото на децата да им го одземеме она што им е најпотребно за нивен духовен раст? Зошто да не ги крстиме? Не е проблем во возраста, туку во правилното разбирање на крштението. Ако го разбереме значењето на крштението - да се родиме повторно - тогаш секој нормален родител би ги крстил. Па тие кога ќе пораснат и сами ќе можат да одлучуваат - нека решат како сакаат. Како што крстени се откажале од верата, така и некрстени станале верници. Но повикот Христов е кон СИТЕ, без ограничување на возраста. Е сега ние ли ќе бидеме пречка, и тоа на нашите деца, да бидат сите едно во Господа?!
|
|
Без коментар
|
|
oblachinja
Сениор Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
REAKT Ne e rabotata samo da gi krstime...shto korist od krstenje ako jas ne gi naucham moite deca na hristijansko odnesuvanje...ako ne gi naucham deka za da se kazat hristijani..pravoslavni ili katolici(ne e vazno)treba da ziveat hristijanski chesen zivot..kakva korist ako go krstam bebeto i posle eden den tvrdam Bog ne postoi..ako go krstam poradi tradicija aj kazi mi REAKT dali e hristijanin ili ne?Bash me interesira tvoe mislenje...
|
|
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крстено или некрстено, ВЕРАТА (веронауката) мора да биде приоритет БРОЈ 1 за секој родител. Па верата е на крајот од краиштата тоа што не прави вакви какви што сме, а дали ќе решиме една равенка плус или минус, нема да ни се смета во царството небесно... Тоа околу предците, исто така не држи. Нашите предци, кога беа соочени со христијанската вистина, ги напуштија столетните традиции на своите паганаски предци, и не жалеа за тоа. Секој кој ќе го возљуби својот предок повеќе од Христа не е достоен за Него. |
|
ultra
Сениор Регистриран: 17.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 2616 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Аџија не можам да убедувам некого па дури ни свое дете за нешто во кое како прво јас не сум убедена... Ниту во библијата, ниту во науката ЈАС не ги имам најдено одговорите на МОИТЕ прашања.
Сепак на мое дете повеќе можам да му помогнам во математика, физика, и др. природни науки отколку теолошки... Повеќе сакам детето мое да дава милостиња отколку да прима милостиња со ширење на вера. |
|
ultra
Сениор Регистриран: 17.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 2616 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И само да потенцирам... не сум атеиста ама не сум ни верник...
Премногу гревови имам направено за да бидам верник и да се надевам на искупување и достигнување на Царството Небесно, а и искрена сум, не можам да се заречам или да гарантирам дека нема грешки да правам. |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
епа уште една потврда, дека ти на крштевањето не гледаш како на верски симбол, туку како на вадење државјанство...
а последнава реченица скроз не ја сфаќам. Па верата баш учи да ДАВАШ а не да земаш... |
|
Внеси реплика | страница <1 2223242526 72> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |