|
БИБЛИЈАТА И НАУКАТА |
Внеси реплика | страница <1 2526272829 63> |
Автор | |
Ateist
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 757 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И ти си за мене во исти куп со муслиманите, и точка. Ако сето ова што просветителот и јас го кажавме како агументи дека не постои бог, не знам што уште ти треба. На ниедно прашање не ни одговори а се правиш најпаметен од сите. Можеби ние сме во заблуда по поставените прашања и сме забегале од божјиот пат, кажи ни каде гречиме, исправи не, просветли не. Значи ист си како тој заљубениот кој нити слуша нити гледа околу него. |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ти и просветителот? од цела историја, од почеток до денес, никој не даде доказ дека не постои, ама вие двајца... ДОКАЗ.... ајде дајте доказ....
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ajde,be, dajte mu shto bara,....samo da zamolkne,...barem na kratko,..
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Ateist
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 757 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Аџија вака, бидејки ти е тешко да се вратиш неколку страни, Врати се на страната 24 от темава и одговори ми на мојот втор пост, прашање по прашање.
|
|
goor
Сениор Регистриран: 08.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 844 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
isto taka vo celata istorija nikoj ne dal dokaz deka bog postoi edeinstven argument sto vie go prikazuvate se nekoi izvadici i citati od biblijata-a toa adzijo ne e dokaz vo predhodnite postovi objasniv zosto deka ne postoi bog imas dokaz 1.NIKOJ NE GO VIDELLL! 2.vie vernicite imate nesoglasuvanja po toa prasanje -5 religii 5 razlicni boga ne ti dokazuva nesto toa...??? |
|
ПРОСВЕТИТЕЛОТ
Група Регистриран: 09.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 61 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ќе мора да се оградам од изјавата на Ateist дека моите аргументи беа поставени со цел да се докаже дека Бог не постои. Повторувам дека намерата ми е, преку студијата која заеднички ја разгледуваме, да докажам дека има човечка интервенција во библиските текстови и дека со тоа нејзината светост е компромитирана, и дека токму поради тоа имаме толку парадоксални работи во Библијата кои им одат во прилог на Ateist и goor во докажувањето на своите ставови. Сакале ние или не сакале, во нашите изложувања одвреме-навреме се создаваат спонтани коалиции, да не речам, сојузи на едните, во борбата против упорната неукост и недораснатост на другите. Што да се прави. Живот пише романе. А, чинам, овој наш роман го читаат доста посетители на idividi.com.mk, така што апелирам до сите да бидеме поконструктивни.
Поздрав
|
|
Не биди како оној кој го собира знаењето на учените и мудроста на мудрите, а кон Вистината се однесува како еден од глупавите.
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ako ti ne si evangelos,...da ne se vikam brza,...
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
brzo ti pak tuka
gledam kje se povercis ti Изменето од anakin - 14.Јуни.2007 во 01:34 |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
samo zirnuvam,....iako mi se machi,...,....a,za vernosta,...bogami,...veren sum na sebe,....i ne mislam da se izneveram za toa,..
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Carnation
Сениор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 3499 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a jas pak ke prasam zs barate dokaz deka ne postojt bog?koga ke postavis odredena teorija trebit da ja dokazis teorijata,taka postavena e teorijata deka postojt bog i to trebit da se dokazit,jas stvarno ne ja gledam smislata vo dokazuvanje deka ne postojt bog,to ti e isto ko da trebit da dokazis deka ne postojat marsovci,cist apsurd.
|
|
Понекогаш дури и за Фројд бананата е само банана
|
|
goor
Сениор Регистриран: 08.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 844 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
znaete sto e apsurdno
na ovoj svet odnosot vernici-ateisti e 10000 prema 1 i so toj odnos nikoj od vernicite ne moze da dade dokaz deka postoi toa vo sto toj veruva.Namesto zaedno da dokazat se podelile vo grupi i se napagaat megusebno(ima isklucoci) ne svakajki deka i tie i drugite se vo ista kasha. DO SITE VERNICI |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
da,...samo ushte da ima koj da go sfati toa,....za niv postoi samo toa shto "nekoj"go napishal,.
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ne e tocen podatokot vo gospod veruvat samo 10% 60% se somnevat ama dobro im e taka- da ne se zamerat a drugo 30% ja znaat vistinata |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
ПРОСВЕТИТЕЛОТ
Група Регистриран: 09.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 61 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Продолжуваме со студијата. Конечно стигнавме до Новиот Завет. Многумина од читателите на Новиот Завет се збунети, па дури им се смачува кога размислуваат за смислата на одделни приказни, или кога вршат споредувања меѓу различните верзии на една иста случка која е изложена во неколку евангелија. Ова, во својата книга Иницијација во Евангелието (Initiation a l’Evangile – Editione de Seuil, 1973.), го констатира Р. П. Роге (R. P. Roguet).
Со своето големо искуство кое го добил во текот на многу години, кога во еден католички неделен весник им одговарал на читателите, збунети од текстовите во евангелијата, Р. П. Роге можел да го процени значењето на изместувањата што кај нив ја предизвикала нивната литература. Тој бележи дека неговите соговорници кои им припаѓале на различни социјални и културни средини, барале објаснување за „нејасните, неразбирливите, дури контрадикторните, апсурдните или скандалозните“ текстови. Значи, нема сомнение дека читањето на комплетните евангелија има можност длабоко да ги вознемири христијаните.
Една таква опсервација е од поново време: книгата на Р. П. Роге е печатена во 1973 година. Во време кое не е толку далечно, голем број христијани од евангелијата познавале само одбрани делови кои се читани во текот на службите или коментирани од олтарот. Ако се стават протестантите (аџија, осмех молим) на страна, надвор од овој контекст, да се читаат евангелијата во целост не било вообичаено. Прирачниците за религиозно воспитување ги содржеле само нивните скратени изданија: текстот in extenso воопшто не бил во употреба. За време на моите студии во една католичка институција, ги имав делата на Вергилиј и Платон, но не и Новиот Завет. Но, сепак, грчкиот текст на Новиот Завет би бил многу инструктивен: многу подоцна сфатив зашто не ни даваа да преведуваме христијански свети книги. Тие би можеле да нè поттикнат на нашите учители да им поставуваме прашања што би ги збуниле.
Овие откритија, до кои, ако се има критички дух, се доаѓа со читањето на евангелијата in extenso, ја навеле Црквата да интервенира и да им помогне на читателите да ја надминат својата збунетост. „Многу христијани имаат потреба да научат да ги читаат евангелијата“, констатира Р. П. Роге. Без разлика на тоа дали се согласуваме со дадените објаснувања, заслугата на авторот е голема затоа што се соочил со овие деликатни проблеми. Тоа, за жал, сè уште не се случува со многубројни документи за христијанската Објава.
Во изданијата на Библијата наменети за широката јавност, воведните белешки, најчесто, изложуваат збир разгледувања што би требало да ги убедат читателите дека евангелијата воопшто не поставуваат проблеми во врска со карактерот на авторите на различните книги, со автентичноста на текстовите и со карактерот на вистинитоста на приказните. Покрај тоа што постојат многу непознати работи во врска со авторот, во чиј авторитет воопшто не сме сигурни, колку прецизности наоѓаме во овој вид белешки кои често го претставуваат како вистинито она што е само хипотеза, тврдејќи дека тој и тој евангелист бил очевидец на збиднувањата, додека специјализираните дела го тврдат спротивното. Се претерува со редуцирањето на периодите меѓу крајот на Исусовото пратеништво и појавата на текстовите. Би сакале да нè убедат во само една редакција која се базира на усно предание, и покрај тоа што специјалистите го докажале преработувањето на текстовите. Овде-онде се зборува за определени тешкотии на интерпретацијата, но сепак се поминува преку очигледните контрадикции кои му бодат очи на оној кој размислува. Често се констатира дека во малите експликативни реченици, сместени во додатоците како дополнување на смирувачките воведи, неверојатностите, контрадикциите и флагрантните грешки се турнати или задушени со вештата апологетска аргументација. Таквата состојба на работите која го открива итриот карактер на овие коментари, е зачудувачка.
Разгледувањата кои овде ќе ги изложиме, без сомнение, ќе ги зачудат оние мои читатели кои досега не биле информирани за овие проблеми. Освен тоа, пред да навлеземе во јатката на проблемот, би сакал да ги илустрирам своите зборови со еден пример кој ми се чини сосема предизвикувачки.
Ниту Матеј, ниту пак Јован не зборуваат за Исусовото вознесение. Лука во своето Евангелие тоа го става во денот на Воскресението и четириесет дена подоцна, во делата Апостолски чијшто автор би требало да биде тој. Што се однесува на Марко, тој тоа го спомнува (не прецизирајќи го датумот) во еден завршеток кој сега се смета за неавтентичен. Вознесението, значи, нема никаква солидна библиска основа. Но, сепак, коментаторите со неверојатна рамнодушност пристапуваат кон ова битно прашање.
А. Трико (A. Tricot), во својот Мал речник на Новиот Завет (Petit Dictionnaire du Nouveau testamen) од Библијата Крампон (Crampon), многу распространето дело (издание 1960 – Desclée et Cie), на Вознесението не му посветува ниедна статија. Споредувањето на четирите евангелија (Synopse des 4 Evangiles) од Р. П. Беноа (R. P. Benoit) и Р. П. Боасмар (R. P. Boismard), професори на Библиското училиште на Ерусалим (издание 1972 – Editions du Cerf) во вториот том, стр.451 и 452, нè учи дека, кај Лука, контрадикцијата меѓу неговото евангелие и Делата апостолски се објаснува со „литературната вештина“. Кој може, нека сфати!
Многу е веројатно дека Р. П. Роге, во своето дело Иницијација во Евангелието од 1973 година (стр. 187) не бил заведен со еден таков аргумент, ама објаснувањето што тој ни го дава, во најмала мера, е необично:
„Овде, како и во многу слични случаи, проблемот изгледа нерешлив само ако тврдењата на Светото Писмо се сфаќаат буквално, материјално, заборавајќи го нивното религиозно значење. Не се работи за тоа реалноста на фактите да се раствори во еден лабав симболизам, туку да се бара теолошката интенција за оние кои ни ги откриваат тајните, предавајќи ни опипливи факти, приспособени на слуховната вкоренетост на нашиот дух“. (аџијата на овој може вода да му носи) Како да се задоволиме со едно такво толкување? Апологетските формули од овој вид можат да им одговараат само на догматиците.
Цитатот на Р. П. Роге е еднакво интересен и поради неговото признавање дека во евангелијата има „многу слични случки“ на оние во Вознесението. Потребно е, значи, глобално да му пријдеме на проблемот, однатре, со целосна објективност. Мудро изгледа да се бара објаснување во изучувањето на условите во кои се пишувани евангелијата и во религиозната клима која владеела во тоа време. Обелоденувањето на преработувањето на почетните редакции работени врз основа на усните преданија, менувањето на текстовите во текот на нивното пренесување до нас, го прават помалку необично присуството на нејасните, неразбирливите, контрадикторните и неверојатните пасуси кои некогаш можат да одат и до апсурдност или, пак, пасусите што не се согласуваат со фактите што во наше време ги докажал напредокот на науката.
Факт е дека во текот на последните неколку децении се јавува интерес за изучување на Светите Писма во духот на објективно проучување. Во една книга од поново време, Верувањето во воскресението, Воскресението на верата (Foi en la Résurrection, Résurrection de la foi – Beauchesne, kol. “Le Point Théologique”, 1974) Р. П. Каненгисер (R. P. Kannengiesser), професор во Католичкиот институт во Париз, со овие зборови дава краток преглед на оваа длабока промена: „На многуте верници одвај им е познато дека се случила револуција во методите на библиското толкување од епохата на Пие XII”. (Pio XII владеел од 1939 до 1958 година) „Револуцијата“ за која зборува авторот, значи, е од поново време. Таа продолжува да дејствува преку поуката на верниците, барем од страна на определени специјалисти кои го поттикнуваат овој нов дух. „Циркулацијата на најдоверливите перспективи на партиската традиција, пишува авторот, не е ни малку иницирана со оваа револуција на методот на толкувањето“.
Р. П. Каненгисер забележува дека „не треба буквално да се разберат“ фактите за Исус што евангелијата ги донесуваат, „пишувани според околностите“ или „борбено“, чии автори „писмено ги потхрануваат преданијата на своите заедници за Исус“. Во врска со воскресението на Исус што, всушност, е тема на неговата книга, тој нагласува дека ниеден автор на евангелијата не може себеси да си припише својство на очевидец на овој настан, давајќи до знаење дека така мора да биде и со остатокот од јавниот живот на Исус, знаејќи дека според евангелијата, ниеден апостол, освен Јуда, не се одделувал од Учителот, почнувајќи од мигот кога тргнал по него, до неговите последни манифестации на земјата.
Еве нè, значи, многу далеку од традиционалните аспекти кои уште посвечено ги потврдил Вториот ватикански концил уште од пред неколку децении, и кои сè уште преземаат модерни дела на вулгаризацијата наменети за верниците. Но, малку по малку, вистината се обелоденува.
Не е лесно да се дојде до неа, тешко е бремето на толку бранетата традиција. Ако сакаме да се ослободиме од неа, треба да се зафатиме со проблемот од неговата основа, а тоа значи, најпрвин да се испитаат условите што го обележале раѓањето на христијанството.
Продолжува |
|
Не биди како оној кој го собира знаењето на учените и мудроста на мудрите, а кон Вистината се однесува како еден од глупавите.
|
|
Внеси реплика | страница <1 2526272829 63> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |