|
БИБЛИЈАТА И НАУКАТА |
Внеси реплика | страница <1 7891011 63> |
Автор | |||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
па нормално дека ги тргнале предговорите со тие погрешни математики, ама гледам некои уште на форумот се држат до тие сметања... изгледа останаа во средниот век... Изменето од аџија - 08.Јуни.2007 во 11:41 |
|||
ПРОСВЕТИТЕЛОТ
Група Регистриран: 09.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 61 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Аџија, 60000 ≠ 6000
|
|||
Не биди како оној кој го собира знаењето на учените и мудроста на мудрите, а кон Вистината се однесува како еден од глупавите.
|
|||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ако примети, реков НЕ ПОВЕЌЕ од 60.000, бидејќи не може точно да се одреди годината, според генетските истражувања, може да се движи од 8-60 илјади години...
|
|||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Zosto rodoslovijata bi molcele? Za da dodavate kolku sakate i kolku vi odgovara? Za ostavanje prostor za varijacija vo tekstovite? Za vie samite da si pisuvate i objasnuvate po potreba?
Abe idi begaj!
|
|||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|||
ПРОСВЕТИТЕЛОТ
Група Регистриран: 09.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 61 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мошне умешно, аџија. Типично за еден апологетичар. Фрагментирање на текст и приспособување (искривоколчување) во функција на аргументирање на еден исказ, а сето тоа да се одвлече вниманието на читателите.
Да илустрираме:
Аџија го цитира следново: Задоволило тоа што се тргнале табелите и предговорите (овде аџијата ја прекинува реченицата, а текстот продолжува).. но многу се внимавало читателите да се информираат за застареноста на библиските текстови кои порано биле базични, за да се редигираат таквите хронологии кои веќе не можеле да се сметаат за израз на вистината. Повеќе одговарало преку нив да се фрли срамен превез и да се пронајде формула на учена дијалектика за да се прифати текстот таков каков што некогаш бил, без какво и да е скратување. Поради тоа, родословијата од свештенскиот текст сè уште уживаат углед, иако е разумно дека во XXI век веќе не може да се смета времето врз база на оваа фикција.
Повторувам, 60000 ≠ 6000. Или, пак, постои некоја тајна формула која јас не можам да ја сфатам и која...
|
|||
Не биди како оној кој го собира знаењето на учените и мудроста на мудрите, а кон Вистината се однесува како еден од глупавите.
|
|||
ПРОСВЕТИТЕЛОТ
Група Регистриран: 09.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 61 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Од каде го ископа ова од 8 до 60 илјади. Абе дете, дај преиспитај се малку. |
|||
Не биди како оној кој го собира знаењето на учените и мудроста на мудрите, а кон Вистината се однесува како еден од глупавите.
|
|||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
хммм... на кого ве потсетува ваквиот изфрустриран речник? |
|||
ultra
Сениор Регистриран: 17.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 2616 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Vo Afrika e otkopan (se otkopani) delovi od Homo Sapiens stari 160 000 godini, nadvor od Afrika najstari se negde okolu 100 000 godini.
A za sto se raspravate?? |
|||
oblachinja
Сениор Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
more vistina |
|||
|
|||
ПРОСВЕТИТЕЛОТ
Група Регистриран: 09.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 61 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Вешто избегнување на одговор. Како што веќе кажав – типично апологетски.
Како и да е, ние продолжуваме со студијата. Претходно говоревме за создавањето на светот-неговите етапи, потоа за датумот на создавањето на светот и датумот на појавата на човекот на земјата. Сега да ги разгледаме приказните за потопот.
Потопот
Поглавјата 6, 7, и 8 од Книгата на Битието и се посветени на приказната за Потопот. Поточно, постојат две приказни кои не се ставени една до друга, туку се разделени во пасуси, испреплетени со привидна кохерентност во распоредот на различните епизоди. Всушност, во овие три поглавја постојат флагрантни контрадикции; и овде тие се објаснуваат со постоењето на двата различни извора: јахвистичкиот и свештенскиот. Погоре видовме дека тие формираат неизедначени споеви; секој оригинален текст е исечен на пасуси или реченици, а елементите на еден извор се заменуваат со елементите на другиот извор, така што во целата приказна се преминува од едниот извор во другиот, и тоа 17 пати во стоте реда од францускиот текст. Во целост, приказната се состои во следново: Бидејќи расипаноста на луѓето станала општа, Бог решил да ги уништи заедно со сите живи суштества. Тој го предупредува Ное и му наредува да изгради ковчег во кој ќе ја смести својата жена, своите три сина и нивните жени, како и други живи суштества. Што се однесува на овие последните, двата извора се разликуваат: еден пасус на приказната (со свештенско потекло) вели дека Ное ќе земе по една двојка од сите видови; потоа, во следниот пасус (кој има јахвистички извор) се прецизира дека Бог наредува да се земат, од животните наречени чисти – по седум двојки од секој вид: мажјак и женка, а од животните наречени нечисти – по една двојка. Но, понатаму е прецизирано дека Ное ќе влезе во ковчегот со по една двојка од секое животно. Специјалистите, како Р. П. де Воа, тврдат дека овде станува збор за еден преработен пасус од јахвистичката приказна. Еден фрагмент (со јахвистичко потекло) означува дека причинителот на Потопот е водата од дождот, но во еден друг фрагмент (со свештенско потекло) причинителот на Потопот е претставен како двоен: водата од дождот и земјините извори. Целата земја била потопена до преку врвот на планините. Сиот живот во неа бил уништен. По една година, Ное излегува од ковчегот кој, по опаѓањето на водата, пристигнал на ридот Арарат. Да додадеме дека, според различните извори, Потопот имал различно траење: четириесет дена на раснење на водата според јахвистичкиот расказ, а 150 според свештенскиот. Јахвистичката приказна не прецизира во кое време од животот на Ное се случило ова, но свештенската приказна го става во времето кога Ное имал 600 години. Оваа иста приказна, преку своите генеалогии дава индикации за неговата локализација во однос на Адам и во однос на Авраам. Ное, според пресметувањата направени преку индикациите на Битието, е роден 1056 години по Адам. Потопот се случил 1656 години по создавањето на Адам. Во однос на Аврам, Битието го става Потопот 292 години пред раѓањето на овој патријарх. Но, според Битието, Потопот се однесувал на целиот човечки род и сите живи суштества на Земјата создадени од Бог биле уништени; човештвото повторно се кренало почнувајќи од трите сина на Ное и неговата жена, така што три века подоцна се родил Авраам и го нашол човештвото реформирано во заедници. Како можела оваа обнова да се случи во толку кус период? Оваа едноставна констатација и одзема на приказната секаква веројатност. Дури и повеќе, историските податоци укажуваат на нејзината несогласност со модерните сознанија. Навистина, се смета дека Авраам се родил меѓу 1800 и 1850 година пр.н.е. Ако Потопот се случил, како што тоа го сугерира Битието во своите генеалогии, околу три века пред Авраам, би требало да го сместиме околу XXI или XXII век пр.н.е. Тоа е епохата кога модерните историски сознанија го дозволуваат ова тврдење, во многу делови од земјата веќе цутеле цивилизации чии остатоци се сочувани за потомците. Тоа, на пример, во Египет е периодот кој му претходи на Средното Царство (2100 година пр.н.е.), што е приближен датум на меѓупериодот пред XI династија. Во Вавилон ја имаме третата династија од Ур. Значи, совршено точно се знае дека немало прекин во овие цивилизации, а со тоа и дека немало ниту уништување кое би се однесувало на целото човештво, како што тврди Библијата. Според тоа, не може да се прифати тоа дека трите библиски приказни им донесуваат на луѓето факти согласни со вистината. Ако сакаме да бидеме објективни, тогаш сме присилени да прифатиме дека текстовите за кои се расправа и кои дошле до нас не претставуваат израз на реалноста. Зар Бог би можел да открие нешто друго освен вистината? Навистина, не може да се замисли претставата за Бог кој ги учи луѓето со помош на измислици, дури и повеќе, со контрадикторни измислици. Во тој случај, сосема природно се доаѓа до претпоставката за измените кои луѓето ги извршиле, или во вербалните преданија што се пренесувани од генерација во генерација, или во текстовите по фиксирањето на овие преданија. Кога се знае дека едно дело, како што е Битието, е преработувано барем во два наврата, и тоа во текот на три века, зошто да се чудиме ако во него наоѓаме неверојатности или приказни несогласни со реалноста, откако прогресот на човечките сознанија овозможил, ако не да се знае сè, тогаш барем за определени настани да се добијат сознанија, доволни за да може да се суди за степенот на нивното несогласување со древните приказни кои на нив се однесуваат. Има ли нешто пологично од тоа да се придржуваме кон оваа интерпретација на грешките во библиските текстови кои во спорот ги мешаат само луѓето? Тажно е што оваа интерпретација нe ја поддржува поголемиот дел од христијанските и од еврејските коментатори. Сепак, аргументите кои тие ги повикуваат напомош заслужуваат внимание. |
|||
Не биди како оној кој го собира знаењето на учените и мудроста на мудрите, а кон Вистината се однесува како еден од глупавите.
|
|||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ма не биди параноична белег... |
|||
oblachinja
Сениор Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
abe bolest shto da pravish
|
|||
|
|||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Treba da se lecite, navistina, zasto pogolema bolest od grevot predizvikan od neznaenjeto ili inaetenjeto nema!
Se najdovte?
Milo mi e, dijagnozata vi e postavena, a toa e eden od bitnite uslovi za vaseto lecenje!
|
|||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|||
Ateist
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 757 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Според генетиката или според библијата? Дај одлучи се за што зборуваш. Ако пак некој (секако е човек) кој ја пишувал библијата, му било заморно да ги пишува сите „актери во библијата„ посочи ни каде тоа стои дека после „тој и тој“ се родија уште неколку генерации кои нема да ги спомнуваме. Единствениот доказ кој ни го понудивте „Библијата“ сами го негирате и тврдите дека е неточен. Но еве и да го земеме и тоа во предвид, кажете колку тоа библијата згрешила? 5000, 10000, 100 000 години??? Дали негирате дека пред 150000000 (да токму така 150 милиони) години постоеле диносауруси (за кои има докази за нивното постоење)? или и нив господ ги створи |
|||
Внеси реплика | страница <1 7891011 63> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |