|
БИБЛИЈАТА И НАУКАТА |
Внеси реплика | страница <1 678910 63> |
Автор | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Studentski Klub
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 07.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 272 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Само менувате теми брееее!!!
Изгледа како вие да се плашите од истото, од неговата несовршеност, не среденост, згрешеност или утнатост....
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Studentski Klub
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 07.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 272 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Една Објава е вмешана во сите овие дела, но ние денес го поседуваме само она што луѓето кои манипулирале со текстовите сакале да ни го остават, што го правеле по своја волја или според околностите во кои се наоѓале и според потребите со кои морале да се соочат. Кога овие објективни податоци ќе се споредат со оние кои ги откриваат Воведите во различните Библии, и ден-денес наменети за популаларизација, станува јасно дека фактите во нив се прикажани на сосема поинаков начин. Се премолчуваат фундаментални факти кои се однесуваат на редакцијата на книгите, се кажуваат двосмислености кои го збунуваат читателот, фактите се сведуваат до минимум, до таа мера што даваат лажна претстава за реалноста. Така, многу Воведи во Библиите ја искривуваат вистината. Иако во повеќе наврати цели книги (како Петокнижието) се преработувале, сè се сведува на тоа да се спомне дека деталите можеле да бидат подоцна додадени. Се дискутира во врска со некој безначаен пасус на некоја книга, но се премолчуваат пресудните факти кои би заслужувале подолги изложувања. Жално е да се види дека, со цел на популаризација, во Библијата се одржуваат толку неточни поими. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Vidi vidi, kakva tema?
Pa nemaat za so da pisuvaat ovie be. Vnatre vo biblijata niso ne im pisuva.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ПРОСВЕТИТЕЛОТ
Група Регистриран: 09.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 61 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Продолжуваме со Книгите на Стариот Завет. Понатаму ќе се говори за историските, пророчките и поетските и мудросни книги од Стариот Завет.
Историски книги
Преку нив и пристапуваме на историјата на еврејскиот народ, од неговото влегување во Ветената земја (кое, најверојатно, датира од крајот на VIII век пр.н.е.) до вавилонското ропство во VI век пр.н.е. Овде акцентот е ставен на она што може да се нарече „национално збиднување“ претставено како исполнување на божествениот збор. На раскажувањето, всушност, многу малку му е грижа за историската точност: книга како што е онаа на Јошуа им се покорува, пред сè, на теолошките мотиви. По тој повод, професорот Е. Жакоб ја истакнува отворената контрадикција меѓу археологијата и текстовите за божемните разорувања на Јерихон и Аја. Книгата Судии е концентрирана на одбраната на избраниот народ од непријателите кои го опкружуваат и на помошта што му ја дава Бог. Книгата повеќепати била преработувана, на тоа мошне објективно сигнализира Р. П. А. Лефевр (R. P. A. Lefevre) во Воведот на Библијата Крампон (Cramron): тоа го сведочат измешаните воведи и додатоци. Историјата на Рут се поврзува со овие приказни од Судиите. Книгата на Самуел и книгите на Царствата, пред сè, се биографски зборници кои се однесуваат на Самуел, Саул, Давид и Соломон. Нивната историска вредност е спорна. Од оваа гледна точка, Е. Жакоб во нив наоѓа многу грешки: можни се двојни и тројни верзии на еден ист настан. Пророците Илија, Елисеј, Исаија, исто така, тука имаат свое место, се мешаат историски црти и легенди. Но, за другите коментатори, како што е Р. П. А. Лефевр, „историската вредност на овие книги е фундаментална“. Првата и втората книга Летописи, книгите Ездра и Неемија би можеле да имаат еден единствен автор, наречен хроничар кој живеел на крајот на IV век пр.н.е. Тој се прифаќа во текот на целата историја, од создавањето до оваа епоха, а неговите генеалогии, сепак, одат само до Давид. Всушност, тој особено ја користи книгата Самуел и книгите на Царствата „небрежно ги копира, не грижејќи се за недоследностите“ (Е. Жакоб), но тој, исто така, ги додава и прецизните факти кои археологијата ги потврдува. Во овие дела постои грижа историјата да се приспособи кон теолошките потреби: Е. Жакоб пишува „авторот понекогаш ја креира историјата тргнувајќи од теологијата“. „Така, за да објасни дека кралот Манасија, дегенерик и прогонувач, имал долго и просперитетно владеење, тој го постулира преобраќањето на овој крал во текот на едно престојување во Асир (Втора книга Летописи, 33, 11), за кое не се зборува во ниеден библиски или вонбиблиски извор“. Книгите Ездра и Неемија биле крајно критикувани затоа што се полни со нејаснотии и затоа што се однесуваат на еден период кој, со недостатокот на вонбиблиски документи, останува многу малку познат – тоа е периодот на IV век пр.н.е. Меѓу историските книги се ставаат книгите Товит, Јудита и Естир, во кои се пројавени најголеми слободи во однос на историјата: промена на сопствените имиња, измислување на личности и настани, и сето тоа се прави со најдобра религиозна намера. Тоа се навистина новини со морализаторска склоност, преполни со историски неверојатности и неточности. Двете книги Макавејски се целосно различни; за настаните од II век пр.н.е. даваат колку што е можно поточен приказ на историјата на овој период и поради тоа претставуваат сведоштва од голема вредност. Значи, целоста на книгите кои се сметаат за историски е многу неизедначена. Во нив, историјата е обработена на начин кој што е колку научен толку и фантастичен. Пророчки книги Под ова име се издвојуваат проповедите на разните пророци кои во Стариот Завет се сместени до големите пророци чие учење е евоцирано во книгите како што се оние на Мојсеј, Самуел, Илија и Елисеј. Пророчките книги го покриваат периодот од VIII до II век пр.н.е. Од VIII век пр.н.е. се поместуваат книгите на Амос, Хоше, Исаија и Михеј. Првиот е славен по својата осуда на социјалната неправда, вториот по осудата на религиозната расипаност поради која ќе страда во својата плот (бидејќи морал да се ожени со една света проститутка од паганскиот култ), имитирајќи го својот Бог кој страда поради расипаноста на својот народ, но секогаш му ја дава својата љубов. Исаија е фигура од политичката историја: советник на царевите, тој доминира со настаните – тој е Пророк на Големината. Според неговите ученици, на неговите сопствени дела им се додава извршувањето на неговите пророкувања, и тоа до III век пр.н.е.: протести против нееднаквоста, стравот од Божјиот суд, најавата за ослободување во времето на прогонството, најавата за враќањето на Евреите во Палестина во еден подоцнежен период. Извесно е дека во вториот и во третиот дел на Исаија, пророкувачката активност е удвоена со политичката грижа која се јавува во јасна светлина. Проповедањето на Михеј кој е современик на Исаија, произлегува од истите општи идеи. Во VII век пр.н.е. во проповедањето се истакнуваат Софониј, Еремија, Наум и Хабакук. Еремија ќе заврши како маченик. Неговите пророштва ги собрал Варух. Тој можеби е автор на Тажаленките. Вавилонското пророштво во почетокот на VI век пр.н.е. предизвикало интензивна пророчка активност чија голема фигура е Езекиил, во својство на утешител на своите браќа, меѓу кои влева надеж. Неговите визии се славни. Книгата на Обадија е поврзана со несреќното освојување на Ерусалим. По прогонството кое завршува во 538 год. пр.н.е., пророчката активност повторно зема замав со Агеј и Захарија, за да се привлече вниманието за повторната изградба на Храмот. Кога Храмот е довршен, она што е напишано под името Малахија, содржи различни пророштва од духовна природа. Зошто книгата за Јона е вклучена во пророчките текстови кога Стариот Завет не му припишува текстови во вистинската смисла на зборот? Јона е приказна од која произлегува главниот факт: неопходното потчинување на Божјата волја. Според христијанските коментатори, од историска гледна точка, Даниил е деконцетрирачката апокалипса, а сепак е пишувана на три јазици (еврејски, арамејски и грчки). Тоа би било дело од макавејската епоха, од II век пр.н.е. Авторот сакал да ги убеди своите сонародници од времето на „ужасот од очајувањето“ дека времето на ослободување е блиско, за да ја задржи нивната верба. (Е. Жакоб). Поетски и мудросни книги Тие ги сочинуваат збирките кои поседуваат неспорно литературно единство. На првото место меѓу нив се наоѓаат Псалмите, споменик на еврејската поезија. Повеќето од нив се напишани од Давид, а дел од Левит и од свештениците: нивна тема се пофалбите, преколнувањата, медитациите. Нивната функција му припаѓала на литургискиот вид. Книгата за Јов, книга на мудроста и побожноста par exellence, би се датирала од 400 до 500 години пр.н.е. Тажаленките за падот на Ерусалим, во почетокот на VI век пр.н.е., би можеле да му се припишат на Еремија. Треба да се посочи уште Песната над песните, алегориската песна за божествената љубов, пред сè, книгата на Мудрите изреки, збирката на зборовите на Соломон и на другите дворски мудреци, на Проповедникот или на Кохелет во која се расправа за земската среќа и за мудроста. Како се случило тоа, оваа збирка книги, крајно невоедначена според содржината, пишувана во текот на период од барем седум века, која произлегува од крајно различни извори, подоцна споени во едно исто дело, во текот на вековите да успее да формира една неразделна целост и, покрај некои варијанти, според заедниците, да стане книга на јудео-христијанската Објава, „канон“, грчки збор со кој се врзува смислата за неповредливоста? Спојот не потекнува од христијанството туку, од самиот јудаизам, во првата етапа, без сомневање, во VII век пр.н.е., со тоа што подоцнежните книги се додале кон она што е отпрвин сочувано. Сепак, треба да се забележи сосема привилегираното место кое отсекогаш им се придавало на првите книги што ги формираат Тората и Петокнижието. Откако се исполниле објавите на пророците (ветувањето на казната според грешките), не било тешко нивните текстови да се додадат кон книгите кои порано биле прифатени. Истото било и со ветувањата на надеж што обилно ги влевале истите проповедници. Во II век пр.н.е. веќе е конституиран „Канонот“ на пророците. Втората книга, како што се Псалмите, поради својата литургиска улога, била интегрирана со други списи како што се Тажаленките и мудросните списи на Соломон и на Јов. Христијанството, првобитното јудео-христијанство кое толку добро го проучиле модерните автори, каков што е кардиналот Данило (Daniélou), тоа ќе се види понатаму, пред да ја доживее реформата под дејство на Павле, сосема нормално го прифатило ова наследство на Стариот Завет со кое толку тесно се поврзани авторите на евангелијата. Но, ако е извршено „чистење“ на евангелијата со елиминирањето на „апокрифите“, не се сметало дека истото мора да се изврши и со Стариот Завет, и така, тие целосно, или речиси во целост, биле прифатени. Кој би се осмелил да оспори нешто во врска со овој неизедначен спој до крајот на средниот век? Никој, или речиси никој. Од крајот на средниот век до почетокот на новиот век се јавиле неколку критики: укажавме на тоа погоре но, сепак, Црквите успеале да го наметнат својот авторитет. Автентичната критика на текстот, без сомнение, е родена во нашето време но, ако нејзините црковни специјалисти посветиле многу талент да ги испитаат многуте одделни точки, тие сметале дека е подобро да не се оди премногу напред во она што со еуфемизам го нарекле „тешкотија“. Изгледа дека воопшто не ги привлекува нивното изучување во светлината на модерните сознанија. Ако се има желба да се вршат историски паралели, особено тогаш кога се јавува извесна согласност меѓу нив и библиските раскази, сè уште нема ангажирања на патот кон едно искрено и продлабочено споредување, со оглед на тоа што се забележува дека тоа би можело да доведе до оспорување на поимот за кој досега не се расправало: вистинитоста на јудео-христијанските Свети книги. Изменето од ПРОСВЕТИТЕЛОТ - 02.Јуни.2007 во 22:48 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Не биди како оној кој го собира знаењето на учените и мудроста на мудрите, а кон Вистината се однесува како еден од глупавите.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Dobro, da procitame ponatamu....
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Alo Prosvetitele!!!
ПРОДОЛЖИ!!!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ostaj go, spie!!!!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ПРОСВЕТИТЕЛОТ
Група Регистриран: 09.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 61 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Стариот Завет и модерната наука; констатации
Малку теми во Стариот Завет, впрочем, како и во евангелијата, даваат повод за конфронтација со податоците од модерните научни сознанија. Но, кога постои несогласување меѓу библискиот текст и науката, тогаш се работи за прашања кои можат да бидат квалификувани како големи.
Во претходното поглавје веќе видовме дека во Библијата се наоѓаат историски грешки и цитиравме некои од оние што ги извршиле еврејските и христијанските егзегети. Овие последниве имаат природна тенденција да им ја намалат важноста; тие го сметаат за сосема нормално тоа што светиот автор можел да претстави историски факти преку теологијата пишувајќи, значи, историја за потребите на предметот. Подоцна, во врска со Евангелието според Матеј, ќе ги видиме истите слободи во однос на реалноста и истите коментари кои имаат за цел да се прифати за вистинито она што е спротивно на вистината. Еден објективен и логичен дух не може да биде задоволен со ваквиот начин на постапување. Од аспект на логиката, во Библија можат да се откријат значителен број контрадикции и неверојатности. Постоењето на различни извори кои служеле за составување на приказната може да биде причина на два начини да се проповеда истиот настан, но и повеќе од тоа: различните преработувања, дополнителните додатоци на самиот текст, како што се коментарите додадени a posteriori, но сепак подоцна вклучени во приказната за време на новото препишување, сето тоа им е добро познато на специјалистите за критика на текстот, а некои тоа многу чесно го истакнувале. Само за Петокнижието, на пример, Р. П. де Воа, во својот Општ вовед во преводот на Битието, подробно ги прикажал многубројните несогласувања кои овде не би требало да ги репродуцираме, бидејќи повеќето од нив ќе ги цитираме во оваа студија. Оттаму се извлекува општиот заклучок дека текстот не треба буквално да се сфаќа. Еве еден многу карактеристичен пример: Во Битието (6, 3) кусо пред Потопот, Бог одлучува животот на човекот да го ограничи на сто и дваесет години. „...ете деновите нивни нека им бидат сто и дваесет години.“ Но малку подоцна (во Битие 11, 10-32) се забележува дека десет потомци на Ное живееле од 148 до 611 години (понатаму ќе биде прикажана табела во која го претставуваме Потомството на Ное до Авраам). Контрадикторноста меѓу овие два пасуси е очигледна. Објаснувањето е многу едноставно. Првиот пасус (Битие 6, 3) е јахвистички текст кој, како што тоа порано го видовме, датира од X век пр.н.е. Другиот пасус (Битие 11, 10-32) е многу понов текст (VI век пр.н.е.) од свештенската традиција, од кој потекнуваат овие генеалогии, исто така прецизни во набројувањето на траењата на животите, како што се неверојатни кога ќе се земат сите заедно. Токму во Битието постојат најочигледни несогласувања со модерната наука. Тие содржат три битни точки: 1. создавањето на светот, неговите етапи; 2. датумот на создавањето на светот и датумот на појавата на човекот на земјата; 3. приказните за Потопот. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Не биди како оној кој го собира знаењето на учените и мудроста на мудрите, а кон Вистината се однесува како еден од глупавите.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ateist
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 757 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Баш би сакал да чујам натаму според таа математика, пред колку време „Господ го створил“ Адам? |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ateist
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 757 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ако добро израчунаш, се доаѓа до бројка од 4000 год пред Исус, или слабо рачунам?
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ПРОСВЕТИТЕЛОТ
Група Регистриран: 09.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 61 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Речиси 4000 години, Ateist. Поточно 3761 години пред Исус или пред 5768 години. За тоа ќе расправаме подоцна, а сега збор два за создавањето на светот.
Како што Р. П. де Воа забележал, Битието „започнува со две паралелно ставени приказни за создавањето“. Од аспект на нивната согласност со научните податоци, треба посебно да се испитуваат.
Прва приказна за создавањето Првата приказна го опфаќа првото поглавје и првите стихови од второто поглавје. Тој е пример за неточности од научен аспект. Неговата критика треба да ја разгледуваме фрагмент по фрагмент. Текстот кој овде го репродуцираме е земен од II издание на преводот на Светото Писмо на македонски јазик, – Прво поглавје, стихови 1 и 2 „Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата. Земјата беше безоблична и празна; и имаше темнина над бездната; Духот божји лебдеше над водата.“ Може да се прифати дека во стадиумот во кој земјата уште не била создадена, она што ќе стане вселена онаква каква ја познаваме, било урнато во темнината, но навестувањата за постоењето на води во овој период е чиста и обична алегорија. Веројатно тоа е превод на еден мит. – Стихови 3 до 5: „И рече Бог: ,Нека биде светлина!‘ и би светлина. И виде Бог дека светлината е добра; и ја оддели Бог светлината од темнината. И светлината Бог ја нарече ден, а темнината ја нарече ноќ. И би вечер, и би утро – ден први.“ Светлината која ја пробива вселената е резултат на комплексни реакции кои се случуваат на ниво на ѕвездите, на кои ќе се навратиме во третиот дел од оваа книга. Според Библијата, во овој стадиум на создавање ѕвездите уште не се формирани, бидејќи „светилките“ на небесниот свод во Битието се наведуваат дури во 14-тиот стих, како создадени во четвртиот ден да „го делат денот од ноќта“, „да ја осветлуваат земјата“, што е целосно точно. Дури и повеќе, да се смести во првиот ден постоењето на утрото и вечерта е чиста алегорија: вечерта и утрото, како елементи на денот, можат да се замислат само по постоењето на Земјата и нејзината ротација под осветлувањето на нејзината сопствена ѕвезда: Сонцето! – Стихови 6 до 8 „Потоа рече Бог: ,Нека има свод среде водата и тој да разделува вода од вода!‘ И создаде Бог свод; и ја одвои водата од под сводот од водата над сводот. Така и стана. И сводот Бог го нарече небо. И би вечер, и би утро – ден втори.“ Митот вода и овде продолжува, со поделбата на овие на два слоја со помош на еден свод кој, во расказот за Потопот, ќе ги пропушти горните води да се излеат на земјата. Оваа слика на одвојувањето на водите во две маси научно не е прифатлива. – Стихови 9 до 13 „И рече Бог: ,Нека се собере водата, што е под небото, на едно место, и нека се појави суво!‘ И стана така. И сувото Бог го нарече земја, а собраните води ги нарече – мориња; и виде Бог дека е добро.“ „И пак рече Бог: ,Нека израсте од земјата зеленило-трева, што дава семе, според својот род и вид, и дрво плодородно на земјата, што дава плод и има во себе семе, според својот род и вид!‘ И стана така... И виде Бог дека е добро. И би вечер, и би утро - ден трети.“
Фактот дека во одделна епоха од историјата на земјата, додека оваа уште била покриена со вода, се појавило копното, научно е сосема прифатливо. Но, дека се појавил многу организиран растителен свет со репродукција со помош на семињата пред постоењето на Сонцето (Битието го става во четвртиот ден) и дека се воспоставува замената на денот и ноќта, сосема е неприфатливо. – Стихови 14 до 19 „Потоа рече Бог: ,Нека се појават светила на сводот небески, што ќе ја осветлуваат земјата за да го делат денот од ноќта, и да бидат знаци и за времињата, и за деновите и за годините; и нека светат на сводот небески, за да ја осветлуваат земјата!‘ И би така. И создаде Бог две големи светила: светило поголемо да управува со денот, а светило помало да управува со ноќта, и ѕвезди; И ги постави Бог на сводот небески да ја осветлуваат земјата, и да управуваат со денот и ноќта, и да ја одделуваат светлината од темнината. И виде Бог дека е добро. И би вечер, и би утро – ден четврти.“ Описот на библискиот автор овде е прифатлив. Единствена забелешка која може да ја има овој пасус е местото кое го зазема целината на приказната. Имено, се знае дека Земјата и Месечината потекнуват од својата изворна ѕвезда: Сонцето. Сместувањето на создавањето на Сонцето и Месечината по создавањето на Земјата е сосема спротивно на солидно утврдените поими за формирањето на елементите во сончевиот систем. – Стихови 20 до 24 „Потоа рече Бог: ,Нека произведе водата лазачи, живи суштества, и птици да полетаат над земјата, под сводот небески!‘ И би така. И создаде Бог големи риби и секаков вид животни влекачи, а кои ги произведе водата, според нивниот род, како и секаков вид крилати птици, според родот нивен. И виде Бог дека е добро. И ги благослови Бог, велејќи: плодете се и множете се, и наполнете ја водата во морињата, и птиците нека се множат на земјата. И би вечер, и би утро – ден петти.“ Овој пасус содржи неприфатливи тврдења. Во Битието се вели дека појавата на животинскиот свет започнува со водените животни и со птиците. Според библиското кажување, а тоа ќе го видиме подоцна, дури утредента самата земја ќе се наполни со животни. Навистина, животните потекнуваат од морето: ова прашање подоцна ќе го разгледаме. Ако може да се каже, оттаму земјата е колонизирана од животинскиот свет и се тврди дека токму од животните кои живееле на површината на земјата, еден посебен вид рептили кои живееле на површината на земјата во мезозоикот потекнуваат птиците; оваа дедукција ја дозволуваат бројни биолошки карактеристики, заеднички за двата вида. Во Битието, животните на земјата се спомнуваат дури во шестиот ден, по појавата на птиците. Значи дека не е прифатлив овој распоред на појавата на животните и на птиците на земјата. – Стихови 24 до 30 „Пак рече Бог: ,Нека произведе земјата од себе разни суштества според родот нивен: добиток, и лазачи, и ѕверки земни според нивниот род!‘ И би така. И создаде Бог ѕверови земни, според родот нивен, и добиток според родот негов, и секакви гадинки на земјата, според родот нивен. И виде Бог дека е добро.“ „Потоа Бог рече: ,Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар над рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите – над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата!‘“ „И го создаде Бог човекот според образот свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде.“ „И ги благослови Бог и им рече: ,Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и завладејте ги рибите морски, и ѕверовите, и птиците, и сиот добиток, и со целата земја, и со сите животни што лазат по земјата!‘ И рече Бог: ,Еве, ви дадов секаков вид растение, што дава семе, и какво што има по целата земја, и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид: тоа да ви биде за храна! А на сите ѕверови земни, и на сите птици небески, и на сè што се движи по земјата, и во кое има жива душа, им ги дадов сите тревни растенија, за да имаат да јадат.‘ Така и стана. И виде Бог дека е многу добро сè она што го создал. И би вечер, и би утро – ден шести.“ Тоа е описот на довршувањето на создавањето во кој авторот ги набројува сите живи суштества кои порано не се спомнати и ги евоцира средствата за живот кои им стојат на располагање на луѓето и на животните. Како што видовме, погрешно е што појавата на животните на земјата е сместена по појавата на птиците. Но, појавата на човекот на земјата коректно е сместена по појавата на другите живи суштества. Приказната за создавањето завршува со трите први стихови од второто поглавје: „Така се доврши небото и земјата и со сета своја војска (забелешка: во македонскиот превод стихот започнува вака – Така се доврши небото и земјата и сиот украс нивен). И ги заврши Бог до седмиот ден делата Свои, што ги направи; и си отпочина во седмиот ден од сите дела Свои, што ги создаде. И го благослови Бог седмиот ден, и го освети, зашто во тој ден си отпочина од сите дела Свои, што ги направи и создаде. Ете така настанаа небото и земјата...“ Ова кажување за седмиот ден бара коментар. Најпрвин, за значењето на зборовите. Текстот е преземен од преводот на Библиското училиште на Ерусалим. Изгледа дека „војска“ овде значи мнозинство создадени суштества. Што се однесува на изразот „отпочина“, тоа е начинот на кој директорот на Библиското училиште на Ерусалим го превел зборот „шабат“ кој прецизно значи „тој се одмори“, оттаму денот на еврејскиот одмор на македонски се транскрибира како „сабат“. Очигледно е дека овој одмор што Бог го земал откако по шест дена ја завршил работата, е легенда, но таа има објаснување. Не треба да се заборави дека приказната за создавањето што ја испитуваме е земена од традицијата наречена свештенска, а ја напишале свештеници или писари, духовните наследници на Езекиил, пророкот на вавилонското прогонство во VI век пр.н.е. Се знае дека овие свештеници ја преземале јахвистичката и елохистичката верзија на Битието, и дека ја преобликувале по своја волја, според своите индивидуални преокупации, за кои Р. П. де Воа напишал дека им е битен „легалистичкиот“ белег. Тоа и погоре го изложивме. Додека јахвистичкиот текст кој е повеќе векови постар од свештенскиот, во врска со создавањето воопшто не го спомнува сабатот на Бог кој е изморен од еднонеделната работа, свештенскиот текст го воведува во својата приказна. Тој ја дели приказната на денови, со многу прецизно значење на денот во седмицата, и го центрира околу саботниот одмор кој треба да се оправда во очите на верниците, нагласувајќи дека Бог тоа прв го почитувал. Тргнувајќи од оваа практична потреба, приказната за создавањето е водена со очигледна религиозна логика, но на начин за кој податоците од науката ни дозволуваат да го наречеме фантастичен. Ова интегрирање на сукцесивните фази на создавањето во рамките на седмицата кое свештенскиот автор го посакувал со цел да поттикне придржување кон религијата, не може да се брани од аспект на науката. Во наше време совршено добро знаеме дека формирањето на вселената и земјата е вршено во етапи кои се протегаат во крајно долги временски периоди чие траење модерните научни податоци не ни овозможуваат ни приближно да го определиме. Дури и ако приказната завршеше вечерта во шестиот ден и не го содржеше споменот на седмиот ден „Сабат“, во кој Бог се одморал, дури и ако се работи за неопределени периоди, а не за денови во вистинската смисла на зборот, свештенскиот расказ поради тоа не би бил помалку неприфатлив, бидејќи сменувањето на нивните епизоди е во формална контрадикција со елементарните научни поими. Така, свештенскиот расказ за создавањето се укажува како ингениозна творба на имагинацијата која имала сосема поинаков објектив во сознавањето на вистината. Втора приказна Втората приказна за создавањето која се наоѓа во Битието е продолжение на претходната, без преоди и коментари, и не е помалку подложна на критики. Да се потсетиме дека оваа приказна има постар датум, некаде околу три века. Таа е многу куса и повеќе зборува за создавањето на човекот и на земскиот рај отколку за создавањето на земјата и на небото што ги евоцира многу кратко: „Ете така настанаа небото и земјата, во она време кога Господ Бог ги создаде земјата и небото. И секое растение полско, што уште не беше на земјата, и секоја тревка земна, што уште не беше никнала, зашто Господ Бог уште не праќаше дожд на земјата, ниту, пак, имаше човек што ќе ја обработи земјата, но се креваше пара од земјата. И ја натопуваше површината на целата земја. А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен: и човекот стана жива душа.“ (Пог.2, 4б-7) Таква е приказната неречена јахвистичка која се наоѓа во текстовите на Библијата со која сега располагаме. Дали оваа приказна, која подоцна ќе се додаде кон свештенската приказна, првобитно била толку кратка? Никој не би можел да каже дали јахвистичкиот текст бил ампутиран во текот на времето, никој не би можел да каже дека неколкуте реда кои ги поседуваме претставуваат сè, во врска со тоа што содржел најстариот текст на Библијата за создавањето. Оваа јахвистичка приказна не го спомнува формирањето на Земјата и небото во вистинската смисла на зборот. Од неа подразбираме дека во мигот кога Бог го креирал човекот, не постоела земјина вегетација (уште немало дожд), иако водите кои доаѓале од земјата ја покриле површината на почвата. Продолжетокот на текстот тоа го потврдува „И насади Господ Бог рај во Едем, на исток; и таму го смести човекот што го создаде.“ Така, растителниот свет се појавува на земјата во исто време кога се појавил и човекот што научно е неточно: човекот се појавил на земјата тогаш кога таа веќе долго време имала вегетација, иако не може да се каже колку стотици милиони години изминале меѓу овие два настана. Тоа е единствената критика која можеме да му ја упатиме на јахвистичкиот текст: не ситуирајќи го временски создавањето на човекот во однос на формирањето на светот и на земјата, кои свештенскиот текст ги сместил во иста седмица, тој ја избегнува сериозната критика упатена кон овој последниов. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Не биди како оној кој го собира знаењето на учените и мудроста на мудрите, а кон Вистината се однесува како еден од глупавите.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
MMMM, kade e sega evangelos da "popuva" za naucnite "cuda" vo Biblijata?
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
па ова и е научно чудо... Ако можевте да забележите, најновите генетски истражувања, ДОКАЖУВААТ (за разлика од само шпекулациите на еволуцијата) дека СИТЕ ЛУЃЕ на планетава настанале од еден маж и една жена, кои не живееле повеќе од 60.000 години пред нас... Како што реков со ова се урна еден од големите митови на еволуцијата, и ги фрли шпекулантите во паника... Само погледнето го документарецот „Потрагата по научниот Адам“, што одеше на Дискавери и Национал Географик за повеќе инфо... А и второ нешто, што мора тука да се додаде, е дека просветителот погрешна математика користи, бидејќи тој претпоставува дека буквално секое колено е спомнато, и дека нема периоди за кои родословијата молчат... но тоа е веќе друга тема... |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ПРОСВЕТИТЕЛОТ
Група Регистриран: 09.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 61 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Се согласувам со аџија дека бројката 3761 можеби е приближна, оти Стариот Завет, поточно Битето, ни дава податоци за сите Авраамови предци во директна линија од Адам, додека за да го пресметаме времето кое го дели Авраам од Исус, треба да се свртиме кон други извори. Во понатамошниот текст ќе се образложи подетаљно...
Датумот на создавањето на светот и датумот на појавата на човекот на земјата Утврден преку податоците од Стариот Завет, еврејскиот календар прецизно ги ситуира овие две дати: првата половина на христијанската 2007 година, соодвествува на 5768 година од создавањето на светот. Човекот, чие создавање следело неколку дена подоцна, значи има иста старост со онаа изразена во бројките на годините според еврејскиот календар. Навистина е потребно да се изврши коректура поради начинот на сметањето на времето кое првично се изразувало во месечеви години, додека западниот календар е базиран на сончеви години. Но, коректурата од 3%, која би требало да се изврши ако сакаме да сме апсолутно прецизни, има мала важност. За да не ги комплицираме пресметувањата, подобро е да се воздржиме од неа. Овде е битен видот на големината и малку е важно дали бројот на годините на еден милениум е пресметуван со можност на грешки од триесет години. За да бидеме поблиску до вистината, да речеме дека по оваа еврејска проценка создавањето на светот се става триесет и седум века пред нашата ера. Што нè учи модерната наука? Би било тешко да се одговори на тоа кога станува збор за формирањето на вселената. Она што може да се изрази во бројки е епохата на формирањето на сончевиот систем која може временски да се лоцира со задоволувачка веројатност. Времето што нè дели од него се проценува на четири и пол милијарди години. Значи дека може да се процени маргината која ја дели денес добро утврдената реалност од податоците извлечени од Стариот Завет. Тие произлегуваат од минуциозните испитувања на библискот текст. Значи дека Битието дава многу прецизни индикации за времето што поминало од Адам до Авраам. За периодот од Авраам до христијанската ера, добиените податоци не се доволни. Треба да се комплетираат од други извори. 1. Од Адам до Авраам Книгата на Битието, во своите родословија од поглавјата 4, 5, 11, 21 и 25, дава крајно прецизни податоци за сите Аврамови предци во директна линија од Адам. Посочувајќи на траењето на животот на секој од нив, со времето на староста на таткото во времето на раѓањето на синот, таа овозможува лесно да се утврдат датумите на раѓањето и смртта на секој предок во однос на создавањето на Адам, како што е означено во следната табела: Аврамово родословие
Оваа табела е утврдена преку податоците кои потекнуваат од свештенскиот текст на Битието: тоа е единствен библиски текст кој дава прецизности од овој вид. Од тоа се заклучува дека според Библијата Авраам е роден 1948 години по Адам. 2. Од Авраам до христијанската ера За овој период Библијата не дава никакви податоци со бројки кои би можеле да ни овозможат проценки за предците на Аврам, толку прецизни, колку што се оние од Битието. За да го пресметаме времето кое го дели Авраам од Исус, треба да се свртиме кон други извори. Епохата на Авраам денес се става околу осумнаесет века пр.н.е., со мала можност за грешка. Овој податок, комбиниран со индикациите на Битието за интервалот кој го дели Авраам од Адам, нè наведува на тоа да го сместиме Адам околу триесет и осум века пред нашата ера. Оваа проценка е неспорно погрешна: нејзината неточност доаѓа од грешката за траењето на периодот Адам-Авраам содржана во Библијата, на која еврејската традиција сè уште се базира за да го воведе својот календар. Во наше време, со традиционалните бранители на библиската вистина може да се согледа несогласувањето на овие имагинативни проценки на еврејските свештеници од VI век пр.н.е. со модерните податоци. Овие проценки во текот на многуте векови служеле како основа за датирање на настаните од стариот век во однос на Исус. Обично, Библиите кои се издавани пред модерната епоха, во еден експликативен предговор им ја претставувале на читателите хронологијата на настаните кои се одвивале од стариот свет до епохата во која овие книги се објавени; бројките малку варирале според епохите. На пример, Клементовската Вулгата од 1621 година давала такви индикации ставајќи го Аврам малку порано и сместувајќи го создавањето околу XL векови пр.н.е. Полиглотската Библија Волтон, издадена во XVII век, освен библиските текстови на повеќе јазици, на читателот му нуди табели аналогни на оваа за предците на Авраам која овде ја утврдивме. Речиси сите проценки се согласувале со бројките кои се овде изложени. Кога дошло модерното време, за издавачот веќе било невозможно да ги задржи таквите фантастични хронологии, а да не биде во контрадикција со научните откритија кои создавањето го ставале во една значително порана епоха. Задоволило тоа што се тргнале табелите и предговорите, но многу се внимавало читателите да се информираат за застареноста на библиските текстови кои порано биле базични, за да се редигираат таквите хронологии кои веќе не можеле да се сметаат за израз на вистината. Повеќе одговарало преку нив да се фрли срамен превез и да се пронајде формула на учена дијалектика за да се прифати текстот таков каков што некогаш бил, без какво и да е скратување. Поради тоа, родословијата од свештенскиот текст сè уште уживаат углед, иако е разумно дека во XXI век веќе не може да се смета времето врз база на оваа фикција. Што се однесува до датумот на појавата на човекот на земјата, модерните научни податоци допуштаат да се одреди само од онаа страна на определената граница. Можеме да бидеме убедени во тоа дека човекот е способен да мисли и да работи што го разликува од другите живи суштества кои анатомски изгледаат дека му се блиски и дека тој постои на Земјата по еден проверлив датум, но никој не би можел прецизно да го определи датумот на неговата појава. Сепак, денес може да се тврди дека се најдени остатоци на едно мислечко и трудољубиво општество чија старост се мери со единиците од десетина илјади години. Ова апроксимативно датирање се однесува на предисторискиот тип на човек кој е откриен во најново време, видот неоантропус (човекот од Кромањон). Навистина, другите откритија на очигледните човечки остатоци кои се однесуваат на помалку еволуирани типови (палеоантропус), а се направени на многу делови од земјата; единицата за нивната старост може да биде стотици илјади години. Но, дали тоа се првите луѓе? Како и да е, научните податоци кои се однесуваат на нео-антропоидите се доволно прецизни за да ги сместиме далеку пред епохата во која Битието ги става првите луѓе. Според тоа, постои очигледно несогласување меѓу она што може да произлегува од нумеричките податоци од Битието кои се однесуваат на појавата на човекот на Земјата, и на најоснованите научни сознанија на нашето време. Изменето од ПРОСВЕТИТЕЛОТ - 08.Јуни.2007 во 11:34 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Не биди како оној кој го собира знаењето на учените и мудроста на мудрите, а кон Вистината се однесува како еден од глупавите.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 678910 63> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |