IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Љубов без Вера или Вера без Љубов ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Љубов без Вера или Вера без Љубов ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
Прашање: Што мислите што ќе влезе во Царството Небесно ?
Одговор Гласови Статистика
5 [83,33%]
1 [16,67%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2007 во 00:05
Цитирај Мојот пост е моја мисла, не е никаков цитат. Нормално за нас атеистите да сме глупи и да не знаеме да составиме реченица, нели? Мора да сум го препишал од некаде....
Ако ти звучи познато, баш би сакал да знам кого тоа без и самиот да знам, сум цитирал.
Ова е само доказ за лицемерието за кое зборував. Патетично...

Не ме разбра Атеист. Кога напишав „цитираниот текст“ зборував за твојот текст во мојот пост.

Цитирај
Она што јас го носам нема да го достигнеш дури ни за милион години. Дали си бесчесен, безвреден, ништожен се гледа, но прашањето е дали си ЧОВЕК.
Далеку сум од тебе другарче. Далеку далекууу


Не се сомневам во тоа и не сум ни некој предизвик за споредување.

Цитирај , не би сакал да бидам како тебе.

немој ни да бидеш, јас веќе си кажав каков сум...

Сепак има една вредност која нас последните ќе не направи први...
а првите ќе ги направи последни...

ја признавме вистината за себе и за Бога.


Цитирај Во врска со мене си во право дека кога би имал власт би ги исчистил и хомосексуалци, атеисти и....
Ама сепак тоа нема да го сторам. Нема да го сторам заради Божјата заповед. Инаку би го сторил. Какви и да се моите чувства, ќе се смирам и заповедта на добриот Господ нема да ја прекршам.
Не сум само за тебе во право, за сите. Тоа ли е љубовта за која зборувате? Љубов со толку омраза???? Ви треба ли заповедта за да Ве спречи да направите чистка на се што е поинакво?
Еве доказ дека го немаш примено бог во себе иако го тврдиш спротивното. Во таква религија ли веруваш која, како што рече во еден пост на друга тема, дека е ненасилна? Со требење на сите останати? Гледам само доказ дека се што реков е вистина.


Мојата омраза е дело на човекот во мене, во нас, а воздржувањето од делата на мојата/нашата омраза е заслуга на верата во која верувам/е. Оние кои се поусовршени веќе и не мора да се воздржуваат туку искрено ги љубат и противниците. Јас таква мера на љубовта засега немам иако би сакал да ја имам.

Оние кои не веруваат во верата која ги воздржува и спречува од правења злодела го немаат невидливото јаже кое го држи ѕверот врзан и на ѕверот му се препуштаат.


Изменето од sard - 04.Јуни.2007 во 00:06
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2007 во 00:47
Цитирај Мојата омраза е дело на човекот во мене

Бидејќи вие не верувате во човекот а и самиот се изјасни дека тоа не си, значи дека тоа е дело на сатаната во тебе. Се додека ја имаш, нема да бидеш ниту верник, ниту човек, ниту пак ќе знаеш што е љубов.
Не ми цитирај од библијата. Кажи некоја твоја мисла.
Мене човекот во мене не ми дозволува ни да помислам на такво нешто.
Цитирај Оние кои се поусовршени веќе и не мора да се воздржуваат туку искрено ги љубат и противниците. Јас таква мера на љубовта засега немам иако би сакал да ја имам.

Кога ќе ја имаш, тогаш врати се на форумов и кажи дека си верник и знаеш што е љубов. Дотогаш си многу далеку и од верување и од љубов.

Изменето од Ateist - 04.Јуни.2007 во 00:55
Кон врв
MaVnaTa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 165
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MaVnaTa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2007 во 00:55
Originally posted by sard sard напиша:

Оние кои не веруваат во верата која ги воздржува и спречува од правења злодела го немаат невидливото јаже кое го држи ѕверот врзан и на ѕверот му се препуштаат.
i mu se prepustija.procitajte sto iznapisaa.sto ocekuvate od nevernici.videte so koj recnik se sluzat
Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2007 во 01:02
Да им се препуштија таканарачени верници кои во суштина тоа не се и ниту биле.
Цитирај sto ocekuvate od nevernici.videte so koj recnik se sluzat

Тоа на мене се однесува? Со каков тоа речник јас се служам? Прочитај ги постовите на твоите другари верници, да видиш со каков речник тоа вие се служите
Кон врв
MaVnaTa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 165
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MaVnaTa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2007 во 01:21
upadna kako termit.se sluzis so niski udari.koja ti e celta?da se pokazes kako ateist deka si bezgresen gord na toa sto si.bidi gord tvoj izbor,no ne sudi nikomu koj sto e i kakov e.
Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2007 во 01:39
А вистината боли најмногу, нели?
Ако нешто не сакам кај некого тоа е лажниот морал и егоизмот.
Од една страна некој да тврди дека само верниците знаат што е љубов, а од друга страна да може би истребил 80% од светот со неговата „Љубов“. Тоа во ниедна вера го нема.
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2007 во 10:29
Originally posted by Ateist Ateist напиша:

Погледнете се само (повеќето од вас верниците, нема да именувам, ќе се препознаат сами). Толку млади, паметни, образовани..... а трескате глупости како некоја баба симната од планина, која сиромашката нема друго видено освен нива и гора.

Значи ние атеистите појма немаме што е тоа љубов, да не жали човек. Поголема глупост, здравје. Која хипокризија, двоен морал, Вие другарчиња сте за жалење.
Гледам и не можам да се изначудам. Кој најде тоа да зборува за љубов. Луѓе исфрустрирани до таа мерка, заслепени, дури и при очи не гледаат, дури ни подалеку од носот свој. Најголемиот број џелати, крвници и убијци се верници. А познавам луѓе, атеисти кои (секој поединечно) имаат повеќе љубов од сите вас заедно, драги мои самонаречени „верници“.

Читајки ги вашите постови, не само на оваа тема, гледам едно чудо луѓе (ако можат себе си да се наречат луѓе) кои да случајно се на власт макар и 5 минути би погубиле се што е различно од нив, хомосексуалци, припадници на друга вероисповест, атеисти. Толку сте полни со огорченост и омраза кон се што е поинакво од вас. Животински нагон да се плашите од се што Ви е непознато.

Лицемери едни, Вие ли најдовте да зборувате за љубов. Вие кои се нарекувате верници а ниедно божјо правило не почитувате. Треба еднаш да сватите дека сите сме еднакви, дури и „Вашиот бог“ тоа го вели, но очигледно сите погрешно си го толкувате, онака како вам Ви одговара.

Богат е оној кој знае, а уште побогат оној што се знае себе си. Отворете ги ширум очите и погледајте, но погледајте навнатре, кон себеси, кога внатре ќе видите Човек, тогаш ќе правиме муабет за љубовта.
Се нарекувате луѓе? Зошто? Затоа што одите исправено и на две нозе? Колкумина од вас се само змии, кучиња, мравки....

Не ми треба религија за да знам што е љубов, не ми треба друга вера освен верата во себе. Кога ќе еволуирате, (ако и се случи тоа еден ден) ќе сватите во колкава заблуда сте биле.


Има ли подобар контра аргумент на твоите тези, од твојот сопствен пост? Big%20smile
Преполн со самобендисана „љубов“ преку дрско плукање по се што не е во склад со таа „љубов“ се прогласи и за самоповикан „Месија“ кој ќе не просветлувал нас јадните заблудени баби... И во таа твоја самозаљубеност, толку се возљуби што посегна по, простете на изразот, „самозадоволување“ пред публиката на идивиди...

Ако мислиш дека тоа е убава слика, се лажеш, бидејќи гледајќи те како се препелкаш во сопствената кривотворевина наречена „љубов“, успеа преку првиот пост да створиш одвратна слика за сопственото битие... Засега го држиш рекордот, преку еден пост досега не сум сретнал човек до тоа ниво да се самоуништи...

Значи во моментот кога ќе доживееш „врв“ на своето самозадоволување, да не речам нешто друго, можеби ќе ти помине меракот за секунда-две, па ќе спознаеш дека „љубовта“ е екстерна работа, насочена кон објектите вон себе, и дека секој став на несогласување со „ближните“ треба да го искажеш барем со доза на достоинство и почит, а не со бљувотини кои освен самиот повраќач, ги тераат и другите на повраќање...
Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2007 во 12:26
Цитирај Има ли подобар контра аргумент на твоите тези, од твојот сопствен пост?
Преполн со самобендисана „љубов“ преку дрско плукање по се што не е во склад со таа „љубов“ се прогласи и за самоповикан „Месија“ кој ќе не просветлувал нас јадните заблудени баби... И во таа твоја самозаљубеност, толку се возљуби што посегна по, простете на изразот, „самозадоволување“ пред публиката на идивиди...

Кога човек нема аргументи нормално да напише вакво нешто, просто немам коментар, нема што да се коментираат вакви „контрабљувотини“.
Господине Аџија,
Кој ве повика да кажувате дека атеистите не знаат што е љубов, дека се се никакви луѓе, ништожни, бедни. Нема да се навраќам на постовите и да ги цитирам еден по еден, ги има премногу, каде што се плука кон се што не е православно или не е верник, тоа всушност беше и поводот да напишам неколку постови. (Ве молам прочитајте ги постовите на вашите истомисленици). Ако тоа не е за повраќање не знам што е. Тоа ви е душевна храна, да се критикува се што е поинакво од вас, дури имаше и такви изјави дека би ги убиле сите кои не се православни.
Тоа ли е вашата мирољубива вера која не ве учи на насилство?

Ако сте навистина верници, ќе има место во вашите срца и за сите останати затоа што, сите сме еднакви пред бога според вашето ви верување, или луѓе според моето.

Ако сте навистина верници, ќе знаете да ги почитувате сите оние кои припаѓаат на друга вера (видов премногу „верници“ кои, да го употребам твојите изрази се самозадоволуваа овде и свршуваа само затоа што биле православни). Е тое господине Аџија е самобендисаност, ако не успеавте тоа кај вашите истомисленици да го видите, искрено Ве жалам.

Ако сте навистина верници, ќе знаете дека верската определба е право на избор на секој човек и да ја почитувате неговата определба, па макар да било тоа и секта (како што Вие ја нарекувате, не знам само зошто, некој и вашата вера може да ја нарече секта).

Изменето од Ateist - 04.Јуни.2007 во 12:31
Кон врв
ultra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2616
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ultra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2007 во 12:31
Tоа и мене ми беше поентата. Ако човек каже дека верува во Господ, ако “напише“ (читај copy/paste) неколку молитви или цитати од библија значи дека е верник? Пре би ракла дека е самонаречен верник.
Кон врв
oblachinja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Март.2006
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 4990
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oblachinja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2007 во 13:43
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Ги разгледуваме САМО овие два екстрема, кои се понудени како опции за избор во оваа анкета.
 
Дали мислите дека радикалното настапување како Верник, без израз, манифестација и развој на Љубовта може само по себе да го спаси човекот или човекот треба да се потруди да во сите свои мисли, желби, дела и зборови ја има најнапред Љубовта ?


Wink
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2007 во 13:47
се сложувам со влечка...

ако некој навистина напишал дека би ги убил сите неправославни, или сите немуслимани, или било што друго (иако такво нешто не прочитав), тој што сака нека тврди за себе, ама тој човек не е ВЕРНИК на вистинскиот Бог, не е слуга на вистината, доброто и љубовта... Значи не е МОЈ истомисленик, туку ваш...чувајте си го...Wink

но колку ли е иронично, атеисте, ти кој се самоповика да бидеш мерило за љубовта на другите, да со своите постови настапиш до таа мера дрско што најдобро ја поби тезата дека атеистите имаат љубов? Нели требаше ти да не просветлиш, наз затуцаните инквизисти, со твојата модерна широкоградост и толеранција?

за жал само уште еднаш потврди дека „братството и единството“ не е возможно од атеистичка појдовна точка. Како и би било возможно да си брат со некого, освен ако, нели, имате ист ТАТКО, како што тврди токму верата...

Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2007 во 14:59
Јас не зборувам напамет:
Цитирај Во врска со мене си во право дека кога би имал власт би ги исчистил и хомосексуалци, атеисти и....

А таквиот верник чувајте си го за себе, нека ви дава слика какви суштества сте вие верниците, јас не припаѓам на класата верници. Значи и при очи се правите слепи. Но својствено за вас верниците, да го гледате само она што ви одговата. Ако вам бог ви дал очи (не мене туку вам верниците), тогаш отворете ги и гледајте.

Изменето од Ateist - 04.Јуни.2007 во 15:04
Кон врв
oblachinja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Март.2006
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 4990
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oblachinja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2007 во 15:10
koj go rekol ova......
Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2007 во 15:28
Цитирај за жал само уште еднаш потврди дека „братството и единството“ не е возможно од атеистичка појдовна точка. Како и би било возможно да си брат со некого, освен ако, нели, имате ист ТАТКО, како што тврди токму верата...

Кажете ми Господине Аџија, дали имате пријатели атеисти, пријатели од друга вероисповест? Јас имам иверници пријатели и од друга вероисповест, но сите тие ја почитуваат мојата определба, дали ти можеш да го кажеш истото за себе?
Тогаш ќе ви кажам дали може да постои Братство и единство.
Ако примети, моите постови беа општи и не се однесуваа конкретно на никого, најмалку на тебе.
Можеби и сум најголемиот серко на форумов, но за тебе и за сите други сум Господин најголем серко, но во склад со твоето однесување и јас ќе се однесувам така.
Цитирај но колку ли е иронично, атеисте, ти кој се самоповика да бидеш мерило за љубовта на другите, да со своите постови настапиш до таа мера дрско што најдобро ја поби тезата дека атеистите имаат љубов? Нели требаше ти да не просветлиш, наз затуцаните инквизисти, со твојата модерна широкоградост и толеранција?

Не сум ни помалку ни повеќе, ироничен ни дрзок од твоите пријатели „верници“, теоријата за љубов прво ја побивте вие со вашите постови за непостоењето љубов кај атеистите (повторно ќе те замолам да ги прочиташ постовите на твоите пријатели) Или и од нив ќе се одречеш?
Секоја чест на исклучоци (исклучоците го потврдуваат правилото, нели) но, повеќето беа такви во своите постови.
Имам неколку прашања до вас православните верници:
Дали често одите во црква?
Дали имате дома библија или сте ја почитале?
Дали постите во времето на пост?
Ако барем на едно прашање одговоривте со „не“ тогаш не нарекувајтте се себеси верници
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.