|
КРШТЕВАЊЕ НА БЕБИЊА-ДА ИЛИ НЕ? |
Внеси реплика | страница <1 1516171819 72> |
Автор | ||||||
oblachinja
Сениор Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
gledaj sega...ako krstish dete dodeka e bebe i ne razbira..a potoa stane nevernikateistshto se sluchuva?Zatoa e podobro sekoj da se krsti na vozrast koga ke bide dovolno svesen sam da ja prifati verata
|
||||||
|
||||||
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
ateistite ne se shugavi pa so ako bea krsteni mislite vi ja kontaminiraa verata i religijata? Изменето од anakin - 03.Јуни.2007 во 23:36 |
||||||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Бронхи, ние немаме Свето Писмо и Свето Предание, туку Светото Писмо ни е Свето Предание кое Светиот Дух преку Библиските писатели го канонизирал во Светото Писмо и ставил точка веднаш по последниот стих од книгата Откровение.
Оттаму па наваму ние имаме: Свето и Боговдахновено Писмо (Библија) и Човечко Предание.
Раните свети отци никогаш не се повикувале на својот авторитет туку секогаш повикувале кон авторитетот на Светото Писмо - Библијата.
Ако светите отци ни го толкуваат писмото, тогаш кој да ни ги толкува нивните книги? Ја сваќаш поентата?
Без разлика колку последователни толкувачи имаш, ти на крајот ќе мораш да дојдеш до толкувањето на сопствениот разум, кој ни е од Бога даден за да го користиме.
Христос, неколку дена пред да се раздели од своите ученици, им вети дека ќе им го испрати Светиот Дух (Духот на вистината) и дека Тој ќе не упати во целата вистина.
Христос никаде не вети дека ќе ни прати толкувачи на Светото Писмо кои ќе ни го толкуваат Писмото (спротивно на Неговото учење), туку...
Една од задачите на Светиот Дух е да ни помага во правилното разбирање на Светото Писмо, особено околу важните доктрини, како што е и крштевањето.
Светиот Дух поставува одредени христијани за учители и тие се грижат за правилното учење во црквата, што е сосема друго од "стари отци" чии книги би требало да ги ставиме на исто ниво со Светото и Боговдахновено Писмо и тие, поточно некои од нив, да ни кажуваат да крштеваме бебиња или да обожаваме икони или да осветуваме води, да се молиме на светци, да ја обожаваме Марија итн.
Со други зборови, не може Божјиот Дух да е контрадикторен со Самиот Себе. Неговото учење во однос на овие работи е хармонично и конзистентно низ сите 66 протоканонски книги од Библијата и зошто би се сменило во некоја наредна книга? Значи ако некоја наредна книга тврди нешто спротивно од Библиските книги, тоа е само доказ дека Бог не е авторот на таа книга!
Јас се препознав во Библиските Христијани, а ти?
Изменето од EvAngelos - 04.Јуни.2007 во 00:56 |
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
пошто така почнавме сега и јас малку да пошарам по постовите
[QUOTE=EvAngelos]
Бронхи, ние немаме Свето Писмо и Свето Предание, туку Светото Писмо ни е Свето Предание кое Светиот Дух преку Библиските писатели го канонизирал во Светото Писмо и ставил точка веднаш по последниот стих од книгата Откровение.
Оттаму па наваму ние имаме: Свето и Боговдахновено Писмо (Библија) и Човечко Предание.
Раните свети отци никогаш не се повикувале на својот авторитет туку секогаш повикувале кон авторитетот на Светото Писмо - Библијата.
Имаме свето писмо и свето предание ама изглеа дека ЕвАнгелос не ја разбира разликата меѓу нив секо збор Божји и секое него во дело и поука што ги кал направил не било возможно да се запише зашто и самите апостоли велат дека ако се запишало се она што говорел и правел христо во целиот свет немало да се соберат од него напишаните книги
Светото писмо без толкувањето и објаснувањата од страна на Светата црква и не може да биде разбрано. Не може кој како сака да си го толкува..., а такви обиди овде има еден мал милион... Ако светите отци ни го толкуваат писмото, тогаш кој да ни ги толкува нивните книги? Ја сваќаш поентата?
Без разлика колку последователни толкувачи имаш, ти на крајот ќе мораш да дојдеш до толкувањето на сопствениот разум, кој ни е од Бога даден за да го користиме.
Христос, неколку дена пред да се раздели од своите ученици, им вети дека ќе им го испрати Светиот Дух (Духот на вистината) и дека Тој ќе не упати во целата вистина.
Христос никаде не вети дека ќе ни прати толкувачи на Светото Писмо кои ќе ни го толкуваат Писмото (спротивно на Неговото учење), туку...
книгите на светите оци се толкувања на текстот и нема потреба да се толкуваат а она што не е толкување е доволно јасно, точно дека бог ни дал разум и ние треба да се користиме со него ноима некој работи кои се надвор од рамките на нашиот разум затоа ни треба помош бидејќи сме помарачени од гревот светите оци го имале светиот дух како нивна покрепа односно раководител. ако секој човеи може сам да си ја протолкува библијата видовме со тоа до каде отидоа протестантите. еве еден пример Ориген еден од најголемите црковни писатели на златрниот период сам ги протолкувал зборовите од светото писмо каде се вели дека има едни кој се шкопени за царството божје од мајчината утроба а други треба сами тоа да го направат па си извршил авто кастрација повели и ти така толкувај па ке видиш до каде ке отидеш Една од задачите на Светиот Дух е да ни помага во правилното разбирање на Светото Писмо, особено околу важните доктрини, како што е и крштевањето.
Светиот Дух поставува одредени христијани за учители и тие се грижат за правилното учење во црквата, што е сосема друго од "стари отци" чии книги би требало да ги ставиме на исто ниво со Светото и Боговдахновено Писмо и тие, поточно некои од нив, да ни кажуваат да крштеваме бебиња или да обожаваме икони или да осветуваме води, да се молиме на светци, да ја обожаваме Марија итн.
Со други зборови, не може Божјиот Дух да е контрадикторен со Самиот Себе. Неговото учење во однос на овие работи е хармонично и конзистентно низ сите 66 протоканонски книги од Библијата и зошто би се сменило во некоја наредна книга? Значи ако некоја наредна книга тврди нешто спротивно од Библиските книги, тоа е само доказ дека Бог не е авторот на таа книга!
наведими цитат каде во светото писмо се забранува светење вода, почитување на икони (самонемој 2ра божја заповед пошто за неја сто поста сум ти напишал) почитување на Мајката Божја и кои од книгите на Светото писмо се контрадикторни едни на други Изменето од чаир - 04.Јуни.2007 во 23:50 |
||||||
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Не се секирај, ЕвАнгелос многу добро разликува Свето Писмо од Човечки приказни. Точно е дека Исус направил многу повеќе од тоа што евангелистите ни запишале во Новиот Завет, но Бог од сето тоа го одбрал најважното за нас и го канонизирал во Новиот Завет, за да христијаните имаат доволно информации како правилно да го обожаваат Бог, правилно да ги толкуваат доктрините, правилно да ја водат црквата итн, во тие 27 книгички Бог во својата премудрост ни дал ни повеќе, ни помалку, туку доволно букви за да не застрануваме по свети овој или свети оној.
Смешно е што го наведуваш тој стих каде што апостолот вели дека ИСус направил многу повеќе од колку што тие запишале, небаре вашите стари отци од 8 век знаеле што друго направил Христос па ги допишале тие "дополнители" илјадници книги. Толку ли не сваќате дека таму апостолот симболично зборува за да ја нагласи широчината и длабочината на Христовото учење и делување? Од каде знаел апотолот колку книги има во целиот свет за да даде таква споредба? Од каде знаел Јован Дамски што Исус направил, а апостолите ги мрзело да запишат? Епа ако не знаел, тогаш зошто го цитирате тој стих за да ги оправдате писанијата на Светите Отци како боговдахновени?
Читајте и разберете: Светото Писмо е доволно за го направи Божјиот човек совршен за секое добро дело (2 Тимотеј 3:16)
Ако Светото Писмо не ти е доволен авторитет, еве ќе ти цитирам нешто и од вашите херои - "отците"
Атаназије Велики: Светото и Боговдахновено Писмо е сосема ДОВОЛНО за објавување на вистината (Атанасије: Контра Паганите I:3)
Јован Златоуст: Велат дека нештата околу рајот треба да ги разбереме НЕ КАКО ШТО ПИШУВА, туку на друг начин. Но кога Св. Писмо сака да не научи нешто, ТОА СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ, И НЕ ДОЗВОЛУВА ЧИТАТЕЛОТ ДА ПОГРЕШИ! Затоа ве молам и преколнувам, ДА ГИ ЗАТВОРИМЕ НАШИТЕ ОЧИ ЗА СЕ ДРУГО, И ИСКЛУЧИВО ДА ГО СЛЕДИМЕ КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО. (13 Хомилија на Битие).
Го прочита горниот цитат од Јован Златоуст?
Ако не, еве ти го пак:
Јован Златоуст: ...Но кога Св. Писмо сака да не научи нешто, ТОА СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ, И НЕ ДОЗВОЛУВА ЧИТАТЕЛОТ ДА ПОГРЕШИ!
Велиш дека ние сме помрачени од гревот? Кажи ми зошто светите "отци" би биле исклучок? И тие да не се наоѓаат во вашиот список на "безгрешни луѓе" заедно со блажената Марија? ц ц ц...
Велиш дека светите "отци" го имале светиот дух како поткрепа? Сакаш да кажеш дека ние го немаме? Дека со смртта на последниот стар "отец" Светиот Дух се повлекол назад?
Па нели Христос ни вети дека Тој ќе остане со нас довека, да не утешува, охрабрува, упатива во вистината итн?
Ако мислиш дека го немаш Светиот Дух, размисли малку на овој стих:
Но вие не сте телесни, туку духовни, ако Божјиот Дух навистина живее во вас. Но ако некој го нема Христовиот Дух, тој не е Негов. (Римјаните 8:9)
Ај наведи ми цитат во Светото Писмо каде што се забранува осветување на магариња? Тогаш зошто не осветувате и магариња?
НАведи ми цитат во Светото Писмо каде се забранува осветување на четка за заби? Епа зошто не осветувате четки за заби?
Зарем ќе одиме со премисата: Дозволено е се што не е забрането?
Ќе му вадиме карти од ракав на Господ? Си размисли колку книги би биле потребни за Бог да ни забрани што се не треба да правиме? Не велам дека Бог не може да направи толку книги, но може ли човек да прочита толку книги?
Доволно ли ќе ти биде ако ти кажам дека ни Христос, ни апостолите, ни Јован Крстителот, ни било кој од пророците не "осветувале вода"?
Ако се нарекувате апостолска црква, тогаш зошто не го следите нивното учење и пракса, туку си измислувате некои нови бизнис-практики што врска немаат со апостолите, туку само со џебот на поповите!
Доволно ќе биде ако ти кажам дека ни Христос, ни апостолите не користеле икони при нивната служба? А можеле на пример да си направат икони од Свети Илија, од верниот Авраам (таткото на евреите), праведниот Ное, праведниот Јов, или било кој од пророците, но такво нешто нема да најдеш ни во евангелијата, ни во делата на апостолите, ни во некое послание.
Втората Божја заповед јасно и гласно забранува користење на икони како медиуми при општењето со Бог!
Извини што ти ја спомнав Втората Божја заповед, знам дека ти боде очи. Разбирливо Словото да не боцка таму каде што делуваме контра него. Па затоа и е наречено меч!
Прочитај ја мојата реплика на твојот пост во темата "Почитување на светите икони", мислам дека добро ти е објаснето таму.
Зошто апостолите не ја спомнале Марија во нивните посланија до црквите? Зошто заборавиле да им пренесат нешто толку важно што по неколку века ќе се воздигне дури и над Христос?
Каде е наречена Марија пресвета? Безгрешна? Дева? (со минимум 4 сина без Исус, и неколку ќерки) Кој заповедал да и се молиме на неа?
Дали Христовата модел-молитва изгледа вака:
Мајка наша која си на небото... или вака
Татко Наш Кој си на небото... ?
Не знам од каде го ископа ова, не сум рекол јас такво нешто - скраја да е!
Сепак кога веќе го начна ова... контрадикторни книги на Светото Писмо се дефтероканонските книги, некои од книгите на некои свети отци, к*ранот, итн.
Поздрав Чаир!
Изменето од EvAngelos - 05.Јуни.2007 во 02:28 |
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
teorija i razum logicki(covecki)nauka-eden kup!
blagodat-nikade! |
||||||
hardcore
Сениор Регистриран: 20.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 268 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Spored mene,krstevanjeto e eden od najsvetite cinovi.Isus se krstel zatoa sto zemal covecki oblik i slegol megju svoite.Bebinjata se krstevaat zatoa sto treba da ja primat vo svoite srca verata svoja i da se odreknat ednas za sekogas od satanata.Toa e najubaviot del vo celiot covecki zivot za mene.
|
||||||
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
како може бебе да се одрекне од ова? тоа не е свесно само за себе, не па за Сатана |
||||||
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
за да поверуваш треба да го чуеш Словото, ИНАКУ како и во ШТО ќе поверуваш?!?!? на бебињата и да им читаме од кај ќе знаат што е ТОА?
апсолутно ПОГРЕШНО е да се крштеваат! |
||||||
hardcore
Сениор Регистриран: 20.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 268 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Vo samiot cin na krstevanjeto,koga se citaat delovi od svetoto pismo,togas Bog i govori na dusata sto ja pratil vo toa telo....Bebeto telesno ne se odreknuva zatoa sto ne e svesno,no duhovno....toa e nesto drugo...Zosto se banjaat bebinjata pri krstevanje?Za da se izmie prviot grev od niv(kako se rodeni)zosto Isus ne bil taka sozdaden.Bebeto ne go slusa slovoto,no dusata,go poznava govorot na svojot sozdatel...
|
||||||
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
морав да се насмевнам, од кај го извади ова хардкор, друже, во цело Свето писмо вакви упатства и толкувања нема...значи измислени се!
Гревот кај нив постои но не е ‘жив‘, тие не се под осуда на Законот дека не го слушнале! На кршавањето му претходи ПОКАЈАНИЕ - бебе не може да се покае ОБРАЌАЊЕ И ВЕРА ВО ХРИСТА - бебе не може да се обати ни да поверува КРШТАВАЊЕ - јавно признавање на верата во Христа и Неговото дело- ова бебе не може да го направи кршавање бев ПОКАЈАНИЕ И ВЕРА Е ЏАБЕ КРШТАВАЊЕ, или ќе се плашиме дека бебињата кога ке пораснат ке забегаат и ке прифатат друга вера па им го ставаме јаремот на врат зошто нас ни се сака, и ке ги правиме христијани, па и Хитлер бил крстен па што??? |
||||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ако свесното верување е неопходно за крштевање што правиме тогаш со ментално заостанатите лица кои не можат да развијат и изразат свесно познавање и верување во Бога. Дали тогаш тие треба да останат некрстени?
|
||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
епа тогаш дај да искористиме ситуација, овие што се по болнициве, во кома, во несвест, или под анестезија, да ги покрстиме сите, пошто којзнае дали ќе се разбудат... а и онака кој ги прашува нив... |
||||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Прашањето е сериозно, одговорете ако имате одговор!
|
||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||
Внеси реплика | страница <1 1516171819 72> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |