|
На денешен Ден |
Внеси реплика | страница <1 23456 36> |
Автор | |
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1431.- По процесот пред
англискиот црковен суд во Руан, на клада е спалена француската
национална хероина Јованка Орлеанка. Осудена е на смрт поради
обвинението дека е еретик и вештерка.
1498.- Шпанскиот морепловец со италијанско потекло Кристофер Колумбо со шест бродови исплови од шпанското пристаниште Санлукар на третото патување во Новиот свет, за време на кое ги откри Тринидад и брегот на Јужна Америка. 1640.- Во Антверпен умре Петар Паул Рубенс, фламански сликар, еден од најголемите мајстори на барокниот стил. Соединувајќи ги најдобрите традиции на италијанското сликарството и сликарството во северниот дел на Европа, тој создаде слики полни со драматика, еротика, раскош на костимите и сјај на боите. Роден е во Зегин, на 28.06.1577 година. 1672.- Во Москва е роден Петар Велики, цар на Русија. Беше коренит реформатор на рускиот социјален, економски и општествен живот. Се истакна како војсководец на копно и море. Беше мошне вешт политичар и дипломат. Основа многу училишта. Престолнината ја пресели во новоизградениот Петерсбург, односно Петроград. Умре во Санкт Петерсбург, на 8.02.1725 година. 1778.- Во Париз умре Франсоа Волтер, француски писател, историчар и филозоф. Негово најпознато дело е филозофско-дидактичкиот роман "Кандид". Напиша и неколку епопеи, историски дела, трагедии и комедии. Роден е во Париз, на 21.11.1694 година. 1876.- Во Постите на Брач е роден Владимир Назор, хрватски писател, најзначаен писател на своето поколение. Негови најпознати дела се „Словенски легенди“, „Вели Јоже“, „Лирика“, „Дневник со партизаните“ и други. Умре во загреб, на 19.6.1949 година. 1909.- Роден е американскиот кларинетист и композитор Бенџамин Гудмен, познат како Бени Гудмен, еден од првите бели музичари кои се спротивставија на расната сегрегација. Во 1934 година формира џез оркестар во кој повика и црни музичари. Сними десетина филмови, а се занимаваше и со класична музика- го сними концертот за кларинет на Волфганг Амадеус Моцарт, а свиреше и со симфониски орекестар. 1912.- Умре американскиот пилот и конструктор на авиони Вилбур Рајт, пионер на авијацијата, кој заедно со братот Орвил во 1903 година, во авион што самите го изработија , го изведе првиот лет во историјата на воздухопловството. Летот траеше 59 секунди и за тоа време авионот мина 285 метри. Браќата Рајт веќе во 1905 година конструираа авион што прелета 39 километри. 1913.- Во Лондон е склучен мир меѓу Турција , од една страна , и Србија, Црна Гора, Грција и Бугарија, од друга страна, за завршување на Првата балканска војна. Турција ги загуби сите свои балкански земји западно од линијата Енос-Мидија. Победниците ги поделија освоените територии и тоа : Бугарија - Тракија до линијата Енос- Мидија и источна Македонија, Грција - јужна Македонија до Солун и дел од Епир, Србија- централна и западна Македонија, Санџак, Косово и Метохија и Црна Гора - дел од Санџак и Метохија. По малку време дојде до жесток спор меѓу Бугарија и Србија околу Македонија. Тоа беше повод за нова пресметка, во која Бугарија стана „агресор“-почна Втората балканска војна. 1918.- Умре Георгиј Валентинович Плеханов, руски филозоф, политичар, историчар, критичар, естетичар и социолог. Најпознати негови дела се "За улогата на личноста во историјата", "Нашите размислувања" и "Уметноста и општествениот живот". Роден е на 11.12.1856 година. 1960.-Умре рускиот пистаел Борис Леонидович Пастернак, добитник на Нобеловатанаграда за литература за 1958 година, остар критичар на болшевичката диктатура, чија длабоко интимна интелектуална лирика делуваше пресвртнички на руската и на светската поезија. Беше прогонот од СССР во времето на тоталитарниот режим на Сталин , но ни подоцна не беше миленик на власта. 1973.- Западна Германија и Чехословачка постигнаа Договор за нормализација на односите, ставајќи крај на 32-годишните несогласувања меѓу двете земји. 1981.- Во Бангладеш во обидот за државен удар, убиен е претседателот Аиаур Рахман. 1998.- Во земјотресот, што ја зафати северната авганистанска провинција Тахар, загинаа најмалку три илјади лица. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1594.-
Во Венеција умре Јакопо Робусти Тинторето, италијански сликар. Тој
изврши големо влијание врз подоцнежните поколенија, особено врз
импресионистите. Роден е во Венеција, во 1518 година. 1854.- Во Загреб умре Ватрослав
Лисински, еден од најдаровитите илирски композитори, втемелувач на
операта, соло-песната, на хорската и оркестарската музика во Хрватска.
Роден е во Загреб, на 8.7. 1819 година. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Меѓународен ден на детето
1804.- Во Новоспаско, кај Смоленск, е роден Михаил Ивановиќ Глинка, руски композитор и еден од основачите на националниот музички стил во Русија. Со своите композиции го прослави рускиот музички стил во целиот свет. Тој ја компонираше првата руска национална опера "Иван Сусанин", како и операта "Руслан и Људмила". Компонираше оркестарски дела, камерна музика, романси и друго. Умре во Берлин, на 15.2. 1857 година. 1876.- Во борбата против турската војска загина Христо Ботев, бугарски револуционер, поет и публицист. Пропагираше јужнословенско единство и социјалистички идеи. Неговата поезија е борбена, социјално бунтовна, но секогаш уметнички вредна. Песните "Борба", "Ѓурѓовден" , "Хаџи Димитар" содржат трајни универзални пораки со слободарско-бунтовнички карактер. Роден е на 6.1.1849 година. 1880.- Во САД е поставена прва јавна телефонска говорница во светот, во зградата на "Јејл банката" во Њу Хевен. 1926.- Во Лос Анџелес е родена Норма Џин (Мерилин Монро), американска филмска артистка. Играше во филмовите "Џунгла на асфалтот", "Нијагара", "Автобуска станица" и "Седум години верност". Умре на 5.08.1962 година. 1941.- Германците го освоија Крит и заробија 13.000 британски војници со што обезбедија важна база во Втората светска војна за операции на Блискиот Исток и во Северна Африка. 1943.- Врз основа на известувањето на германските шпиони во Мадрид, германски ловци соборија еден британски патнички авион, сметајќи дека во него се наоѓа британскиот премиер Винстон Черчил. Во злосторничкиот напад загинаа сите патници, меѓу кои и познатиот филмски артист Лесли Хауард. 1945.- Стапи во сила одлуката на Владата на ДФ Македонија од 19 мај 1945 за формирање на Македонски федерален статистички уред. на 1 јуни 1995 година е донесена одлука со која 1 јуни се прогласува за Ден на статистичарите на Македонија. 1947.- Започна мелиорацијата на Струмичкото Поле, односно прокопувањето на каналот за исушување на Моноспитовското блато. 1953.- Во Женева е основана Европската организација за нуклеарни истражувања. 1968.- Умре Хелен Келер, американска писателка и преведувач. Слепа и глувонема од втората година на животот, со одличен успех завршува филозофски студии и стана истакнат јавен работник на полето на општествената реформа . Напиша повеќе автобиографски дела , меѓу кои "Историја на мојот живот" и " Светот во кој живеам". Родена е во 1880 година. 1974.- Умре Хуан Перон, аргентински политичар и државник. Роден е во 1895 година. 1992.- Во Скопје е поставен камен - темелникот на Домот - музеј на народна музика, објект што на Македонија и го подарија македонските естрадни уметници Есма и Стево Теодосиевски. Свечено е пуштен во употреба во мај 1996 година. 1994.- Во Скопје е поставен камен темелник на Институтот за применета кинезиологија и рехабилитација. 1994.- Јужна Африка по 33 години се врати во Британскиот комонвелт. 1994.- Армандо Калдерон Сол стана прв претседател на Ел Салвадор по завршувањето на граѓанската војна која повеќе децении траела во оваа држава. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1740.- Роден е
францускиот писател Донасјен Алфонс Франсоа де Сад, познат како Маркиз
де Сад, чии дела обилуваат со развратни сцени, познат по сексуалните
перверзии, од чие презиме е воведен изразот садизам. Францускиот цар
Наполеон Втори нареди да биде затворен во шарантонската болница како
умоболен. Негови најпознати дела се " Јустина", Жилиета" и " 120 денови
на Содома".
1840.- Роден е Томас Харди, англиски писател. Поради специфичниот реализам и извонредно пластичниот опис на амбиентот во кој се случува дејството на неговите романи, тој е сметан за најдобар англиски автор од тоа време- " последен викторијанец" .Неговите дела целосно го застапуваат трагично-фаталистичкиот поглед на светот. Умре на 11.1.1928 година. 1882.- На островот Капрера умре Џузепе Гарибалди, италијански револуционер и демократ, водач за обединување на Италија со револуција. Се истакна како смел воен раководител на народните маси. Роден е во Ница, на 4.07.1807 година. 1902.- Во селото Пателе, Леринско, Егејска Македонија, во борба против турската војска, откако му приврши муницијата, се самоуби Диме Абдарманов, истакнат македонски револуционер. Беше член на ТМОРО од 1896 година, а како комита особено стана популарен како народен заштитник. Роден е во Патале. 1924.- Конгресот на САД го призна правото на државјанство на сите Индијанци. 1945.- Комисијата за јазик и правопис дефинитивно го усвои проектот на македонскиот правопис, кој е озаконет со решение на Министерството за народна просвета на Демократска Федеративна Македонија од 7.06.1945 година. 1946.- Во Италија со референдум е прогласена Република. Затоа 2 јуни е прогласен за национален празник на Италија. 1949. - Арапската блискоисточна држава Трансјорданија го промени името во Хашемитско кралство Јордан. 1953. - Британска кралица Елизабета Втора е крунисана во Вестминстерската катедрала во Лондон и тоа беше прва таква церемонија во историјата што ја пренесуваше телевизијата. 1966.- На Месечината се спушти првиот американски вселенски брод "Сервејер-1", без човечки екипаж. 1984.- Во Скопје умре Кирил Македонски, македонски композитор, чие име е поврзано со настанокот на првата македонска национална опера "Гоце", која својата прва претстава ја доживеа во Скопје во 1954 година. Покрај камерни творби, тој пишуваше музика и за радиодрами и за театарски пиеси, потоа за краткометражни филмови, како и за играниот филм "Македонска крвава свадба". Роден е во Битола, на 19.01.1925 година. 1987.- Во Мадрид умре Андрес Сеговија, еден од најпознатите шпански музичари-гитаристи, кој ја пренесе славата на шпанската гитара низ целиот свет. За неговото име се врзува и поговорката "нема гитара како шпанската, а Сеговија од неа направи кралица, боженство". Роден е во Лимарес, на 17.2. 1893 година. 1995.- Во едно предградие на Чикаго, САД, е регистриран Ротари клубот Скопје, кој на 1.7.1995 година официјално е промовиран како член на Ротари интернешенел. Прв претседател беше Димитар Јуруковски, директор на ИЗИС. 2004.- Хари Костов е избран за премиер на Република Македонија. Опозицијата не присуствуваше на гласањето за избор на новиот владин Кабинет, што го предложи Костов. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1878.- Англија го присвои Кипар.
Претседателот на бристанската влада Бенџамин Дизраели потпиша таен
договор со Портата, со кој Англија се обврза да ги брани турските
поседи во Азија, а како награда за тие „идни услуги“ Турција и го
предаде на „привремена управа“ островот Кипар- важна стратегиска точка
во источниот дел на Средоземното Море. До овој настан дојде неколку
дена пред почетокот на Берлинскиот конгрес, каде се решаваше прашањето
на Санстефанскиот мир и териториите што ги држеше Турција. Англија,
подготвувајќи се за берлинскиот конгрес, настојуваше да ги зајакне
своите позиции на штета на Портата со „заштита на турските интереси
загрозени со Санстефанскиот мир“. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светски ден на
заштитата на животната средина. Во Стокхолм, на 5 јуни 1972 година, на
Првата конференција на Обединетите нации за животна средина, 5 јуни е
прокламиран за Светски ден за заштита на животната средина. 1967.- Почна израелската вооружена агресија врз Египет, Сирија и Јордан. Овој, трет по ред, израелско-арапски судир траеше шест дена. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1799.- Во Москва е роден Александар
Сергеевич Пушкин, еден од најголемите руски и светски писатели. Негови
најпознати дела се "Евгениј Онегин", "Борис Годунов", "Пикова дама" и
"Капетановата ќерка". Умре во Санкт Петербург, на 10.02.1837 година. 1948.- Во Скопје е формиран Пионерскиот дом "Карпош". |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1494. - Колонијалните сили Португалија и Шпанија во Тордесиља потпишаа спогодба за поделба на новооткриените земји, според која териториите источно од 50-от степен географска должина (западно од Гринич) ги доби Португалија, а западно од таа линија Шпанија. Границата ја повлече иницијаторот на спогодбата, папата Александар, за да ги спречи судирите на колонијалните сила во Новиот свет. Во 17. и 18. век во борба за колониите се вмешаа и Англија и Холандија, кои не ја почитуваа папината поделба. 1523.- По победата над Данците, Густав Васа е прогласен за крал на Шведска под името Густав И. 1945.- Со решение на Министерството
за народна просвета на Демократска Федеративна Македонија е озаконет
Правописот на македонскиот јазик, чиј дефинитивен текст беше усвоен пет
дена порано. Утврдувањето и озаконувањето на Македонскиот правопис
преставуваше израз на континуираната борба на македонскиот народ за
свој литературен јазик и правопис, кој во понатамошните години се
надградуваше со нови содржини. 1993.- Умре д-р Милош Константинов, македонски етнолог и историограф. Роден е во Ресен, на 28.3.1926 година. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
-Ден на културата на Република Македонија -Ден на Социјалните работници на Македонија 1610. - Првите холандски иселеници во Америка се истоварија на островот Менхетн, денеска централен дел на Њујорк. 1912.- Во селото Црвена Вода, охридско е роден Ванчо Николески, истакнат македонски писател. Негови познати дела се "Македонче", "Школско ѕвонче", "Крај огниште", "Мице", "Волшебното самарче" и "Гоце Делчев", "Чуден свет". Умре во Охрид, на 15.04.1990 година. 1912.- Во Љубљана умре Антон Ашкерц, истакнат словенечки поет, претставник на реализмот во словенечката литература. Покрај епска поезија пишуваше балади и романси. Роден е на 9.01.1856 година. 1942.- Почна битката на Козара, една од најславните епопеи на краишките партизани и на народот од тој крај против германските фашисти и домашните предавници. Во битката, која траеше до 18 јули 1942 година, Германците убија 540 ранети војници, а во логори изведоа околу 50.000 луѓе. Сепак, целта на непријателската операција не успеа. 1967.- Умре американскиот филмски актер Спенсер Трејси, извонреден толкувач на редица карактерни ролји, прв актер кој две години по ред добива Оскар за филмовите "Храбриот капетан" во 1937 година и "Градот на децата" од 1938 година. 1971.- По 21 година САД го укинаа трговското ембарго кон Кина 1985.- Во Скопје, умре Стефан Русјаков, еден од основоположниците на македонската опера и учесник во првата опера изведена на македонски јазик - "Кавалерија Рустикана" од Пјетро Маскањи. 1990.- На претседателксите избори во Перу победи перуанскиот политичар со јапонско потекло Алберто Фуџимори, победувајќи го писателот Марио Варгас Љоса. 1997.- Со наредба на водачот на камбоџанската маоистичка герилска фракција "Црвени Кмери", Пол Пот, убиен е еден од неговите најблиски соработници Сон Сен и 11 членови на нивните семејства. 2000. - Умре сирискиот диктатор Хафез ел Асад, кој власта ја приграби со државен удар во ноември 1970 година, за по само неколку месеци да биде избран за шеф на државата. Беше еден од највлијателните државници на Блискиот исток, чија улога беше незаобиколива во трагањето по стабилност во овој немирен регион. 2004. - Умре американскиот музичар со африканско потекло Реј Чарлс ,"татко на соулот", кој успеа да ги совлада и сиромаштијата и слепилото и зависноста од хероин и потоа да прерасне во еден од најпопуларните и најплодни светски музичари на 20-от век. Во текот на 58 години издаде 250 албуми и одржа 10.000 концерти. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1683.- Турската војска под водство на големиот везир Мустафа, ја почна блокадата на Виена, главен град на хабсбуршкото царство. По два месеци турски напади, полскиот генерал Јан Собејски, заедно со силите на Карло Лотарински, ги порази Турците, чии разбиени чети се разбегаа на сите страни, оставајќи го на боиштето големиот воен плен. 1691.- Ахмед Втори на турскиот
престол го наследи султанот Сулејман Трети. 1798.- Француската армија го зазеде средоземниот остров Малта. 1812.- Францускиот император,
Наполеон Бонапарта, на чело на "големата армада" ја мина реката Њемен и
ја започна офанзивата на Русија. Напаѓачката армија располагаше со
околу 530.000 луѓе и 1.000 топови. Наполеоновата војска успеа да
навлезе во Москва, која ја напуштија руските единици. Наместо мир
напаѓачите доживеаа отпор и зимското невреме сосема ги уништи. 1898.- Филипинскиот генерал Емилио Агиналдо за време на американско-шпанската војна со поддршка на САД прогласи независност на Филипини. Американците, потоа ги окупираа Филипините и го срушија отпорот на филипинските националисти, а тој пацифички архипелаг стекна формална независност во 1946 година. 1943.- Кај село Лавци, Битолско, во борба против бугарскиот окупатор се самоуби Тодор Ангелевски, меѓу народот познат како Тошо Даскалот, македонски учител и просветител и еден од првите учесници во НОВ на Македонија. Роден е во село Лавци, на 4.1. 1909 година. 1944.- Во реонот на селото Стрмешево, Неготинско, два баталјона на Втората македонска НОУ бригада го нападна бугарскиот полициски одред "Бенковски". Во тешките борби тие го разбија одредот и го присилија на повлекување. Непријателот имаше 30 мртви и голем број ранети полицајци, а партизанските единици имаа 4 загинати и 6 ранети борци. Во оваа борба загина и Коце Стојановски-Металец, истакнат борец и револуционер од Скопје. Роден е на 14.5.1914 година. 1945.- Грчка воена единица го опколи македонското село Кономлади, Костурско, Егејска Македонија. Притоа, командантот на единицата ги собра сите жители и со сила ги тераше да признаат дека се Грци. Но, тој не успеа во тоа, бидејќи насобраните му изјавија дека се Македонци. 1964.- Водачот на Африканскиот национален конгрес, Нелсон Мендела и уште седуммина истакнати раководители на ослободителното движење против расистичкиот режим во Јужна Африка, осудени се на доживотна робија во познатиот "Прес Ривони". Мандела е ослободен во 1990 година, а на 10.05.1994 година, во Преторија, даде заклетва како прв црнечки претседател на Јужноафриканската Република. 1976.- При воениот удар во Уругвај од власт е симнат претседателот Хуан Бордабери, со што започна деветгодишната диктатура на армискиот врв. 1991.- Борис Елцин е избран за претседател на Русија. 1993.- Република Македонија стана членка на Меѓународната поштенска заедница. 1997.- Република Македонија и Република Џибути воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво. 2001.- Владата на Република Македонија донесе одлука за нормализирање на односите со НР Кина.. На 18 јуни 2001 година Република макеоднија и НР Кина воспоставија дипломатски односи, а истиот ден Република Македонија и Република Кина Тајван ги раскинаа дипломатските односи. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
323 г.п.н.е. - Во Вавилон умре Александар Македонски, син на Филип Втори Македонски и на Олимпија, ученик на Аристотел. Со своите походи, на кои неговата војска за осум и пол години мина 18.000 километри, создаде држава каква што не постоела во пространство ниту пред него, ниту по него. Роден е во Пела, на 22.07.356 г.п.н.е. 1831 - Во Единбург е роден Џемс Кларк Максвел, англиски физичар, најголем теоретски физичар на 19 век. Тој ги даде теоретските основи на радиобрановите. Умре во 1897 година. 1894 - Пуштена е во сообраќај железничката пруга Битола - Солун. 1943 - Во месноста Лопушник, во близина на партизанската печатница, кичевско, во несреќен случај загина Кочо Рацин, македонски поет и револуционер. Неговата прерана смрт претставува голема загуба за македонската литература. Најпознато негово дело е збирката песни „Бели мугри“. 1944 - Германија во Втората светска војна започна да го бомбардира јужниот дел на Англија. 1956 - Последните британски трупи ги напуштија базите кај Суецкиот Канал, препуштајќи му го, по 74 години, овој воден пат на Египет. 1973 - Во Париз, САД, Северен Виетнам, Јужен Виетнам и ослободителното движење Виетконг потпишаа Договор за прекин на огнот. 1982 - Умре кралот на Саудиска Арабија, Калид ибн Абдул Азиз, кој го наследи престонаследникот Фахд. 1993 - Ким Кемпбел стана прва жена премиер во историјата на Канада. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1800 - Наполеон Бонапарта на чело на француската војска ги победи австриските трупи кај италијанското село Маренго и повторно ја освои Италија. 1837 - Во Неапол умре Џакомо Леопарди, еден од најголемите италијански поети. Неговата поезија е израз на неговиот песимистички став кон човековото битисување. Во стих и проза, тој создаде „силен“ јазичен израз. Роден е во Реинати, на 29.06.1798 година. 1904 - Во Сремска Каменица умре Јован Јовановиќ Змај, српски писател, преведувач, новинар, академик и лекар, еден од најпопуларните детски писатели, кој се смета за родоначалник на српската поезија. Негови познати дела се „Пејанија“ и „Трендафилчиња“. Како новинар основа и уредуваше повеќе списанија од кои најзначајни се сатиричното дело „Змај“ и списанието за деца „Невен“. Роден е во Нови Сад, на 6.12.1833 година. 1962 - Во Париз, е основана Европската организација за истражување на вселената. 1986 - Во Женева умре Хорхе Луис Борхес, аргентински писател, фантазер, еден од најголемите интелектуалци на современата култура, која длабоко ја одбележа латинско-американската книжевност, поради што се вбројува меѓу најголемите светски писатели. Најпознати негови дела се „Универзална историја на бесчестието“, „Фантазии“, „Алеф“, „Извештај за Броди“ и „Девет есеи за Данте“. Роден е во Буенос Аирес, на 24.08.1899 година. 1993 - Тансу Чилер стана прва жена премиер во историјата на Турција. 1994 - Во Лос Анџелес умре Хенри Мансини, познат американски композитор на музика за многу филмови. Роден е во Кливленд, на 16.041924 година. 1996 - Во Скопје е отворен Британскиот информативен центар. 2001- Терористите бараат да седнат на преговарачка масаЛидерот на албанските терористи кои се борат против македонската армија денес прифати да се разоружаат, но само ако трупите на НАТО влезат во државата и ако на терористите им се даде место на преговарачката маса. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
- Меѓународен ден на акции против сушите и поплавите
1696. - Умре полскиот војсководец и крал Јан Собиески, кој во токот на владеењето од 1674 година до неговата смрт го оневозможи подлабокиот пробив на Турците во Европа. Во текот на втората опсада на Виена во 1683 година војската под негова команда ги порази Турците и го ослободи градот од опсадата. 1818.- Во Париз е роден Шарл Гуно, француски композитопр, кој заедно со Санс е главен претставник на класичниот правец на француската музика во 19 век. напиШал 200 соло-песни, пишуваше црковна музика и ораториуми. Меѓутоа, најзначајни се неговите опери "Ромео и Јулија", "Фауст", "Миреј", "Со сила лекар", како и обработката на Баховиот прв клавирски концерт. Умре на 18.10.1893 година. 1843. - Домородците Маори почнаа бунт против Британците кои го окупираа Нов Зеланд. 1882.- Во Ораниенбаум, кај Санкт Петербург, е роден Игор Фјодорович Стравински, руски композитор. Се сметаше за еден од четворицата главни основачи и претставници на т.н. нова музика на 20-тиот век ( другите тројца се Барток, Хиндемит и Шенберг) Неговиот балет "Жар птица" првпат е изведен во 1910 година, а наредната година и прочуениот балет "Петрушка", двата инспирирани од изворниот народен мелос. Умре во Њујорк, на 6.4. 1971 година. . 1944.- Основана е Република Исланд, со што заврши унијата меѓу таа островска земја и Данска. 1947.- Прогласена е независноста на Република Бурма, дотогаш британска колонија. 1967.- Владата на НР Кина објави дека изврши прва експлозија на атомска бомба. 1971.- САД и Јапонија потпишаа спогодба со која островот Окинава и е вратен на Јапонија. 1977.- Во Скопје умре Лазо Наумовски, македонски новинар, уредник во весникот "Нова Македонија" и писател. Автор е на книгата за деца "Големата авантура". Роден е во Гостивар, во 1923 година. 1986.- Во Скопје, умре Ристо Шишков, македонски театарски, филмски и телевизиски артист. Освен на театарската сцена, играше и во дваесеттина македонски играни филмови ("Републиката во пламен", "Црно семе", "Жед" и "Истрел"). Роден е во селото Мрсна, кај Серез, Егејска Македонија, на 23.03.1940 година. 1990.- Во Скопје е основана ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство. За претседател е избран Љупчо Георгиевски. Регистрирана е на 3.8.1990 година. 1992.- Во Охрид умре Стеван Гајдов, македонски композитор и музички педагог, еден од најстарите организатори на музичкиот живот во Македонија по 1945 година. Како композитор посебно е познат по обработката и стилизацијата на народните песни "Леле Јано", "Гора и јунак", "Ти, синче","Петлите пеат" и други, по творбите "Гудачки квартет во це-мол", " Кончертино" и други. Автор е на петнаесетина учебници за основно и средно образование. Роден е во велес, на 26.5.1905 година. 2000.- Умре проф.д-р Митко Панов, македонски научник на полето на демографијата и просторните обележја на република Македонија, еден од подготвувачите на новата административна поделба на Република Македонија во 1996 година. Роден е во Скопје, во 1927 година. Изменето од Boogie - 17.Јуни.2007 во 12:47 |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова е некоја грешка... Ова се однесува на Исланд, а не на Ирска... |
|
Внеси реплика | страница <1 23456 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |