IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - БИБЛИЈАТА И НАУКАТА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

БИБЛИЈАТА И НАУКАТА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 63>
Автор
Порака
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 13:02
Originally posted by Coffe Coffe напиша:

zasto samo hristijanite i muslimanite se tepat megusebno zasto na primer ne vodite nekoj duel so budisti ili nekoja druga religijaTongue



затоа што единствено Христијанството е доволно инсиративно за да си создаде непријатели...
Кон врв
Carnation Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 3499
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Carnation Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 13:03
Originally posted by аџија аџија напиша:

Originally posted by Carnation Carnation напиша:

ne znam koj tamu,izgleda isus bese ili nekoj od negovata druzina rekol "blazen e onaj sto ne znae"Tongue


леле цитати вадење од рукав... LOLLOLLOL

дај ако бар не сте информирани, кажете од вас дека е цитатот..

а не од исус... бог да чува...Ouch
 
ok be od mene e,i so sega imas nesto protiv?
jas ne sum ja cital biblijata i vo dogledno vreme ne ni planiram poso imam drugi popametni raboti za citanje,a ova e ona so go imam slusano na krstevki vencavki pogrebi i slicni ceremonii so go vikale popoj vladici,koi so se nadevam deka ja procitale biblijata a ne tresket gluposti,ama who knows...
Понекогаш дури и за Фројд бананата е само банана
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 13:05
Originally posted by аџија аџија напиша:

Originally posted by Carnation Carnation напиша:

ne znam koj tamu,izgleda isus bese ili nekoj od negovata druzina rekol "blazen e onaj sto ne znae"Tongue


леле цитати вадење од рукав... LOLLOLLOL

дај ако бар не сте информирани, кажете од вас дека е цитатот..

а не од исус... бог да чува...Ouch
 
 
LOLLOLLOLLOLLOLBig%20smile
 
na veroispoved treba vakvi citati malku da se relaksirame i posmeeme
 
adzija Carnation mislese na toj so pomalku znae pomalku greshi...=>kolku povekje znaes povekje greshish
 
jas taka razbrav
 
 
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 13:05
па кажи од тебе е
кој ти брани

а не од Исус... ако веќе не си информиран, не е поштено нели? Wink
Кон врв
Carnation Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 3499
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Carnation Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 13:06
abe jas ti kazav deka ne e od mene,i jas sum slusnal od nekoj avtoritet,pa sakav da go spodelam so vasTongue
Понекогаш дури и за Фројд бананата е само банана
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 13:06
ако де, се насмеавме, супер...

бела, ќе бидеш така фина да ми кажеш од кај ти е цитатов?

јас мислам дека мислеше на „блажени се оние кои не виделе, а веруваат“... ама ајде...
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 13:07
Originally posted by Coffe Coffe напиша:

zar vie se trudite da imate neprijateli?



лагата отсекогаш се бори против вистината...

затоа е природно, сатанизмот, исламот, атеизмот, сите заедно да се борат против христијанството...
Кон врв
rome Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 492
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rome Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 13:25
Originally posted by аџија аџија напиша:

Originally posted by Coffe Coffe напиша:

zar vie se trudite da imate neprijateli?



лагата отсекогаш се бори против вистината...

затоа е природно, сатанизмот, исламот, атеизмот, сите заедно да се борат против христијанството...
TAKA JE AJIYA.OTI SITE ZNAAT DEKA JE MNOGU LESNO ZA LAGATA DA JA PRIFATAT I ZIVEAT.I ZATOA SE PROTIV VISTINATA OTI SAMO NIE HRISTIANITE SNE DECA NA BOG.A TOA SHTO SI SE LAZAT SO GLUPOSTI I KO BILE PLITKI ZA DA GO VERVAAT GJAVOLOT NIKOJ NE IM JE KRIV ODSVEM SAMI SEBE I NIVNITE UCHITELI.
Zaljubena vo Hristos nashiot Edinstven Spasitel
Кон врв
ПРОСВЕТИТЕЛОТ Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 61
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПРОСВЕТИТЕЛОТ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 15:11
 
 
      Продолжуваме со темата Библијата и науката
    
      Во понатамошниот текст ќе се говори за Книгите на Старот Завет. 

Стариот Завет е збирка на дела со многу неед­нак­ва должина и со различни жанрови, тргнувајќи од ус­ни­те пре­да­ни­ја, пишувани преку девет века, на повеќе ја­зици. Многу од овие дела биле комплетирани и ко­ри­ги­рани преку збид­ну­ва­ња­та или преку посебните пот­ре­би и епохи, понеко­гаш биле меѓусебно многу одда­ле­чени.

Веројатно е дека процутот на оваа богата ли­те­ра­ту­ра се случил на почетокот на израелската мо­нархија, околу XI век пр.н.е., во епохата кога во кралската око­ли­на се јавува корпус на писари, култивирани лич­нос­ти чијашто улога не се ограничувала само на писмото. Во оваа епоха можат да се датираат првите парцијални ра­кописи наведени во претход­ното поглавје, ракописи за кои постоел посебен интерес да бидат фиксирани во пис­мо: некои од песните кои ги цитира­вме порано, про­рокувањата на пророците Јаков и Мојсеј, Де­сетте за­поведи, и поопштите, легислативните текстови кои вос­поставиле религиозна традиција пред фор­ми­ра­ње­то на правото. Сите овие текстови сочинуваат делови, овде-онде расфрлани во разните збирки на Стариот За­вет.

Веројатно е дека малку подоцна, можеби во текот на X век пред нашата ера, е редигиран текстот на Пе­то­к­нижието наречен јахвистички“ (така е наречен затоа што во него Бог се вика Јахве) кој ќе го фор­ми­ра скелетот на петте први книги наречени Мојсееви. По­доцна, на овој текст ќе и се додаде верзијата на­ре­че­на ело­хистичка(така е наречен затоа што во неа Бог се вика Елохим) и верзијата наре­чена свештен­ска“ (таа потекнува од свештениците во храмот во Ерусалим). По­четниот јахвистички текст го тре­тира пе­ри­о­дот од по­четокот на светот до смртта на Јаков. Тој по­те­к­нува од јужното кралство (Јуда).

Кон крајот на IX век и кон средината на VIII век пред нашата ера, во северното кралство (Израел) се елаборира и се шири пророчкото влијание со Илија и Елизеј чии книги ги поседуваме. Тоа е, исто така, епоха на елохистичкиот текст на Петокнижието кој го пок­рива многу поогра­ниче­ни­от период (отколку јах­вис­тичкиот текст), бидејќи се огра­ни­чу­ва на факти кои се однесуваат на Авраам, Јаков и Јосиф. Книгата на Јо­шуа и Книгата на Судиите дати­раат од овој период.

VIII век пр.н.е. е век на пророци-писари: Амос и Хо­ше во Израел, Исаија и Михеј во кралството Јуда.

Во 721 година пред нашата ера, со заземањето на Са­марија, се завршува кралството Израел. Кралс­т­во­то Јуда го прима неговото религиозно наследство. Збо­р­никот на мудрите изреки, веројатно, датира од оваа епоха, посебно одбележана со спојувањето на јах­вис­тичкиот и елохис­тички­от текст од Петокнижието во една книга; така е составена Тората. Редакцијата на Пов­торените закони се става во оваа епоха.

Во другата половина на VII век пр.н.е., Вла­де­е­ње­то на Јошуа ќе коинцидира со почетоците на пророкот Ере­мија, но делото на овој последниов ќе добие де­фи­ни­тивна форма дури еден век подоцна.

Пред првото вавилонско прогонство во 598 година пр.н.е., датираат проповедите на Сефанија, на Наум и на Хаба­кук. Во текот на ова прво прогонство, Језе­ки­ил веќе пророкува. Потоа доаѓа падот на Ерусалим, во 587 година пр.н.е., со што ќе се одбележи почетокот на вто­рото прогон­ство: тоа ќе се продолжи сè до 538 го­ди­на пр.н.е.

Книгата на Језекиил, последниот голем пророк и про­ро­кот на прогонството, дури по неговата смрт ќе биде редиги­рана во својата сегашна форма: тоа ќе го нап­рават писарите, неговите духовни наследници. Овие исти писари ќе бидат при­фатени во третата вер­зи­ја, наречена свештенска, во кни­га­та на Битието во де­лот кој го опфаќа времето од Соз­дава­ње­то до смр­тта на Јаков. Така, во склопот на двата тек­ста на Тора­та, јахвистичкиот и елохистичкиот, ќе биде вмет­нат еден трет текст чиишто вплеткувања во книгата, која е редигирана приближно четири и два века порано, ќе ги видиме понатаму. Во оваа епоха се појавува книгата Та­жа­лен­ки.

По наредбата на Кир, вавилонското прогонство се завршу­ва во 538 година пр.н.е. Евреите се враќаат во Па­лес­тина и храмот во Ерусалим повторно е изграден. Пов­торно цути пророчката активност; а од таму и кни­ги­те на Агеј, За­харија, третиот дел од Исаија, Ма­ла­хи­ја, Даниил и Варух (оваа е пишувана на грчки).

Периодот кој следи по прогонството, повторно е пе­­риод на Книги на Мудроста: Мудрите изреки де­фи­ни­­­тивно се ре­дигирани околу 480 години пр.н.е., кни­га­та Јов во средината на V век пр.н.е. Проповедникот или Кохелет датира од III век пр.н.е. што, исто така, е вре­­ме на Песната над песните, двете книги Летописи, по­­­тоа кни­гите на Ездра и Неемија. Пропо­ве­д­никот или кни­га­та на Сирах се појавува во II век пр.н.е.; кни­га­та на Мудростите на Соломон и двете книги на Ма­ка­вејците се редигирани еден век пред нашата ера. Кни­ги­те за Рут, за Естир, како и книгите за Товит, Ју­дит и Јона те­шко можат да се датираат. Сите овие ин­ди­кации се да­де­ни покрај оградувањето од по­доц­не­жни­те пре­ра­бот­ки, бидејќи дури околу еден век пред на­шта ера де­ла­та на Стариот Завет ја добиле својата прва форма ко­ја во I век од нашата ера за многумина ќе стане де­фи­ни­ти­вна.

Така, Стариот Завет се прикажува како споменик на литературата на еврејскиот народ од почетокот па сè до христи­јанската ера. Книгите кои го сочинуваат би­ле редиги­рани, комплетирани и ревидирани меѓу X и I век пр.н.е. Овде воопшто не се работи за лично гле­диш­те врз историјата на нивната редакција. Битните по­датоци се позајмени од делот „Библија“ кој за Опш­та­та енциклопедија (Encyclopedia Uni­versalis, Ed 1974. кн. 3, стр. 246-253) го на­пи­шал Џ. П. Сандроз (J. P. Sandroz), професор на До­ми­ни­кан­скиот факултет во Солшоар (Saulchoir). За да се раз­бере што е всушност Стариот Завет, треба да се има­ат предвид овие знаења кои совршено ги утврдиле ви­сококва­лификувани специјалисти.

Една Објава е вме­шана во сите овие дела, но ние денес го поседуваме само она што луѓето кои манипулирале со текстовите са­кале да ни го остават, што го правеле по своја волја или според околностите во кои се наоѓале и според по­т­ребите со кои морале да се соочат.

Кога овие објективни податоци ќе се споредат со оние кои ги откриваат Воведите во различните Биб­лии, и ден-де­нес наменети за популаларизација, ста­ну­ва јасно дека фак­тите во нив се прикажани на сосема по­инаков начин. Се пре­молчуваат фундаментални фак­­ти кои се однесуваат на ре­дакцијата на книгите, се ка­жуваат двосмислености кои го збунуваат читателот, фактите се сведуваат до минимум, до таа мера што да­ва­ат лажна претстава за реалноста. Така, многу Во­ве­ди во Библиите ја искривуваат вистината. Иако во по­ве­ќе наврати цели книги (како Петокнижието) се пре­ра­ботувале, сè се сведува на тоа да се спомне дека дета­ли­те можеле да бидат подоцна додадени. Се дискутира во врска со некој безначаен пасус на некоја книга, но се пре­молчуваат пресудните факти кои би зас­лу­жу­ва­ле подолги изложувања. Жално е да се види дека, со цел на популариза­ција, во Библијата се одржуваат тол­ку неточни поими.

 

  

Тората или Пеокнижието

 

Тоа е семитско име.

Грчкиот израз кој на француски го дал зборот “Pen­tate­que” (Петокнижие); означува едно дело во пет делови: Битие, Исход, Левит, Броеви и Повторени за­кони кои ќе ги формираат првите пет елементи на збо­рниците од 39-те книги од Стариот Завет.

Оваа група текстови се занимава со периодот од пос­та­но­кот на светот до влегувањето на еврејскиот на­род во Ханаан, ветената земја по прогонството во Еги­пет, попре­цизно: до смртта на Мојсеј. Но, про­по­ве­да­ње­то на овие факти служи само како општа рамка на из­ложувањето на одредбите кои се однесуваат на ре­ли­гиозниот и на социјал­ниот живот на еврејскиот на­род, поради што е земено името Закон или Тора.

Јудаизмот и христијанството во текот на многуте ве­кови сметале дека автор на овој текст е самиот Мој­сеј. Можеби поткрепа на ова тврдење има во фактите де­ка Бог му рекол на Мојсеј (Битие, 17, 14): Запиши го тоа (поразот на Ама­ли­ка) за спомен во книгата“ (Во Светото Писмо на македонски јазик, издание на Македонска книга – Скопје, II издание, 1991, овој стих се наоѓа во Втората книга Мојсеева (Исход), или повеќе, дека при Исходот, почнувајќи од Египет ...Мојсеј ги опишува нивни­те пату­ва­ња и прес­то­ју­ва­ња­та нивни, и еве ги престоите на нивното пату­вање (Бро­еви 33, 2) или, пак, И ги напиша Мој­сеј овие за­по­ве­ди од законот... (Повторени закони 31, 9). По­ч­ну­вај­ќи од I век пр.н.е. се брани тезата според која цело­то Пе­токни­жие го напишал Мојсеј: таа е поддржана од Јо­сиф Флавиј и од Филон Александриски.

Сите се согласуваат со тоа дека денес оваа теза е на­пуштена, но тоа не му пречи на Новиот Завет, да му го припише ова авторство на Мојсеј. И навистина, Пав­ле, во Посланието до Римјаните (10, 5), цитирајќи една реченица од Книгата на Левит, тврди: Мојсеј пи­шу­ва за оправданието од Законот, итн. Јован во сво­ето Евангелие (5, 46-47), во устата на Исус ја става оваа реченица: “Оти, ако бевте му верувале на Мојсеја, и Мене ќе Ми поверувавте, зашто тој пишуваше за Мене. Ако пак на неговите напишани работи не ве­ру­ва­те, како тогаш ќе им поверувате на Моите збо­ро­ви? Овде навистина се работи за редигирање, бидејќи грч­киот збор кој му соодветствува на оригиналниот текст (пишуван на овој јазик) гласи “episteute”. Значи, ту­ка станува збор за едно неточно тврдење кое Еван­ге­листот го става во устата на Исус: ова го докажува она што следува.

Ги позајмувам елементите на оваа демонстрација од Р. П. де Воа (R. P. de Vaux), директор на Библиското учи­­лиш­те на Ерусалим кој својот превод на Битието од 1962 година го снабдил со Општ вовед во Пе­ток­ни­жи­ето којшто, за авторството на делото за кое се збо­ру­ва, содржи многу ска­по­цени аргументи, спротивни на тврдењата на евангели­јата.

Р. П. де Воа потсеќава дека еврејската традиција на која се приспособиле Христос и Апостолите била при­фатена до крајот на средниот век, а во XII век Абен Езра бил единстве­ниот противник на оваа теза. Во XVI век Карлштад (Carlstadt) забележува дека Мој­сеј, во Повторените закони (34, 5-12), не можел да пи­шу­ва приказна за својата сопствена смрт. Авто­рот по­тоа цитира други критики кои оспоруваат најмалку еден дел од Петокнижието, а особено делото на Ри­чард Си­мон (Richard Simon), Ораторијанец (припадник на ораториум, француска католичка конгрегација), Кри­тич­ка­та истори­ја на Стариот Завет (1678 година) ис­так­ну­вај­ќи ги хроно­лош­ки­те тешкотии, пов­то­ру­ва­ња­та, збр­ки­те во збору­вањето и разликите во стилот во Пе­токни­жи­ето. Книгата предиз­ви­ка­ла скандал; вооп­што не се следела аргументаци­јата на Р. Симон: во кни­гите на исто­ријата во почетокот на XVIII век, по­ви­ку­вањата на високата старост произлегуваат често од она што го напишал Мојсеј.

Може да се замисли колку тешко било да се побие една легенда засилена со потпирање врз самиот Исус кој ја донел во Новиот Завет, како што тоа сме го ви­деле. Решавачкиот аргумент му го должиме на Жан Острик (Jean Austruc), лекарот на Луј XV.

Во 1753 година извршувајќи ги своите Прет­пос­тав­­ки за оригиналните записи со кои изгледа дека се слу­­жел Мојсеј при составувањето на Книгата Би­тие, тој ставил нагласка врз плуралитетот на из­во­ри­те. Без сом­нение, тој не бил првиот кој тоа го забе­ле­жал, но во секој случај имал храб­рост да популаризира една бит­на констатација: двата текста, од кои секој е обе­­ле­жан со особеноста за називите за Бог, Јахве и Ело­хим, се наоѓаат еден покрај друг во Битието: што значи де­ка тоа содржи два текста ставени еден до друг. Ајхорн (Eichorn) (1780-1783) го направил истото откри­т­ие за че­тири други книги, а потоа Илген (Ilgen) (1798) за­бе­ле­жал дека еден од двата текста кои ги индивиду­а­ли­зи­рал Острик, оној во кој Бог се нарекува Елохим, мора и самиот да се по­дели на два дела. Петок­ни­жи­е­то, бук­вал­но, распукнувало.

XIX век ќе преземе уште подетаљни истражувања на из­ворот. Во 1854 година прифатени се четири из­во­ри: Јах­вистичкиот документ, Елохистичкиот доку­мент, Повторени­от закон и Свештенскиот кодекс. Ус­пе­але временски да се сместат:

1. Јахвистичкиот документ е датиран во IX век пр.н.е. (ре­дигиран во земјата на Јуда);

2. Елохистичкиот документ би бил малку понов (ре­­ди­ги­­ран во Израел);

3. Повторениот закон потекнува од VIII век пр.н.е., спо­ред едните (Е. Жакоб), од епохата на Јошуа (VII век пр.н.е.) според другите (Р. П. де Воа);

4. Свештенскиот кодекс потекнува од епохата на про­гонството, или по него: од VI век пр.н.е.

И така, распоредот на текстот на Петокнижието се про­тега низ помалку од три века.

Но, проблемот е уште покомплексен. Во 1941 го­ди­на А. Лордс разликува три извори во Јахвистичкиот до­кумент, четири во Елохистичкиот, шест во Пов­то­ре­ниот закон, девет во Свештенскиот кодекс, а да не се сметаат, пишува Р. П. де Воа додатоците раз­де­ле­ни на осум редактори. Во поново време се дошло до мис­лење дека многу конституции или закони на Пе­ток­нижието имаат вонбиблиски паралели, многу по­ра­неш­ни од датумите кои им се припишуваат на до­ку­мен­тите и дека многу приказни од Петокнижието пре­т­­ставуваат поинаква – постара средина од онаа од ко­ја произ­легле овие документи што води до ин­те­ре­сот за формира­њето на традициите. Тогаш проб­ле­мот се укажува во таква комплексност што никој во него не би можел да се снајде.

Многустраноста на изворите доведува до бројни не­согла­сувања и повторувања. Р. П. де Воа дава при­ме­ри за вметну­вања на различни традиции кои се од­не­суваат на создавање­то, на Каиновите потомци, на По­топот, на грабнувањето на Јосиф, на неговите слу­чки во Египет, на несогласувањата на имињата кои се одне­суваат на една иста личност, на различ­ни­те прет­ста­вувања на битните настани.

Така, се чини дека Петокнижието е формирано од раз­­лич­ни традиции кои редакторите, помалку или по­ве­ќе, веш­то ги споиле, еднаш ставајаќи ги своите ком­пи­лации една покрај друга, другпат трансформирајќи ги приказните со цел да направат синтеза, но сепак ос­та­вајќи несогласувања и неверојатности кои ги навеле мо­дерните научници на објек­тивно истражување на изворите.

На планот на критиката на текстот Петок­ни­жи­е­то, без сомнение, дава најочигледен пример за пре­ра­бо­тката на ус­ните традиции и текстови примени од ми­на­тите генерации кои луѓето ги извршиле во раз­лич­ни­те времиња во историја­та на еврејскиот народ. По­ч­ну­вајќи со јахвистичката тради­ција од X или IX век пр.н.е. која ја зема приказната од почетокот и само ја ски­цира посебната судбина на Израел за да ја смести во големата Божја намера во однос на човешт­во­то, ка­ко што тоа го пишува Р. П. де Воа, завршува во VI век пр.н.е. со свештенската традиција, на која и е бит­но да прецизира со спомнувањето на датумите и на ге­не­алоги­ите.

Ретките приказни кои се карактеристични за оваа тра­диција, пишува Р. П. де Воа, сведочат за неј­зи­­ните правни преокупации: саботниот одмор (сабат) на крајот од создава­њето, сојузот со Ное, сојузот со Ав­­рам и обрежувањето, ку­пувањето на пештерата Мак­пел која на Патријарсите им дава земјишно право во Ханаан. Да се потсетиме дека свеш­тен­ската тра­ди­ци­­ја се воведува во времето на враќањето од ва­ви­лон­ско­­то прогонство и во времето на пов­торното на­се­лу­ва­­ње во Палестина, почнувајќи во 538 година пр.н.е. Зна­чи, постои преплетување на религиозните и чисто по­ли­тич­ките проблеми.

Само за Битието, добро е утврдена фраг­мен­та­ци­ја­та на книгата во три главни извори: Р. П. де Воа, во ко­ментарите на својот превод, за секој од нив на­бро­ју­ва пасуси од сегашниот текст на Битието кои зависат од него. Базирајќи се на овие податоци, можно е за кое би­ло поглавје да се определи придонесот на раз­лич­ни­те извори. Што се однесу­ва, на пример, на соз­да­ва­ње­то, на Потопот и на периодот кој оди од Потопот до Ав­раам кои ги заземаат единае­сетте први пог­ла­вја на Битието, се гледа дека во приказната се ме­ну­ва­ат дел на јахвистичкиот и дел на свештенскиот тек­ст; елохистичкиот текст не е присутен во овие еди­на­е­сет поглавја. Преплетувањето на јахвистичкиот и све­ш­те­нскиот придонес овде се јавува во целост. За пе­т­те први поглавја, од создавањето па сè до Ное, ра­с­по­­­­редот е едноставен: од почетокот до кра­јот на при­­ка­зната еден јахвистички пасус се заменува со све­ште­­н­ски. Но, во Потопот, и посебно во пог­лав­ја­та 7 и 8, се­че­њето на текстот според изворите изолира мно­гу кра­­тки пасуси кои се сведуваат до само една ре­че­ни­ца. Во повеќе од сто реда од францускиот текст, 17 па­ти се пре­минува од еден текст на друг: оттаму до­а­ѓаат и не­веројатнос­тите и контрадикциите во чи­та­ње­­то на се­гашните раска­жу­ва­ња.

 

Продолжува

Не биди како оној кој го собира знаењето на учените и мудроста на мудрите, а кон Вистината се однесува како еден од глупавите.
Кон врв
Studentski Klub Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 272
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Studentski Klub Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 17:12

Не сакам да спамирам, туку да забележам еден долго криен факт. Всушност, и понатаму ќе си го кријат или негираат дека постои, но вреди да се повтори:

„Така, Стариот Завет се прикажува како споменик на литературата на еврејскиот народ од почетокот па сè до христи­јанската ера. Книгите кои го сочинуваат би­ле редиги­рани, комплетирани и ревидирани меѓу X и I век пр.н.е. Овде воопшто не се работи за лично гле­диш­те врз историјата на нивната редакција. Битните по­датоци се позајмени од делот „Библија“ кој за Опш­та­та енциклопедија (Encyclopedia Uni­versalis, Ed 1974. кн. 3, стр. 246-253) го на­пи­шал Џ. П. Сандроз (J. P. Sandroz), професор на До­ми­ни­кан­скиот факултет во Солшоар (Saulchoir). За да се раз­бере што е всушност Стариот Завет, треба да се има­ат предвид овие знаења кои совршено ги утврдиле ви­сококва­лификувани специјалисти.

Една Објава е вме­шана во сите овие дела, но ние денес го поседуваме само она што луѓето кои манипулирале со текстовите са­кале да ни го остават, што го правеле по своја волја или според околностите во кои се наоѓале и според по­т­ребите со кои морале да се соочат.

Кога овие објективни податоци ќе се споредат со оние кои ги откриваат Воведите во различните Биб­лии, и ден-де­нес наменети за популаларизација, ста­ну­ва јасно дека фак­тите во нив се прикажани на сосема по­инаков начин. Се пре­молчуваат фундаментални фак­­ти кои се однесуваат на ре­дакцијата на книгите, се ка­жуваат двосмислености кои го збунуваат читателот, фактите се сведуваат до минимум, до таа мера што да­ва­ат лажна претстава за реалноста. Така, многу Во­ве­ди во Библиите ја искривуваат вистината. Иако во по­ве­ќе наврати цели книги (како Петокнижието) се пре­ра­ботувале, сè се сведува на тоа да се спомне дека дета­ли­те можеле да бидат подоцна додадени. Се дискутира во врска со некој безначаен пасус на некоја книга, но се пре­молчуваат пресудните факти кои би зас­лу­жу­ва­ле подолги изложувања. Жално е да се види дека, со цел на популариза­ција, во Библијата се одржуваат тол­ку неточни поими.“

================================================= 

Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 17:17
редакцијата на Стариот завет, е теорија на атеистите и муслиманите. Цврсти докази за такво нешто има точно 0!
Кон врв
Studentski Klub Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 272
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Studentski Klub Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 17:21
Вајстина?LOL
 
Докажи!!!


Изменето од Studentski Klub - 29.Мај.2007 во 17:23
Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 17:23
епа тоа е реалноста... досега не е пронајдена ниедна „библија“ што се разликува од таа што ја имаме денес. минорни мали грешки, во препишувањето, бидејќи тогаш немале фотокопири, нормално има, запирки, точки, по некоја буква... Ама на пример цела реченица или цело поглавје да е различно... такво нешто ни во сон...
Кон врв
Studentski Klub Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 272
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Studentski Klub Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2007 во 18:10
Класично бегање од тематаConfused
Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 63>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.